афазија Archives - Република https://republika.mk/tema/afazija/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Oct 2023 14:54:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png афазија Archives - Република https://republika.mk/tema/afazija/ 32 32 Промовирано здружението „Хоуп“ за помош и поддршка на лица со афазија https://republika.mk/zivot/zdravje/promovirano-zdruzhenieto-houp-za-pomosh-i-poddrshka-na-litsa-so-afazija/ Fri, 20 Oct 2023 14:52:56 +0000 https://republika.mk/?p=693358

Со цел да се подигне свеста за постоењето на афазија, како и заштита и зајакнување на правата на лицата со афазија, во Скопје е промовирано Здружението за помош и поддршка на лица со афазија „Хоуп“.

Афазија е пореметување на говорот, кое може да биде различно. Тешко изговарање на зборови или неразбирање на туѓ говор или пак глобална афазија кога се засегнати сите сегменти на зборувањето. Здружението ќе се залага и за формирање регистар на лица кои се борат со оваа состојба.

На промоцијата се проговори за состојбата на афазија, причините, како се лекува. Тоа е многу тешка состојба за лицата кои се соочуваат со неа, но и за нивните семејства.

Професор доктор Иван Барбов, невролог од Клиниката за неврологија, изрази задоволство што е дел од кампањата за подигнување на свеста кон здравствената состојба на афазија, за која рече дека е комплексна. Тој нагласи дека клучна е улогата на неврологот и оти многу се важни правилната дијагноза и третманот на заболувањето во што мора да учествува мултидисциплинарен тим.

Афазијата не е посебна болест, туку симптом на повеќе заболувања, подвлече тој, информирајќи дека се јавува кај повозрасната популација, но, може, иако поретко, да се јави и кај помлади лица и деца.

Магистер доктор Станислава Антевска, како логопед со долгогодишно искуство, информираше дека најмалиот пациент е на седум години. Таа сподели и позитивен пример на момче кое после третманите, успешно завршило средно образование.

Многу е важна соработката со семејството, нагласи Антевска, појаснувајќи дека пациентите немаат проблем само со говорот, туку и со самоприфаќањето, прифаќањето од средината, промена во емоциите, релацијата кон другите луѓе, отуѓени се едноставно од светот.

Таа додаде дека затоа, освен во говорот, им помагаат и на психички план, да се снајдат во околината. Таа изрази среќа што голем број од нејзините пациенти се вратиле на својот нормален живот.

Адвокатот Ѓорги Павлов информираше дека имаат канал на „Јутјуб“, каде се прикачуваат видеа со вежби, како што појасни, целосно подобни и корисни за сите засегнати лица.

Активно работиме на воспоставување сериозни соработки со субјекти што нудат помош и поддршка на лицата засегнати од афазија или други состојби како последица на повреди или нарушувања на мозочните функции, кои ќе пружаат адекватни и оптимизирани услуги за овие лица, како и на обезбедување средства од донации за набавка на специјализирана опрема за подобрување на состојбата на лицата со афазија, меѓу другото, додаде Павлов.

Адвокатката Мирјана Марковска - Андревски сподели дека три години се соочува со овој проблем. Запрашана каде наоѓа сила, за да оди напред, одговори, работа, работа и само работа, вежби со стручни лица, дружење со лица со исти проблеми, мал е бројот, но, ги има повеќе и повеќе, со кои си се помош едни на други.

Нејзината пријателка Ирена Апостолова рече дека нема класична афазија, на моменти го губи говорот, но, се враќа. Проблемите почнале од пред 13 години.

Во ниту еден момент не сум кажала тешко ми е, откажување нема, позитивниот став е многу важен, во меѓувреме станав инструктор по јога, работам колку што можам, откри таа.

The post Промовирано здружението „Хоуп“ за помош и поддршка на лица со афазија appeared first on Република.

