Аеродром Archives - Република https://republika.mk/tema/aerodrom/ За подобро да се разбереме Sun, 03 Nov 2024 15:58:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Аеродром Archives - Република https://republika.mk/tema/aerodrom/ 32 32 Полицаец на должност во Аеродром нападнат од 43-годишен скопјанец https://republika.mk/vesti/crna-hronika/politsaets-na-dolzhnost-vo-aerodrom-napadnat-od-43-godishen-skopjanets/ Sun, 03 Nov 2024 17:33:49 +0000 https://republika.mk/?p=833810

На 02.11.2024 во 15.10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Н.(43) од Скопје, поради тоа што физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Полицаец на должност во Аеродром нападнат од 43-годишен скопјанец appeared first on Република.

]]>

На 02.11.2024 во 15.10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Н.(43) од Скопје, поради тоа што физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Полицаец на должност во Аеродром нападнат од 43-годишен скопјанец appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Канцеларијата за услуги за граѓаните значи брза и ефикасна услуга и можност за намалување на корупцијата https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-kantselarijata-za-uslugi-za-graganite-znachi-brza-i-efikasna-usluga-i-mozhnost-za-namaluvane-na-koruptsijata/ Sat, 26 Oct 2024 12:26:16 +0000 https://republika.mk/?p=831251

Навистина значаен ден за Аеродром, но и значаен ден за сите нас, бидејќи за многу кратко време почнуваме реално она за кое што зборувавме долго време да го применуваме. Техничкиот аспект од отворањето на оваа канцеларија овде го опиша и министерот, а и градоначалникот кажа колку е ова значајно за жителите на оваа општина, истакна премиерот Христијан Мицкоски.

Она што јас сакам да кажам е дека ваквите канцеларии кои кога ќе се отворат насекаде, целата територија на државата, тогаш ќе можеме да зборуваме дека конечно во Македонија имаме реална борба против корупција. И ова е во таа насока, дигитализирањето, транспарентните услуги, сето ова што се случува ја намалува можност за корупција. Знаете како беше, тоа не така одамна, кога за 500 денара требаше да ви направи некој услуга и да извадите извод од родените. Така од прилика тоа функционираше. Исто така ќе ве потсетам на сите оние гужви и понижувачки моменти за македонските граѓани, кога мораше да вадат патни исправи, лични карти, возачки дозволи, сето тоа. Сега сето тоа е минато за многу кратко време, за 4 месеца, успеавме сето тоа да го сведеме во рамките на законскиот рок - рече тој.

Мицкоски посочи дека испробале како ова тука и во суштина функционира.

Така што продолжуваме и понатаму да го испорачуваме она која што сме се обврзале пред граѓаните дека ќе го испорачаме. Но, она што мене ме прави задоволен е што конечно ќе биде целиот овој процес на користење на овој тип на услуга на неколку институции олеснет за сите граѓани низ целата територија на државата. Започнуваме оттука, еве Стефан кажа, уште неколку канцеларии, тоа што од претходната влада на СДСМ и ДУИ, е направено за 7 години, сега ќе биде направено за 7 месеци. Некако бројот 7 е симболичен. Но како и да е, продолжуваме и понатаму да работиме и да испорачуваме тоа што е наша обврска и должност. Ете уште еднаш честитам и нека се аирлија ваквите услуги и да можеме што повеќе вакви објекти да отвораме низ целата држава - рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Канцеларијата за услуги за граѓаните значи брза и ефикасна услуга и можност за намалување на корупцијата appeared first on Република.

Претседателот на Владата Мицкоски ќе присуствува на отварање на административна канцеларија за услуги за граѓаните во Општина Аеродром https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-na-vladata-mitskoski-ke-prisustvuva-na-otvarane-na-administrativna-kantselarija-za-uslugi-za-graganite-vo-opshtina-aerodrom/ Sat, 26 Oct 2024 09:59:03 +0000 https://republika.mk/?p=831166

Денеска 26.10.2024 година (сабота) во 12 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, заедно со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ќе присуствуваат на отварање на административна канцеларија за услуги за граѓаните на Општина Аеродром, соопшти владината прес служба.

Канцеларијата се наоѓа од задната страна на Т.Ц. Бисер - на 2 кат во Општина Аеродром.

Предвиденo е изјава за медиуми да даде претседателот на Владата Мицкоски.

The post Претседателот на Владата Мицкоски ќе присуствува на отварање на административна канцеларија за услуги за граѓаните во Општина Аеродром appeared first on Република.

]]>

Денеска 26.10.2024 година (сабота) во 12 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, заедно со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ќе присуствуваат на отварање на административна канцеларија за услуги за граѓаните на Општина Аеродром, соопшти владината прес служба. Канцеларијата се наоѓа од задната страна на Т.Ц. Бисер - на 2 кат во Општина Аеродром. Предвиденo е изјава за медиуми да даде претседателот на Владата Мицкоски.

The post Претседателот на Владата Мицкоски ќе присуствува на отварање на административна канцеларија за услуги за граѓаните во Општина Аеродром appeared first on Република.

]]>
„Рециклирај, донирај, подобри“ во ОУ „Александар Македонски“ https://republika.mk/vesti/skopje/retsikliraj-doniraj-podobri-vo-ou-aleksandar-makedonski/ Fri, 25 Oct 2024 14:41:45 +0000 https://republika.mk/?p=831030

Во Основното училиште „Александар Македонски“ денеска под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и придонес кон проектот „Clean AirDrom - нула цврст отпад во Општина Аеродром“.

Како што соопшти Општина Аеродром, на оваа музичко-едукативна журка настапи групата „ДНК“, чии членови се бренд-амбасадори на проектот. Тие ги споделија своите погледи за важноста на рециклирањето и донирањето како дел од нивната еколошка иницијатива и заедно со в. д. градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески им порачаа на учениците дека сите треба заеднички да се грижиме нашата општина да биде почиста и поубава за живеење.

