Аџибадем Систина Archives - Република https://republika.mk/tema/adzibadem-sistina/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Jul 2024 13:50:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Аџибадем Систина Archives - Република https://republika.mk/tema/adzibadem-sistina/ 32 32 Успешно отстранет голем тумор на мозок кај 43-годишен пациент во „Аџибадем Систина“, прва ваква операција во Македонија https://republika.mk/zivot/zdravje/uspeshno-otstranet-golem-tumor-na-mozok-kaj-43-godishen-patsient-vo-adhibadem-sistina-prva-vakva-operatsija-vo-makedonija/ Tue, 02 Jul 2024 13:50:00 +0000 https://republika.mk/?p=792813

Медицинскиот тим предводен од проф. д-р Слободан Дамјановски, специјалист по неврохирургија и д-р мед. науки Миленко Костов, специјалист по неврохирургија, успешно ја изведе интервенцијата за отстранување на голем интракранијален тумор кај 43-годишен пациент, кој се наоѓал на базата на черепот, а притоа во него биле засегнати каротидната артерија и тригеминалниот нерв, соопштија од клиничката болница „Аџибадем Систина“ во Скопје.

Пациентот повеќе од 6 месеци имал изразити симптоми со трнење на десната половина на лицето и неможност за нормално движење на вилицата.

Како што објаснуваат од болницата, процедурата е изведена со помош на најсовремен неврохируршки микроскоп „Kinevo 900“ и флуоресцинско боење, а со претходна подготовка и под контрола на невронавигација.

Првпат во земјава при ваков тип интервенција се употреби флуоресцинско боење и невронавигација. Тоа е метода при која со давање посебен тип контраст предоперативно се добива туморско пребојување видливо само со овој тип микроскоп, што, пак, овозможува целосно отстранување на туморското ткиво и воедно препознавање на маргините на здравото мозочно ткиво. Овие процедури ја направија интервенцијата максимално безбедна и овозможија целосно отстранување на туморот без засегање на околните витални мозочни  структури. Оперираниот пациент беше пуштен на домашно лекување во добра општа состојба со повлекување на симптоматологијата, вели д-р Миленко Костов, специјалист по неврохирургија.

Со примената на оваа современа технологија се овозможува прецизност, директно насочување кон супстратот, помала траума на мозочното ткиво и целосна способност да се избегне оштетување на здравото мозочно ткиво, а на пациентите им се овозможува побрзо целосно закрепнување и враќање на секојдневните активности.

slika pr

НАЈСОВРЕМЕН МИКРОХИРУРШКИ МИКРОСКОП „KINEVO 900“

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ неврохируршките операции се изведуваат со помош на најсовремен неврохируршки микроскоп „Kinevo 900“, кој дава максимална прецизност и детална тридимензионална слика на оперативното поле, а  истиот апарат нуди можност да се изведуваат и ендоскопски-егзоскопски процедури.

slika pr

Секоја хируршка интервенција, особено неврохируршката, е ризична интервенција бидејќи може да настанат ненамерни оштетувања на нервните структури. Микроскопот ‘Kinevo 900’ овозможува добро осветлување, одлично зголемување на видното поле, со што се овозможува подобра заштита на нервното ткиво,  вели д-р Костов.

Ваков тип микроскоп е специфичен само за високопрофилирани неврохируршки установи, кој континуирано може да се надградува, што го прави единствен и најдобар во земјава и регионот.

The post Успешно отстранет голем тумор на мозок кај 43-годишен пациент во „Аџибадем Систина“, прва ваква операција во Македонија appeared first on Република.

]]>

Медицинскиот тим предводен од проф. д-р Слободан Дамјановски, специјалист по неврохирургија и д-р мед. науки Миленко Костов, специјалист по неврохирургија, успешно ја изведе интервенцијата за отстранување на голем интракранијален тумор кај 43-годишен пациент, кој се наоѓал на базата на черепот, а притоа во него биле засегнати каротидната артерија и тригеминалниот нерв, соопштија од клиничката болница „Аџибадем Систина“ во Скопје. Пациентот повеќе од 6 месеци имал изразити симптоми со трнење на десната половина на лицето и неможност за нормално движење на вилицата. Како што објаснуваат од болницата, процедурата е изведена со помош на најсовремен неврохируршки микроскоп „Kinevo 900“ и флуоресцинско боење, а со претходна подготовка и под контрола на невронавигација.
Првпат во земјава при ваков тип интервенција се употреби флуоресцинско боење и невронавигација. Тоа е метода при која со давање посебен тип контраст предоперативно се добива туморско пребојување видливо само со овој тип микроскоп, што, пак, овозможува целосно отстранување на туморското ткиво и воедно препознавање на маргините на здравото мозочно ткиво. Овие процедури ја направија интервенцијата максимално безбедна и овозможија целосно отстранување на туморот без засегање на околните витални мозочни  структури. Оперираниот пациент беше пуштен на домашно лекување во добра општа состојба со повлекување на симптоматологијата, вели д-р Миленко Костов, специјалист по неврохирургија.
Со примената на оваа современа технологија се овозможува прецизност, директно насочување кон супстратот, помала траума на мозочното ткиво и целосна способност да се избегне оштетување на здравото мозочно ткиво, а на пациентите им се овозможува побрзо целосно закрепнување и враќање на секојдневните активности.
slika pr

