А.П. Чехов Archives - Република https://republika.mk/tema/a-p-chehov/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Jul 2024 11:26:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png А.П. Чехов Archives - Република https://republika.mk/tema/a-p-chehov/ 32 32 „Галеб“ ги отвори прашањата како може да се избегне загубата и дали е возможно човекот подобро да се грижи за луѓето и природата https://republika.mk/vesti/kultura/galeb-gi-otvori-prashanata-kako-mozhe-da-se-izbegne-zagubata-i-dali-e-vozmozhno-chovekot-podobro-da-se-grizhi-za-lugeto-i-prirodata/ Tue, 23 Jul 2024 11:25:30 +0000 https://republika.mk/?p=799487

„Галеб“- Антибајка за нереализираните амбиции и потребата на луѓето да страдаат

Актерите од Народниот театар Битола вчеравечер на сцената „Долни Сарај“ ја изведоа премиерата на театарската претстава „Галеб“ од Антон Чехов, во режија на Багријана Попов.
Улогите ги толкуваа Јулијана Мирчевска, Илија Волчески, Огнен Дранговски, Катерина Аневска-Дранговска, Васко Мавровски, Соња Ошавкова, Леонида Гулевска, Александар Димитровски, Живко Борисовски, Валентин Дамчевски и Дарко Велкоски. Сценографијата беше на Валентин Светозарев, а костимографијата на Благој Мицевски.

[caption id="attachment_799506" align="alignnone" width="1200"] фото: Охридско лето[/caption]

Селекторката на драмската програма на фестивалот „Охридско лето“, Сања Арсовска, вели дека драмскиот репертоар на „Охридско лето“ секогаш ги носи најдобрите драмски претстави со најдобрите театарски ансамбли, меѓу кои е и Битолскиот народен театар кој годинава доаѓа со премиера на Чеховиот „Галеб“.

Чеховата „Галеб“ е всушност антибајка за нереализираните амбиции, за чудна мазохистичка потреба на луѓето да страдаат и да им биде тешко во нивните животи, вели Арсовска.

[caption id="attachment_799507" align="alignnone" width="1200"] фото: Охридско лето[/caption]

Режисерката на претставата „Галеб“, Багријана Попов, која има интернационална кариера, веќе дваесет години соработува со Битолскиот народен театар, а исто така драмите на Чехов ги има режирано и во Австралија, Финска, како и во Бугарија.

Прекрасно е искуството и задоволство е што веќе 20 години се дружам со Битолскиот народен театар и сега првпат во Охрид имаме прилика да ја претставиме драмата „Галеб“. Чехов, оваа претстава ја нарекува комедија иако во некои сцени е испреплетена со страдања. Исто така, претставува и едно искуство на љубовта, природата, а централно место зазема и езерото со своите убавини. Затоа е перфектно, што претставата се изведе токму каде што имаме и поглед кон езерото, вели режисерката Попов.

[caption id="attachment_799508" align="alignnone" width="1200"] фото: Охридско лето[/caption]

Претставата „Галеб“ на „Охридско лето“ повторно ги отвори прашањата како може да се избегне загубата и дали е возможно човекот подобро да се грижи за луѓето и природата.

 

The post „Галеб“ ги отвори прашањата како може да се избегне загубата и дали е возможно човекот подобро да се грижи за луѓето и природата appeared first on Република.

]]>

„Галеб“- Антибајка за нереализираните амбиции и потребата на луѓето да страдаат Актерите од Народниот театар Битола вчеравечер на сцената „Долни Сарај“ ја изведоа премиерата на театарската претстава „Галеб“ од Антон Чехов, во режија на Багријана Попов. Улогите ги толкуваа Јулијана Мирчевска, Илија Волчески, Огнен Дранговски, Катерина Аневска-Дранговска, Васко Мавровски, Соња Ошавкова, Леонида Гулевска, Александар Димитровски, Живко Борисовски, Валентин Дамчевски и Дарко Велкоски. Сценографијата беше на Валентин Светозарев, а костимографијата на Благој Мицевски. [caption id="attachment_799506" align="alignnone" width="1200"] фото: Охридско лето[/caption] Селекторката на драмската програма на фестивалот „Охридско лето“, Сања Арсовска, вели дека драмскиот репертоар на „Охридско лето“ секогаш ги носи најдобрите драмски претстави со најдобрите театарски ансамбли, меѓу кои е и Битолскиот народен театар кој годинава доаѓа со премиера на Чеховиот „Галеб“.
Чеховата „Галеб“ е всушност антибајка за нереализираните амбиции, за чудна мазохистичка потреба на луѓето да страдаат и да им биде тешко во нивните животи, вели Арсовска.
[caption id="attachment_799507" align="alignnone" width="1200"] фото: Охридско лето[/caption] Режисерката на претставата „Галеб“, Багријана Попов, која има интернационална кариера, веќе дваесет години соработува со Битолскиот народен театар, а исто така драмите на Чехов ги има режирано и во Австралија, Финска, како и во Бугарија.
Прекрасно е искуството и задоволство е што веќе 20 години се дружам со Битолскиот народен театар и сега првпат во Охрид имаме прилика да ја претставиме драмата „Галеб“. Чехов, оваа претстава ја нарекува комедија иако во некои сцени е испреплетена со страдања. Исто така, претставува и едно искуство на љубовта, природата, а централно место зазема и езерото со своите убавини. Затоа е перфектно, што претставата се изведе токму каде што имаме и поглед кон езерото, вели режисерката Попов.
[caption id="attachment_799508" align="alignnone" width="1200"] фото: Охридско лето[/caption] Претставата „Галеб“ на „Охридско лето“ повторно ги отвори прашањата како може да се избегне загубата и дали е возможно човекот подобро да се грижи за луѓето и природата.  

The post „Галеб“ ги отвори прашањата како може да се избегне загубата и дали е возможно човекот подобро да се грижи за луѓето и природата appeared first on Република.

]]>