Митески, како што се наведува, објасни дека преку вакви настани учениците се охрабруваат да станат активни учесници во проектот, со кој се стремиме да ја подигнеме свеста за одговорност кон животната средина.

Панчо од ДНК, пак, ги повика учениците да рециклираат пластични шишиња во специјалната машина поставена во училишниот двор и на тој начин индиректно да учествуваат во самофинансирањето на училиштето.

The post „Рециклирај, донирај, подобри“ во ОУ „Александар Македонски“ appeared first on Република.

]]>

Во Основното училиште „Александар Македонски“ денеска под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и придонес кон проектот „Clean AirDrom - нула цврст отпад во Општина Аеродром“. Како што соопшти Општина Аеродром, на оваа музичко-едукативна журка настапи групата „ДНК“, чии членови се бренд-амбасадори на проектот. Тие ги споделија своите погледи за важноста на рециклирањето и донирањето како дел од нивната еколошка иницијатива и заедно со в. д. градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески им порачаа на учениците дека сите треба заеднички да се грижиме нашата општина да биде почиста и поубава за живеење. Митески, како што се наведува, објасни дека преку вакви настани учениците се охрабруваат да станат активни учесници во проектот, со кој се стремиме да ја подигнеме свеста за одговорност кон животната средина. Панчо од ДНК, пак, ги повика учениците да рециклираат пластични шишиња во специјалната машина поставена во училишниот двор и на тој начин индиректно да учествуваат во самофинансирањето на училиштето.

The post „Рециклирај, донирај, подобри“ во ОУ „Александар Македонски“ appeared first on Република.

]]>
Дојава за бомба во Сараево, евакуиран целиот аеродром https://republika.mk/vesti/balkan/dojava-za-bomba-vo-saraevo-evakuiran-tseliot-aerodrom/ Fri, 25 Oct 2024 11:34:48 +0000 https://republika.mk/?p=830952

Меѓународниот аеродром во Сараево денеска е евакуиран поради закана за бомба.

Како што јави Радио Сараево, сите патници се итно евакуирани.

Истовремено, прекинати се сите летови, а во тек е и контрадиверзантска проверка која може да потрае неколку часа, пишува Дневни аваз.

По добиената анонимна дојава за наводно поставување експлозивни направи на подрачјето на меѓународниот аеродром во Сараево, надлежните служби веднаш ги презедоа сите неопходни мерки согласно важечките безбедносни протоколи. Се спроведува детален преглед. Во соработка со надлежните безбедносни агенции се обезбедува целосна безбедност на сите патници и вработени на аеродромот – се наведува во соопштението на аеродромот.

The post Дојава за бомба во Сараево, евакуиран целиот аеродром appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот аеродром во Сараево денеска е евакуиран поради закана за бомба. Како што јави Радио Сараево, сите патници се итно евакуирани. Истовремено, прекинати се сите летови, а во тек е и контрадиверзантска проверка која може да потрае неколку часа, пишува Дневни аваз. По добиената анонимна дојава за наводно поставување експлозивни направи на подрачјето на меѓународниот аеродром во Сараево, надлежните служби веднаш ги презедоа сите неопходни мерки согласно важечките безбедносни протоколи. Се спроведува детален преглед. Во соработка со надлежните безбедносни агенции се обезбедува целосна безбедност на сите патници и вработени на аеродромот – се наведува во соопштението на аеродромот.  

The post Дојава за бомба во Сараево, евакуиран целиот аеродром appeared first on Република.

]]>
Евакуиран аеродром во Англија, откажани сите летови https://republika.mk/vesti/svet/evakuiran-aerodrom-vo-anglija-otkazhani-site-letovi/ Wed, 23 Oct 2024 15:15:57 +0000 https://republika.mk/?p=830251

Аеродромот во Бирмингем е евакуиран и сите летови се прекинати денеска по дојава за сомнително возило во близина на аеродромот, јавува „Скај Њуз“.

Во објава на социјалните мрежи, аеродромот соопшти дека полицијата „моментално работи на местото на инцидентот“.

„Операциите на аеродромот во моментов се суспендирани“, се додава.

„На патниците им се препорачува да не доаѓаат на аеродромот во овој момент“.

Портпаролот на полицијата на Вест Мидлендс изјави дека е во тек евакуација по пријавите за сомнително возило.

„Ова е мерка на претпазливост за да се обезбеди безбедност на патниците и персоналот“, додаде тој.

The post Евакуиран аеродром во Англија, откажани сите летови appeared first on Република.

]]>

Аеродромот во Бирмингем е евакуиран и сите летови се прекинати денеска по дојава за сомнително возило во близина на аеродромот, јавува „Скај Њуз“. Во објава на социјалните мрежи, аеродромот соопшти дека полицијата „моментално работи на местото на инцидентот“. „Операциите на аеродромот во моментов се суспендирани“, се додава. „На патниците им се препорачува да не доаѓаат на аеродромот во овој момент“. Портпаролот на полицијата на Вест Мидлендс изјави дека е во тек евакуација по пријавите за сомнително возило. „Ова е мерка на претпазливост за да се обезбеди безбедност на патниците и персоналот“, додаде тој.

The post Евакуиран аеродром во Англија, откажани сите летови appeared first on Република.

]]>
Прегратките на аеродром се ограничуваат на 3 минути https://republika.mk/zivot/patuvanja/pregratkite-na-aerodrom-se-ogranichuvaat-na-3-minuti/ Sun, 20 Oct 2024 19:47:51 +0000 https://republika.mk/?p=829049

Новозеландскиот аеродром Данедин предизвика дебата со нов знак кој ги ограничува прегратките во полето за поаѓање на три минути, а истовремено им наложува на патниците да го користат паркингот за „посрдечно збогување“.

