Абтокоманда Archives - Република https://republika.mk/tema/abtokomanda/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Feb 2023 11:39:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Абтокоманда Archives - Република https://republika.mk/tema/abtokomanda/ 32 32 ЕСМ Снабдување со топлина ја презеде базата на податоци за потрошувачите во Автокоманда https://republika.mk/vesti/skopje/esm-snabduvane-so-toplina-ja-prezema-bazata-na-podatotsi-za-potroshuvachite-vo-avtokomanda/ Mon, 27 Feb 2023 13:50:52 +0000 https://republika.mk/?p=613781

ЕСМ Снабдување со топлина соопшти дека во законска постапка ја презеде базата на податоци од претходниот снабдувач со топлинска енергија ЕСМ Подружница Енергетика – Скопје, потребна за изработка, достава и наплата на фактурите, вклучително и личните податоци за потрошувачите (субјекти на лични податоци) на централниот систем за греење и/или сопствениците на посебен дел во станбени, станбено-деловни, деловно-станбени и деловни објекти лоцирани на подрачјето на дел од општината Гази Баба, населба Автокоманда, во Скопје.

– Правниот основ за преземање на базата на податоци вклучително и личните податоци за потрошувачите на подрачјето на дел од Општина Гази Баба населба Автокоманда потребни за вршење на дејноста снабдување со топлинска енергија произлегува од обврската за вршење јавна услуга согласно Законот за енергетика, Одлуката за менување на лиценца за вршење енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија на носителот ЕСМ Подружница Енергетика – Скопје, Одлуката за менување на лиценца за вршење енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија на носителот ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија, Лиценцата за снабдување со топлинска енергија на ЕСМ Снабдување со топлина, како и Договорот за купопродажба на топлинска енергија, се наведува во соопштението.

ЕСМ Снабдување со топлина посочува и дека во иднина ќе биде Контролор на личните податоци и ќе ги обработува согласно важечките законски прописи и Законот за заштита на лични податоци, за што потрошувачите на топлинска енергија- субјекти на личните податоци ги имаат сите права пропишани со Законот за заштита на лични податоци во однос на обработката на нивните лични податоци.

Сите неопходни информации и совети за сите прашања поврзани со нашата дејност и услуги, како и за пријави на дефекти и рекламации за квалитетот на греењето потрошувачите можат да ги добијат во Центарот за грижа за потрошувачи, на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100.

The post ЕСМ Снабдување со топлина ја презеде базата на податоци за потрошувачите во Автокоманда appeared first on Република.

]]>

ЕСМ Снабдување со топлина соопшти дека во законска постапка ја презеде базата на податоци од претходниот снабдувач со топлинска енергија ЕСМ Подружница Енергетика – Скопје, потребна за изработка, достава и наплата на фактурите, вклучително и личните податоци за потрошувачите (субјекти на лични податоци) на централниот систем за греење и/или сопствениците на посебен дел во станбени, станбено-деловни, деловно-станбени и деловни објекти лоцирани на подрачјето на дел од општината Гази Баба, населба Автокоманда, во Скопје. – Правниот основ за преземање на базата на податоци вклучително и личните податоци за потрошувачите на подрачјето на дел од Општина Гази Баба населба Автокоманда потребни за вршење на дејноста снабдување со топлинска енергија произлегува од обврската за вршење јавна услуга согласно Законот за енергетика, Одлуката за менување на лиценца за вршење енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија на носителот ЕСМ Подружница Енергетика – Скопје, Одлуката за менување на лиценца за вршење енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија на носителот ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија, Лиценцата за снабдување со топлинска енергија на ЕСМ Снабдување со топлина, како и Договорот за купопродажба на топлинска енергија, се наведува во соопштението. ЕСМ Снабдување со топлина посочува и дека во иднина ќе биде Контролор на личните податоци и ќе ги обработува согласно важечките законски прописи и Законот за заштита на лични податоци, за што потрошувачите на топлинска енергија- субјекти на личните податоци ги имаат сите права пропишани со Законот за заштита на лични податоци во однос на обработката на нивните лични податоци. Сите неопходни информации и совети за сите прашања поврзани со нашата дејност и услуги, како и за пријави на дефекти и рекламации за квалитетот на греењето потрошувачите можат да ги добијат во Центарот за грижа за потрошувачи, на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100.

The post ЕСМ Снабдување со топлина ја презеде базата на податоци за потрошувачите во Автокоманда appeared first on Република.

]]>