АИКА 2024 Archives - Република https://republika.mk/tema/aika-2024/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Nov 2024 15:12:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png АИКА 2024 Archives - Република https://republika.mk/tema/aika-2024/ 32 32 Годишен симпозиум на АИКА Македонија https://republika.mk/vesti/kultura/godishen-simpozium-na-aika-makedonija/ Sun, 17 Nov 2024 15:12:01 +0000 https://republika.mk/?p=838868

Годинешниот Симпозиум на здружението на ликовните критичари АИКА Македонија ќе се одржи на 19 ноември (вторник) во 13 часот, во Националната галерија, објект Чифте амам.

Во почетниот дел од Симпозиумот, претседателката на АИКА Македонија, д-р Ана Франговска, ќе го отвори симпозиумот, со воведно излагање, истакнувајќи неколку важни аспекти од последните активности на меѓународната АИКА и АИКА Македонија. Таа ќе ја соопшти програмата на симпозиумот и накусо ќе проговори за важноста на овогодинешната тема. Како главен фокус на првиот дел од Симпозумот ќе го најави овогодинешниот добитник на наградата за ликовна критика „Ладислав Баришиќ“, Илија Прокопиев, да го презентира и одбрани истражувачкиот проект „Раскинување со уметноста (каква што ја знаеме).“

Главниот дел од ова издание на Симпозиумот ќе се осврне на темата: „Предадена или (оп)круж(е)на маса? Потрага по моделот: „Жива слика“ [tableau vivant] или гласот на критиката?“, конципирана и координирана од д-р Натали Рајчиновска Павлеска, член на АИКА Македонија. Оваа тема го истакнува развојот на пејзажот на уметничката критика генерално, па и кај нас и поканува богат дијалог за нејзината цел, модели и идни насоки.

На симпозиумот како главни говорници со свои излагања на темата покрај координаторот, ќе се обратат и Викторија Васева Димеска со темата „Неколку цртички за ликовната критика“, д-р Мелентие Пандиловски, „Уметничката критика во третата деценија на дваесет и првиот век“ и Маја Чанкуловска - Михајловска, „Реконструкција или без систем? (некои предлози за практични делувања)

По завршување на обраќањата на координаторот и говорниците кои ќе ја постават основата за дискутирање, ќе се иницира отворена и продуктивна дебата за изнаоѓање на вистински насоки за идно поактивно функционирање и на АИКА и на македонската критика воопшто.

Проектот е овозможен со поддршка на Министерството за култура и туризам и благодарение на соработката со Националната галерија.

The post Годишен симпозиум на АИКА Македонија appeared first on Република.

]]>

Годинешниот Симпозиум на здружението на ликовните критичари АИКА Македонија ќе се одржи на 19 ноември (вторник) во 13 часот, во Националната галерија, објект Чифте амам. Во почетниот дел од Симпозиумот, претседателката на АИКА Македонија, д-р Ана Франговска, ќе го отвори симпозиумот, со воведно излагање, истакнувајќи неколку важни аспекти од последните активности на меѓународната АИКА и АИКА Македонија. Таа ќе ја соопшти програмата на симпозиумот и накусо ќе проговори за важноста на овогодинешната тема. Како главен фокус на првиот дел од Симпозумот ќе го најави овогодинешниот добитник на наградата за ликовна критика „Ладислав Баришиќ“, Илија Прокопиев, да го презентира и одбрани истражувачкиот проект „Раскинување со уметноста (каква што ја знаеме).“ Главниот дел од ова издание на Симпозиумот ќе се осврне на темата: „Предадена или (оп)круж(е)на маса? Потрага по моделот: „Жива слика“ [tableau vivant] или гласот на критиката?“, конципирана и координирана од д-р Натали Рајчиновска Павлеска, член на АИКА Македонија. Оваа тема го истакнува развојот на пејзажот на уметничката критика генерално, па и кај нас и поканува богат дијалог за нејзината цел, модели и идни насоки. На симпозиумот како главни говорници со свои излагања на темата покрај координаторот, ќе се обратат и Викторија Васева Димеска со темата „Неколку цртички за ликовната критика“, д-р Мелентие Пандиловски, „Уметничката критика во третата деценија на дваесет и првиот век“ и Маја Чанкуловска - Михајловска, „Реконструкција или без систем? (некои предлози за практични делувања) По завршување на обраќањата на координаторот и говорниците кои ќе ја постават основата за дискутирање, ќе се иницира отворена и продуктивна дебата за изнаоѓање на вистински насоки за идно поактивно функционирање и на АИКА и на македонската критика воопшто. Проектот е овозможен со поддршка на Министерството за култура и туризам и благодарение на соработката со Националната галерија.

The post Годишен симпозиум на АИКА Македонија appeared first on Република.

]]>