НАЈСОВРЕМЕН МИКРОХИРУРШКИ МИКРОСКОП „KINEVO 900“

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ неврохируршките операции се изведуваат со помош на најсовремен неврохируршки микроскоп „Kinevo 900“, кој дава максимална прецизност и детална тридимензионална слика на оперативното поле, а  истиот апарат нуди можност да се изведуваат и ендоскопски-егзоскопски процедури.
slika pr
Секоја хируршка интервенција, особено неврохируршката, е ризична интервенција бидејќи може да настанат ненамерни оштетувања на нервните структури. Микроскопот ‘Kinevo 900’ овозможува добро осветлување, одлично зголемување на видното поле, со што се овозможува подобра заштита на нервното ткиво,  вели д-р Костов.
Ваков тип микроскоп е специфичен само за високопрофилирани неврохируршки установи, кој континуирано може да се надградува, што го прави единствен и најдобар во земјава и регионот.

The post Успешно отстранет голем тумор на мозок кај 43-годишен пациент во „Аџибадем Систина“, прва ваква операција во Македонија appeared first on Република.

]]>
Николија е уште една жртва на трулиот здравствен систем: На денот на смртта ми пиша директориката на Детска клиника https://republika.mk/zivot/zdravje/nikolija-e-ushte-edna-zrtva-na-truliot-zdravstven-sistem-na-denot-na-smrtta-mi-pisha-direktorikata-na-detska-klinika/ Mon, 22 Aug 2022 13:10:14 +0000 https://republika.mk/?p=542869

Потресно отворено писмо од мајка која го губи детето талкајќи за лекот по болничките лавиринти во Македонија.

Малата Николија својот кус живо го минува по болниците, од операција на операција, од инфузија на инфузија, од „нормално е“ до „ќе се среди“, а умра од Хиршспрунгова болест, најтешката вродена маана на црева, која се оперира во првите 20 дена од животот на бебето.

Требаше и можеше да се открие уште првиот пат кога лежевме на Детска клиника. Тоа беше нивна задача да се досиледи состојбата, а бев дома испуштена соуредна отпусна листа. Николија таа операција ја имаше на 7 месеци, само 1 месец после операцијата на срце. Огромниот стомак притисна на срцето и тоа престана да чука, ја реанимираа и мораше да оди директно во сала. За време на операцијата се извади дел од нејзиното дебело црево на кое имало дупка од толку страдање низ која се излеваа фецес и бактерии во крвта, тука се потврди дека доаѓаат бактериите од таму. Во многу критична состојба беше вратена на интензивна нега каде што никако не успеваше да излезе од кризата,ниту од сепсата. По 9 дена ми се јавија да одиме да ја видиме зошто состојбата драстично се влошила. Кога појдов, ќерка ми беше модра и со жолти очи. Беше будна но како да не беше тука. Знаев дека е крај. СО СВОИ РАЦЕ ДЕТЕТО СИ ГО СТАВИВ ВО КОВЧЕГ И ГО ПОГРЕБАВ. НА ДЕНОТ НА СМРТТА НА МОЕТО ДЕТЕ ми пиша директорката на Детска клиника, не дозволувала клевети и лаги, пишува Верица Папакоча Каракулева.

Во писмото, како што пишува, Верица на јавноста ѝ ја доближува вистината за македонското здравство. На сите кои на своите лажни и купени дипломи го носат трулиот здравствен систем им порачува секој крик на родител и детски плач да им ѕвониво ушите и да ги мачи до последниот здив.

