АА Archives - Република https://republika.mk/tema/aa/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Apr 2024 17:58:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png АА Archives - Република https://republika.mk/tema/aa/ 32 32 Села тврди дека ги добил печатите од АА, Таравари најавува жалба доколку е донесена ваква одлука https://republika.mk/vesti/makedonija/sela-tvrdi-deka-gi-dobil-pechatite-od-aa-taravari-najavuva-zhalba-dokolku-e-donesena-vakva-odluka/ Tue, 02 Apr 2024 17:58:31 +0000 https://republika.mk/?p=761427

Печатите од Алијанса за Албанците ги доби крилото на Зијадин Села. Ваква одлука донел Судот во Тетово. Од крилото на Села ја потврдуваат информацијата, а претседателот на АА Арбен Таравари најавува жалба.

- Судот одлучи дека нашето барање за регистрација на Зијадин Села за претседател на Алијанса за Албанците е прифатено. За оваа одлука се известени сите странки и сега официјално претседател на АА е Зијадин Села, изјавија за МИА од крилото на Села.

Лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари реагираше преку „Фејбук“ по објавата дека печатите од партијата со одлука на судот во Тетово ги добил Села.

- Велат дека денеска добиле печати од Алијансата за да ги дадат на ДУИ... и да е вистина ќе се жалиме ама и да ги добијат со заробениот систем што го имаат во рака, имам прашање ... што е со народот?! Без вера, со ниеден суд не можете да го освоите народот. Промената започна и нема печат што ја спречува, вели Таравари во објавата на Фејсбук.

МИА се обиде да стапи во контакт со Основниот суд Тетово од каде ни беше посочено да испратиме официјален меил во текот на утрешниот ден.

Алијанса за Албанците се подели на две крила откако Таравари го повика членството да ги поддржи во одлуката да настапат заедно со албанската опозиција. Села и Таравари најавија дека ќе водат правна битка за печатите на партијата. Крилото на Таравари одлучи на претстојните избори да оди со албанската опозиција, а Села со ДУИ

The post Села тврди дека ги добил печатите од АА, Таравари најавува жалба доколку е донесена ваква одлука appeared first on Република.

]]>

Печатите од Алијанса за Албанците ги доби крилото на Зијадин Села. Ваква одлука донел Судот во Тетово. Од крилото на Села ја потврдуваат информацијата, а претседателот на АА Арбен Таравари најавува жалба. - Судот одлучи дека нашето барање за регистрација на Зијадин Села за претседател на Алијанса за Албанците е прифатено. За оваа одлука се известени сите странки и сега официјално претседател на АА е Зијадин Села, изјавија за МИА од крилото на Села. Лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари реагираше преку „Фејбук“ по објавата дека печатите од партијата со одлука на судот во Тетово ги добил Села. - Велат дека денеска добиле печати од Алијансата за да ги дадат на ДУИ... и да е вистина ќе се жалиме ама и да ги добијат со заробениот систем што го имаат во рака, имам прашање ... што е со народот?! Без вера, со ниеден суд не можете да го освоите народот. Промената започна и нема печат што ја спречува, вели Таравари во објавата на Фејсбук. МИА се обиде да стапи во контакт со Основниот суд Тетово од каде ни беше посочено да испратиме официјален меил во текот на утрешниот ден. Алијанса за Албанците се подели на две крила откако Таравари го повика членството да ги поддржи во одлуката да настапат заедно со албанската опозиција. Села и Таравари најавија дека ќе водат правна битка за печатите на партијата. Крилото на Таравари одлучи на претстојните избори да оди со албанската опозиција, а Села со ДУИ

The post Села тврди дека ги добил печатите од АА, Таравари најавува жалба доколку е донесена ваква одлука appeared first on Република.

]]>
Демократски сојуз: СДСМ ги плаќа „фактурите“ на ДУИ и на Алијанса аа Албанците https://republika.mk/vesti/makedonija/demokratski-sojuz-sdsm-gi-plaka-fakturite-na-dui-i-na-alijansa-aa-albantsite/ Sat, 30 Dec 2023 16:05:48 +0000 https://republika.mk/?p=728248

Деновиве, на крајот на оваа година, СДСМ ги плаќа „фактурите” на ДУИ и АА, за да биде на власт уште неколку денови, посочуваат од Демократски сојуз.

