8 Септември Archives - Република https://republika.mk/tema/8-septemvri/ За подобро да се разбереме Sun, 08 Sep 2024 13:44:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 8 Септември Archives - Република https://republika.mk/tema/8-septemvri/ 32 32 Мицкоски објави десет принципи за развој, стабилност и просперитет и повика на единство и сплотеност https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-objavi-deset-printsipi-za-razvoj-stabilnost-i-prosperitet-i-povika-na-edinstvo-i-splotenost/ Sun, 08 Sep 2024 13:43:49 +0000 https://republika.mk/?p=814411

Граѓаните заслужуваат да живеат во држава каде што чесноста и правдата се водечки принципи. Време е да се стави крај на беззаконието и да се изгради држава која ќе ги заштити интересите на своите граѓани. Криминалот не смее да биде посилен од Владата и на ова зло му доаѓа крајот, истакна премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на свечената академија по повод Денот на независноста – 8 Септември под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“.

Дел од десетте принципи кои премиерот ги соопшти денеска беа воспоставување на правда и правна држава, крај на партизацијата на општество, подобрување на стандардот на граѓаните и исполнување на стратешката цел за влез во Европската Унија.

На Свечената академија во организација на Владата, премиерот истакна дека мора да воспоставиме правда и правна држава.

- И тоа не само флоскуларно и декларативно како до сега, туку суштински преку лични примери и колективни откажувања од сите оние срамни кои решиле да се посрамотат себе и своите семејства и отидат на другата страна на законот. Незаконието не смее да биде поведението кое ќе се следи. Без оглед кој е и што е во оваа земја, или ќе е чесен граѓанин или ќе има одговорност и одговара за своите постапки. Без оглед дали е власт или опозиција, посочи премиерот.

Тој нагласи дека мора да се прекине партизацијата на општеството и да ги изолираме елементите кои создаваат меѓуетничко неединство.

- Мора да ставиме мораториум на етнички произведените теми зад кои стои лукративниот интерес на поединци. Мора да се стави крај на листата, на долгата листа желби за етнички права зад кои вистински стои ништо повеќе, туку личниот интерес на тие кои ги произведуваат, за сметка на колективниот. Колку само отсутно звучи кога некој ќе побара дводомност, а во Липково и Тетовско нема вода за пиење. Јас сакам решенија за личните проблеми на народот а не решенија за личните интереси на малите групи политичари кои ја злоупотребуваат колективната мака на народот, рече тој.

Подобрување на стандардот на граѓаните, праведно општество и ивестициите во образованието ги издвои како едни од неопходните принципи.

Дополнително, посочи дека мора да имаме општа согласност за исполнување на нашата стратешка цел, а тоа е членството во Европската Унија.

- Немаме друга алтернатива, ниту пак постои друга реална шанса. Желбата на народот за членство во Унијата е желба за подобар стандард, повисоки критериуми и повеќе пари и среден систем. И ние како Влада и општество не смееме да отстапиме од Европскиот пат, потенцираше Мицкоски.

Како принципи ги издвои и единството, борбата против иселувањето и идеолошките битки.

- За сите овие принципи барам единство и сплотеност. Испраќам порака до лидерите во опозицијата околу овие 10 принципи да се обединиме сите, исчистете се од криминалот во своите редови и реформирајте се. И прифатете го ова што го нудам како платформа околу кое се обединуваме, посочи премиерот.

Во своето обраќање во Македонска Филхармонија, Мицкоски потенцираше дека нивната визија за иднината вклучува и силен ангажман за економски раст и развој кој ќе обезбеди подобар животен стандард за сите граѓани.

- Има потенцијал да стане економски лидер во регионот, со модерна инфраструктура, со конкурентна економија и со иновации кои ќе ги поддржат младите и претприемачите.  Ние ќе продолжиме со реформи кои ќе ја подобрат бизнис климата и ќе овозможат нови инвестиции и работни места. Со заеднички напори ќе создадеме услови каде што младите ќе гледаат иднина, каде што ќе можат да ги остварат своите соништа и каде што ќе сакаат да останат и да придонесуваат за општеството, рече тој.

На церемонијата, покрај премиерот Мицкоски, присуствуваше и претседателката на државава, Гордана Сиљановска Давкова и претседателот на Собранието, Африм Гаши како и повеќе претставници од законодавната, извршната, судската власт и верските заедници.

Свечената академија започна со изведба на македонската химна од страна на детски хор во Македонската филхармонија. Беше прикажан видео спотот „Везилка“ која вклучува оригинална изведба на песната од Блаже Конески, како и изведби на дела од македонски автори поврзани со оваа тематика од страна на државниот џез оркестар.

Како што соопштија претходно од владината прес-служба, настанот е дел од пошироката иницијатива на Владата за подигање на свеста за значењето на независноста и заедничката борба на граѓаните за подобра иднина

The post Мицкоски објави десет принципи за развој, стабилност и просперитет и повика на единство и сплотеност appeared first on Република.

]]>

Граѓаните заслужуваат да живеат во држава каде што чесноста и правдата се водечки принципи. Време е да се стави крај на беззаконието и да се изгради држава која ќе ги заштити интересите на своите граѓани. Криминалот не смее да биде посилен од Владата и на ова зло му доаѓа крајот, истакна премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на свечената академија по повод Денот на независноста – 8 Септември под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Дел од десетте принципи кои премиерот ги соопшти денеска беа воспоставување на правда и правна држава, крај на партизацијата на општество, подобрување на стандардот на граѓаните и исполнување на стратешката цел за влез во Европската Унија. На Свечената академија во организација на Владата, премиерот истакна дека мора да воспоставиме правда и правна држава. - И тоа не само флоскуларно и декларативно како до сега, туку суштински преку лични примери и колективни откажувања од сите оние срамни кои решиле да се посрамотат себе и своите семејства и отидат на другата страна на законот. Незаконието не смее да биде поведението кое ќе се следи. Без оглед кој е и што е во оваа земја, или ќе е чесен граѓанин или ќе има одговорност и одговара за своите постапки. Без оглед дали е власт или опозиција, посочи премиерот. Тој нагласи дека мора да се прекине партизацијата на општеството и да ги изолираме елементите кои создаваат меѓуетничко неединство.
- Мора да ставиме мораториум на етнички произведените теми зад кои стои лукративниот интерес на поединци. Мора да се стави крај на листата, на долгата листа желби за етнички права зад кои вистински стои ништо повеќе, туку личниот интерес на тие кои ги произведуваат, за сметка на колективниот. Колку само отсутно звучи кога некој ќе побара дводомност, а во Липково и Тетовско нема вода за пиење. Јас сакам решенија за личните проблеми на народот а не решенија за личните интереси на малите групи политичари кои ја злоупотребуваат колективната мака на народот, рече тој.
Подобрување на стандардот на граѓаните, праведно општество и ивестициите во образованието ги издвои како едни од неопходните принципи. Дополнително, посочи дека мора да имаме општа согласност за исполнување на нашата стратешка цел, а тоа е членството во Европската Унија. - Немаме друга алтернатива, ниту пак постои друга реална шанса. Желбата на народот за членство во Унијата е желба за подобар стандард, повисоки критериуми и повеќе пари и среден систем. И ние како Влада и општество не смееме да отстапиме од Европскиот пат, потенцираше Мицкоски. Како принципи ги издвои и единството, борбата против иселувањето и идеолошките битки.
- За сите овие принципи барам единство и сплотеност. Испраќам порака до лидерите во опозицијата околу овие 10 принципи да се обединиме сите, исчистете се од криминалот во своите редови и реформирајте се. И прифатете го ова што го нудам како платформа околу кое се обединуваме, посочи премиерот.
Во своето обраќање во Македонска Филхармонија, Мицкоски потенцираше дека нивната визија за иднината вклучува и силен ангажман за економски раст и развој кој ќе обезбеди подобар животен стандард за сите граѓани.
- Има потенцијал да стане економски лидер во регионот, со модерна инфраструктура, со конкурентна економија и со иновации кои ќе ги поддржат младите и претприемачите.  Ние ќе продолжиме со реформи кои ќе ја подобрат бизнис климата и ќе овозможат нови инвестиции и работни места. Со заеднички напори ќе создадеме услови каде што младите ќе гледаат иднина, каде што ќе можат да ги остварат своите соништа и каде што ќе сакаат да останат и да придонесуваат за општеството, рече тој.
На церемонијата, покрај премиерот Мицкоски, присуствуваше и претседателката на државава, Гордана Сиљановска Давкова и претседателот на Собранието, Африм Гаши како и повеќе претставници од законодавната, извршната, судската власт и верските заедници. Свечената академија започна со изведба на македонската химна од страна на детски хор во Македонската филхармонија. Беше прикажан видео спотот „Везилка“ која вклучува оригинална изведба на песната од Блаже Конески, како и изведби на дела од македонски автори поврзани со оваа тематика од страна на државниот џез оркестар. Како што соопштија претходно од владината прес-служба, настанот е дел од пошироката иницијатива на Владата за подигање на свеста за значењето на независноста и заедничката борба на граѓаните за подобра иднина

The post Мицкоски објави десет принципи за развој, стабилност и просперитет и повика на единство и сплотеност appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: 8 Септември нè потсетува на долгото патување до слободата, на нашата борба за независност и на неизвесноста, но 33 години подоцна ако заедно се бориме, заедно ќе успееме! https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-8-septemvri-ne-potsetuva-na-dolgoto-patuvane-do-slobodata-na-nashata-borba-za-nezavisnost-i-na-neizvesnosta-no-33-godini-podotsna-ako-zaedno-se-borime-zaedno-ke-uspeeme/ Sun, 08 Sep 2024 13:02:45 +0000 https://republika.mk/?p=814394

На Свечената академија по повод 8 Септември - Денот на независноста на Република Македонија се обрати Премиерот, Христијан Мицкоски.

