Адвокат Archives - Република https://republika.mk/tema/advokat/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 14:47:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Адвокат Archives - Република https://republika.mk/tema/advokat/ 32 32 Со податоци од починато лице извршил купопродажба на стан: Кривична пријава за адвокат од Ресен https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-podatotsi-od-pochinato-litse-izvrshil-kupoprodazhba-na-stan-krivichna-prijava-za-advokat-od-resen/ Fri, 23 Aug 2024 15:34:21 +0000 https://republika.mk/?p=809540

Поднесена е кривична пријава за 60-годишен адвокат од Ресен, кој пред две години злоупотребил податоци на починато 94-годишно лице, за да продаде имот и на тој начин да се стекне со противправна имотна корист во износ од 2.273.965 денари.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против С.Т.(60) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „злоупотреба на исправа со невистинита содржина“.

Во текот на 2022 пријавениот, адвокат од Ресен, со свој потпис и печат заверил два договори за купопродажба на недвижен имот, кои ги употребил при солемнизација пред нотар во Тетово, а притоа се потпишал и во графата продавач, за што употребил полномошно со невистинита содржина од 94-годишно лице, кое било починато пред повеќе од два месеци пред заверката, објаснуваат од МВР.

Изготвените договори и полномошно ги искористил, наведувајќи податоци од патна исправа, издадена од странска земја на име на починатиот.

Исто така, договорот за купопродажба на недвижен имот од 14.07.2022, пријавениот го употребил за солемнизација на нотар и притоа навел податоци од патна исправа издадена од странска земја и употребил полномошно со невистинита содржина, а полномошник било починатото лице, велат од МВР.

Недвижниот имот, сопственост на наследникот на покојниот, пријавениот го отуѓил на трето лице и се здобил со противправна имотна корист во износ од 2.273.965 денари, исплатени на негова сметка.

The post Со податоци од починато лице извршил купопродажба на стан: Кривична пријава за адвокат од Ресен appeared first on Република.

]]>

Поднесена е кривична пријава за 60-годишен адвокат од Ресен, кој пред две години злоупотребил податоци на починато 94-годишно лице, за да продаде имот и на тој начин да се стекне со противправна имотна корист во износ од 2.273.965 денари. Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против С.Т.(60) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „злоупотреба на исправа со невистинита содржина“.
Во текот на 2022 пријавениот, адвокат од Ресен, со свој потпис и печат заверил два договори за купопродажба на недвижен имот, кои ги употребил при солемнизација пред нотар во Тетово, а притоа се потпишал и во графата продавач, за што употребил полномошно со невистинита содржина од 94-годишно лице, кое било починато пред повеќе од два месеци пред заверката, објаснуваат од МВР.
Изготвените договори и полномошно ги искористил, наведувајќи податоци од патна исправа, издадена од странска земја на име на починатиот.
Исто така, договорот за купопродажба на недвижен имот од 14.07.2022, пријавениот го употребил за солемнизација на нотар и притоа навел податоци од патна исправа издадена од странска земја и употребил полномошно со невистинита содржина, а полномошник било починатото лице, велат од МВР.
Недвижниот имот, сопственост на наследникот на покојниот, пријавениот го отуѓил на трето лице и се здобил со противправна имотна корист во износ од 2.273.965 денари, исплатени на негова сметка.

The post Со податоци од починато лице извршил купопродажба на стан: Кривична пријава за адвокат од Ресен appeared first on Република.

]]>
Чекајќи судење: Адвокат утрово почина во Граѓанскиот суд во Скопје https://republika.mk/vesti/crna-hronika/chekajki-sudene-advokat-utrovo-pochina-vo-graganskiot-sud-vo-skopje/ Thu, 16 May 2024 11:37:44 +0000 https://republika.mk/?p=778811

Адвокатот Јанаки Митровски на својот фејсбук профил сподели дека негов колега, адвокат, починал денеска во Граѓанскиот суд во Скопје.

Бев сведок на исклучително непријатна ситуација. Чекајки судење на прв спрат во скопскиот Граѓански суд во девет наутро, одеднаш се слушна силен тресок, и колега адвокат падна на земја пред мои очи. Притрчавме повеќе луѓе, го полија со вода, но колегата помодре на ликот и не даваше значи на живот. Друг колега не можеше да му најде пулс. Викнаа брза помош која, секоја чест, дојде за шест минути, но за жал не успеаа да го реанимираат и човекот си почина на работното место. Лесна му земја, порача Митровски.

Навистина сакам да алармирам, мимо сите гнусни стереотипи околу адвокатурата, дека се работи за исклучително стресна професија која секојдневно зема данок. Баталете ги предрасудите дека отвараш канцеларија и пари врнат, реалноста е дијаметрално спротивна и адвокатскиот леб е многу горчлив. Воедно сакам и да апелирам на постарите колеги и колешки (починатиот колега имаше 68-70 години) дека нема потреба да се работи до смрт. Лично немам никаква намера да работам адвокатура после моите педесет и две-три години, додава Митровски.

Додаде дека премногу се вознемирил, и упати сочуство до семејството на починатиот колега.

The post Чекајќи судење: Адвокат утрово почина во Граѓанскиот суд во Скопје appeared first on Република.