„Медиумите од соседна Албанија се мајтапат со тоа што командант на УЧК ќе биде технички премиер на Македонија, невиден скандал во Судскиот совет каде кадар на ДУИ бара смена на претседателот на Врховниот суд, поради тоа што бил против повторно активирање на аболицијата на Ѓорге Иванов. Скандалозни конкурси за вработување во врвни здравствени институции (терциарна здравствена заштита) со елиминација на Македонци, конкурс во Македонски шуми за вработување на Албанци во Берово, Крива Паланка, Демир Капија, каде што не живеат Албанци, а се елиминираат Македонци. Ја привршуваат постапката за распродажба на водени ресурси, продолжуваат со најкриминалниот проект со Бехтел и Енка, блокадата од Бугарија на евроинтеграциите на Македонија ја маргинализираат и на големо промовираат наводни големи дипломатски успеси итн.

Сите овие и уште многу други коруптивни скандали длабоко ги фрустрираат сите граѓани, се изгуби довербата во државата, а младите масовно бегаат во странство.

Алчноста на власта предизвика колапс на институциите, сè повеке се задолжува државата во странските банки, се предвидуваат над 600 милиони евра за изборен поткуп, спречуваат да се комплетира ДИК итн.

Наместо предновогодишно расположение, граѓаните со неверување слушаат и гледат како СДСМ ги распродава националните и граѓанските интереси, но наскоро за сè што се случува граѓаните ќе го кажат својот суд“ – стои во реакцијата од Демократски сојуз.

The post Демократски сојуз: СДСМ ги плаќа „фактурите“ на ДУИ и на Алијанса аа Албанците appeared first on Република.

]]>

Деновиве, на крајот на оваа година, СДСМ ги плаќа „фактурите” на ДУИ и АА, за да биде на власт уште неколку денови, посочуваат од Демократски сојуз.
„Медиумите од соседна Албанија се мајтапат со тоа што командант на УЧК ќе биде технички премиер на Македонија, невиден скандал во Судскиот совет каде кадар на ДУИ бара смена на претседателот на Врховниот суд, поради тоа што бил против повторно активирање на аболицијата на Ѓорге Иванов. Скандалозни конкурси за вработување во врвни здравствени институции (терциарна здравствена заштита) со елиминација на Македонци, конкурс во Македонски шуми за вработување на Албанци во Берово, Крива Паланка, Демир Капија, каде што не живеат Албанци, а се елиминираат Македонци. Ја привршуваат постапката за распродажба на водени ресурси, продолжуваат со најкриминалниот проект со Бехтел и Енка, блокадата од Бугарија на евроинтеграциите на Македонија ја маргинализираат и на големо промовираат наводни големи дипломатски успеси итн.
Сите овие и уште многу други коруптивни скандали длабоко ги фрустрираат сите граѓани, се изгуби довербата во државата, а младите масовно бегаат во странство. Алчноста на власта предизвика колапс на институциите, сè повеке се задолжува државата во странските банки, се предвидуваат над 600 милиони евра за изборен поткуп, спречуваат да се комплетира ДИК итн.
Наместо предновогодишно расположение, граѓаните со неверување слушаат и гледат како СДСМ ги распродава националните и граѓанските интереси, но наскоро за сè што се случува граѓаните ќе го кажат својот суд“ – стои во реакцијата од Демократски сојуз.

The post Демократски сојуз: СДСМ ги плаќа „фактурите“ на ДУИ и на Алијанса аа Албанците appeared first on Република.

]]>
Tаравари: АА се оградува од Владата во врска со Отворен Балкан, Берлинскиот процес е единствениот пат https://republika.mk/vesti/makedonija/taravari-aa-se-ograduva-od-vladata-vo-vrska-so-otvoren-balkan-berlinskiot-protses-e-edinstveniot-pat/ Mon, 17 Jul 2023 06:52:15 +0000 https://republika.mk/?p=662091

Претстедателот на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари, го изрази својот став и на партијата со која раководи, во врска со Отворен Балкан, иницијатива која неодамна ја напушти владата не Република Албанија.

