АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор Archives - Република https://republika.mk/tema/ad-za-izgradba-i-stopanisuvane-so-stanben-i-deloven-prostor/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Sep 2024 15:18:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор Archives - Република https://republika.mk/tema/ad-za-izgradba-i-stopanisuvane-so-stanben-i-deloven-prostor/ 32 32 Марјан Стефановски избран за нов директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор https://republika.mk/vesti/makedonija/marjan-stefanovski-izbran-za-nov-direktor-na-ad-za-izgradba-i-stopanisuvane-so-stanben-i-deloven-prostor/ Thu, 05 Sep 2024 15:18:25 +0000 https://republika.mk/?p=813601

На денешната седница на Одборот на директори на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Марјан Стефановски беше избран за нов директор на ова претпријатие. Во соопштението се истакнува дека Стефановски е искусен кадар со долгогодишно искуство во претпријатието, вклучувајќи и раководни позиции.

Стефановски доаѓа на оваа позиција со јасен план за реформи и развој на претпријатието, со цел да се постигнат високи резултати и успеси. Како прв чекор, тој одлучи да се откаже од службеното возило за дневни потреби во Скопје и од службената платежна картичка. Исто така, планира да ги сведе сите непродуктивни трошоци на нула.

Ова претпријатие има огромен потенцијал да креира вредности и да диктира текови, да создава за доброто на државата и граѓаните. Планирам сериозни проекти, но и кратења. Ќе работиме ефикасно, одговорно, посветено и транспарентно, имаме високи амбиции. Сакам да бидеме пример за успешно работење,“изјави Стефановски.

АДИССДП, или популарно ПУИГ, е претпријатие кое располага со недвижности, станбен и деловен простор во државна сопственост на територијата на Македонија и во странство.

The post Марјан Стефановски избран за нов директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор appeared first on Република.

]]>

На денешната седница на Одборот на директори на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Марјан Стефановски беше избран за нов директор на ова претпријатие. Во соопштението се истакнува дека Стефановски е искусен кадар со долгогодишно искуство во претпријатието, вклучувајќи и раководни позиции. Стефановски доаѓа на оваа позиција со јасен план за реформи и развој на претпријатието, со цел да се постигнат високи резултати и успеси. Како прв чекор, тој одлучи да се откаже од службеното возило за дневни потреби во Скопје и од службената платежна картичка. Исто така, планира да ги сведе сите непродуктивни трошоци на нула.
Ова претпријатие има огромен потенцијал да креира вредности и да диктира текови, да создава за доброто на државата и граѓаните. Планирам сериозни проекти, но и кратења. Ќе работиме ефикасно, одговорно, посветено и транспарентно, имаме високи амбиции. Сакам да бидеме пример за успешно работење,“изјави Стефановски.
АДИССДП, или популарно ПУИГ, е претпријатие кое располага со недвижности, станбен и деловен простор во државна сопственост на територијата на Македонија и во странство.

The post Марјан Стефановски избран за нов директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор appeared first on Република.

]]>
Овој директор oд НСДП од Битола не му дозволи на Вардар да игра на „Градски“ поради долг https://republika.mk/sport/fudbal/ovoj-direktor-od-nsdp-od-bitola-ne-mu-dozvoli-na-vardar-da-igra-na-gradski-poradi-dolg/ Mon, 22 Apr 2024 07:17:38 +0000 https://republika.mk/?p=769121

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДИССДП) излезе со објаснување за одбивањето на ФК Вардар да игра како домаќин на Националната арена „Тодор Проески“.

Од Друштвото како единствена причина за недавањето на Вардар го користи стадионот го посочуваат долгот кој со години не е подмирен.

Барањето за користење на Националната Арена „Тодор Проески“ од страна на ФК Вардар за денешниот натпревар не е дозволено ЕДИНСТВЕНО поради огромниот долг кој клубот го има кон Друштвото во однос на користење на арената, и кој години наназад не се подмирува и покрај иницијативата која пред две години ја понуди Владата на РСМ долгот да се подмири на начин што друштвото ќе се откаже од каматите во однос на главниот долг, доколку клубот го исплати само главниот долг, стои во соопштението на АДИССДП.

Оттаму ги отфрлаат обвинувањата од ФК Вардар и како дрска и безобразна ја оценуваат реториката во соопштението на „црвено-црните“.

Дрска и безобразна е реториката на закани и на посочување на Акционерското друштво како виновник за состојбата во која се наоѓа ФК Вардар. Напротив, АДИССДП работи исклучиво согласно законот и штитејќи го интересот на друштвото, додека вината за состојбите во кој за жал е оставен најтрофејниот македонски фудбалски клуб треба исклучиво да се бара кај оние кои во минатото раководеа со ФК Вардар на начин кој ја предизвика ваквата состојба на задолженост на клубот.

АДИССДП вели дека Националната Арена „Тодор Проески“ е објект од јавен интерес, сопственост на Република Македонија за чие користење право полагаат сите фудбалски клубови од првата фудбалска лига подеднакво, под исти услови и почитувајќи исти правила.

ФК Вардар во текот на вчерашниот ден го обвини АДИССДП дека го избркало клубот од „Градски“ и дека тој „понижувачки“ чин кога-тогаш ќе биде „скапо“ платен.

Вардар натпреварите од Првата македонска фудбалска лига како домаќин сезонава ги игра на стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари.

The post Овој директор oд НСДП од Битола не му дозволи на Вардар да игра на „Градски“ поради долг appeared first on Република.

]]>

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДИССДП) излезе со објаснување за одбивањето на ФК Вардар да игра како домаќин на Националната арена „Тодор Проески“. Од Друштвото како единствена причина за недавањето на Вардар го користи стадионот го посочуваат долгот кој со години не е подмирен.
Барањето за користење на Националната Арена „Тодор Проески“ од страна на ФК Вардар за денешниот натпревар не е дозволено ЕДИНСТВЕНО поради огромниот долг кој клубот го има кон Друштвото во однос на користење на арената, и кој години наназад не се подмирува и покрај иницијативата која пред две години ја понуди Владата на РСМ долгот да се подмири на начин што друштвото ќе се откаже од каматите во однос на главниот долг, доколку клубот го исплати само главниот долг, стои во соопштението на АДИССДП.
Оттаму ги отфрлаат обвинувањата од ФК Вардар и како дрска и безобразна ја оценуваат реториката во соопштението на „црвено-црните“.
Дрска и безобразна е реториката на закани и на посочување на Акционерското друштво како виновник за состојбата во која се наоѓа ФК Вардар. Напротив, АДИССДП работи исклучиво согласно законот и штитејќи го интересот на друштвото, додека вината за состојбите во кој за жал е оставен најтрофејниот македонски фудбалски клуб треба исклучиво да се бара кај оние кои во минатото раководеа со ФК Вардар на начин кој ја предизвика ваквата состојба на задолженост на клубот.
АДИССДП вели дека Националната Арена „Тодор Проески“ е објект од јавен интерес, сопственост на Република Македонија за чие користење право полагаат сите фудбалски клубови од првата фудбалска лига подеднакво, под исти услови и почитувајќи исти правила. ФК Вардар во текот на вчерашниот ден го обвини АДИССДП дека го избркало клубот од „Градски“ и дека тој „понижувачки“ чин кога-тогаш ќе биде „скапо“ платен. Вардар натпреварите од Првата македонска фудбалска лига како домаќин сезонава ги игра на стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари.

The post Овој директор oд НСДП од Битола не му дозволи на Вардар да игра на „Градски“ поради долг appeared first on Република.

]]>