Комисијата на Здружението на ликовните критичари АИКА Македонија во состав д-р Мелентие Пандиловски (историчар на уметноста и куратор), Маја Чанкуловска (историчарка на уметноста и кураторка), и м-р Јованка Попова (историчарка на уметноста и кураторка), по разгледувањето на доставени предлози донесе одлука наградата да му ја додели на м-р Илија Прокопиев за неговиот предлог истражувачки проект „Раскинување со уметноста (каква што ја знаеме)“.
Наградата „Ладислав Баришиќ“ има за цел да понуди можност за промислување на третманот и позициите на ликовната критика денес и на критичкото пишување за појавите и тенденциите во современите визуелни уметности и теоријата на уметноста. Современата уметничка критика игра клучна улога во сложеноста на уметничкото изразување, нудејќи бројни и неопходни согледувања, интерпретации и размислувања.
Избраниот поднесок, предлог проектот на Илија Прокопиев „Раскинување со уметноста (каква што ја знаеме)“се издвојува со својот иновативен пристап, прониклива анализа и критички ангажман. Преку имплементирање на критичките перспективи и ангажираниот стил на пишување, победничкиот запис на Илија Прокопиев служи како доказ за моќта на уметничката критика во расветлувањето на комплексноста на современите уметнички практики и преосмислувањето на нивните импликации во однос на пошироките културни дискурси. Предлог проектот ја детектира неопходноста од преосмислувањето на уметничката работа, во зависност од општествените и економските случувања, која доаѓа како потреба во времиња кога овие две категории почнуваат да стануваат нестабилни.
Како што авторот посочува „Економските, политички и здравствени кризи како што се големата рецесија во доцната прва декада од нашиот век, пандемијата на КОВИД-19 и моменталните воени конфликти, нѐ обврзуваат да ги преосмислуваме уметничките практики во економско-политичкиот меѓузависен систем, поточно да замислуваме нови реалности на економско-културно-политичките констелации, кои можеби би го промениле целокупното разбирање за тоа што денес го разбираме како уметничка работа“.
Истражувањето тргнува од претпоставката дека, преосмислувањето на уметничката работа не може да се замисли одделно од преосмислувањето на економско-политичкиот контекст. Прокопиев се повикува се на цитатот на иранско-канадската историчарката на уметност Јалех Мансур, која во дебатата насловена „Дали постои простор за уметност надвор од пазарот и државниот систем“, предлага две насоки на размислување: или да го промениме начинот на денешното уметничкото производство, што во одредени уметнички дискурси веќе и се случува имајќи ги на ум артист-ран просторите и социјално-уметничките практики, или целосно да го поништиме поимањето на уметноста каква што ја познаваме. Оттука авторот го поставува прашањето дали доколку уметникот го пренасочи своето знаење кон поинакви општествени активности, кои не подразбираат создавање авторски дела и авторство, би придонел до економски и политички промени.
Истражувањето „Раскинување со уметноста (каква што ја знаеме)“ понатаму продолжува да ја истражува можноста за промислување на уметничкиот потенцијал и знаење во рамки на општествени тенденции кои ги одминуваат уметничките институции, преку термините на самогрижа и надградба од филозофиите на Борис Гројс и Анри Лефевер.
Имајќи ја предвид богатата уметничка и кураторска пракса на авторот, како и можноста предложениот истражувачки проект да отвори нови читања за уметничките потенцијали преку концептите за самогрижа и општествена надградба, вон денешното поимање за тоа што е уметничката работа, сметаме дека овогодишната награда на AICA заслужено е доделена на Илија Прокопиев“, се вели во образложението на комисијата на АИКА.
Илија Прокопиев (1985) е куратор, издавач и визуелен уметник, кој живее и работи во Скопје, Македонија и Љубљана, Словенија. Ко-основач е на PrivatePrint, издавачка куќа за уметнички книги и студио за интердисциплинарни истражувања и практики во современата уметност. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2008 година, а во 2014 година магистрира на Интердисциплинарните културолошки студии на Институтот за македонска литература во Скопје. Автор е на книгата „Атлас на човековото тело по Аристотел“ уметнички проект реализиран во 2015, а ко-автор на „Незавршена монографија: Јелена Ристеска“ интерпретација на творештвото на македонската уметница Јелена Ристеска, 2016. Во 2011 ја добива наградата „Денес“ (YVAA) за најдобар млад уметник, за делото „Студии за многу големи цртежи“. Во периодот 2023-2024 е гостин-куратор на галеријата Равникар во Љубљана, Словенија каде поставува изложби на словенечки уметници.
