Агенција за филм Archives - Република https://republika.mk/tema/agencija-za-film/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 08:49:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Агенција за филм Archives - Република https://republika.mk/tema/agencija-za-film/ 32 32 Мрежата на филмски институции од Југоисточна Европа го поддржа долгометражниот филм „Не се согласувам“ на Кристијан Ристески https://republika.mk/scena/film/mrezhata-na-filmski-institutsii-od-jugoistochna-evropa-go-poddrzha-dolgometrazhniot-film-ne-se-soglasuvam-na-kristijan-risteski/ Fri, 08 Nov 2024 08:49:34 +0000 https://republika.mk/?p=835379

Мрежата на филмски институции од Југоисточна Европа (SEE Cinema Network) на своето 37. генерално собрание одлучи да додели вкупна поддршка од 72.000 евра, распределена на осум проекти кои ќе добијат финансиска помош од по 9.000 евра за нивен развој. Меѓу поддржаните проекти е и македонскиот долгометражен филм „Не се согласувам“, во режија на Кристијан Ристески и продукција на „Фокус Покус“.

На собранието присуствуваше в.д. директорка на Агенцијата за филм, Даниела Станковска Плачковска.

На собранието, земјите членки на мрежата донесоа одлука да доделат вкупна поддршка од 72.000 евра, распределена на осум проекти кои ќе добијат финансиска помош од по 9.000 евра за нивен развој. Меѓу поддржаните проекти е и македонскиот долгометражен филм „Не се согласувам“, во режија на Кристијан Ристески и продукција на Фокус Покус. Овој проект, во оваа фаза, претставува македонско-кипарско-француска копродукција, соопштија од Агенцијата за филм.

Како што посочуваат од Агенцијата, поддржаните проекти беа објавени на престижниот настан Агора, дел од 65-от Меѓународен филмски фестивал во Солун.

Поддршката од SEE Cinema Network претставува значаен чекор во развојот на филмска продукција во регионот, овозможувајќи им на авторите да ги реализираат своите креативни визии, да го развијат проектот како копродукција и да ја прошират својата публика на меѓународно ниво. Во заложба за транспарентност и во согласност со европските стандарди за статистичко евидентирање, SEE Cinema Network ги објави и процентите на родова застапеност за главните учесници — режисери, продуценти и сценаристи, информираат од Агенцијата за филм.

Оттаму појаснуваат дека при последните поддржани проекти од оваа мрежа, учеството на жените достигна 43 проценти од вкупниот број на соработници, што претставува зголемување за 44 проценти во споредба со минатата година.

The post Мрежата на филмски институции од Југоисточна Европа го поддржа долгометражниот филм „Не се согласувам“ на Кристијан Ристески appeared first on Република.

]]>

Даниела Станковска-Плачковска е нова в. д. директорка на Агенцијата за филм https://republika.mk/scena/film/daniela-stankovska-plachkovska-e-nova-v-d-direktorka-na-agentsijata-za-film/ Thu, 01 Aug 2024 08:15:47 +0000 https://republika.mk/?p=802190

Владата ја назначи Даниела Станковска-Плачковска за в. д. директорка на Агенцијата за филм. Станковска-Плачковска доаѓа на местото на Владимир Ангелов, кој неодамна поднесе оставка од функцијата. Тој беше назначен за директор на 6 февруари.

Станковска-Плачковска е  дипломиран политиколог и магистер по културологија. Од 2008 е вработена во Агенцијата за филм, каде досега беше раководителка на Секторот за развој на филмската деjност, а од април 2022 е доцент при Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима” во Скопје.

Даниела С. Плачковска е дипломиран политколог и магистер по културологија. Од 2008 год. активно работи и придонесува во филмскиот сектор како вработена во Агенцијата за филм, која е правен наследник на Филмскиот фонд на Р.М. Како раководител на сектор за развој на филмската дејност, како и во текот на целокупното свое работење, активно е вклучена и дава континуиран придонес во градење на конзистентна филмска политика за континуиран развој на филмот и филмската дејност во нашата земја..

Била национален претставник во Европската мрежа на филмски комисии EUFCN, член на извршниот комитет на SEE Cinema Network, како и член и заменик национален претставник во истоимената организација, Претседател на меѓуресорската комисија за утврдување на условите и критериумите за одобрување на средства и обезбедување на предлог за исплата на средства наменети за производство на домашна документарна и домашна играна програма во Министерството за информатичко општество и администрација, член на Комисијата за право на поврат при Агенцијата за филм, Извршен директор на третото издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија’’, член на Управниот одбор на Филмски фонд итн.

Покрај ова, таа учествувала и во реализација на повеќе меѓународни настани и проекти како: презентација на Location Pavilion -Japan Content Showcase 2015, FOCUS location and production event 2015, проект менаџер на EAVE Producer Workshop 2015, проект менаџер на Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија’’ и проектот „Џифони Патува’’‚, реализација на проектот European Film Academy Young Audience Award 2015 итн. Таа е еден од авторите на две изданија на брошурата Location and Production Guide, ко-автор на пет изданија на каталогот за Македонската филмска продукција, како и има учество во реализација на Проектот „Филмографии’’(податоци од Филмскиот фонд на РМ).

Исто така, на нејзина инцијатива во декември 2021 год. беше формирана Работна група за филмска писменост како дел од структурата на Мрежата за медиумската писменост, и е кординатор на истата.

The post Даниела Станковска-Плачковска е нова в. д. директорка на Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>

Владата ја назначи Даниела Станковска-Плачковска за в. д. директорка на Агенцијата за филм. Станковска-Плачковска доаѓа на местото на Владимир Ангелов, кој неодамна поднесе оставка од функцијата. Тој беше назначен за директор на 6 февруари.
Станковска-Плачковска е  дипломиран политиколог и магистер по културологија. Од 2008 е вработена во Агенцијата за филм, каде досега беше раководителка на Секторот за развој на филмската деjност, а од април 2022 е доцент при Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима” во Скопје.
Даниела С. Плачковска е дипломиран политколог и магистер по културологија. Од 2008 год. активно работи и придонесува во филмскиот сектор како вработена во Агенцијата за филм, која е правен наследник на Филмскиот фонд на Р.М. Како раководител на сектор за развој на филмската дејност, како и во текот на целокупното свое работење, активно е вклучена и дава континуиран придонес во градење на конзистентна филмска политика за континуиран развој на филмот и филмската дејност во нашата земја.. Била национален претставник во Европската мрежа на филмски комисии EUFCN, член на извршниот комитет на SEE Cinema Network, како и член и заменик национален претставник во истоимената организација, Претседател на меѓуресорската комисија за утврдување на условите и критериумите за одобрување на средства и обезбедување на предлог за исплата на средства наменети за производство на домашна документарна и домашна играна програма во Министерството за информатичко општество и администрација, член на Комисијата за право на поврат при Агенцијата за филм, Извршен директор на третото издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија’’, член на Управниот одбор на Филмски фонд итн. Покрај ова, таа учествувала и во реализација на повеќе меѓународни настани и проекти како: презентација на Location Pavilion -Japan Content Showcase 2015, FOCUS location and production event 2015, проект менаџер на EAVE Producer Workshop 2015, проект менаџер на Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија’’ и проектот „Џифони Патува’’‚, реализација на проектот European Film Academy Young Audience Award 2015 итн. Таа е еден од авторите на две изданија на брошурата Location and Production Guide, ко-автор на пет изданија на каталогот за Македонската филмска продукција, како и има учество во реализација на Проектот „Филмографии’’(податоци од Филмскиот фонд на РМ). Исто така, на нејзина инцијатива во декември 2021 год. беше формирана Работна група за филмска писменост како дел од структурата на Мрежата за медиумската писменост, и е кординатор на истата.

The post Даниела Станковска-Плачковска е нова в. д. директорка на Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>
Љутков: Мене ми е важна Агенцијата за филм, ќе гледаме да ги решиме тие проблеми https://republika.mk/vesti/kultura/lutkov-mene-mi-e-vazhna-agentsijata-za-film-ke-gledame-da-gi-reshime-tie-problemi/ Tue, 23 Jul 2024 11:50:09 +0000 https://republika.mk/?p=799535

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во интервју за МИА информира дека се готови ревизорските извештаи како и извештајот од Министерството за култура за Агенцијата за филм и истите ќе бидат упатени до надлежните институции. Внатрешната ревизија во Агенцијата за филм беше извршена во текот на април и мај оваа година од Министерството за култура. Љутков неодамна информираше дека оваа Агенција должи некаде околу 11 милиони евра.

Проблемот настанува кога после 2018 година, буџетот кој што бил некаде околу седум до осум милиони евра на годишно ниво, наеднаш паѓа на околу два и пол милиони евра. Бидејќи тие не можат да се помират со фактот дека власта го намалува буџетот, си продолжуваат со еден процес кој се вели вака: „на необезбедени средства во текот на наредната година, вие склучувате договори на двојно повеќе“. Ова значи, ако имате договор на два и пол милиони евра за следната година, вие склучувате договори на речиси пет милиони евра и тие ги провлекувате во текот на годините, вели Љутков за МИА.

Тој напомена дека сега се наоѓаме во ситуација кога четири филма кои што имаат склучено договори, имаат обезбедно услови и имаат законски рок од пет години да го реализираат филмот, а во оваа година им истекува законскиот рок.

Агенцијата за филм ги нема тие пари за да ги покрие овие четири филма. Тоа се случувало низ годините. Ревизорските извештаи се готови, извештајот од Министерството за култура кој што е направен оваа година е готов и ние сите овие извештаи ќе ги упатиме да надлежните институции да можат да си ја бркаат својата работа и да видиме што е од тоа ќе излезе за да можеме да постапуваме понатаму. Јас како министер за култура не застанувам во овој процес ни на една ни на друга страна, мене ми е важна Агенцијата за филм, фокусот ќе ми биде таму и ќе гледаме да ги решиме тие проблеми, додаде Љутков.

Министерот најави и дека в петок ќе оствари средба со официјалните лица од Друштвото на филмски работници (ДФРМ), но тоа, како што рече, не може да донесе некакви промени.

Закажана е средба за петок со официјалните лица од Друштвото на филмски работници, но тоа не може да донесе некакви промени. Јас ќе разговарам со нив. Логична постапка е нивното барање и логичен одговор е да се сретнам со нив, но мене не ми е фокусот Друштвото на филмски работници. Извештајот не треба да се фокусира и не се фокусира на Друштвото на филмски работници, едноставно се фокусира на работата на Агенцијата за филм, мене тоа ми е важно. Но, ако се утврди дека има неправилности во Агенцијата за филм по однос на Друштвото на филмски работници, тоа си е последица една по друга, така да јас тука не можам ништо да направам, додаде Љутков.