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНСКОТО ЗДРАВСТВО.
Сите кои ми се блиски знаат дека Николија беше медицински комплексно дете и беше потребно на неа да се обрне повеќе внимание од секој аспект. После 2 недели од нејзиното раѓање бевме испратени во Клиниката за Детски Болести во Скопје за доиследување на нејзината состојба, каде што се откри дека таа има вродена срцева маана, вентрикуларен септален дефект и атриален септален дефект, за кои ми беше кажано дека е потребна операција. Поради целокупната состојба на моето дете потребни беа повеќе испитувања за да се утврди дека таа нема друг проблем. Во таа една недела додека лежевме во болница беше направено ехо на абдомен, ехо на централен нервен систем и рентген на уринарните делови, како и ехото на срце кое ја потврди срцевата маана. Забележав дека после цели 2 недели од нејзиното раѓање, таа сеуште исфрлаше мекониум. Мекониум е првата столица на бебињата, која се исфрла во првите 24 часа од раѓањето на бебето. Кога прашав ми беше даден одговор дека можеби во болницата во Прилеп не ја хранеле доволно или имала проблеми со пиењето млеко па затоа сеуште не го имала исфрлено. Наредниот ден таа доби нормална столица, но со многу не дигестирани парченца млеко, што е нормално да го има во мала количина,но не толку колку што имаше кај неа, за кое исто ми беше кажано дека е нормално.
Кога се правеше ехото на абдомен, докторката забележа нешто и го праша докторот кој седеше до неа, цитирам:
"Докторе што е ова?" На што тој и одговори "Фекалии се тоа, ќе пројде,ќе го искака нормално е".
Исто така во неколку наврати, таа поврати во млаз, што не е рефлукс и не е нешто што би требало да се занемари,а и за тоа беа известени и сестра беше викната кога нагло поврати.
Бевме испуштени дома со сите уредни наоди,во отпусното писмо пишуваше да се преземат мерки за рефлукс, но нејзиното обилно повраќање продолжуваше.
По 1 недела бевме хоспитализирани во детската болницата за респираторни болести Козле поради Ковид 19, каде што беше измерена и ми беше кажано дека не напредува во тежина,после третиот ден во столицата на Николија имаше крв и слуз. Направија само тестови копрокултура и тест за алергија на кравји протеин зошто ја дохранував со АД формула (тестови што не се секогаш точни, точен тест за алергија кај бебе се прави после наполнети 9 месеци до година) кои покажаа мало покачување и беше дијагностицирана алергија на кравји протеин, ми беше кажано да го сменам млекото со хидролизирано млеко, но нејзините столици сеуште беа исти и сеуште имаше обилно повраќање, планираа да бидеме пуштени бидејќи лекувањето за Ковид заврши, но во меѓувреме таа доби уринарна бактерија и поради идиотскиот однос на докторките и сестрите во болницата решив да се потпишам и да си одам и терапијата за бактерија да ја прими во Прилеп. Од како дојдовме, ги сменив сите млека кои постојат од хидролизати, со надеж дека ќе се среди, но таа сеуште не напредуваше во тежина и сеуште имаше исти столици. Постојано имав мисла дека не е само алергија и во последните 7 месеци постојано бев во Скопје на Детска Клиника каде што им кажував за состојбата но беа правени само амбулантски прегледи и не бевме хоспитализирани ниту еднаш, ниту па се имаше