]]>

Со цел да се подигне свеста за постоењето на афазија, како и заштита и зајакнување на правата на лицата со афазија, во Скопје е промовирано Здружението за помош и поддршка на лица со афазија „Хоуп“. Афазија е пореметување на говорот, кое може да биде различно. Тешко изговарање на зборови или неразбирање на туѓ говор или пак глобална афазија кога се засегнати сите сегменти на зборувањето. Здружението ќе се залага и за формирање регистар на лица кои се борат со оваа состојба. На промоцијата се проговори за состојбата на афазија, причините, како се лекува. Тоа е многу тешка состојба за лицата кои се соочуваат со неа, но и за нивните семејства. Професор доктор Иван Барбов, невролог од Клиниката за неврологија, изрази задоволство што е дел од кампањата за подигнување на свеста кон здравствената состојба на афазија, за која рече дека е комплексна. Тој нагласи дека клучна е улогата на неврологот и оти многу се важни правилната дијагноза и третманот на заболувањето во што мора да учествува мултидисциплинарен тим.
Афазијата не е посебна болест, туку симптом на повеќе заболувања, подвлече тој, информирајќи дека се јавува кај повозрасната популација, но, може, иако поретко, да се јави и кај помлади лица и деца.
Магистер доктор Станислава Антевска, како логопед со долгогодишно искуство, информираше дека најмалиот пациент е на седум години. Таа сподели и позитивен пример на момче кое после третманите, успешно завршило средно образование.
Многу е важна соработката со семејството, нагласи Антевска, појаснувајќи дека пациентите немаат проблем само со говорот, туку и со самоприфаќањето, прифаќањето од средината, промена во емоциите, релацијата кон другите луѓе, отуѓени се едноставно од светот.
Таа додаде дека затоа, освен во говорот, им помагаат и на психички план, да се снајдат во околината. Таа изрази среќа што голем број од нејзините пациенти се вратиле на својот нормален живот. Адвокатот Ѓорги Павлов информираше дека имаат канал на „Јутјуб“, каде се прикачуваат видеа со вежби, како што појасни, целосно подобни и корисни за сите засегнати лица.
Активно работиме на воспоставување сериозни соработки со субјекти што нудат помош и поддршка на лицата засегнати од афазија или други состојби како последица на повреди или нарушувања на мозочните функции, кои ќе пружаат адекватни и оптимизирани услуги за овие лица, како и на обезбедување средства од донации за набавка на специјализирана опрема за подобрување на состојбата на лицата со афазија, меѓу другото, додаде Павлов.
Адвокатката Мирјана Марковска - Андревски сподели дека три години се соочува со овој проблем. Запрашана каде наоѓа сила, за да оди напред, одговори, работа, работа и само работа, вежби со стручни лица, дружење со лица со исти проблеми, мал е бројот, но, ги има повеќе и повеќе, со кои си се помош едни на други. Нејзината пријателка Ирена Апостолова рече дека нема класична афазија, на моменти го губи говорот, но, се враќа. Проблемите почнале од пред 13 години.
Во ниту еден момент не сум кажала тешко ми е, откажување нема, позитивниот став е многу важен, во меѓувреме станав инструктор по јога, работам колку што можам, откри таа.

The post Промовирано здружението „Хоуп“ за помош и поддршка на лица со афазија appeared first on Република.

]]>
Поради неизлечлива болест Брус Вилис се повлекува од глумата https://republika.mk/scena/film/poradi-neizlechliva-bolest-brus-vilis-se-povlekuva-od-glumata/ Wed, 30 Mar 2022 16:42:12 +0000 https://republika.mk/?p=481060

Ќерката на Брус Вилис, Румер Вилис, преку „Инстаграм“ предмалку соопшти дека нејзиниот татко се повлекува од глумата и работата, откако му била дијагностицирана афазија.

Споделувајќи фотографија од нејзиниот татко на „Инстаграм“, на која е порпишано целото семејство Вилис, Румер истакна дека „Брус имал некои здравствени проблеми“ и дека му била дијагностицирана афазија, што влијаело на неговите когнитивни способности.

View this post on Instagram

A post shared by Rumer Willis (@rumerwillis)

Афазија претставува губиток или пореметување на јазичните функции, а до тоа доаѓа поради мозочно оштетување. Мозочните повреди може да бидат предизвикани од повреди на главата при сообраќајни несреќи, тумори, поради недоволно снабдување на мозокот со крв итн

The post Поради неизлечлива болест Брус Вилис се повлекува од глумата appeared first on Република.

]]>

Ќерката на Брус Вилис, Румер Вилис, преку „Инстаграм“ предмалку соопшти дека нејзиниот татко се повлекува од глумата и работата, откако му била дијагностицирана афазија. Споделувајќи фотографија од нејзиниот татко на „Инстаграм“, на која е порпишано целото семејство Вилис, Румер истакна дека „Брус имал некои здравствени проблеми“ и дека му била дијагностицирана афазија, што влијаело на неговите когнитивни способности.