Агнеса Руси Поповска Archives - Република https://republika.mk/tema/agnesa-rusi-popovska/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Jan 2023 09:39:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Агнеса Руси Поповска Archives - Република https://republika.mk/tema/agnesa-rusi-popovska/ 32 32 Амбасадорката Руси Поповска во посета на Пловдив, се разговара за поголема економска соработка https://republika.mk/vesti/makedonija/ambasadorkata-rusi-popovska-vo-poseta-na-plovdiv-se-razgovara-za-pogolema-ekonomska-sorabotka/ Tue, 24 Jan 2023 09:39:57 +0000 https://republika.mk/?p=600357

Македонската амбасадорка во Бугарија, Агнеза Руси Поповска го посети бугарскиот град Пловдив, каде со пловдивскиот заменик-градоначалник Стефан Стојанов разговараше за можностите за проширување на трговско-економските односи меѓу Македонија и Бугарија.

Како што јавија бугарските медиуми, Руси Поповска на средбата потсетила дека во 2022 година трговската размена меѓу двете земји надмина милијарда евра и изрази уверување дека оваа соработка може да се прошири.

Пловдив е пример како еден град треба економски да се развива. Мислам дека можеме многу да научиме од вашето искуство, изјавила амбасадорката Руси Поповска.

Заменик-градоначалникот Стојанов, од своја страна, потенцирал дека македонскиот пазар е атрактивен за бугарските компании и има потенцијал за зголемување на инвестициите, поканувајќи ја Руси Поповска заедно да организираат бизнис форум во Пловдив со учество на компании од двете земји, со цел продлабочување на трговските односи.

Амбасадорката оценила дека одржувањето на ваков бизнис форум би бил корисен за двете држави, нагласувајќи дека во земјава постои интерес за соработка со бугарски компании.

Во реонот на Пловдив се наоѓа економската зона „Тракија“ во која функционираат над 200 средни и големи бугарски и меѓународни компании.

The post Амбасадорката Руси Поповска во посета на Пловдив, се разговара за поголема економска соработка appeared first on Република.

]]>

Македонската амбасадорка во Бугарија, Агнеза Руси Поповска го посети бугарскиот град Пловдив, каде со пловдивскиот заменик-градоначалник Стефан Стојанов разговараше за можностите за проширување на трговско-економските односи меѓу Македонија и Бугарија. Како што јавија бугарските медиуми, Руси Поповска на средбата потсетила дека во 2022 година трговската размена меѓу двете земји надмина милијарда евра и изрази уверување дека оваа соработка може да се прошири.
Пловдив е пример како еден град треба економски да се развива. Мислам дека можеме многу да научиме од вашето искуство, изјавила амбасадорката Руси Поповска.
Заменик-градоначалникот Стојанов, од своја страна, потенцирал дека македонскиот пазар е атрактивен за бугарските компании и има потенцијал за зголемување на инвестициите, поканувајќи ја Руси Поповска заедно да организираат бизнис форум во Пловдив со учество на компании од двете земји, со цел продлабочување на трговските односи. Амбасадорката оценила дека одржувањето на ваков бизнис форум би бил корисен за двете држави, нагласувајќи дека во земјава постои интерес за соработка со бугарски компании. Во реонот на Пловдив се наоѓа економската зона „Тракија“ во која функционираат над 200 средни и големи бугарски и меѓународни компании.

The post Амбасадорката Руси Поповска во посета на Пловдив, се разговара за поголема економска соработка appeared first on Република.

]]>
Бугарија ја вика на „пеење“ амбасадорката на „Cеверна“ за кршењето на „Цар Борис“ https://republika.mk/vesti/balkan/bugarija-ja-vika-na-peenje-ambasadorkata-na-ceverna-za-krshenjeto-na-car-boris/ Thu, 24 Nov 2022 07:58:34 +0000 https://republika.mk/?p=577573

Амбасадорката на Македонија во Софија, Агнеса Руси-Поповска, ќе биде повикана денеска во Министерството за надворешни работи, каде што ќе и биде врачен остар демарш по повод нападот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, јави дописникот на МИА од Софија.

Уште синоќа бугарските дипломати детално го информирале раководството на Европската комисија за тешкиот инцидент во Охрид.

Македонското Министерство за надворешни работи синоќа го осуди оштетувањето на стаклото на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид кое се случило вчера.

– Министерството за надворешни работи на Република Македонија најстрого го осудува вандалскиот чин, при што меѓу другото со употреба на оружје се оштетени надворешните стакла на граѓанскиот клуб во Охрид. Особено загрижува фактот што овие вандалски активности се повторуваат во многу краток период, имајќи предвид дека пред само неколку дена, на 20 ноември, бевме сведоци на уште еден вандалски чин кога беше оштетен излогот на клубот. Ваквите настани се целосно неприфатливи, можат да загрозат човечки животи, и ги засилуваат ретроградните процеси кои се во спротивност со европските интеграции на земјава, се наведува во реакцијата за МНР.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски за МИА синоќа потврди дека порано вечерта во 19 часот и 12 минути во полицијата било пријавено оштетување на стакло на канцеларијата на здружението „Цар Борис Трети“, лоцирана на булеварот „Македонски Просветители“ во трговскиот центар Амам во Охрид. При увидот од страна на полициски екипи при СВР Охрид било утврдено дека на стаклото од надворешната врата и стаклото од излогот на канцеларијата има две оштетувања направени од оружје. За настанот бил известен јавен обвинител од ОЈО Охрид, по чии насоки се преземаат мерки за расчистување на настанот.