направено некое подетално испитување, во извештаите пишува да се направи ревизија на млекото во Плодност,ЗАМИСЛЕТЕ ВО ПЛОДНОСТ КОЈА Е ПРИВАТНА БОЛНИЦА, а мене државното здравство ми е бесплатно за детето до 1 година, во болницата во Прилеп каде што кога и да отидев коментарите беа "А сега зошто ја донесе" , "Ти постојано идиш ние на детево незнајме шо да му прајме", "Зошто не го однесиш детето во Скопје", поради тоа што не сакаше воопшто да пие млеко морав да и ја држам устата отворена и да и давам со сила со шприц додека плачеше на цел глас и и се појавуваа дамки на лицето од држењето, од преголем притисок на очите од плачење и се појавија црвени подкожни изливања,барав да се намести нозогастрична сонда за да не се мачи-не наместија,не сакаа,а додека лежевме кај нив постојано ја слушаа како пишти на цел глас и ме гледаа мене како со сите сили пробував да ја нахранам,во Плодност, каде што исто беше направен уште еден алерго тест и крвна слика, каде што докторката кажа дека на ехото не ја гледа храната во нејзиното дебело црево и дека е отечено, каде што исто добив одговор дека млекото е проблем. Го сменивме со млеко кое едвај се најдува, е пре скапо и не содржи воопшто кравји протеини, симптомите пак беа исти. На докторката која нема да ја именувам и пишав пак на вибер за состојбата и и се јавив на телефон но таа престана да ми крева и да ми одговара на пораките, а предходно ми одговараше. Прегледите за срце се одвиваа во клиничката болница Аџибадем Систина, каде што и се направи операцијата и беше успешна. Додека одевме на прегледи таму, побарав да се видам со гастроентерохепатолог кој ја прегледа во ургентен центар, но бидејќи немавме закажано преглед подетални испитувања не беа направени,ни даде само совет за исхрана. Одкако едвај ја добив докторката од Плодност на телефон, ми кажа дека тоа било нормално и дека на цревата им било потребно време да се опорават и заради тоа сеуште симптомите се исти, но мене сеуште ме загрижуваше нејзиното не напредување во тежина, напредуваше по 150-200 грама месечно.
Прашував,викаа од срцето не напредувала и да ја носам повторно на прегледи.
Пред операцијата на срце повторно побарав да закажам преглед во систина кај гастроентерохепатолог но, докторката беше на одмор.
Операцијата на срце помина успешно, но докторите на интензивна нега во Систина го приметија проблемот со стомакот и постојано бараа одговор. Се најде, но прекасно по заслуга на нашето македонско здравство. Нејзината состојба после операцијата на срце беше постојано во промена. Доби сепса, се лекуваше, па уште една бактерија и на крај се случи застој во цревата. Стомакот и беше огромен,се сомневаа на Некротизирачки Ентероколитис кој е многу сериозна и живото загрозувачка состојба. Јас ги презирав докторите во Систина,мислејќи дека бактериските инфекции доаѓаат од кај нив,барав детето да се префрли на клиника за да се спаси зошто мислев дека на одделот имаат епидемија на бактерии и и пишував на директорката од клиника кудејќи ги нив,мислејќи дека ќе ми го умрат детето и дека сето ова доаѓа поради тоа што таму не водат доволно хигиенска грижа за пациентите. После направени подетални испитувања се откри дека не се работи за тоа ,туку за Хиршспрунгова болест, и