99 девојки Archives - Република https://republika.mk/tema/99-devojki/ За подобро да се разбереме Sat, 06 Jan 2024 09:58:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 99 девојки Archives - Република https://republika.mk/tema/99-devojki/ 32 32 Најдени 99 девојки во ноќни клубови во Тетово и Охрид https://republika.mk/vesti/crna-hronika/najdeni-99-devojki-vo-nokni-klubovi-vo-tetovo-i-ohrid/ Fri, 05 Jan 2024 13:35:27 +0000 https://republika.mk/?p=730076

Во три угостителски објекти, од кои два на подрачјето на СВР Тетово и еден на подрачјето на Охрид, при спроведени полициски и истражни дејствија, биле затекнати вкупно 99 женски лица со потекло од Украина, Русија, Белорусија, Албанија, Косово, Колумбија, Србија, Аргентина, Бугарија, Казахстан и Македонија, кои престојувале спротивно на целта, а пронајдена е една ќеса со прашкаста материја и еден пиштол „Гамо“ калибар 4,5 милиметри, соопштија од МВР.

На 04/05.01.2024 година, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со ОСПО, а во координација со јавен обвинител од ОЈО ГОКК, по добиени наредби за претрес од Основен кривичен суд, Скопје, се појаснува во соопштението, извршени се претреси во три угостителски објекти, од кои два на подрачјето на СВР Тетово и еден на подрачјето на Охрид.

Во угостителскиот објект сопственост на И.И.(26), биле затекнати 50 девојки од Украина, Русија, Белорусија, Албанија и Косово, како и ќеса со дрога, а исто така биле легитимирани 80 гости. Во угостителскиот објект, сопственост на А.Џ.(26), беа затекнати 36 девојки од Украина, Русија, Белорусија, Албанија, Колумбија, Србија, Аргентина, Бугарија и Македонија, а пронајден е и пиштол, додека легитимирани биле 95 гости во објектот. При претресот извршен во угостителскиот објект во Охрид, сопственост на Х.А.(34), биле затекнати 13 девојки од Украина, Русија, Белорусија, Казахстан и Македонија, а затекнати и легитимирани биле 47 гости во објектот, соопштија од МВР.

Во однос на затекнатите женски лица кои престојувале спротивно на целта, се посочува, ќе се отпочне со прекршочна постапка пред надлежен суд, а против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

The post Најдени 99 девојки во ноќни клубови во Тетово и Охрид appeared first on Република.

]]>

Во три угостителски објекти, од кои два на подрачјето на СВР Тетово и еден на подрачјето на Охрид, при спроведени полициски и истражни дејствија, биле затекнати вкупно 99 женски лица со потекло од Украина, Русија, Белорусија, Албанија, Косово, Колумбија, Србија, Аргентина, Бугарија, Казахстан и Македонија, кои престојувале спротивно на целта, а пронајдена е една ќеса со прашкаста материја и еден пиштол „Гамо“ калибар 4,5 милиметри, соопштија од МВР. На 04/05.01.2024 година, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со ОСПО, а во координација со јавен обвинител од ОЈО ГОКК, по добиени наредби за претрес од Основен кривичен суд, Скопје, се појаснува во соопштението, извршени се претреси во три угостителски објекти, од кои два на подрачјето на СВР Тетово и еден на подрачјето на Охрид.