Директорот на аеродромот Данидин, Даниел Де Боно, говорејќи на оваа тема за новозеландското радио RNZ, рече дека аеродромите се опишани како „емотивни жаришта“ и посочи на студија која сугерира дека прегратката од 20 секунди е доволна за да предизвика излив на „љубовни хормони“ и дека побрзиот проток на патници и оние кои ги испраќаат им овозможува на повеќе луѓе да добијат повеќе прегратки, објави Си-Ен-Ен.

The post Прегратките на аеродром се ограничуваат на 3 минути appeared first on Република.

]]>

Новозеландскиот аеродром Данедин предизвика дебата со нов знак кој ги ограничува прегратките во полето за поаѓање на три минути, а истовремено им наложува на патниците да го користат паркингот за „посрдечно збогување“. Директорот на аеродромот Данидин, Даниел Де Боно, говорејќи на оваа тема за новозеландското радио RNZ, рече дека аеродромите се опишани како „емотивни жаришта“ и посочи на студија која сугерира дека прегратката од 20 секунди е доволна за да предизвика излив на „љубовни хормони“ и дека побрзиот проток на патници и оние кои ги испраќаат им овозможува на повеќе луѓе да добијат повеќе прегратки, објави Си-Ен-Ен.

The post Прегратките на аеродром се ограничуваат на 3 минути appeared first on Република.

]]>
Четворица мажи и тинејџер дивееле во Аеродром, еден од нив нападнал и полицаец https://republika.mk/vesti/crna-hronika/chetvoritsa-mazhi-i-tinejdher-diveele-vo-aerodrom-eden-od-niv-napadnal-i-politsaets/ Sun, 20 Oct 2024 16:57:44 +0000 https://republika.mk/?p=829213

Денеска во 1.10 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги уапсиле М.Ј. (55), С.Ј. (51), М.С. (52) и М.Ј. (29) сите од Скопје и Б.Ј. (19) од село Петровец, скопско, поради тоа што во еден часот на подрачјето на општина Аеродром го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија, додека лицето М.Ј. (55) и физички нападнал полициски службеник.

Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

The post Четворица мажи и тинејџер дивееле во Аеродром, еден од нив нападнал и полицаец appeared first on Република.

]]>

Денеска во 1.10 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги уапсиле М.Ј. (55), С.Ј. (51), М.С. (52) и М.Ј. (29) сите од Скопје и Б.Ј. (19) од село Петровец, скопско, поради тоа што во еден часот на подрачјето на општина Аеродром го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија, додека лицето М.Ј. (55) и физички нападнал полициски службеник. Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.  

The post Четворица мажи и тинејџер дивееле во Аеродром, еден од нив нападнал и полицаец appeared first on Република.

]]>
Аеродромoт во Нов Зеланд воведе ограничување за прегратки од три минути https://republika.mk/vesti/svet/aerodromot-vo-nov-zeland-vovede-ogranichuvane-za-pregratki-od-tri-minuti/ Sun, 20 Oct 2024 09:26:55 +0000 https://republika.mk/?p=829033

Новозеландскиот аеродром Данедин предизвика дебата ширум светот со нов знак кој ги ограничува прегратките во полето за поаѓање на три минути, а истовремено им наложува на патниците да го користат паркингот за „посрдечно збогување“.

Директорот на аеродромот Данидин, Даниел Де Боно, говорејќи на оваа тема за новозеландското радио RNZ, рече дека аеродромите се опишани како „емотивни жаришта“ и посочи на студија која сугерира дека прегратката од 20 секунди е доволна за да предизвика излив на „љубовни хормони“ и дека побрзиот проток на патници и оние кои ги испраќаат им овозможува на повеќе луѓе да добијат повеќе прегратки, објави Си-Ен-Ен.

The post Аеродромoт во Нов Зеланд воведе ограничување за прегратки од три минути appeared first on Република.

Дел од Општина Аеродром без вода https://republika.mk/zivot/servisi/del-od-opshtina-aerodrom-bez-voda-2/ Fri, 18 Oct 2024 09:20:47 +0000 https://republika.mk/?p=828377

Без вода денеска од 11 часот се дел од жителите од улицата „Ѓорѓи Капчев“, краци 1, 2, 3 и 4 во Општина Аеродром.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект на улица „Ѓорѓи Капчев“ 4/18. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. мд/дма/

The post Дел од Општина Аеродром без вода appeared first on Република.

]]>

Без вода денеска од 11 часот се дел од жителите од улицата „Ѓорѓи Капчев“, краци 1, 2, 3 и 4 во Општина Аеродром. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект на улица „Ѓорѓи Капчев“ 4/18. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. мд/дма/  

The post Дел од Општина Аеродром без вода appeared first on Република.

]]>
Скопјанец избоден пред својот стан во Аеродром https://republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanets-izboden-pred-svojot-stan-vo-aerodrom/ Sun, 29 Sep 2024 17:00:53 +0000 https://republika.mk/?p=820790

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против Н.С.(27) и М.С. (20) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело обид за убиство по член 123 во врска со член 19 од КЗ.

По добиена пријава на 15.09.2024 дека на територија на општина Аеродром во Скопје од страна на две лица му се нанесени убодни рани на Н.Г. од Скопје, преземени се мерки и активности и утврдено е дека Н.С. и М.С. го сториле кривичното дело, по што во координација со ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава, соопшти денеска МВР.

Додаваат дека од страна на судија на претходна постапка на М.С. му е одредена мерка куќен притвор од 30 дена, а за Н.С. се преземаат мерки за пронаоѓање.