Во продолжение го пренесуваме целосното обраќање на Премиерот Мицкоски.

Денес се одбележува најголемиот светилник на постоењето на македонската држава, финалниот чин по повеќе столетната борба за слобода и независност, или што би се рекло денот над деновите- 8 септември, празникот на нашата независност.

И до овој ден не се дојде само преку референдумот туку референдумот беше производ на една епопеја на големи херојства, дигнати востанија, два Илиндени, 6 вековна борба за слобода. И секогаш во нашиот идеал, во нашето верују беше сонот за Републиката. Не кралства, не монархии, туку републиката како стожер на нашето постоење, како израз во верувањето на владеењето на мнозинството и одлуките низ кое може да се слуша и почитува гласот на народот.

Темелите на македонската држава се полевани со крвта и страдањата на генерации и генерации Македонци кои веруваа во иднината и слободата.

Затоа денес, под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме“ одбележуваме еден од најголемите празници во нашата историја – Денот на независноста.

Овој ден нè потсетува на долгото патување до слободата, на нашата борба за независност и на неизвесноста што ја носеше тој трнлив и полн со опасности пат.

Во времето на распадот на Југославија, светот се менуваше со невидена брзина. Сведочевме за големи турбуленции и насилства кои беснееја низ поранешните југословенски републики. Истовремено, и нашата демократска иднина беше полна со нејаснотии и предизвици.

Во тие моменти на голема несигурност и страв, повторно се роди за да успее идејата за независна, самостојна и суверена Македонија - реализирана од една генерација национални лидери кои беа цврсто решени дека патот на мирот и на демократијата е единствениот пат кој ќе не води кон нова европска иднина.

Со храброст и визија овие личности јасно му соопштија на светот дека татковината не се сака затоа што е голема, туку затоа што е наша.

Во моментите кога други народи беа вовлечени во крвави конфликти, таа генерација водачи ја избраа мудроста наместо насилството; компромисот наместо конфликтот.

Благодарение на нивната решителност, но пред се со мудроста на народот и силната верба државата го зачува мирот и се издигна високо кон небото како независна држава. Тоа е благослов кој го добивме и тој благослов нè обврзува да ја чуваме и унапредуваме нашата држава бидејќи тоа е најголемата животна, цивилизациска и историска привилегија на една нација

Денес сме исправени пред нова борба еднакво значајна како и создавањето на татковина. Тогаш владееше ентузијазам, голема енергија и одобрување на референдумот. 33 години подоцна многу работи се изменети, а сите ние повеќе искусни. Многу порази, многу неуспеси и потфрлање во системот. Цврсто сум убеден дека човекот кој тогаш гласаше на референдумот тој 8 септември 91ва година, тогаш не ја замислуваше Македонија каква ја имаме денес 33 години подоцна. Но дали после децениски разочарувања битката треба да престане? Одговорот е никако. И тоа не е опција. Затоа што патриотизмот постои и денес, и денес оваа генерација ја има битката која треба да се издвојува. Тогаш битката беше како ќе се исправи на нозе, денес битката е како ќе направиме големи чекори напред.

Патриотизмот е ист, но целите и работите кои мораме да ги победиме се различни.

Како нација имаме две големи цели. Првата мораме да го победиме разочарувањето кај секој еден човек кој е напластено од сите претходни порази и неуспеси. Втората е уште поголема цел, а тоа е да го сузбиеме криминалот и корупцијата метастазирана во сите делови од општеството.

Денес голем дел од луѓето сосема оправдано се разочарани од многу работи. Таквото разочарување е плод на континуирано рушење на системот и газење на базичните принципи и отстапки кои се правени во децениите претходно. Многу одлуки се донесоа кои граѓаните ги почувствува како личен пораз. Големи кнедли беа проголтани и кои како диво месо се распространија во срцето на нашиот организам. Сето тоа искуство сега ни носи разочарување и постојана дилема кај многу луѓе дали ќе успееме. Истото тоа разочарување натера многу луѓе да си заминат, и мнозина да се дистанцираат од политиката. Но, ве уверувам дека има надеж и ќе се борам до последниот атом да кажам дека сме поразлични од се до сега и дека ги менуваме работите.

За само два месеци решивме проблеми како тие со пасошите и новите учебници за сите ученици кои постоеле со години претходно. А и покажавме дека тие кои сметаа дека се вечна власт мора да одат во опозиција. Тоа е заеднички успех исто како што заедничко достигнување се 4 нови инвестиции за само два месеци, покачените пензии, исплатените субвенции, 250те милиони евра за капитални инфраструктурни проекти за општините и редица други проекти.

Вториот голем проблем е криминалот и корупцијата. Ова зло ја разјадува државата одвнатре и ги руши темелите на довербата меѓу институциите и граѓаните. Корупцијата е како отров кој го слабее нашето општество, правејќи да се изгуби неповратно надежта за подобро утре.

Како премиер јавно истакнувам уште еднаш дека ја преземам личната обврска бескомпромисно да ја водам оваа борба со непоколебливост и со одлучност.

Секој од нас мора да биде дел од оваа битка, бидејќи корупцијата не е само проблем на владата, туку проблем на целото општество, а јас би рекол и безбедносен проблем.

Граѓаните премногу долго време беа жртви на политичари кои ја злоупотребуваа својата моќ, продавајќи го достоинството на граѓаните за свои лични интереси.

Ова мора конечно да престане!

Мојата визија е јасна: земја каде што владее законот и каде што нема место за корумпирани личности.

Граѓаните заслужуваат да живеат во држава каде што чесноста и правдата се водечки принципи. Време е да се стави крај на беззаконието и да се изгради држава која ќе ги заштити интересите на своите граѓани. Криминалот не смее да биде посилен од Владата и на ова зло му доаѓа крајот. Сите што шетаа со ташни кај претходната Влада сега бегаат зошто го знаат одговорот. И ние ова зло ќе го победиме.

Во изминатите 33 години се соочивме и со многу предавства од страна на неодговорни политички лидери кои ги продаваа нашите национални интереси.

Денес сме тука да се увериме дека тоа никогаш повеќе нема да се повтори.

Имаме свои национални интереси и тие интереси ќе бидат заштитени по секоја цена.

Нема да бидеме монета за поткусурување на никој.

Ние ќе се бориме за нашите интереси и за нашето достоинство и ве уверувам дека ќе успееме!

Ова е држава на сите нејзини граѓани, без разлика на верата или националноста.

Соживотот не е само политичка идеја, туку тоа е темелот на нашата држава.

Наша обврска е да ги негуваме и почитуваме нашите разлики и преку дијалог и разбирање да изградиме заедничка иднина.

Заедно сме посилни, заедно можеме да ги надминеме сите пречки.

Мораме да си признаеме дека на народот му треба верба во принципи и јасен план. И тие принципи мора да се нештото околу кое сите ќе се согласиме и ќе постигнеме општествен консензус и тие принципи ќе бидат производ на нашите реални потреби и верувања.

Господа, тоа е нешто што ние мораме сами да го направиме произведеме, а не нешто кое ќе но биде подарено на тацна или ќе биде напишан документ хартија даден однадвор. Да покажеме зрелост во работата и во тоа дека оваа генерација е достојна.

Разочараноста и цинизмот се пораснати веројатно оправдано, но секој мора да е општествено активен, да придонесува кон заедничкото добро. На Владата и мене како премиер ни се потребни сите.

Опозицијата мора да созрее и да се реформира наместо да е приврзок и параван на криминални политичари кои ја доведоа државата до ова дереџе. По етничките основи мора да сме обединети затоа што споделуваме исти проблеми и предизвици и само заедно можеме да успееме. Успехот е предодреден од заедничката борба. Колку сме посплотени толку ќе сме поуспешни. И сите победи во минатото се остварувани со заедништво.

Деструкцијата и поделбите не се решение. Тие одговараат на секого освен на граѓаните. Народот очекува од нас резултати лојалност кон него и посветеност во остварување на ветените проекти мерки за подобар живот. Очекува ред и систем. Наспроти безредието кое го гледавме до сега. Потребно ново поглавје. На развој и напредок. На стабилност и просперитет. И тоа можеме да го направиме само ако сме заедно.