The post Љутков: Мене ми е важна Агенцијата за филм, ќе гледаме да ги решиме тие проблеми appeared first on Република.

Отворено писмо до јавноста од ДФРМ: Бараме итно разгледување на состојбите во Агенцијата за филм, македонскиот филм е доведен до колапс! https://republika.mk/vesti/kultura/otvoreno-pismo-do-javnosta-od-dfrm-barame-itno-razgleduvane-na-sostojbite-vo-agentsijata-za-film-makedonskiot-film-e-doveden-do-kolaps/ Tue, 04 Jun 2024 11:21:08 +0000 https://republika.mk/?p=784637

Бараме од органите во Агенцијата за филм, од техничкиот и идниот Министер за култура и од техничката и новата македонска Влада, како и од останатите релевантни државни институции, итно разгледување на состојбите во Агенцијата за филм и итно запирање на лажната слика која се креира за состојбите во филмската дејност, кога во суштина фимските работници, автори и продуценти ги живеат најлошите денови во историјата на македонската кинематографија.

Наспроти ваквиот однос на институциите, македонскиот филм години наназад е амбасадор на македонската култура во светот и успесите кои нашите филмови ги имаат во последните 5 години гордо го веат македонското знаме на најголемите светски филмски фестивали во Кан, Венеција, Берлин, Парк сити, Карлови Вари, а македонската јавност беше особено горда кога успеавме да имаме и две номинации за Оскар.

Загрозувањето на остварените соработки, кои се грижливо градени низ годините, со многу труд и залагање на многумина од нас, филмските професионалци, претставува не само тажен чекор назад за македонската кинематографија, туку и голем срам и оцрнување на севкупниот имиџ на нашата култура и држава, на патот кон толку посакуваната европска иднина, стои во отвореното писмо до јавноста упатено од  Друштвото на филмски работници на Македонија

Македонскиот филм е доведен до колапс! 

И покрај нашите бројни предупредувања во 2023 година, македонскиот филм доби буџет за 2024 кој не е доволен за елеметарно да се покријат потребите на нашата кинематографија и кој ја води во нејзино забрзано системско распаѓање.

Во моментов во јавноста успешно се креира сликата од типот “Барем се снима” само затоа што во периодов е завршена или во тек е реализација на 4 долгометражни играни филмови, а во текот на летото се очекува да започнат со снимање уште најмалку 4 филма.

Она кое што е катастрофално и погубно за нас филмаџиите, а особено за филмските продуценти, во оваа “Барем се снима” слика, е фактот што дел од овие филмови средствата ги имаат добиено во 2023 година, а оние кои добиваат средства оваа година мора да се согласат на половични исплати кои не се во корелација со досегашните стандардни исплати и договорно утврден процент кој продуцентите го добиваат за снимање, од одобрените средства од Агенцијата за филм.

Ваквата ситуација во пракса значи дека секое отпочнување на филм носи несигурност и страв затоа што долгот од речиси 4.000.000 евра кој Агенцијата за филм го има кон филмските продуценти, за проекти кои се одобрени на конкурс и се старувани до овој момент, се зголемува, без притоа да се има јасен план како и кога продуцентите ќе можат да ги очекуваат средствата кои и самите ги должат спрема филмските работници, авторите, актерите  и останати соработници и тоа за филмовите кои се веќе снимени и за добра и услуги кои се одамна веќе реализирани.

Несигурност и страв дополнително внесува и нефункционалноста на процедурата за прегледувањето на извештаи за наменско трошење на средства во Агенцијата за филм, проблем кој трае од нејзиното основање до денес. Во Агенцијата постојат извештаи кои се предадени и пред 1 до 2 години, а кои кои до ден денес не се прегледани.

Поради немање на соодветна служба и поради неможноста за ангажирање на надворешни лица, во изминативе 4 месеци во Агенцијата за филм дополнително се таложат поднесени, а непрегледани извештаи, со што сакајќи или не сакајќи, сеедно, дополнително се пролонгира исплаќањето на нови средства спрема продуцентите за веќе реализирани фази од одобрените проекти на конкурс.

Како денес, така и години наназад пролонгирањето на исплаќање на средства за одобрени проекти на конкурс се случува и преку непотпишување на нови договори, односно пролонгирање на потпишувањето на договорите, дури и во случаи кога продуцентите до Агенцијата за филм ја имаат доставено целосната документација согласно законот и имаат обезбедено банкарски гаранции.

За јавноста да има комплетна слика, и ова писмо да не се извади од контекст со прикажување на некаква поинаква состојба, сакаме да напоменеме дека во последните 15-тина години речиси сите македонски долгометражни играни филмови се реализираат како ко-продукции помеѓу неколку земји. Ова значи дека македонските продуцентите не снимаат филмови со средства кои се 100% државни и од буџетот на земјава и на Агенцијата, туку станува збор за покомплексен систем за финансирање во кој одолговлекувањето на потпишување на договори, исплати или прегледување на извештаи го загрозува или забавува финансирањето на нашите филмови и во останатите земји, а во некои случаи доаѓа и до раскинување на овие соработки поради пробивање на рокови.

Дополнително, за да се одржи сликата „Барем се снима”, Агенцијата за филм сериозно почнува да ги загрозува меѓународните договори кои самата таа ги има склучено со останати агенции и филмски центри од регионот и пошироко, да излегува од договорени повеќе годишни соработки кои бараат минимална финасиска партиципација, да го проблематизира плаќањето на котизации за одредени програми во кои Агенцијата е вклучена со цел промовирање на македонскиот филм, автори, актери, продуценти.

Проблематизирањето на веќе донесени одлуки и менувањето на веќе постигнати договори, поради менувањето на раководството во државните институации е нешто со кое сите постојано се соочуваме во изминативе 30 години. Секако, оваа пракса не ја заобиколува ниту Агенцијата за филм, па така со секоја промена на раководство, ние филамџиите губиме драгоцени месеци во објаснување и запознавање на новите челници со функционирањето и спецификите на нашата дејност.

Секоја промена за нас значи прилагодување на нови правила и „револуционерни” идеи кои никако не одат во прилог на принципите на еднаквост и транспарентност. За жал сме биле, но и денес сме сведоци на нови толкувања на законот за филмска дејност и на негово заобиколување кога е тоа некому потребно.

Токму поради се што е наведено во ова писмо, бараме од органите во Агенцијата за филм, од техничкиот и идниот Министер за култура и од техничката и идната македонска Влада, како и од останатите релевантни државни институции, итно разгледување на состојбите во Агенцијата за филм и итно запирање на лажната слика која се креира за состојбите во филмската дејност, кога во суштина фимските работници, автори и продуценти ги живеат најлошите денови во историјата на македонската кинематографија.

Со цел доловување на целосната слика, сакаме да информираме дека согласно податоците кои неофицијално ги имаме добиено од Агенцијата за филм, во периодот од 2020 до 2024 година, преку кратење на основното барање на средства за следната година, кое Агецнијата за филм го упатува до Министерство за култура, а преку нив и до Министерство за финансии, и преку ребаланс на буџет во текот на годината, од македонскот филм се одземени околку 8.500.000 евра, но во исто време бројот на поддржани проекти воопшто не е намален.

Како што напоменавме со ваквото континуирано и паушално кратење на буџетот за филм во изминатите 5 години, македонските филмски продуценти тонат во долгови поради ненавремените исплаќање на средства од страна на Агенцијата за филм за одобрени проекти кои се завршени, чија реализација е во тек или кои допрва треба да стартуваат. Воедно, се доведува во прашање егзистенцијата на филмските автори, продуценти, филмски работници и сите останати учесници во процесите на реализација на филмските проекти.

Наспроти ваквиот однос на институциите, македонскиот филм години наназад е амбасадор на македонската култура во светот и успесите кои нашите филмови ги имаат во последните 5 години гордо го веат македонското знаме на најголемите светски филмски фестивали во Кан, Венеција, Берлин, Парк сити, Карлови Вари, а македонската јавност беше особено горда кога успеавме да имаме и две номинации за Оскар.

Постигнувањето на ваков успех, верувајте, не е лесно. Уште помалку е лесно повеќегодишно континуирано одржување на успехот на овој нов филмски бран, кога институциите кои треба да се грижат за македонскиот филм, да го штитат, стимулираат и поттикнуваат, остануваат незаинтересирани и глуви.

Тоа што дополнително загрижува е фактот што преку ваквиот однос кон домашниот филм, се прави огромна штета и врз угледот на државата пред нашите долгогодишни поддржувачи и меѓународни партнери.

Актуелната состојба, нередовното и задоцнето исплаќање на средства, паушалното и „сурово“ кратење на буџетот за филм, ја прави Македонија несериозен и недоверлив парнер, а македонските продуценти секојденево се соочуваат со притисоци и закани за меѓународни тужби и откажување на соработки.

Загрозувањето на остварените соработки, кои се грижливо градени низ годините, со многу труд и залагање на многумина од нас, филмските професионалци, претставува не само тажен чекор назад за македонската кинематографија, туку и голем срам и оцрнување на севкупниот имиџ на нашата култура и држава, на патот кон толку посакуваната европска иднина.

Филмот е нашиот живот, нашата сегашност и иднина.

Ние резервни професии и животи немаме!

Македонскиот филм е доведен до колапс!

Со почит,

Игор Иванов, претседател на ДФРМ

Лабина Митевска, претседател на секцијата продукција при ДФРМ

Даријан Пејовски, претседател на секцијата режија при ДФРМ

The post Отворено писмо до јавноста од ДФРМ: Бараме итно разгледување на состојбите во Агенцијата за филм, македонскиот филм е доведен до колапс! appeared first on Република.

