80 години Archives - Република https://republika.mk/tema/80-godini/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Jun 2024 07:12:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 80 години Archives - Република https://republika.mk/tema/80-godini/ 32 32 Народен Театар Битола го започнува чествувањето на 80 роденден со вечерашната претстава „На дното на океанот постојат некои светови“ https://republika.mk/vesti/kultura/naroden-teatar-bitola-go-zapochnuva-chestvuvaneto-na-80-rodenden-so-vecherashnata-pretstava-na-dnoto-na-okeanot-postojat-nekoi-svetovi/ Wed, 12 Jun 2024 17:26:33 +0000 https://republika.mk/?p=786797

Со претставата „На дното на океанот постојат некакви светови“ во изведба на независниот театар „Артерариј“ од Загреб, Хрватска, на 12 јуни започнува серија гостувања на театри од земјата и од регионот со кои ќе се чествува 80. роденден на најстариот театар во Македонија, Битолскиот театар. Како што велат оттаму, ова чествување ќе кулминира со централната прослава на роденденот на театарот на 14 ноември.

„Претставата ‘На дното на океанот постојат некакви светови’ ги освојува срцата на публиката повеќе од една година во Хрватска и го потврдува статусот на овој независен театар како простор на храбар алтернативен театарски израз, кој обработува теми за кои повеќето молчат“, посочуваат од Битолскиот театар.

Овој авторски проект на познатиот хрватски актер и режисер Романо Николиќ, во соработка со актерите Анита Матиќ и Франо Машковиќ и драматургот Оља Лозица, е добитник на неколку награди во Хрватска на престижниот фестивал 33. Марулиќеви денови: награда за драматургија за заедничката работа на целата екипа во градењето на ликовите, награда за најдобро уметничко остварување за актерите Анита Матиќ-Делиќ и Франо Машковиќ за врвна актерска заедничка игра, награда за најдобра женска улога, номинација на ХДДУ за најдобар режисер, номинација за најдобра машка улога…

Настаната по мотиви на Еврипидовата драма „Медеја“, но во современ контекст, претставата за главни протагонисти ги има истите ликови од оригиналната предлошка, Јасон и Медеја. Само денес, во современиот свет, тие се еден вообичаен современ брачен пар, без никакви јавни и општествено одговорни должности. Се работи за семеен пар со две деца, кој живее во обична куќа во центарот на градот. Но, како и кај Еврипидовите јунаци, поради низа животни околности, нивната поранешна љубов се претвора во омраза, која ги доведува обајцата до разидување во визијата за идниот заеднички живот и до слом во нивните односи. Во тој динамичен свет на брачни игри, обајцата се огорчени на свој начин и обајцата доведени до работ на самоиспитување што води во криза на идентитетот.

„Што воопшто значи да се установиш себеси и да се изградиш врз основа на односот со некој друг? Или како што ќе каже современата Медеја: ’Која сум јас – кога сум само јас? Кога не сум ничија жена, ничија мајка, ничија ќерка? Која сум јас – кога сум само јас? И дали некогаш сум била само јас? Која сум ја во суштина? Која сум јас – без ти и јас? Која сум јас – без ние?’“, ќе каже драматургот на претставата, Оља Лозица.

Театарскиот колектив на „Артерариј“ ни носи емотивна камерна претстава и исклучително доживување за публиката.

„Изворно одиграна во едно полуразрушено поткровје во центарот на Загреб, оваа претстава отвора еден многу интимен простор, кој ги урива сите ѕидови на театарот, зашто публиката (околу дваесет и пет луѓе) дословно им дише на актерите во лицето, станувајќи гостин во нивната дневна соба, војаер на нивната трагедија. Оваа извонредна актерска екипа ќе се обиде да одговори како и зошто една обична приказна завршува со трагедија, една можна топла семејна атмосфера во разобличување и распад и на сцената на нашиот театар. „Тоа се луѓе што се сакаат, не се случајно заедно. А, сепак, сѐ води во трагедија. Како и зошто. Која е таа точка на која луѓето се кршат. Овде сите ситуации, до самиот крај, се ситуации низ кои поминувал секој од нас. Сите сме биле оставани или сме оставале некого. Сме се преиспитувале дали сме доволно вредни…“, вели режисерот Романо Николиќ.

