Агата Кристи Archives - Република https://republika.mk/tema/agata-kristi/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Nov 2023 11:20:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Агата Кристи Archives - Република https://republika.mk/tema/agata-kristi/ 32 32 „Арс Ламина“ објави роман за исчезнувањето на Агата Кристи https://republika.mk/vesti/kultura/ars-lamina-objavi-roman-za-ischeznuvaneto-na-agata-kristi/ Tue, 28 Nov 2023 11:20:12 +0000 https://republika.mk/?p=717121

Во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, деновиве излезе од печат романот „Аферата Кристи“ од Нина де Грамонт. Ова издание е веќе преведено на многу јазици, меѓу кои: италијански, романски, португалски, хрватски, српски, холандски, литвански, француски, полски, шпански, германски, а сега ја добива и својата македонска верзија.

Појдовна точка за создавање на ова дело се познатите 11 дена исчезнување на големата писателка. Дамата-романописец, како што ја нарекувале некои весници, станала предмет на една од најголемите потраги по исчезнати личности во британската историја во која се вклучила полицијата, голем број кучиња-трагачи, цела армија доброволци, но и колегите-писатели на крими-романи како Дороти Л. Сејерс, Артур Конан Дојл, а секако и нејзиниот сопруг Арчибалд Кристи. Иако никогаш јавно не проговорила за овој настан, постојат мислења дека таа исчезнала како казна за сопругот кој ја изневерил.

Во оваа фикционализирана приказна за тој настан, како наратор се појавува љубовницата на Арчи, Нан О’Ди, која многу вешто го вовлекува читателот во сите настани што претходеле на исчезнувањето, но и за тоа што се случувало во текот на тие денови. Книгата е така структурирана што поглавјата постојано се менуваат помеѓу деновите и часовите околу исчезнувањето на Кристи, но и со реминисценции на поранешниот живот на Нан во Лондон и во Ирска.

Романот на Де Грамонт е плод на нејзината фантазија преточена во интригантно четиво. Се работи за богато замислен, инвентивен и повремено мошне емотивен роман што нема да ги остави читателите рамнодушни. Ова е роман што опфаќа повеќе жанрови – психолошка драма, историска фикција и мистерија.

„Аферата Кристи“ од Нина де Грамонт е интернационален бестселер на „Њујорк тајмс“ и избор за најдобро издание на месецот на книжевниот клуб на Рис Витерспун за февруари 2022 година.

The post „Арс Ламина“ објави роман за исчезнувањето на Агата Кристи appeared first on Република.

]]>

Во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, деновиве излезе од печат романот „Аферата Кристи“ од Нина де Грамонт. Ова издание е веќе преведено на многу јазици, меѓу кои: италијански, романски, португалски, хрватски, српски, холандски, литвански, француски, полски, шпански, германски, а сега ја добива и својата македонска верзија. Појдовна точка за создавање на ова дело се познатите 11 дена исчезнување на големата писателка. Дамата-романописец, како што ја нарекувале некои весници, станала предмет на една од најголемите потраги по исчезнати личности во британската историја во која се вклучила полицијата, голем број кучиња-трагачи, цела армија доброволци, но и колегите-писатели на крими-романи како Дороти Л. Сејерс, Артур Конан Дојл, а секако и нејзиниот сопруг Арчибалд Кристи. Иако никогаш јавно не проговорила за овој настан, постојат мислења дека таа исчезнала како казна за сопругот кој ја изневерил. Во оваа фикционализирана приказна за тој настан, како наратор се појавува љубовницата на Арчи, Нан О’Ди, која многу вешто го вовлекува читателот во сите настани што претходеле на исчезнувањето, но и за тоа што се случувало во текот на тие денови. Книгата е така структурирана што поглавјата постојано се менуваат помеѓу деновите и часовите околу исчезнувањето на Кристи, но и со реминисценции на поранешниот живот на Нан во Лондон и во Ирска. Романот на Де Грамонт е плод на нејзината фантазија преточена во интригантно четиво. Се работи за богато замислен, инвентивен и повремено мошне емотивен роман што нема да ги остави читателите рамнодушни. Ова е роман што опфаќа повеќе жанрови – психолошка драма, историска фикција и мистерија. „Аферата Кристи“ од Нина де Грамонт е интернационален бестселер на „Њујорк тајмс“ и избор за најдобро издание на месецот на книжевниот клуб на Рис Витерспун за февруари 2022 година.

The post „Арс Ламина“ објави роман за исчезнувањето на Агата Кристи appeared first on Република.

]]>
Софи Хана, авторка на новата серија романи-продолженија со Херкул Поаро: Необична ѕвезда – обична личност https://republika.mk/vesti/kultura/sofi-hana-avtorka-na-novata-serija-romani-prodolzhenija-so-herkul-poaro-neobichna-zvezda-obichna-lichnost/ Thu, 05 Oct 2023 10:20:20 +0000 https://republika.mk/?p=688124

Од Обединетото Кралство на Букстар пристигна Софи Хана која е првата и единствена авторка во минатите 40 години одбрана од семејството на Агата Кристи да пишува романи-продолженија со Херкул Поаро, кој исто така на интересен начин беше присутен во Скопје. Настанот со оваа британска авторка ја зацементира 2023 како најкнижевна година досега во Македонија. Таа дојде на BookStar во период исполнет со пишување и универзитетски предавања и период во кој ги одбива речиси сите меѓународни гостувања.

Станува збор за вистинска ѕвезда на светската книжевна сцена која се однесува сосема обично и приземјено. Како бестселер авторка на „Сандеј тајмс“ и на „Њујорк тајмс“ објавена е на педесет и еден јазик, а нејзините книги се продадени во милиони примероци ширум светот. Aвторка е на новата серија романи-продолженија со Херкул Поаро, нарачани од семејството на Агата Кристи, кои досега се вкупно пет. Во 2014 година, со дозвола на семејството и правните наследници на Агата Кристи, Софи Хана објави нов роман за Поаро, „Убиства со монограм“, кој беше бестселер во повеќе од петнаесет земји. Сите пет книги ги издаде „Антолог“ и синоќа читателите ја искористја можноста да добијат посвета од авторката.

Многу бев возбудена кога ги видов петте романи на македонски, изгледаат одлично, иако ми беше чудно кога ги видов на кирилица, само препознав Агата Кристи на корицата, си реков а каде е моето име? - се пошегува Софи на почетокот на разговорот, кој и понатаму течеше во ист ведар тон, а публиката ја испрати со громогласен аплауз и долга редица за потпис.