]]>

Адвокатот Јанаки Митровски на својот фејсбук профил сподели дека негов колега, адвокат, починал денеска во Граѓанскиот суд во Скопје. Бев сведок на исклучително непријатна ситуација. Чекајки судење на прв спрат во скопскиот Граѓански суд во девет наутро, одеднаш се слушна силен тресок, и колега адвокат падна на земја пред мои очи. Притрчавме повеќе луѓе, го полија со вода, но колегата помодре на ликот и не даваше значи на живот. Друг колега не можеше да му најде пулс. Викнаа брза помош која, секоја чест, дојде за шест минути, но за жал не успеаа да го реанимираат и човекот си почина на работното место. Лесна му земја, порача Митровски. Навистина сакам да алармирам, мимо сите гнусни стереотипи околу адвокатурата, дека се работи за исклучително стресна професија која секојдневно зема данок. Баталете ги предрасудите дека отвараш канцеларија и пари врнат, реалноста е дијаметрално спротивна и адвокатскиот леб е многу горчлив. Воедно сакам и да апелирам на постарите колеги и колешки (починатиот колега имаше 68-70 години) дека нема потреба да се работи до смрт. Лично немам никаква намера да работам адвокатура после моите педесет и две-три години, додава Митровски. Додаде дека премногу се вознемирил, и упати сочуство до семејството на починатиот колега.

The post Чекајќи судење: Адвокат утрово почина во Граѓанскиот суд во Скопје appeared first on Република.

]]>
Адвокат по грешка развел погрешна двојка https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/advokat-po-greshka-razvel-pogreshna-dvojka/ Tue, 23 Apr 2024 20:37:36 +0000 https://republika.mk/?p=769438

Мала компјутерска грешка во адвокатска фирма специјализирана за семејно право довела до ненамерен развод на погрешна двојка.

Адвокатот на „Вардагс“ отворил досие за две лица со презиме Вилијамс кои биле во брак 21 година кога поднеле барање за развод.

Меѓутоа, при внесувањето на деталите, случајно избрал погрешна двојка Вилијамс.

Сер Ендрју Мекфарлејн, дел од одборот на компанијата, објаснува дека имале намера да поднесат барање за развод за друг клиент, но случајно отвориле погрешно електронско досие.

Минатата недела судот одлучи дека конечното барање мора да биде спроведено и покрај грешката.

Младиот адвокат кој ја направи грешката е еден од најдобрите на новата генерација. Тој не е невнимателен или површен. Тој е целосно посветен на својата работа и исклучително способен“, изјавил за „Love Society Gazette“, основачот и директор на адвокатската канцеларија.

The post Адвокат по грешка развел погрешна двојка appeared first on Република.

]]>

Мала компјутерска грешка во адвокатска фирма специјализирана за семејно право довела до ненамерен развод на погрешна двојка. Адвокатот на „Вардагс“ отворил досие за две лица со презиме Вилијамс кои биле во брак 21 година кога поднеле барање за развод. Меѓутоа, при внесувањето на деталите, случајно избрал погрешна двојка Вилијамс. Сер Ендрју Мекфарлејн, дел од одборот на компанијата, објаснува дека имале намера да поднесат барање за развод за друг клиент, но случајно отвориле погрешно електронско досие. Минатата недела судот одлучи дека конечното барање мора да биде спроведено и покрај грешката.
Младиот адвокат кој ја направи грешката е еден од најдобрите на новата генерација. Тој не е невнимателен или површен. Тој е целосно посветен на својата работа и исклучително способен“, изјавил за „Love Society Gazette“, основачот и директор на адвокатската канцеларија.

The post Адвокат по грешка развел погрешна двојка appeared first on Република.

]]>
Васко Стојков е адвокатот на Палевски, тој го однел на преглед во Белград и тврди дека не знае ништо за убиствата https://republika.mk/vesti/makedonija/vasko-stojkov-e-advokatot-na-palevski-toj-go-odnel-na-pregled-vo-belgrad-i-tvrdi-deka-ne-znae-nishto-za-ubistvata/ Mon, 04 Dec 2023 11:13:14 +0000 https://republika.mk/?p=719344

Авдокатот Васко Стојков го однел Љупчо Палевески во Белград на преглед затоа што немал возило и не знаел дека е одговорен за убиства на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, објави „Телма“.

Ме замоли да го однесам во Беград бидејќи немал возило, а не можел да обезбеди нотар да му се преведе воозилото. Јас врска немав за оваа работа. Знам дека требаше да оди во Белград кажуваше дека закажал прегледи. Ако е така, му реков, ќе те однесам. Не знаев за овие работи. Јас се вратив во Скопје, тој остана затоа што требаше да им преглед другиот ден и рече ако ако е се во ред ќе се врати назад. Ако не е во ред рече ќе одел во Истанбул. Кога се вратив полицијата прваше претреси ме прашаа и тогаш им кажав, изјави адвокатот Стојков.

Целиот текст тука

The post Васко Стојков е адвокатот на Палевски, тој го однел на преглед во Белград и тврди дека не знае ништо за убиствата appeared first on Република.

]]>

Авдокатот Васко Стојков го однел Љупчо Палевески во Белград на преглед затоа што немал возило и не знаел дека е одговорен за убиства на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, објави „Телма“.
Ме замоли да го однесам во Беград бидејќи немал возило, а не можел да обезбеди нотар да му се преведе воозилото. Јас врска немав за оваа работа. Знам дека требаше да оди во Белград кажуваше дека закажал прегледи. Ако е така, му реков, ќе те однесам. Не знаев за овие работи. Јас се вратив во Скопје, тој остана затоа што требаше да им преглед другиот ден и рече ако ако е се во ред ќе се врати назад. Ако не е во ред рече ќе одел во Истанбул. Кога се вратив полицијата прваше претреси ме прашаа и тогаш им кажав, изјави адвокатот Стојков.
Целиот текст тука

The post Васко Стојков е адвокатот на Палевски, тој го однел на преглед во Белград и тврди дека не знае ништо за убиствата appeared first on Република.

