афера Archives - Република https://republika.mk/tema/afera/ За подобро да се разбереме Fri, 05 Apr 2024 18:08:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png афера Archives - Република https://republika.mk/tema/afera/ 32 32 Аферата „Ролекс“ ја тресе Европа: Европското јавно обвинителство и полицијата во Италија, Австрија и Словачка уапсија 22 лица https://republika.mk/vesti/svet/aferata-roleks-ja-trese-evropa-evropskoto-javno-obvinitelstvo-i-politsijata-vo-italija-avstrija-i-slovachka-uapsija-22-litsa/ Fri, 05 Apr 2024 18:08:35 +0000 https://republika.mk/?p=762791

Во голема акција на Европското јавно обвинителство (ЕРРО ), полицијата во Италија, Австрија и Словачка уапси 22 лица под сомнение дека проневериле дури 600 милиони евра од европските фондови.

При претресот на куќите и просториите на фирмите во сопственост на осомничениот, полицијата запленила часовници Ролекс, скап накит Картие, злато, криптовалути и луксузни автомобили како Ламборџини, Порше и Ауди К8..

Три лица се уапсени во Словачка, две во Австрија и 17 низ цела Италија. Осум лица се приведени, а на уште 14 им е одреден домашен притвор.

Изгледа дека EPPO ја имала оваа криминална организација на својот радар долго време, која наводно развила шема за измама помеѓу 2021 и 2023 година за да добие средства од италијанскиот национален план за закрепнување и отпорност, дел од Механизмот за закрепнување и отпорност (RRF) – главниот столб за закрепнување на европските економии погодени од пандемијата на коронавирус.

Членови на криминална организација се осомничени дека аплицирале за грантови за поддршка на дигитализацијата, иновативноста и конкурентноста на малите и средни претпријатија. Но, наместо да ги вложат добиените пари во проширување на бизнисот или да излезат на странски пазари, тие правеле и депонирале лажни биланси на компании, за да покажат дека фирмите се активни и профитабилни, а всушност постојат само на хартија. Групата користела софистицирана машина за перење пари, користејќи напредни технологии како „облак“ сервери лоцирани во земји кои не соработуваат, VPN, крипто-средства и софтвер за вештачка интелигенција за создавање лажни документ, соопшти ЕРРО, додавајќи дека членовите на групата беа професионалци со искуство во поднесување барања за распределба на јавни средства. Осомничените ги префрлиле средствата на нивните банкарски сметки во Австрија, Романија и Словачка веднаш штом ги примиле авансите.

Бројот на истраги за измами поврзани со фондот за опоравување и отпорност на ЕУ значително се зголеми минатата година. Минатата година беа отворени повеќе од 200 истраги за измами поврзани со RRF, вредни повеќе од 800 милијарди евра. Италија како најголем корисник на овој фонд (околу 191 милијарда евра грантови) е под посебен надзор на обвинителот.Само во Италија беа отворени 179 истраги за потенцијално лажно користење на европски пари.

Во својот годишен извештај објавен во февруари, EPPO рече дека има 1.927 тековни истраги во 2023 година, а вкупната штета во овие истраги се проценува на 19,2 милијарди евра поради сомневање за измама.

The post Аферата „Ролекс“ ја тресе Европа: Европското јавно обвинителство и полицијата во Италија, Австрија и Словачка уапсија 22 лица appeared first on Република.

]]>

Во голема акција на Европското јавно обвинителство (ЕРРО ), полицијата во Италија, Австрија и Словачка уапси 22 лица под сомнение дека проневериле дури 600 милиони евра од европските фондови. При претресот на куќите и просториите на фирмите во сопственост на осомничениот, полицијата запленила часовници Ролекс, скап накит Картие, злато, криптовалути и луксузни автомобили како Ламборџини, Порше и Ауди К8.. Три лица се уапсени во Словачка, две во Австрија и 17 низ цела Италија. Осум лица се приведени, а на уште 14 им е одреден домашен притвор. Изгледа дека EPPO ја имала оваа криминална организација на својот радар долго време, која наводно развила шема за измама помеѓу 2021 и 2023 година за да добие средства од италијанскиот национален план за закрепнување и отпорност, дел од Механизмот за закрепнување и отпорност (RRF) – главниот столб за закрепнување на европските економии погодени од пандемијата на коронавирус. Членови на криминална организација се осомничени дека аплицирале за грантови за поддршка на дигитализацијата, иновативноста и конкурентноста на малите и средни претпријатија. Но, наместо да ги вложат добиените пари во проширување на бизнисот или да излезат на странски пазари, тие правеле и депонирале лажни биланси на компании, за да покажат дека фирмите се активни и профитабилни, а всушност постојат само на хартија. Групата користела софистицирана машина за перење пари, користејќи напредни технологии како „облак“ сервери лоцирани во земји кои не соработуваат, VPN, крипто-средства и софтвер за вештачка интелигенција за создавање лажни документ, соопшти ЕРРО, додавајќи дека членовите на групата беа професионалци со искуство во поднесување барања за распределба на јавни средства. Осомничените ги префрлиле средствата на нивните банкарски сметки во Австрија, Романија и Словачка веднаш штом ги примиле авансите. Бројот на истраги за измами поврзани со фондот за опоравување и отпорност на ЕУ значително се зголеми минатата година. Минатата година беа отворени повеќе од 200 истраги за измами поврзани со RRF, вредни повеќе од 800 милијарди евра. Италија како најголем корисник на овој фонд (околу 191 милијарда евра грантови) е под посебен надзор на обвинителот.Само во Италија беа отворени 179 истраги за потенцијално лажно користење на европски пари. Во својот годишен извештај објавен во февруари, EPPO рече дека има 1.927 тековни истраги во 2023 година, а вкупната штета во овие истраги се проценува на 19,2 милијарди евра поради сомневање за измама.

The post Аферата „Ролекс“ ја тресе Европа: Европското јавно обвинителство и полицијата во Италија, Австрија и Словачка уапсија 22 лица appeared first on Република.

]]>
Афера „Барселонагејт“: Ова е хациендата за љубовницата на Борисов, за која е фатен дека платил 2.9 милиони евра https://republika.mk/vesti/balkan/afera-barselonagejt-ova-e-hatsiendata-za-lubovnitsata-na-borisov-za-koja-e-faten-deka-platil-2-9-milioni-evra/ Fri, 09 Jun 2023 16:34:09 +0000 https://republika.mk/?p=649717

„Истрагата го идентификуваше Бојко Методиев Борисов како вистински извор на средствата за стекнување на имотот“. Ова се тврди во документите доставени од главниот обвинител Иван Гешев во врска со истрагата околу аферата „Барселонагејт“, која деновиве ја тресе Бугарија, а во која главна улога имаат обвинителството и поранешниот премиер.