На 15.09.2024 во 20.31 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, пред станот во кој живее на подрачјето на општина Аеродром, Н.Г.(25) од Скопје бил нападнат со остар предмет од Н.С. и уште две лица, а едно од лицата му се заканувало со пиштол. Н.Г. бил пренесен во приватна болница за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Скопјанец избоден пред својот стан во Аеродром appeared first on Република.

Соседи од пеколот во Аеродром: Прво ја истепале, па се искарале и со полицајците https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sosedi-od-pekolot-vo-aerodrom-prvo-ja-istepale-pa-se-iskarale-i-so-politsajtsite/ Sat, 28 Sep 2024 08:54:43 +0000 https://republika.mk/?p=820447

Во четвртокот во 19.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Н.Ц.(50) и С.М.(49).

Како што соопшти МВР, тие на подрачјето на општина Аеродром го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и затоа што претходно С.М. физички и со дрвен предмет ја нападнала соседката С.Х.(37).

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од скопската полиција.

The post Соседи од пеколот во Аеродром: Прво ја истепале, па се искарале и со полицајците appeared first on Република.

]]>

Во четвртокот во 19.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Н.Ц.(50) и С.М.(49). Како што соопшти МВР, тие на подрачјето на општина Аеродром го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и затоа што претходно С.М. физички и со дрвен предмет ја нападнала соседката С.Х.(37). По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од скопската полиција.

The post Соседи од пеколот во Аеродром: Прво ја истепале, па се искарале и со полицајците appeared first on Република.

]]>
На 1 октомври нема летови од аеродромот во Брисел https://republika.mk/vesti/svet/na-1-oktomvri-nema-letovi-od-aerodromot-vo-brisel/ Fri, 27 Sep 2024 17:31:57 +0000 https://republika.mk/?p=820385

На 1 октомври нема да има летови од аеродромот во Брисел, се вели во соопштението од аеродромот. Одлуката е донесена поради претстојниот штрајк на безбедносниот персонал.

Се очекува да бидат погодени околу 50.000 патници. Аеродромот ќе прифати само некои од планираните слетувања, објавија локалните медиуми.

The post На 1 октомври нема летови од аеродромот во Брисел appeared first on Република.

]]>

На 1 октомври нема да има летови од аеродромот во Брисел, се вели во соопштението од аеродромот. Одлуката е донесена поради претстојниот штрајк на безбедносниот персонал. Се очекува да бидат погодени околу 50.000 патници. Аеродромот ќе прифати само некои од планираните слетувања, објавија локалните медиуми.

The post На 1 октомври нема летови од аеродромот во Брисел appeared first on Република.

]]>
Аеродромец ја малтретирал сопругата со која се разведува https://republika.mk/vesti/crna-hronika/aerodromets-ja-maltretiral-soprugata-so-koja-se-razveduva/ Thu, 19 Sep 2024 17:50:20 +0000 https://republika.mk/?p=817905

Денеска (19.09.2024) во 08.45 часот во Полициската станица Аеродром бил извршен службен разговор со М.И.(40) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 16.09.2024 во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром физички ја нападнал неговата 34-годишна сопруга, со која биле во бракоразводна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Аеродромец ја малтретирал сопругата со која се разведува appeared first on Република.

25-годишен скопјанец нападнат со нож пред станот во Аеродром https://republika.mk/vesti/crna-hronika/25-godishen-skopjanets-napadnat-so-nozh-pred-stanot-vo-aerodrom/ Mon, 16 Sep 2024 15:40:14 +0000 https://republika.mk/?p=816863

Дваесет и петгодишен скопјанец синоќа бил нападнат пред станот во којшто живее на подрачјето на општина Аеродром.

Според пријавеното, момчето било нападнато со остар предмет од Н.С. и уште две лица, а едниот му се заканувал со пиштол.

Пренесен е во приватна болница за укажување помош.

The post 25-годишен скопјанец нападнат со нож пред станот во Аеродром appeared first on Република.

]]>

Дваесет и петгодишен скопјанец синоќа бил нападнат пред станот во којшто живее на подрачјето на општина Аеродром. Според пријавеното, момчето било нападнато со остар предмет од Н.С. и уште две лица, а едниот му се заканувал со пиштол. Пренесен е во приватна болница за укажување помош.  

The post 25-годишен скопјанец нападнат со нож пред станот во Аеродром appeared first on Република.

]]>
КИНСИВ ќе отвори истрага за безедносниот настан на небото над Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/kinsiv-ke-otvori-istraga-za-bezednosniot-nastan-na-neboto-nad-skopje/ Fri, 13 Sep 2024 11:11:02 +0000 https://republika.mk/?p=816028

Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) најави дека ќе отвори истрага во врска со безбедносниот настан на небото над Скопје на 7. месецов во кој е избегнат судир на два цивилни авиона.

Претседателот на КИНСИВ Зоран Илиевски за МИА изјави дека веднаш се вклучиле бидејќи станува збор за сериозен инцидент.

В понеделник влегуваме во М-НАВ и ќе ги направиме потребните разговори, ќе ги преслушаме снимките од разговорите на контролорите со пилотите на авионите, а и ќе ги погледнеме и снимките. Ние не утврдуваме вина, туку причина која довела до ваков инцидент. Исто така, ќе побараме изјави од пилотите на двата авиона преку нивните воздухопловни власти, па ќе ја информираме јавноста. Се друго во моментот ќе биде шпекулација - изјави Илиевски.

Давателот на навигациски услуги М-НАВ, претходно соопшти дека во пропишаниот рок поднесена е пријава за безбедосниот настан и отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините.

Од М-НАВ потенцираа дека таквите настани како и секаде во Европа, секогаш се навремено пријавени и процесирани од сите релевантни одделенија.