]]>
Адвокатот на Алил Демири потврдил дека косовскиот суд го ослободил неговиот клиент https://republika.mk/vesti/balkan/advokatot-na-alil-demiri-potvrdil-deka-kosovskiot-sud-go-oslobodil-negoviot-klient/ Fri, 25 Aug 2023 16:33:53 +0000 https://republika.mk/?p=675816

Косовскиот адвокат Бесник Бериша денеска изјави дека судот во Приштина го ослободил неговиот клиент Алил Демири, осудениот на доживотен затвор во Македонија за кривичното дело „тероризам“ за петкратното убиство кај Смилковско езеро во 2012 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Бериша за порталот „Сињали“ (sinjali.com) изјавил дека надлежниот обвинител во случајот го повлекол барањето за изрекување мерка притвор, така што Демири, кој вчера беше уапсен од косовската полиција, врз основа на меѓународна потерница распишана од македонското МВР, веќе е пуштен на слобода.

- По доказите кои беа изложени од одбраната и дополнителните аргументи изнесени на испитното рочиште на кое се разгледа барањето на Обвинителството за изрекување мерка притвор, обвинителот кој го изнесе предлогот се повлече од барањето, изјави Бериша.

Тој додаде дека и вчера бил убеден оти апсењето на Демири е извршено на незаконит начин и „претставува флагрантно кршење на неговите законски и уставни права“.

За истиот портал, Бериша синоќа изјави дека Демири не може да се екстрадира во Македонија, бидејќи барањето на македонските власти е одбиено од косовските судови во две инстанци.

- Али Демири беше приведен и уапсен на незаконит начин, врз снова на налог на Интерпол за работа која веќе е истретирана од нашиот суд... Тој не може да биде екстрадиран во Македонија и јас сум уверен деке тој утре ќе им се врати на неговото семејство и пријателите, изјави синоќа Бериша.

Демири, според неговиот адвокат, е „невин за исконструрианото и извршено злосторство од страна на македонските тајни служби“.

Порталот „Сињали“ објави и фотографија на Бериша и Демири пред комплексот згради, во кој се наоѓаат Обвинителството на Косово и Основниот суд на Приштина.

The post Адвокатот на Алил Демири потврдил дека косовскиот суд го ослободил неговиот клиент appeared first on Република.

]]>

Косовскиот адвокат Бесник Бериша денеска изјави дека судот во Приштина го ослободил неговиот клиент Алил Демири, осудениот на доживотен затвор во Македонија за кривичното дело „тероризам“ за петкратното убиство кај Смилковско езеро во 2012 година, јави дописникот на МИА од Приштина. Бериша за порталот „Сињали“ (sinjali.com) изјавил дека надлежниот обвинител во случајот го повлекол барањето за изрекување мерка притвор, така што Демири, кој вчера беше уапсен од косовската полиција, врз основа на меѓународна потерница распишана од македонското МВР, веќе е пуштен на слобода. - По доказите кои беа изложени од одбраната и дополнителните аргументи изнесени на испитното рочиште на кое се разгледа барањето на Обвинителството за изрекување мерка притвор, обвинителот кој го изнесе предлогот се повлече од барањето, изјави Бериша. Тој додаде дека и вчера бил убеден оти апсењето на Демири е извршено на незаконит начин и „претставува флагрантно кршење на неговите законски и уставни права“. За истиот портал, Бериша синоќа изјави дека Демири не може да се екстрадира во Македонија, бидејќи барањето на македонските власти е одбиено од косовските судови во две инстанци. - Али Демири беше приведен и уапсен на незаконит начин, врз снова на налог на Интерпол за работа која веќе е истретирана од нашиот суд... Тој не може да биде екстрадиран во Македонија и јас сум уверен деке тој утре ќе им се врати на неговото семејство и пријателите, изјави синоќа Бериша. Демири, според неговиот адвокат, е „невин за исконструрианото и извршено злосторство од страна на македонските тајни служби“. Порталот „Сињали“ објави и фотографија на Бериша и Демири пред комплексот згради, во кој се наоѓаат Обвинителството на Косово и Основниот суд на Приштина.

The post Адвокатот на Алил Демири потврдил дека косовскиот суд го ослободил неговиот клиент appeared first on Република.

]]>
Хаос во судницата: Монструм што силувал и убил 11-годишно девојче го нокаутира својот адвокат https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/haos-vo-sudnitsata-monstrum-shto-siluval-i-ubil-11-godishno-devojche-go-nokautira-svojot-advokat/ Sat, 01 Jul 2023 19:04:38 +0000 https://republika.mk/?p=657255

Судијата Роберт Банинг го осуди Џозеф Цилер за убиство и силување на 11-годишната Робин Корнел и на нејзината дадилка Лиза Стори (32) во Кејп Корал во 1990 година. Цилер доби по две смртни казни за секоја од жртвите по што настана хаос во судницата, објави „Fox4now“.

Пред изрекувањето на пресудата Цилер се врати на суд со надеж дека ќе биде прифатено неговото барање за ново судење. Судијата го одби барањето.