„Сакам да ги уверам граѓаните дека Алијансата за Албанците се оградува од секоја нова иницијатива на Владата на Република Македонија во рамките на веќе прекинатиот механизам познат како Отворен Балкан“, напиша Таравари.

Тој Оценува дека со излегувањето на Република Албанија од Отворен Балкан, овој механизам станал бесмислен и нелегитимен.

„Дупликативните и неинклузивните механизми кои создаваат Западен Балкан со две брзини, не му помагаат на интегративниот дух во регионот. Патот напред е јасен: веќе потпишаните договори во рамките на Отворениот Балкан мора да бидат целосно интегрирани и имплементирани во рамките на Берлинскиот процес, почнувајќи од октомврискиот самит во Тирана„, е ставот на Таравари и на неговата партија.

The post Tаравари: АА се оградува од Владата во врска со Отворен Балкан, Берлинскиот процес е единствениот пат appeared first on Република.

Сурија Рашиди ќе биде предлог за директор на МЕПСО, а Бујаре Абази ќе биде новата директорка на „Македонски пошти“ https://republika.mk/vesti/makedonija/surija-rashidi-ke-bide-predlog-za-direktor-na-mepso-a-bujare-abazi-ke-bide-novata-direktorka-na-makedonski-poshti/ Tue, 07 Mar 2023 11:25:46 +0000 https://republika.mk/?p=616833

Пратеникот Сурија Рашиди ќе биде предлог за директор на МЕПСО, а поранешната заменичка на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, Бујаре Абази ќе биде новата директорка на „Македонски пошти“, потврдуваат од Алијанса за Албанците.

Рашиди за директор на МЕПСО ќе дојде на местото на Орхан Муртезани од редовите на Алтернатива, откако таа партија излезе од Владата. Нов пратеник од Алијанса за Албанците, на местото на Рашиди ќе биде Ремзи Мехмеди од Кичево.

Додека, пак, Абази на директорската позиција ќе го смени Васко Стефанов, откако Алијанса за Албанците стана владин партнер. Абази е актуелна советничка во Советот на Град Скопје и потпретседателка на Алијанса за Албанците.

Со реконструкцијата на Владата, Алијансата за Албананците ги доби и министерствата за правда, за здравство и за информатичко општество и администрација со кои раководат Кренар Лога, Фатмир Меџити и Азир Алиу. Кадри на Алијансата за Албанците се поставени и на заменичките места во Министерството за одбрана Тирон Јајага и заменик министер во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство – Вјолца Бериша.

The post Сурија Рашиди ќе биде предлог за директор на МЕПСО, а Бујаре Абази ќе биде новата директорка на „Македонски пошти“ appeared first on Република.

]]>

Пратеникот Сурија Рашиди ќе биде предлог за директор на МЕПСО, а поранешната заменичка на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, Бујаре Абази ќе биде новата директорка на „Македонски пошти“, потврдуваат од Алијанса за Албанците. Рашиди за директор на МЕПСО ќе дојде на местото на Орхан Муртезани од редовите на Алтернатива, откако таа партија излезе од Владата. Нов пратеник од Алијанса за Албанците, на местото на Рашиди ќе биде Ремзи Мехмеди од Кичево. Додека, пак, Абази на директорската позиција ќе го смени Васко Стефанов, откако Алијанса за Албанците стана владин партнер. Абази е актуелна советничка во Советот на Град Скопје и потпретседателка на Алијанса за Албанците. Со реконструкцијата на Владата, Алијансата за Албананците ги доби и министерствата за правда, за здравство и за информатичко општество и администрација со кои раководат Кренар Лога, Фатмир Меџити и Азир Алиу. Кадри на Алијансата за Албанците се поставени и на заменичките места во Министерството за одбрана Тирон Јајага и заменик министер во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство – Вјолца Бериша.

The post Сурија Рашиди ќе биде предлог за директор на МЕПСО, а Бујаре Абази ќе биде новата директорка на „Македонски пошти“ appeared first on Република.