Како што пишуваат бугарските медиуми, истрагата нагло се забрзала откако ГЕРБ почна да го поддржува разрешувањето на бугарскиот главен обвинител.

Средствата во наведениот износ не можат да имаат правно потекло, бидејќи Борисов немал имот што би му овозможил да направи таков трошок. Парите за купување на имотот отишле преку фирмата „Тера тур сервис“ ЕООД со која управувала таткото на лицето Валентин Василев Златев, кој е во блиски пријателски односи со Борисов. Во моментот на стекнување на имотот Борисов имал интимна врска со Борислава Јовчева со која има дете. Оваа врска Борисов ја негира, но докази се прибавени, се вели во официјалниот документ на обвинителството, потпишан од обвинителот Стефан Христов од градското обвинителство на Софија, објавен од „Бивол“ .

Станува збор за имот од 2,9 милиони евра во Барселона, стекнат со цел Борислава Јовчева и нејзиното семејство да живеат таму.

Дел од информациите за оваа куќа беа откриени уште во 2016 година во записите за аферата „Јаневагејт“, а неколку години подоцна, каталонската полиција започна истрага по дојава на BOEC.

The post Афера „Барселонагејт“: Ова е хациендата за љубовницата на Борисов, за која е фатен дека платил 2.9 милиони евра appeared first on Република.

]]>

„Истрагата го идентификуваше Бојко Методиев Борисов како вистински извор на средствата за стекнување на имотот“. Ова се тврди во документите доставени од главниот обвинител Иван Гешев во врска со истрагата околу аферата „Барселонагејт“, која деновиве ја тресе Бугарија, а во која главна улога имаат обвинителството и поранешниот премиер. Како што пишуваат бугарските медиуми, истрагата нагло се забрзала откако ГЕРБ почна да го поддржува разрешувањето на бугарскиот главен обвинител.
Средствата во наведениот износ не можат да имаат правно потекло, бидејќи Борисов немал имот што би му овозможил да направи таков трошок. Парите за купување на имотот отишле преку фирмата „Тера тур сервис“ ЕООД со која управувала таткото на лицето Валентин Василев Златев, кој е во блиски пријателски односи со Борисов. Во моментот на стекнување на имотот Борисов имал интимна врска со Борислава Јовчева со која има дете. Оваа врска Борисов ја негира, но докази се прибавени, се вели во официјалниот документ на обвинителството, потпишан од обвинителот Стефан Христов од градското обвинителство на Софија, објавен од „Бивол“ .
Станува збор за имот од 2,9 милиони евра во Барселона, стекнат со цел Борислава Јовчева и нејзиното семејство да живеат таму. Дел од информациите за оваа куќа беа откриени уште во 2016 година во записите за аферата „Јаневагејт“, а неколку години подоцна, каталонската полиција започна истрага по дојава на BOEC.

The post Афера „Барселонагејт“: Ова е хациендата за љубовницата на Борисов, за која е фатен дека платил 2.9 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Го фатија „разгаќен“ во хотелска соба: Сопругата на Жиру му ја прости аферата со манекенка https://republika.mk/sport/fudbal/go-fatija-rasgakjen-vo-hotelska-soba-soprugata-na-ziru-mu-ja-prosti-aferata-so-manekenka/ Fri, 16 Dec 2022 08:46:34 +0000 https://republika.mk/?p=586318

Оливие Жиру има поддршка од семејството на првенството во Катар. Неговата сопруга Американката Џенифер Жиру беше на трибините со своите деца.

Двојката има четири деца, а Оливие во неколку наврати нагласи дека немаше да има таква кариера доколку неговата сопруга не беше покрај него.

Џенифер покажа и дека е подготвена да му прости на сопругот за се, па и за изневерување. Имено, нивниот брак беше во криза во 2014 година, кога Жиру призна дека имал афера со манекенката Силија Кеј.

Оливие прво негираше дека ја донел Силија во неговата соба во хотелот „Фор сезонс“ во источен Лондон, а сето тоа се случило ноќта пред Арсенал да го победи Кристал Палас.

Силија ја докажа својата романса со Жиру со фотографија на Твитер, на која фудбалерот беше „разгаѓен“ во долна облека.

The post Го фатија „разгаќен“ во хотелска соба: Сопругата на Жиру му ја прости аферата со манекенка appeared first on Република.

]]>

Оливие Жиру има поддршка од семејството на првенството во Катар. Неговата сопруга Американката Џенифер Жиру беше на трибините со своите деца. Двојката има четири деца, а Оливие во неколку наврати нагласи дека немаше да има таква кариера доколку неговата сопруга не беше покрај него. Џенифер покажа и дека е подготвена да му прости на сопругот за се, па и за изневерување. Имено, нивниот брак беше во криза во 2014 година, кога Жиру призна дека имал афера со манекенката Силија Кеј. Оливие прво негираше дека ја донел Силија во неговата соба во хотелот „Фор сезонс“ во источен Лондон, а сето тоа се случило ноќта пред Арсенал да го победи Кристал Палас. Силија ја докажа својата романса со Жиру со фотографија на Твитер, на која фудбалерот беше „разгаѓен“ во долна облека.

The post Го фатија „разгаќен“ во хотелска соба: Сопругата на Жиру му ја прости аферата со манекенка appeared first on Република.

]]>
Зиков со навреди за аферата „Паразити“: Да јадат го*на сите што зборат за мене https://republika.mk/vesti/makedonija/zikov-so-navredi-za-aferata-paraziti-da-jadat-go-na-site-shto-zborat-za-mene/ Sat, 19 Nov 2022 16:19:28 +0000 https://republika.mk/?p=575901

Љупчо Зиков, дежурниот бранител на власта на СДСМ со навреди им одговори на медиумите и на јавноста кои бараа одговори за висината на неговата плата од 120.000 денари како директор во државната компанија МЕПСО.

Зиков, во објава на социјалните медиуми безобразно и недостоинствено одговори: „јадете г***а за мене колку сакате, само добра фотка ставете“.

Со оглед дека, според објавената фотографија кон овој пост, може да се забележи дека Зиков консумира вино, претпоставуваме дека тоа тој го има направено во алкохолизирана состојба кога разумот и свесноста му се намалени.