]]>

Бараме од органите во Агенцијата за филм, од техничкиот и идниот Министер за култура и од техничката и новата македонска Влада, како и од останатите релевантни државни институции, итно разгледување на состојбите во Агенцијата за филм и итно запирање на лажната слика која се креира за состојбите во филмската дејност, кога во суштина фимските работници, автори и продуценти ги живеат најлошите денови во историјата на македонската кинематографија. Наспроти ваквиот однос на институциите, македонскиот филм години наназад е амбасадор на македонската култура во светот и успесите кои нашите филмови ги имаат во последните 5 години гордо го веат македонското знаме на најголемите светски филмски фестивали во Кан, Венеција, Берлин, Парк сити, Карлови Вари, а македонската јавност беше особено горда кога успеавме да имаме и две номинации за Оскар. Загрозувањето на остварените соработки, кои се грижливо градени низ годините, со многу труд и залагање на многумина од нас, филмските професионалци, претставува не само тажен чекор назад за македонската кинематографија, туку и голем срам и оцрнување на севкупниот имиџ на нашата култура и држава, на патот кон толку посакуваната европска иднина, стои во отвореното писмо до јавноста упатено од  Друштвото на филмски работници на Македонија  
Македонскиот филм е доведен до колапс!  И покрај нашите бројни предупредувања во 2023 година, македонскиот филм доби буџет за 2024 кој не е доволен за елеметарно да се покријат потребите на нашата кинематографија и кој ја води во нејзино забрзано системско распаѓање. Во моментов во јавноста успешно се креира сликата од типот “Барем се снима” само затоа што во периодов е завршена или во тек е реализација на 4 долгометражни играни филмови, а во текот на летото се очекува да започнат со снимање уште најмалку 4 филма. Она кое што е катастрофално и погубно за нас филмаџиите, а особено за филмските продуценти, во оваа “Барем се снима” слика, е фактот што дел од овие филмови средствата ги имаат добиено во 2023 година, а оние кои добиваат средства оваа година мора да се согласат на половични исплати кои не се во корелација со досегашните стандардни исплати и договорно утврден процент кој продуцентите го добиваат за снимање, од одобрените средства од Агенцијата за филм. Ваквата ситуација во пракса значи дека секое отпочнување на филм носи несигурност и страв затоа што долгот од речиси 4.000.000 евра кој Агенцијата за филм го има кон филмските продуценти, за проекти кои се одобрени на конкурс и се старувани до овој момент, се зголемува, без притоа да се има јасен план како и кога продуцентите ќе можат да ги очекуваат средствата кои и самите ги должат спрема филмските работници, авторите, актерите  и останати соработници и тоа за филмовите кои се веќе снимени и за добра и услуги кои се одамна веќе реализирани. Несигурност и страв дополнително внесува и нефункционалноста на процедурата за прегледувањето на извештаи за наменско трошење на средства во Агенцијата за филм, проблем кој трае од нејзиното основање до денес. Во Агенцијата постојат извештаи кои се предадени и пред 1 до 2 години, а кои кои до ден денес не се прегледани. Поради немање на соодветна служба и поради неможноста за ангажирање на надворешни лица, во изминативе 4 месеци во Агенцијата за филм дополнително се таложат поднесени, а непрегледани извештаи, со што сакајќи или не сакајќи, сеедно, дополнително се пролонгира исплаќањето на нови средства спрема продуцентите за веќе реализирани фази од одобрените проекти на конкурс. Како денес, така и години наназад пролонгирањето на исплаќање на средства за одобрени проекти на конкурс се случува и преку непотпишување на нови договори, односно пролонгирање на потпишувањето на договорите, дури и во случаи кога продуцентите до Агенцијата за филм ја имаат доставено целосната документација согласно законот и имаат обезбедено банкарски гаранции. За јавноста да има комплетна слика, и ова писмо да не се извади од контекст со прикажување на некаква поинаква состојба, сакаме да напоменеме дека во последните 15-тина години речиси сите македонски долгометражни играни филмови се реализираат како ко-продукции помеѓу неколку земји. Ова значи дека македонските продуцентите не снимаат филмови со средства кои се 100% државни и од буџетот на земјава и на Агенцијата, туку станува збор за покомплексен систем за финансирање во кој одолговлекувањето на потпишување на договори, исплати или прегледување на извештаи го загрозува или забавува финансирањето на нашите филмови и во останатите земји, а во некои случаи доаѓа и до раскинување на овие соработки поради пробивање на рокови. Дополнително, за да се одржи сликата „Барем се снима”, Агенцијата за филм сериозно почнува да ги загрозува меѓународните договори кои самата таа ги има склучено со останати агенции и филмски центри од регионот и пошироко, да излегува од договорени повеќе годишни соработки кои бараат минимална финасиска партиципација, да го проблематизира плаќањето на котизации за одредени програми во кои Агенцијата е вклучена со цел промовирање на македонскиот филм, автори, актери, продуценти. Проблематизирањето на веќе донесени одлуки и менувањето на веќе постигнати договори, поради менувањето на раководството во државните институации е нешто со кое сите постојано се соочуваме во изминативе 30 години. Секако, оваа пракса не ја заобиколува ниту Агенцијата за филм, па така со секоја промена на раководство, ние филамџиите губиме драгоцени месеци во објаснување и запознавање на новите челници со функционирањето и спецификите на нашата дејност. Секоја промена за нас значи прилагодување на нови правила и „револуционерни” идеи кои никако не одат во прилог на принципите на еднаквост и транспарентност. За жал сме биле, но и денес сме сведоци на нови толкувања на законот за филмска дејност и на негово заобиколување кога е тоа некому потребно. Токму поради се што е наведено во ова писмо, бараме од органите во Агенцијата за филм, од техничкиот и идниот Министер за култура и од техничката и идната македонска Влада, како и од останатите релевантни државни институции, итно разгледување на состојбите во Агенцијата за филм и итно запирање на лажната слика која се креира за состојбите во филмската дејност, кога во суштина фимските работници, автори и продуценти ги живеат најлошите денови во историјата на македонската кинематографија. Со цел доловување на целосната слика, сакаме да информираме дека согласно податоците кои неофицијално ги имаме добиено од Агенцијата за филм, во периодот од 2020 до 2024 година, преку кратење на основното барање на средства за следната година, кое Агецнијата за филм го упатува до Министерство за култура, а преку нив и до Министерство за финансии, и преку ребаланс на буџет во текот на годината, од македонскот филм се одземени околку 8.500.000 евра, но во исто време бројот на поддржани проекти воопшто не е намален. Како што напоменавме со ваквото континуирано и паушално кратење на буџетот за филм во изминатите 5 години, македонските филмски продуценти тонат во долгови поради ненавремените исплаќање на средства од страна на Агенцијата за филм за одобрени проекти кои се завршени, чија реализација е во тек или кои допрва треба да стартуваат. Воедно, се доведува во прашање егзистенцијата на филмските автори, продуценти, филмски работници и сите останати учесници во процесите на реализација на филмските проекти. Наспроти ваквиот однос на институциите, македонскиот филм години наназад е амбасадор на македонската култура во светот и успесите кои нашите филмови ги имаат во последните 5 години гордо го веат македонското знаме на најголемите светски филмски фестивали во Кан, Венеција, Берлин, Парк сити, Карлови Вари, а македонската јавност беше особено горда кога успеавме да имаме и две номинации за Оскар. Постигнувањето на ваков успех, верувајте, не е лесно. Уште помалку е лесно повеќегодишно континуирано одржување на успехот на овој нов филмски бран, кога институциите кои треба да се грижат за македонскиот филм, да го штитат, стимулираат и поттикнуваат, остануваат незаинтересирани и глуви. Тоа што дополнително загрижува е фактот што преку ваквиот однос кон домашниот филм, се прави огромна штета и врз угледот на државата пред нашите долгогодишни поддржувачи и меѓународни партнери. Актуелната состојба, нередовното и задоцнето исплаќање на средства, паушалното и „сурово“ кратење на буџетот за филм, ја прави Македонија несериозен и недоверлив парнер, а македонските продуценти секојденево се соочуваат со притисоци и закани за меѓународни тужби и откажување на соработки. Загрозувањето на остварените соработки, кои се грижливо градени низ годините, со многу труд и залагање на многумина од нас, филмските професионалци, претставува не само тажен чекор назад за македонската кинематографија, туку и голем срам и оцрнување на севкупниот имиџ на нашата култура и држава, на патот кон толку посакуваната европска иднина. Филмот е нашиот живот, нашата сегашност и иднина. Ние резервни професии и животи немаме! Македонскиот филм е доведен до колапс!   Со почит, Игор Иванов, претседател на ДФРМ Лабина Митевска, претседател на секцијата продукција при ДФРМ Даријан Пејовски, претседател на секцијата режија при ДФРМ  

The post Отворено писмо до јавноста од ДФРМ: Бараме итно разгледување на состојбите во Агенцијата за филм, македонскиот филм е доведен до колапс! appeared first on Република.

]]>
„Пролетно чистење“ на режисерката Марија Апчевска – Петровска еден од 10-те проекти одбрани на 16-та едиција на престижната програма La Fabrique Cinéma https://republika.mk/scena/film/proletno-chistene-na-rezhiserkata-marija-apchevska-petrovska-eden-od-10-te-proekti-odbrani-na-16-ta-editsija-na-prestizhnata-programa-la-fabrique-cinema/ Tue, 16 Apr 2024 10:44:21 +0000 https://republika.mk/?p=766661

Проектот „Пролетно чистење“ на режисерката Marija Apcevska - Петровска во продукција на Kino Oko, а по сценарио на Марија Апчевска - Петровска и Ереник Бекири е еден од 10-те проекти одбрани на 16-та едиција на престижната програма La Fabrique Cinéma de INSTITUT FRANÇAIS за препознавање и промовирање на филмаџии и продуценти од целиот свет.

Ова е прв македонски проект одбран во оваа програма.

Програмата La Fabrique Cinéma ќе се одвива во рамките на Festival de Cannes од 14 до 25 мај, 2024, каде продуцентот Роберт Насков и режисерката Марија Апчевска - Петровска ќе имаат можност да го претстават проектот „Пролетно Чистење“ пред најдобрите агенти за продажба и дистрибутери како и пред програмери и селектори на најголемите филмски фестивали.

 La Fabrique Cinéma de l'Institut français претставува програма за идентификување и промовирање на филмаџиите и продуценти од земјите во развој, кои нудат поддршка по „мерка“ за први и втори филмски проекти, во тесна соработка со Festival de Cannes, Marché du Film и бројни професионални партнери. La Fabrique Cinéma е алатка која поддржува меѓународна копродукција со Франција, покрај фондот „Aide aux Cinémas du monde“, фонд со кој заеднички управува Францускиот Национален Филмски Центар (CNC) и Францускиот институт.

Од 2009 година, програмата поддржала 154 проекти од земјите во развој и помогнала на 282 учесници од кои 43% се жени од 65 различни националности.

The post „Пролетно чистење“ на режисерката Марија Апчевска – Петровска еден од 10-те проекти одбрани на 16-та едиција на престижната програма La Fabrique Cinéma appeared first on Република.