тука сфатив дека Клиника се криви. Тоа е НАЈТЕШКАТА ВРОДЕНА МААНА НА ЦРЕВА, која се оперира во првите 20 дена од животот на бебето КОЈА ТРЕБАШЕ И МОЖЕШЕ ДА СЕ ОТКРИЕ УШТЕ ПРВИОТ ПАТ КОГА ЛЕЖЕВМЕ НА ДЕТСКА КЛИНИКА, ТОА БЕШЕ НИВНА ЗАДАЧА ДА СЕ ДОИСЛЕДИ СОСТОЈБАТА А БЕВ ДОМА ИСПУШТЕНА СО УРЕДНА ОТПУСНА ЛИСТА. Николија таа операција ја имаше на 7 месеци, само 1 месец после операцијата на срце. Огромниот стомак притисна на срцето и тоа престана да чука, ја реанимираа и мораше да оди директно во сала. За време на операцијата се извади дел од нејзиното дебело црево на кое имало дупка од толку страдање низ која се излеваа фецес и бактерии во крвта,тука се потврди дека доаѓаат бактериите од таму. Во многу критична состојба беше вратена на интензивна нега каде што никако не успеваше да излезе од кризата,ниту од сепсата. По 9 дена ми се јавија да одиме да ја видиме зошто состојбата драстично се влошила. Кога појдов, ќерка ми беше модра и со жолти очи. Беше будна но како да не беше тука. Знаев дека е крај. СО СВОИ РАЦЕ ДЕТЕТО СИ ГО СТАВИВ ВО КОВЧЕГ И ГО ПОГРЕБАВ. НА ДЕНОТ НА СМРТТА НА МОЕТО ДЕТЕ ми пиша директорката на Детска Клиника, не дозволувала клевети и лаги.
КАКВИ ЛАГИ??? СИТЕ ИЗВЕШТАИ ГИ ЧУВАМ ГОСПОЃО, НА СИТЕ НИВ ПИШУВА ДЕКА ДЕТЕТО КАКА КРВ И СЛУЗ И ДА СЕ ПРАВАТ КОПРОКУЛТУРИ И УРИНОКУЛТУРИ. ПРАШАЈ СИ ГИ ВРАБОТЕНИТЕ КОЛКУ ГИ МОЛЕВ ДА МЕ ХОСПИТАЛИЗИРААТ НА ГАСТРО!! Сето ова почна да дава поголеми симптоми сега поради тоа што имунитетот на децата е многу слаб после операција на срце, или било која друга операција. Дотичната ми пиша дека не сум била на преглед од кога детето ми имало 4-5 месеци.Јас и еднаш да сум била задачата на твоите вработени е да најдат,да откријат и да го решат проблемот. Ти со ова сакаш да ми кажиш дека јас доволно грижа не сум водела за моето дете? Не,јас направив се за неа и затоа мирна ми е душата кога ќе си легнам навечер иако ме боли,а ти како спиеш??? ЕВЕ ТИ ГО ОДГОВОРОТ. ПОСЛЕ ПОСТОЈАНОТО ШЕТАЊЕ ПО БОЛНИЦИ БЕВМЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ ВО ПРИЛЕП ПАК ЗА БАКТЕРИСКА ИНФЕКЦИЈА,ПРЕД ДА ОДАМ КАЈ НИВ ЗА ПРИЕМ,ДОЈДОВ ПАК НА ДЕТСКА КЛИНИКА ВО АМБУЛАНТА И ПАК МЕ ПРАТИЈА ДОМА СО ДЕТЕТО КОЕ ИМАШЕ ЦРП 62,ТРОМБОЦИТИ ВО ТАВАН И САМО 1 ЕРИТРОЦИТ,МИ РЕКОА "НИЕ И СО ЦРП 150 ДОМА ГИ ИСПУШТАМЕ,НЕ БЕРИ ГАЈЛЕ"! ОД ПРИЛЕП ИСТО СЕ ЈАВИЈА ВО СКОПЈЕ КАЈ ВАС И ПОБАРАА ДА БИДЕМЕ ТРАНСПОРТИРАНИ ПОРАДИ СТОЛИЦИТЕ,НЕ НАПРЕДУВАЊЕТО ВО ТЕЖИНА И ОГРОМНИОТ СТОМАК, ТИЕ НЕ ПРИФАТИЈА И ИМ РЕКОА ДА СЕ НАПРАВИ ЕХО ВО ПРИЛЕП,КАДЕ ШТО ТАА ИМАШЕ МАЛ НАПРЕДОК, НАЈВЕРОЈАТНО ЗАРАДИ АНТИБИОТИЦИТЕ ШТО ГИ ПРИМАШЕ. ПО КРАТКО ВРЕМЕ ОД ИСПУШТАЊЕТО ОД БОЛНИЦА НИ СЕ ЈАВИЈА ДА ОДИМЕ ЗА ОПЕРАЦИЈАТА НА СРЦЕ ,ТАА ТОГАШ ИМАШЕ 5ИПОЛ МЕСЕЦИ.6тиот и 7миот месец ги помина во болница,поради операциите и компликации,ете затоа немав дојдено. И покрај примени 5 ампули имуноглобулин кој е најскап лек на пазарот таа повторно немаше антитела за да се бори. ДЕТЕТО МИ УМРЕ ПОРАДИ ТРУЛИОТ СИСТЕМ И ПОРАДИ ТОА ШТО НЕМАМЕ ЗДРАВСТВО. ПОРАДИ ТОА ШТО НЕМАМЕ ДОКТОРИ И ДИПЛОМИТЕ ГИ ЗЕМААТ СО МИТО И ПОЧАСТЕНА ВЕЧЕРА. АКО НЕМА СУД И ЗДРАВСТВО, ЕДНО ЗНАМ ДЕКА ИМА. ИМА ГОСПОД И ТОЈ ЌЕ ВИ СУДИ. СЕКОЈ КРИК НА РОДИТЕЛ И ДЕТСКИ ПЛАЧ ЌЕ ВИ SВОНИ ВО УШИТЕ И ЌЕ ВЕ МАЧИ ДО ПОСЛЕДНИОТ ЗДИВ!

