Аеродром Скопје Archives - Република https://republika.mk/tema/aerodrom-skopje/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Mar 2024 20:06:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Аеродром Скопје Archives - Република https://republika.mk/tema/aerodrom-skopje/ 32 32 Зголемен бројот на патници и летови од аеродромите во Скопје и Охрид во првите два месеци од 2024 година https://republika.mk/vesti/ekonomija/zgolemen-brojot-na-patnitsi-i-letovi-od-aerodromite-vo-skopje-i-ohrid-vo-prvite-dva-mesetsi-od-2024-godina/ Tue, 19 Mar 2024 19:52:04 +0000 https://republika.mk/?p=756420

Бројот на патници услужени на двата меѓународни аеродроми во земјава достигна 432.678 во првите два месеци од годината, што е за 39,5 насто повеќе во споредба со истиот период од минатата година, соопшти „Aeroports de Paris“ (АДП).

Според последното соопштение од „АДП“, само во февруари, бројот на патници достигнал 189.434, што е за 30,8 отсто повеќе од февруари 2023 година.

Остварениот сообраќај на аеродромите во Охрид и Скопје за првите два месеци годинава достигна 3.521 летови, што е за 34,5 проценти повеќе споредбено со истиот период лани. Само во февруари на двата аеродрома се реализирани 1.590 летови или 30,1 проценти повеќе отколку во февруари минатата година.

Инаку, компанијата „АДП“ поседува 46 проценти од акциите на компанијата „ТАВ аеродроми“, турскиот концерн што стопанисува со аеродромите во Скопје и Охрид.

The post Зголемен бројот на патници и летови од аеродромите во Скопје и Охрид во првите два месеци од 2024 година appeared first on Република.

]]>

Бројот на патници услужени на двата меѓународни аеродроми во земјава достигна 432.678 во првите два месеци од годината, што е за 39,5 насто повеќе во споредба со истиот период од минатата година, соопшти „Aeroports de Paris“ (АДП). Според последното соопштение од „АДП“, само во февруари, бројот на патници достигнал 189.434, што е за 30,8 отсто повеќе од февруари 2023 година. Остварениот сообраќај на аеродромите во Охрид и Скопје за првите два месеци годинава достигна 3.521 летови, што е за 34,5 проценти повеќе споредбено со истиот период лани. Само во февруари на двата аеродрома се реализирани 1.590 летови или 30,1 проценти повеќе отколку во февруари минатата година. Инаку, компанијата „АДП“ поседува 46 проценти од акциите на компанијата „ТАВ аеродроми“, турскиот концерн што стопанисува со аеродромите во Скопје и Охрид.

The post Зголемен бројот на патници и летови од аеродромите во Скопје и Охрид во првите два месеци од 2024 година appeared first on Република.

]]>
Денеска првиот лет меѓу Скопје и Франкфурт: „Луфтханза“ влегува на македонскиот пазар https://republika.mk/vesti/ekonomija/deneska-prviot-let-megu-skopje-i-frankfurt-lufthanza-vleguva-na-makedonskiot-pazar/ Sun, 23 Apr 2023 07:27:54 +0000 https://republika.mk/?p=633133

Со слетување на првиот авион на „Луфтханза“ на скопскиот аеродром, денеска ќе биде означен стартот на новата авиолинија Франкфурт-Скопје, како и влезот на германската авиокомпанија на македонскиот пазар.

На Меѓународниот aеродром Скопје, првиот авион од Франкфурт ќе го пречекаат министерот за транспорт и врски Благој Боварски, германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер, генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак и регионалниот директор на групацијата „Луфтханза“ Петер Пулем.

Новата авиолинија - од Скопје до Франкфурт се реализира со субвенции од Владата. „Луфтханза“ ќе лета од Скопје до Франкфурт од 23 април, десет пати неделно.

Преку Франкфурт, патниците од земјава ќе имаат можност да се поврзат со повеќе од 200 дестинации во повеќе држави во Европа и светот.

„Луфтханза“ на својата веб страница веќе ја нуди новата авиолинија до Скопје како можност за евтино, опуштено и брзо патување до Македонија.

Посетете ја Македонија, запознајте ја земјата и нејзините луѓе и посетете ги знаменитостите. Кога ќе слетате во Скопје, можете да уживате во земјата и нејзините луѓе чувствувајќи се целосно одморени. Без разлика дали станува збор за деловен состанок во Скопје или за најдобрата дестинација за одмор во Република Македонија, лет резервиран на Луфтханза секогаш ви гарантира удобно и безбедно патување од Германија до посакуваната дестинација, пишува меѓу другото на веб страницата на германскиот авиопревозник.