Дебитантскиот долгометражен игран филм на Тамара Котевска “Човек против јато” е поддржан од Грчкиот Филмски Центар со 150.000 евра https://republika.mk/scena/film/debitantskiot-dolgometrazhen-igran-film-na-tamara-kotevska-chovek-protiv-jato-e-poddrzhan-od-grchkiot-filmski-tsentar-so-150-000-evra/ Tue, 19 Mar 2024 09:08:38 +0000 https://republika.mk/?p=756199

Седма ко-продукција за новиот долгометражен филм на Тамара Котевска

Дебитантскиот долгометражен игран филм на Тамара Котевска “Човек против јато” е поддржан од Грчкиот Филмски Центар со 150.000 евра, во соработка со филмската продукција “Астериск”.
Ова е деветата копродукција откако филмот е поддржан од: EUROIMAGES, Филмскиот Центар од Србија со фирмата “Филмоскопија”, Хрватскиот Аудиовизуелен Центар со фирмата “Нуклеус”, Филмскиот Центар на Црна Гора со “Синепланет”, Министерство за култура на Турција, како и ТРТ националната телевизија на Турција.

Филмот е поддржан од Агенција за Филм на Република Македонија.

The post Дебитантскиот долгометражен игран филм на Тамара Котевска “Човек против јато” е поддржан од Грчкиот Филмски Центар со 150.000 евра appeared first on Република.

„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски награден на фестивал во Аризона https://republika.mk/scena/film/biznisot-na-zadovolstvoto-na-gotse-tsvetanovski-nagraden-na-festival-vo-arizona/ Wed, 06 Mar 2024 09:10:33 +0000 https://republika.mk/?p=751786

Политичкиот трилер „Бизнисот на задоволството” на режисерот Гоце Цветановски ја доби наградата за највпечатлив филм (Best Impact Film) на јубилејното 30. издание на „Седона интернешнал филм фестивал”, во Аризона, САД.

Фестивалот се одржа од 24 февруари до 3 март, а беа прикажани независни филмски остварувања од целиот свет.

Филмот на Цветановски претходно освои пет награди на филмските фестивали, од кои три за најдобар долгометражен филм во Бугарија, Перу и Панама, понатаму добитник е на специјална награда во Романија и за најдобра кинематографија во Албанија.

„За првпат награда во Америка и трет континент на којшто филмот е награден. Од една страна мислам дека со оваа шеста награда, филмот го оправда своето постоење, но како вечен оптимист се надевам дека фестивалскиот живот на филмот ќе донесе и нови успеси”, рече Цветановски.

„Бизнисот на задоволството” ја следи приказната на новинарка, која опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Филмот е снимен со поддршка на Агенцијата за филм.

The post „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски награден на фестивал во Аризона appeared first on Република.

]]>

Политичкиот трилер „Бизнисот на задоволството” на режисерот Гоце Цветановски ја доби наградата за највпечатлив филм (Best Impact Film) на јубилејното 30. издание на „Седона интернешнал филм фестивал”, во Аризона, САД. Фестивалот се одржа од 24 февруари до 3 март, а беа прикажани независни филмски остварувања од целиот свет.   Филмот на Цветановски претходно освои пет награди на филмските фестивали, од кои три за најдобар долгометражен филм во Бугарија, Перу и Панама, понатаму добитник е на специјална награда во Романија и за најдобра кинематографија во Албанија. „За првпат награда во Америка и трет континент на којшто филмот е награден. Од една страна мислам дека со оваа шеста награда, филмот го оправда своето постоење, но како вечен оптимист се надевам дека фестивалскиот живот на филмот ќе донесе и нови успеси”, рече Цветановски.   „Бизнисот на задоволството” ја следи приказната на новинарка, која опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола. Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.   Филмот е снимен со поддршка на Агенцијата за филм.

The post „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски награден на фестивал во Аризона appeared first on Република.

]]>
Агенција за филм закупи проекција на филмот „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оровчанец на Европскиот филмски маркет во Берлин https://republika.mk/scena/film/agentsija-za-film-zakupi-proektsija-na-filmot-ubij-gi-prvo-detsata-vo-rezhija-na-dimitar-orovchanets-na-evropskiot-filmski-market-vo-berlin/ Tue, 20 Feb 2024 09:28:21 +0000 https://republika.mk/?p=745997

Во рамките на Европскиот филмски маркет во Берлин, Агенцијата за филм закупи и проекција на филмот „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оровчанец, соопштуваат од Агенција за филм.

Со овие проекции филмовите добиваат можност да се претстават пред 2.000 професионалци од 110 земји во светот и да бидат откупени или селектирани на некои од филмските фестивали.

The post Агенција за филм закупи проекција на филмот „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оровчанец на Европскиот филмски маркет во Берлин appeared first on Република.

Агенцијата за филм на Берлинале, првпат ќе има штанд на Европскиот филмски маркет https://republika.mk/vesti/kultura/agentsijata-za-film-na-berlinale-prvpat-ke-ima-shtand-na-evropskiot-filmski-market/ Fri, 16 Feb 2024 07:53:00 +0000 https://republika.mk/?p=744648

Агенцијата за филм на Македонија е присутна со свој штанд на Европскиот филмски маркет, кој се одржува од 15 до 21 февруари во рамки на еден од најеминентните фестивали во светот – Интернационалниот филмски фестивал во Берлин.

Ова е од огромно значење за македонската кинематографија, имајќи предвид дека во последните 15 години се прават напори Македонија да обезбеди свој промотивен простор во рамки на маркетот во Берлин, каде присуствуваат голем број продуценти, дистрибутери, финансиери и фестивалски организатори од целиот свет.

Македонскиот штанд ќе биде позициониран на централна локација, во Музејот „Мартин Гропиус Бау“ каде што традиционално се одржуваат активностите во рамки на индустрискиот дел на Берлинскиот филмски фестивал и ќе биде место каде што македонската делегација од Агенцијата за филм ќе ги претстави најновите случувања во нашата кинематографија и ќе остварува средби за идни копродукциски соработки. За оваа цел е подготвен обемен каталог и промотивен материјал.

Агенцијата за филм секоја година е присутна на маркетот со различни активности за промоција на македонски филмови. Така, во 2024 година Агенцијата за филм закупи и проекција на маркетот за филмот „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оровчанец. Со овие проекции филмовите добиваат можност да се претстават пред 2.000 професионалци од 110 земји во светот и да бидат откупени или селектирани на некои од филмските фестивали.

Присуството на нашата кинематографија на Европскиот филмски маркет, еден од најважните случувања во светот на филмската индустрија, е од големо значење бидејќи потврдува дека се вложува во авторите и во филмската индустрија и се олеснува соработката и промоцијата на филмските професионалци на глобалната филмска сцена.

Покрај промотивниот штанд, Агенцијата за филм ќе биде присутна и на интернет платформата на маркетот, каде што сите оние кои не се во можност да присуствуваат на физичкото издание на маркетот ќе можат да ги проследат содржините во виртуелен формат.

The post Агенцијата за филм на Берлинале, првпат ќе има штанд на Европскиот филмски маркет appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за филм на Македонија е присутна со свој штанд на Европскиот филмски маркет, кој се одржува од 15 до 21 февруари во рамки на еден од најеминентните фестивали во светот – Интернационалниот филмски фестивал во Берлин. Ова е од огромно значење за македонската кинематографија, имајќи предвид дека во последните 15 години се прават напори Македонија да обезбеди свој промотивен простор во рамки на маркетот во Берлин, каде присуствуваат голем број продуценти, дистрибутери, финансиери и фестивалски организатори од целиот свет. Македонскиот штанд ќе биде позициониран на централна локација, во Музејот „Мартин Гропиус Бау“ каде што традиционално се одржуваат активностите во рамки на индустрискиот дел на Берлинскиот филмски фестивал и ќе биде место каде што македонската делегација од Агенцијата за филм ќе ги претстави најновите случувања во нашата кинематографија и ќе остварува средби за идни копродукциски соработки. За оваа цел е подготвен обемен каталог и промотивен материјал. Агенцијата за филм секоја година е присутна на маркетот со различни активности за промоција на македонски филмови. Така, во 2024 година Агенцијата за филм закупи и проекција на маркетот за филмот „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оровчанец. Со овие проекции филмовите добиваат можност да се претстават пред 2.000 професионалци од 110 земји во светот и да бидат откупени или селектирани на некои од филмските фестивали. Присуството на нашата кинематографија на Европскиот филмски маркет, еден од најважните случувања во светот на филмската индустрија, е од големо значење бидејќи потврдува дека се вложува во авторите и во филмската индустрија и се олеснува соработката и промоцијата на филмските професионалци на глобалната филмска сцена. Покрај промотивниот штанд, Агенцијата за филм ќе биде присутна и на интернет платформата на маркетот, каде што сите оние кои не се во можност да присуствуваат на физичкото издание на маркетот ќе можат да ги проследат содржините во виртуелен формат.

The post Агенцијата за филм на Берлинале, првпат ќе има штанд на Европскиот филмски маркет appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Судир на интерес – средното име на Агенцискиот финансиски советник дадено од кумовите ДФРМ и Агенцијата за филм https://republika.mk/vesti/kultura/vmro-dpmne-sudir-na-interes-srednoto-ime-na-agentsiskiot-finansiski-sovetnik-dadeno-od-kumovite-dfrm-i-agentsijata-za-film/ Thu, 15 Feb 2024 17:40:11 +0000 https://republika.mk/?p=744530

Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук  открива за судир на интереси во Агенцијата за филм.

„Бранко Петровски, доскорешниот финансиски советник на разрешениот директор на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски, е назначен за член на новиот Управен одбор на оваа културна институција. И сѐ би било во ред, а оваа претходна реченица би изгледала како обична секојдневна информација и констатација доколку се занемари фактот дека самата министерка за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, има потпишано документ во кој потврдува дека Бранко Петровски работел како финансиски советник во состојба на судир на интереси во времето на разрешениот директор.

Антикорупциска комисија бараше Лазаревски да биде разрешен и против него да се покрене кривична постапка. Тие го разгледуваа и случајот на Петровски, а Транспаренси интернешнл јасно констатираше судир на интереси токму во времето додека директор на Агенцијата за филм беше Лазаревски, а Петровски е негов финансиски советник.

За потсетување, во 2023 година, државата потроши 3,5 милиони евра на филм, но снимен филм не видовме. Сега, новиот Управен одбор во кој членува Петровски, поранешниот финансиски советник во чие време се потрошени тие милиони, треба да ги засука ракавите и да го расчисти криминалот за кој сведочат негативниот извештај на Државниот завод за ревизија и негативниот извештај на самото Министерство за култура. И што да се каже на ова?! Да не е апсурдно, би било навистина смешно.

Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ посочува дека Законот за филмска дејност јасно вели дека еден од членовите на Управниот одбор треба да се избере на предлог на здруженијата на филмски работници. Но Владата одлучува да бара предлог само од Друштвото на филмски работници на Македонија, свесно игнорирајќи го фактот дека постојат и други здруженија на филмски работници. И, погодете што се случува сега?! ДФРМ го предлага претседателот на својот Надзорен одбор Бранко Петровски за член на Управниот одбор на Агенцијата за филм и владата го избира токму него, Бранко Петровски. Значи, од сега па натаму, со Бранко Петровски како член, Управниот одбор на Агенцијата за филм во сите одлуки што ќе ги донесе при избор на филмски проекти ќе биде во постојан судир на интереси.

Треба да се признае дека сегашнава власт е очигледен, школски, пример како се кријат и замолчуваат реакциите после секоја афера. Експертите на власта, совршено знаат дека секоја афера успешно се затскрива со уште една нова, посвежа афера. Едноставен рецепт, нели?“, стои во нивниот пост на Фејсбук.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Судир на интерес – средното име на Агенцискиот финансиски советник дадено од кумовите ДФРМ и Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>

Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук  открива за судир на интереси во Агенцијата за филм. „Бранко Петровски, доскорешниот финансиски советник на разрешениот директор на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски, е назначен за член на новиот Управен одбор на оваа културна институција. И сѐ би било во ред, а оваа претходна реченица би изгледала како обична секојдневна информација и констатација доколку се занемари фактот дека самата министерка за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, има потпишано документ во кој потврдува дека Бранко Петровски работел како финансиски советник во состојба на судир на интереси во времето на разрешениот директор. Антикорупциска комисија бараше Лазаревски да биде разрешен и против него да се покрене кривична постапка. Тие го разгледуваа и случајот на Петровски, а Транспаренси интернешнл јасно констатираше судир на интереси токму во времето додека директор на Агенцијата за филм беше Лазаревски, а Петровски е негов финансиски советник. За потсетување, во 2023 година, државата потроши 3,5 милиони евра на филм, но снимен филм не видовме. Сега, новиот Управен одбор во кој членува Петровски, поранешниот финансиски советник во чие време се потрошени тие милиони, треба да ги засука ракавите и да го расчисти криминалот за кој сведочат негативниот извештај на Државниот завод за ревизија и негативниот извештај на самото Министерство за култура. И што да се каже на ова?! Да не е апсурдно, би било навистина смешно. Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ посочува дека Законот за филмска дејност јасно вели дека еден од членовите на Управниот одбор треба да се избере на предлог на здруженијата на филмски работници. Но Владата одлучува да бара предлог само од Друштвото на филмски работници на Македонија, свесно игнорирајќи го фактот дека постојат и други здруженија на филмски работници. И, погодете што се случува сега?! ДФРМ го предлага претседателот на својот Надзорен одбор Бранко Петровски за член на Управниот одбор на Агенцијата за филм и владата го избира токму него, Бранко Петровски. Значи, од сега па натаму, со Бранко Петровски како член, Управниот одбор на Агенцијата за филм во сите одлуки што ќе ги донесе при избор на филмски проекти ќе биде во постојан судир на интереси. Треба да се признае дека сегашнава власт е очигледен, школски, пример како се кријат и замолчуваат реакциите после секоја афера. Експертите на власта, совршено знаат дека секоја афера успешно се затскрива со уште една нова, посвежа афера. Едноставен рецепт, нели?“, стои во нивниот пост на Фејсбук.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Судир на интерес – средното име на Агенцискиот финансиски советник дадено од кумовите ДФРМ и Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>
Владимир Ангелов именуван за директор на Агенцијата за филм https://republika.mk/vesti/kultura/vladimir-angelov-imenuvan-za-direktor-na-agentsijata-za-film/ Tue, 06 Feb 2024 22:24:47 +0000 https://republika.mk/?p=741227

Владата на денешната седница го разреши досегашниот директор на Агенцијата за филм Бојан Лазаревски поради истек на мандатот. За нов директор на Агенцијата е именуван продуцентот Владимир Ангелов.

Претходно, Владата објави Јавен оглас за именување на директор на Агенцијата за филм, во дневните весници „Слободен печат“, „Вечер“и „Коха“ во изданијата на 18.1.2024 година, со рок за пријавување од 15 дена.

На огласот пристигнале три апликации и тоа од Бојан Лазаревски, Гена Теодосиевска и од Владимир Ангелов.

Ангелов, досегашен директор на Кинотеката на Македонија, е дипломиран продуцент. Во Кинотеката работи од 1995 година. Во 2017 е назначен за вршител на должноста директор, а кон крајот на 2018 година е именуван за директор на Кинотеката. Десет години (2006 – 2017) е одговорен за реализација на месечната филмска програма во киното на Кинотеката на Македонија и за тоа време реализира и соработува на голем број проекти што се однесуваат на прикажување на филмски циклуси од разни национални кинематографии, ретроспективи на автори, како и презентација на програми посветени на филмската класика, но и на современата кинематографија.

The post Владимир Ангелов именуван за директор на Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>

Владата на денешната седница го разреши досегашниот директор на Агенцијата за филм Бојан Лазаревски поради истек на мандатот. За нов директор на Агенцијата е именуван продуцентот Владимир Ангелов. Претходно, Владата објави Јавен оглас за именување на директор на Агенцијата за филм, во дневните весници „Слободен печат“, „Вечер“и „Коха“ во изданијата на 18.1.2024 година, со рок за пријавување од 15 дена. На огласот пристигнале три апликации и тоа од Бојан Лазаревски, Гена Теодосиевска и од Владимир Ангелов. Ангелов, досегашен директор на Кинотеката на Македонија, е дипломиран продуцент. Во Кинотеката работи од 1995 година. Во 2017 е назначен за вршител на должноста директор, а кон крајот на 2018 година е именуван за директор на Кинотеката. Десет години (2006 – 2017) е одговорен за реализација на месечната филмска програма во киното на Кинотеката на Македонија и за тоа време реализира и соработува на голем број проекти што се однесуваат на прикажување на филмски циклуси од разни национални кинематографии, ретроспективи на автори, како и презентација на програми посветени на филмската класика, но и на современата кинематографија.

The post Владимир Ангелов именуван за директор на Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>
Агенцијата за филм на Кастриот Авдили, Стојан Вујичиќ и Кристијан Ристески им додели по 28, 26 и 25 милиони денари за новите долгометражни филмови https://republika.mk/vesti/kultura/agentsijata-za-film-na-kastriot-avdili-stojan-vujichik-i-kristijan-risteski-im-dodeli-po-28-26-i-25-milioni-denari-za-novite-dolgometrazhni-filmovi/ Fri, 02 Feb 2024 08:04:20 +0000 https://republika.mk/?p=739569

Агенцијата за филм на режисерите Кастриот Авдили, Стојан Вујичиќ и Кристијан Ристески им додели по 28, 26 и 25 милиони денари за новите долгометражни филмови. Агенцијата за филм го објави Конкурсот во втор рок за 2023 година, соопштувајќи дека фокусот бил на детскиот филм.

Овој Конкурс понуди исклучителни проекти. Доминираше македонскиот мнозински филм, со фокус на детскиот филм. Ова ќе придонесе најмладата публика да гледа македонски филмови од рана возраст и да ја почитува националната кинематографија, изјавија од Агенцијата за филм.

Авдили доби 28 милиони денари за „Роден да живее“ во продукција на „Дарданиа филм“, Вујичиќ доби 26 милиони денари за „Снешко“ во продукција на „Дрим фектори“, неговиот втор филм по детскиот „Стела“ (2020). Ристески доби 25 милиони денари за „Не се согласувам“ во продукција на „Фокус покус“, по дебито со „Снежана на крајот умира“ (2021).

Со вкупно 8 милиони денари Агенцијата за филм поддржи три долгометражни играни филмови со македонски малцински удел во кои учествуваат продукциите „Круг филм“, „ДМФ“ и „Минимал колектив“. Станува збор за филмовите „„Бумбаров лет“ на Даниел Кушан, „Јерем“ на  Исмет Сиријана и „Пет дена на море“ на Ивана Шкрабало.

Поддржани се и два долгометражни документарци, „Последниот сведок“ на Мерита Сали Чочоли и „Еден друг град“ на Роберт Јанкуловски, а во оваа категорија поддржани се уште два филма со македонски малцински удел, на продукциите „КТ филм и медиа“ („Родителство“ и „Пик продукција Прилеп“ („Од 0 до 8“).

Кај краткометражните филмови поддршка добија вкупно 6 играни од кои 4 се на дебитанти, како и вкупно 4 куси документарци од кои 3 на дебитанти. Поддржани се и вкупно два куси анимирани филмови од кои еден е дебитантски, како и еден со македонски малцински удел.

На конкурсот во првиот рок за 2023 на Агенцијата за филм беше поддржан само еден македонски долгометражен проект, „Мајка – Можната приказна за мајка Тереза“ на Теона Митевска со 600.000 евра, а поддршка добија и 8 копродукции со македонско малцинско учество.

The post Агенцијата за филм на Кастриот Авдили, Стојан Вујичиќ и Кристијан Ристески им додели по 28, 26 и 25 милиони денари за новите долгометражни филмови appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за филм на режисерите Кастриот Авдили, Стојан Вујичиќ и Кристијан Ристески им додели по 28, 26 и 25 милиони денари за новите долгометражни филмови. Агенцијата за филм го објави Конкурсот во втор рок за 2023 година, соопштувајќи дека фокусот бил на детскиот филм.
Овој Конкурс понуди исклучителни проекти. Доминираше македонскиот мнозински филм, со фокус на детскиот филм. Ова ќе придонесе најмладата публика да гледа македонски филмови од рана возраст и да ја почитува националната кинематографија, изјавија од Агенцијата за филм.
Авдили доби 28 милиони денари за „Роден да живее“ во продукција на „Дарданиа филм“, Вујичиќ доби 26 милиони денари за „Снешко“ во продукција на „Дрим фектори“, неговиот втор филм по детскиот „Стела“ (2020). Ристески доби 25 милиони денари за „Не се согласувам“ во продукција на „Фокус покус“, по дебито со „Снежана на крајот умира“ (2021). Со вкупно 8 милиони денари Агенцијата за филм поддржи три долгометражни играни филмови со македонски малцински удел во кои учествуваат продукциите „Круг филм“, „ДМФ“ и „Минимал колектив“. Станува збор за филмовите „„Бумбаров лет“ на Даниел Кушан, „Јерем“ на  Исмет Сиријана и „Пет дена на море“ на Ивана Шкрабало. Поддржани се и два долгометражни документарци, „Последниот сведок“ на Мерита Сали Чочоли и „Еден друг град“ на Роберт Јанкуловски, а во оваа категорија поддржани се уште два филма со македонски малцински удел, на продукциите „КТ филм и медиа“ („Родителство“ и „Пик продукција Прилеп“ („Од 0 до 8“). Кај краткометражните филмови поддршка добија вкупно 6 играни од кои 4 се на дебитанти, како и вкупно 4 куси документарци од кои 3 на дебитанти. Поддржани се и вкупно два куси анимирани филмови од кои еден е дебитантски, како и еден со македонски малцински удел. На конкурсот во првиот рок за 2023 на Агенцијата за филм беше поддржан само еден македонски долгометражен проект, „Мајка – Можната приказна за мајка Тереза“ на Теона Митевска со 600.000 евра, а поддршка добија и 8 копродукции со македонско малцинско учество.