The post Николија е уште една жртва на трулиот здравствен систем: На денот на смртта ми пиша директориката на Детска клиника appeared first on Република.

]]>

Потресно отворено писмо од мајка која го губи детето талкајќи за лекот по болничките лавиринти во Македонија. Малата Николија својот кус живо го минува по болниците, од операција на операција, од инфузија на инфузија, од „нормално е“ до „ќе се среди“, а умра од Хиршспрунгова болест, најтешката вродена маана на црева, која се оперира во првите 20 дена од животот на бебето.
Требаше и можеше да се открие уште првиот пат кога лежевме на Детска клиника. Тоа беше нивна задача да се досиледи состојбата, а бев дома испуштена соуредна отпусна листа. Николија таа операција ја имаше на 7 месеци, само 1 месец после операцијата на срце. Огромниот стомак притисна на срцето и тоа престана да чука, ја реанимираа и мораше да оди директно во сала. За време на операцијата се извади дел од нејзиното дебело црево на кое имало дупка од толку страдање низ која се излеваа фецес и бактерии во крвта, тука се потврди дека доаѓаат бактериите од таму. Во многу критична состојба беше вратена на интензивна нега каде што никако не успеваше да излезе од кризата,ниту од сепсата. По 9 дена ми се јавија да одиме да ја видиме зошто состојбата драстично се влошила. Кога појдов, ќерка ми беше модра и со жолти очи. Беше будна но како да не беше тука. Знаев дека е крај. СО СВОИ РАЦЕ ДЕТЕТО СИ ГО СТАВИВ ВО КОВЧЕГ И ГО ПОГРЕБАВ. НА ДЕНОТ НА СМРТТА НА МОЕТО ДЕТЕ ми пиша директорката на Детска клиника, не дозволувала клевети и лаги, пишува Верица Папакоча Каракулева.
Во писмото, како што пишува, Верица на јавноста ѝ ја доближува вистината за македонското здравство. На сите кои на своите лажни и купени дипломи го носат трулиот здравствен систем им порачува секој крик на родител и детски плач да им ѕвониво ушите и да ги мачи до последниот здив. ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНСКОТО ЗДРАВСТВО. Сите кои ми се блиски знаат дека Николија беше медицински комплексно дете и беше потребно на неа да се обрне повеќе внимание од секој аспект. После 2 недели од нејзиното раѓање бевме испратени во Клиниката за Детски Болести во Скопје за доиследување на нејзината состојба, каде што се откри дека таа има вродена срцева маана, вентрикуларен септален дефект и атриален септален дефект, за кои ми беше кажано дека е потребна операција. Поради целокупната состојба на моето дете потребни беа повеќе испитувања за да се утврди дека таа нема друг проблем. Во таа една недела додека лежевме во болница беше направено ехо на абдомен, ехо на централен нервен систем и рентген на уринарните делови, како и ехото на срце кое ја потврди срцевата маана. Забележав дека после цели 2 недели од нејзиното раѓање, таа сеуште исфрлаше мекониум. Мекониум е првата столица на бебињата, која се исфрла во првите 24 часа од раѓањето на бебето. Кога прашав ми беше даден одговор дека можеби во болницата во Прилеп не ја хранеле доволно или имала проблеми со пиењето млеко па затоа сеуште не го имала исфрлено. Наредниот ден таа доби нормална столица, но со многу не дигестирани парченца млеко, што е нормално да го има во мала количина,но не толку колку што имаше кај неа, за кое исто ми беше кажано дека е нормално. Кога се правеше ехото на абдомен, докторката забележа нешто и го праша докторот кој седеше до неа, цитирам: "Докторе што е ова?" На што тој и одговори "Фекалии се тоа, ќе пројде,ќе го искака нормално е". Исто така во неколку наврати, таа поврати во млаз, што не е рефлукс и не е нешто што би требало да се занемари,а и за тоа беа известени и сестра беше викната кога нагло поврати. Бевме испуштени дома со сите уредни наоди,во отпусното писмо пишуваше да се преземат мерки за рефлукс, но нејзиното обилно повраќање продолжуваше. По 1 недела бевме хоспитализирани во детската болницата за респираторни болести Козле поради Ковид 19, каде што