На 7 септември во 18.30 часот поднесена е пријава за безбедосен настан во пропишаниот рок од извршителите кои работеле на засегнатиот сектор. Согласно правилата и пропишаните процедури, пријавата е регистрирана од страна на одделението ИМС (Integrated Management Systems) и доставена до Агенцијата за Цивилно Воздухопловство. Исто така, согласно важечките процедури, од страна на одделението ИМС (Integrated Management Systems) отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините за настанот. Би сакале да укажеме дека ваквите настани како и секаде во Европа, секогаш се навремено пријавени и процесирани од сите релевантни одделенија, служби и институции, согласно постоечките правни процедури - наведе М-НАВ во соопштение.

Претходно и од АЦВ за МИА потврдија постапуваат по настан пријавен од Давателот на навигациски услуги М-НАВ.

Давателот на навигациски услиги М-НВ уредно го пријави настанот и АЦВ ќе постапи по истиот - изјавија од АЦВ.

Порталот СДК.мк, повикувајќи се на сајтот за следење летови Флајтрадар24, објави дека авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18.32 часот.

The post КИНСИВ ќе отвори истрага за безедносниот настан на небото над Скопје appeared first on Република.

]]>

Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) најави дека ќе отвори истрага во врска со безбедносниот настан на небото над Скопје на 7. месецов во кој е избегнат судир на два цивилни авиона. Претседателот на КИНСИВ Зоран Илиевски за МИА изјави дека веднаш се вклучиле бидејќи станува збор за сериозен инцидент.
В понеделник влегуваме во М-НАВ и ќе ги направиме потребните разговори, ќе ги преслушаме снимките од разговорите на контролорите со пилотите на авионите, а и ќе ги погледнеме и снимките. Ние не утврдуваме вина, туку причина која довела до ваков инцидент. Исто така, ќе побараме изјави од пилотите на двата авиона преку нивните воздухопловни власти, па ќе ја информираме јавноста. Се друго во моментот ќе биде шпекулација - изјави Илиевски.
Давателот на навигациски услуги М-НАВ, претходно соопшти дека во пропишаниот рок поднесена е пријава за безбедосниот настан и отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините. Од М-НАВ потенцираа дека таквите настани како и секаде во Европа, секогаш се навремено пријавени и процесирани од сите релевантни одделенија.
На 7 септември во 18.30 часот поднесена е пријава за безбедосен настан во пропишаниот рок од извршителите кои работеле на засегнатиот сектор. Согласно правилата и пропишаните процедури, пријавата е регистрирана од страна на одделението ИМС (Integrated Management Systems) и доставена до Агенцијата за Цивилно Воздухопловство. Исто така, согласно важечките процедури, од страна на одделението ИМС (Integrated Management Systems) отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините за настанот. Би сакале да укажеме дека ваквите настани како и секаде во Европа, секогаш се навремено пријавени и процесирани од сите релевантни одделенија, служби и институции, согласно постоечките правни процедури - наведе М-НАВ во соопштение.
Претходно и од АЦВ за МИА потврдија постапуваат по настан пријавен од Давателот на навигациски услуги М-НАВ.
Давателот на навигациски услиги М-НВ уредно го пријави настанот и АЦВ ќе постапи по истиот - изјавија од АЦВ.
Порталот СДК.мк, повикувајќи се на сајтот за следење летови Флајтрадар24, објави дека авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18.32 часот.

The post КИНСИВ ќе отвори истрага за безедносниот настан на небото над Скопје appeared first on Република.

]]>
Ќе се субвенцираат дестинации, а не авиокомпании: Објавен повик за нови авиолинии со променет модел за повеќе патници https://republika.mk/vesti/ekonomija/ke-se-subventsiraat-destinatsii-a-ne-aviokompanii-objaven-povik-za-novi-aviolinii-so-promenet-model-za-poveke-patnitsi/ Sat, 07 Sep 2024 06:41:16 +0000 https://republika.mk/?p=813987

Објавен е нов повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации од Мeѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за периодот 2025-2027 година, со кој субвенциите ќе се доделуваат по дестинација, а не како досега на авиокомпанија.

Финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации според редоследот: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира, како и број на седишта понудени на продажба.

Државата ќе плаќа девет евра во денарска против вредност по патник во доаѓање превезен од Меѓународен аеродром Скопје, а 12 евра во денарска против вредност по патник во доаѓање превезен од аеродромот Св. Апостол Павле - Охрид. Секоја нова дестинација за која се доделува финансиската поддршка, а ќе оперира од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид, не треба да биде опслужувана во редовен превоз во последните две ИАТА сезони.

Авиопревозникот кој е избран за корисник за финансиска поддршка е должен секоја нова дестинација воспоставена до/од аеродромите во Скопје и Охрид, за која се доделува оваа финансиска поддршка да ја опслужува најмалку два пати неделно во секоја од ИАТА сезоните според однапред утврден ред на летање, да изработи план за промоција и маркетинг на предложените дестинации, како и на секои шест месеци да доставува извештај до Министерството за транспорт.

Во рамки на тригодишната програма за оваа намена предвидени се средства во висина од 360 милиони денари. Крајниот рок за доставување на барањата за учество во постапката е 7 октомври до 10:00 часот, до кога може да се доставуваат барања во архивата на Министерството за транспорт.

Може да аплицираат сите заинтересирани авиокомпании кои поседуваат уверение за исполнување безбедносни услови за вршење на јавен воздушен превоз, имаат превезено најмалку 5 милиони патници во 2023 година и имаат остварено профит од минимум 10 милиони евра во 2023 година.

Владата пред една недела усвои сет мерки за зголемување на бројот на патници на аеродромите и најави нова тригодишна програма за финасиска поддршка што ќе стартува од 1 јануари. Зголемена е поддршката од седум евра по превезен патник од скопскиот аеродром на девет евра и од 4,5 евра на 12 евра на охридскиот аеродром по превезен патник.