Потоа тој со лакот го удри адвокатот во лицето. Веднаш по инцидентот чуварите го соборија.

Изгледаше дека не сакаше микрофоните да го снимаат нашиот разговор поради што мавташе со лакотот, а јас се наведнав и го примив ударот. Чуварите веднаш реагираа и ја елиминираа заканата“, изјави адвокатот.

 

Семејствата на жртвите рекоа дека нивните животи не биле исти откако се случиле страшните убиства.

Џен Корнел, мајката на Робин, вели дека мора да се бори за правда за својата ќерка и за пријателката многу години по грозоморното злосторство. Имено, напредокот во науката за ДНК доведе до идентификација на убиецот 26 години по убиствата и силувањата.

Не бев таму таа вечер за да ги спасам или барем да им помогнам да избегаат. Требаше да бидам нивниот глас на ова судење и не сакав да ги изневерам“, вели Корнел.

Во понеделникот, 33 години подоцна, по долгогодишна болка, страдање и составување делови од приказната за да се открие што се случило тоа утро во 90-тите, човекот одговорен за двојното убиство, конечно, беше казнет.

Судот заклучи дека според законите на државата Флорида, обвинетиот го загубил правото на живот“, изјави судијата Роберт Бранинг при објавувањето на пресудата.

The post Хаос во судницата: Монструм што силувал и убил 11-годишно девојче го нокаутира својот адвокат appeared first on Република.

]]>

Судијата Роберт Банинг го осуди Џозеф Цилер за убиство и силување на 11-годишната Робин Корнел и на нејзината дадилка Лиза Стори (32) во Кејп Корал во 1990 година. Цилер доби по две смртни казни за секоја од жртвите по што настана хаос во судницата, објави „Fox4now“. Пред изрекувањето на пресудата Цилер се врати на суд со надеж дека ќе биде прифатено неговото барање за ново судење. Судијата го одби барањето. Потоа тој со лакот го удри адвокатот во лицето. Веднаш по инцидентот чуварите го соборија.
Изгледаше дека не сакаше микрофоните да го снимаат нашиот разговор поради што мавташе со лакотот, а јас се наведнав и го примив ударот. Чуварите веднаш реагираа и ја елиминираа заканата“, изјави адвокатот.
  Семејствата на жртвите рекоа дека нивните животи не биле исти откако се случиле страшните убиства. Џен Корнел, мајката на Робин, вели дека мора да се бори за правда за својата ќерка и за пријателката многу години по грозоморното злосторство. Имено, напредокот во науката за ДНК доведе до идентификација на убиецот 26 години по убиствата и силувањата.
Не бев таму таа вечер за да ги спасам или барем да им помогнам да избегаат. Требаше да бидам нивниот глас на ова судење и не сакав да ги изневерам“, вели Корнел.
Во понеделникот, 33 години подоцна, по долгогодишна болка, страдање и составување делови од приказната за да се открие што се случило тоа утро во 90-тите, човекот одговорен за двојното убиство, конечно, беше казнет.
Судот заклучи дека според законите на државата Флорида, обвинетиот го загубил правото на живот“, изјави судијата Роберт Бранинг при објавувањето на пресудата.

The post Хаос во судницата: Монструм што силувал и убил 11-годишно девојче го нокаутира својот адвокат appeared first on Република.

]]>
Адвокат и пратеник на владеачката партија во Србија се понуди да ги брани убијците од Младеновац и Врачар https://republika.mk/vesti/balkan/advokat-i-pratenik-na-vladeachkata-partija-vo-srbija-se-ponudi-da-gi-brani-ubijtsite-od-mladenovats-i-vrachar/ Sun, 07 May 2023 14:13:59 +0000 https://republika.mk/?p=637990

Адвокат и пратеник на владеачката српска партија СНС, Владимир Ѓукановиќ, е подготвен веднаш да ги брани осомничените за масовните убиства кај Младеновац и во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, пишува Данас.

Тој тоа го напишал на својот Твитер профил

Неколкумина од вас ме прашаа дали би се согласил да го бранам У.Б. од Младеновац или К.К. Без воопшто да размислам, би се согласил. Работата на адвокатот и неговата професионална должност е да ја обезбеди најдобрата можна одбрана и да застане на страна на својот клиент дури и кога осудата на јавноста е толку силна и секако оправдана. Никогаш не се согласувам да осудувам некого пред суд и секогаш ќе се борам да се почитува презумпцијата на невиност, дури и кога се е очигледно. Тоа е адвокатска работа, заклучил тој.

На констатацијата на една од корисничките на Твитер дека тоа е работа на адвокат, но дека не и е јасно како може да се брани нешто што не може да се одбрани, каде се е повеќе од очигледно и каде што нема оправдување, тој одговорил дека тој не го брани делото туку лицето.

Да потсетиме, минатата недела беше уапсен основец од „Владислав Рибникар“ осомничен дека убил девет и ранил седум лица, а уапсен е и млад човек осомничен дека убил осум и ранил 14 лица кај Младеновац.

 

The post Адвокат и пратеник на владеачката партија во Србија се понуди да ги брани убијците од Младеновац и Врачар appeared first on Република.