The post Агенцијата за филм на Кастриот Авдили, Стојан Вујичиќ и Кристијан Ристески им додели по 28, 26 и 25 милиони денари за новите долгометражни филмови appeared first on Република.

]]>
Костадиновска Стојчевска: Отворен е оглас за директор на Агенцијата за филм, сите заинтересирани да се пријават https://republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-otvoren-e-oglas-za-direktor-na-agentsijata-za-film-site-zainteresirani-da-se-prijavat/ Wed, 31 Jan 2024 11:32:59 +0000 https://republika.mk/?p=738973

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска денеска одговорајќи на новинарско прашање посочи оти не е запознаена со наводните шпекулации за повторно назначување на Бојан Лазаревски за в.д. директор на Агенцијата за филм откако ќе му заврши мандатот. Како што рече, има активен оглас за директор на Агенцијата, и ги охрабри сите заинтересирани да се пријават.

Јас не знам каков е тој обид за негово повторно назначување. Знам дека има активен оглас за в.д. директор на Агенција за филм и ги охрабрувам сите заинтересирани да се пријават. Тоа е директорско место кое што се бира на ниво на Влада. Сите што се заинтересирани за тоа место можат слободно да се пријават. Комисијата ќе си одлучи по документите, односно кој е најдобриот кандидат и ќе се избере директор, изјави денеска Костадиновска Стојчевска во одговор на новинарско прашање, по потпишување на Меморандумот со Универзитетското собрание при УКИМ во Скопје.

Инаку, мандатот на сегашниот в.д директор истекува деновиве и има активен оглас распишан од страна на Владата.

Костадиновска Стојчевска потсети и дека Министерството за култура имаше негативен извештај во однос на целокупното работење на Агенцијата за филм.

Извештајот не е за работење на директорот Бојан Лазаревски, туку на целокупното работење на Агенција за филм затоа што имаше одредени извештаи кои што не биле поднесувани. Ние како Министерство за култура, кое е надлежно да врши надзор на нивната работа се произнесе и тоа си влезе во владина процедура, додаде Костадиновска Стојчевска.

The post Костадиновска Стојчевска: Отворен е оглас за директор на Агенцијата за филм, сите заинтересирани да се пријават appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска денеска одговорајќи на новинарско прашање посочи оти не е запознаена со наводните шпекулации за повторно назначување на Бојан Лазаревски за в.д. директор на Агенцијата за филм откако ќе му заврши мандатот. Како што рече, има активен оглас за директор на Агенцијата, и ги охрабри сите заинтересирани да се пријават.
Јас не знам каков е тој обид за негово повторно назначување. Знам дека има активен оглас за в.д. директор на Агенција за филм и ги охрабрувам сите заинтересирани да се пријават. Тоа е директорско место кое што се бира на ниво на Влада. Сите што се заинтересирани за тоа место можат слободно да се пријават. Комисијата ќе си одлучи по документите, односно кој е најдобриот кандидат и ќе се избере директор, изјави денеска Костадиновска Стојчевска во одговор на новинарско прашање, по потпишување на Меморандумот со Универзитетското собрание при УКИМ во Скопје.
Инаку, мандатот на сегашниот в.д директор истекува деновиве и има активен оглас распишан од страна на Владата. Костадиновска Стојчевска потсети и дека Министерството за култура имаше негативен извештај во однос на целокупното работење на Агенцијата за филм.
Извештајот не е за работење на директорот Бојан Лазаревски, туку на целокупното работење на Агенција за филм затоа што имаше одредени извештаи кои што не биле поднесувани. Ние како Министерство за култура, кое е надлежно да врши надзор на нивната работа се произнесе и тоа си влезе во владина процедура, додаде Костадиновска Стојчевска.

The post Костадиновска Стојчевска: Отворен е оглас за директор на Агенцијата за филм, сите заинтересирани да се пријават appeared first on Република.

]]>
Агенцијата за филм објави Конкурс за финансирање на проекти за произвотство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм https://republika.mk/scena/film/agentsijata-za-film-objavi-konkurs-za-finansirane-na-proekti-za-proizvotstvo-na-dolgometrazhen-i-kratkometrazhen-igran-dokumentaren-i-animiran-film/ Sun, 28 Jan 2024 11:13:21 +0000 https://republika.mk/?p=737711

Агенцијата за филм објави Конкурс за финансирање на проекти за произвотство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2024 година.

Крајниот рок за достава на пријави по конкурс за прв рок на одлучување е 01.03.2024.

The post Агенцијата за филм објави Конкурс за финансирање на проекти за произвотство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм appeared first on Република.

Ковачевски: Откако ќе бидат обезбедени сите информации ќе бидат доставени до ЈО, потоа одлука ќе донесе и Владата за состојбите во Агенцијата за филм https://republika.mk/vesti/kultura/kovachevski-otkako-ke-bidat-obezbedeni-site-informatsii-ke-bidat-dostaveni-do-jo-potoa-odluka-ke-donese-i-vladata-za-sostojbite-vo-agentsijata-za-film/ Fri, 01 Dec 2023 15:33:55 +0000 https://republika.mk/?p=718413

Премиерот Димитар Ковачевски, на седница во Собранието посветена на пратенички прашања, соопшти дека откако ќе бидат обезбедени сите информации за состојбите во Агенцијата за филм, тие ќе бидат доставени до Јавното обвинителство, а потоа одлука ќе донесе и Владата.

На пратеничко прашање на Велика Стојкова Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ дали ќе го разреши в.д. директорот на Агенцијата за филм Бојан Лазаревски затоа што, како што образложи има негативни извештаи за неговото работење и заклучоци од ДКСК, Ковачевски ги повика надлежните да ги испитаат сите наводи.

Заклучоците на ДКСК секогаш ги земам како исклучително важен податок и веднаш ги поттикнувам сите институции да ги испитаат сите наводи согласно своите надлежности. Заклучокот на ДКСК е доставен до Владата, односно Министерството за култура. Одлука за разрешување на директор не донесува лично премиерот, туку Владата како колективен орган, но одлуката ќе биде донесена откако ќе бидат собрани сите информации и од други институции за да се види инволвираност на повеќе страни и лица, а по прибирањето на сите информации на Владата ќе и биде потребен одреден период и време, изјави Ковачевски.

Тој додаде дека се што кажала е земено со големо внимание, но не може да се остави сите актери наведени во информацијата на ДКСК и други кои имале бенефит, а злоупотребиле, да не бидат опфатени.

Има информации дека постои обид за заштита на одредени лица кои што оствариле некаков интерес, и откако ќе бидат обезбедени сите информации, ќе бидат доставени до Јавното обвинителство од страна на соодветените инситуции на Владата, но тогаш ќе бидат донесени и соодветни одлуки, одговори премиерот Ковачевски.

Заменик-министерот за култура Даим Лучи истакна дека ќе даде писмен одговор за поставените прашања од пратеничката Велика Стојкова Серафимовска која праша зошто се уште нема извештај до Собранието за спроведување на Националната стратегија за култура и зошто не се знае во јавноста кое лице од странство работело на изработка на Стретегија за развој на културата во периодот 2023-2027 година.

The post Ковачевски: Откако ќе бидат обезбедени сите информации ќе бидат доставени до ЈО, потоа одлука ќе донесе и Владата за состојбите во Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски, на седница во Собранието посветена на пратенички прашања, соопшти дека откако ќе бидат обезбедени сите информации за состојбите во Агенцијата за филм, тие ќе бидат доставени до Јавното обвинителство, а потоа одлука ќе донесе и Владата. На пратеничко прашање на Велика Стојкова Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ дали ќе го разреши в.д. директорот на Агенцијата за филм Бојан Лазаревски затоа што, како што образложи има негативни извештаи за неговото работење и заклучоци од ДКСК, Ковачевски ги повика надлежните да ги испитаат сите наводи.
Заклучоците на ДКСК секогаш ги земам како исклучително важен податок и веднаш ги поттикнувам сите институции да ги испитаат сите наводи согласно своите надлежности. Заклучокот на ДКСК е доставен до Владата, односно Министерството за култура. Одлука за разрешување на директор не донесува лично премиерот, туку Владата како колективен орган, но одлуката ќе биде донесена откако ќе бидат собрани сите информации и од други институции за да се види инволвираност на повеќе страни и лица, а по прибирањето на сите информации на Владата ќе и биде потребен одреден период и време, изјави Ковачевски.
Тој додаде дека се што кажала е земено со големо внимание, но не може да се остави сите актери наведени во информацијата на ДКСК и други кои имале бенефит, а злоупотребиле, да не бидат опфатени.
Има информации дека постои обид за заштита на одредени лица кои што оствариле некаков интерес, и откако ќе бидат обезбедени сите информации, ќе бидат доставени до Јавното обвинителство од страна на соодветените инситуции на Владата, но тогаш ќе бидат донесени и соодветни одлуки, одговори премиерот Ковачевски.
Заменик-министерот за култура Даим Лучи истакна дека ќе даде писмен одговор за поставените прашања од пратеничката Велика Стојкова Серафимовска која праша зошто се уште нема извештај до Собранието за спроведување на Националната стратегија за култура и зошто не се знае во јавноста кое лице од странство работело на изработка на Стретегија за развој на културата во периодот 2023-2027 година.