The post АИКА Македонија наградата „Ладислав Баришиќ“ му ја додели на Илија Прокопиев за проектот „Раскинување со уметноста (каква што ја знаеме)“ appeared first on Република.
]]>The post АИКА Македонија наградата „Ладислав Баришиќ“ му ја додели на Илија Прокопиев за проектот „Раскинување со уметноста (каква што ја знаеме)“ appeared first on Република.
]]>Здружението на ликовни критичари АИКА Македонија распиша конкурс за истражувачки проект од областа на ликовната критика во нашата држава.
Наградата има за цел да понуди можност за промислување на третманот и позициите на ликовната критика денес и на критичкото пишување за појавите и тенденциите во современите визуелни уметности и теоријата на уметноста.
Недостатокот од пишана критика и потребата од афирмација на критичко делување во контекст на современата уметност, е основниот поттик за овој конкурс. Конкурсот е отворен за проекти кои ликовната критика ќе ја препознаат како практична дисциплина која теориски ја интерпретира тековната уметничка продукција и иницира нејзината артикулација во контекст на современите уметнички продукции.
Наградата го носи името на Ладислав Баришиќ (1941-1991), ликовен критичар и историчар на уметност, кој во рамките на ликовната публицистика беше активен во периодот од 1972 до 1986. Тој е автор на текстови во кои критичарскиот став кон одреден културен настан се одликуваше првенствено со отпор кон априорното мислење својствено за догмите на времето во кое создавал.
Право за учество имаат сите историчари на уметноста, критичари, теоретичари, интердисциплинарни истражувачи и други профили на креативни автори поврзани со ликовните и визуелните уметности во Македонија (освен членовите на У.О. на АИКА Македонија). Кандидатите треба да се граѓани на нашата земја или пак странски државјани кои живеат и работат тука повеќе од една година.
Наградата е во висина од 30.000 денари бруто износ, и за неа ќе одлучува трочлено стручно жири.
Конкурсот е отворен од 30 мај и трае до 30 јуни 2024.
Кандидатите треба да достават:
- опис на предложениот проект и методологија на неговата реализација (не повеќе од 1500 збора)
- CV на кандидатот (или доколку станува збор за група истражувачи на сите поединечни членови на истражувањето).
Наградениот проект треба да биде изработен до крајот на декември 2024, пред годишниот симпозиум на АИКА Македонија каде наградената реализација ќе биде претставена.
Истражувањето ќе биде објавено на веб порталот на АИКА Македонија.
Добитникот на наградата ќе биде известен најдоцна до 10 јули, 2024.
Материјалите треба да се испратат на следната адреса:
[email protected]
Проектот се реализира со финансиска поддршка од Министерство за култура на РСМ.
The post Здружението на ликовни критичари АИКА Македонија распиша конкурс за годишна награда „Ладислав Баришиќ“ appeared first on Република.
]]>The post Здружението на ликовни критичари АИКА Македонија распиша конкурс за годишна награда „Ладислав Баришиќ“ appeared first on Република.
]]>Годишниот симпозиум на Здружението на ликовни критичари – АИКА Македонија насловен „Визуелизирање на еднаквоста: женските улоги во обликувањето на уметничките наративи“ ќе се одржи денеска, во Музејот на современа уметност во Скопје.
Учеснички на симпозиумот се историчарката на уметност Нада Пешева, архитектката Ана Ивановска Дескова, како и ко-основачката на „Тиииит! Инк.“ и фестивалот „Прво па женско“, Јана Коцевска.
Од Здружението на ликовни критичари велат дека симпозиумот има цел да ја истражи повеќеслојната димензија на учеството на жените на уметничката сцена, со специфичен фокус на еволуирачкиот пејзаж на државава во периодот по 60-тите години.
Симпозиумот, велат од АИКА Македонија, настојува да го расчлени квалитетот и квантитетот на културните политики во Македонија кои беа инструментални за стимулирање на вклучувањето на жените во визуелната уметност, архитектурата и уметничкиот активизам, и да ја процени инклузивноста на родовите теми во неодамнешната уметничка продукција.
Темата ќе се осврне на историските и современите улоги на жените уметнички, расветлувајќи го нивниот придонес во пошироката уметничка нарација. Преку испитување на напредокот на политиките и иницијативите насочени кон промовирање на учеството на жените во уметноста, симпозиумот има за цел да го оцени степенот до кој овие мерки поттикнаа вклученост и рамноправност на македонската уметничка сцена.
