Ацстрија Archives - Република https://republika.mk/tema/acstrija/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Mar 2022 10:48:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ацстрија Archives - Република https://republika.mk/tema/acstrija/ 32 32 Маричиќ – Едштадлер: Австрија е голем пријател и безрезервен поддржувач на европската интеграција на Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-edshtadler-avstrija-e-golem-prijatel-i-bezrezerven-poddrzuvach-na-evropskata-integracija-na-makedonija/ Wed, 30 Mar 2022 10:47:23 +0000 https://republika.mk/?p=480819

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и Сојузната министерка за ЕУ и Устав на Република Австрија Каролине Едштадлер, која се наоѓа во работна посета на нашата земја, денеска одржаа заедничка прес-конференција на која информираа за разговорите од одржаната средба.

Вицепремиерот Маричиќ во своето обраќање пред медиумите истакна дека оваа посета е цврста потврда дека Западен Балкан останува високо на агендата на Европската Унија и нејзините земји членки, и дека Австрија останува верен поддржувач на политиката на проширување на Унијата со земјите од регионот.

Австрија ја препознава вистинската и несомнена ориентација на Македонија кон евроатлантските вредности и идеали, и дава безрезервна поддршка и заложба особено за Македонија и Албанија во евроинтегративниот процес.

На прес-конференцијата вицепремиерот Маричиќ додаде дека иднината на нашата земја и на целиот регион е европска и дека смета оти е време да се потврди тоа.

Напредувавме во реформите и ќе продолжиме посветено да чекориме по европскиот пат. Очекуваме Европската Унија гласно да ги потврди нејзините интереси за обединување на европскиот континент и после долг период да ја врати динамиката на проширување кон земјите од Западен Балкан кои повеќе од една деценија чекаат пред портите на ЕУ“, рече Маричиќ.

Тој додаде дека во овие тешки времиња кога мирот, стабилноста, безбедноста и демократијата се доведени во прашање, обединетоста на Европа добива уште поголемо значење и дека сите заедно мора да размислуваме за иднината и да не се остави простор за нарушување на кредибилитетот на Европската Унија, европските вредности и идеали.

Покажавме дека сме доверлив партнер на ЕУ и дека не ја менуваме својата политика преку ноќ, дури и кога нашиот макотрпен труд не е валоризиран и не оди во прилог на политиката на проширување“, рече Маричиќ. Тој изрази и очекување дека Европската Унија ќе ги потврди нејзините интереси за обединување на европскиот континент и после долг период ќе ја врати динамиката на проширување кон земјите од Западен Балкан.

Вицепремиерот Маричиќ ја потенцираше големата пријателска поддршка од Република Австрија на Македонија која резултира со добри билатерални односи на политички и на економски план и отворени шанси за нивно натамошно унапредување, притоа изразувајќи благодарност за континуирана политичка и економска поддршка, како и за обезбедената развојна помош.

Сојузната министерка за ЕУ и Устав на Република Австрија Каролине Едштадлер, на прес-конференцијата рече дека Австрија ќе направи сè што може во овој регион за да добие една доверлива европска перспектива, со факти и со  чекори кои со децении се чекаат и се говори за нив.

Според неа, потребно е од зборови да се премине кон дела, а сега е вистинско време да се постави курсот на дејствување бидејќи Западниот Балкан е прашање на безбедноста на Европа и веродостојноста на ЕУ.

Министерката Едштадлер истакна и дека ЕУ и Западен Балкан треба да останат сплотени заедно, како и дека во Македонија треба конечно нареден чекор за отворање на процесот на проширување, а Австрија е на почетокот на фронтот како силен поддржувач.

The post Маричиќ – Едштадлер: Австрија е голем пријател и безрезервен поддржувач на европската интеграција на Македонија appeared first on Република.

]]>