Затоа денеска од овде соопштувам десет принципи околу кои требаа да создадеме заедништво и сплотеност на сите фактори и општествени чинители, не само на власта, или неколку партии од опозицијата. Туку на сите, универзитетите, синдикатите, стопанствениците и коморите, земјоделците, МАНУ, професорите, лекарите, на сите општествени двигатели.

Прво, мора да воспоставиме правда и правна држава. И тоа не само флоскуларно и декларативно како до сега, туку суштински преку лични примери и колективни откажувања од сите оние срамни кои решиле да се посрамотат себе и своите семејства и отидат на другата страна на законот. Незаконието не смее да биде поведението кое ќе се следи. Без оглед кој е и што е во оваа земја, или ќе е чесен граѓанин или ќе има одговорност и одговара за своите постапки. Без оглед дали е власт или опозиција.

Второ, мора да се прекине партизацијата на општеството, да не ги делиме луѓето од една или друга партија, туку на способни и помалку способни. Способните мора да напредуваат. Не смее партиската книшка да биде дозволата за напредок, туку дипломата и реалното знаење. Мора мерит системот да биде над се друго. Напредување врз основа на способности и компетенции. Вредните мора да добијат шанса, наместо оние кои со врски напредуваат.

Трето мораме да се оградиме и етничките конфликти и да ги изолираме елементите кои создаваат меѓуетничко неединство. Мора да ставиме мораториум на етнички произведените теми зад кои стои лукративниот интерес на поединци. Мора да се стави крај на листата, на долгата листа желби за етнички права зад кои вистински стои ништо повеќе, туку личниот интерес на тие кои ги произведуваат, за сметка на колективниот. Колку само отсутно звучи кога некој ќе побара дводомност, а во Липково и Тетовско нема вода за пиење. Јас сакам решенија за личните проблеми на народот а не решенија за личните интереси на малите групи политичари кои ја злоупотребуваат колективната мака на народот.

Четврто, да го заштитиме и подобриме стандардот на граѓаните. Економијата да е фокусот и полето на натпревар. А тоа ќе го постигнеме преку работа, и само работа.

Петто, мора да создадеме праведно општество. Јас ги разбирам и критиките на поединците и компаниите чии маржи ги ограничивме за набавка на школски прибор како дел од мерката ПОМАЛКУ ТРОШОЦИ, ПОВЕЌЕ ЗА ТЕБЕ, но да го објавам и списокот на маржи од кои боли глава и каде ќе видите дека некој дебело заработува врз осиромашениот народ. Ја почитувам слободната економија и се борам за тоа, но народот не е наивен и не треба низ плаштот на слободна економија, а во суштина создавање на монопол или дуопол дебело да се полнат приватните џебови.

Шесто, мора образованието да е билетот за успех и сите сили да ги вложиме во тоа. Нашите луѓе низ светот постигнуваат извонредни резултати, а дома факултети во некои сомнителни објекти штампаат дипломи. И сето ова ќе биде испитано. Образованието е силата која може да не избави од сиромаштијата и да не придвижи напред и во економијата и во технологијата.

Седмо, мораме да имаме општа согласност за исполнување на нашата стратешка цел а тоа е членството во Европската Унија. Немаме друга алтернатива, ниту пак постои друга реална шанса. Желбата на народот за членство во Унијата е желба за подобар стандард, повисоки критериуми и повеќе пари и среден систем. И ние како Влада и општество не смееме да отстапиме од Европскиот пат.

Но, воедно мора се знае горкото чувство кое го има секој наш човек дека предолго чекаме пред вратите на Унијата, а вербата во таквата иднина е напаѓана со безброј политички препреки, наместо суштински и системски критериуми кои ќе го направат животот подобар.

Затоа денес секој македонски граѓанин има грутка во грлото од премногу постапки и штетни договори. Спремен сум да разговарам за секое прашање, но не сум спремен за секоја отстапка по секоја цена. Дајте да направиме големи чекори и да градиме вистински процес на напредок.

Осмиот принцип, е единството. Можеме и природно да имаме различни мислења, ставови, но за државните прашања, и темите од заеднички интерес мораме да покажеме единство. Може да се делиме, но македонскиот сон мора сите заедно да го отсонуваме и за него сите заедно да победиме. Да не се делиме за крупните прашања, да не го пропуштаме времето на кавги, за сметка на напредок. Внатре дома ќе дебатираме за сите прашања, но надвор мораме да бидеме единствени. Тоа мора да биде нашата сила.

Деветто, мораме да се бориме против иселувањето. Премногу добри луѓе се иселија во потрага за подобар живот. И премногу светилки се изгасија. Нема луѓе за работа. Погледнете ги полињата, период е на гроздобер, тие се полни со многу возрасни луѓе и по некој млад човек кој не сака да ги разочара родителите. Врз нивни плеќи се крепат основите на она во што веруваме. Но генерално младите луѓе си одат. И тоа е поразително. Мораме да ги задржиме со подобри услови за живот и шанса за младите кои мора да бидат движечка сила.

Десетто, мораме да издвојуваме и веруваме во идеолошки битки. Нашата, мојата е заедничкиот патриотизам, кој треба да не обедини. Тој не е ништо друго туку заедничко верување и заедничка борба за иднината во државата. Тој треба да не обедини сите, Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Бошњаци и сите останати под македонското сонце. Не да се радуваме на мали искри, туку заеднички за големи победи и големи чекори напред. Премногу е пропуштено и треба многу да се направи.

Затоа за сите овие принципи барам единство и сплотеност. Испраќам порака до лидерите во опозицијата околу овие 10 принципи да се обединиме сите, исчистете се од криминалот во своите редови и реформирајте се. И прифатете го ова што го нудам како платформа околу кое се обединуваме.

Сите партии, и сите чинители, да седнеме на заедничка маса и да изградиме македонска платформа за делување. Платформа за иднината и наредното доба. Од нас зависи. Во наши раце е иднината, и ние можеме.

Нашата визија за иднината вклучува и силен ангажман за економски раст и развој кој ќе обезбеди подобар животен стандард за сите граѓани.

Има потенцијал да стане економски лидер во регионот, со модерна инфраструктура, со конкурентна економија и со иновации кои ќе ги поддржат младите и претприемачите.

Ние ќе продолжиме со реформи кои ќе ја подобрат бизнис климата и ќе овозможат нови инвестиции и работни места.

Со заеднички напори ќе создадеме услови каде што младите ќе гледаат иднина, каде што ќе можат да ги остварат своите соништа и каде што ќе сакаат да останат и да придонесуваат за општеството.

Во оваа прилика сакам да се обратам и до опозицијата која тоне во тотална безидејност и целосна неконструктивност.

Ве повикувам да престанете со деструктивните игри кои ја ставаат државата во опасност.

Дојде време да завртите нова страница во која опозицијата нема да биде повеќе фактор на нестабилност, туку активен учесник во градењето на нашата заедничка иднина. Треба да престане старата пракса во која кога сте на власт тргувате со слободата и државноста на нашиот народ, а кога сте во опозиција ги ставате вашите лични и партиски интереси пред интересите на татковината.

Силна опозиција е од суштинско значење за секоја демократска држава и јас се надевам дека процесот на консолидација на СДСМ по катастрофалниот пораз ќе заврши брзо и дека ќе дојде едно ново време на демократско, но патриотско опозициско делување.

Татковината е толку силна колку што се обединети и единствени нејзините политички партии. Да работиме заедно, за доброто на граѓаните.

Ние сме народ кој преживеал многу предизвици и кој секогаш успевал да се издигне над нив.

Како што рекол големиот Аристотел: „Целта на политиката е да создаде услови каде што луѓето ќе можат да живеат добар живот“.

Тоа е нашата мисија – да создадеме татковина каде што секој граѓанин ќе може да живее достоинствено, во мир и во просперитет.

Јас верувам во вас, во вашата сила и решеност.

Верувам дека заедно можеме да ги надминеме сите предизвици и да создадеме подобра иднина за нашите деца и за идните генерации.

Македонија не е само територија, таа е нашата надеж, наша најголема визија и наша најзначајна иднина.

Ние сме одговорни за нејзиното наследство и за нејзиниот просперитет.

Заедно ќе се бориме и знам дека заедно ќе успееме.

Ајде да ја градиме татковината со љубов, со решеност и со визија. Сите заедно!

Ова е нашата земја и никој не може да ни ја одземе.

Со заеднички сили ќе создадеме татковина која ќе биде гордост за сите нас, денес и за сите идни генерации.

Нека ни е честит денот на независноста!

Нека е вечна и вековита нашата татковина!

Среќен роденден Македонијо!

Бог да ја благослови Македонија!“

The post Мицкоски: 8 Септември нè потсетува на долгото патување до слободата, на нашата борба за независност и на неизвесноста, но 33 години подоцна ако заедно се бориме, заедно ќе успееме! appeared first on Република.