Се надеваме дека дежурниот бранител на СДСМ, главниот лик во аферата „паразити“, Љупчо Зиков нема да го смени мислењето во текот на наредниот ден кога ќе испари алкохолот од неговиот организам.

The post Зиков со навреди за аферата „Паразити“: Да јадат го*на сите што зборат за мене appeared first on Република.

]]>

Љупчо Зиков, дежурниот бранител на власта на СДСМ со навреди им одговори на медиумите и на јавноста кои бараа одговори за висината на неговата плата од 120.000 денари како директор во државната компанија МЕПСО. Зиков, во објава на социјалните медиуми безобразно и недостоинствено одговори: „јадете г***а за мене колку сакате, само добра фотка ставете“. Со оглед дека, според објавената фотографија кон овој пост, може да се забележи дека Зиков консумира вино, претпоставуваме дека тоа тој го има направено во алкохолизирана состојба кога разумот и свесноста му се намалени. Се надеваме дека дежурниот бранител на СДСМ, главниот лик во аферата „паразити“, Љупчо Зиков нема да го смени мислењето во текот на наредниот ден кога ќе испари алкохолот од неговиот организам.

The post Зиков со навреди за аферата „Паразити“: Да јадат го*на сите што зборат за мене appeared first on Република.

]]>
Утре: Афера Паразити, како додека народот гладува и преживува од први до први, функционерите на власта се со полни трансакциски https://republika.mk/vesti/makedonija/utre-afera-paraziti-kako-dodeka-narodot-gladuva-i-prezivuva-od-prvi-do-prvi-funkcionerite-na-vlasta-se-so-polni-transakciski/ Sun, 13 Nov 2022 08:25:10 +0000 https://republika.mk/?p=573183

ВМРО-ДПМНЕ денес објави дека утре ќе сподели со јавноста афера наречена „Паразити“ поврзана со функционерите на власта предводена од СДСМ.

Утре – Афера Паразити, како додека народот гладува и преживува од први до први, функционерите на власта се со полни трансакциски.

Ќе објавиме како додека народот неможе да преживее, функционерите на власта преку буџетот се полнат со баснословни суми пари.

Инфлацијата и високите цени му штетат само на народот, додека функционерите на власта не ги чувствуваат. Очигледно затоа и не го разбираат народот кој неможе ниту со 1.000 денари да купи намирници, кои до пред една година ги купувал за 500 денари.

За да се полнат со пари пар луѓе од власта државата константно се задолжува. Јавниот долг е над 7.5 милијарди евра.

Утре со детали, како додека народот страда, власта, односно нејзините функционери се луксузираат“, стои во нивното соопштение до јавноста.

The post Утре: Афера Паразити, како додека народот гладува и преживува од први до први, функционерите на власта се со полни трансакциски appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ денес објави дека утре ќе сподели со јавноста афера наречена „Паразити“ поврзана со функционерите на власта предводена од СДСМ. Утре – Афера Паразити, како додека народот гладува и преживува од први до први, функционерите на власта се со полни трансакциски. Ќе објавиме како додека народот неможе да преживее, функционерите на власта преку буџетот се полнат со баснословни суми пари. Инфлацијата и високите цени му штетат само на народот, додека функционерите на власта не ги чувствуваат. Очигледно затоа и не го разбираат народот кој неможе ниту со 1.000 денари да купи намирници, кои до пред една година ги купувал за 500 денари. За да се полнат со пари пар луѓе од власта државата константно се задолжува. Јавниот долг е над 7.5 милијарди евра. Утре со детали, како додека народот страда, власта, односно нејзините функционери се луксузираат“, стои во нивното соопштение до јавноста.

The post Утре: Афера Паразити, како додека народот гладува и преживува од први до први, функционерите на власта се со полни трансакциски appeared first on Република.

]]>
ЈО и Aнтикорупциска без реакција за тоа што додека Ковачевски е функционер, фирма основана од него земала државна помош https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-pola-mesec-jo-i-dksk-se-bez-reakcija-za-toa-shto-dodeka-kovachevski-e-funkcioner-firma-osnovana-od-nego-zemala-drzavna-pomosh/ Sat, 22 Oct 2022 07:20:20 +0000 https://republika.mk/?p=564227

Од ВМРО-ДПМНЕ обвиниваат дека половина месец од Јавното обвинителство (ЈО) и ДКСК нема реакција за аферата „Броило“, односно за тоа како додека Ковачевски е функционер, фирма основана од него земала државна помош.

Невидено е ЈО и ДКСК да немаат институционален одговор повеќе од половина месец на голем број изнесени факти за судир на интереси и тргување со влијание во аферата Броило. Во центарот на таа афера и соларниот картел е дезертерот Ковачевски, а свртени се над 26 милиони евра.

 

ДКСК во обид предвремено да го амнестира Ковачевски, кажа дека нема судир на интереси во аферата Броило, и уште повеќе се заглави, бидејќи и самиот Ковачевски призна дека додека е заменик министер за финансии се префрлани пари на Пиксел груп, фирма која е основана од него. ВМРО-ДПМНЕ потоа поднесе претставка до ДКСК за аферата Броило, но од таму молк.

 

Не реагира ниту ЈО, иако има сознанија и факти во медиумите дека фирма основана од премиерот, е вмешана во афера тешка над 26 милиони евра. Пиксел груп е фирмата која за една година откако е формирана гради фабрика за фотовилатици, а 8 месеци откако Ковачевски станува премиер влегува во инвестиција од 54 милиони евра во ТИРЗ Тетово заедно со новоформирана бугарска фирма.

 

Подемот и успехот на Пиксел груп се врзани со времето додека СДС е власт во Македонија. А во истиот тој период КМГ ЕОЛ Квазар сопственост на кумот на Ковачевски добива 2 милиони евра државни тендери и склучува договор со ЕВН тежок над 2 милиони евра. Аферата Броило го извади на површина соларниот картел околу Ковачевски.

 

И институциите мора да отворат постапки. А не предвреме да го амнестираат, за потоа да бидат демантирани од самиот Ковачевски - велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ЈО и Aнтикорупциска без реакција за тоа што додека Ковачевски е функционер, фирма основана од него земала државна помош appeared first on Република.