 

The post Народен Театар Битола го започнува чествувањето на 80 роденден со вечерашната претстава „На дното на океанот постојат некои светови“ appeared first on Република.

]]>

Со претставата „На дното на океанот постојат некакви светови“ во изведба на независниот театар „Артерариј“ од Загреб, Хрватска, на 12 јуни започнува серија гостувања на театри од земјата и од регионот со кои ќе се чествува 80. роденден на најстариот театар во Македонија, Битолскиот театар. Како што велат оттаму, ова чествување ќе кулминира со централната прослава на роденденот на театарот на 14 ноември. „Претставата ‘На дното на океанот постојат некакви светови’ ги освојува срцата на публиката повеќе од една година во Хрватска и го потврдува статусот на овој независен театар како простор на храбар алтернативен театарски израз, кој обработува теми за кои повеќето молчат“, посочуваат од Битолскиот театар. Овој авторски проект на познатиот хрватски актер и режисер Романо Николиќ, во соработка со актерите Анита Матиќ и Франо Машковиќ и драматургот Оља Лозица, е добитник на неколку награди во Хрватска на престижниот фестивал 33. Марулиќеви денови: награда за драматургија за заедничката работа на целата екипа во градењето на ликовите, награда за најдобро уметничко остварување за актерите Анита Матиќ-Делиќ и Франо Машковиќ за врвна актерска заедничка игра, награда за најдобра женска улога, номинација на ХДДУ за најдобар режисер, номинација за најдобра машка улога… Настаната по мотиви на Еврипидовата драма „Медеја“, но во современ контекст, претставата за главни протагонисти ги има истите ликови од оригиналната предлошка, Јасон и Медеја. Само денес, во современиот свет, тие се еден вообичаен современ брачен пар, без никакви јавни и општествено одговорни должности. Се работи за семеен пар со две деца, кој живее во обична куќа во центарот на градот. Но, како и кај Еврипидовите јунаци, поради низа животни околности, нивната поранешна љубов се претвора во омраза, која ги доведува обајцата до разидување во визијата за идниот заеднички живот и до слом во нивните односи. Во тој динамичен свет на брачни игри, обајцата се огорчени на свој начин и обајцата доведени до работ на самоиспитување што води во криза на идентитетот. „Што воопшто значи да се установиш себеси и да се изградиш врз основа на односот со некој друг? Или како што ќе каже современата Медеја: ’Која сум јас – кога сум само јас? Кога не сум ничија жена, ничија мајка, ничија ќерка? Која сум јас – кога сум само јас? И дали некогаш сум била само јас? Која сум ја во суштина? Која сум јас – без ти и јас? Која сум јас – без ние?’“, ќе каже драматургот на претставата, Оља Лозица. Театарскиот колектив на „Артерариј“ ни носи емотивна камерна претстава и исклучително доживување за публиката. „Изворно одиграна во едно полуразрушено поткровје во центарот на Загреб, оваа претстава отвора еден многу интимен простор, кој ги урива сите ѕидови на театарот, зашто публиката (околу дваесет и пет луѓе) дословно им дише на актерите во лицето, станувајќи гостин во нивната дневна соба, војаер на нивната трагедија. Оваа извонредна актерска екипа ќе се обиде да одговори како и зошто една обична приказна завршува со трагедија, една можна топла семејна атмосфера во разобличување и распад и на сцената на нашиот театар. „Тоа се луѓе што се сакаат, не се случајно заедно. А, сепак, сѐ води во трагедија. Како и зошто. Која е таа точка на која луѓето се кршат. Овде сите ситуации, до самиот крај, се ситуации низ кои поминувал секој од нас. Сите сме биле оставани или сме оставале некого. Сме се преиспитувале дали сме доволно вредни…“, вели режисерот Романо Николиќ.  

The post Народен Театар Битола го започнува чествувањето на 80 роденден со вечерашната претстава „На дното на океанот постојат некои светови“ appeared first on Република.