За тоа како ги добила правата врз приказните на Агата Кристи, вели дека било сосема случајно, благодарение на нејзиниот агент, кој се нашол во друштво на член на нејзиното семејство, па така паднало збор и за неа како голем обожавател на славната крими-писателка.

Јас сум голем фан на Агата Кристи. Имам прочитано сè од неа, некои книги и повеќепати. Ги читам од мојата дванаесет годишна година. Кога семејството виде со колкава страст зборувам за нејзиното творештво се согласи да го продолжам серијалот. Имаше само еден проблем, Поаро умира во последната книга на Кристи, така што ми дојде идеја дека моите книги можам да ги сместам во периодот од 1929 до 1932 година кога таа не пишувала, има една пауза во тој период. Но бидејќи не знаев ништо од историја, ми беше тешко да се вратам во тоа време, па ги препрочитав сите нејини книги од тој период со цел да ја доловам таа атмосфера. Исто така многу пребарував на интернет, на пример, какво бренди се пиело во тоа време, дали и кога била направаена првата трансплантација на бубрег, што ми беше потребно за еден од ликовите и сл. Се плашев дали ќе успеам да звучам како полицаец од 1929 година! Но откако некои луѓе го прочитаа тоа што го напишав и рекоа дека е одлично, се охрабрив – рече Софи Хана.

Таа вели дека секогаш кога почнувала да пишува книга од серијалот за Поаро го знаела крајот, инаку целата приказна би немала смисла.

Како инаку би функционирала приказната? Има автори што почнуваат да пишуваат и гледаат каде ќе ги однесе приказната, но во мојот случај тоа не може да функционира. Друго што ми е најважно е читателот да не може да претпостави кој е убиецот, инаку не би имало никаква мистерија. Сум читала такви крими-романи во кои од втората страница ми се откривал виновникот, зошто потоа да губиш време со таква книга – вели Хана.

Вели дека отсекогаш и биле омилени крими-романите, мистериите, но и книгите за самопомош, а има и напишано неколку такви.

Ги читав овие книги дури и за проблеми што воопшто ги немав – се шегува Софи, која откри дека ги сака и мјзуиклите и дека во моментов работи на еден.

Во тек е снимањето и на нејзиниот мјузикл со убиства „Мистеријата на господинот Е“, напишан заедно со нејзината пријателка и композиторка Анет Армитаж. Премиерата на филмот е закажана за декември 2023 година.

Фестивалот BookStar со својата исклучително богата и општествено ангажирана програма минатите три дена го стекна епитетот на „еден од најзначајните книжевни фестивали во регионот“. Оваа квалификација ја споделија, како авторите од десеттина европски земји, така и претставниците на неколку регионални издавачки куќи и фестивали кои со нескриено задоволство ги следеа бројните настани и не го криеја своето воодушевување од професионалноста и од квалитетот на фестивалските содржини.

Ова издание ќе биде запаметено по својот оригинален формат во кој беа вклучени гостувањата на најголемите писателски имиња од европската, регионалната и од македонската литература, конвенцијата на издавачи и претставници на фестивали од регионот, доделувањето на наградите „Драги“ на национално и интернационално ниво, поткастите, саемот на европската литература, средбите со студентите, преведувачкиот панел, слем натпреварот, но ќе бидат запаметени и ангажираниот слоган (Please do disturb / Ве молиме, вознемирувајте), „писателот говори“ на тема „Со или без Please“, соработка со „Пакомак“ за подигнување на свесноста околу селекцијата на отпадот, превод на дел од настаните на знаковен јазик што го направи BookStar прв книжевен фестивал со инклузивен карактер, како и по рекордниот интерес што го прикажаа медиумите. Фестивалот го отворија Дејвид Гир, амбасадорот на Европската Унија во Македонија, и Бисера Костадиновска Стојчевска, Министерката за култура.

Во Скопје дојдоа најзвучните имиња од светот на литературата, и тоа: Наџат ел Хачми (Шпанија), која ја доби наградата „BookStar“ 2023, Миљенко Јерговиќ (Хрватска / БиХ), Лидија Димковска (Македонија / Словенија), Бранко Росиќ (Србија), Драго Гламузина (Хрватска), Луцие Фаулерова (Чешка), Стефан Хертманс (Белгија), Ања Мугерли (Словенија), Франсис Кирпс (Луксембург) и Софи Хана (Обединетото Кралство). Потоа, тука беа професионалните учесници: Пламен и Стефан Тотев (издавачка куќа „Персеј“ од Софија, Бугарија), Ламија Милишиќ (секретар на босанскиот ПЕН Центар и извршен директор на Меѓународниот фестивал „Bookstan“, БиХ), Драго Гламузина (главен уредник во една од најголемите издавачки куќи во хрватска „ВБЗ“ и програмски директор на литературниот фестивал „Врисок“ од Риека), Александар Шурбатовиќ (долгогодишен главен и одговорен уредник на издавачката куќа „Дерета“ и сопственик на издавачката куќа „Блум“, Србија), Ена Хасечиќ (уредничка и ПР во најреномираната издавачка куќа од БиХ „Buybook“).

Во рамки на фестивалот беше склучен и меморандум за соработка на издавачката куќа „Антолог“ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ за заедничко организирање на Наградата „Драги“. Годинава во најтесен круг за наградата влегоа преведувачите: Љубица Арсовска, Никола Ѓелинчески, Иван Шопов, Анастасија Ѓурчинова и Златко Панзов. Наградата „Драги“ ја доби Златко Панзов за преводот од унгарски јазик на „Заробеништво“ од Ѓерѓ Шпиро во издание на издавачката куќа Артконект a специјалнo признание-плакета за продолжување на преведувачката традиција и креативниот дух на Драги Михајловски му беше доделена на Никола Ѓелинчески за неговиот превод од шпански јазик на „Претпесни на постшпански и други песни“ од Хорхенрике Адум во издание на Алеф публикации. Исто така, се додели и интернационалната награда „Драги“ за најзначаен превод на македонски автор на странски јазик на превeдувачката Александра Јоаниду за преводот на книгата „Мојот маж“ од Румена Бужаровска на грчки јазик. Јоаниду не само што дојде од Солун за овој настан, туку одржа говор на Филолошкиот факултет кој има историска димензија во развој на културните односи меѓу двете соседни земји!