беше измерена и ми беше кажано дека не напредува во тежина,после третиот ден во столицата на Николија имаше крв и слуз. Направија само тестови копрокултура и тест за алергија на кравји протеин зошто ја дохранував со АД формула (тестови што не се секогаш точни, точен тест за алергија кај бебе се прави после наполнети 9 месеци до година) кои покажаа мало покачување и беше дијагностицирана алергија на кравји протеин, ми беше кажано да го сменам млекото со хидролизирано млеко, но нејзините столици сеуште беа исти и сеуште имаше обилно повраќање, планираа да бидеме пуштени бидејќи лекувањето за Ковид заврши, но во меѓувреме таа доби уринарна бактерија и поради идиотскиот однос на докторките и сестрите во болницата решив да се потпишам и да си одам и терапијата за бактерија да ја прими во Прилеп. Од како дојдовме, ги сменив сите млека кои постојат од хидролизати, со надеж дека ќе се среди, но таа сеуште не напредуваше во тежина и сеуште имаше исти столици. Постојано имав мисла дека не е само алергија и во последните 7 месеци постојано бев во Скопје на Детска Клиника каде што им кажував за состојбата но беа правени само амбулантски прегледи и не бевме хоспитализирани ниту еднаш, ниту па се имаше направено некое подетално испитување, во извештаите пишува да се направи ревизија на млекото во Плодност,ЗАМИСЛЕТЕ ВО ПЛОДНОСТ КОЈА Е ПРИВАТНА БОЛНИЦА, а мене државното здравство ми е бесплатно за детето до 1 година, во болницата во Прилеп каде што кога и да отидев коментарите беа "А сега зошто ја донесе" , "Ти постојано идиш ние на детево незнајме шо да му прајме", "Зошто не го однесиш детето во Скопје", поради тоа што не сакаше воопшто да пие млеко морав да и ја држам устата отворена и да и давам со сила со шприц додека плачеше на цел глас и и се појавуваа дамки на лицето од држењето, од преголем притисок на очите од плачење и се појавија црвени подкожни изливања,барав да се намести нозогастрична сонда за да не се мачи-не наместија,не сакаа,а додека лежевме кај нив постојано ја слушаа како пишти на цел глас и ме гледаа мене како со сите сили пробував да ја нахранам,во Плодност, каде што исто беше направен уште еден алерго тест и крвна слика, каде што докторката кажа дека на ехото не ја гледа храната во нејзиното дебело црево и дека е отечено, каде што исто добив одговор дека млекото е проблем. Го сменивме со млеко кое едвај се најдува, е пре скапо и не содржи воопшто кравји протеини, симптомите пак беа исти. На докторката која нема да ја именувам и пишав пак на вибер за состојбата и и се јавив на телефон но таа престана да ми крева и да ми одговара на пораките, а предходно ми одговараше. Прегледите за срце се одвиваа во клиничката болница Аџибадем Систина, каде што и се направи операцијата и беше успешна. Додека одевме на прегледи таму, побарав да се видам со гастроентерохепатолог кој ја прегледа во ургентен центар, но бидејќи немавме закажано преглед подетални испитувања не беа направени,ни даде само совет за исхрана. Одкако едвај ја добив докторката од Плодност на телефон, ми кажа дека тоа било нормално и дека на цревата им било потребно време да се опорават и заради тоа сеуште симптомите се исти, но мене сеуште ме загрижуваше нејзиното не напредување во тежина, напредуваше по 150-200 грама месечно. Прашував,викаа од срцето не напредувала и да ја носам повторно на прегледи. Пред операцијата на срце повторно побарав да закажам преглед во систина кај гастроентерохепатолог но, докторката беше на одмор. Операцијата на срце помина успешно, но докторите на интензивна нега во Систина го приметија проблемот со стомакот и постојано бараа одговор. Се најде, но прекасно по заслуга на нашето македонско здравство. Нејзината состојба после операцијата на срце беше постојано во промена. Доби сепса, се лекуваше, па уште една бактерија и на крај се случи застој во цревата. Стомакот и беше огромен,се сомневаа на Некротизирачки Ентероколитис кој е многу