аболиција Archives - Република https://republika.mk/tema/abolicija/ За подобро да се разбереме Wed, 04 Oct 2023 14:54:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png аболиција Archives - Република https://republika.mk/tema/abolicija/ 32 32 Кабинетот на Пендаровски: Се реализира заложбата на претседателот за исклучување на аболицијата од правниот систем https://republika.mk/vesti/makedonija/kabinetot-na-pendarovski-se-realizira-zalozhbata-na-pretsedatelot-za-iskluchuvane-na-abolitsijata-od-pravniot-sistem/ Wed, 04 Oct 2023 14:54:45 +0000 https://republika.mk/?p=687926

Во Предлог-законот за помилување се исклучува можноста претседателот на државата да може да помилува лица за кои во тек е истражна или судска постапка.

Во однос на предлог Законот за помилување, во чија изработка беше вклучен и претставникот на претседателот, конечно е вклучена заложбата на претседателот Пендаровски за исклучување на аболицијата во нашиот правен систем, односно да се оневозможи правото на шефот на државата да помилува лица за кои е во тек истражна или судска постапка, а нема правосилна пресуда, велат од Кабинетот на претседателот на државата.

На овој начин, како што се посочува, ќе се овозможи кривичните судови да ја остварат во целост својата основна функција, а таа е во соодветна постапка да ја утврдат вината на обвинетите и да ги осудат виновните сторители на кривични дела.

https://republika.mk/vesti/makedonija/zakonot-za-amnestija-dostaven-do-sobranieto-spored-premierot-toj-ne-e-praven-za-lichnosti-tuku-za-dela-od-pomal-obem/

Министерството за правда денеска соопшти дека Предлог-законот за помилување е доставен во владина процедура. Оттаму меѓу клучните новини го посочија прашањето за правото на претседателот да помилува лица од казна и од кривично гонење. Ова, како што се наведува, беше едно од најекспонираните прашања за што работната група застана зад решението согласно кое претседателот може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица.

The post Кабинетот на Пендаровски: Се реализира заложбата на претседателот за исклучување на аболицијата од правниот систем appeared first on Република.

]]>

Во Предлог-законот за помилување се исклучува можноста претседателот на државата да може да помилува лица за кои во тек е истражна или судска постапка.
Во однос на предлог Законот за помилување, во чија изработка беше вклучен и претставникот на претседателот, конечно е вклучена заложбата на претседателот Пендаровски за исклучување на аболицијата во нашиот правен систем, односно да се оневозможи правото на шефот на државата да помилува лица за кои е во тек истражна или судска постапка, а нема правосилна пресуда, велат од Кабинетот на претседателот на државата.
На овој начин, како што се посочува, ќе се овозможи кривичните судови да ја остварат во целост својата основна функција, а таа е во соодветна постапка да ја утврдат вината на обвинетите и да ги осудат виновните сторители на кривични дела. https://republika.mk/vesti/makedonija/zakonot-za-amnestija-dostaven-do-sobranieto-spored-premierot-toj-ne-e-praven-za-lichnosti-tuku-za-dela-od-pomal-obem/ Министерството за правда денеска соопшти дека Предлог-законот за помилување е доставен во владина процедура. Оттаму меѓу клучните новини го посочија прашањето за правото на претседателот да помилува лица од казна и од кривично гонење. Ова, како што се наведува, беше едно од најекспонираните прашања за што работната група застана зад решението согласно кое претседателот може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица.

The post Кабинетот на Пендаровски: Се реализира заложбата на претседателот за исклучување на аболицијата од правниот систем appeared first on Република.

]]>
Денови се бројат до одлуката на Врховен дали ќе важат аболициите од Иванов https://republika.mk/vesti/makedonija/denovi-se-brojat-do-odlukata-na-vrhoven-dali-ke-vazhat-abolitsiite-od-ivanov/ Sun, 04 Jun 2023 15:23:40 +0000 https://republika.mk/?p=647708

До крајот на овој месец би требало да се знае ставот на Врховниот суд во однос на аболициите дадени од поранешниот претседател, Ѓорѓе Иванов. Врховен ќе одлучува за аболициите во постапка за оценување на предметот „Транспортер“, во кој обвинетите се повикуваат на дадената аболиција. Одлуката на Врховниот суд за овој случај, ќе важат и за останатите судски предмети во кои се вклучени лица што добија аболиција од Иванов.