]]>

Од ВМРО-ДПМНЕ обвиниваат дека половина месец од Јавното обвинителство (ЈО) и ДКСК нема реакција за аферата „Броило“, односно за тоа како додека Ковачевски е функционер, фирма основана од него земала државна помош.
Невидено е ЈО и ДКСК да немаат институционален одговор повеќе од половина месец на голем број изнесени факти за судир на интереси и тргување со влијание во аферата Броило. Во центарот на таа афера и соларниот картел е дезертерот Ковачевски, а свртени се над 26 милиони евра.   ДКСК во обид предвремено да го амнестира Ковачевски, кажа дека нема судир на интереси во аферата Броило, и уште повеќе се заглави, бидејќи и самиот Ковачевски призна дека додека е заменик министер за финансии се префрлани пари на Пиксел груп, фирма која е основана од него. ВМРО-ДПМНЕ потоа поднесе претставка до ДКСК за аферата Броило, но од таму молк.   Не реагира ниту ЈО, иако има сознанија и факти во медиумите дека фирма основана од премиерот, е вмешана во афера тешка над 26 милиони евра. Пиксел груп е фирмата која за една година откако е формирана гради фабрика за фотовилатици, а 8 месеци откако Ковачевски станува премиер влегува во инвестиција од 54 милиони евра во ТИРЗ Тетово заедно со новоформирана бугарска фирма.   Подемот и успехот на Пиксел груп се врзани со времето додека СДС е власт во Македонија. А во истиот тој период КМГ ЕОЛ Квазар сопственост на кумот на Ковачевски добива 2 милиони евра државни тендери и склучува договор со ЕВН тежок над 2 милиони евра. Аферата Броило го извади на површина соларниот картел околу Ковачевски.   И институциите мора да отворат постапки. А не предвреме да го амнестираат, за потоа да бидат демантирани од самиот Ковачевски - велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ЈО и Aнтикорупциска без реакција за тоа што додека Ковачевски е функционер, фирма основана од него земала државна помош appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Аферата „Броило“ е воено профитерство на Ковачевски https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-aferata-broilo-e-voeno-profiterstvo-na-kovachevski/ Mon, 10 Oct 2022 11:21:54 +0000 https://republika.mk/?p=559430

На денешната прес конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на аферата „Броило“ истакна дека аферата „Броило“ е воено профитерство на Ковачевски и е лош пример за сите во државата кои што имаат такви амбиции, затоа е потребно многу внимателно да се следи и од ДКСК.

Па денеска гледам има став од антикорупциска комисија од претседателката ако не се лажам Билјана Ивановска дека таа не видела случај без да ја види претставката која што евентуално како политичка партија би ја поднеле до државната комисија за спречување на корупцијата, се надевам дека нема така експресно да делуваат како што тоа го направи денеска пред време на прашање на еден медиум, и се надевам дека многу сериозно ќе му пристапат на овој случај, затоа што многу внимателно ќе го следиме овој случај, многу внимателно ќе го следиме, бидејќи во услови на криза некој профитира на грбот на граѓаните, тоа на времето ги викаа воени профитери, народот едвај крај со крај врзува, од први до први, компаниите се борат едвај да опстанат а некој на грбот на народот профитира, тргува со влијание тоа не е добро, тоа е многу лошо и тоа е лош пример за сите во државата кои што имаат такви амбиции, затоа многу внимателно нека го гледаат и ние ќе го следиме внимателно овој процес, истакна Мицкоски.

https://youtu.be/RvpJExWy4hk

The post Мицкоски: Аферата „Броило“ е воено профитерство на Ковачевски appeared first on Република.

]]>

На денешната прес конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на аферата „Броило“ истакна дека аферата „Броило“ е воено профитерство на Ковачевски и е лош пример за сите во државата кои што имаат такви амбиции, затоа е потребно многу внимателно да се следи и од ДКСК.
Па денеска гледам има став од антикорупциска комисија од претседателката ако не се лажам Билјана Ивановска дека таа не видела случај без да ја види претставката која што евентуално како политичка партија би ја поднеле до државната комисија за спречување на корупцијата, се надевам дека нема така експресно да делуваат како што тоа го направи денеска пред време на прашање на еден медиум, и се надевам дека многу сериозно ќе му пристапат на овој случај, затоа што многу внимателно ќе го следиме овој случај, многу внимателно ќе го следиме, бидејќи во услови на криза некој профитира на грбот на граѓаните, тоа на времето ги викаа воени профитери, народот едвај крај со крај врзува, од први до први, компаниите се борат едвај да опстанат а некој на грбот на народот профитира, тргува со влијание тоа не е добро, тоа е многу лошо и тоа е лош пример за сите во државата кои што имаат такви амбиции, затоа многу внимателно нека го гледаат и ние ќе го следиме внимателно овој процес, истакна Мицкоски.
https://youtu.be/RvpJExWy4hk

The post Мицкоски: Аферата „Броило“ е воено профитерство на Ковачевски appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ денес ќе објави нови детали за аферата „Броило“ https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-denes-kje-objavi-novi-detali-za-aferata-broilo/ Thu, 06 Oct 2022 06:49:36 +0000 https://republika.mk/?p=557803

Прв ден откако Ковачевски е мандатар за влада фирмата основана од него Пиксел груп добива 203 илјади евра државна помош, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека во период од 2019 година до 2021 година Пиксел груп основана од дезертерот Ковачевски од владата и од ФИТР добила над половина милион евра помош. Во половина од тој период Ковачевски е заменик министер за финансии.

-Ковачевски е во центарот на соларен картел тежок 26 милиони евра, а Пиксел груп основана од него е фирмата околу која се врти аферата Броило. Аферата Броило не завршува само кај фирмите на соларниот картел, туку тие учествувале во прикривање на неправилности и како надзор. Имено фирмата на кумот на Ковачевски, КМГ ЕОЛ Квазар е надзор над проектот за промена на постојните светилки и поставување на бандери во општина Гази Баба, додека со неа управува кадар на СДС. Според утврденото од општината, но и според Финансиската полиција фирмата изведувач пишувала дека поставила бандери или сменила светилки, на места каде воопшто ги немало, и сето тоа било со потпис на надзорор, т.е. фирмата на кумот на Ковачевски, се наведува во соопштението.

За овој случај веќе се води истрага.

Мрежата во соларниот картел допрва ќе се отплетува. А дезертерот Ковачевски да не чека и да си поднесе оставка веднаш, додаваат од партијата.

 

The post ВМРО-ДПМНЕ денес ќе објави нови детали за аферата „Броило“ appeared first on Република.

