агенција за заштита на лични податоци Archives - Република https://republika.mk/tema/agentsija-za-zashtita-na-lichni-podatotsi/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Jan 2023 13:12:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png агенција за заштита на лични податоци Archives - Република https://republika.mk/tema/agentsija-za-zashtita-na-lichni-podatotsi/ 32 32 Алиу: Агенцијата за заштита на лични податоци се соочува со недостиг на вработени https://republika.mk/vesti/makedonija/aliu-agentsijata-za-zashtita-na-lichni-podatotsi-se-soochuva-so-nedostig-na-vraboteni/ Fri, 27 Jan 2023 13:12:03 +0000 https://republika.mk/?p=601655

Во текот на скринингот Агенцијата за заштита на лични податоци (АЗЛП) е пофалена за нашата досегашна работа, но искажана е загриженоста што и ние ја споделуваме за немањето доволен персонален капацитет на Агенцијата да се справи со новите предизвици, посебно со новиот Закон за заштита на лични податоци, изјави денеска директорот на АЗЛП Имер Алиу на одбележувањето на 28 Јануари – Европскиот ден на заштита на личните податоци.

Оваа ситуација уште повеќе го отежнува фактот што ни бегаат вработени затоа што приватниот сектор заради новиот Закон за заштита на лични податоци знаејќи дека треба да се усогласат, треба стручна работа, им нудат на нашите вработени плати двојно и тројно поголеми од тие што ги земаат во моментот во Агенцијата и ги земаат. Тоа за жал се случува. За последните пет години осуммина од вработените си заминаа. Можеби за некого тоа не е голем број, но за Агенцијата тоа е околу 30 до 40 отсто од вкупниот број на вработени. Секако тоа ја отежнува нашата работа, вели директорот на Агенцијата.

АЗЛП изготвила измени на Законот за заштита на лични податоци во делот на финансиски и кадровско осамостојување на Агенцијата со што не би било потребно да се бараат согласности за вработување од Министерството за финансии или, пак, согласност за систематизација од другите институции (МИОА), туку за тоа Агенцијата да решава сама. Предлогот е доставен до Министерството за правда и до Собранието, но Алиу вели одговор нема.

Тоа е пракса во земјите од ЕУ, а ние знаеме дека во процесот на усогласување ќе дојде, но за да не биде предоцна, мислам дека е сега време да се случи тоа. Ние доставивме предлог на измени во Законот за заштита на лични податоци што спаѓа во овој дел до Министерството за правда. Исто така, доставивме и до Собранието и чекаме одговор, но очигледно досега нема, рече директорот на Агенцијата.

Во однос на Законот за заштита на личните податоци, Алиу вели дека тој е добар, но оти е очигледно дека ние како општество, па и како институции треба многу повеќе да работиме за да се подигне свеста за заштита на личните податоци.

Тоа е и култура. Треба да се согласиме со тоа дека сепак е култура. Заштитата на лични податоци е ниво кое што треба уште многу да работиме за да го постигнеме. Некои кажуваат дека лошата финансиска, економска ситуација ги тера луѓето да не се грижат за вакви според нив работи, но не е баш така. Бидејќи повредата на личите податоци може да направи огромна штета а и на веќе оштетените граѓани, вели Алиу.

Агенцијата работи на подигање на јавната свест со повеќе целни групи со цел подигање на свеста за заштитата на личните податоци, но, според директорот Алиу, потребна е и помош од Владата. Потребно е, нагласува тој, хоризонтално усогласување на другите закони со Законот за заштита на лични податоци, односно секторско усогласување.

Тоа е огромна работа за која треба да се зафатиме сите заедно, бидејќи Агенцијата не може сама. Но, тоа не се случува, туку и за новите закони што се носат не бараат мислење од кај нас. Значи, од Владата не бараат мислење од нас, нагласува Алиу.

Владата и со Деловникот за работа, потенцира тој, е обврзана да бара мислење од кај нас за новите предлози на закони што поминуваат а што содржат одредби за заштита на личните податоци.