]]>
Најчевска: Алијанса за Албанците излижа се’ што исплука https://republika.mk/vesti/makedonija/najchevska-alijansa-za-albantsite-izlizha-se-shto-ispluka/ Fri, 10 Feb 2023 09:39:20 +0000 https://republika.mk/?p=607272

Колку треба да си мизерен и желен за власт за да го излижеш сето што си го исплукал? Кои се тие вредности и принципи кои треба да верувам дека ќе ги застапуваат луѓето кои лижат кај што плукале и повраќале“, прашува во објава на Фејсбук професорката Мирјана Најчевска која потсетува на изјавите што Алијанса за Албанците ги даваше во изминатиот период:

.Алијанса за Албанците: ДУИ ги направи албанските населби најопасни места за живеење

Алијанса за Албанците и Алтернатива: „Договорот за Влада помеѓу СДСМ и ДУИ е нелегитимен”

Алијанса за Албанците: ДУИ ги злоупотребува институциите за вработување и кампања

Алијанса за Албанците: Функционерите на ДУИ со години се богатат на штета на граѓаните

Алијанса за Албанците: ДУИ ја кочи разврската за трагедијата кај Ласкарци

Алијанса за Албанците: ДУИ ветува, а не реализира

Алијанса за Албанците: ДУИ влезе и во учебниците на Шаќири, министерот за уништување на образованието

Алијанса за Албанците: Насилство и вандализам на координаторот на ДУИ

Алијанса за Албанците: Државата ќе има нова влада без СДСМ и ДУИ и нема враќање назад

Алијанса за Албанците: ДУИ ја тоне правдата со ветувања без реализација

Алијанса за Албанците: ДУИ нема врска со Европа, таа е клан на насилство, ароганција, диктатура и вандализам

„Ама немаат проблем да работат заедно со ДУИ. Се разбира се во полза на граѓаните. Ма не ме зезајте“, пишува Најчевска.

The post Најчевска: Алијанса за Албанците излижа се’ што исплука appeared first on Република.

]]>

Колку треба да си мизерен и желен за власт за да го излижеш сето што си го исплукал? Кои се тие вредности и принципи кои треба да верувам дека ќе ги застапуваат луѓето кои лижат кај што плукале и повраќале“, прашува во објава на Фејсбук професорката Мирјана Најчевска која потсетува на изјавите што Алијанса за Албанците ги даваше во изминатиот период: .Алијанса за Албанците: ДУИ ги направи албанските населби најопасни места за живеење Алијанса за Албанците и Алтернатива: „Договорот за Влада помеѓу СДСМ и ДУИ е нелегитимен” Алијанса за Албанците: ДУИ ги злоупотребува институциите за вработување и кампања Алијанса за Албанците: Функционерите на ДУИ со години се богатат на штета на граѓаните Алијанса за Албанците: ДУИ ја кочи разврската за трагедијата кај Ласкарци Алијанса за Албанците: ДУИ ветува, а не реализира Алијанса за Албанците: ДУИ влезе и во учебниците на Шаќири, министерот за уништување на образованието Алијанса за Албанците: Насилство и вандализам на координаторот на ДУИ Алијанса за Албанците: Државата ќе има нова влада без СДСМ и ДУИ и нема враќање назад Алијанса за Албанците: ДУИ ја тоне правдата со ветувања без реализација Алијанса за Албанците: ДУИ нема врска со Европа, таа е клан на насилство, ароганција, диктатура и вандализам „Ама немаат проблем да работат заедно со ДУИ. Се разбира се во полза на граѓаните. Ма не ме зезајте“, пишува Најчевска.

The post Најчевска: Алијанса за Албанците излижа се’ што исплука appeared first on Република.

]]>
Алијанса за Албанците вечерва дефинитивно одлучува дали ќе станат дел од Владата https://republika.mk/vesti/makedonija/alijansa-za-albantsite-vecherva-definitivno-odluchuva-dali-ke-stanat-del-od-vladata/ Thu, 09 Feb 2023 20:09:22 +0000 https://republika.mk/?p=607057

Во 18:00 часот во централните канцеларии на Алијанса за Албанците почнува состанок на партиското Централно претседателство, при што ќе се објави внатрепартиското референдумско изјаснување дали членовите се за или против партијата да има своите претставниците во Владата.

-Со одлука на Претседателството на партијата денеска се одржа референдум во сите ограноци на кој членовите на огранските собранија, по консултации со подогранокот и членовите одговорија дали се за или против влез во Владата. Референдумот беше спроведен преку онлајн прашалник, а резултатите ќе бидат претставени пред членовите на Претседателството, а потоа и на јавноста преку конференција за медиуми, најавија од Алијанса за Албанците.