На одлуката на Врховниот суд се чека, откако Европскиот суд за човекови права, одлучи дека апликациите за дадените аболиции од претседателот Иванов за четирите случаи на СЈО се преуранети, односно дека се уште се во тек судските процеси за тие предмети. Од Судот посочија дека оваа институција може да донесе пресуда дури откако ќе бидат исцрпени сите правни лекови во Македонија.

Врховниот суд постапува по предметот „Транспортер“ од крајот на март, кога предметот беше пратен и на мислење кај обвинител. Еден месец подоцна мислењето беше дадено и оттогаш случајот е во рацете на највисокиот суд во земјава.

Доколку во конкретен предмет би се истакнале наводи кои се во врска со прашањето за аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Врховниот суд во согласност со своите надлежности би ги разгледувал засебно во рамките на тој предмет и би се произнесол по истите. При одлучувањето Врховниот суд постапува во согласност со Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот. Во оваа смисла, Врховниот суд одлучува и во согласност со Европската конвенција за заштита на човековите права и со практиката и стандардите на Европскиот суд за човековите права“, за „Макфакс“ одговориле од Врховниот суд по напатствијата дадени од Европскиот суд за човекови права.

The post Денови се бројат до одлуката на Врховен дали ќе важат аболициите од Иванов appeared first on Република.

]]>

До крајот на овој месец би требало да се знае ставот на Врховниот суд во однос на аболициите дадени од поранешниот претседател, Ѓорѓе Иванов. Врховен ќе одлучува за аболициите во постапка за оценување на предметот „Транспортер“, во кој обвинетите се повикуваат на дадената аболиција. Одлуката на Врховниот суд за овој случај, ќе важат и за останатите судски предмети во кои се вклучени лица што добија аболиција од Иванов. На одлуката на Врховниот суд се чека, откако Европскиот суд за човекови права, одлучи дека апликациите за дадените аболиции од претседателот Иванов за четирите случаи на СЈО се преуранети, односно дека се уште се во тек судските процеси за тие предмети. Од Судот посочија дека оваа институција може да донесе пресуда дури откако ќе бидат исцрпени сите правни лекови во Македонија. Врховниот суд постапува по предметот „Транспортер“ од крајот на март, кога предметот беше пратен и на мислење кај обвинител. Еден месец подоцна мислењето беше дадено и оттогаш случајот е во рацете на највисокиот суд во земјава.
Доколку во конкретен предмет би се истакнале наводи кои се во врска со прашањето за аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Врховниот суд во согласност со своите надлежности би ги разгледувал засебно во рамките на тој предмет и би се произнесол по истите. При одлучувањето Врховниот суд постапува во согласност со Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот. Во оваа смисла, Врховниот суд одлучува и во согласност со Европската конвенција за заштита на човековите права и со практиката и стандардите на Европскиот суд за човековите права“, за „Макфакс“ одговориле од Врховниот суд по напатствијата дадени од Европскиот суд за човекови права.

The post Денови се бројат до одлуката на Врховен дали ќе важат аболициите од Иванов appeared first on Република.

]]>
Mиланов: Аболицијата за Јанакиески од претседателот Иванов не може да биде повлечена https://republika.mk/vesti/makedonija/milanov-abolitsijata-za-janakieski-od-pretsedatelot-ivanov-ne-mozhe-da-bide-povlechena/ Mon, 08 May 2023 13:10:04 +0000 https://republika.mk/?p=638409

Адвокатот Еленко Миланов на денешната јавна седница на Апелација истакна дека овој случај од самиот почеток се водел погрешно и оти не може ни самата пресуда да биде поинаква.

Тој посочува дека аболицијата од претседателот Ивaнов не може да биде повлечена.