И ако некој бара често се случува и да не се почитува тоа мислење што ние го даваме. Така што проблеми си има, но очигледно ќе треба да работиме сите заедно за да се надминат, посочува тој.

Директорот на АЗЛП Алиу вели дека бројот на претставки до нив од граѓани за злоупотреба на лични податоци постојано се зголемува.

Во следните три месеци Агенцијата ќе работи на изготвување на нова десетгодишна стратегија за заштита на лични податоци.

По повод 28 Јануари – Европскиот ден на заштита на личните податоци, денеска во „Европската куќа“ денеска се одржа конференција „Заедно за заштита на личните податоци“, во организација на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Фондацијата „Метаморфозис“, Агенцијата за заштита на лични податоци и Центарот за правни истражувања и анализи.

Штефен Худолин, шеф на секторот за соработка при Делегацијата на ЕУ во земјава ја истакна потребата од целосно импелемнтирање на Законот за заштита на лични податоци, обезбедува адекватни ресурси и соодветени вработувања како во Агенцијата така и во институциите. Според него, потребна е досладна примена на законот во сите сектори и вклучување на Агенцијата, како и во изборната регулатива. Работата на Агенцијата и примената на легислативата во контекст на следни преговори со ЕУ е дел од Поглавјето 23.

Метаморфозис Фондацијата за интернет и општество  преку Граѓанската организација Конект спроведува проект за Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење на инклузивен дигитален екосистем.

Од 1 февруари Центарот за правни истражувања и анализи заедно со Млади правници и со Агенцијата за судии и обвинители ќе го спроведува проектот за „Ефективна правда за заштита на фундаменталните слободи и приватноста на луѓето во онлајн просторот“.

На 28 јануари се одбележува годишнината од донесувањето на Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на личните податоци, првиот правно обврзувачки меѓународен документ во областа на личните податоци.

Заштитата на личните податоци е гарантирана и со Уставот на Република Македонија, а во февруари 2020 година беше донесен нов Закон за заштита на лични податоци. Целта на овој закон, покрај усогласување на националното законодавство со Општата регулатива за заштита на личните податоци (ГДПР) на Европската Унија, беше и да одговори на предизвиците предизвикани од зголемената употреба на дигитални алатки во обработката на личните податоци.

The post Алиу: Агенцијата за заштита на лични податоци се соочува со недостиг на вработени appeared first on Република.