Работната сесија на програмата вклучува презентација на Нада Пешева на тема „Женското учество во современата македонска ликовна/визуелна уметничка сцена по 1991 година“, презентација на Ана Ивановска Дескова насловена „Улогата на жените архитекти во постземјотресната обнова на Скопје“, како и излагање на Јана Коцевска насловено „Прво па женско“.
Симпозиумот се организира со финансиска и техничка поддршка од Министерство за култура и Музеј на современата уметност-Скопје.
The post Годишен симпозиум на Здружението на ликовни критичари – АИКА appeared first on Република.
]]>The post Годишен симпозиум на Здружението на ликовни критичари – АИКА appeared first on Република.
]]>Годишниот симпозиум на Здружението на ликовни критичари – АИКА Македонија, насловен „Курирање на јавното, курирање на заедничкото“, ќе се одржи утре, на 21-ви октомври (петок), со почеток од 12 часот во Музејот на современа уметност во Скопје.
Работната сесија на програмата вклучува излагања и дискусија на тема „Курирање на јавното, курирање на заедничкото“, конципирана и модерирана од Владимир Јанчевски. Учесници на симпозиумот се Ивана Мештров и Силва Калчиќ (Хрватска), Маја Ќириќ (Србија), Јане Чаловски, Биљана Тануровска – Ќулавковски и Клелија Живковиќ (Македонија).
Повеќе од три децении откако стана општо прифатено дека историјата конечно заврши, отворајќи ја вратата за униполарен свет за кој се веруваше дека го опфаќа и го вклучува целото човештво, се наоѓаме себеси разочарани и во неизвесна сегашност - веројатно најопасната и најнепријателската средина од Втората светска војна наваму.
Денес постојано се потсетуваме дека функционалната демократија зависи од јавната сфера - исто така се и практиките на создавање слики, а поконкретно уметностите - кои се нужно дел од она што беше, или сè уште веруваме дека е, неопходен услов sine qua non за размислување на заедничкото.
Разгледувањето на капитализмот и уништувањето на заедничкото особено во сегашната фаза на неолибералниот капитализам, преку критиката на политиката на заедничкото од различни перспективи, може да создаде нови решенија не само за нашиот економски опстанок, туку и за изградба на свет ослободен од постојните хиерархии и поделби.
Дефинирањето на заедничкото како споделени добра и знаења на различни групи поврзани со само-организирани движења и отпор, ние целиме кон обновено промислување на самиот поим на јавното/јавноста и заедничкото: како автономни простори од кои може да се предизвикаат постојните угнетувачки хиерархии кои ги контролираат и ги организираат работата и трудот, распределбата на основните ресурси, процесите кои ги искористуваат заедничките добра и го загрозуваат животот на Земјата.
Пред да поставиме кое било друго прашање во врска со улогата на светот на уметноста, должни сме да ги преиспитаме актуелните дебати за тоа што ја сочинува јавноста и заедничкото во плуралистичките демократски општества и нужно да ги поврземе со концептите што ја дефинираат кураторската работа - не толку како хиерархиски структурирано управување, туку како порадикален дехиерархиски фокус на интеграција и грижа.
Примарната функција и потенцијал на кураторските практики е да бидат мост помеѓу уметниците, специфичните локации, места за настани и јавноста, притоа преиспитувајќи ги материјалните и општествените односи.
Имајќи ги предвид различните концепции за јавноста што подразбираат не само движење надвор од институционалниот простор, како што се многу различни интервенции и партиципативни проекти, можеме да откриеме алтернативни модели на интеракција, како во физичкиот така и во виртуелниот простор.Честопати се чини дека оваа неизбежна борба за заедничкото ја трансформира културната сфера и културните работници во девијантна група, заедница која навистина е последната одбрана во поттикнувањето на критичкото размислување и предизвикувањето на статус квото.
Затоа, исто така, ја сметаме за неопходна анализата на стратегиите што се користат за привлекување разновидна публика од различни социоекономски средини и за создавање на основа за дијалог, како и прифаќањето на вакви проекти во прекарни општествени средини и различна публика која е повикана и засегната.