]]>

Прв ден откако Ковачевски е мандатар за влада фирмата основана од него Пиксел груп добива 203 илјади евра државна помош, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата истакнуваат дека во период од 2019 година до 2021 година Пиксел груп основана од дезертерот Ковачевски од владата и од ФИТР добила над половина милион евра помош. Во половина од тој период Ковачевски е заменик министер за финансии.
-Ковачевски е во центарот на соларен картел тежок 26 милиони евра, а Пиксел груп основана од него е фирмата околу која се врти аферата Броило. Аферата Броило не завршува само кај фирмите на соларниот картел, туку тие учествувале во прикривање на неправилности и како надзор. Имено фирмата на кумот на Ковачевски, КМГ ЕОЛ Квазар е надзор над проектот за промена на постојните светилки и поставување на бандери во општина Гази Баба, додека со неа управува кадар на СДС. Според утврденото од општината, но и според Финансиската полиција фирмата изведувач пишувала дека поставила бандери или сменила светилки, на места каде воопшто ги немало, и сето тоа било со потпис на надзорор, т.е. фирмата на кумот на Ковачевски, се наведува во соопштението.
За овој случај веќе се води истрага.
Мрежата во соларниот картел допрва ќе се отплетува. А дезертерот Ковачевски да не чека и да си поднесе оставка веднаш, додаваат од партијата.
 

The post ВМРО-ДПМНЕ денес ќе објави нови детали за аферата „Броило“ appeared first on Република.

]]>
Надал и Шакира имале жешка афера? https://republika.mk/scena/muzika/nadal-i-shakira-imale-zeshka-afera/ Mon, 29 Aug 2022 13:40:41 +0000 https://republika.mk/?p=545308

Рафаел Надал и Шакира биле во врска. Оваа информација ја откри шпанскиoт новинар Жорди Мартин, кој раскажа дека тие двајца се криеле од јавноста и тоа почнала дури од 2009 година.

Тогаш Шакира снимаше спот со шпанскиот играч за песната “Gipsy” и имаа неколку врели сцени во текот на снимањето и оттаму се почнало. Во тие моменти Шакира не го познаваше Пике, додека Рафаел беше во врска со девојката Чиска, сегашната сопруга, пренесува “Mondo”.

Имаа интензивна афера. Сите тогаш зборуваа за нејзината врска со Алехандро Санз, а вистината е дека тие двајца беа само пријатели. Вистина е дека се забавуваше со Надал, изјави Мартин.

Тие на снимањето на спотот имаа неколку интимни сцени, прво се држеа за рака, па се гушкаа и на крај дојде до бакнеж. Наводно од тогаш се почна и така се сближија и почнаа да се забавуваат. Не е откриено колку долго траело се.

Преубавата пејачка потоа го запозна Џерар Пике, со него има две деца, а моментално е во процес на развод бидејќи фудбалерот на Барселона ја изневери. Од друга страна, Надал се венчаше со Чиска пред три години и моментално го чекаат првото дете, но постојат одредени компликации. Рафаел е во Њујорк и од “US Open” ја следи цела здравствена ситуација.

 

 

The post Надал и Шакира имале жешка афера? appeared first on Република.

]]>

Рафаел Надал и Шакира биле во врска. Оваа информација ја откри шпанскиoт новинар Жорди Мартин, кој раскажа дека тие двајца се криеле од јавноста и тоа почнала дури од 2009 година. Тогаш Шакира снимаше спот со шпанскиот играч за песната “Gipsy” и имаа неколку врели сцени во текот на снимањето и оттаму се почнало. Во тие моменти Шакира не го познаваше Пике, додека Рафаел беше во врска со девојката Чиска, сегашната сопруга, пренесува “Mondo”.
Имаа интензивна афера. Сите тогаш зборуваа за нејзината врска со Алехандро Санз, а вистината е дека тие двајца беа само пријатели. Вистина е дека се забавуваше со Надал, изјави Мартин.
Тие на снимањето на спотот имаа неколку интимни сцени, прво се држеа за рака, па се гушкаа и на крај дојде до бакнеж. Наводно од тогаш се почна и така се сближија и почнаа да се забавуваат. Не е откриено колку долго траело се. Преубавата пејачка потоа го запозна Џерар Пике, со него има две деца, а моментално е во процес на развод бидејќи фудбалерот на Барселона ја изневери. Од друга страна, Надал се венчаше со Чиска пред три години и моментално го чекаат првото дете, но постојат одредени компликации. Рафаел е во Њујорк и од “US Open” ја следи цела здравствена ситуација.    

The post Надал и Шакира имале жешка афера? appeared first on Република.

]]>
Германскиот канцелар Шолц под истрага поради финансиска афера https://republika.mk/vesti/svet/germanskiot-kancelar-sholc-pod-istraga-poradi-finansiska-afera/ Tue, 09 Aug 2022 12:02:48 +0000 https://republika.mk/?p=538356

Германскиот канцелар Олаф Шолц е мета на истражните органи поради аферата што се случила додека тој бил градоначалник на Хамбург.

На 19 август Шолц ќе треба да сведочи пред истражниот комитет во Хамбург.

Германскиот канцелар е обвинет дека и помогнал на „Варбур банка“ да задржи 47 милиони евра, побарувања на даночните власти, за време на неговиот мандат како градоначалник на Хамбург.

Обвинителството наредило да се претресат неговите мејлови кои ги добивал и ги испраќал преку неговата службена електронска адреса.

Пребарувањето на дигиталната пошта беше спроведено уште во март, а дури сега е објавена оваа информација, пишуваат германските медиуми.

Истражните органи ги пребарале сите мејлови од 1 јануари 2015 година, како дел од истрагата за таканаречената афера „Кум екс“, пишува весникот „Хамбургер абендблат“, ова доаѓа од документи кои биле проследени до истражниот комитет.

Поточно, се истражува колку политиката имала влијание врз спорните одлуки за скандалот „Кум-екс“.

Во ноември 2016 година била донесена одлука да се откаже од барањето за ретроактивна наплата на данок во износ од 47 милиони евра до Хамбуршката „Варбург банка“.

Во истражните документи стои дека Шолц имал средба со шефот на таа банка, пренесуваат медиумите.

Истрагата првенствено е насочена против долгогодишниот пратеник на СПД, Јоханес Карс, кој е осомничен за проневера и помагање во затајување данок.

Портпаролот на германската влада Штефен Хебестрајт изјави дека не знаел дека дигиталната пошта на Шолц била предмет на истрага.

Од 2001 до 2016 година банкари, адвокати и инвеститори ја измамуваа државата со даночни трикови за милијарди евра.