Според ресорниот министер Александар Николоски, со промените во доделувањето субвенции се решава проблемот со зависност од една авиокомпанија. Токму тоа, според него, е причината за намалувањето на патници од Скопскиот и Охридскиот аеродром од над 330 илјади патници годинава поради проблемот што го има „Виз Ер“ со сопствените авиони, што на ниеден начин не е поврзан со состојбата во земјава.

Порталот „EX-YU aviation news“ неодамна објави дека нискобуџетната авиокомпанија „Виз Ер“ во четвртот квартал годинава од Скопскиот аеродром ќе го намали капацитетот за превоз на патници за 22,6 проценти, односно за 125.726 седишта помалку од минатата година. Од Охридскиот аеродром, пак, бројот на слободни места ќе се намали за 32,6 проценти или 17.858.

Како што стои во објавата, „Виз Ер“ продолжува да го намалува расположливиот капацитет на седишта на речиси сите пазари во поранешна Југославија во текот на четвртиот квартал во споредба со истиот период од минатата година. На балканскиот пазар се намалуваат 330.000 седишта.

Финансиска поддршка во авиосообраќајот во државаа се доделува од 2012 година од кога беа склучени три последователни тригодишни договори со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Виз Ер“. По основ на финансиска поддршка на „Виз Ер“ во 2012 година му се исплатени 25,6 милиони денари, во 2013 година 75,4 милиони, а 135 милиони денари во 2014 година. Во 2015. се исплатени 40 милиони, во 2016 и 2017 по околу 104 милиони денари, во 2018 година износот е 43,8 милиони, во 2019 година 66,5 милиони. Во 2020 износот на исплатени средства за субвенционирани летови е 21 милион денари, во 2021 година 10,4 милиони, а во 2022 година не се исплатени средства.

Договорот беше суспендиран во периодот додека траеше короната, поради што во 2020 и 2021 се исплаќаа средства за остварени приходи од 2019 година. Последниот од трите договори со „Виз Ер“ заврши на 1 март 2022 година, по што претходната Влада го промени моделот за финансиската поддршка отворајќи можност да се склучи договор со повеќе авиокомпамнии. По првиот неуспешен повик беше објавен нов повик и на 13 април минатата година Владата склучи договори со „Луфтханза“ за нова авиолинија од Скопје до Франкфурт и со „Виз Ер“ за летови од Скопје до Луксембург, Штутграт, Салцубург и Љубљана.

The post Ќе се субвенцираат дестинации, а не авиокомпании: Објавен повик за нови авиолинии со променет модел за повеќе патници appeared first on Република.

]]>

Објавен е нов повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации од Мeѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за периодот 2025-2027 година, со кој субвенциите ќе се доделуваат по дестинација, а не како досега на авиокомпанија. Финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации според редоследот: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира, како и број на седишта понудени на продажба. Државата ќе плаќа девет евра во денарска против вредност по патник во доаѓање превезен од Меѓународен аеродром Скопје, а 12 евра во денарска против вредност по патник во доаѓање превезен од аеродромот Св. Апостол Павле - Охрид. Секоја нова дестинација за која се доделува финансиската поддршка, а ќе оперира од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид, не треба да биде опслужувана во редовен превоз во последните две ИАТА сезони. Авиопревозникот кој е избран за корисник за финансиска поддршка е должен секоја нова дестинација воспоставена до/од аеродромите во Скопје и Охрид, за која се доделува оваа финансиска поддршка да ја опслужува најмалку два пати неделно во секоја од ИАТА сезоните според однапред утврден ред на летање, да изработи план за промоција и маркетинг на предложените дестинации, како и на секои шест месеци да доставува извештај до Министерството за транспорт. Во рамки на тригодишната програма за оваа намена предвидени се средства во висина од 360 милиони денари. Крајниот рок за доставување на барањата за учество во постапката е 7 октомври до 10:00 часот, до кога може да се доставуваат барања во архивата на Министерството за транспорт. Може да аплицираат сите заинтересирани авиокомпании кои поседуваат уверение за исполнување безбедносни услови за вршење на јавен воздушен превоз, имаат превезено најмалку 5 милиони патници во 2023 година и имаат остварено профит од минимум 10 милиони евра во 2023 година. Владата пред една недела усвои сет мерки за зголемување на бројот на патници на аеродромите и најави нова тригодишна програма за финасиска поддршка што ќе стартува од 1 јануари. Зголемена е поддршката од седум евра по превезен патник од скопскиот аеродром на девет евра и од 4,5 евра на 12 евра на охридскиот аеродром по превезен патник. Според ресорниот министер Александар Николоски, со промените во доделувањето субвенции се решава проблемот со зависност од една авиокомпанија. Токму тоа, според него, е причината за намалувањето на патници од Скопскиот и Охридскиот аеродром од над 330 илјади патници годинава поради проблемот што го има „Виз Ер“ со сопствените авиони, што на ниеден начин не е поврзан со состојбата во земјава. Порталот „EX-YU aviation news“ неодамна објави дека нискобуџетната авиокомпанија „Виз Ер“ во четвртот квартал годинава од Скопскиот аеродром ќе го намали капацитетот за превоз на патници за 22,6 проценти, односно за 125.726 седишта помалку од минатата година. Од Охридскиот аеродром, пак, бројот на слободни места ќе се намали за 32,6 проценти или 17.858. Како што стои во објавата, „Виз Ер“ продолжува да го намалува расположливиот капацитет на седишта на речиси сите пазари во поранешна Југославија во текот на четвртиот квартал во споредба со истиот период од минатата година. На балканскиот пазар се намалуваат 330.000 седишта. Финансиска поддршка во авиосообраќајот во државаа се доделува од 2012 година од кога беа склучени три последователни тригодишни договори со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Виз Ер“. По основ на финансиска поддршка на „Виз Ер“ во 2012 година му се исплатени 25,6 милиони денари, во 2013 година 75,4 милиони, а 135 милиони денари во 2014 година. Во 2015. се исплатени 40 милиони, во 2016 и 2017 по околу 104 милиони денари, во 2018 година износот е 43,8 милиони, во 2019 година 66,5 милиони. Во 2020 износот на исплатени средства за субвенционирани летови е 21 милион денари, во 2021 година 10,4 милиони, а во 2022 година не се исплатени средства. Договорот беше суспендиран во периодот додека траеше короната, поради што во 2020 и 2021 се исплаќаа средства за остварени приходи од 2019 година. Последниот од трите договори со „Виз Ер“ заврши на 1 март 2022 година, по што претходната Влада го промени моделот за финансиската поддршка отворајќи можност да се склучи договор со повеќе авиокомпамнии. По првиот неуспешен повик беше објавен нов повик и на 13 април минатата година Владата склучи договори со „Луфтханза“ за нова авиолинија од Скопје до Франкфурт и со „Виз Ер“ за летови од Скопје до Луксембург, Штутграт, Салцубург и Љубљана.