]]>

Адвокат и пратеник на владеачката српска партија СНС, Владимир Ѓукановиќ, е подготвен веднаш да ги брани осомничените за масовните убиства кај Младеновац и во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, пишува Данас. Тој тоа го напишал на својот Твитер профил
Неколкумина од вас ме прашаа дали би се согласил да го бранам У.Б. од Младеновац или К.К. Без воопшто да размислам, би се согласил. Работата на адвокатот и неговата професионална должност е да ја обезбеди најдобрата можна одбрана и да застане на страна на својот клиент дури и кога осудата на јавноста е толку силна и секако оправдана. Никогаш не се согласувам да осудувам некого пред суд и секогаш ќе се борам да се почитува презумпцијата на невиност, дури и кога се е очигледно. Тоа е адвокатска работа, заклучил тој.
На констатацијата на една од корисничките на Твитер дека тоа е работа на адвокат, но дека не и е јасно како може да се брани нешто што не може да се одбрани, каде се е повеќе од очигледно и каде што нема оправдување, тој одговорил дека тој не го брани делото туку лицето. Да потсетиме, минатата недела беше уапсен основец од „Владислав Рибникар“ осомничен дека убил девет и ранил седум лица, а уапсен е и млад човек осомничен дека убил осум и ранил 14 лица кај Младеновац.  

The post Адвокат и пратеник на владеачката партија во Србија се понуди да ги брани убијците од Младеновац и Врачар appeared first on Република.

]]>
Адвокатот на Пендиков тврди дека натепаниот не може да зборува, интервјуто за бугарска телевизија не го гледал https://republika.mk/vesti/crna-hronika/advokatot-na-pendikov-tvrdi-deka-natepaniot-ne-mozhe-da-zboruva-intervjuto-za-bugarska-televizija-ne-go-gledal/ Tue, 28 Feb 2023 10:30:16 +0000 https://republika.mk/?p=614168

Христијан Пендиков ќе се појави пред охридскиот суд кога ќе треба да сведочи, уверува неговиот адвокат Стефан Карамишевски. Тој по рочиштето посочи дека Пендиков не може да дојде засега поради здравствени проблеми, а по укажувањето дека давал интервју за бугарска телевизија пред неколку дена, рече: „Не сум го гледал тоа интервју“. За адресата, адвокатот посочи дека ќе ја даде кога ќе ја добие од Пендиков.

Го застапувам како жртва и оштетен, додаде адвокатот кој посочи дека Пендиков не може да зборува и има здравствени проблеми.

Пред судот, правниот тим на Пендиков посочи дека не знаат кога натепаниот ќе дојде од Бугарија. Тие тврдат дека отсуството е поради медицински причини. Судот побара адреса за да испратат покана за Пендиков присуствува како сведок на следните рочишта.

The post Адвокатот на Пендиков тврди дека натепаниот не може да зборува, интервјуто за бугарска телевизија не го гледал appeared first on Република.

]]>

Христијан Пендиков ќе се појави пред охридскиот суд кога ќе треба да сведочи, уверува неговиот адвокат Стефан Карамишевски. Тој по рочиштето посочи дека Пендиков не може да дојде засега поради здравствени проблеми, а по укажувањето дека давал интервју за бугарска телевизија пред неколку дена, рече: „Не сум го гледал тоа интервју“. За адресата, адвокатот посочи дека ќе ја даде кога ќе ја добие од Пендиков.
Го застапувам како жртва и оштетен, додаде адвокатот кој посочи дека Пендиков не може да зборува и има здравствени проблеми.
Пред судот, правниот тим на Пендиков посочи дека не знаат кога натепаниот ќе дојде од Бугарија. Тие тврдат дека отсуството е поради медицински причини. Судот побара адреса за да испратат покана за Пендиков присуствува како сведок на следните рочишта.

The post Адвокатот на Пендиков тврди дека натепаниот не може да зборува, интервјуто за бугарска телевизија не го гледал appeared first on Република.

]]>
Адвокатот на напаѓачот: На случајот се дава политички акцент https://republika.mk/vesti/crna-hronika/advokatot-na-napagachot-na-sluchajot-se-dava-politichki-aktsent/ Tue, 28 Feb 2023 10:19:29 +0000 https://republika.mk/?p=614151

Адвокатот Димитрија Цобоски кој го застапува Илија Спасески кој е обвинет дека поради национализам го натепал Христијан Пендиков кој се произнесува како Бугарин, тврди дека тоа не е точно. Тој посочува дека во овој случај прсти замешала политиката.

„Како може да биде напад поради омраза кога неговиот татко спасуваше бугарски државјани во големата бродска несреќа? Тој е воспитан во дух секого да сака и најмалку да мрази било кого. Сега размислете дали може да биде омраза или на ова се дава еден политички акцент, призвук кој се исполитизира до страшни граници. Ова е чисто политичка работа“, кажа адвокатот Димитрија Цобоски.

Адвокатот го коментираше и гостувањето на Пендиков во БТВ, за кое рече: „Неспорно е дека тој не знае кој го удрил од позади, тој не знае кој го шутирал, дека бил тепан 10 минути“.

Прашан за што била тепачката, адвокатот на Илија Спасески рече: „Ќе видиме тоа треба да го докаже обвинителот. Ние имаме објаснување и во текот на постапката ќе го кажеме“.

The post Адвокатот на напаѓачот: На случајот се дава политички акцент appeared first on Република.