]]>
Во Штип одбележани 80 години од депортацијата на македонските Евреи https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-shtip-odbelezhani-80-godini-od-deportatsijata-na-makedonskite-evrei/ Fri, 10 Mar 2023 12:38:03 +0000 https://republika.mk/?p=618153

Осумдесет години од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка е настан, којшто не смее да се заборави, порача Пепо Леви, претседател на Еврејската заедница на денешната комеморативна програма во Штип.

Во својата 80-годишна историја овој ден никогаш не е заборавен, секогаш им оддаваме почит на нашите 7.144 Евреи од Македонија и 543 Евреи од Штип. Нека Евреите починати во Треблинка бидат залог на посветла иднина, на поголем просперитет на Македонија и за побрзо влегување во ЕУ каде што ќе бидеме рамноправни членови со сите останати европски земји, рече Леви.

Прашан за коментар што бугарската власт не презема одговорност во депортацијата на евреите, Леви со одговор дека секој носи лична одговорност за своите постапки.

Дали некој се чувствува виновен или не се чувствува виновен тоа е во неговиот генетски код или во неговата култура. Историјата таква е каква е, никој не може да ја промени, никој не може да ја избрише. Денеска сите народи на Балканот треба да живеат во мир и во слога и мислам дека е голема, голема грешка неовозможување, ставање вета и слични работи за влез на Македонија во ЕУ, додаде Леви.

Посочи дека денеска во Штип има гости од Израел, меѓу кои и жива Еврејка која била во логорот во „Монопол“ и која успеала да излезе од „Монопол“ со нејзината сестра.

Преживеала голгота, но успеала да се одржи и да оформи свое семејство, преселена е во Израел и сега има семејство од преку 20 души. Ние сме горди на неа и ја сакаме нашата Шела, рече Леви.

Осумдесет и осумгодишната Шела кога ги депортирале од Штип имала само осум години.

Дојде мајка ми да ме разбуди, јас не сакав да станам и викав нејќам, нејќам сè уште е рано да станам, вели Шела.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска истакна дека одбележување на 80 години од депортацијата на македонските Евреи е настан којшто има за цел да ни помогне да не ги заборавиме злосторствата коишто се случија пред 80 години.

Ми претставува навистина големо задоволство што имав можност да помогнам на некаков начин во организација на овој настан денес, организацијата на настанот којшто беше вчера во општина Битола и во организацијата на централниот настан – Одбележување 80 години од депортацијата на македонските Евреи. Овој настан треба да ни послужи сите на една лекција да се издигнеме, односно издигнување на сите наши определби да помогнеме вакви настани никогаш повеќе во историјата да не се повторат, вели Костадиновска-Стојчевска.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов рече дека и по 80 години сè уште се чувствува тагата меѓу штипјани.

Треба да испратиме една порака дека не треба да се заборави и не треба да се повтори. Нашата желба денес со „Маршот на живите“ е да порачаме да има мир во светот и никогаш да не се повтори, вели Јорданов.

По повод 80 години од депортирањето на македонските Евреи беше промовирана книгата „Евреите во Штип“ од Мишо Китаноски, делегациите положија цвеќе на споменикот на Евреите во Штип, а беа посетени и Еврејските гробишта.

Во Штип присуствуваа амбасадорот на Германија во Република Македонија, претставници на ОБСЕ, високи дипломатски претставници во земјата, потоа гости од Израел, пратеници во Собранието на Република Македонија и претставници на државни и локални институции.

 

The post Во Штип одбележани 80 години од депортацијата на македонските Евреи appeared first on Република.