]]>

На Свечената академија по повод 8 Септември - Денот на независноста на Република Македонија се обрати Премиерот, Христијан Мицкоски. Во продолжение го пренесуваме целосното обраќање на Премиерот Мицкоски.
Денес се одбележува најголемиот светилник на постоењето на македонската држава, финалниот чин по повеќе столетната борба за слобода и независност, или што би се рекло денот над деновите- 8 септември, празникот на нашата независност. И до овој ден не се дојде само преку референдумот туку референдумот беше производ на една епопеја на големи херојства, дигнати востанија, два Илиндени, 6 вековна борба за слобода. И секогаш во нашиот идеал, во нашето верују беше сонот за Републиката. Не кралства, не монархии, туку републиката како стожер на нашето постоење, како израз во верувањето на владеењето на мнозинството и одлуките низ кое може да се слуша и почитува гласот на народот. Темелите на македонската држава се полевани со крвта и страдањата на генерации и генерации Македонци кои веруваа во иднината и слободата. Затоа денес, под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме“ одбележуваме еден од најголемите празници во нашата историја – Денот на независноста. Овој ден нè потсетува на долгото патување до слободата, на нашата борба за независност и на неизвесноста што ја носеше тој трнлив и полн со опасности пат. Во времето на распадот на Југославија, светот се менуваше со невидена брзина. Сведочевме за големи турбуленции и насилства кои беснееја низ поранешните југословенски републики. Истовремено, и нашата демократска иднина беше полна со нејаснотии и предизвици. Во тие моменти на голема несигурност и страв, повторно се роди за да успее идејата за независна, самостојна и суверена Македонија - реализирана од една генерација национални лидери кои беа цврсто решени дека патот на мирот и на демократијата е единствениот пат кој ќе не води кон нова европска иднина. Со храброст и визија овие личности јасно му соопштија на светот дека татковината не се сака затоа што е голема, туку затоа што е наша. Во моментите кога други народи беа вовлечени во крвави конфликти, таа генерација водачи ја избраа мудроста наместо насилството; компромисот наместо конфликтот. Благодарение на нивната решителност, но пред се со мудроста на народот и силната верба државата го зачува мирот и се издигна високо кон небото како независна држава. Тоа е благослов кој го добивме и тој благослов нè обврзува да ја чуваме и унапредуваме нашата држава бидејќи тоа е најголемата животна, цивилизациска и историска привилегија на една нација Денес сме исправени пред нова борба еднакво значајна како и создавањето на татковина. Тогаш владееше ентузијазам, голема енергија и одобрување на референдумот. 33 години подоцна многу работи се изменети, а сите ние повеќе искусни. Многу порази, многу неуспеси и потфрлање во системот. Цврсто сум убеден дека човекот кој тогаш гласаше на референдумот тој 8 септември 91ва година, тогаш не ја замислуваше Македонија каква ја имаме денес 33 години подоцна. Но дали после децениски разочарувања битката треба да престане? Одговорот е никако. И тоа не е опција. Затоа што патриотизмот постои и денес, и денес оваа генерација ја има битката која треба да се издвојува. Тогаш битката беше како ќе се исправи на нозе, денес битката е како ќе направиме големи чекори напред. Патриотизмот е ист, но целите и работите кои мораме да ги победиме се различни. Како нација имаме две големи цели. Првата мораме да го победиме разочарувањето кај секој еден човек кој е напластено од сите претходни порази и неуспеси. Втората е уште поголема цел, а тоа е да го сузбиеме криминалот и корупцијата метастазирана во сите делови од општеството. Денес голем дел од луѓето сосема оправдано се разочарани од многу работи. Таквото разочарување е плод на континуирано рушење на системот и газење на базичните принципи и отстапки кои се правени во децениите претходно. Многу одлуки се донесоа кои граѓаните ги почувствува како личен пораз. Големи кнедли беа проголтани и кои како диво месо се распространија во срцето на нашиот организам. Сето тоа искуство сега ни носи разочарување и постојана дилема кај многу луѓе дали ќе успееме. Истото тоа разочарување натера многу луѓе да си заминат, и мнозина да се дистанцираат од политиката. Но, ве уверувам дека има надеж и ќе се борам до последниот атом да кажам дека сме поразлични од се до сега и дека ги менуваме работите. За само два месеци решивме проблеми како тие со пасошите и новите учебници за сите ученици кои постоеле со години претходно. А и покажавме дека тие кои сметаа дека се вечна власт мора да одат во опозиција. Тоа е заеднички успех исто како што заедничко достигнување се 4 нови инвестиции за само два месеци, покачените пензии, исплатените субвенции, 250те милиони евра за капитални инфраструктурни проекти за општините и редица други проекти. Вториот голем проблем е криминалот и корупцијата. Ова зло ја разјадува државата одвнатре и ги руши темелите на довербата меѓу институциите и граѓаните. Корупцијата е како отров кој го слабее нашето општество, правејќи да се изгуби неповратно надежта за подобро утре. Како премиер јавно истакнувам уште еднаш дека ја преземам личната обврска бескомпромисно да ја водам оваа борба со непоколебливост и со одлучност. Секој од нас мора да биде дел од оваа битка, бидејќи корупцијата не е само проблем на владата, туку проблем на целото општество, а јас би рекол и безбедносен проблем. Граѓаните премногу долго време беа жртви на политичари кои ја злоупотребуваа својата моќ, продавајќи го достоинството на граѓаните за свои лични интереси. Ова мора конечно да престане! Мојата визија е јасна: земја каде што владее законот и каде што нема место за корумпирани личности. Граѓаните заслужуваат да живеат во држава каде што чесноста и правдата се водечки принципи. Време е да се стави крај на беззаконието и да се изгради држава која ќе ги заштити интересите на своите граѓани. Криминалот не смее да биде посилен од Владата и на ова зло му доаѓа крајот. Сите што шетаа со ташни кај претходната Влада сега бегаат зошто го знаат одговорот. И ние ова зло ќе го победиме. Во изминатите 33 години се соочивме и со многу предавства од страна на неодговорни политички лидери кои ги продаваа нашите национални интереси. Денес сме тука да се увериме дека тоа никогаш повеќе нема да се повтори. Имаме свои национални интереси и тие интереси ќе бидат заштитени по секоја цена. Нема да бидеме монета за поткусурување на никој. Ние ќе се бориме за нашите интереси и за нашето достоинство и ве уверувам дека ќе успееме! Ова е држава на сите нејзини граѓани, без разлика на верата или националноста. Соживотот не е само политичка идеја, туку тоа е темелот на нашата држава. Наша обврска е да ги негуваме и почитуваме нашите разлики и преку дијалог и разбирање да изградиме заедничка иднина. Заедно сме посилни, заедно можеме да ги надминеме сите пречки. Мораме да си признаеме дека на народот му треба верба во принципи и јасен план. И тие принципи мора да се нештото околу кое сите ќе се согласиме и ќе постигнеме општествен консензус и тие принципи ќе бидат производ на нашите реални потреби и верувања. Господа, тоа е нешто што ние мораме сами да го направиме произведеме, а не нешто кое ќе но биде подарено на тацна или ќе биде напишан документ хартија даден однадвор. Да покажеме зрелост во работата и во тоа дека оваа генерација е достојна. Разочараноста и цинизмот се пораснати веројатно оправдано, но секој мора да е општествено активен, да придонесува кон заедничкото добро. На Владата и мене како премиер ни се потребни сите. Опозицијата мора да созрее и да се реформира наместо да е приврзок и параван на криминални политичари кои ја доведоа државата до ова дереџе. По етничките основи мора да сме обединети затоа што споделуваме исти проблеми и предизвици и само заедно можеме да успееме. Успехот е предодреден од заедничката борба. Колку сме посплотени толку ќе сме поуспешни. И сите победи во минатото се остварувани со заедништво. Деструкцијата и поделбите не се решение. Тие одговараат на секого освен на граѓаните. Народот очекува од нас резултати лојалност кон него и посветеност во остварување на ветените проекти мерки за подобар живот. Очекува ред и систем. Наспроти безредието кое го гледавме до сега. Потребно ново поглавје. На развој и напредок. На стабилност и просперитет. И тоа можеме да го направиме само ако сме заедно. Затоа денеска од овде соопштувам десет принципи околу кои требаа да создадеме заедништво и сплотеност