За овие помилувања и самиот суд во Стразбур кажа дека треба да одлучат домашните судови за тие да можат да го испитуваат.Помилувањето не е спорно, никогаш не е оспорено ниту едно од тие 56 решенија пред Уставен суд. За тие решенија веќе постојат одлуки на нашите правосудни органи. Ова е нешто што не може да се повлече со измена на закон подоцна донесен. Тие решенија кои се на сила опстојуваат и ја продолжуваат оваа голгота на Јанакиески кој има четири години и 10 месеци домашен притвор

The post Mиланов: Аболицијата за Јанакиески од претседателот Иванов не може да биде повлечена appeared first on Република.

]]>

Адвокатот Еленко Миланов на денешната јавна седница на Апелација истакна дека овој случај од самиот почеток се водел погрешно и оти не може ни самата пресуда да биде поинаква. Тој посочува дека аболицијата од претседателот Ивaнов не може да биде повлечена.
За овие помилувања и самиот суд во Стразбур кажа дека треба да одлучат домашните судови за тие да можат да го испитуваат.Помилувањето не е спорно, никогаш не е оспорено ниту едно од тие 56 решенија пред Уставен суд. За тие решенија веќе постојат одлуки на нашите правосудни органи. Ова е нешто што не може да се повлече со измена на закон подоцна донесен. Тие решенија кои се на сила опстојуваат и ја продолжуваат оваа голгота на Јанакиески кој има четири години и 10 месеци домашен притвор
 
The post Mиланов: Аболицијата за Јанакиески од претседателот Иванов не може да биде повлечена appeared first on Република.

]]>
Лазарова-Трајковска: ЕСЧП оцени дека жалителите не ги искористиле сите правни лекови пред националните судови https://republika.mk/vesti/makedonija/lazarova-trajkovska-eschp-otseni-deka-zhalitelite-ne-gi-iskoristile-site-pravni-lekovi-pred-natsionalnite-sudovi/ Thu, 16 Feb 2023 10:32:30 +0000 https://republika.mk/?p=609671

Европскиот суд за човекови права со одлуката да ги отфрли жалбите за поништената аболиција од поранашнит претседател Ѓорге Иванов, оценил дека жалителите не ги искористиле сите редовни и вонредни правни лекови кои им ги нуди националното право, а за кои во предходни пресуди и одлуки судот прифатил дека се ефективни правни лекови, вели за МИА поранешната судијка во Судот во Стразбур и актуелна судијка во Врховниот суд, Мирјана Лазарова-Трајковска.

Денеска ЕСЧП одлучи со одлука да ги отфрли жалбите во врска со можни повреди на правото на правично судење на жалителите кои се повикаа на дадените па повлечени помилувања. Ова од причина што, Судот може да прифати случај само откако ќе бидат исцрпени сите домашни правни средства, и во рок кој во време на поднесувањето бил шест месеци сметано од датумот на кој е донесена конечната одлука од страна на националните власти, изјави Лазарова-Трајковска.

Ваквата одлука на Судот, како што посочува, може да влијае само во однос на преиспитување од страна на жалителите дали се уште останале можности за покренување на правни лекови пред националните судови или во некои постапки тие рокови се поминати.

Таа појаснува дека во секој степен од постапката, Судот може да одлучи да отфрли определена жалба од списокот на предмети.

Во конкретниот случај, иако жалбата, по оценка на Судот била дека жалбите треба да се отфрлат поради неисцрпеност на домашните правни лекови и можел да ги отфрли жалбите и во рана фаза на поднесување во фoрмација од Комитет од тројца судии, тој сепак предметот го одлучил во совет од седум судии заради неговата комплексност и важност за подносителите на жалбите но и за националните власти, нагласува судијката Лазарова-Трајковска.

https://republika.mk/vesti/makedonija/advokatot-ilievski-nema-prostor-za-triufalizam-kaj-vladata-ova-ne-znachi-deka-abolitsiite-se-nevazhechki-i-nishtovni-tuku-deka-se-ushte-ne-e-dojdeno-no-vreme-da-se-odluchuva/

The post Лазарова-Трајковска: ЕСЧП оцени дека жалителите не ги искористиле сите правни лекови пред националните судови appeared first on Република.