Артикулирањето на идиосинкратичните уметнички јазици за да се пренесе јасна порака, станува алармантни ако се погледне во светлината на мим-војните и кооптирањето на некои уметнички стратегии од страна на ултрадесничарските групи или, пак, авторитарни режими. Спротивставувањето на опасните фундаменталистички националистички идеи за „заедничкото“ кои успеваат да ги поларизираат општествата и да ги мобилизираат масите ширум светот, е од клучно значење. Некои од основните прашања што би сакале да ги поставиме се во врска со улогата на кураторите, нивните мотивации, како и сличностите и разликите помеѓу кураторската работа и различните аспекти на социјалниот инженеринг; традициите на институционалната критика и преклопувањето или бришењето на линијата на кураторското и уметничкото; улогата на технологијата, пристапот до неа и опасностите од алгоритамската индивидуализација и имобилизација.
Во дезинтегрирачкиот пост-глобалистички уметнички свет, ние неуморно и постојано ја нагласуваме важноста од поврзување, мобилизација, градење мрежи и засилување на гласовите на заедниците преку современите кураторски и уметнички практики – во овој случај и поконкретно преку примери и практичари од постјугословенскиот контекст, вели Владимир Јанчевски.
The post Годишен симпозиум на Здружението на ликовни критичари – АИКА Македонија во МСУ appeared first on Република.
]]>Повеќе од три децении откако стана општо прифатено дека историјата конечно заврши, отворајќи ја вратата за униполарен свет за кој се веруваше дека го опфаќа и го вклучува целото човештво, се наоѓаме себеси разочарани и во неизвесна сегашност - веројатно најопасната и најнепријателската средина од Втората светска војна наваму. Денес постојано се потсетуваме дека функционалната демократија зависи од јавната сфера - исто така се и практиките на создавање слики, а поконкретно уметностите - кои се нужно дел од она што беше, или сè уште веруваме дека е, неопходен услов sine qua non за размислување на заедничкото. Разгледувањето на капитализмот и уништувањето на заедничкото особено во сегашната фаза на неолибералниот капитализам, преку критиката на политиката на заедничкото од различни перспективи, може да создаде нови решенија не само за нашиот економски опстанок, туку и за изградба на свет ослободен од постојните хиерархии и поделби. Дефинирањето на заедничкото како споделени добра и знаења на различни групи поврзани со само-организирани движења и отпор, ние целиме кон обновено промислување на самиот поим на јавното/јавноста и заедничкото: како автономни простори од кои може да се предизвикаат постојните угнетувачки хиерархии кои ги контролираат и ги организираат работата и трудот, распределбата на основните ресурси, процесите кои ги искористуваат заедничките добра и го загрозуваат животот на Земјата. Пред да поставиме кое било друго прашање во врска со улогата на светот на уметноста, должни сме да ги преиспитаме актуелните дебати за тоа што ја сочинува јавноста и заедничкото во плуралистичките демократски општества и нужно да ги поврземе со концептите што ја дефинираат кураторската работа - не толку како хиерархиски структурирано управување, туку како порадикален дехиерархиски фокус на интеграција и грижа. Примарната функција и потенцијал на кураторските практики е да бидат мост помеѓу уметниците, специфичните локации, места за настани и јавноста, притоа преиспитувајќи ги материјалните и општествените односи. Имајќи ги предвид различните концепции за јавноста што подразбираат не само движење надвор од институционалниот простор, како што се многу различни интервенции и партиципативни проекти, можеме да откриеме алтернативни модели на интеракција, како во физичкиот така и во виртуелниот простор. Честопати се чини дека оваа неизбежна борба за заедничкото ја трансформира културната сфера и културните работници во девијантна група, заедница која навистина е последната одбрана во поттикнувањето на критичкото размислување и предизвикувањето на статус квото. Затоа, исто така, ја сметаме за неопходна анализата на стратегиите што се користат за привлекување разновидна публика од различни социоекономски средини и за создавање на основа за дијалог, како и прифаќањето на вакви проекти во прекарни општествени средини и различна публика која е повикана и засегната. Артикулирањето на идиосинкратичните уметнички јазици за да се пренесе јасна порака, станува алармантни ако се погледне во светлината на мим-војните и кооптирањето на некои уметнички стратегии од страна на ултрадесничарските групи или, пак, авторитарни режими. Спротивставувањето на опасните фундаменталистички националистички идеи за „заедничкото“ кои успеваат да ги поларизираат општествата и да ги мобилизираат масите ширум светот, е од клучно значење. Некои од основните прашања што би сакале да ги поставиме се во врска со улогата на кураторите, нивните мотивации, како и сличностите и разликите помеѓу кураторската работа и различните аспекти на социјалниот инженеринг; традициите на институционалната критика и преклопувањето или бришењето на линијата на кураторското и уметничкото; улогата на технологијата, пристапот до неа и опасностите од алгоритамската индивидуализација и имобилизација. Во дезинтегрирачкиот пост-глобалистички уметнички свет, ние неуморно и постојано ја нагласуваме важноста од поврзување, мобилизација, градење мрежи и засилување на гласовите на заедниците преку современите кураторски и уметнички практики – во овој случај и поконкретно преку примери и практичари од постјугословенскиот контекст, вели Владимир Јанчевски.