Посебниот однос со преведувачите беше прикажан и со панелот во контекст на проектот „Создадено во Европа: моќта на различност“, за кој во Скопје специјално за Фестивалот пристигнаа и Ксенија Чочкова (преведувачка од германски која живее во Баден-Баден, Германија), Давор Стојановски (преведувач од словенечки кој живее во областа Кернтен/Корошка во Австрија) и Маријанџела Бјанкофиоре (преведувачка од македонски на италијански, која живее во Бари, Италија).

Ослободување од стравовите преку пишување

Во истата сала претходно се одржа настанот насловен „Во средиштето на животот“, разговорот со авторките Луцие Фаулерова (Чешка) и Ања Мугерли (Словенија) го модерираа Александар Маџаровски и Ана Голејшка Џикова.

Ања Мугерли (1984) е словенечка авторка, лекторка и уредничка. Дипломирала словенечки јазик и магистрирала на изведбени студии и креативно пишување.Нејзиниот стил е суптилен, со голем психолошки увид во ликовите. Дебитирала со збирката раскази „Зелената фотеља“ (2015) и била во потесниот избор за наградата за најдобра дебитантска книга. Во 2017 година го објавила романот „Сповин“, кој бил номиниран за наградата Кресник (2018). Во 2021 година збирката раскази „Пчелно семејство“ влегла во потесниот избор за наградата Ново место и ја добила Наградата за литература на Европската Унија а досега е преведена на многу јазици (хрватски, италијански, македонски, унгарски, бугарски итн.). Токму оваа книга, преведена на македонски во издание на „Антолог“ беше тема на разговорот. „Пчелно семејство“ е збирка од седум раскази. Секој расказ застапува одреден обред или обичај од словенечката традиција, кои во делото на Мугерли се вметнати во поинаков контекст или во современи рамки, така што добиваат нова улога и добиваат нова смисла.

Идејата се роди кога напишав една приказна за литературе конкурс, но таа не стигна баш далеку. Сепак, продолжив со истиот концепт и од тоа се роди оваа книга. Сакав да создадам мистична атосфера низ збирката, затоа што и народните ритуали и обичаи се обвиткани со една магија. Се сеќавам дека кога бев мала ме обвиваше страв од тие приказни и чудни суштества што се провлекуваат низ словенечката традиција. Книгата на некој начин е ослободување од тој страв. Денес со развојот на технологијата помалку забораваме на тие приказни од детството ама сепак остануваат некаде таму длаабоко во свеста – рече Мугерли.

Сите раскази, освен еден, се случуваат во сегашноста, но поради ритуалите и атмосферата се чинат безвременски. Според неа, расказите се движат некаде на границата помеѓу реалноста и несвесното и токму во тоа е нејзината специфика.

На сцената заедно со Ања беше и чешката писателка Луцие Фаулерова (1989), која во 2020 година, го објавила романот „Девојката Смрт“, која била номинирана за наградата Магнезија Литера за проза во 2021 година и ја освоила Наградата за литература на Европската Унија. Книгата „Девојката Смрт“ може да се чита како семеен роман, како роман-студија за самоубиствата, како психолошко-контемплативен роман, како роман за девојка која и покрај тешката реалност сака да живее.

Тоа што ликот во книгата е тажен не значи дека и приказната треба да биде раскажана на таков начин. Користам и хумор, кој нема функција само да насмее, туку и да ја прикаже апсурдноста на нештата. Во текот на пишувањето на романот правев истражувања на повеќе бизарни слуачи на самоубиства и на некој начин станав опседната со оваа тема. Иако во чешка има многу групи за поддршка на луѓе што изгубиле некој близок, сепак не најдов таква што им помага на луѓето што изгубиле некој свој што извршил самоубиство. Ме интерсираше како тагуваат тие луѓе, открив дека начинот е различен, во сето тоа секогаш има и помачку гнев и лутина. Јас не сум социолог, јас сум писател, но мислам дека е во ред да се отвори оваа тема и во книжевноста. Дека сум на добар пат ми покажаа и многу повици што ги добив откако ја објавив книгата, луѓе што на некој начин бараа помош и утеха. Тогаш сфатив колкава одговорност носам на себе – рече Луцие.

Иако навидум главната тема во романот е самоубиството, сепак, според неа, тоа е слободата на избор – дали да живее или не.

Прв слем натпревар на „BookStar“

Фестивалот беше официјално затворен со голем слем натпревар на дел од авторите-учесници на фестивалот на европска литература, но и други македонски учесници: Франсис Кирпс (Луксембург), Ана Голејшка-Џикова, Марија Грубор, Лиле Јованоска, Игор Трпчески, Горазд Кени Китановски, Аница Блажевска, Андреј Ал-Асади. Полното кино „Фросина“ до длабоко во ноќта ги очекуваше резултатите од овој необичен натпревар. На крајот, првото место го доби Ана Голејшка-Џикова, додека на Марија Грубор и Андреј Ал-Асади им припаднаа плакетите за второ и трето место.

 

The post Софи Хана, авторка на новата серија романи-продолженија со Херкул Поаро: Необична ѕвезда – обична личност appeared first on Република.