]]>

Европскиот суд за човекови права со одлуката да ги отфрли жалбите за поништената аболиција од поранашнит претседател Ѓорге Иванов, оценил дека жалителите не ги искористиле сите редовни и вонредни правни лекови кои им ги нуди националното право, а за кои во предходни пресуди и одлуки судот прифатил дека се ефективни правни лекови, вели за МИА поранешната судијка во Судот во Стразбур и актуелна судијка во Врховниот суд, Мирјана Лазарова-Трајковска.
Денеска ЕСЧП одлучи со одлука да ги отфрли жалбите во врска со можни повреди на правото на правично судење на жалителите кои се повикаа на дадените па повлечени помилувања. Ова од причина што, Судот може да прифати случај само откако ќе бидат исцрпени сите домашни правни средства, и во рок кој во време на поднесувањето бил шест месеци сметано од датумот на кој е донесена конечната одлука од страна на националните власти, изјави Лазарова-Трајковска.
Ваквата одлука на Судот, како што посочува, може да влијае само во однос на преиспитување од страна на жалителите дали се уште останале можности за покренување на правни лекови пред националните судови или во некои постапки тие рокови се поминати. Таа појаснува дека во секој степен од постапката, Судот може да одлучи да отфрли определена жалба од списокот на предмети.
Во конкретниот случај, иако жалбата, по оценка на Судот била дека жалбите треба да се отфрлат поради неисцрпеност на домашните правни лекови и можел да ги отфрли жалбите и во рана фаза на поднесување во фoрмација од Комитет од тројца судии, тој сепак предметот го одлучил во совет од седум судии заради неговата комплексност и важност за подносителите на жалбите но и за националните власти, нагласува судијката Лазарова-Трајковска.
https://republika.mk/vesti/makedonija/advokatot-ilievski-nema-prostor-za-triufalizam-kaj-vladata-ova-ne-znachi-deka-abolitsiite-se-nevazhechki-i-nishtovni-tuku-deka-se-ushte-ne-e-dojdeno-no-vreme-da-se-odluchuva/  

The post Лазарова-Трајковска: ЕСЧП оцени дека жалителите не ги искористиле сите правни лекови пред националните судови appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Правната држава победи, помилувањата немаат законска основа https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-pravnata-drzhava-pobedi-pomiluvanata-nemaat-zakonska-osnova/ Thu, 16 Feb 2023 10:18:02 +0000 https://republika.mk/?p=609652

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ја поздрави денешната одлука на Европскиот суд за човекови права која, како што вели, е во полза на државата, според која жалбите на апликантите во целост со наводните помилувања се недозволени.

Со одлуката, Судот смета дека жалбите се недозволени во принцип поради неискористување на домашните правни лекови и дека нема прекршување на човековите права.
Постапките продолжуваат пред домашните судови, бидејќи е нелегитимно да се прескокнуваат македонските судови. Можеби Европскиот суд е искористен во овој случај како алатка за одолговлекување на постапките, но сепак владеење на правото е неприкосновен принцип.
Исклучително важно е да има спроведена правда која граѓаните ја очекуваат, а која ќе се нотира позитивно во извештаите на Европската Комисија во делот почитување на владеење на правото во Македонија.
Благодарност до стручноста и посветеноста на правниот тим за успехот во застапувањето пред Европскиот суд за човекови права, вели Маричиќ.

The post Маричиќ: Правната држава победи, помилувањата немаат законска основа appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ја поздрави денешната одлука на Европскиот суд за човекови права која, како што вели, е во полза на државата, според која жалбите на апликантите во целост со наводните помилувања се недозволени.
Со одлуката, Судот смета дека жалбите се недозволени во принцип поради неискористување на домашните правни лекови и дека нема прекршување на човековите права. Постапките продолжуваат пред домашните судови, бидејќи е нелегитимно да се прескокнуваат македонските судови. Можеби Европскиот суд е искористен во овој случај како алатка за одолговлекување на постапките, но сепак владеење на правото е неприкосновен принцип. Исклучително важно е да има спроведена правда која граѓаните ја очекуваат, а која ќе се нотира позитивно во извештаите на Европската Комисија во делот почитување на владеење на правото во Македонија. Благодарност до стручноста и посветеноста на правниот тим за успехот во застапувањето пред Европскиот суд за човекови права, вели Маричиќ.