The post Ќе се субвенцираат дестинации, а не авиокомпании: Објавен повик за нови авиолинии со променет модел за повеќе патници appeared first on Република.

]]>
Општина Аеродром бара од Град Скопје итно да постави семафори на крстосницата кај ООУ „Љубен Лапе“ https://republika.mk/vesti/skopje/opshtina-aerodrom-bara-od-grad-skopje-itno-da-postavi-semafori-na-krstosnitsata-kaj-oou-luben-lape/ Tue, 03 Sep 2024 14:58:16 +0000 https://republika.mk/?p=812188

Општина Аеродром апелира до Град Скопје итно да изнајде решение и да постави соодветна сообраќајна сигнализација на крстосницата што се наоѓа на улицата „Коста Новаковиќ“ кај ООУ „Љубен Лапе“.

Станува збор за многу прометна сообраќајница каде што особено во утринските часови се создава метеж, пред почетокот на наставата, кога учениците одат пеш кон училиштето или родителите ги носат со возила во тој период од денот.

Утрово на посочената локација излегоа в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и командирот на полициската станица во Аеродром,Тони Петровски, заедно со тим од полицијата со цел да ја увидат фактичката состојба и да постават ред за безбедно одвивање на сообраќајот.

Во наредниот период на критичната точка ќе се постави полициско службено лице што ќе врши регулирање на возилата и пешаците пред почетокот на првиот училиштен час, но бидејќи станува збор за улица под надлежност на Град Скопје, потребно е да се постават семафори, со што трајно ќе се реши овој проблем.

Општина Аеродром, во соработка со МВР, вакви и слични превентивни мерки спроведува во непосредна близина на сите основни училишта, со цел учениците безбедно да стигнуваат на настава, како и да се подигне свесноста кај сите учесници во сообраќајот.

The post Општина Аеродром бара од Град Скопје итно да постави семафори на крстосницата кај ООУ „Љубен Лапе“ appeared first on Република.

]]>

Општина Аеродром апелира до Град Скопје итно да изнајде решение и да постави соодветна сообраќајна сигнализација на крстосницата што се наоѓа на улицата „Коста Новаковиќ“ кај ООУ „Љубен Лапе“. Станува збор за многу прометна сообраќајница каде што особено во утринските часови се создава метеж, пред почетокот на наставата, кога учениците одат пеш кон училиштето или родителите ги носат со возила во тој период од денот. Утрово на посочената локација излегоа в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и командирот на полициската станица во Аеродром,Тони Петровски, заедно со тим од полицијата со цел да ја увидат фактичката состојба и да постават ред за безбедно одвивање на сообраќајот. Во наредниот период на критичната точка ќе се постави полициско службено лице што ќе врши регулирање на возилата и пешаците пред почетокот на првиот училиштен час, но бидејќи станува збор за улица под надлежност на Град Скопје, потребно е да се постават семафори, со што трајно ќе се реши овој проблем. Општина Аеродром, во соработка со МВР, вакви и слични превентивни мерки спроведува во непосредна близина на сите основни училишта, со цел учениците безбедно да стигнуваат на настава, како и да се подигне свесноста кај сите учесници во сообраќајот.

The post Општина Аеродром бара од Град Скопје итно да постави семафори на крстосницата кај ООУ „Љубен Лапе“ appeared first on Република.

]]>
Истанбул го има најпрометниот аеродром во светот https://republika.mk/zivot/patuvanja/istanbul-go-ima-najprometniot-aerodrom-vo-svetot/ Fri, 30 Aug 2024 12:46:48 +0000 https://republika.mk/?p=811596

Ново истражување на авијациско-аналитичката компанија „Цириум“ (Cirium) покажа дека најдобриот и најпрометен аеродром за патнички летови во светот е „ИГА Истанбул“ во Турција. На второто место е Аеродромот во Франкфурт во Германија, а трет е „Шарл де Гол“ во францускиот главен град Париз, пишува списанието „Конде наст травелер“ (Conde Nast Traveler).

Како дел од ова истражување, анализиран е бројот директни дестинации со коишто аеродромите нудат поврзување со други места во светот. Во таа смисла, прв меѓународен аеродром е тој во Истанбул, којшто работи само шест години и веќе стана лидер со 309 директни летови до 315 дестинации, како и речиси 90 милиони патници годишно (од јануари 2024 година).