До ова изјаснување меѓу членовите доаѓа по состанокот на претседателството на 27 јануари кога новиот претседател на Алијанса за Албанците Арбен Таравари најави дека заедно со уште пет најблиски соработници ќе преговараат дали нивната партија ќе стане дел од Владата како и дека во меѓувреме ќе организираат и внатрепартиски референдум по истото прашање. Алијанса на Албанците има 11500 членови. 

The post Алијанса за Албанците вечерва дефинитивно одлучува дали ќе станат дел од Владата appeared first on Република.

Мицкоски: Не очекувам да се променат работите со влезот на АА во Владата https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ne-ochekuvam-da-se-promenat-rabotite-so-vlezot-na-aa-vo-vladata/ Wed, 08 Feb 2023 12:29:41 +0000 https://republika.mk/?p=606481

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не очекува влезот на Алијанса за Албанците (АА) во Владата да ги промени работите, туку, како што изјави денеска од Општина Петровец, истите ќе ги влоши.

Се губи надежта кај граѓаните, дека може нешто да биде подобро. Дали АА ќе влезе или не тоа е претпоставувам одлука на раководството на АА, одлука на коалицијата СДСМ – ДУИ и за десетина месеци колку имаат пред нив и под услови да нема предвремени не очекувам нешто повеќе да се променат работите, туку ќе бидат се полоши, ќе имаме неколкумина побогати политичари, а народот буквално нема да добие ништо, рече Мицкоски.

Лидерот на партијата исто така нагласи дека доколку во новиот состав на Владата има 61 пратеник нема да има избори во мај.

Кога зборував за избори во мај, зборував за последен период кога има логична оправданост пред граѓантие да се случат изборите. Ако организирате во есен, октомври или ноември, а неколку месеци потоа се претседателските, се поставува прашпањето дали е тоа одговорно однесување. Во услови на ваква криза Макеоднија не може да си дозволи два изборни круга. Логичен термин е мај, а дали ќе се случи ќе видиме кога ќе дојде предлогот на Ковачевски во Парламентот со новиот состав. Доколку има 61 пратеник кој ќе го изгласаат автоматски ќе значи дека ќе нема избори во мај. Доколку нема 61 пратеник веднаш потоа треба да се оди на предвремени. Ние како ВМРО-ДПМНЕ сме подготвени за избори на двата датуми, 14 и 21 мај. Доколку се направи пресметка што би значело тоа во денови, нема техничка влада сто дена, но ние сме подготвени и на тоа, нека има помалку денови техничка влада само да ги спасиме граѓаните, изјави Мицкоски.

Тоа што денес се случува, кажа тој, ќе го изедначам со една убава игра – шахот.

Во шахот не е суштината да дадете шах, туку да дадете мат. Набргу од денеска ќе бидеме сведоци на еден таков мат кој ќе го добие оваа Влада на ДУИ поддржана од СДСМ засилена сега со неколкумина политичари кои гледаат да бидат побогати во наредните десет месеци на грбот на народот, нагласи Мицкоски.

The post Мицкоски: Не очекувам да се променат работите со влезот на АА во Владата appeared first on Република.

Таравари пред средбата со Ковачевски: Доколку ги синхронизираме програмите ќе продолжиме во следната фаза преговори https://republika.mk/vesti/makedonija/taravari-pred-sredbata-so-kovachevski-dokolku-gi-sinhronizirame-programite-ke-prodolzhime-vo-slednata-faza-pregovori/ Tue, 31 Jan 2023 12:57:46 +0000 https://republika.mk/?p=602983

Лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари денеска пред средбата со премиерот Димитар Ковачевски во Владата, изјави дека денеска за првпат ќе зборуваат за преговори со мнозинството во Владата.

Ќе разговараме за синхронизација на нашата програма со нивната. Ако можеме ова да го синхронизираме ќе продолжиме во следна фаза на преговори, евентуално можеби и кадровски - изјави Таравари пред средбата со Ковачевски.

Според него, првата и најбитна точка е пакетот на Алијанса за борба против корупција и криминал и функционирањето на државата.

За другите точки мислам дека е некоректно сега да зборувам пред да ги презентираме пред партиите од Владата - рече Таравари.