]]>

Во текот на скринингот Агенцијата за заштита на лични податоци (АЗЛП) е пофалена за нашата досегашна работа, но искажана е загриженоста што и ние ја споделуваме за немањето доволен персонален капацитет на Агенцијата да се справи со новите предизвици, посебно со новиот Закон за заштита на лични податоци, изјави денеска директорот на АЗЛП Имер Алиу на одбележувањето на 28 Јануари – Европскиот ден на заштита на личните податоци.
Оваа ситуација уште повеќе го отежнува фактот што ни бегаат вработени затоа што приватниот сектор заради новиот Закон за заштита на лични податоци знаејќи дека треба да се усогласат, треба стручна работа, им нудат на нашите вработени плати двојно и тројно поголеми од тие што ги земаат во моментот во Агенцијата и ги земаат. Тоа за жал се случува. За последните пет години осуммина од вработените си заминаа. Можеби за некого тоа не е голем број, но за Агенцијата тоа е околу 30 до 40 отсто од вкупниот број на вработени. Секако тоа ја отежнува нашата работа, вели директорот на Агенцијата.
АЗЛП изготвила измени на Законот за заштита на лични податоци во делот на финансиски и кадровско осамостојување на Агенцијата со што не би било потребно да се бараат согласности за вработување од Министерството за финансии или, пак, согласност за систематизација од другите институции (МИОА), туку за тоа Агенцијата да решава сама. Предлогот е доставен до Министерството за правда и до Собранието, но Алиу вели одговор нема.
Тоа е пракса во земјите од ЕУ, а ние знаеме дека во процесот на усогласување ќе дојде, но за да не биде предоцна, мислам дека е сега време да се случи тоа. Ние доставивме предлог на измени во Законот за заштита на лични податоци што спаѓа во овој дел до Министерството за правда. Исто така, доставивме и до Собранието и чекаме одговор, но очигледно досега нема, рече директорот на Агенцијата.
Во однос на Законот за заштита на личните податоци, Алиу вели дека тој е добар, но оти е очигледно дека ние како општество, па и како институции треба многу повеќе да работиме за да се подигне свеста за заштита на личните податоци.
Тоа е и култура. Треба да се согласиме со тоа дека сепак е култура. Заштитата на лични податоци е ниво кое што треба уште многу да работиме за да го постигнеме. Некои кажуваат дека лошата финансиска, економска ситуација ги тера луѓето да не се грижат за вакви според нив работи, но не е баш така. Бидејќи повредата на личите податоци може да направи огромна штета а и на веќе оштетените граѓани, вели Алиу.
Агенцијата работи на подигање на јавната свест со повеќе целни групи со цел подигање на свеста за заштитата на личните податоци, но, според директорот Алиу, потребна е и помош од Владата. Потребно е, нагласува тој, хоризонтално усогласување на другите закони со Законот за заштита на лични податоци, односно секторско усогласување.
Тоа е огромна работа за која треба да се зафатиме сите заедно, бидејќи Агенцијата не може сама. Но, тоа не се случува, туку и за новите закони што се носат не бараат мислење од кај нас. Значи, од Владата не бараат мислење од нас, нагласува Алиу.
Владата и со Деловникот за работа, потенцира тој, е обврзана да бара мислење од кај нас за новите предлози на закони што поминуваат а што содржат одредби за заштита на личните податоци.
И ако некој бара често се случува и да не се почитува тоа мислење што ние го даваме. Така што проблеми си има, но очигледно ќе треба да работиме сите заедно за да се надминат, посочува тој.
Директорот на АЗЛП Алиу вели дека бројот на претставки до нив од граѓани за злоупотреба на лични податоци постојано се зголемува. Во следните три месеци Агенцијата ќе работи на изготвување на нова десетгодишна стратегија за заштита на лични податоци. По повод 28 Јануари – Европскиот ден на заштита на личните податоци, денеска во „Европската куќа“ денеска се одржа конференција „Заедно за заштита на личните податоци“, во организација на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Фондацијата „Метаморфозис“, Агенцијата за заштита на лични податоци и Центарот за правни истражувања и анализи. Штефен Худолин, шеф на секторот за соработка при Делегацијата на ЕУ во земјава ја истакна потребата од целосно импелемнтирање на Законот за заштита на лични податоци, обезбедува адекватни ресурси и соодветени вработувања како во Агенцијата така и во институциите. Според него, потребна е досладна примена на законот во сите сектори и вклучување на Агенцијата, како и во изборната регулатива. Работата на Агенцијата и примената на легислативата во контекст на следни преговори со ЕУ е дел од Поглавјето 23. Метаморфозис Фондацијата за интернет и општество  преку Граѓанската организација Конект спроведува проект за Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење на инклузивен дигитален екосистем. Од 1 февруари Центарот за правни истражувања и анализи заедно со Млади правници и со Агенцијата за судии и обвинители ќе го спроведува проектот за „Ефективна правда за заштита на фундаменталните слободи и приватноста на луѓето во онлајн просторот“. На 28 јануари се одбележува годишнината од донесувањето на Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на личните податоци, првиот правно обврзувачки меѓународен документ во областа на личните податоци. Заштитата на личните податоци е гарантирана и со Уставот на Република Македонија, а во февруари 2020 година беше донесен нов Закон за заштита на лични податоци. Целта на овој закон, покрај усогласување на националното законодавство со Општата регулатива за заштита на личните податоци (ГДПР) на Европската Унија, беше и да одговори на предизвиците предизвикани од зголемената употреба на дигитални алатки во обработката на личните податоци.

The post Алиу: Агенцијата за заштита на лични податоци се соочува со недостиг на вработени appeared first on Република.

]]>