на сите фактори и општествени чинители, не само на власта, или неколку партии од опозицијата. Туку на сите, универзитетите, синдикатите, стопанствениците и коморите, земјоделците, МАНУ, професорите, лекарите, на сите општествени двигатели. Прво, мора да воспоставиме правда и правна држава. И тоа не само флоскуларно и декларативно како до сега, туку суштински преку лични примери и колективни откажувања од сите оние срамни кои решиле да се посрамотат себе и своите семејства и отидат на другата страна на законот. Незаконието не смее да биде поведението кое ќе се следи. Без оглед кој е и што е во оваа земја, или ќе е чесен граѓанин или ќе има одговорност и одговара за своите постапки. Без оглед дали е власт или опозиција. Второ, мора да се прекине партизацијата на општеството, да не ги делиме луѓето од една или друга партија, туку на способни и помалку способни. Способните мора да напредуваат. Не смее партиската книшка да биде дозволата за напредок, туку дипломата и реалното знаење. Мора мерит системот да биде над се друго. Напредување врз основа на способности и компетенции. Вредните мора да добијат шанса, наместо оние кои со врски напредуваат. Трето мораме да се оградиме и етничките конфликти и да ги изолираме елементите кои создаваат меѓуетничко неединство. Мора да ставиме мораториум на етнички произведените теми зад кои стои лукративниот интерес на поединци. Мора да се стави крај на листата, на долгата листа желби за етнички права зад кои вистински стои ништо повеќе, туку личниот интерес на тие кои ги произведуваат, за сметка на колективниот. Колку само отсутно звучи кога некој ќе побара дводомност, а во Липково и Тетовско нема вода за пиење. Јас сакам решенија за личните проблеми на народот а не решенија за личните интереси на малите групи политичари кои ја злоупотребуваат колективната мака на народот. Четврто, да го заштитиме и подобриме стандардот на граѓаните. Економијата да е фокусот и полето на натпревар. А тоа ќе го постигнеме преку работа, и само работа. Петто, мора да создадеме праведно општество. Јас ги разбирам и критиките на поединците и компаниите чии маржи ги ограничивме за набавка на школски прибор како дел од мерката ПОМАЛКУ ТРОШОЦИ, ПОВЕЌЕ ЗА ТЕБЕ, но да го објавам и списокот на маржи од кои боли глава и каде ќе видите дека некој дебело заработува врз осиромашениот народ. Ја почитувам слободната економија и се борам за тоа, но народот не е наивен и не треба низ плаштот на слободна економија, а во суштина создавање на монопол или дуопол дебело да се полнат приватните џебови. Шесто, мора образованието да е билетот за успех и сите сили да ги вложиме во тоа. Нашите луѓе низ светот постигнуваат извонредни резултати, а дома факултети во некои сомнителни објекти штампаат дипломи. И сето ова ќе биде испитано. Образованието е силата која може да не избави од сиромаштијата и да не придвижи напред и во економијата и во технологијата. Седмо, мораме да имаме општа согласност за исполнување на нашата стратешка цел а тоа е членството во Европската Унија. Немаме друга алтернатива, ниту пак постои друга реална шанса. Желбата на народот за членство во Унијата е желба за подобар стандард, повисоки критериуми и повеќе пари и среден систем. И ние како Влада и општество не смееме да отстапиме од Европскиот пат. Но, воедно мора се знае горкото чувство кое го има секој наш човек дека предолго чекаме пред вратите на Унијата, а вербата во таквата иднина е напаѓана со безброј политички препреки, наместо суштински и системски критериуми кои ќе го направат животот подобар. Затоа денес секој македонски граѓанин има грутка во грлото од премногу постапки и штетни договори. Спремен сум да разговарам за секое прашање, но не сум спремен за секоја отстапка по секоја цена. Дајте да направиме големи чекори и да градиме вистински процес на напредок. Осмиот принцип, е единството. Можеме и природно да имаме различни мислења, ставови, но за државните прашања, и темите од заеднички интерес мораме да покажеме единство. Може да се делиме, но македонскиот сон мора сите заедно да го отсонуваме и за него сите заедно да победиме. Да не се делиме за крупните прашања, да не го пропуштаме времето на кавги, за сметка на напредок. Внатре дома ќе дебатираме за сите прашања, но надвор мораме да бидеме единствени. Тоа мора да биде нашата сила. Деветто, мораме да се бориме против иселувањето. Премногу добри луѓе се иселија во потрага за подобар живот. И премногу светилки се изгасија. Нема луѓе за работа. Погледнете ги полињата, период е на гроздобер, тие се полни со многу возрасни луѓе и по некој млад човек кој не сака да ги разочара родителите. Врз нивни плеќи се крепат основите на она во што веруваме. Но генерално младите луѓе си одат. И тоа е поразително. Мораме да ги задржиме со подобри услови за живот и шанса за младите кои мора да бидат движечка сила. Десетто, мораме да издвојуваме и веруваме во идеолошки битки. Нашата, мојата е заедничкиот патриотизам, кој треба да не обедини. Тој не е ништо друго туку заедничко верување и заедничка борба за иднината во државата. Тој треба да не обедини сите, Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Бошњаци и сите останати под македонското сонце. Не да се радуваме на мали искри, туку заеднички за големи победи и големи чекори напред. Премногу е пропуштено и треба многу да се направи. Затоа за сите овие принципи барам единство и сплотеност. Испраќам порака до лидерите во опозицијата околу овие 10 принципи да се обединиме сите, исчистете се од криминалот во своите редови и реформирајте се. И прифатете го ова што го нудам како платформа околу кое се обединуваме. Сите партии, и сите чинители, да седнеме на заедничка маса и да изградиме македонска платформа за делување. Платформа за иднината и наредното доба. Од нас зависи. Во наши раце е иднината, и ние можеме. Нашата визија за иднината вклучува и силен ангажман за економски раст и развој кој ќе обезбеди подобар животен стандард за сите граѓани. Има потенцијал да стане економски лидер во регионот, со модерна инфраструктура, со конкурентна економија и со иновации кои ќе ги поддржат младите и претприемачите. Ние ќе продолжиме со реформи кои ќе ја подобрат бизнис климата и ќе овозможат нови инвестиции и работни места. Со заеднички напори ќе создадеме услови каде што младите ќе гледаат иднина, каде што ќе можат да ги остварат своите соништа и каде што ќе сакаат да останат и да придонесуваат за општеството. Во оваа прилика сакам да се обратам и до опозицијата која тоне во тотална безидејност и целосна неконструктивност. Ве повикувам да престанете со деструктивните игри кои ја ставаат државата во опасност. Дојде време да завртите нова страница во која опозицијата нема да биде повеќе фактор на нестабилност, туку активен учесник во градењето на нашата заедничка иднина. Треба да престане старата пракса во која кога сте на власт тргувате со слободата и државноста на нашиот народ, а кога сте во опозиција ги ставате вашите лични и партиски интереси пред интересите на татковината. Силна опозиција е од суштинско значење за секоја демократска држава и јас се надевам дека процесот на консолидација на СДСМ по катастрофалниот пораз ќе заврши брзо и дека ќе дојде едно ново време на демократско, но патриотско опозициско делување. Татковината е толку силна колку што се обединети и единствени нејзините политички партии. Да работиме заедно, за доброто на граѓаните. Ние сме народ кој преживеал многу предизвици и кој секогаш успевал да се издигне над нив. Како што рекол големиот Аристотел: „Целта на политиката е да создаде услови каде што луѓето ќе можат да живеат добар живот“. Тоа е нашата мисија – да создадеме татковина каде што секој граѓанин ќе може да живее достоинствено, во мир и во просперитет. Јас верувам во вас, во вашата сила и решеност. Верувам дека заедно можеме да ги надминеме сите предизвици и да создадеме подобра иднина за нашите деца и за идните генерации. Македонија не е само територија, таа е нашата надеж, наша најголема визија и наша најзначајна иднина. Ние сме одговорни за нејзиното наследство и за нејзиниот просперитет. Заедно ќе се бориме и знам дека заедно ќе успееме. Ајде да ја градиме татковината со љубов, со решеност и со визија. Сите заедно! Ова е нашата земја и никој не може да ни ја одземе. Со заеднички сили ќе создадеме татковина која ќе биде гордост за сите нас, денес и за сите идни генерации. Нека ни е честит денот на независноста! Нека е вечна и вековита нашата татковина! Среќен роденден Македонијо! Бог да ја благослови Македонија!“