]]>

Адвокатот Димитрија Цобоски кој го застапува Илија Спасески кој е обвинет дека поради национализам го натепал Христијан Пендиков кој се произнесува како Бугарин, тврди дека тоа не е точно. Тој посочува дека во овој случај прсти замешала политиката. „Како може да биде напад поради омраза кога неговиот татко спасуваше бугарски државјани во големата бродска несреќа? Тој е воспитан во дух секого да сака и најмалку да мрази било кого. Сега размислете дали може да биде омраза или на ова се дава еден политички акцент, призвук кој се исполитизира до страшни граници. Ова е чисто политичка работа“, кажа адвокатот Димитрија Цобоски. Адвокатот го коментираше и гостувањето на Пендиков во БТВ, за кое рече: „Неспорно е дека тој не знае кој го удрил од позади, тој не знае кој го шутирал, дека бил тепан 10 минути“. Прашан за што била тепачката, адвокатот на Илија Спасески рече: „Ќе видиме тоа треба да го докаже обвинителот. Ние имаме објаснување и во текот на постапката ќе го кажеме“.

The post Адвокатот на напаѓачот: На случајот се дава политички акцент appeared first on Република.

]]>
Ги знае сите негови тајни: Ова е адвокатката на Путин https://republika.mk/vesti/svet/gi-znae-site-negovi-tajni-ova-e-advokatkata-na-putin/ Sat, 12 Nov 2022 20:34:58 +0000 https://republika.mk/?p=573154

Ретко кој ја познава Талија Чабриева во Швајцарија, таа е жена која е многу озлогласена во Русија како адвокатот на Путин.

Благодарение на неа Путин има моќ колку што сака а за возврат таа има има луксузен стан во Монтре и висока позиција во приватна академија.

Во Русија таа се погрижи демократијата да биде погребана, ја обвинуваат критичарите. Како ко-шеф на работната група, таа е одговорна не само за обединување на извршната, законодавната и судската власт на Владимир Путин, туку и за негово задржување на власт засекогаш.Швајцарските медиуми  ја опишуваат како „апсолутно врвна адвокатка“.

Неколку пати беше наградувана за адвокат на годината, а набрзо стана и експерт по уставно право. Путин и наредил суштински да го промени рускиот устав во јануари 2020 година, таа го направила тоа целосно во неговиот дух.

Таа употребила некои правни трикови за да се погрижи Путин теоретски да остане на функцијата до 2036 година. Претходно, беа дозволени само два четиригодишни мандати.

Во Москва таа наводно поседува луксузна вила вредна повеќе од шест милиони евра, а станот во Монтре чини нешто помалку од два милиони франци.

Чабриева на руските даночни власти ги пријавила вкупните приходи на семејството од 3,5 милиони евра во последните осум години. Кога руската опозиција му ја пренесе оваа информација на државниот обвинител, тој не презеде ништо.

Чабриева е толку блиска со Путин што ниту еден суд во Русија нема храброст да ја сослуша.

The post Ги знае сите негови тајни: Ова е адвокатката на Путин appeared first on Република.

]]>

Ретко кој ја познава Талија Чабриева во Швајцарија, таа е жена која е многу озлогласена во Русија како адвокатот на Путин. Благодарение на неа Путин има моќ колку што сака а за возврат таа има има луксузен стан во Монтре и висока позиција во приватна академија. Во Русија таа се погрижи демократијата да биде погребана, ја обвинуваат критичарите. Како ко-шеф на работната група, таа е одговорна не само за обединување на извршната, законодавната и судската власт на Владимир Путин, туку и за негово задржување на власт засекогаш.Швајцарските медиуми  ја опишуваат како „апсолутно врвна адвокатка“. Неколку пати беше наградувана за адвокат на годината, а набрзо стана и експерт по уставно право. Путин и наредил суштински да го промени рускиот устав во јануари 2020 година, таа го направила тоа целосно во неговиот дух. Таа употребила некои правни трикови за да се погрижи Путин теоретски да остане на функцијата до 2036 година. Претходно, беа дозволени само два четиригодишни мандати. Во Москва таа наводно поседува луксузна вила вредна повеќе од шест милиони евра, а станот во Монтре чини нешто помалку од два милиони франци. Чабриева на руските даночни власти ги пријавила вкупните приходи на семејството од 3,5 милиони евра во последните осум години. Кога руската опозиција му ја пренесе оваа информација на државниот обвинител, тој не презеде ништо. Чабриева е толку блиска со Путин што ниту еден суд во Русија нема храброст да ја сослуша.

The post Ги знае сите негови тајни: Ова е адвокатката на Путин appeared first on Република.

]]>
Адвокат од Лихтенштајн го купи последното зелено парче во Центар, ќе гради петкатница https://republika.mk/vesti/skopje/advokat-od-lihtenshtajn-go-kupi-poslednoto-zeleno-parche-vo-centar-kje-gradi-petkatnica/ Tue, 01 Nov 2022 15:12:29 +0000 https://republika.mk/?p=568377

Регистрант од Лихтенштајн, адвокат што главно формира и води туѓи фирми на сопственици што сакаат да бидат скриени, ќе ја гради петкатницата зацртана близу хотелот „Ибис“ во строгиот центар на Скопје, односно во градежно атрактивната зона позната како Мал ринг, дознава „Призма“.

Веста дека на местото од уште едно паркче ќе се гради станбен објект ги вознемири граѓаните што живеат во соседната зграда и уживаат во она што преостанало од зеленилото пред своите домови.

https://republika.mk/vesti/skopje/kje-mu-dojde-li-kraj-na-siledzistvoto-centarci-besni-shto-gradonachalnikot-dal-dozvola-za-zgrada-vo-parkcheto-kaj-jadran/

[caption id="attachment_59062" align="alignright" width="274"] Енгелберт Јозеф Шрајбер (Фото: www.szta.li)[/caption]

Енгелберт Јозеф Шрајбер од главниот град на Лихтенштајн Вадуз е официјалниот сопственик на скопската фирма „Сколимекс,“ која, како што објави Општина Центар, лани во ноември, непосредно пред заминувањето на Саша Богдановиќ од градоначалничкото место, добила дозвола за градење.