The post Годишен симпозиум на Здружението на ликовни критичари – АИКА Македонија во МСУ appeared first on Република.
]]>Здружението на ликовни критичари АИКА Македонија ја додели наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2022 година од областа на ликовната критика на Клелија Живковиќ.
Здружението на ликовни критичари „АИКА Македонија“ ја додели наградата за истражување и ликовна критика „Ладислав Баришиќ“ за 2022 година. Комисијата во состав Зоран Петровски, Иванка Апостолова и Ѓорѓе Јовановиќ одлучи наградата „Ладислав Баришиќ“ да се додели на проектот „Дизајн за оживување“ на Клелија Живковиќ заради внесување тематска новина во досегашната критичко-теориска практика со фокусот на дизајнот и неговата трансдициплинарна релевантност во социјалната, економската и креативната сфера на современите општества. Акцентирајќи го прашањето „како ја замислуваме иднината?“ во контекст на дизајнот, истражувањето на Живковиќ со тоа ја акцентира и проективната суштина на оваа теориска и практична дисциплина, разгледувајќи ги притоа потенцијалите на дизајнот, особено во релација со акутните прашања на загрозеноста и заштитата на околината и иднината на еко-сферата.
Според Клелија Живковиќ, истражувањето е дел од „Creature Comforts“ (Суштински удобства), односно од неколку годишната љубопитност на авторката за тоа како дизајнерските пракси го обликуваат човештвото како вид. Во центарот на оваа пракса е процесот на прототипирање, развивање на модели за отелотворување и спекулација, барајќи увид во начините на кои човештвото се поврзува со остатокот од живиот и неживиот свет.
Прашањето „како ја замислуваме иднината?“ е вткаено во нашите избори додека ја градиме сегашноста. Испреплетеноста на тоа прашање со оваа комплексна сегашност која ја населуваме, овозможува полето на спекулативен дизајн да порасне како никогаш досега. Оттука, се поставуваат прашањата - што претставуваат овие спекулации?; Дали во себе содржат значаен увид во шансите живиот свет да опстане на оваа оштетена планета, или се палијативни заспивалки во подготовка за истребувачкиот настан кој се чини сѐ поверојатен?
Развојот и комплексноста на спекулативните методи и алатки дозволуваат нивната
примена да ја надраснува областа на дизајн, преминувајќи во процеси на креирање
стратегии и политики. Ова истражување ќе ги прегледа трансдисциплинарните напори на дизајнерите за излегување од оваа моментална состојба на безизлезност, во која е неопходно да ги напуштиме застарените имагинации кои ја реализирале својата улога и да се впуштиме во потрага по нови, кои допрва ќе се раѓаат.
Преку разгледување на современите дизајн практики, истражувањето цели да го преиспита долготрајното уверување дека методологијата на дизајн е процес на решавање на проблеми, и да се обиде да ја постави како уметничка дисциплина која се занимава со светот обликуван од широката потрошувачка, исцрпувањето и распределбата на ресурси. Врамувајќи ја испреплетеноста на дизајн професијата со индустријата, а со тоа и исцрпувањето, дистрибуцијата на ресурсите и развојот на човечкиот род, ова истражување ќе понуди перспектива за креирање на дизајн методологија, насочена кон сродство, меѓузависност и оживување.
Клелија Живковиќ е трансдисциплинарна дизајнерка од Скопје која ги истражува паралелите помеѓу развојот дизајнот и развојот на човештвото како вид, преку прототипирање, педагошки пракси и партиципативни уметнички методи. Таа е автор на книгата „Prototyping Tenderness: a personal log of a dying world” во издание на Студио Приватен Принт, и ко-основачка на Платформата за граѓанско учество преку културни и уметнички пракси - Социопач и интердисциплинарното дизајн студио Pillow Talks. Соработува со локални и меѓународни организации и институции како Музејот на современата уметност - Скопје, проектниот простор Прес ту егзит, Универзитетот за применета уметност - Виена и други.
The post Наградата „Ладислав Баришиќ“ за Клелија Живковиќ appeared first on Република.
]]>The post Наградата „Ладислав Баришиќ“ за Клелија Живковиќ appeared first on Република.
]]>