Така на незаконски начин побарале двојно плаќање на даноците кои ги платиле само еднаш.

 

 

The post Германскиот канцелар Шолц под истрага поради финансиска афера appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц е мета на истражните органи поради аферата што се случила додека тој бил градоначалник на Хамбург. На 19 август Шолц ќе треба да сведочи пред истражниот комитет во Хамбург. Германскиот канцелар е обвинет дека и помогнал на „Варбур банка“ да задржи 47 милиони евра, побарувања на даночните власти, за време на неговиот мандат како градоначалник на Хамбург. Обвинителството наредило да се претресат неговите мејлови кои ги добивал и ги испраќал преку неговата службена електронска адреса. Пребарувањето на дигиталната пошта беше спроведено уште во март, а дури сега е објавена оваа информација, пишуваат германските медиуми. Истражните органи ги пребарале сите мејлови од 1 јануари 2015 година, како дел од истрагата за таканаречената афера „Кум екс“, пишува весникот „Хамбургер абендблат“, ова доаѓа од документи кои биле проследени до истражниот комитет. Поточно, се истражува колку политиката имала влијание врз спорните одлуки за скандалот „Кум-екс“. Во ноември 2016 година била донесена одлука да се откаже од барањето за ретроактивна наплата на данок во износ од 47 милиони евра до Хамбуршката „Варбург банка“. Во истражните документи стои дека Шолц имал средба со шефот на таа банка, пренесуваат медиумите. Истрагата првенствено е насочена против долгогодишниот пратеник на СПД, Јоханес Карс, кој е осомничен за проневера и помагање во затајување данок. Портпаролот на германската влада Штефен Хебестрајт изјави дека не знаел дека дигиталната пошта на Шолц била предмет на истрага. Од 2001 до 2016 година банкари, адвокати и инвеститори ја измамуваа државата со даночни трикови за милијарди евра. Така на незаконски начин побарале двојно плаќање на даноците кои ги платиле само еднаш.
 
 

The post Германскиот канцелар Шолц под истрага поради финансиска афера appeared first on Република.

]]>
Истражување: Љубовната авантура „за една ноќ“ нѐ прави несреќни https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/istrazuvanje-ljubovnata-avantura-za-edna-nokj-n-pravi-nesrekjni/ Tue, 28 Jun 2022 08:07:02 +0000 https://republika.mk/?p=520583

Сите слушнале за поимот „врска за една ноќ“. Оваа тема се среќава насекаде – од Саманта во „Сексот и градот“ до „средновековните“ средби во „Игра на престоли“, па честопати влијае и на тоа како луѓето претпочитаат одредени односи…

Сепак, сексот за една вечер, не може да ја замени љубовта. Истражување коешто опфатило 4.000 студенти, посочува дека оние кои неодамна претходно имале секс „за една ноќ“, имаат многу пониско ниво на самодоверба и се помалку среќни. Тие исто така пројавиле повисоки нивоа на анксиозност и депресија.

Се поставува прашањето: Ако сексот без обврски е добар и главно се гледа и прифаќа како нормална активност, зошто луѓето се чувствуваат лошо потоа?

Една од причините биолошки објаснува како кусата авантура влијае на нашиот мозок, пишува „Локал“. Имено, мозокот лачи различни хормони за време на сексот, но и за време на гушкањето. Еден од главните такви „двигатели“ се нарекува окситоцин – „хормонот на љубовта“ и „на среќата“. Се смета дека окситоцинот многу придонесува за меѓучовечките односи, без разлика дали се работи за мајка и новороденче, или љубовна врска меѓу двајца… И жените и мажите лачат окситоцин за време на сексот, а мажите лачат и вазопресин. Тој се смета за „заштитен хормон“ и преку него мажите всушност „ја штитат“ партнерката од другите можни додворувачи.

Но, овие хемиски врски, ако не сме внимателни, може да го попречат нашето размислување. Тогаш гледиштата се менуваат и често се случува да се создаде илузија кон личноста со која сме спиеле.

И покрај фактот што нѐ возбудува да имаме секс за една ноќ, тоа е само „мамка“ за нашиот мозок. Мозокот „мисли“ дека го нашол тоа што го бара, но штом окситоцинот исчезне, се чувствуваме збунето и тажно.

Луѓето, по природа, сите копнеат по љубов и врска, а општеството е тоа што постојано „нѐ притиска“ да бидеме сексуално активни. Но, природата, т.е. биологијата не лаже… Ние всушност, го збунуваме мозокот кога имаме интимни односи со луѓе кои штотуку сме ги запознале.

Значи, дајте ѝ време на врската да се развие. Така човекот сигурно ќе биде посреќен кога работите ќе почнат постепено да се случуваат.

The post Истражување: Љубовната авантура „за една ноќ“ нѐ прави несреќни appeared first on Република.

]]>

Сите слушнале за поимот „врска за една ноќ“. Оваа тема се среќава насекаде – од Саманта во „Сексот и градот“ до „средновековните“ средби во „Игра на престоли“, па честопати влијае и на тоа како луѓето претпочитаат одредени односи… Сепак, сексот за една вечер, не може да ја замени љубовта. Истражување коешто опфатило 4.000 студенти, посочува дека оние кои неодамна претходно имале секс „за една ноќ“, имаат многу пониско ниво на самодоверба и се помалку среќни. Тие исто така пројавиле повисоки нивоа на анксиозност и депресија. Се поставува прашањето: Ако сексот без обврски е добар и главно се гледа и прифаќа како нормална активност, зошто луѓето се чувствуваат лошо потоа? Една од причините биолошки објаснува како кусата авантура влијае на нашиот мозок, пишува „Локал“. Имено, мозокот лачи различни хормони за време на сексот, но и за време на гушкањето. Еден од главните такви „двигатели“ се нарекува окситоцин – „хормонот на љубовта“ и „на среќата“. Се смета дека окситоцинот многу придонесува за меѓучовечките односи, без разлика дали се работи за мајка и новороденче, или љубовна врска меѓу двајца… И жените и мажите лачат окситоцин за време на сексот, а мажите лачат и вазопресин. Тој се смета за „заштитен хормон“ и преку него мажите всушност „ја штитат“ партнерката од другите можни додворувачи. Но, овие хемиски врски, ако не сме внимателни, може да го попречат нашето размислување. Тогаш гледиштата се менуваат и често се случува да се создаде илузија кон личноста со која сме спиеле. И покрај фактот што нѐ возбудува да имаме секс за една ноќ, тоа е само „мамка“ за нашиот мозок. Мозокот „мисли“ дека го нашол тоа што го бара, но штом окситоцинот исчезне, се чувствуваме збунето и тажно. Луѓето, по природа, сите копнеат по љубов и врска, а општеството е тоа што постојано „нѐ притиска“ да бидеме сексуално активни. Но, природата, т.е. биологијата не лаже… Ние всушност, го збунуваме мозокот кога имаме интимни односи со луѓе кои штотуку сме ги запознале. Значи, дајте ѝ време на врската да се развие. Така човекот сигурно ќе биде посреќен кога работите ќе почнат постепено да се случуваат.