The post Мицкоски: 8 Септември нè потсетува на долгото патување до слободата, на нашата борба за независност и на неизвесноста, но 33 години подоцна ако заедно се бориме, заедно ќе успееме! appeared first on Република.

]]>
Николоски: Слава им на сите кои се вградени во борбата за создавање на независна држава! https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-slava-im-na-site-koi-se-vgradeni-vo-borbata-za-sozdavane-na-nezavisna-drzhava/ Sun, 08 Sep 2024 09:53:20 +0000 https://republika.mk/?p=814307

Слава им на сите кои се вградени во борбата за создавање на независна држава!, вели во честитката по повод Денот на независноста - 8 Септември, министерот за транспорт Александаар Николоски.

Денес заедно со министрите Зоран Љутков и Весна Јаневска положивме цвеќе на вечните почивалишта на Претседателите на Македонија Киро Глигоров и Борис Трајковски, првиот претседател на Владата Никола Кљусев и на Споменикот на паднатите борци од НОБ
Слава им на сите кои се вградени во борбата за создавање на независна држава!, вели Николоски.

The post Николоски: Слава им на сите кои се вградени во борбата за создавање на независна држава! appeared first on Република.

]]>

Слава им на сите кои се вградени во борбата за создавање на независна држава!, вели во честитката по повод Денот на независноста - 8 Септември, министерот за транспорт Александаар Николоски.
Денес заедно со министрите Зоран Љутков и Весна Јаневска положивме цвеќе на вечните почивалишта на Претседателите на Македонија Киро Глигоров и Борис Трајковски, првиот претседател на Владата Никола Кљусев и на Споменикот на паднатите борци од НОБ Слава им на сите кои се вградени во борбата за создавање на независна држава!, вели Николоски.

The post Николоски: Слава им на сите кои се вградени во борбата за создавање на независна држава! appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Нашата независност е наш најголем успех https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-nashata-nezavisnost-e-nash-najgolem-uspeh/ Sun, 08 Sep 2024 09:33:44 +0000 https://republika.mk/?p=814300

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски упати честитка до сите граѓани по повод 8 Септември – Денот на независноста, кој годинава се празнува под мотото: „Заедно се бориме, заедно ќе успееме“.

Пред 33 години, на референдумот во 1991 година, огромно мнозинство од граѓаните гласаа за независна, слободна и демократска Република Македонија. Патот кој го започнавме сите заедно беше долг и тежок, полн со предизвици.

Зад себе имаме три децении независност исполнети со искушенија, падови, но и моменти на гордост. Посакувавме своја држава во која ќе имаме силни институции без корупција, економија која нуди шанси за сите, здравствен систем кој навистина им помага на болните и образовен систем кој создава нови лидери. Нашата визија беше да изградиме држава каде младите ќе ја гледаат својата иднина, каде законите важат за сите подеднакво и каде секој граѓанин ќе се чувствува достоинствено.

И понатаму наша најголема обврска останува да биде градењето на систем каде владее правото и правдата. Борбата против криминалот и корупцијата е наша заедничка цел и наш приоритет. Само со неселективна правда и закони кои важат еднакво за сите, можеме да создадеме општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува безбедно и заштитено. За таа цел, цврсто сме посветени на градење систем од силни институции, модерна и професионална полиција, која ќе биде гарант за безбедноста и стабилноста на нашата држава.

Низ годините наназад направивме големи отстапки, верувајќи дека тие ќе не приближат кон интеграција во Европската Унија и ќе овозможат подобар стандард и поквалитетен живот за сите наши граѓани. Но и покрај тие напори, нашата интеграција во Европската Унија сè уште не е реализирана. Ова не е причина за обесхрабрување – напротив, тоа е поттик да продолжиме да се бориме за она што ни следува.

Денес, како Влада фокусирани сме на привлекување нови инвестиции, воведување на нови технологии, отворање нови работни места, сè со цел создадавање на поквалитетен живот за секого. Но најважно, заедно ја градиме државата во која владеат правото и правдата, каде јасно ставаме до знаење дека криминалот не се исплати и каде секој граѓанин има еднакви можности.

Нашата независност е наш најголем успех, но и најголема обврска. Со храбри одлуки, заеднички труд и институции со интегритет ослободени од секакви влијанија, можеме да изградиме иднина каква што заслужуваме – иднина во која Македонија ќе биде модерна европска држава, гордо застаната рамо до рамо со европските држави.
Заедно се бориме, заедно ќе успееме! Нека е честит Денот на независноста 8 Септември! Да живее Македонија!

 

The post Тошковски: Нашата независност е наш најголем успех appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски упати честитка до сите граѓани по повод 8 Септември – Денот на независноста, кој годинава се празнува под мотото: „Заедно се бориме, заедно ќе успееме“. Пред 33 години, на референдумот во 1991 година, огромно мнозинство од граѓаните гласаа за независна, слободна и демократска Република Македонија. Патот кој го започнавме сите заедно беше долг и тежок, полн со предизвици. Зад себе имаме три децении независност исполнети со искушенија, падови, но и моменти на гордост. Посакувавме своја држава во која ќе имаме силни институции без корупција, економија која нуди шанси за сите, здравствен систем кој навистина им помага на болните и образовен систем кој создава нови лидери. Нашата визија беше да изградиме држава каде младите ќе ја гледаат својата иднина, каде законите важат за сите подеднакво и каде секој граѓанин ќе се чувствува достоинствено. И понатаму наша најголема обврска останува да биде градењето на систем каде владее правото и правдата. Борбата против криминалот и корупцијата е наша заедничка цел и наш приоритет. Само со неселективна правда и закони кои важат еднакво за сите, можеме да создадеме општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува безбедно и заштитено. За таа цел, цврсто сме посветени на градење систем од силни институции, модерна и професионална полиција, која ќе биде гарант за безбедноста и стабилноста на нашата држава. Низ годините наназад направивме големи отстапки, верувајќи дека тие ќе не приближат кон интеграција во Европската Унија и ќе овозможат подобар стандард и поквалитетен живот за сите наши граѓани. Но и покрај тие напори, нашата интеграција во Европската Унија сè уште не е реализирана. Ова не е причина за обесхрабрување – напротив, тоа е поттик да продолжиме да се бориме за она што ни следува. Денес, како Влада фокусирани сме на привлекување нови инвестиции, воведување на нови технологии, отворање нови работни места, сè со цел создадавање на поквалитетен живот за секого. Но најважно, заедно ја градиме државата во која владеат правото и правдата, каде јасно ставаме до знаење дека криминалот не се исплати и каде секој граѓанин има еднакви можности. Нашата независност е наш најголем успех, но и најголема обврска. Со храбри одлуки, заеднички труд и институции со интегритет ослободени од секакви влијанија, можеме да изградиме иднина каква што заслужуваме – иднина во која Македонија ќе биде модерна европска држава, гордо застаната рамо до рамо со европските држави. Заедно се бориме, заедно ќе успееме! Нека е честит Денот на независноста 8 Септември! Да живее Македонија!  

The post Тошковски: Нашата независност е наш најголем успех appeared first on Република.

]]>
Филипче по повод 33 години независност: Време за сплотеност и одлучност за подобро утре https://republika.mk/vesti/makedonija/filipche-po-povod-33-godini-nezavisnost-vreme-za-splotenost-i-odluchnost-za-podobro-utre/ Sun, 08 Sep 2024 08:57:16 +0000 https://republika.mk/?p=814289

По повод 8 Септември, Денот на независноста, претседателот на СДСМ, Венко Филипче испрати честитки до сите граѓани на нашата татковина.

Денешниот 8 Септември и 33 години независност на нашата Македонија нѐ потсетуваат на силата, единството и храброста што ја имавме кога го избравме патот на суверенитет и самостојност, наведува претседателот на СДСМ Филипче.

Во изминатите 33 години, нашата татковина се изгради како независна, суверена држава, одлучна да го заземе своето место на европската и на светската сцена, потенцира тој.

Овој пат не беше лесен и беше исполнет со предизвици, но и со многу достигнувања. Патот што го избравме пред три децении е потврда на нашата колективна волја за достоинство и просперитет. Во овие три децении, Македонија ги зајакна своите институции, ја обезбеди својата меѓународна позиција и создаде услови за економски и социјален напредок, вели Филипче.

Претседателот на СДСМ потенцира дека нашата држава денес се наоѓа пред многу искушенија, кои бараат од нас да покажеме уште поголема зрелост, сплотеност и одлучност. Пред нас се моменти кога мораме да го зачуваме она што е стекнато со многу труд – демократијата.

Во ова време на нови предизвици поврзани со понатамошниот пат по кој ќе се движи Македонија, време е нашата сила и способноста на нашите граѓани да ја искористиме за да ја надминеме секоја препрека што стои на патот кон подобро утре. Пред нас е одговорноста да ја продолжиме изградбата на општество каде што секој граѓанин ќе има еднакви можности, а нашата земја ќе биде пример за стабилност, толеранција и напредок. Честит 8 Септември!, стои во честитката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Да ја продолжиме заедничката борба за просперитетна и стабилна Македонија!

 

The post Филипче по повод 33 години независност: Време за сплотеност и одлучност за подобро утре appeared first on Република.

]]>

По повод 8 Септември, Денот на независноста, претседателот на СДСМ, Венко Филипче испрати честитки до сите граѓани на нашата татковина.
Денешниот 8 Септември и 33 години независност на нашата Македонија нѐ потсетуваат на силата, единството и храброста што ја имавме кога го избравме патот на суверенитет и самостојност, наведува претседателот на СДСМ Филипче.
Во изминатите 33 години, нашата татковина се изгради како независна, суверена држава, одлучна да го заземе своето место на европската и на светската сцена, потенцира тој.
Овој пат не беше лесен и беше исполнет со предизвици, но и со многу достигнувања. Патот што го избравме пред три децении е потврда на нашата колективна волја за достоинство и просперитет. Во овие три децении, Македонија ги зајакна своите институции, ја обезбеди својата меѓународна позиција и создаде услови за економски и социјален напредок, вели Филипче.
Претседателот на СДСМ потенцира дека нашата држава денес се наоѓа пред многу искушенија, кои бараат од нас да покажеме уште поголема зрелост, сплотеност и одлучност. Пред нас се моменти кога мораме да го зачуваме она што е стекнато со многу труд – демократијата.
Во ова време на нови предизвици поврзани со понатамошниот пат по кој ќе се движи Македонија, време е нашата сила и способноста на нашите граѓани да ја искористиме за да ја надминеме секоја препрека што стои на патот кон подобро утре. Пред нас е одговорноста да ја продолжиме изградбата на општество каде што секој граѓанин ќе има еднакви можности, а нашата земја ќе биде пример за стабилност, толеранција и напредок. Честит 8 Септември!, стои во честитката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Да ја продолжиме заедничката борба за просперитетна и стабилна Македонија!  