Шрајбер се спомнува во дата-базата на Пандора пејперс, која ги раскринка офшор-тајните на повеќе политичари и бизнисмени од целиот свет. Тој во Пандора пејперс е означен како офицер, лице што ја врши административната работа околу формирањето и водењето на офшор-компанија во име на друг човек.

Егзотичната професија на Шрајбер била причина тој да се вмеша во многу контроверзии и скандали низ целата планета, па дури и тука на Балканот.

Имено, неверојатно звучи податокот дека човекот што тргнал да гради во нашето Скопје и неговиот татко во 2003 година биле дел од обвинетите во приватна тужба поврзана со терористичките напади во Њујорк, на 11 септември 2001 година.

Во тужбата се наведува дека, според официјалните документи од Лихтенштајн, една од фирмите на двајцата Шрајбери била вклучена во активности за перење пари во име на Ал каеда. Тужбата подоцна била отфрлена.

Интересните наоди за семејството Шрајбер не завршуваат тука.

Повеќе на „Призма

The post Адвокат од Лихтенштајн го купи последното зелено парче во Центар, ќе гради петкатница appeared first on Република.

]]>

Регистрант од Лихтенштајн, адвокат што главно формира и води туѓи фирми на сопственици што сакаат да бидат скриени, ќе ја гради петкатницата зацртана близу хотелот „Ибис“ во строгиот центар на Скопје, односно во градежно атрактивната зона позната како Мал ринг, дознава „Призма“. Веста дека на местото од уште едно паркче ќе се гради станбен објект ги вознемири граѓаните што живеат во соседната зграда и уживаат во она што преостанало од зеленилото пред своите домови. https://republika.mk/vesti/skopje/kje-mu-dojde-li-kraj-na-siledzistvoto-centarci-besni-shto-gradonachalnikot-dal-dozvola-za-zgrada-vo-parkcheto-kaj-jadran/
[caption id="attachment_59062" align="alignright" width="274"] Енгелберт Јозеф Шрајбер (Фото: www.szta.li)[/caption]

Енгелберт Јозеф Шрајбер од главниот град на Лихтенштајн Вадуз е официјалниот сопственик на скопската фирма „Сколимекс,“ која, како што објави Општина Центар, лани во ноември, непосредно пред заминувањето на Саша Богдановиќ од градоначалничкото место, добила дозвола за градење. Шрајбер се спомнува во дата-базата на Пандора пејперс, која ги раскринка офшор-тајните на повеќе политичари и бизнисмени од целиот свет. Тој во Пандора пејперс е означен како офицер, лице што ја врши административната работа околу формирањето и водењето на офшор-компанија во име на друг човек. Егзотичната професија на Шрајбер била причина тој да се вмеша во многу контроверзии и скандали низ целата планета, па дури и тука на Балканот. Имено, неверојатно звучи податокот дека човекот што тргнал да гради во нашето Скопје и неговиот татко во 2003 година биле дел од обвинетите во приватна тужба поврзана со терористичките напади во Њујорк, на 11 септември 2001 година. Во тужбата се наведува дека, според официјалните документи од Лихтенштајн, една од фирмите на двајцата Шрајбери била вклучена во активности за перење пари во име на Ал каеда. Тужбата подоцна била отфрлена. Интересните наоди за семејството Шрајбер не завршуваат тука. Повеќе на „Призма

The post Адвокат од Лихтенштајн го купи последното зелено парче во Центар, ќе гради петкатница appeared first on Република.

]]>
Семејствата на силуваните девојчиња во Косово бараат тие да се омажат со својот деспот, предупреди адвокатот Хакиу https://republika.mk/vesti/balkan/semejstvata-na-siluvanite-devojchinja-vo-kosovo-baraat-tie-da-se-omazat-so-svojot-despot-predupredi-advokatot-hakiu/ Fri, 02 Sep 2022 07:18:05 +0000 https://republika.mk/?p=546612

Адвокатот Дардан Хакиу рече дека во Косово има случаи кога семејствата на девојчињата кои доживеале силување или некој вид на злоупотреба бараат и се согласуваат на брак со насилникот.

Изјавите на адвокатот доаѓаат само неколку дена по веста дека пет мажи во Приштина силувале 11-годишно девојче. Сите осомничени се уапсени и на секој од нив им е одредена мерка притвор од еден месец. Овој случај предизвика многу реакции кои беа проследени со протести во Приштина, Тирана и Скопје, но и со оставки на полициски службеници.

https://republika.mk/vesti/balkan/novi-mornichavi-detali-za-grupnoto-siluvanje-na-11-godishnoto-devojche-vo-prishtina-petmina-sedum-chasa-se-izzivuvale-nad-deteto/

Хакиу, кој во својата професија застапувал сексуално злоставувани малолетни личности, како и обвинети за такво насилство, рече дека тоа потоа се зема како олеснителна околност во судскиот процес против насилникот.