Аналитичарите посочуваат дека предноста е во местополжбата на аеродромот, во градот „мост“ меѓу Европа и Азија.

Франкфурт има директни летови до 296 летови, а парискиот аеродром – до 282 лета. Следат Аеродромот „Шипхол“ во Амстердам, Холандија, и Меѓународниот аеродром „О’Харе“ во Чикаго, САД, коишто се изедначени на четвртото место – со директни летови до 270 дестинации, а потоа следи Аеродромот во Дубаи со 269 летови.

Во првите 10 се и „Форт ворт“ во Далас, САД, (261 директен лет), „Шангај Пудонг“ во Кина (243), „Хартсфилд-Џексон“ во Атланта (237) и Аеродромот „Леонардо да Винчи Фиумичино“ во Рим, Италија (234 директни летови).

„Хитроу“ – најголемиот аеродром во Лондон, со оглед на неговата историја и отвореност од речиси 80 години и сообраќајот, долго време беше еден од најдобрите светски аеродроми, но според новото истражување тој е на 12. место. Уште еден британски аеродром, исто така во Лондон – „Гетвик“ се најде на 14. место, со 221 лет до одредени дестинации ширум светот.

The post Истанбул го има најпрометниот аеродром во светот appeared first on Република.

]]>

Ново истражување на авијациско-аналитичката компанија „Цириум“ (Cirium) покажа дека најдобриот и најпрометен аеродром за патнички летови во светот е „ИГА Истанбул“ во Турција. На второто место е Аеродромот во Франкфурт во Германија, а трет е „Шарл де Гол“ во францускиот главен град Париз, пишува списанието „Конде наст травелер“ (Conde Nast Traveler). Како дел од ова истражување, анализиран е бројот директни дестинации со коишто аеродромите нудат поврзување со други места во светот. Во таа смисла, прв меѓународен аеродром е тој во Истанбул, којшто работи само шест години и веќе стана лидер со 309 директни летови до 315 дестинации, како и речиси 90 милиони патници годишно (од јануари 2024 година). Аналитичарите посочуваат дека предноста е во местополжбата на аеродромот, во градот „мост“ меѓу Европа и Азија. Франкфурт има директни летови до 296 летови, а парискиот аеродром – до 282 лета. Следат Аеродромот „Шипхол“ во Амстердам, Холандија, и Меѓународниот аеродром „О’Харе“ во Чикаго, САД, коишто се изедначени на четвртото место – со директни летови до 270 дестинации, а потоа следи Аеродромот во Дубаи со 269 летови. Во првите 10 се и „Форт ворт“ во Далас, САД, (261 директен лет), „Шангај Пудонг“ во Кина (243), „Хартсфилд-Џексон“ во Атланта (237) и Аеродромот „Леонардо да Винчи Фиумичино“ во Рим, Италија (234 директни летови). „Хитроу“ – најголемиот аеродром во Лондон, со оглед на неговата историја и отвореност од речиси 80 години и сообраќајот, долго време беше еден од најдобрите светски аеродроми, но според новото истражување тој е на 12. место. Уште еден британски аеродром, исто така во Лондон – „Гетвик“ се најде на 14. место, со 221 лет до одредени дестинации ширум светот.  

The post Истанбул го има најпрометниот аеродром во светот appeared first on Република.

]]>
Фестивалот на комедијата „Гола месечина“ од 10 до 14 септември во паркот „Авионче“ https://republika.mk/vesti/kultura/festivalot-na-komedijata-gola-mesechina-od-10-do-14-septemvri-vo-parkot-avionche/ Thu, 29 Aug 2024 08:56:48 +0000 https://republika.mk/?p=811098

11. Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“ оваа година ќе се одржи од 10 до 14 септември во паркот „Авионче“ во скопската населба Аеродром.

Фестивалот се отвора со стендап на Антонио Ташковски и Никола Тодоровски во 20 часот. Следниот ден, на 11 септември настап има Импров група со Наталија Теодосиева, Тони Денковски, Григор Јовановски и Дамјан Цветановски. Водител е Борјан Стојков.
На 12 септември (четврток) ќе наспати Кабаре Кабает: Мирослав Петковиќ, Чедомир Митевски, Марио Поповиќ и Мишо Димитриевски. В петок, на 13 септември е стендапот со Бојан Велевски
и Бојан Кирковски, а Фестивалот завршува на 14 септември (сабота) со настап на степдап комичарите од Србија Мишо Бабиќ  и Марјан Ѓорѓиевски од Македонија.

Фестивалот „Гола Месечина“ се одржува со финансиска помош од Општина Аеродром - Скопје.

The post Фестивалот на комедијата „Гола месечина“ од 10 до 14 септември во паркот „Авионче“ appeared first on Република.

]]>

11. Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“ оваа година ќе се одржи од 10 до 14 септември во паркот „Авионче“ во скопската населба Аеродром. Фестивалот се отвора со стендап на Антонио Ташковски и Никола Тодоровски во 20 часот. Следниот ден, на 11 септември настап има Импров група со Наталија Теодосиева, Тони Денковски, Григор Јовановски и Дамјан Цветановски. Водител е Борјан Стојков. На 12 септември (четврток) ќе наспати Кабаре Кабает: Мирослав Петковиќ, Чедомир Митевски, Марио Поповиќ и Мишо Димитриевски. В петок, на 13 септември е стендапот со Бојан Велевски и Бојан Кирковски, а Фестивалот завршува на 14 септември (сабота) со настап на степдап комичарите од Србија Мишо Бабиќ  и Марјан Ѓорѓиевски од Македонија. Фестивалот „Гола Месечина“ се одржува со финансиска помош од Општина Аеродром - Скопје.

The post Фестивалот на комедијата „Гола месечина“ од 10 до 14 септември во паркот „Авионче“ appeared first on Република.

]]>