Покрај „Луфтханза“, договорени се и четири нови дестинации со унгарски „Визер“, од Скопје до Луксембург, Штутгарт, Салцбург и до Љубљана. „Визер“ ќе ги опслужува  четирите нови дестинации три пати неделно од 1 ноември годинава.

Финансиската поддршка за новите летови изнесува седум евра во денарска против вредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром Скопје.

„Луфтханза“ и „Визер“ за дестинацијата за која ќе добиваат финансиска поддршка ќе имаат обврска и по завршување на субвенциите да продолжат да ја оперираат линијата за период за кој добивале субвенциите. Во спротивно, ќе бидат должни да го вратат целиот износ на средства што ги добиле како финансиска поддршка. Ако компанијата добивала субвенции во рок од три години, ќе мора и по истекот на тие три години да ја оперира таа линија без државата да и плаќа на компанијата.

Субвенции за нови летови по пауза од една година 

Министерството за транспорт и врски во својот буџет годинава има предвидено 1,1 милион евра за субвенционирани летови, а вкупно пет милиони евра за тригодишната програма. Доколку се процени дека има потреба, како што најавија претходно од овој ресор до крајот на годинава, ќе биде објавен нов повик.

Државава доделува финансиска поддршка за нови летови по пауза од една година. Заклучно со 1 март лани, субвенции по овој основ добиваше унгарски „Визер“ преку три последователни договори во траење од по три години. И со тие договори важеше обврската за опслужување на линијата за која се добива субвенција и по истекот на договорот за период колку што се добивала субвенција.

Со првиот  договор за периодот 2012-2015 година  на „Визер“ му се исплатени субвенции во износ од 3,8 милиони евра, со вториот договор од 2015  до 2018 година пет милиони евра, а со третиот од 2019 до 2021 година износот по тој основ беше 1,6 милиони евра.

Авиокомпанијата Виз ер денеска објави дека како резултат на значително поголемиот обем откажани летови поради ограничувањата на патувања, наметнати како борба против ширењето на пандемијата К

Со последниот од трите договори со „Визер“ имаше субвенционирани летови од Скопскиот аеродром кон Бремен, Баден Баден, Ларнака и Турку, а од Охридскиот аеродром кон Милано, Малме, Дортмунд и Мемингем. За летовите со тој договор во 2019 година се исплатени субвенции од 66.584.935 денари, во 2020 година од 21.098.924 денари, а во 2021 година 10.475.649 денари.

Минатата година немаше исплата на субвенции, а Министерството за транспорт и врски работеше на анализа и подготви на нов модел за субвенционирање со којшто првпат се овозможи да бидат избрани повеќе авиокомпании за субвенции, а не само една како што беше во претходниот период. На 20 декември лани беше распишан тендер за доделување субвенции, но беше поништен бидејќи Комисијата за евалуација констатираше дека авиокомпаниите што аплицираа „Визер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс не ја доставиле пропишаната комплетна документација

Од Министерството за транспорт и врски велат дека меѓусебните обврски помеѓу државата и „Визер“ согласно последниот договор што беше склучен  на 14 јануари 2019 година се исполнети, како во однос на исплатата на средствата, така и во однос на опслужувањето на линиите за кои авиопревозникот добиваше субвенции. „Визер“ ги опслужува линиите од постојниот ред на летање целосно комерцијално без субвенции.

Дестинациите кон кои оперира овој авиопревозник со летниот ред на летање од Скопје се: Будимпешта, Сандефјорд, Стокхолм, Гетеборг, Малме, АјндховенБриселПаризДортмундКелн,  ФридрихсхафенМемимгенФранккфурт ХанБазелНирнбергБерлинМиланоХамбургТревизоБременБратиславаРимВаџо, Баден БаденМалта, Базел и Болоња,  а од Охрид кон  Базел, Меминген, Дортмунд, Виена, Малме. „Визер УК“ пак опслужува линијата Скопје – Лондон, а „Визер Малта“ линијата Виена - Охрид.

Од аеродромите во Скопје и во Охрид во летниот ред на летање се и авиокомпаниите Аустријан Ерлајнс (Скопје - Виена), Ер Србија (Скопје-Белград и Охрид – Белград), Кроација Ерлјанс (Скопје-Загреб и Скопје – Сплит), Туркиш Ерлајнс (Скопје - Истанбул), Еделвајс  (Скопје – Цирих), Пегасус ерлајнс (Скопје – Истанбул и Скопје – Измир),  Чер Ерлајнс (Скопје – Цирих и Охрид – Цирих), Ејџиан Ерлајнс (Скопје – Атина),  Лот Полиш Ерлајнс (Скопје - Варшава) Изи Џет (Женева - Скопје), Норвежијан Ер (Осло – Скопје),  Сан Експрес Ерлајнс (Скопје – Анталија и Скопје – Измир) и Ер Каиро (Скопје – Хургада). 