Претходно денеска, премиерот Димитар Ковачевски, по конференцијата „Година на нови можности“ информира дека ќе разговараат по однос на политичките и програмските определби за идна можна соработка.

На средбата со Таравари, како што посочи, ќе се разговара за евроинтеграциите, за носење одлуки кои значат побрзо и поефикасно справување со енергетската криза, како и носење реформски закони.

Тој најави дека денеска Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе одржи седница на Извршниот одбор на која ќе се разговара за актуелните прашања.

The post Таравари пред средбата со Ковачевски: Доколку ги синхронизираме програмите ќе продолжиме во следната фаза преговори appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари денеска пред средбата со премиерот Димитар Ковачевски во Владата, изјави дека денеска за првпат ќе зборуваат за преговори со мнозинството во Владата.
Ќе разговараме за синхронизација на нашата програма со нивната. Ако можеме ова да го синхронизираме ќе продолжиме во следна фаза на преговори, евентуално можеби и кадровски - изјави Таравари пред средбата со Ковачевски.
Според него, првата и најбитна точка е пакетот на Алијанса за борба против корупција и криминал и функционирањето на државата.
За другите точки мислам дека е некоректно сега да зборувам пред да ги презентираме пред партиите од Владата - рече Таравари.
Претходно денеска, премиерот Димитар Ковачевски, по конференцијата „Година на нови можности“ информира дека ќе разговараат по однос на политичките и програмските определби за идна можна соработка. На средбата со Таравари, како што посочи, ќе се разговара за евроинтеграциите, за носење одлуки кои значат побрзо и поефикасно справување со енергетската криза, како и носење реформски закони. Тој најави дека денеска Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе одржи седница на Извршниот одбор на која ќе се разговара за актуелните прашања.

The post Таравари пред средбата со Ковачевски: Доколку ги синхронизираме програмите ќе продолжиме во следната фаза преговори appeared first on Република.

]]>
Алијансата за Албанците утре ќе го формира тимот за преговори за влез во Владата https://republika.mk/vesti/makedonija/alijansata-za-albantsite-utre-ke-go-formira-timot-za-pregovori-za-vlez-vo-vladata/ Thu, 26 Jan 2023 14:19:00 +0000 https://republika.mk/?p=601338

Алијансата за Албанците утре ќе го одржи состанокот на Претседателството на партијата, на која се очекува да биде формиран тимот кој ќе ги води преговорите за влез во Владата.

Во централните канцеларии на партијата во Тетово, утре ќе се одржи следната средба каде што меѓу другото ќе дискутира за политичките случувања. На оваа средба на дневен ред ќе биде и одлуката на Централното собрание за формирање на преговарачкиот тим. По завршувањето на состанокот, за одлуките јавноста ќе биде информирана преку соопштение за медиумите, информираат од Алијансата за Албанците.

Во Владата вчера имало средба меѓу премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски, лидерот на ДУИ Али Ахмети и на Алтернатива Африм Гаши.

The post Алијансата за Албанците утре ќе го формира тимот за преговори за влез во Владата appeared first on Република.

Се уште нема разговори со АА за програмата и за кадровски прашања, тврди Ковачевски https://republika.mk/vesti/makedonija/se-ushte-nema-razgovori-so-aa-za-programata-i-za-kadrovski-prashana-tvrdi-kovachevski/ Fri, 20 Jan 2023 12:43:26 +0000 https://republika.mk/?p=599097

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека се уште нема конкретни разговори со Алијансата за Албанците за програма за соработка и за кадровски прашања.

Кога зборуваме за Алијансата за Албанците, тогаш треба да кажеме дека таа соработка треба да се направи врз основа на две претпоставки. Првата е програмско-политички и втората е кадровска и за такви се уште нема конкретни разговори, изјави денеска Ковачевски, кој заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска Стојческа беше во посета на Преспа.

Ковачевски ги повтори ставот дека, според него, во државата има два концепти – едниот е „концепт за европска Македонија“, односно продолжување на патот на преговори и зачленување на државата во ЕУ, а вториот, како што рече, е концептот на Левица и нивниот заложник ВМРО-ДПМНЕ против ЕУ и НАТО. Овие партии, според Ковачевски, тоа го потврдиле, преку сите гласања до сега во изминативе 31 година.