The post Истражување: Љубовната авантура „за една ноќ“ нѐ прави несреќни appeared first on Република.

]]>
Крупни лица блиски до власта вмешани во аферата УЈП https://republika.mk/vesti/ekonomija/krupni-lica-bliski-do-vlasta-vmeshani-vo-aferata-ujp/ Fri, 13 May 2022 08:14:59 +0000 https://republika.mk/?p=501739

Обвинителството и МВР молчат за скандалот во УЈП тежок 20 до 30 милиони евра, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно се обидуваат да го забошотат или пак да го сведат на ситни риби како што тоа го направија со скандалот со 215 пасоши доделени на белосветски мафијаши. Затоа ги повикуваме јавно да излезат со овој скандал и да не ги кријат крупните имиња кои се вмешани, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека во овој криминал учествувале фирми кои фиктивно побарувале ДДВ од УЈП и фирми кои должеле и истите преку цесии се порамнувале и на тој начин го оштетувале буџетот.

Очекуваме институциите да излезат со информации па да видиме и ние и јавноста дали во тие имиња има вмешани сегашни и поранешни функционери во институции и лица блиски до сегашни и поранешни функционери од оваа власт на СДСМ и ДУИ. Ги предупредуваме институциите да не молчат и да не прикриваат, бидејќи ако не тие, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе ја информира јавноста за овој скандал, се додава во партиското соопштение.

The post Крупни лица блиски до власта вмешани во аферата УЈП appeared first on Република.

]]>

Обвинителството и МВР молчат за скандалот во УЈП тежок 20 до 30 милиони евра, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Очигледно се обидуваат да го забошотат или пак да го сведат на ситни риби како што тоа го направија со скандалот со 215 пасоши доделени на белосветски мафијаши. Затоа ги повикуваме јавно да излезат со овој скандал и да не ги кријат крупните имиња кои се вмешани, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека во овој криминал учествувале фирми кои фиктивно побарувале ДДВ од УЈП и фирми кои должеле и истите преку цесии се порамнувале и на тој начин го оштетувале буџетот.
Очекуваме институциите да излезат со информации па да видиме и ние и јавноста дали во тие имиња има вмешани сегашни и поранешни функционери во институции и лица блиски до сегашни и поранешни функционери од оваа власт на СДСМ и ДУИ. Ги предупредуваме институциите да не молчат и да не прикриваат, бидејќи ако не тие, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе ја информира јавноста за овој скандал, се додава во партиското соопштение.

The post Крупни лица блиски до власта вмешани во аферата УЈП appeared first on Република.

]]>
Директорка на ЈП од СДСМ распишала тендер за мала хидроцентрала среде избори, вели Стоилковски https://republika.mk/vesti/makedonija/direktorka-na-jp-od-sdsm-raspishala-tender-za-mala-hidrocentrala-srede-izbori-veli-stoilkovski/ Mon, 28 Feb 2022 10:39:06 +0000 https://republika.mk/?p=465172

Денеска ќе отворам еден скандал, една афера, за тоа како се злоупотребувани позиции од истакнати функционери од СДСМ од Неготино, за вонправно да се стекнат со имотноправна корист! И тоа спротивно на Изборниот Законик и со злоупотреби во делот на јавните набавки, вели Наум Стоилковски.

Директорот на ТЕЦ Неготино и висок функционер во СДСМ, Небојша Стојановиќ од Неготино, преку неговата семејна фирма ХЕМ Алијанс чиј сопственик е неговиот татко, а управител неговата сопруга, во нетранспарентна постапка за јавна набавка, со низа пропусти и недоследности, успеал да добие тендер за изградба на мала хидроцентрала на системот за водоснабдување Лукар, преку јавно приватно партнерство со ЈП Комуналец Неготино.

Тендер на ЈП Комуналец, чија што директорка е Марина Бојаџиева, бил распишан и објавен на првиот ден од изборната кампања за локалните избори 2021 година, односно на 27.09.2021 година, што е во спротивност со Изборниот Законик кој децидно вели дека за време на кампања забрането е објавување на тендери од страна на јавни институции.

Небојша Стојановиќ, користејќи го моментот кога целото внимание на јавноста е насочено кон изборите, од позиција на директор на ТЕЦ Неготино и висок функционер на СДСМ, веројатно се потпрел на своето партиско и политичко влијание за објавување на тендер во своја полза. И на тој тендер е и единствен понудувач!

Директорката на ЈП Комуналец од Неготино Марина Бојаџиева, иако била пристигната само една понуда на овој тендер, не го искористила своето законско право да го поништи тендерот. Среќниот добитник за изградба на мала хидроцентрала на системот за водоснабдување Лукар е директорот на ТЕЦ Неготино и висок функционер во СДСМ, Небојша Стојановиќ.

Институциите почитувани мора да реагираат, а директорката на ЈП Комуналец од Неготино Марина Бојаџиева мора да одговори:

Зошто тендерот е објавен на првиот ден од предизборната кампања?

Дали за предметот на јавна набавка е изработен елаборат за животна средина како законска обврска?

Дали е спроведена јавна расправа и колку граѓаните биле запознаени со намерата за изградба на мала хидроцентрала на системот за водоснабдување Лукар?

Дали формираната Комисија за евалуација на понудите ги исполнила законските критериуми?

Дали во годишниот план за јавни набавки на ЈП Комуналец била предвидена ваква крупна јавна набавка?

Почитувани,

Повеќе од очигледно е дека се работи за типична манипулација на СДСМ и користење на партиски и политички влијанија за лична корист.

Институциите мора да реагираат, во спротивно одобруваат незаконско работење, тендери и партиски злоупотреби за лични цели.