]]>

Од Обединетото Кралство на Букстар пристигна Софи Хана која е првата и единствена авторка во минатите 40 години одбрана од семејството на Агата Кристи да пишува романи-продолженија со Херкул Поаро, кој исто така на интересен начин беше присутен во Скопје. Настанот со оваа британска авторка ја зацементира 2023 како најкнижевна година досега во Македонија. Таа дојде на BookStar во период исполнет со пишување и универзитетски предавања и период во кој ги одбива речиси сите меѓународни гостувања. Станува збор за вистинска ѕвезда на светската книжевна сцена која се однесува сосема обично и приземјено. Како бестселер авторка на „Сандеј тајмс“ и на „Њујорк тајмс“ објавена е на педесет и еден јазик, а нејзините книги се продадени во милиони примероци ширум светот. Aвторка е на новата серија романи-продолженија со Херкул Поаро, нарачани од семејството на Агата Кристи, кои досега се вкупно пет. Во 2014 година, со дозвола на семејството и правните наследници на Агата Кристи, Софи Хана објави нов роман за Поаро, „Убиства со монограм“, кој беше бестселер во повеќе од петнаесет земји. Сите пет книги ги издаде „Антолог“ и синоќа читателите ја искористја можноста да добијат посвета од авторката.
Многу бев возбудена кога ги видов петте романи на македонски, изгледаат одлично, иако ми беше чудно кога ги видов на кирилица, само препознав Агата Кристи на корицата, си реков а каде е моето име? - се пошегува Софи на почетокот на разговорот, кој и понатаму течеше во ист ведар тон, а публиката ја испрати со громогласен аплауз и долга редица за потпис.
За тоа како ги добила правата врз приказните на Агата Кристи, вели дека било сосема случајно, благодарение на нејзиниот агент, кој се нашол во друштво на член на нејзиното семејство, па така паднало збор и за неа како голем обожавател на славната крими-писателка.
Јас сум голем фан на Агата Кристи. Имам прочитано сè од неа, некои книги и повеќепати. Ги читам од мојата дванаесет годишна година. Кога семејството виде со колкава страст зборувам за нејзиното творештво се согласи да го продолжам серијалот. Имаше само еден проблем, Поаро умира во последната книга на Кристи, така што ми дојде идеја дека моите книги можам да ги сместам во периодот од 1929 до 1932 година кога таа не пишувала, има една пауза во тој период. Но бидејќи не знаев ништо од историја, ми беше тешко да се вратам во тоа време, па ги препрочитав сите нејини книги од тој период со цел да ја доловам таа атмосфера. Исто така многу пребарував на интернет, на пример, какво бренди се пиело во тоа време, дали и кога била направаена првата трансплантација на бубрег, што ми беше потребно за еден од ликовите и сл. Се плашев дали ќе успеам да звучам како полицаец од 1929 година! Но откако некои луѓе го прочитаа тоа што го напишав и рекоа дека е одлично, се охрабрив – рече Софи Хана.
Таа вели дека секогаш кога почнувала да пишува книга од серијалот за Поаро го знаела крајот, инаку целата приказна би немала смисла.
Како инаку би функционирала приказната? Има автори што почнуваат да пишуваат и гледаат каде ќе ги однесе приказната, но во мојот случај тоа не може да функционира. Друго што ми е најважно е читателот да не може да претпостави кој е убиецот, инаку не би имало никаква мистерија. Сум читала такви крими-романи во кои од втората страница ми се откривал виновникот, зошто потоа да губиш време со таква книга – вели Хана.
Вели дека отсекогаш и биле омилени крими-романите, мистериите, но и книгите за самопомош, а има и напишано неколку такви.
Ги читав овие книги дури и за проблеми што воопшто ги немав – се шегува Софи, која откри дека ги сака и мјзуиклите и дека во моментов работи на еден.
Во тек е снимањето и на нејзиниот мјузикл со убиства „Мистеријата на господинот Е“, напишан заедно со нејзината пријателка и композиторка Анет Армитаж. Премиерата на филмот е закажана за декември 2023 година. Фестивалот BookStar со својата исклучително богата и општествено ангажирана програма минатите три дена го стекна епитетот на „еден од најзначајните книжевни фестивали во регионот“. Оваа квалификација ја споделија, како авторите од десеттина европски земји, така и претставниците на неколку регионални издавачки куќи и фестивали кои со нескриено задоволство ги следеа бројните настани и не го криеја своето воодушевување од професионалноста и од квалитетот на фестивалските содржини. Ова издание ќе биде запаметено по својот оригинален формат во кој беа вклучени гостувањата на најголемите писателски имиња од европската, регионалната и од македонската литература, конвенцијата на издавачи и претставници на фестивали од регионот, доделувањето на наградите „Драги“ на национално и интернационално ниво, поткастите, саемот на европската литература, средбите со студентите, преведувачкиот панел, слем натпреварот, но ќе бидат запаметени и ангажираниот слоган (Please do disturb / Ве молиме, вознемирувајте), „писателот говори“ на тема „Со или без Please“, соработка со „Пакомак“ за подигнување на свесноста околу селекцијата на отпадот, превод на дел од настаните на знаковен јазик што го направи BookStar прв книжевен фестивал со инклузивен карактер, како и по рекордниот интерес што го прикажаа медиумите. Фестивалот го отворија Дејвид Гир, амбасадорот на Европската Унија во Македонија, и Бисера Костадиновска Стојчевска, Министерката за култура. Во Скопје дојдоа најзвучните имиња од светот на литературата, и тоа: Наџат ел Хачми (Шпанија), која ја доби наградата „BookStar“ 2023, Миљенко Јерговиќ (Хрватска / БиХ), Лидија Димковска (Македонија / Словенија), Бранко Росиќ (Србија), Драго Гламузина (Хрватска), Луцие Фаулерова (Чешка), Стефан Хертманс (Белгија), Ања Мугерли (Словенија), Франсис Кирпс (Луксембург) и Софи Хана (Обединетото Кралство). Потоа, тука беа професионалните учесници: Пламен и Стефан Тотев (издавачка куќа „Персеј“ од Софија, Бугарија), Ламија Милишиќ (секретар на босанскиот ПЕН Центар и извршен директор на Меѓународниот фестивал „Bookstan“, БиХ), Драго Гламузина (главен уредник во една од најголемите издавачки куќи во хрватска „ВБЗ“ и програмски директор на литературниот фестивал „Врисок“ од Риека), Александар Шурбатовиќ (долгогодишен главен и одговорен уредник на издавачката куќа „Дерета“ и сопственик на издавачката куќа „Блум“, Србија), Ена Хасечиќ (уредничка и ПР во најреномираната издавачка куќа од БиХ „Buybook“). Во рамки на фестивалот беше склучен и меморандум за соработка на издавачката куќа „Антолог“ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ за заедничко организирање на Наградата „Драги“. Годинава во најтесен круг за наградата влегоа преведувачите: Љубица Арсовска, Никола Ѓелинчески, Иван Шопов, Анастасија Ѓурчинова и Златко Панзов. Наградата „Драги“ ја доби Златко Панзов за преводот од унгарски јазик на „Заробеништво“ од Ѓерѓ Шпиро во издание на издавачката куќа Артконект a специјалнo признание-плакета за продолжување на преведувачката традиција и креативниот дух на Драги Михајловски му беше доделена на Никола Ѓелинчески за неговиот превод од шпански јазик на „Претпесни на постшпански и други песни“ од Хорхенрике Адум во издание на Алеф публикации. Исто така, се додели и интернационалната награда „Драги“ за најзначаен превод на македонски автор на странски јазик на превeдувачката Александра Јоаниду за преводот на книгата „Мојот маж“ од Румена Бужаровска на грчки јазик. Јоаниду не само што дојде од Солун за овој настан, туку одржа говор на Филолошкиот факултет кој има историска димензија во развој на културните односи меѓу двете соседни земји! Посебниот однос со преведувачите беше прикажан и со панелот во контекст на проектот „Создадено во Европа: моќта на различност“, за кој во Скопје специјално за Фестивалот пристигнаа и Ксенија Чочкова (преведувачка од германски која живее во Баден-Баден, Германија), Давор Стојановски (преведувач од словенечки кој живее во областа Кернтен/Корошка во Австрија) и Маријанџела Бјанкофиоре (преведувачка од македонски на италијански, која живее во Бари, Италија). Ослободување од стравовите преку пишување Во истата сала претходно се одржа настанот насловен „Во средиштето на животот“, разговорот со авторките Луцие Фаулерова (Чешка) и Ања Мугерли (Словенија) го модерираа Александар Маџаровски и Ана Голејшка Џикова. Ања Мугерли (1984) е словенечка авторка, лекторка и уредничка. Дипломирала словенечки јазик и магистрирала на изведбени студии и креативно пишување.Нејзиниот стил е суптилен, со голем психолошки увид во ликовите. Дебитирала со збирката раскази „Зелената фотеља“ (2015) и била во потесниот избор за наградата за најдобра дебитантска книга. Во 2017 година го објавила романот „Сповин“, кој бил номиниран за наградата Кресник (2018). Во 2021 година збирката раскази „Пчелно семејство“ влегла во потесниот избор за наградата Ново место и ја добила Наградата за литература на Европската Унија а досега е преведена на многу јазици (хрватски, италијански, македонски, унгарски, бугарски итн.). Токму оваа книга, преведена на македонски во издание на „Антолог“ беше тема на разговорот. „Пчелно семејство“ е збирка од седум раскази. Секој расказ застапува одреден обред или обичај од словенечката традиција, кои во делото на Мугерли се вметнати во поинаков контекст или во современи рамки, така што добиваат нова улога и добиваат нова смисла.
Идејата се роди кога напишав една приказна за литературе конкурс, но таа не стигна баш далеку. Сепак, продолжив со истиот концепт и од тоа се роди оваа книга. Сакав да создадам мистична атосфера низ збирката, затоа што и народните ритуали и обичаи се обвиткани со една магија. Се сеќавам дека кога бев мала ме обвиваше страв од тие приказни и чудни суштества што се провлекуваат низ словенечката традиција. Книгата на некој начин е ослободување од тој страв. Денес со развојот на технологијата помалку забораваме на тие приказни од детството ама сепак остануваат некаде таму длаабоко во свеста – рече Мугерли.
Сите раскази, освен еден, се случуваат во сегашноста, но поради ритуалите и атмосферата се чинат безвременски. Според неа, расказите се движат некаде на границата помеѓу реалноста и несвесното и токму во тоа е нејзината специфика. На сцената заедно со Ања беше и чешката писателка Луцие Фаулерова (1989), која во 2020 година, го објавила романот „Девојката Смрт“, која била номинирана за наградата Магнезија Литера за проза во 2021 година и ја освоила Наградата за литература на Европската Унија. Книгата „Девојката Смрт“ може да се чита како семеен роман, како роман-студија за самоубиствата, како психолошко-контемплативен роман, како роман за девојка која и покрај тешката реалност сака да живее.
Тоа што ликот во книгата е тажен не значи дека и приказната треба да биде раскажана на таков начин. Користам и хумор, кој нема функција само да насмее, туку и да ја прикаже апсурдноста на нештата. Во текот на пишувањето на романот правев истражувања на повеќе бизарни слуачи на самоубиства и на некој начин станав опседната со оваа тема. Иако во чешка има многу групи за поддршка на луѓе што изгубиле некој близок, сепак не најдов таква што им помага на луѓето што изгубиле некој свој што извршил самоубиство. Ме интерсираше како тагуваат тие луѓе, открив дека начинот е различен, во сето тоа секогаш има и помачку гнев и лутина. Јас не сум социолог, јас сум писател, но мислам дека е во ред да се отвори оваа тема и во книжевноста. Дека сум на добар пат ми покажаа и многу повици што ги добив откако ја објавив книгата, луѓе што на некој начин бараа помош и утеха. Тогаш сфатив колкава одговорност носам на себе – рече Луцие.
Иако навидум главната тема во романот е самоубиството, сепак, според неа, тоа е слободата на избор – дали да живее или не. Прв слем натпревар на „BookStar“ Фестивалот беше официјално затворен со голем слем натпревар на дел од авторите-учесници на фестивалот на европска литература, но и други македонски учесници: Франсис Кирпс (Луксембург), Ана Голејшка-Џикова, Марија Грубор, Лиле Јованоска, Игор Трпчески, Горазд Кени Китановски, Аница Блажевска, Андреј Ал-Асади. Полното кино „Фросина“ до длабоко во ноќта ги очекуваше резултатите од овој необичен натпревар. На крајот, првото место го доби Ана Голејшка-Џикова, додека на Марија Грубор и Андреј Ал-Асади им припаднаа плакетите за второ и трето место.  