The post Филипче по повод 33 години независност: Време за сплотеност и одлучност за подобро утре appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Оваа генерација има обврска да ги исправи грешките и да создаде иднина за сите наредни https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ovaa-generatsija-ima-obvrska-da-gi-ispravi-greshkite-i-da-sozdade-idnina-za-site-naredni/ Sun, 08 Sep 2024 08:48:56 +0000 https://republika.mk/?p=814287

Денес се одбележува најголемиот светилник на постоењето на македонската држава, финалниот чин по повеќестолетната борба за слобода и независност или што би се рекло денот над деновите – 8 Септември, празникот на нашата независност, напиша на Фејсбук претседателот на македонската влада, Христијан Мицкоски.

На овој ден за прв пат се слушнаа зборовите „Да ви ја честитам суверена и слободна Република Македонија” на плоштадот Македонија каде се прославуваше независноста. Воедно да не заборавиме дека 8 септември е стремежот на илјадници претходно борци за слободна и своја држава. Тогаш се градеа темелите на Републиката и создаваа институции, но и денес имаме битки кои мора да ги победиме, заеднички, поинакви, иако поинакви сепак подеднакво важни.

Мора да се победи разочарувањето кое ни го оставија и криминалот и корупцијата кои денес се најважните проблеми против кои се бориме. Секој атом од силите да го вложиме во градба на иднина каква заслужува секој еден човек. Овој пат државата е на потег и нејзе ја враќаме на народот.

Да создадеме земја на среќни граѓани и силна економија. Општество кое ќе одговара на реалните потреби и ќе нуди реални решенија. Да си ги зачуваме луѓето овде во нашата татковина.

Оваа генерација има обврска да ги исправи грешките и да создаде иднина за сите наредни. Ова е нашата заедничка битка и заедно се бориме и заедно ќе успееме!

Нека е честит и вековит денот на независноста.

Бог да ја благослови Македонија!, се вели во честитката на премиерот Мицкоски.

The post Мицкоски: Оваа генерација има обврска да ги исправи грешките и да создаде иднина за сите наредни appeared first on Република.

]]>

Денес се одбележува најголемиот светилник на постоењето на македонската држава, финалниот чин по повеќестолетната борба за слобода и независност или што би се рекло денот над деновите – 8 Септември, празникот на нашата независност, напиша на Фејсбук претседателот на македонската влада, Христијан Мицкоски.
На овој ден за прв пат се слушнаа зборовите „Да ви ја честитам суверена и слободна Република Македонија” на плоштадот Македонија каде се прославуваше независноста. Воедно да не заборавиме дека 8 септември е стремежот на илјадници претходно борци за слободна и своја држава. Тогаш се градеа темелите на Републиката и создаваа институции, но и денес имаме битки кои мора да ги победиме, заеднички, поинакви, иако поинакви сепак подеднакво важни. Мора да се победи разочарувањето кое ни го оставија и криминалот и корупцијата кои денес се најважните проблеми против кои се бориме. Секој атом од силите да го вложиме во градба на иднина каква заслужува секој еден човек. Овој пат државата е на потег и нејзе ја враќаме на народот. Да создадеме земја на среќни граѓани и силна економија. Општество кое ќе одговара на реалните потреби и ќе нуди реални решенија. Да си ги зачуваме луѓето овде во нашата татковина. Оваа генерација има обврска да ги исправи грешките и да создаде иднина за сите наредни. Ова е нашата заедничка битка и заедно се бориме и заедно ќе успееме! Нека е честит и вековит денот на независноста. Бог да ја благослови Македонија!, се вели во честитката на премиерот Мицкоски.

The post Мицкоски: Оваа генерација има обврска да ги исправи грешките и да создаде иднина за сите наредни appeared first on Република.

]]>
МАЕИ: Како Македонци од Албанија гордо го славиме празникот на нашата мајка татковина https://republika.mk/vesti/makedonija/maei-kako-makedontsi-od-albanija-gordo-go-slavime-praznikot-na-nashata-majka-tatkovina/ Sun, 08 Sep 2024 08:13:11 +0000 https://republika.mk/?p=814278

Честитка по повод Денот на независноста до сите Македонци каде и да се упати Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и од име на целата македонска заедница во Албанија.

Во неа стои дека „овој ден е симбол на долгогодишна борба на Македонците за самостојност, слобода и достоинство“.

Се додава дека на овој историски датум пред 33 години, Македонците храбро и достоинствено го заокружија својот стремеж кон независна држава, исполнета со слобода, суверенитет и иднина заснована на европски вредности и демократски принципи.

Овој ден ни дава поттик и обврска да продолжиме да ја чуваме и градиме Република Македонија како силна, стабилна и просперитетна држава, дел од големото европско семејство.

Се посакува „да ја славиме нашата заедничка историја и да го чествуваме нашето единство, идентитет и култура, каде и да се наоѓаме во светот“.

Како Македонци во Албанија, и ние го делиме гордото наследство на нашата мајка татковина, стоејќи цврсто зад принципите на мир, соработка и интеграција. Нека ни е честит и вековит Денот на независноста на Република Македонија, се нагласува во честитката потпишана од Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ.

 

The post МАЕИ: Како Македонци од Албанија гордо го славиме празникот на нашата мајка татковина appeared first on Република.

]]>

Честитка по повод Денот на независноста до сите Македонци каде и да се упати Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и од име на целата македонска заедница во Албанија. Во неа стои дека „овој ден е симбол на долгогодишна борба на Македонците за самостојност, слобода и достоинство“. Се додава дека на овој историски датум пред 33 години, Македонците храбро и достоинствено го заокружија својот стремеж кон независна држава, исполнета со слобода, суверенитет и иднина заснована на европски вредности и демократски принципи.
Овој ден ни дава поттик и обврска да продолжиме да ја чуваме и градиме Република Македонија како силна, стабилна и просперитетна држава, дел од големото европско семејство. Се посакува „да ја славиме нашата заедничка историја и да го чествуваме нашето единство, идентитет и култура, каде и да се наоѓаме во светот“. Како Македонци во Албанија, и ние го делиме гордото наследство на нашата мајка татковина, стоејќи цврсто зад принципите на мир, соработка и интеграција. Нека ни е честит и вековит Денот на независноста на Република Македонија, се нагласува во честитката потпишана од Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ.
 

The post МАЕИ: Како Македонци од Албанија гордо го славиме празникот на нашата мајка татковина appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: 8 Септември е плодот на стремежот за своја држава, наша обврска е да ја унапредуваме https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-8-septemvri-e-plodot-na-stremezhot-za-svoja-drzhava-nasha-obvrska-e-da-ja-unapreduvame/ Sun, 08 Sep 2024 07:55:10 +0000 https://republika.mk/?p=814270

ВМРО-ДПМНЕ им го честита 8 Септември на сите граѓани. 8 Септември е плодот на стремежот за своја држава, кој стана реалност во 1991 година.

Наша обврска денес е да ја унапредуваме таа држава. 33 години независност, многу премрежја, но и успеси. Македонија никогаш не престана да расте, без разлика колку некои владејачки елити се труделе да ја уназадат.

Граѓаните се движечката сила на државата и тие секогаш го даваа својот елан за таа да напредува.

ВМРО-ДПМНЕ 33 години посветено работи на унапредување на државата, поголем просперитет и развој. Го дадовме темелот во 1991 година, и сме стожер 33 години.

Сега, повеќе од било кога порано ни е потребна енергијата која ја имаше на 8 септември 1991 година. Енергијата која ја отпочната приказната за независна држава, таа енергија преточена во желба за напредок веќе ја има кај граѓаните, преку желба за успешна држава. Потребна е силна волја за напред, и таа ја има. Македонија чекори забрзано кон просперитет, се вели во честитката на ВМРО ДПМНЕ.