сериозна и живото загрозувачка состојба. Јас ги презирав докторите во Систина,мислејќи дека бактериските инфекции доаѓаат од кај нив,барав детето да се префрли на клиника за да се спаси зошто мислев дека на одделот имаат епидемија на бактерии и и пишував на директорката од клиника кудејќи ги нив,мислејќи дека ќе ми го умрат детето и дека сето ова доаѓа поради тоа што таму не водат доволно хигиенска грижа за пациентите. После направени подетални испитувања се откри дека не се работи за тоа ,туку за Хиршспрунгова болест, и тука сфатив дека Клиника се криви. Тоа е НАЈТЕШКАТА ВРОДЕНА МААНА НА ЦРЕВА, која се оперира во првите 20 дена од животот на бебето КОЈА ТРЕБАШЕ И МОЖЕШЕ ДА СЕ ОТКРИЕ УШТЕ ПРВИОТ ПАТ КОГА ЛЕЖЕВМЕ НА ДЕТСКА КЛИНИКА, ТОА БЕШЕ НИВНА ЗАДАЧА ДА СЕ ДОИСЛЕДИ СОСТОЈБАТА А БЕВ ДОМА ИСПУШТЕНА СО УРЕДНА ОТПУСНА ЛИСТА. Николија таа операција ја имаше на 7 месеци, само 1 месец после операцијата на срце. Огромниот стомак притисна на срцето и тоа престана да чука, ја реанимираа и мораше да оди директно во сала. За време на операцијата се извади дел од нејзиното дебело црево на кое имало дупка од толку страдање низ која се излеваа фецес и бактерии во крвта,тука се потврди дека доаѓаат бактериите од таму. Во многу критична состојба беше вратена на интензивна нега каде што никако не успеваше да излезе од кризата,ниту од сепсата. По 9 дена ми се јавија да одиме да ја видиме зошто состојбата драстично се влошила. Кога појдов, ќерка ми беше модра и со жолти очи. Беше будна но како да не беше тука. Знаев дека е крај. СО СВОИ РАЦЕ ДЕТЕТО СИ ГО СТАВИВ ВО КОВЧЕГ И ГО ПОГРЕБАВ. НА ДЕНОТ НА СМРТТА НА МОЕТО ДЕТЕ ми пиша директорката на Детска Клиника, не дозволувала клевети и лаги. КАКВИ ЛАГИ??? СИТЕ ИЗВЕШТАИ ГИ ЧУВАМ ГОСПОЃО, НА СИТЕ НИВ ПИШУВА ДЕКА ДЕТЕТО КАКА КРВ И СЛУЗ И ДА СЕ ПРАВАТ КОПРОКУЛТУРИ И УРИНОКУЛТУРИ. ПРАШАЈ СИ ГИ ВРАБОТЕНИТЕ КОЛКУ ГИ МОЛЕВ ДА МЕ ХОСПИТАЛИЗИРААТ НА ГАСТРО!! Сето ова почна да дава поголеми симптоми сега поради тоа што имунитетот на децата е многу слаб после операција на срце, или било која друга операција. Дотичната ми пиша дека не сум била на преглед од кога детето ми имало 4-5 месеци.Јас и еднаш да сум била задачата на твоите вработени е да најдат,да откријат и да го решат проблемот. Ти со ова сакаш да ми кажиш дека јас доволно грижа не сум водела за моето дете? Не,јас направив се за неа и затоа мирна ми е душата кога ќе си легнам навечер иако ме боли,а ти како спиеш??? ЕВЕ ТИ ГО ОДГОВОРОТ. ПОСЛЕ ПОСТОЈАНОТО ШЕТАЊЕ ПО БОЛНИЦИ БЕВМЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ ВО ПРИЛЕП ПАК ЗА БАКТЕРИСКА ИНФЕКЦИЈА,ПРЕД ДА ОДАМ КАЈ НИВ ЗА ПРИЕМ,ДОЈДОВ ПАК НА ДЕТСКА КЛИНИКА ВО АМБУЛАНТА И ПАК МЕ ПРАТИЈА ДОМА СО ДЕТЕТО КОЕ ИМАШЕ ЦРП 62,ТРОМБОЦИТИ ВО ТАВАН И САМО 1 ЕРИТРОЦИТ,МИ РЕКОА "НИЕ И СО ЦРП 150 ДОМА ГИ ИСПУШТАМЕ,НЕ БЕРИ ГАЈЛЕ"! ОД ПРИЛЕП ИСТО СЕ ЈАВИЈА ВО СКОПЈЕ КАЈ ВАС И ПОБАРАА ДА БИДЕМЕ ТРАНСПОРТИРАНИ ПОРАДИ СТОЛИЦИТЕ,НЕ НАПРЕДУВАЊЕТО ВО ТЕЖИНА И ОГРОМНИОТ СТОМАК, ТИЕ НЕ ПРИФАТИЈА И ИМ РЕКОА ДА СЕ НАПРАВИ ЕХО ВО ПРИЛЕП,КАДЕ ШТО ТАА ИМАШЕ МАЛ НАПРЕДОК, НАЈВЕРОЈАТНО ЗАРАДИ АНТИБИОТИЦИТЕ ШТО ГИ ПРИМАШЕ. ПО КРАТКО ВРЕМЕ ОД ИСПУШТАЊЕТО ОД БОЛНИЦА НИ СЕ ЈАВИЈА ДА ОДИМЕ ЗА ОПЕРАЦИЈАТА НА СРЦЕ ,ТАА ТОГАШ ИМАШЕ 5ИПОЛ МЕСЕЦИ.6тиот и 7миот месец ги помина во болница,поради операциите и компликации,ете затоа немав дојдено. И покрај примени 5 ампули имуноглобулин кој е најскап лек на пазарот таа повторно немаше антитела за да се бори. ДЕТЕТО МИ УМРЕ ПОРАДИ ТРУЛИОТ СИСТЕМ И ПОРАДИ ТОА ШТО НЕМАМЕ ЗДРАВСТВО. ПОРАДИ ТОА ШТО НЕМАМЕ ДОКТОРИ И ДИПЛОМИТЕ ГИ ЗЕМААТ СО МИТО И ПОЧАСТЕНА ВЕЧЕРА. АКО НЕМА СУД И ЗДРАВСТВО, ЕДНО ЗНАМ ДЕКА ИМА. ИМА ГОСПОД И ТОЈ ЌЕ ВИ СУДИ. СЕКОЈ КРИК НА РОДИТЕЛ И ДЕТСКИ ПЛАЧ ЌЕ ВИ SВОНИ ВО УШИТЕ И ЌЕ ВЕ МАЧИ ДО ПОСЛЕДНИОТ ЗДИВ!

The post Николија е уште една жртва на трулиот здравствен систем: На денот на смртта ми пиша директориката на Детска клиника appeared first on Република.

]]>