]]>

Осумдесет години од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка е настан, којшто не смее да се заборави, порача Пепо Леви, претседател на Еврејската заедница на денешната комеморативна програма во Штип.
Во својата 80-годишна историја овој ден никогаш не е заборавен, секогаш им оддаваме почит на нашите 7.144 Евреи од Македонија и 543 Евреи од Штип. Нека Евреите починати во Треблинка бидат залог на посветла иднина, на поголем просперитет на Македонија и за побрзо влегување во ЕУ каде што ќе бидеме рамноправни членови со сите останати европски земји, рече Леви.
Прашан за коментар што бугарската власт не презема одговорност во депортацијата на евреите, Леви со одговор дека секој носи лична одговорност за своите постапки.
Дали некој се чувствува виновен или не се чувствува виновен тоа е во неговиот генетски код или во неговата култура. Историјата таква е каква е, никој не може да ја промени, никој не може да ја избрише. Денеска сите народи на Балканот треба да живеат во мир и во слога и мислам дека е голема, голема грешка неовозможување, ставање вета и слични работи за влез на Македонија во ЕУ, додаде Леви.
Посочи дека денеска во Штип има гости од Израел, меѓу кои и жива Еврејка која била во логорот во „Монопол“ и која успеала да излезе од „Монопол“ со нејзината сестра.
Преживеала голгота, но успеала да се одржи и да оформи свое семејство, преселена е во Израел и сега има семејство од преку 20 души. Ние сме горди на неа и ја сакаме нашата Шела, рече Леви.
Осумдесет и осумгодишната Шела кога ги депортирале од Штип имала само осум години.
Дојде мајка ми да ме разбуди, јас не сакав да станам и викав нејќам, нејќам сè уште е рано да станам, вели Шела.
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска истакна дека одбележување на 80 години од депортацијата на македонските Евреи е настан којшто има за цел да ни помогне да не ги заборавиме злосторствата коишто се случија пред 80 години.
Ми претставува навистина големо задоволство што имав можност да помогнам на некаков начин во организација на овој настан денес, организацијата на настанот којшто беше вчера во општина Битола и во организацијата на централниот настан – Одбележување 80 години од депортацијата на македонските Евреи. Овој настан треба да ни послужи сите на една лекција да се издигнеме, односно издигнување на сите наши определби да помогнеме вакви настани никогаш повеќе во историјата да не се повторат, вели Костадиновска-Стојчевска.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов рече дека и по 80 години сè уште се чувствува тагата меѓу штипјани.
Треба да испратиме една порака дека не треба да се заборави и не треба да се повтори. Нашата желба денес со „Маршот на живите“ е да порачаме да има мир во светот и никогаш да не се повтори, вели Јорданов.
По повод 80 години од депортирањето на македонските Евреи беше промовирана книгата „Евреите во Штип“ од Мишо Китаноски, делегациите положија цвеќе на споменикот на Евреите во Штип, а беа посетени и Еврејските гробишта. Во Штип присуствуваа амбасадорот на Германија во Република Македонија, претставници на ОБСЕ, високи дипломатски претставници во земјата, потоа гости од Израел, пратеници во Собранието на Република Македонија и претставници на државни и локални институции.  

The post Во Штип одбележани 80 години од депортацијата на македонските Евреи appeared first on Република.

]]>
Бајден полни 80 години https://republika.mk/vesti/svet/bajden-polni-80-godini/ Sun, 20 Nov 2022 17:26:20 +0000 https://republika.mk/?p=576209

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска полни 80 години и ќе стане првиот претседател во историјата на САД кој владее во деветтата деценија од животот.

Во Белата куќа вчера се одржа венчавката на внуката на претседателот, а веќе денеска, во чест на роденденот на Бајден, неговата сопруга Џил организира прослава.

Американската 250-годишна демократија и американската култура ја слават младоста, но милиони Американци, вклучително и претседатели, активно работат и по 65-годишна возраст, многу над возраста за пензионирање.

Бајден е најстарата личност на функцијата претседател на САД.

Роналд Реган имаше 77 години кога ја напушти Белата куќа, а Бајден, во случај да добие втор мандат, ќе има 86 години кога ќе ја напушти претседателската функција.

The post Бајден полни 80 години appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска полни 80 години и ќе стане првиот претседател во историјата на САД кој владее во деветтата деценија од животот. Во Белата куќа вчера се одржа венчавката на внуката на претседателот, а веќе денеска, во чест на роденденот на Бајден, неговата сопруга Џил организира прослава. Американската 250-годишна демократија и американската култура ја слават младоста, но милиони Американци, вклучително и претседатели, активно работат и по 65-годишна возраст, многу над возраста за пензионирање. Бајден е најстарата личност на функцијата претседател на САД. Роналд Реган имаше 77 години кога ја напушти Белата куќа, а Бајден, во случај да добие втор мандат, ќе има 86 години кога ќе ја напушти претседателската функција.

The post Бајден полни 80 години appeared first on Република.

]]>