Нема една стратешка одлука која ВМРО-ДПМНЕ ја поддржало, за жал. За сите политички партии кои се за концептот за европска Македонија вратата е отворена, рече премиерот Ковачевски.

The post Се уште нема разговори со АА за програмата и за кадровски прашања, тврди Ковачевски appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека се уште нема конкретни разговори со Алијансата за Албанците за програма за соработка и за кадровски прашања. Кога зборуваме за Алијансата за Албанците, тогаш треба да кажеме дека таа соработка треба да се направи врз основа на две претпоставки. Првата е програмско-политички и втората е кадровска и за такви се уште нема конкретни разговори, изјави денеска Ковачевски, кој заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска Стојческа беше во посета на Преспа. Ковачевски ги повтори ставот дека, според него, во државата има два концепти – едниот е „концепт за европска Македонија“, односно продолжување на патот на преговори и зачленување на државата во ЕУ, а вториот, како што рече, е концептот на Левица и нивниот заложник ВМРО-ДПМНЕ против ЕУ и НАТО. Овие партии, според Ковачевски, тоа го потврдиле, преку сите гласања до сега во изминативе 31 година. Нема една стратешка одлука која ВМРО-ДПМНЕ ја поддржало, за жал. За сите политички партии кои се за концептот за европска Македонија вратата е отворена, рече премиерот Ковачевски.

The post Се уште нема разговори со АА за програмата и за кадровски прашања, тврди Ковачевски appeared first on Република.

]]>
АА бара итно повлекување учебникот по албански јазик за петто одделение каде што се наведени ДУИ https://republika.mk/vesti/makedonija/aa-bara-itno-povlekuvane-uchebnikot-po-albanski-jazik-za-petto-oddelenie-kade-shto-se-navedeni-dui/ Tue, 27 Dec 2022 17:59:01 +0000 https://republika.mk/?p=590678

Бараме учебникот по албански јазик за петто одделение итно да биде повлечен од употреба, а заедно со него и „партискиот емисар именуван министер“, изјави денеска портпаролот на Алијанса за Албанците, Наим Бајрами.

Ако сакате да уништите еден народ без војна, уништете му го образованието, а еден од „најдобрите“ начини да го постигнете тоа е политизација и партизација на образованието. Со години го креваме гласот против различните облици на партизација на образованието. Од оваа власт слушнавме само ветувања дека ќе работат на деполитизација, а во реалноста го направија спротивното, со воведување на партијата во секоја пора на образованието. Неодамна партијата влезе и во учебниците и во текстовите на најчувствителните возрасни групи. ДУИ веќе влезе како пример во учебникот по албански јазик за петто одделение, поточно на лекцијата за кратенки, каде што се споменуваат примери на земји и меѓународни институции, рече Бајрами.

Како што додаде тој, ова е „скандалозна злоупотреба на учебниците за партиска пропаганда, за индоктринација на деца, слично како во времето на комунизмот и времето на другарот Тито и другарот Енвер“.

Тоа е срамна сервилност на самиот автор Вехби Кадриу, таткото на поранешниот кандидат на ДУИ, Ендрин Кадриу, кој потоа беше назначен за директор на Радиодифузија, изјави Бајрами, нарекувајќи го притоа министерот за образование и наука Јетон Шаќири – „министер за уништување на образованието“.

Учебникот е издаден годинава, негов автор е Вехби Кадриу, а издавач е МОН.

The post АА бара итно повлекување учебникот по албански јазик за петто одделение каде што се наведени ДУИ appeared first on Република.

Алити: Немаме разговори со Алијанса за Албанците за нивен влез во Владата, важно е реформите да течат https://republika.mk/vesti/makedonija/aliti-nemame-razgovori-so-alijansa-za-albancite-za-niven-vlez-vo-vladata-vazno-e-reformite-da-techat/ Thu, 01 Dec 2022 10:32:51 +0000 https://republika.mk/?p=580429

Немаме разговори со Алијанса за Албанците. Сите дискусии кои се водат се шпекулации, а јас и Министерството не се занимаваме со тоа. Важно е реформите да течат - изјави министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, кој е дел од владиниот кабинет од редовите на Алтернатива, одговорајќи на новинарско прашање дали за нив е прифатлив влезот на Алијанса за Албанците во Владата и дали се водат разговори за поделба на ресори.