The post Денеска првиот лет меѓу Скопје и Франкфурт: „Луфтханза“ влегува на македонскиот пазар appeared first on Република.

]]>

Со слетување на првиот авион на „Луфтханза“ на скопскиот аеродром, денеска ќе биде означен стартот на новата авиолинија Франкфурт-Скопје, како и влезот на германската авиокомпанија на македонскиот пазар. На Меѓународниот aеродром Скопје, првиот авион од Франкфурт ќе го пречекаат министерот за транспорт и врски Благој Боварски, германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер, генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак и регионалниот директор на групацијата „Луфтханза“ Петер Пулем. Новата авиолинија - од Скопје до Франкфурт се реализира со субвенции од Владата. „Луфтханза“ ќе лета од Скопје до Франкфурт од 23 април, десет пати неделно. Преку Франкфурт, патниците од земјава ќе имаат можност да се поврзат со повеќе од 200 дестинации во повеќе држави во Европа и светот. „Луфтханза“ на својата веб страница веќе ја нуди новата авиолинија до Скопје како можност за евтино, опуштено и брзо патување до Македонија.
Посетете ја Македонија, запознајте ја земјата и нејзините луѓе и посетете ги знаменитостите. Кога ќе слетате во Скопје, можете да уживате во земјата и нејзините луѓе чувствувајќи се целосно одморени. Без разлика дали станува збор за деловен состанок во Скопје или за најдобрата дестинација за одмор во Република Македонија, лет резервиран на Луфтханза секогаш ви гарантира удобно и безбедно патување од Германија до посакуваната дестинација, пишува меѓу другото на веб страницата на германскиот авиопревозник.
Покрај „Луфтханза“, договорени се и четири нови дестинации со унгарски „Визер“, од Скопје до Луксембург, Штутгарт, Салцбург и до Љубљана. „Визер“ ќе ги опслужува  четирите нови дестинации три пати неделно од 1 ноември годинава. Финансиската поддршка за новите летови изнесува седум евра во денарска против вредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром Скопје. „Луфтханза“ и „Визер“ за дестинацијата за која ќе добиваат финансиска поддршка ќе имаат обврска и по завршување на субвенциите да продолжат да ја оперираат линијата за период за кој добивале субвенциите. Во спротивно, ќе бидат должни да го вратат целиот износ на средства што ги добиле како финансиска поддршка. Ако компанијата добивала субвенции во рок од три години, ќе мора и по истекот на тие три години да ја оперира таа линија без државата да и плаќа на компанијата.

