а така блиска“ Archives - Република https://republika.mk/tema/a-taka-bliska/ За подобро да се разбереме Sat, 05 Oct 2024 15:25:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png а така блиска“ Archives - Република https://republika.mk/tema/a-taka-bliska/ 32 32 Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска https://republika.mk/vesti/kultura/promovirana-makedonija-taka-dalechna-a-taka-bliska-kniga-so-razglednitsi-prakani-od-makedonija-kon-hrvatska/ Sat, 05 Oct 2024 15:25:46 +0000 https://republika.mk/?p=823173

Во Тетово вчера беше промовирана книгата „Македонија така далечна, а така блиска“ од авторот Драгољуб Сиљаноски, фотограф и филателист кој живее во Нашице, Хрватска. Книгата е збир на разгледници кои биле праќани од Македонија кон Хрватска.

Најстарата разгледница датира од 1914 година кога со Прва светска војна започнала допишувањето со заробените и ранети војници од Австро-Унгарската монархија кои од подрачјето на Македонија се јавувале дома во Хрватска. Со втемелување на државата на Србите, Хрватите и Словенците подоцна Кралство СХС односно Југославија, Македонија и Хрватска се нашле во иста држава, па со размена на управниот воениот полицискиот и воениот кадар интензивирани се врските на македонскиот и хрватскиот народ, посочи на почетокот на промоцијата модераторот Марко Видачек.

Промоторот на книгата, професорот Игор Јуруков од Филозофски факултет при Универзитет „Свети Кирил и Методиј“, посочи дека специфичноста на книгата се состои во следењето на трагите од минатото преку разгледници.

Преку разгледниците, ако повеќе се задлабочиме ќе се отворат многу важни прашања, временскиот период и пораката која ја носеле. Првото нешто е што го покажуваат овие разгледници е заедничкото што го имаат овие две братски земји и народи. Да ни покажат местата и мотиви кои сведочат за присуството на оние кои ги испраќале. Овие разгледници ни кажува дека имало движење во двете насоки од Хрватска кон Македонија и од Македонија во Хрватска во различни временски периоди и различни причини, истакна професорот Јуруков.

Авторот Драгољуб Сиљановски собирал стотина разгледници за десетина години сакајќи да ја претстави културата и историјата за својата родна Македонија, одбрал примероци кои се со македонски мотиви а адресирани до луѓе во Хрватска.

Македонците и Хрватите имаат нешто заедничко, а тоа е што имаат добри луѓе, добра волја, добри домаќини, „приступачни“ луѓе, без разлика на политиките, главна е оваа човечка димензија. Оваа книга е создадена по моите изложби со разгледници кои биле претставувани преку изложени паноа низ цела Хрватска и во Македонија, нагласи Сиљановски.

Тој е роден е 1961 година во Кичево, дипломирал на Економски факултет во Осиек. Од доаѓањето во 1972 година во Хрватска се до денес работи и живее во Нашице, член е на КУД „Браќа Миладиновци“ Осиек, член е на Одборот на претставници на Македонското национално малцинство во Република Хрватска и во Осијечка-Барањска жупанија.

За филантропското залагање во 2013 година добил награда за филантроп на годината на Осијечко-Барањската жупанија. Со филателија се занимава од својата 15 година, а активно изложувал од 2014 година. Со циклусот разгледници од Македонија остварил низа гостувања во бројни градови низ Хрватска, како и во Скопје. Домаќини на оваа изложба беа сите македонски друштва во Хрватска.

The post Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска appeared first on Република.

]]>

Во Тетово вчера беше промовирана книгата „Македонија така далечна, а така блиска“ од авторот Драгољуб Сиљаноски, фотограф и филателист кој живее во Нашице, Хрватска. Книгата е збир на разгледници кои биле праќани од Македонија кон Хрватска.
Најстарата разгледница датира од 1914 година кога со Прва светска војна започнала допишувањето со заробените и ранети војници од Австро-Унгарската монархија кои од подрачјето на Македонија се јавувале дома во Хрватска. Со втемелување на државата на Србите, Хрватите и Словенците подоцна Кралство СХС односно Југославија, Македонија и Хрватска се нашле во иста држава, па со размена на управниот воениот полицискиот и воениот кадар интензивирани се врските на македонскиот и хрватскиот народ, посочи на почетокот на промоцијата модераторот Марко Видачек.
Промоторот на книгата, професорот Игор Јуруков од Филозофски факултет при Универзитет „Свети Кирил и Методиј“, посочи дека специфичноста на книгата се состои во следењето на трагите од минатото преку разгледници.
Преку разгледниците, ако повеќе се задлабочиме ќе се отворат многу важни прашања, временскиот период и пораката која ја носеле. Првото нешто е што го покажуваат овие разгледници е заедничкото што го имаат овие две братски земји и народи. Да ни покажат местата и мотиви кои сведочат за присуството на оние кои ги испраќале. Овие разгледници ни кажува дека имало движење во двете насоки од Хрватска кон Македонија и од Македонија во Хрватска во различни временски периоди и различни причини, истакна професорот Јуруков.
Авторот Драгољуб Сиљановски собирал стотина разгледници за десетина години сакајќи да ја претстави културата и историјата за својата родна Македонија, одбрал примероци кои се со македонски мотиви а адресирани до луѓе во Хрватска.
Македонците и Хрватите имаат нешто заедничко, а тоа е што имаат добри луѓе, добра волја, добри домаќини, „приступачни“ луѓе, без разлика на политиките, главна е оваа човечка димензија. Оваа книга е создадена по моите изложби со разгледници кои биле претставувани преку изложени паноа низ цела Хрватска и во Македонија, нагласи Сиљановски.
Тој е роден е 1961 година во Кичево, дипломирал на Економски факултет во Осиек. Од доаѓањето во 1972 година во Хрватска се до денес работи и живее во Нашице, член е на КУД „Браќа Миладиновци“ Осиек, член е на Одборот на претставници на Македонското национално малцинство во Република Хрватска и во Осијечка-Барањска жупанија. За филантропското залагање во 2013 година добил награда за филантроп на годината на Осијечко-Барањската жупанија. Со филателија се занимава од својата 15 година, а активно изложувал од 2014 година. Со циклусот разгледници од Македонија остварил низа гостувања во бројни градови низ Хрватска, како и во Скопје. Домаќини на оваа изложба беа сите македонски друштва во Хрватска.