африканци Archives - Република https://republika.mk/tema/afrikanci/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Nov 2022 12:55:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png африканци Archives - Република https://republika.mk/tema/afrikanci/ 32 32 Украина ја обвини Русија дека испраќа африкански затвореници на првата линија на фронтот https://republika.mk/vesti/svet/ukraina-ja-obvini-rusija-deka-isprakja-afrikanski-zatvorenici-na-prvata-linija-na-frontot/ Tue, 15 Nov 2022 12:55:18 +0000 https://republika.mk/?p=574062

Украинските власти ја обвинија Русија дека испраќа африкански државјани кои служат затврски казни во Русија на првите борбени линии во Украина.

Ваквото обвнување доаѓа еден ден откако беше објавено дека студент од Замбија загинал во борба, во време кога служел затворска казна во близина на Москва.

Путин испраќа африкански граѓани затворени во Русија во војната во Украина“, напиша на Твитер портпаролот на украинската дипломатија Олег Николенко.

Властите во Замбија во понеделникот објавија дека еден нивен државјанин, Лемехани Натан Ниренда, починал на 22 септември во Украина, додека требало да биде во затвор во Русија.

Замбија побара објаснување од Русија „за околностите под кои замбиски државјанин, кој издржува затворска казна во Москва, може да биде регрутиран да се бори во Украина и да го загуби животот“.

Како одговор, руската дипломатија објави дека ги истражува околностите за смртта на 23-годишниот студент од Замбија.

Украина го обвинува шефот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин, кој е близок до Путин, дека испратил на фронтот неколку илјади борци, регрутирани во Русија, со ветување дека ќе добијат високи плати и ќе бидат ослободени од затворските казни.

Ниренда бил осуден за кршење на рускиот закон во април 2020 година, соопшти замбиската влада без да даде дополнителни детали.

Студентот по нуклеарно инженерство бил осуден на девет и пол години затвор. Казната ја служел во затвор во предградие на Москва.

The post Украина ја обвини Русија дека испраќа африкански затвореници на првата линија на фронтот appeared first on Република.

]]>

Украинските власти ја обвинија Русија дека испраќа африкански државјани кои служат затврски казни во Русија на првите борбени линии во Украина. Ваквото обвнување доаѓа еден ден откако беше објавено дека студент од Замбија загинал во борба, во време кога служел затворска казна во близина на Москва.
Путин испраќа африкански граѓани затворени во Русија во војната во Украина“, напиша на Твитер портпаролот на украинската дипломатија Олег Николенко.
Властите во Замбија во понеделникот објавија дека еден нивен државјанин, Лемехани Натан Ниренда, починал на 22 септември во Украина, додека требало да биде во затвор во Русија. Замбија побара објаснување од Русија „за околностите под кои замбиски државјанин, кој издржува затворска казна во Москва, може да биде регрутиран да се бори во Украина и да го загуби животот“. Како одговор, руската дипломатија објави дека ги истражува околностите за смртта на 23-годишниот студент од Замбија. Украина го обвинува шефот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин, кој е близок до Путин, дека испратил на фронтот неколку илјади борци, регрутирани во Русија, со ветување дека ќе добијат високи плати и ќе бидат ослободени од затворските казни. Ниренда бил осуден за кршење на рускиот закон во април 2020 година, соопшти замбиската влада без да даде дополнителни детали. Студентот по нуклеарно инженерство бил осуден на девет и пол години затвор. Казната ја служел во затвор во предградие на Москва.

The post Украина ја обвини Русија дека испраќа африкански затвореници на првата линија на фронтот appeared first on Република.

]]>