The post Софи Хана, авторка на новата серија романи-продолженија со Херкул Поаро: Необична ѕвезда – обична личност appeared first on Република.

]]>
Ексклузивна средба со Софи Хана, „новата Агата Кристи“ денеска на „Букстар“ https://republika.mk/vesti/kultura/ekskluzivna-sredba-so-sofi-hana-novata-agata-kristi-deneska-na-bukstar/ Wed, 04 Oct 2023 11:31:59 +0000 https://republika.mk/?p=687830

Ексклузивната средба со Софи Хана – наречена „новата Агата Кристи“, бидејќи во 40 години е единствената авторка која беше одбрана од страна на нејзините наследници и семејство да пишува романи-продолженија со Херкул Поаро.

Но, освен појавата на Софи Хана, најавено е гостување и на Херкул Поаро во Скопје!! Настанот е под наслов „Јас – Агата Кристи, јас – Софи Хана“ и предвиден е за 20.00 ч. во Кино „Фросина“, а обезбеден е и превод на знаковен јазик.

 

The post Ексклузивна средба со Софи Хана, „новата Агата Кристи“ денеска на „Букстар“ appeared first on Република.

]]>

Ексклузивната средба со Софи Хана – наречена „новата Агата Кристи“, бидејќи во 40 години е единствената авторка која беше одбрана од страна на нејзините наследници и семејство да пишува романи-продолженија со Херкул Поаро. Но, освен појавата на Софи Хана, најавено е гостување и на Херкул Поаро во Скопје!! Настанот е под наслов „Јас – Агата Кристи, јас – Софи Хана“ и предвиден е за 20.00 ч. во Кино „Фросина“, а обезбеден е и превод на знаковен јазик.  