Почитувани,

Македонија со СДСМ нема иднина“, додава тој.

https://www.youtube.com/watch?v=kN-Rr1f2I8s

The post Директорка на ЈП од СДСМ распишала тендер за мала хидроцентрала среде избори, вели Стоилковски appeared first on Република.

]]>

Денеска ќе отворам еден скандал, една афера, за тоа како се злоупотребувани позиции од истакнати функционери од СДСМ од Неготино, за вонправно да се стекнат со имотноправна корист! И тоа спротивно на Изборниот Законик и со злоупотреби во делот на јавните набавки, вели Наум Стоилковски.
Директорот на ТЕЦ Неготино и висок функционер во СДСМ, Небојша Стојановиќ од Неготино, преку неговата семејна фирма ХЕМ Алијанс чиј сопственик е неговиот татко, а управител неговата сопруга, во нетранспарентна постапка за јавна набавка, со низа пропусти и недоследности, успеал да добие тендер за изградба на мала хидроцентрала на системот за водоснабдување Лукар, преку јавно приватно партнерство со ЈП Комуналец Неготино. Тендер на ЈП Комуналец, чија што директорка е Марина Бојаџиева, бил распишан и објавен на првиот ден од изборната кампања за локалните избори 2021 година, односно на 27.09.2021 година, што е во спротивност со Изборниот Законик кој децидно вели дека за време на кампања забрането е објавување на тендери од страна на јавни институции. Небојша Стојановиќ, користејќи го моментот кога целото внимание на јавноста е насочено кон изборите, од позиција на директор на ТЕЦ Неготино и висок функционер на СДСМ, веројатно се потпрел на своето партиско и политичко влијание за објавување на тендер во своја полза. И на тој тендер е и единствен понудувач! Директорката на ЈП Комуналец од Неготино Марина Бојаџиева, иако била пристигната само една понуда на овој тендер, не го искористила своето законско право да го поништи тендерот. Среќниот добитник за изградба на мала хидроцентрала на системот за водоснабдување Лукар е директорот на ТЕЦ Неготино и висок функционер во СДСМ, Небојша Стојановиќ. Институциите почитувани мора да реагираат, а директорката на ЈП Комуналец од Неготино Марина Бојаџиева мора да одговори: Зошто тендерот е објавен на првиот ден од предизборната кампања? Дали за предметот на јавна набавка е изработен елаборат за животна средина како законска обврска? Дали е спроведена јавна расправа и колку граѓаните биле запознаени со намерата за изградба на мала хидроцентрала на системот за водоснабдување Лукар? Дали формираната Комисија за евалуација на понудите ги исполнила законските критериуми? Дали во годишниот план за јавни набавки на ЈП Комуналец била предвидена ваква крупна јавна набавка? Почитувани, Повеќе од очигледно е дека се работи за типична манипулација на СДСМ и користење на партиски и политички влијанија за лична корист. Институциите мора да реагираат, во спротивно одобруваат незаконско работење, тендери и партиски злоупотреби за лични цели. Почитувани, Македонија со СДСМ нема иднина“, додава тој.
https://www.youtube.com/watch?v=kN-Rr1f2I8s

The post Директорка на ЈП од СДСМ распишала тендер за мала хидроцентрала среде избори, вели Стоилковски appeared first on Република.

]]>
Скандал во Израел: Полицијата нелегално ги шпионирала соработниците на Нетанјаху https://republika.mk/vesti/svet/skandal-vo-izrael-policijata-nelegalno-gi-shpionirala-sorabotnicite-na-netanjahu/ Mon, 07 Feb 2022 22:35:10 +0000 https://republika.mk/?p=455432

Израелскиот министер за полиција денеска изјави дека ќе формира државна истражна комисија откако израелски дневен весник објави дека полицијата незаконски користела шпионски софтвер против соработниците на поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Пегазус, алатка за хакирање на мобилни телефони произведена од израелската групација НСО, се користела за „собирање податоци дури и пред да се отвори каква било истрага против тие цели и без судски наредби“, објави Калкалист. Целта биле синот и двајцата помошници на поранешниот премиер, кому му се суди за корупција, потоа уште еден сообвинет и неколку очевидци, како и двајца поранешни функционери, пишува весникот.

Адвокатите на Нетанјаху бараат да се прекине постапката против него додека не се разјасни извештајот на Калкалист, а министерот за внатрешни работи Омер Барлев рече дека ќе формира истражна комисија за целосно да ги истражи наводите.

Нема да има такви пропусти под мојата палка“, рече тој.

Полицијата спроведува внатрешни истраги и одговара на прашања од парламентарните комисии откако Калкалист минатиот месец објавил дека нејзините истражители го користеле Пегазус против израелски граѓани, понекогаш без налог.

Израелскиот премиер Нафтали Бенет немал коментар, но најмалку тројца министри повикале на независна истрага, како и Синдикатот на новинарите. Претседателот Исак Херцог, исто така, изразил загриженост и повика на темелна истрага, објави Тајмс оф Израел

The post Скандал во Израел: Полицијата нелегално ги шпионирала соработниците на Нетанјаху appeared first on Република.

]]>

Израелскиот министер за полиција денеска изјави дека ќе формира државна истражна комисија откако израелски дневен весник објави дека полицијата незаконски користела шпионски софтвер против соработниците на поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Пегазус, алатка за хакирање на мобилни телефони произведена од израелската групација НСО, се користела за „собирање податоци дури и пред да се отвори каква било истрага против тие цели и без судски наредби“, објави Калкалист. Целта биле синот и двајцата помошници на поранешниот премиер, кому му се суди за корупција, потоа уште еден сообвинет и неколку очевидци, како и двајца поранешни функционери, пишува весникот.
Адвокатите на Нетанјаху бараат да се прекине постапката против него додека не се разјасни извештајот на Калкалист, а министерот за внатрешни работи Омер Барлев рече дека ќе формира истражна комисија за целосно да ги истражи наводите.
Нема да има такви пропусти под мојата палка“, рече тој.
Полицијата спроведува внатрешни истраги и одговара на прашања од парламентарните комисии откако Калкалист минатиот месец објавил дека нејзините истражители го користеле Пегазус против израелски граѓани, понекогаш без налог. Израелскиот премиер Нафтали Бенет немал коментар, но најмалку тројца министри повикале на независна истрага, како и Синдикатот на новинарите. Претседателот Исак Херцог, исто така, изразил загриженост и повика на темелна истрага, објави Тајмс оф Израел

The post Скандал во Израел: Полицијата нелегално ги шпионирала соработниците на Нетанјаху appeared first on Република.

]]>