The post Ковачевски: Откако ќе бидат обезбедени сите информации ќе бидат доставени до ЈО, потоа одлука ќе донесе и Владата за состојбите во Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>
Буџетот на Агенцијата за филм не е скратен, тврди министерката за култура https://republika.mk/vesti/kultura/budhetot-na-agentsijata-za-film-ne-e-skraten-tvrdi-ministerkata-za-kultura/ Thu, 21 Sep 2023 12:28:44 +0000 https://republika.mk/?p=683791

Буџетот на Агенцијата за филм не е скратен, ниту во овој предлог на прераспределба на средства што во овој момент се наоѓа во Собрание, ниту по кој било друг основ, истакна денеска министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

На прес-конференцијата во Владата во одговор на новинарско прашање за наводниот предлог за кратење на буџетот за филмска дејност во тековната година, посочи дека на денешната средба со филмаџиите им објаснила оти имаат многу погрешни информации.

Она што се случува кога ќе навлеземе во процес на прераспределба, односно по основ на реализација на одредени ставки во буџетот, се замрзнуваат одредени средства што не се реализирани. Тоа не значи дека тие парите ги немаат. Сите пари им се на сметка. Тие имаат премала реализација на сопствената сметка затоа што до сега Агенцијата за филм нема испратено ниту еден план за исплата до Министерството за култура. Првиот план во последните два месеци е испратен на 14 септември, ден кога јас бев на службен пат и кога не дозволив да се потпише никаков документ во мое отсуство, рече Костадиновска Стојчевска.

Во однос на буџетската сметка на филмаџиите, како што рече, им остануваат уште 10 до 13 милиони денари за искористување.

Ова значи дека буџетската сметка што Министерството за култура и Министерството за финансии има право да ја гледа и менаџира им е достапна во целост и 90 отсто е искористена. Посебната сметка е сметка што само директорот на Агенцијата за филм има право да ја користи, да исплаќа планови според неа и да прави план за реализација. Токму затоа што на таа посебна сметка на која што нема доволна реализација, одредени средства во овој момент не можат да ги видат бидејќи додека трае расправата за прераспределбата во Собрание, тие стојат како сметка на страна. Реализацијата на таа сметка им е помала од 30 отсто, рече министерката.

The post Буџетот на Агенцијата за филм не е скратен, тврди министерката за култура appeared first on Република.

]]>

Буџетот на Агенцијата за филм не е скратен, ниту во овој предлог на прераспределба на средства што во овој момент се наоѓа во Собрание, ниту по кој било друг основ, истакна денеска министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. На прес-конференцијата во Владата во одговор на новинарско прашање за наводниот предлог за кратење на буџетот за филмска дејност во тековната година, посочи дека на денешната средба со филмаџиите им објаснила оти имаат многу погрешни информации.
Она што се случува кога ќе навлеземе во процес на прераспределба, односно по основ на реализација на одредени ставки во буџетот, се замрзнуваат одредени средства што не се реализирани. Тоа не значи дека тие парите ги немаат. Сите пари им се на сметка. Тие имаат премала реализација на сопствената сметка затоа што до сега Агенцијата за филм нема испратено ниту еден план за исплата до Министерството за култура. Првиот план во последните два месеци е испратен на 14 септември, ден кога јас бев на службен пат и кога не дозволив да се потпише никаков документ во мое отсуство, рече Костадиновска Стојчевска.
Во однос на буџетската сметка на филмаџиите, како што рече, им остануваат уште 10 до 13 милиони денари за искористување.
Ова значи дека буџетската сметка што Министерството за култура и Министерството за финансии има право да ја гледа и менаџира им е достапна во целост и 90 отсто е искористена. Посебната сметка е сметка што само директорот на Агенцијата за филм има право да ја користи, да исплаќа планови според неа и да прави план за реализација. Токму затоа што на таа посебна сметка на која што нема доволна реализација, одредени средства во овој момент не можат да ги видат бидејќи додека трае расправата за прераспределбата во Собрание, тие стојат како сметка на страна. Реализацијата на таа сметка им е помала од 30 отсто, рече министерката.

The post Буџетот на Агенцијата за филм не е скратен, тврди министерката за култура appeared first on Република.

]]>
Министерството за културa: Сите обврски на Агенцијата за филм ќе бидат сервисирани https://republika.mk/vesti/kultura/ministerstvoto-za-kultura-site-obvrski-na-agentsijata-za-film-ke-bidat-servisirani/ Tue, 19 Sep 2023 15:44:21 +0000 https://republika.mk/?p=683231

Министерството за култура повторува дека кратење на буџетот за филм нема да има.

https://republika.mk/vesti/kultura/70-makedonski-filmski-rezhiseri-i-produtsenti-baraat-povlekuvane-na-predlogot-za-kratene-na-sredstvata-za-filmska-dejnost/

Со оглед на новото соопштение на Агенцијата за филм, информираме дека, сите обврски кои Агенцијата ги има преземено кон своите корисници, ќе бидат навремено сервисирани, согласно динамиката и месечните планови, велат од Министерството за култура.

The post Министерството за културa: Сите обврски на Агенцијата за филм ќе бидат сервисирани appeared first on Република.

]]>

Министерството за култура повторува дека кратење на буџетот за филм нема да има. https://republika.mk/vesti/kultura/70-makedonski-filmski-rezhiseri-i-produtsenti-baraat-povlekuvane-na-predlogot-za-kratene-na-sredstvata-za-filmska-dejnost/
Со оглед на новото соопштение на Агенцијата за филм, информираме дека, сите обврски кои Агенцијата ги има преземено кон своите корисници, ќе бидат навремено сервисирани, согласно динамиката и месечните планови, велат од Министерството за култура.

The post Министерството за културa: Сите обврски на Агенцијата за филм ќе бидат сервисирани appeared first on Република.

]]>
Агенцијата за филм: Средствата за филмските проекти се потребни веднаш, не може да се чека прераспределба до крајот на годината https://republika.mk/vesti/kultura/agentsijata-za-film-sredstvata-za-filmskite-proekti-se-potrebni-vednash-ne-mozhe-da-se-cheka-preraspredelba-do-krajot-na-godinata/ Tue, 19 Sep 2023 13:47:22 +0000 https://republika.mk/?p=683263

Реализацијата на филмските проекти мора да продолжи во согласност со предвидените динамики, велат од Агенцијата за филм.

Од тука нагласија дека во моментот најавени се два филма за снимање локации во Македонија. Интернационалните екипи на земјите учесници, кои се дел од овие проекти, се веќе пристигнати во нашата држава. Финансиските средства, кои се планирани за овие и за другите филмски проекти, се потребни веднаш и не може да чекаат прераспределба на средствата помеѓу буџетските корисници и преземање активности од страна на Министерството за култура до крајот на годината за исплата на договорените проекти.

Агенцијата предупреди на опасноста дека ако овие планирани средства не се стават во функција на проектите како што е планирано и не се исплатат веднаш, се нанесува директна штета на самите проекти бидејќи ќе се случи зголемување на буџетите изразено во илјадници евра и ќе се наштети на реномето на македонската кинематографија.

За ова да се спречи, Агенцијата за филм предлага заедно со Министерството за култура да се разгледаат и ревидираат одлуките на Министерството за прераспределба на средствата од причина што во спротивно штетата би била од огромни размери за македонската кинематографија, која моментно е наш најголем културен амбасадор.

„Агенцијата за филм на Македонија со ова соопштение и со сите дејства што ги презема и предлага заедно со Министерството за култура да се изнајде трајно решение за да се спречи трендот на кратење на буџетот за филмска дејност поради кој тренд во последните четири години буџетот за филмската дејност по основ на ребаланси е намален за 116.000.000,00 (сто и шеснаесет милиони) денари и со тоа да изнајдеме системско решение за стандардизиран буџет за македонската кинематографија“, велат од Агенцијата.

Претходно вчера, 53 режисери и продуценти во отворено писмо до Министерството за култура тврдеа дека се крати предвидениот годишен буџет за филмска дејност, без претходно најава и без консултации од Агенцијата за филм. Како што пишува во писмото, според неофицијални информации, на предлог од страна на Министерството за култура до Владата на Македонија доставен е предлог за кратење на предвидениот годишен буџет за филмска дејност, без претходна најава и без консултација со Агенцијата за филм.

„Доколку овие информации се точни и бидат изгласани во Собранието, ќе дојде до целосно блокирање на филмската дејност бидејќи наведените средства се планирани за проекти од национален интерес, кои се во тек на реализација. На овој начин се нанесува штета на и онака кревката филмска индустрија во Македонија и се доведува во прашање егзистенцијата на филмските автори, продуценти, филмски работници, актери и сите други учесници во процесите на реализација на филмските проекти“, се вели во писмото.

Министерството за култура вчера објави дека не пристапило кон никакво кратење на буџетот во културата, а уште помалку на буџетот на Агенцијата за филм. Министерството потврди дека во моментот во собраниска процедура е донесување одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници и фондовите. Се наведува дека до крајот на буџетската година Министерството ќе ги преземе сите активности за исплата на обврските во согласност со склучените договори, меѓу кои и кон Агенцијата за филм.

The post Агенцијата за филм: Средствата за филмските проекти се потребни веднаш, не може да се чека прераспределба до крајот на годината appeared first on Република.