The post Ексклузивна средба со Софи Хана, „новата Агата Кристи“ денеска на „Букстар“ appeared first on Република.

]]>
Цензура во романите на Агати Кристи https://republika.mk/vesti/kultura/tsenzura-vo-romanite-na-agati-kristi/ Tue, 28 Mar 2023 07:20:52 +0000 https://republika.mk/?p=624472

Делата на англиската писателка Агата Кристи (1890-1976) се прередактирани за објавување од издавачката куќа „HarperCollins“, со цел од новите изданија да бидат отстранети деловите кои би можело да ги повредат чувствата на одредени читатели, пишува британскиот весник „Телеграф“.

Станува збор за новите изданија, коишто во моментов се планираат за објавување или за оние кои веќе се објавени по 2020 година, се додава во написот. Редактираните текстови на делата напишани во периодот меѓу 1920 и 1976 година вклучуваат, меѓу другото, отстранување на пасусите кои содржат „описи, навреди или упатување на етничка припадност“.

Се наведува дека во голем број случаи биле направени и промени во наративот „од името на авторката“, вклучително и за внатрешните монолози на ликовите г-ца Марпл или Херкул Поаро, двата легендарни лика на Кристи. Отстранети се, исто така, и фрагменти на „антипатичните“ ликови, се додава.

Променет е и вокабуларот, со отстранување на терминот „ориентален“. Други описи се изменети во некои случаи, „слуга црнец“, првично опишан како насмеан, бидејќи „ја разбира потребата да се молчи за инцидент“, сега опишан како ниту црн ниту насмеан, туку едноставно како „кимнување со главата“.

На пример, од романот „Смрт на Нил“, објавен во 1937 година, отстранет е фрагмент од изјавата на ликот г-ѓа Алертон во којашто таа се жали на „одвратните“ очи и носови на група деца, а од романот „Мистериозната афера во Стајлс“ од 1920 година е отстранет описот на главниот лик на Поаро за друг лик како „се разбира, Евреин“.

Исто така, оригиналниот израз „неговиот индиски карактер“ збирка „Последните дела на г-ца Марпл и два расказа“, издадена во 1979 година во новата верзија на текстот е отстранет поимот „индиски“, а од романот „Карипската мистерија“ од 1964 година е отстранет цел пасус, во кој ликот ноќта не забележал црна девојка во грмушките.

Книгите на Агата Кристи, инаку, се меѓу најобјавуваните во историјата на човештвото. Писателката, исто така, се вбројува и меѓу најпреведуваните автори. Нема информации за реакциите или согласноста на наследниците на авторските права.

Станува збор за тренд на „чистење“ на класичните дела од ткн „навредливи описи“ според „современата чувствителност“ во неолибертаријанските тенденции, како што претходно се случи и со делата на Роалд Дал и Јан Флеминг кои, исто така, беа прередактирани од современи издавачи.

Така, пред осум години беше редактиран славниот роман за деца „Пипи Долгиот Чорап“, на починатата шведска авторка Астрид Линдгрен, „во согласност со модерните времиња“, па книгата веќе нема да содржи описи кои некои ги сметаат за расистички.

Во оригиналната верзија, таткото на русокосото девојче Пипи Долгиот Чорап живее во Јужните мориња каде што е „црнечки (негро) крал“, референца коишто некои последните години ја критикуваат како расистичка, што во новите изданија ќе биде заменето само со „крал на Јужните мориња“.

Пипи, која во првата книга има девет години, е неконвенционално разиграно девојченце со натчовечка сила којашто не ги почитува авторитетите, а некои ја доживуваат и како феминистичка икона, активистка за човекови права и хероина во борбата за слабите и експлоатираните.

 

The post Цензура во романите на Агати Кристи appeared first on Република.

]]>

Делата на англиската писателка Агата Кристи (1890-1976) се прередактирани за објавување од издавачката куќа „HarperCollins“, со цел од новите изданија да бидат отстранети деловите кои би можело да ги повредат чувствата на одредени читатели, пишува британскиот весник „Телеграф“. Станува збор за новите изданија, коишто во моментов се планираат за објавување или за оние кои веќе се објавени по 2020 година, се додава во написот. Редактираните текстови на делата напишани во периодот меѓу 1920 и 1976 година вклучуваат, меѓу другото, отстранување на пасусите кои содржат „описи, навреди или упатување на етничка припадност“. Се наведува дека во голем број случаи биле направени и промени во наративот „од името на авторката“, вклучително и за внатрешните монолози на ликовите г-ца Марпл или Херкул Поаро, двата легендарни лика на Кристи. Отстранети се, исто така, и фрагменти на „антипатичните“ ликови, се додава. Променет е и вокабуларот, со отстранување на терминот „ориентален“. Други описи се изменети во некои случаи, „слуга црнец“, првично опишан како насмеан, бидејќи „ја разбира потребата да се молчи за инцидент“, сега опишан како ниту црн ниту насмеан, туку едноставно како „кимнување со главата“. На пример, од романот „Смрт на Нил“, објавен во 1937 година, отстранет е фрагмент од изјавата на ликот г-ѓа Алертон во којашто таа се жали на „одвратните“ очи и носови на група деца, а од романот „Мистериозната афера во Стајлс“ од 1920 година е отстранет описот на главниот лик на Поаро за друг лик како „се разбира, Евреин“. Исто така, оригиналниот израз „неговиот индиски карактер“ збирка „Последните дела на г-ца Марпл и два расказа“, издадена во 1979 година во новата верзија на текстот е отстранет поимот „индиски“, а од романот „Карипската мистерија“ од 1964 година е отстранет цел пасус, во кој ликот ноќта не забележал црна девојка во грмушките. Книгите на Агата Кристи, инаку, се меѓу најобјавуваните во историјата на човештвото. Писателката, исто така, се вбројува и меѓу најпреведуваните автори. Нема информации за реакциите или согласноста на наследниците на авторските права. Станува збор за тренд на „чистење“ на класичните дела од ткн „навредливи описи“ според „современата чувствителност“ во неолибертаријанските тенденции, како што претходно се случи и со делата на Роалд Дал и Јан Флеминг кои, исто така, беа прередактирани од современи издавачи. Така, пред осум години беше редактиран славниот роман за деца „Пипи Долгиот Чорап“, на починатата шведска авторка Астрид Линдгрен, „во согласност со модерните времиња“, па книгата веќе нема да содржи описи кои некои ги сметаат за расистички. Во оригиналната верзија, таткото на русокосото девојче Пипи Долгиот Чорап живее во Јужните мориња каде што е „црнечки (негро) крал“, референца коишто некои последните години ја критикуваат како расистичка, што во новите изданија ќе биде заменето само со „крал на Јужните мориња“. Пипи, која во првата книга има девет години, е неконвенционално разиграно девојченце со натчовечка сила којашто не ги почитува авторитетите, а некои ја доживуваат и како феминистичка икона, активистка за човекови права и хероина во борбата за слабите и експлоатираните.  