The post Бугарија ја вика на „пеење“ амбасадорката на „Cеверна“ за кршењето на „Цар Борис“ appeared first on Република.

]]>

Амбасадорката на Македонија во Софија, Агнеса Руси-Поповска, ќе биде повикана денеска во Министерството за надворешни работи, каде што ќе и биде врачен остар демарш по повод нападот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, јави дописникот на МИА од Софија. Уште синоќа бугарските дипломати детално го информирале раководството на Европската комисија за тешкиот инцидент во Охрид. Македонското Министерство за надворешни работи синоќа го осуди оштетувањето на стаклото на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид кое се случило вчера. – Министерството за надворешни работи на Република Македонија најстрого го осудува вандалскиот чин, при што меѓу другото со употреба на оружје се оштетени надворешните стакла на граѓанскиот клуб во Охрид. Особено загрижува фактот што овие вандалски активности се повторуваат во многу краток период, имајќи предвид дека пред само неколку дена, на 20 ноември, бевме сведоци на уште еден вандалски чин кога беше оштетен излогот на клубот. Ваквите настани се целосно неприфатливи, можат да загрозат човечки животи, и ги засилуваат ретроградните процеси кои се во спротивност со европските интеграции на земјава, се наведува во реакцијата за МНР. Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски за МИА синоќа потврди дека порано вечерта во 19 часот и 12 минути во полицијата било пријавено оштетување на стакло на канцеларијата на здружението „Цар Борис Трети“, лоцирана на булеварот „Македонски Просветители“ во трговскиот центар Амам во Охрид. При увидот од страна на полициски екипи при СВР Охрид било утврдено дека на стаклото од надворешната врата и стаклото од излогот на канцеларијата има две оштетувања направени од оружје. За настанот бил известен јавен обвинител од ОЈО Охрид, по чии насоки се преземаат мерки за расчистување на настанот.

The post Бугарија ја вика на „пеење“ амбасадорката на „Cеверна“ за кршењето на „Цар Борис“ appeared first on Република.

]]>
Бугарските партии деманираат дека нема да ја поканат македонската амбасадорка на формирањето на новиот парламент https://republika.mk/vesti/balkan/bugarskite-partii-demaniraat-deka-nema-da-ja-pokanat-makedonskata-ambasadorka-na-formiranjeto-na-noviot-parlament/ Fri, 14 Oct 2022 07:59:47 +0000 https://republika.mk/?p=560924

За време на средбата на претставници на парламентарни партии во новото Народно собрание на Бугарија, не било покренато прашањето дали амбасадорката на  Македонија Агнеса Руси Поповска да биде поканета од администрацијата на Собранието, на конститутивната седница на новиот бугарски Парламент, изјавија за дописникот на МИА од Софија од прес-ценарот на „Демократска Бугарија“.

Оттаму, како што јави дописникот на МИА од Софија, беа категорични дека според нивните претставници кои учествувале на средбата, станува збор за апсолутно неточна информација, дека било поставено прашањето дали Руси Поповска да биде поканета или не на првата седница на 48-то Народно собрание.

Претставниците на политичките партии во новиот бугарски Парламент, потсетува дописникот на МИА од Софија, вчера се договорија да не ги поканат амбасадорите на Русија и на Белорусија во Софија, поради руската агресија во Украина. ГЕРБ-СДС, Промената продолжува и Демократска Бугарија се изјаснија против присуството на амбасадорката на Русија во Софија Елеонора Митрофанова на првата седница на новоизбраното Народно собрание на Бугарија, што ќе се одржи на 19 октомври.

The post Бугарските партии деманираат дека нема да ја поканат македонската амбасадорка на формирањето на новиот парламент appeared first on Република.

]]>

За време на средбата на претставници на парламентарни партии во новото Народно собрание на Бугарија, не било покренато прашањето дали амбасадорката на  Македонија Агнеса Руси Поповска да биде поканета од администрацијата на Собранието, на конститутивната седница на новиот бугарски Парламент, изјавија за дописникот на МИА од Софија од прес-ценарот на „Демократска Бугарија“. Оттаму, како што јави дописникот на МИА од Софија, беа категорични дека според нивните претставници кои учествувале на средбата, станува збор за апсолутно неточна информација, дека било поставено прашањето дали Руси Поповска да биде поканета или не на првата седница на 48-то Народно собрание. Претставниците на политичките партии во новиот бугарски Парламент, потсетува дописникот на МИА од Софија, вчера се договорија да не ги поканат амбасадорите на Русија и на Белорусија во Софија, поради руската агресија во Украина. ГЕРБ-СДС, Промената продолжува и Демократска Бугарија се изјаснија против присуството на амбасадорката на Русија во Софија Елеонора Митрофанова на првата седница на новоизбраното Народно собрание на Бугарија, што ќе се одржи на 19 октомври.

The post Бугарските партии деманираат дека нема да ја поканат македонската амбасадорка на формирањето на новиот парламент appeared first on Република.

]]>