Алити напомена дека сите вести и дискусии поврзани со оваа тема се шпекулации. Како што рече, важно е реформите да течат, дури и на неговото место да треба да дојде нов министер.

Сите овие вести и дискусии сега за сега се шпекулации, но јас и МИОА не се занимаваме со тоа. Дури и за месец дена да треба да дојде нов министер, ние ќе се обидеме до последен ден работата да ја извршуваме најпрофесионално што можеме. Не е важно кој ќе биде министер, важно е реформите да течат, односно да одиме напред - изјави Алити пред почетокот на јавната расправа за Нацрт верзијата од Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023-2030.

The post Алити: Немаме разговори со Алијанса за Албанците за нивен влез во Владата, важно е реформите да течат appeared first on Република.

Ахмети: Преговорите со АА за влез во Владата се во фаза на почетни средби https://republika.mk/vesti/ahmeti-pregovorite-so-aa-za-vlez-vo-vladata-se-vo-faza-na-pochetni-sredbi/ Tue, 22 Nov 2022 14:24:03 +0000 https://republika.mk/?p=576989

Лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека преговорите кои се водат со Алијансата на Албанците (АА) за евентуален влез на партијата во Владата, се уште се во фаза на почетни средби и нема ништо конкретно дефинирано во оваа насока.

Се очекува одржување на наредни средби во оваа насока, изјави Ахмети, одговарајќи на новинарски прашања по Свечената академија по повод 114-годишнината од Конгресот во Битола и Денот на албанската азбука, што се одржа денеска во Скопје.

Прашан како ќе влијае евентуален влез на АА во Владата на парламентарното мнозинство, Ахмети рече дека нормално доколку има позитивен епилог од целиот овој процес, тоа би придонело многу за остварување на една конструктивност и стабилност на парламентарното мнозинство.

Во однос на можната распределба на министерски места при влез на Алијансата во Владата, Ахмети рече дека за овие теми уште не е разговарано, бидејќи разговорите се уште се во почетна фаза.

За тоа дали во услови на криза е вистинско време да се трошат парите на граѓаните на организирање на собири како денешната Свечена академија, Ахмети рече дека, според него, за еден народ многу е важно да се потсети на неговата историја и на важните личности од таа историја.

Сметам дека нема цена одбележувањето на еден толку многу важен историски настан за сите Албанци, па и за кој било настан на одбележување од ваков вид, изјави Ахмети.

Прашан зошто не се закажува собраниска седница за уставните измени, Ахмети рече дека ова е премногу важно прашање за земјата и од голем интерес за сите.

Ние постојано повикуваме на единство помеѓу политичките партии. Нормално дека за овој важен процес треба да го направиме вистинскиот чекор за да продолжиме кон интеграцијата во ЕУ. Нормално дека за тоа е потребно време, но не се сомневам дека ќе го направиме вистинскиот чекор, истакна Ахмети.

The post Ахмети: Преговорите со АА за влез во Владата се во фаза на почетни средби appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека преговорите кои се водат со Алијансата на Албанците (АА) за евентуален влез на партијата во Владата, се уште се во фаза на почетни средби и нема ништо конкретно дефинирано во оваа насока.
Се очекува одржување на наредни средби во оваа насока, изјави Ахмети, одговарајќи на новинарски прашања по Свечената академија по повод 114-годишнината од Конгресот во Битола и Денот на албанската азбука, што се одржа денеска во Скопје.
Прашан како ќе влијае евентуален влез на АА во Владата на парламентарното мнозинство, Ахмети рече дека нормално доколку има позитивен епилог од целиот овој процес, тоа би придонело многу за остварување на една конструктивност и стабилност на парламентарното мнозинство. Во однос на можната распределба на министерски места при влез на Алијансата во Владата, Ахмети рече дека за овие теми уште не е разговарано, бидејќи разговорите се уште се во почетна фаза. За тоа дали во услови на криза е вистинско време да се трошат парите на граѓаните на организирање на собири како денешната Свечена академија, Ахмети рече дека, според него, за еден народ многу е важно да се потсети на неговата историја и на важните личности од таа историја.