The post Цензура во романите на Агати Кристи appeared first on Република.

]]>
Eдиција со најпознатите дела од Агата Кристи претставена на „Денови на литературата“ https://republika.mk/vesti/kultura/editsija-so-najpoznatite-dela-od-agata-kristi-pretstavena-na-denovi-na-literaturata/ Fri, 10 Feb 2023 12:13:10 +0000 https://republika.mk/?p=607365

Инспирирано од детективските романи на легендарната писателка Агата Кристи, вчеравечер (9 февруари), во „Литература суперстор“ во „Скопје сити мол“ се одржа тематската книжевна дружба, која беше во рамките на „Денови на литературата“. На настанот, во стилот на ерата на Кристи, беше претставена колекционерската едиција со најпознатите дела од Кристи, кои се во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Гостите во настанот со наслов „Мистериозниот случај на Агата Кристи“ во „Литература.мк“ исто така уживаа во коктелите инспирирани од романите, а имаше и квиз со интересни факти за славната писателка.

Во 2020 година, по повод сто години од творештвото на Кристи, „Арс Ламина“ објави едиција со 12 најзначајни нејзини детективско-криминалистички дела. Книгите се поделени во два колекционерски сета. Во првиот се: „Мистериозниот случај во Стајлс“, „Убиството на Роџер Акројд“, „Лорд Еџвер е мртов“, „Убиство во Ориент експрес“, „Смрт на Нил“ и „Зло под сонцето“, а во вториот: „По погребот“, „Завеса: последниот случај на Поаро“, „Мртво тело во библиотеката“, „Во 16.50 часот од станицата Падингтон“, „И не остана ниту еден“ и „Златната топка и други раскази“. Уредничка на едицијата е Надица Фирфова, која се обрати пред присутните на настанот и објасни дека изборот на насловите е направен внимателно, со цел да се покрие поголем хронолошки опсег со оние изданија што се сметаат за најпопуларни и највредни од книжевен аспект. Во изборот доминираат наслови каде што главна личност е белгискиот детектив Херкул Поаро.

Агата Мери Клариса Милер е родена 15 септември 1890, а починала на 12 јануари 1976 година. Важи за една од најславните британски авторки кои твореле во 20 век, а чијашто популарност може да се пресмета и со продажбата на рекордниот тираж од над две милијарди примероци на нејзините книги. Нејзината слава е постојана и не стивнува дури ни по речиси половина век од нејзината смрт. Постојано се јавуваат нови генерации посветени читатели и обожаватели на нејзиното творештво, а огромен број нејзини наслови биле преточени во филм, драмски изведби, радиоизведби и сл.

Огромната популарност на романите на Агата Кристи се должи на нејзиното мајсторство на пишаниот збор и начинот на кој го плени читателот со приказната. Ликовите во нејзините дела се шаренолики, заплетот интригантен, дејството динамично, локациите каде што се случуваат мистериите се хотели, возови, бродови, типични англиски села, острови, археолошки пронаоѓалишта итн., па со секој нов наслов читателот има чувство дека отпатувал некаде.
Во нејзината 56-годишна кариера Кристи има создадено и над осумдесет детективски романи и збирки раскази, како и деветнаесет сценски дела под презимето на нејзиниот прв маж, полковникот Арчибалд Кристи. А под псевдонимот Мери Вестмакот има објавено шест љубовни новели. Огромната популарност на делата на Агата Кристи е забележана и во Гинисовата книга на рекорди како најпродаван и најпреведуван автор на сите времиња. Денес, повеќе од еден век од почетокот на нејзиното творештво, сè уште постои огромен интерес за нејзините дела и се создаваат нови генерации нејзини посветени читатели.

Агата Кристи фасцинира со својата проникливост и способност да раскажува мистерии. Всушност, и нејзиниот живот бил мистерија. Сѐ уште е неразјаснето нејзиното неколкудневно исчезнување, по разделбата со својот прв сопруг, кога ѝ се губи секаква трага... Но, потоа се враќа и продолжува со животот. Притоа, никогаш не објаснила што ѝ се случило. Затоа, според многумина – книжевна мистерија од Агата Кристи што најмногу ќе ве обземе е всушност нејзината сопствена автобиографија, која исто така е објавена на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Третото издание на „Денови на литературата“ се одржува од 2 до 16 февруари во сите книжарници на „Литература.мк“. Во акциската продажба има попусти до 50 отсто, подарок книги и промотивни настани. За секоја сметка со книга од „Арс Ламина“ следува подарок книга. Во акцијата се вклучени изданија од „Арс Ламина“, „Академска книга“, „Антолог“, Артконект“, „Бата прес“, „Бегемот“, „Или-Или“, „Култура“, „Мартина“, „Нампрес“, „ПНВ Публикации“, „Полица“, „Прозарт“, „Сакам книги“, „Слово“ и „Три“. Во рамките на „Денови на литературата“ ќе се одржат низа промотивни настани за книги во издание на „Арс Ламина – публикации“. Досега се одржаа: работилница за деца со авторката на сликовницата „Жолтите чорапи“, Билјана Лотеска, книжевна кафе-дружба со писателката Јана Мишо за романот „Лулу“ и промоција на сликовниците „Коњчето од рингишпилот“ од Јован Стрезовски со илустрации на Орце Нинески и „Во полската куќичка“ од Ванчо Николески со илустрации на Љупка Стојкова.