Субвенции за нови летови по пауза од една година 

Министерството за транспорт и врски во својот буџет годинава има предвидено 1,1 милион евра за субвенционирани летови, а вкупно пет милиони евра за тригодишната програма. Доколку се процени дека има потреба, како што најавија претходно од овој ресор до крајот на годинава, ќе биде објавен нов повик. Државава доделува финансиска поддршка за нови летови по пауза од една година. Заклучно со 1 март лани, субвенции по овој основ добиваше унгарски „Визер“ преку три последователни договори во траење од по три години. И со тие договори важеше обврската за опслужување на линијата за која се добива субвенција и по истекот на договорот за период колку што се добивала субвенција. Со првиот  договор за периодот 2012-2015 година  на „Визер“ му се исплатени субвенции во износ од 3,8 милиони евра, со вториот договор од 2015  до 2018 година пет милиони евра, а со третиот од 2019 до 2021 година износот по тој основ беше 1,6 милиони евра. Авиокомпанијата Виз ер денеска објави дека како резултат на значително поголемиот обем откажани летови поради ограничувањата на патувања, наметнати како борба против ширењето на пандемијата К Со последниот од трите договори со „Визер“ имаше субвенционирани летови од Скопскиот аеродром кон Бремен, Баден Баден, Ларнака и Турку, а од Охридскиот аеродром кон Милано, Малме, Дортмунд и Мемингем. За летовите со тој договор во 2019 година се исплатени субвенции од 66.584.935 денари, во 2020 година од 21.098.924 денари, а во 2021 година 10.475.649 денари. Минатата година немаше исплата на субвенции, а Министерството за транспорт и врски работеше на анализа и подготви на нов модел за субвенционирање со којшто првпат се овозможи да бидат избрани повеќе авиокомпании за субвенции, а не само една како што беше во претходниот период. На 20 декември лани беше распишан тендер за доделување субвенции, но беше поништен бидејќи Комисијата за евалуација констатираше дека авиокомпаниите што аплицираа „Визер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс не ја доставиле пропишаната комплетна документација Од Министерството за транспорт и врски велат дека меѓусебните обврски помеѓу државата и „Визер“ согласно последниот договор што беше склучен  на 14 јануари 2019 година се исполнети, како во однос на исплатата на средствата, така и во однос на опслужувањето на линиите за кои авиопревозникот добиваше субвенции. „Визер“ ги опслужува линиите од постојниот ред на летање целосно комерцијално без субвенции. Дестинациите кон кои оперира овој авиопревозник со летниот ред на летање од Скопје се: Будимпешта, Сандефјорд, Стокхолм, Гетеборг, Малме, АјндховенБриселПаризДортмундКелн,  ФридрихсхафенМемимгенФранккфурт ХанБазелНирнбергБерлинМиланоХамбургТревизоБременБратиславаРимВаџо, Баден БаденМалта, Базел и Болоња,  а од Охрид кон  Базел, Меминген, Дортмунд, Виена, Малме. „Визер УК“ пак опслужува линијата Скопје – Лондон, а „Визер Малта“ линијата Виена - Охрид. Од аеродромите во Скопје и во Охрид во летниот ред на летање се и авиокомпаниите Аустријан Ерлајнс (Скопје - Виена), Ер Србија (Скопје-Белград и Охрид – Белград), Кроација Ерлјанс (Скопје-Загреб и Скопје – Сплит), Туркиш Ерлајнс (Скопје - Истанбул), Еделвајс  (Скопје – Цирих), Пегасус ерлајнс (Скопје – Истанбул и Скопје – Измир),  Чер Ерлајнс (Скопје – Цирих и Охрид – Цирих), Ејџиан Ерлајнс (Скопје – Атина),  Лот Полиш Ерлајнс (Скопје - Варшава) Изи Џет (Женева - Скопје), Норвежијан Ер (Осло – Скопје),  Сан Експрес Ерлајнс (Скопје – Анталија и Скопје – Измир) и Ер Каиро (Скопје – Хургада). 

The post Денеска првиот лет меѓу Скопје и Франкфурт: „Луфтханза“ влегува на македонскиот пазар appeared first on Република.

]]>
Маглата го отежнува авионскиот сообраќај, одложени и откажани летови од скопскиот аеродром https://republika.mk/vesti/ekonomija/maglata-go-otezhnuva-avionskiot-soobrakaj-odlozheni-i-otkazhani-letovi-od-skopskiot-aerodrom/ Mon, 02 Jan 2023 12:41:45 +0000 https://republika.mk/?p=592777

Маглата во Скопје го отежнува авионскиот и патниот сообраќај. Дел од летовите на Меѓународниот аеродром во Скопје се откажани или одложени. Поради маглата намалена и видливоста и на неколку патни правци низ државата.

Според информациите на веб страницата на Меѓународниот аеродром, откажани се летовите од Бремен и Дортмунд, а одложен е летот од Истанбул. Единствено, на скопскиот аеродром слетал авионот од Виена. За околу четири часа е одложено и полетувањето за Истанбул и за околу 50 минути летот за Лондон.

Во делот на патниот сообраќај, Авто мото сојузот на Македонија утринава информираше дека намалена видливост има на неколку патни правци во државата. Намалена видливост до 40 м има на патните правци Тетово – Групчин и Кочани-Виница-Македонска Каменица, а видливост од 50м до 100м на патните правци Битола-Прилеп,Скпје-Кумануво,Скопје-Велес , Велес-Катланово и Кочани-Штип.

The post Маглата го отежнува авионскиот сообраќај, одложени и откажани летови од скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>

Маглата во Скопје го отежнува авионскиот и патниот сообраќај. Дел од летовите на Меѓународниот аеродром во Скопје се откажани или одложени. Поради маглата намалена и видливоста и на неколку патни правци низ државата. Според информациите на веб страницата на Меѓународниот аеродром, откажани се летовите од Бремен и Дортмунд, а одложен е летот од Истанбул. Единствено, на скопскиот аеродром слетал авионот од Виена. За околу четири часа е одложено и полетувањето за Истанбул и за околу 50 минути летот за Лондон. Во делот на патниот сообраќај, Авто мото сојузот на Македонија утринава информираше дека намалена видливост има на неколку патни правци во државата. Намалена видливост до 40 м има на патните правци Тетово – Групчин и Кочани-Виница-Македонска Каменица, а видливост од 50м до 100м на патните правци Битола-Прилеп,Скпје-Кумануво,Скопје-Велес , Велес-Катланово и Кочани-Штип.

The post Маглата го отежнува авионскиот сообраќај, одложени и откажани летови од скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>