Афродита Шаља Archives - Република https://republika.mk/tema/afrodita-shala/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Nov 2024 12:13:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Афродита Шаља Archives - Република https://republika.mk/tema/afrodita-shala/ 32 32 Трајков се сретна со претставничките на УНФПА – Афродита Шаља https://republika.mk/vesti/makedonija/trajkov-se-sretna-so-pretstavnichkite-na-unfpa-afrodita-shala/ Tue, 26 Nov 2024 12:00:17 +0000 https://republika.mk/?p=841890

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари работна средба со Афродита Шаља, шефица на Канцеларијата на УНФПА (Фондот за население на Обединетите нации) во Македонија, и Ирена Спирковска, задолжена за мобилизирање на ресурси и комуникација.

Како што соопштуваат од кабинетот на Трајков, на средбата се разговарало за клучните приоритети на УНФПА во нашата земја и можностите за зајакнување на соработката помеѓу институциите во државата и оваа важна организација.

Посебен акцент беше ставен на теми како што се родовата еднаквост, младинските политики и пристапот до здравствени и социјални услуги за ранливите категории.
На состанокот се разговараше за продолжување и продлабочување на соработката во рамките на тековната Програма на УНФПА, како и можностите за соработка во рамките на националните ИПА фондови и други клучни прашања поврзани со евроинтеграцискиот процес.
Заменик министерката Трајков ја потенцираше важноста на партнерството со меѓународните организации како УНФПА во унапредување на капацитетите на државата, особено во доменот на социо-економските реформи кои се во согласност со европските стандарди.
Од страна на Афродита Шаља беше истакнато дека УНФПА останува посветена на поддршката на државата во имплементацијата на иновативни проекти кои придонесуваат за одржлив развој и општествена одговорност - додаваат од Кабинетот.

The post Трајков се сретна со претставничките на УНФПА – Афродита Шаља appeared first on Република.

]]>

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари работна средба со Афродита Шаља, шефица на Канцеларијата на УНФПА (Фондот за население на Обединетите нации) во Македонија, и Ирена Спирковска, задолжена за мобилизирање на ресурси и комуникација. Како што соопштуваат од кабинетот на Трајков, на средбата се разговарало за клучните приоритети на УНФПА во нашата земја и можностите за зајакнување на соработката помеѓу институциите во државата и оваа важна организација.
Посебен акцент беше ставен на теми како што се родовата еднаквост, младинските политики и пристапот до здравствени и социјални услуги за ранливите категории. На состанокот се разговараше за продолжување и продлабочување на соработката во рамките на тековната Програма на УНФПА, како и можностите за соработка во рамките на националните ИПА фондови и други клучни прашања поврзани со евроинтеграцискиот процес. Заменик министерката Трајков ја потенцираше важноста на партнерството со меѓународните организации како УНФПА во унапредување на капацитетите на државата, особено во доменот на социо-економските реформи кои се во согласност со европските стандарди. Од страна на Афродита Шаља беше истакнато дека УНФПА останува посветена на поддршката на државата во имплементацијата на иновативни проекти кои придонесуваат за одржлив развој и општествена одговорност - додаваат од Кабинетот.

The post Трајков се сретна со претставничките на УНФПА – Афродита Шаља appeared first on Република.

]]>