Во недела (12.02) во 13 часот, во „Кафе Литература“ во „Ист гејт мол“ ќе се одржи промотивен настан за книгата за деца „Детелинки-белинки“ од група автори. На 14 февруари (вторник), со почеток во 19 часот, во „Кафе Литература“ во „Ист гејт мол“ ќе се одржи промоција на романите „Ние“ од Ана Стојаноска и „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска. Со промоцијата на новиот научно-фантастичен роман на Хари Кацановски, „Анатрос“, на 16 февруари (четврток) во 19 часот во „Литература.мк“ на ул. „Македонија“ ќе биде заокружена промотивната програма на „Денови на литературата“. Истиот ден во книжарницата „Литература.мк“ во Струмица ќе биде одбележана една година од отворањето.

Книгите од Агата Кристи се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку ww.literatura.mk.

The post Eдиција со најпознатите дела од Агата Кристи претставена на „Денови на литературата“ appeared first on Република.

]]>

Инспирирано од детективските романи на легендарната писателка Агата Кристи, вчеравечер (9 февруари), во „Литература суперстор“ во „Скопје сити мол“ се одржа тематската книжевна дружба, која беше во рамките на „Денови на литературата“. На настанот, во стилот на ерата на Кристи, беше претставена колекционерската едиција со најпознатите дела од Кристи, кои се во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Гостите во настанот со наслов „Мистериозниот случај на Агата Кристи“ во „Литература.мк“ исто така уживаа во коктелите инспирирани од романите, а имаше и квиз со интересни факти за славната писателка. Во 2020 година, по повод сто години од творештвото на Кристи, „Арс Ламина“ објави едиција со 12 најзначајни нејзини детективско-криминалистички дела. Книгите се поделени во два колекционерски сета. Во првиот се: „Мистериозниот случај во Стајлс“, „Убиството на Роџер Акројд“, „Лорд Еџвер е мртов“, „Убиство во Ориент експрес“, „Смрт на Нил“ и „Зло под сонцето“, а во вториот: „По погребот“, „Завеса: последниот случај на Поаро“, „Мртво тело во библиотеката“, „Во 16.50 часот од станицата Падингтон“, „И не остана ниту еден“ и „Златната топка и други раскази“. Уредничка на едицијата е Надица Фирфова, која се обрати пред присутните на настанот и објасни дека изборот на насловите е направен внимателно, со цел да се покрие поголем хронолошки опсег со оние изданија што се сметаат за најпопуларни и највредни од книжевен аспект. Во изборот доминираат наслови каде што главна личност е белгискиот детектив Херкул Поаро. Агата Мери Клариса Милер е родена 15 септември 1890, а починала на 12 јануари 1976 година. Важи за една од најславните британски авторки кои твореле во 20 век, а чијашто популарност може да се пресмета и со продажбата на рекордниот тираж од над две милијарди примероци на нејзините книги. Нејзината слава е постојана и не стивнува дури ни по речиси половина век од нејзината смрт. Постојано се јавуваат нови генерации посветени читатели и обожаватели на нејзиното творештво, а огромен број нејзини наслови биле преточени во филм, драмски изведби, радиоизведби и сл. Огромната популарност на романите на Агата Кристи се должи на нејзиното мајсторство на пишаниот збор и начинот на кој го плени читателот со приказната. Ликовите во нејзините дела се шаренолики, заплетот интригантен, дејството динамично, локациите каде што се случуваат мистериите се хотели, возови, бродови, типични англиски села, острови, археолошки пронаоѓалишта итн., па со секој нов наслов читателот има чувство дека отпатувал некаде. Во нејзината 56-годишна кариера Кристи има создадено и над осумдесет детективски романи и збирки раскази, како и деветнаесет сценски дела под презимето на нејзиниот прв маж, полковникот Арчибалд Кристи. А под псевдонимот Мери Вестмакот има објавено шест љубовни новели. Огромната популарност на делата на Агата Кристи е забележана и во Гинисовата книга на рекорди како најпродаван и најпреведуван автор на сите времиња. Денес, повеќе од еден век од почетокот на нејзиното творештво, сè уште постои огромен интерес за нејзините дела и се создаваат нови генерации нејзини посветени читатели. Агата Кристи фасцинира со својата проникливост и способност да раскажува мистерии. Всушност, и нејзиниот живот бил мистерија. Сѐ уште е неразјаснето нејзиното неколкудневно исчезнување, по разделбата со својот прв сопруг, кога ѝ се губи секаква трага... Но, потоа се враќа и продолжува со животот. Притоа, никогаш не објаснила што ѝ се случило. Затоа, според многумина – книжевна мистерија од Агата Кристи што најмногу ќе ве обземе е всушност нејзината сопствена автобиографија, која исто така е објавена на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Третото издание на „Денови на литературата“ се одржува од 2 до 16 февруари во сите книжарници на „Литература.мк“. Во акциската продажба има попусти до 50 отсто, подарок книги и промотивни настани. За секоја сметка со книга од „Арс Ламина“ следува подарок книга. Во акцијата се вклучени изданија од „Арс Ламина“, „Академска книга“, „Антолог“, Артконект“, „Бата прес“, „Бегемот“, „Или-Или“, „Култура“, „Мартина“, „Нампрес“, „ПНВ Публикации“, „Полица“, „Прозарт“, „Сакам книги“, „Слово“ и „Три“. Во рамките на „Денови на литературата“ ќе се одржат низа промотивни настани за книги во издание на „Арс Ламина – публикации“. Досега се одржаа: работилница за деца со авторката на сликовницата „Жолтите чорапи“, Билјана Лотеска, книжевна кафе-дружба со писателката Јана Мишо за романот „Лулу“ и промоција на сликовниците „Коњчето од рингишпилот“ од Јован Стрезовски со илустрации на Орце Нинески и „Во полската куќичка“ од Ванчо Николески со илустрации на Љупка Стојкова. Во недела (12.02) во 13 часот, во „Кафе Литература“ во „Ист гејт мол“ ќе се одржи промотивен настан за книгата за деца „Детелинки-белинки“ од група автори. На 14 февруари (вторник), со почеток во 19 часот, во „Кафе Литература“ во „Ист гејт мол“ ќе се одржи промоција на романите „Ние“ од Ана Стојаноска и „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска. Со промоцијата на новиот научно-фантастичен роман на Хари Кацановски, „Анатрос“, на 16 февруари (четврток) во 19 часот во „Литература.мк“ на ул. „Македонија“ ќе биде заокружена промотивната програма на „Денови на литературата“. Истиот ден во книжарницата „Литература.мк“ во Струмица ќе биде одбележана една година од отворањето. Книгите од Агата Кристи се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку ww.literatura.mk.

The post Eдиција со најпознатите дела од Агата Кристи претставена на „Денови на литературата“ appeared first on Република.

]]>