The post Маричиќ: Правната држава победи, помилувањата немаат законска основа appeared first on Република.

]]>
Пендаровски ја поздравува одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-ja-pozdravuva-odlukata-na-evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-vo-strazbur/ Thu, 16 Feb 2023 10:04:16 +0000 https://republika.mk/?p=609641

Претседателот Стево Пендаровски ја поздравува одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесена утрово, соопштија од неговиот Кабинет.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sudot-vo-strazbur-ja-otfrli-zhalbata-za-ponishtenata-abolitsija-na-ivanov/

По објавувањето на одлуката од страна на Европскиот суд за човекови права, претседателот ја разгледа со советничкиот тим и смета дека сите засегнати со постапките поведени од страна на обвинителството и судовите во државата, треба своите права да си ги остваруваат пред домашните институции, како што е наведено и во одлуката на Судот во Стразбур. Во оваа смисла, сите постапки пред домашните судови продолжуваат до нивно конечно завршување, односно исцрпување на сите правни средства согласно правните прописи на нашата држава, велат оттаму.

The post Пендаровски ја поздравува одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски ја поздравува одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесена утрово, соопштија од неговиот Кабинет. https://republika.mk/vesti/makedonija/sudot-vo-strazbur-ja-otfrli-zhalbata-za-ponishtenata-abolitsija-na-ivanov/
По објавувањето на одлуката од страна на Европскиот суд за човекови права, претседателот ја разгледа со советничкиот тим и смета дека сите засегнати со постапките поведени од страна на обвинителството и судовите во државата, треба своите права да си ги остваруваат пред домашните институции, како што е наведено и во одлуката на Судот во Стразбур. Во оваа смисла, сите постапки пред домашните судови продолжуваат до нивно конечно завршување, односно исцрпување на сите правни средства согласно правните прописи на нашата држава, велат оттаму.

The post Пендаровски ја поздравува одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур appeared first on Република.

]]>
Во февруари Стразбур ќе ја објави одлуката дали важи аболицијата на Иванов! https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-fevruari-strazbur-ke-ja-objavi-odlukata-dali-vazhi-abolitsijata-na-ivanov/ Tue, 31 Jan 2023 13:25:34 +0000 https://republika.mk/?p=603079

Судот за човекови права во Стразбур на 16 февруари ќе ја соопшти одлуката за тоа дали важат аболициите на експретседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, дознава „А1он“ од извори во правосудните органи. Со ова, по шест години, ќе се затвори прашањето дали обвинетите во четири случаи на СЈО можат да одговараат кривично за дела со кои се опфатени во предметите, а дел и осудени.

Адвокатот Влатко Илиевски  во интервју за „Република“ исто така истакна оти се надева на позитивен исход за случаите кои тој ги застапува.

За случајот „Тенк“ пресудата не би значелo ништо бидејќи за неа немаше аболиција, но ќе се однесува за „Таргет-Тврдина“ и за „Титаник“ каде што Јанкуловска исто така е обвинета бидејќи за нив постоеше аболиција.Постојат повеќе варијанти: Eдната е да се донесе одбивателна пресуда бидејќи делата се предмет на аболиција. Друга опција може да биде преквалификација на обвинението.Станува збор за несекојдневен предмет затоа што обично секогаш кога има жалба пред Стразбур да има правосилна пресуа што овде не е случај бидејќи со аболицијата не ни требало да се води таква постапка.Нема пракса за ваков вид на предмет но јас сум убеден во нашите аргументи и очекува позитивен исход-истакна сопругот на поранешната министерка Јанкуловска.

The post Во февруари Стразбур ќе ја објави одлуката дали важи аболицијата на Иванов! appeared first on Република.

]]>

Судот за човекови права во Стразбур на 16 февруари ќе ја соопшти одлуката за тоа дали важат аболициите на експретседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, дознава „А1он“ од извори во правосудните органи. Со ова, по шест години, ќе се затвори прашањето дали обвинетите во четири случаи на СЈО можат да одговараат кривично за дела со кои се опфатени во предметите, а дел и осудени. Адвокатот Влатко Илиевски  во интервју за „Република“ исто така истакна оти се надева на позитивен исход за случаите кои тој ги застапува.