Има случаи кога имаме договор меѓу страните, кога семејството на жртвата се согласува да бара помала казна за насилникот да се ожени со малолетно лице. Во Косово има такви случаи кога семејството на малолетно лице му кажува на насилникот дека ако го земе девојчето за невеста, ќе се откажат од кривичното гонење против него, изјави Хакиу за КТВ, пренесува Коха.

Според него, судството во Косово се уште е слаб кадровски и има судови кои имаат само еден судија или обвинител за малолетници.

Тој, исто така, го критикуваше доцното пријавување на насилство од страна на многу малолетници, велејќи дека тоа претставува проблем во однос на доказите.

The post Семејствата на силуваните девојчиња во Косово бараат тие да се омажат со својот деспот, предупреди адвокатот Хакиу appeared first on Република.

]]>

Адвокатот Дардан Хакиу рече дека во Косово има случаи кога семејствата на девојчињата кои доживеале силување или некој вид на злоупотреба бараат и се согласуваат на брак со насилникот. Изјавите на адвокатот доаѓаат само неколку дена по веста дека пет мажи во Приштина силувале 11-годишно девојче. Сите осомничени се уапсени и на секој од нив им е одредена мерка притвор од еден месец. Овој случај предизвика многу реакции кои беа проследени со протести во Приштина, Тирана и Скопје, но и со оставки на полициски службеници. https://republika.mk/vesti/balkan/novi-mornichavi-detali-za-grupnoto-siluvanje-na-11-godishnoto-devojche-vo-prishtina-petmina-sedum-chasa-se-izzivuvale-nad-deteto/ Хакиу, кој во својата професија застапувал сексуално злоставувани малолетни личности, како и обвинети за такво насилство, рече дека тоа потоа се зема како олеснителна околност во судскиот процес против насилникот.
Има случаи кога имаме договор меѓу страните, кога семејството на жртвата се согласува да бара помала казна за насилникот да се ожени со малолетно лице. Во Косово има такви случаи кога семејството на малолетно лице му кажува на насилникот дека ако го земе девојчето за невеста, ќе се откажат од кривичното гонење против него, изјави Хакиу за КТВ, пренесува Коха.
Според него, судството во Косово се уште е слаб кадровски и има судови кои имаат само еден судија или обвинител за малолетници. Тој, исто така, го критикуваше доцното пријавување на насилство од страна на многу малолетници, велејќи дека тоа претставува проблем во однос на доказите.

The post Семејствата на силуваните девојчиња во Косово бараат тие да се омажат со својот деспот, предупреди адвокатот Хакиу appeared first on Република.

]]>
Почина доајенот на македонската адвокатура Саво Коцарев https://republika.mk/zivot/servisi/pochina-doajenot-na-makedonskata-advokatura-savo-kocarev/ Wed, 02 Feb 2022 13:46:09 +0000 https://republika.mk/?p=453046

Почина доајенот на македонската адвокатура, Саво Коцарев.

Коцарев, активно, цели 55 години, до крајот на својот живот ја извршуваше адвокатската дејност што претставува една од најдолгите и најплодните адвокатски кариери во Македонија.

Препознавајќи го неговиот ентузијазам и исклучителен придонес во изградбата на македонската адвокатура, минатата година Адвокатската комора му додели плакета за 55 години успешно извршување на адвокатската дејност и за подигнување на угледот на адвокатурата.

Во оваа прилика Коцарев истакна дека да се биде дел од адвокатската фела е голема чест. Адвокатурата, нагласи познатиот адвокат, е една благородна професија чија основна мисија e заштита на човековите права и слободите.

Коцарев е роден на 11 декември 1928 година во Охрид. Основно и средно образование завршува во Охрид. Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по што го положува и правосудниот испит. Својата кариера ја започнал како правен референт во различни организации, а во 1961 година работи како стручен соработник во Општинскиот суд Скопје 1. Во Именикот на адвокати се запишува на 01.07.1967 и оттогаш ја извршува адвокатската дејност. Носител беше на лиценцата со број 31.

Адвокатската комора на РМ, претставувана од претседателот Љубомир Михајловски, изрази сочувство до семејството и најблиските.

The post Почина доајенот на македонската адвокатура Саво Коцарев appeared first on Република.

]]>

Почина доајенот на македонската адвокатура, Саво Коцарев. Коцарев, активно, цели 55 години, до крајот на својот живот ја извршуваше адвокатската дејност што претставува една од најдолгите и најплодните адвокатски кариери во Македонија. Препознавајќи го неговиот ентузијазам и исклучителен придонес во изградбата на македонската адвокатура, минатата година Адвокатската комора му додели плакета за 55 години успешно извршување на адвокатската дејност и за подигнување на угледот на адвокатурата. Во оваа прилика Коцарев истакна дека да се биде дел од адвокатската фела е голема чест. Адвокатурата, нагласи познатиот адвокат, е една благородна професија чија основна мисија e заштита на човековите права и слободите. Коцарев е роден на 11 декември 1928 година во Охрид. Основно и средно образование завршува во Охрид. Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по што го положува и правосудниот испит. Својата кариера ја започнал како правен референт во различни организации, а во 1961 година работи како стручен соработник во Општинскиот суд Скопје 1. Во Именикот на адвокати се запишува на 01.07.1967 и оттогаш ја извршува адвокатската дејност. Носител беше на лиценцата со број 31. Адвокатската комора на РМ, претставувана од претседателот Љубомир Михајловски, изрази сочувство до семејството и најблиските.

The post Почина доајенот на македонската адвокатура Саво Коцарев appeared first on Република.

]]>