]]>

Реализацијата на филмските проекти мора да продолжи во согласност со предвидените динамики, велат од Агенцијата за филм. Од тука нагласија дека во моментот најавени се два филма за снимање локации во Македонија. Интернационалните екипи на земјите учесници, кои се дел од овие проекти, се веќе пристигнати во нашата држава. Финансиските средства, кои се планирани за овие и за другите филмски проекти, се потребни веднаш и не може да чекаат прераспределба на средствата помеѓу буџетските корисници и преземање активности од страна на Министерството за култура до крајот на годината за исплата на договорените проекти. Агенцијата предупреди на опасноста дека ако овие планирани средства не се стават во функција на проектите како што е планирано и не се исплатат веднаш, се нанесува директна штета на самите проекти бидејќи ќе се случи зголемување на буџетите изразено во илјадници евра и ќе се наштети на реномето на македонската кинематографија. За ова да се спречи, Агенцијата за филм предлага заедно со Министерството за култура да се разгледаат и ревидираат одлуките на Министерството за прераспределба на средствата од причина што во спротивно штетата би била од огромни размери за македонската кинематографија, која моментно е наш најголем културен амбасадор. „Агенцијата за филм на Македонија со ова соопштение и со сите дејства што ги презема и предлага заедно со Министерството за култура да се изнајде трајно решение за да се спречи трендот на кратење на буџетот за филмска дејност поради кој тренд во последните четири години буџетот за филмската дејност по основ на ребаланси е намален за 116.000.000,00 (сто и шеснаесет милиони) денари и со тоа да изнајдеме системско решение за стандардизиран буџет за македонската кинематографија“, велат од Агенцијата. Претходно вчера, 53 режисери и продуценти во отворено писмо до Министерството за култура тврдеа дека се крати предвидениот годишен буџет за филмска дејност, без претходно најава и без консултации од Агенцијата за филм. Како што пишува во писмото, според неофицијални информации, на предлог од страна на Министерството за култура до Владата на Македонија доставен е предлог за кратење на предвидениот годишен буџет за филмска дејност, без претходна најава и без консултација со Агенцијата за филм. „Доколку овие информации се точни и бидат изгласани во Собранието, ќе дојде до целосно блокирање на филмската дејност бидејќи наведените средства се планирани за проекти од национален интерес, кои се во тек на реализација. На овој начин се нанесува штета на и онака кревката филмска индустрија во Македонија и се доведува во прашање егзистенцијата на филмските автори, продуценти, филмски работници, актери и сите други учесници во процесите на реализација на филмските проекти“, се вели во писмото. Министерството за култура вчера објави дека не пристапило кон никакво кратење на буџетот во културата, а уште помалку на буџетот на Агенцијата за филм. Министерството потврди дека во моментот во собраниска процедура е донесување одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници и фондовите. Се наведува дека до крајот на буџетската година Министерството ќе ги преземе сите активности за исплата на обврските во согласност со склучените договори, меѓу кои и кон Агенцијата за филм.  

The post Агенцијата за филм: Средствата за филмските проекти се потребни веднаш, не може да се чека прераспределба до крајот на годината appeared first on Република.

]]>
Директорот на Агенцијата за филм на средба со филмските работници: Филмска продукција ќе има, продолжува поддршката на македонскиот филм https://republika.mk/vesti/kultura/direktorot-na-agentsijata-za-film-na-sredba-so-filmskite-rabotnitsi-filmska-produktsija-ke-ima-prodolzhuva-poddrshkata-na-makedonskiot-film/ Mon, 04 Sep 2023 17:02:43 +0000 https://republika.mk/?p=678707

Директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски, отворено зборуваше со филмските работници на неформална средба за две клучни прашања за филмските работници. Првото прашање околу продукцијата на македонски филмови годинава е апсолвирано бидејќи Агенцијата за филм е подготвена да ги финансира филмовите кои се најавени од продуцентските куќи како подготвени да тргнат со снимање, информираат од Агенцијата за филм.

Од почетокот на годината, Агенцијата за филм има исплатено 140 милиони денари на продукции на македонски филмови кои се во фаза на постпродукција. Причината зошто во првата половина на годината не се снимало филмови е лоцирана во индивидуални и различни причини внатре во продукциите.
Второто прашање е исходот од првиот рок на Конкурсот за филм. Фокусот беше ставен на транспарентно образложување на распределбата на расположливиот буџет на првиот конкурс, каде преку објективна валоризација, одлучено е да се поддржат најквалитетните филмови. Агенцијата за филм планира да воведе уште поголема транспарентност кога станува збор за конкурсите и начинот на вреднување на проектите. Исходот од минатиот конкурс е поддршка на 15 македонски филмови со мнозинско учество и 9 филмови со малцинско учество на македонски копродукции.
Одлуката зошто токму ваква распределба да се донесе на овој конкурс е поради оптимизирање на средствата и изнаоѓање на најдоброто решение за македонската кинематографија во период кога веќе 17 филмови се одобрени и треба да почнат со снимање (одобрени од претходните конкурси), кога буџетот претрпе намалување и конечно фактот што мора да се одржи баланс во учеството на Агенцијата за филм кај малцинските проекти кога македонскиот филм е многу повеќе помогнат од страна на регионалните и европски продукции.

The post Директорот на Агенцијата за филм на средба со филмските работници: Филмска продукција ќе има, продолжува поддршката на македонскиот филм appeared first on Република.

]]>

Директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски, отворено зборуваше со филмските работници на неформална средба за две клучни прашања за филмските работници. Првото прашање околу продукцијата на македонски филмови годинава е апсолвирано бидејќи Агенцијата за филм е подготвена да ги финансира филмовите кои се најавени од продуцентските куќи како подготвени да тргнат со снимање, информираат од Агенцијата за филм.
Од почетокот на годината, Агенцијата за филм има исплатено 140 милиони денари на продукции на македонски филмови кои се во фаза на постпродукција. Причината зошто во првата половина на годината не се снимало филмови е лоцирана во индивидуални и различни причини внатре во продукциите. Второто прашање е исходот од првиот рок на Конкурсот за филм. Фокусот беше ставен на транспарентно образложување на распределбата на расположливиот буџет на првиот конкурс, каде преку објективна валоризација, одлучено е да се поддржат најквалитетните филмови. Агенцијата за филм планира да воведе уште поголема транспарентност кога станува збор за конкурсите и начинот на вреднување на проектите. Исходот од минатиот конкурс е поддршка на 15 македонски филмови со мнозинско учество и 9 филмови со малцинско учество на македонски копродукции. Одлуката зошто токму ваква распределба да се донесе на овој конкурс е поради оптимизирање на средствата и изнаоѓање на најдоброто решение за македонската кинематографија во период кога веќе 17 филмови се одобрени и треба да почнат со снимање (одобрени од претходните конкурси), кога буџетот претрпе намалување и конечно фактот што мора да се одржи баланс во учеството на Агенцијата за филм кај малцинските проекти кога македонскиот филм е многу повеќе помогнат од страна на регионалните и европски продукции.

The post Директорот на Агенцијата за филм на средба со филмските работници: Филмска продукција ќе има, продолжува поддршката на македонскиот филм appeared first on Република.

]]>
„Мајка – Можната приказна за мајка Тереза“ на Теона С. Митевска поддржан со 600 илјади евра од Агенцијата за филм https://republika.mk/vesti/kultura/majka-mozhnata-prikazna-za-majka-tereza-na-teona-s-mitevska-poddrzhan-so-600-iljadi-evra-od-agentsijata-za-film/ Fri, 25 Aug 2023 11:31:21 +0000 https://republika.mk/?p=675731

Агенцијата за филм ги објави резултатите од овогодинешниот конкурс за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2023 во прв рок на одлучување.

Единствен финансиран во категоријата долгометражен филм со мнозинско учество е филмот со наслов „Можна приказна за мајка Тереза”, во режија на Теона Стругар Митевска, која е и сценарист заедно со Гоце Смилевски и Елма Татарагиќ, во продукција на Сестри и брат Митевски.

Горд сум на квалитетната понуда на македонските филмаџии, на сè поцврстите ко-продуцентски соработки, но особено сум горд на жените автори во македонскиот филм, што е повторно потврда и на овој конкурс. Верувам дека режисерката која минатата година нè претставуваше на Венецискиот филмски фестивал и на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, ќе даде една своја перспектива на животот на Мајка Тереза, изјави Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм.

Агенцијата поддржа и два долгометражни документарни филмови со македонски мнозински удел. По два милиони денари ќе добијат „Неколку споменици повеќе, неколку луѓе помалку“ на Анета Лешниковска и „Вера и јас“ на Марија Џиџева.

Поддржани се и четири краткометражни играни филмови каде државава ќе има мнозински удел: „Може да се случи секому“ на Лидија Мојсовска, „Балканска Рута“ на Златко Калеников, „Преку рамката“ на Ибрахум Деари и „Задоцнети шрапнели“ на Јане Алтипармаков, како и два краткометражни документарци: „Невидливото“ на Елеонора Венинова и „Последна станица“ на Ана Опачиќ.

На конкурсот се поддржани и долгометражни играни филмови, каде Македонија ќе има малцински удел: „Додекамерон“ на режисерот Минос Папас, „Хатиџе и Шабан“ на Висар Морина, „На се` ќе дојде крај“ на Рајко Грлиќ, Капка – Вода на Роберт Будина, „Отецот наш“ на Горан Станковиќ, „Изгубениот син“ на Дарко Штанте, „Бело се пере на 90 степени“ на Марко Набершник и „Напуштањето на Еден“ од Генц Пермети. Овие проекти се поддржани со суми од по 2,4 до 3 милиони денари.

The post „Мајка – Можната приказна за мајка Тереза“ на Теона С. Митевска поддржан со 600 илјади евра од Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за филм ги објави резултатите од овогодинешниот конкурс за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2023 во прв рок на одлучување. Единствен финансиран во категоријата долгометражен филм со мнозинско учество е филмот со наслов „Можна приказна за мајка Тереза”, во режија на Теона Стругар Митевска, која е и сценарист заедно со Гоце Смилевски и Елма Татарагиќ, во продукција на Сестри и брат Митевски.
Горд сум на квалитетната понуда на македонските филмаџии, на сè поцврстите ко-продуцентски соработки, но особено сум горд на жените автори во македонскиот филм, што е повторно потврда и на овој конкурс. Верувам дека режисерката која минатата година нè претставуваше на Венецискиот филмски фестивал и на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, ќе даде една своја перспектива на животот на Мајка Тереза, изјави Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм.
Агенцијата поддржа и два долгометражни документарни филмови со македонски мнозински удел. По два милиони денари ќе добијат „Неколку споменици повеќе, неколку луѓе помалку“ на Анета Лешниковска и „Вера и јас“ на Марија Џиџева. Поддржани се и четири краткометражни играни филмови каде државава ќе има мнозински удел: „Може да се случи секому“ на Лидија Мојсовска, „Балканска Рута“ на Златко Калеников, „Преку рамката“ на Ибрахум Деари и „Задоцнети шрапнели“ на Јане Алтипармаков, како и два краткометражни документарци: „Невидливото“ на Елеонора Венинова и „Последна станица“ на Ана Опачиќ. На конкурсот се поддржани и долгометражни играни филмови, каде Македонија ќе има малцински удел: „Додекамерон“ на режисерот Минос Папас, „Хатиџе и Шабан“ на Висар Морина, „На се` ќе дојде крај“ на Рајко Грлиќ, Капка – Вода на Роберт Будина, „Отецот наш“ на Горан Станковиќ, „Изгубениот син“ на Дарко Штанте, „Бело се пере на 90 степени“ на Марко Набершник и „Напуштањето на Еден“ од Генц Пермети. Овие проекти се поддржани со суми од по 2,4 до 3 милиони денари.  

The post „Мајка – Можната приказна за мајка Тереза“ на Теона С. Митевска поддржан со 600 илјади евра од Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>