 

The post ВМРО-ДПМНЕ: 8 Септември е плодот на стремежот за своја држава, наша обврска е да ја унапредуваме appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ им го честита 8 Септември на сите граѓани. 8 Септември е плодот на стремежот за своја држава, кој стана реалност во 1991 година.
Наша обврска денес е да ја унапредуваме таа држава. 33 години независност, многу премрежја, но и успеси. Македонија никогаш не престана да расте, без разлика колку некои владејачки елити се труделе да ја уназадат. Граѓаните се движечката сила на државата и тие секогаш го даваа својот елан за таа да напредува.
ВМРО-ДПМНЕ 33 години посветено работи на унапредување на државата, поголем просперитет и развој. Го дадовме темелот во 1991 година, и сме стожер 33 години.
Сега, повеќе од било кога порано ни е потребна енергијата која ја имаше на 8 септември 1991 година. Енергијата која ја отпочната приказната за независна држава, таа енергија преточена во желба за напредок веќе ја има кај граѓаните, преку желба за успешна држава. Потребна е силна волја за напред, и таа ја има. Македонија чекори забрзано кон просперитет, се вели во честитката на ВМРО ДПМНЕ.
 

The post ВМРО-ДПМНЕ: 8 Септември е плодот на стремежот за своја држава, наша обврска е да ја унапредуваме appeared first on Република.

]]>
Силјановска Давкова: Да се сплотиме околу општото добро и јавниот интерес https://republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-da-se-splotime-okolu-opshtoto-dobro-i-javniot-interes/ Sun, 08 Sep 2024 07:18:05 +0000 https://republika.mk/?p=814258

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод 8 Септември – Денот на независноста.

„На 8 септември 1991 година, македонските граѓани, користејќи го правото на самоопределување, ја изразија својата волја и во огромен број го дадоа својот глас за суверена и самостојна македонска република. Освен на референдумското ливче, таа волја беше изразена и преку озарените лица на илјадниците граѓани спонтано собрани на плоштадот „Македонија”, каде што со голем ентузијазам и надеж за иднината ѝ се радуваа на независноста.

Со тој чин, тие, ние, македонските граѓани, на мудар, демократски и мирољубив начин, во согласност со Повелбата на Обединетите Нации, ја напуштивме федерацијата што се распаѓаше и зачекоривме во новата етапа на македонската државност. Заокружувајќи го делото на илинденците и на асномците, ја превзедовме одговорноста да градиме модерна, европска, правна држава која ќе обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот.

33 години подоцна, ентузијазмот и надежта се, за жал, засенети од бројните предизвици со кои се соочивме како држава, од надворешни притисоци и непринципиелни блокади, преку внатрешни поделби, па сè до политички и безбедносни кризи. Низ годините имавме и успеси и грешки, и подеми и падови. Пропуштените можности, сеприсутната партизација и политизација и хроничната корупција ги отуѓуваат граѓаните и ги иселуваат младите.

Наша должност е да ги оставиме на страна поделбите и да се сплотиме околу општото добро и јавниот интерес. Мора да ги вложиме сите наши лични и институционални капацитети за да ја направиме македонската република пристојно место за живеење, што ќе им дава еднакви шанси за напредок на сите нејзини граѓани, република што ќе биде грижлива кон најдобрите, инклузивна кон различните, солидарна кон ранливите и праведна кон сите.

Само со европеизација на државата, со владеење на правото и со борба против корупцијата, со функционални институции и со компетитивна економија и систем на заслуги ќе им овозможиме на младите генерации, правото на потрага по среќа да го остварат дома, во заедничката татковина, во која ќе работат, ќе основаат семејства и ќе создаваат иднина. Само така, ќе ја обновиме надежта и ќе го вратиме ентузијазмот од почетокот на македонската независност.

Нека ни е честит 8 Септември – Денот на независноста“ се наведува во честитката.

 

The post Силјановска Давкова: Да се сплотиме околу општото добро и јавниот интерес appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод 8 Септември – Денот на независноста. „На 8 септември 1991 година, македонските граѓани, користејќи го правото на самоопределување, ја изразија својата волја и во огромен број го дадоа својот глас за суверена и самостојна македонска република. Освен на референдумското ливче, таа волја беше изразена и преку озарените лица на илјадниците граѓани спонтано собрани на плоштадот „Македонија”, каде што со голем ентузијазам и надеж за иднината ѝ се радуваа на независноста. Со тој чин, тие, ние, македонските граѓани, на мудар, демократски и мирољубив начин, во согласност со Повелбата на Обединетите Нации, ја напуштивме федерацијата што се распаѓаше и зачекоривме во новата етапа на македонската државност. Заокружувајќи го делото на илинденците и на асномците, ја превзедовме одговорноста да градиме модерна, европска, правна држава која ќе обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот. 33 години подоцна, ентузијазмот и надежта се, за жал, засенети од бројните предизвици со кои се соочивме како држава, од надворешни притисоци и непринципиелни блокади, преку внатрешни поделби, па сè до политички и безбедносни кризи. Низ годините имавме и успеси и грешки, и подеми и падови. Пропуштените можности, сеприсутната партизација и политизација и хроничната корупција ги отуѓуваат граѓаните и ги иселуваат младите. Наша должност е да ги оставиме на страна поделбите и да се сплотиме околу општото добро и јавниот интерес. Мора да ги вложиме сите наши лични и институционални капацитети за да ја направиме македонската република пристојно место за живеење, што ќе им дава еднакви шанси за напредок на сите нејзини граѓани, република што ќе биде грижлива кон најдобрите, инклузивна кон различните, солидарна кон ранливите и праведна кон сите. Само со европеизација на државата, со владеење на правото и со борба против корупцијата, со функционални институции и со компетитивна економија и систем на заслуги ќе им овозможиме на младите генерации, правото на потрага по среќа да го остварат дома, во заедничката татковина, во која ќе работат, ќе основаат семејства и ќе создаваат иднина. Само така, ќе ја обновиме надежта и ќе го вратиме ентузијазмот од почетокот на македонската независност. Нека ни е честит 8 Септември – Денот на независноста“ се наведува во честитката.  

The post Силјановска Давкова: Да се сплотиме околу општото добро и јавниот интерес appeared first on Република.

]]>
АРМ со почесна артилериска стрелба по повод Денот на Независноста на Република Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/arm-so-pochesna-artileriska-strelba-po-povod-denot-na-nezavisnosta-na-republika-makedonija-2/ Sun, 08 Sep 2024 06:46:27 +0000 https://republika.mk/?p=814243

Вечерашната почесна артилериска стрелба со 10 плотуни кои ги истрелаа припадниците од артилерискиот баталјон, го означи почетокот на свечените активности по повод Денот на независноста-8ми септември, соопштија од Армијата на Република Македонија.

The post АРМ со почесна артилериска стрелба по повод Денот на Независноста на Република Македонија appeared first on Република.

]]>

Вечерашната почесна артилериска стрелба со 10 плотуни кои ги истрелаа припадниците од артилерискиот баталјон, го означи почетокот на свечените активности по повод Денот на независноста-8ми септември, соопштија од Армијата на Република Македонија.

The post АРМ со почесна артилериска стрелба по повод Денот на Независноста на Република Македонија appeared first on Република.

]]>
„Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ https://republika.mk/vesti/makedonija/zaedno-se-borime-zaedno-ke-uspeeme/ Sun, 08 Sep 2024 06:37:38 +0000 https://republika.mk/?p=814238

Под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ денеска со повеќе активности во организација на Владата, се одбележува Денот на независноста - 8 Септември.

Свечената академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје. Свеченоста ќе започне со изведба на македонската химна од страна на детски хор, по што ќе биде прикажан видео спотот „Везилка“ која вклучува оригинална изведба на песната од Блаже Конески. Програмата ќе продолжи со изведби на дела од македонски автори поврзани со оваа тематика од страна на државниот џез оркестар.

Во рамките на свеченоста ќе биде прикажан и специјално подготвен пригоден видео спот од прославата на независноста кое вклучува архивски материјали од Референдумот во 1991 година.

На крајот од свечената програма, со говор ќе се обрати Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Настанот, како што најавуваат од владината прес-служба, е дел од пошироката иницијатива на Владата за подигање на свеста за значењето на независноста и заедничката борба на граѓаните за подобра иднина.

По повод одбележувањето на 8 Септември - Денот на независнота на Република Македонија, собраниска делегација предводена од потпретседателката Весна Бендевска, составена од пратениците Каролина Насковска и Митко Трајчулевски, денеска ќе положи венци свежо цвеќе пред вечното почивалиште на првиот претседател на Републиката, Киро Глигоров, вечното почивалиште на поранешниот претседател на Републиката, Борис Трајковски, вечното почивалиште на првиот претседател на Владата, Никола Кљусев и пред Споменикот на паднатите борци на НОБ.

Активностите стартуваа синоќа со почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на Армијата, во касарната „Илинден“ во Скопје.

На свеченост во Собранието вчера на спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски, му беше доделана годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех Костовски го постигна како тренер на олимпиецот Дејан Георгиевски, кој го освои сребрениот медал на Олимписките игри во Токио во 2021 година.

Покрај Костовски, Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ им додели признанија за остварувања во областа на спортот и на Мирко Димчевски, Рамадан Шабани, Зоран Бошковски и Димитар Јованов.

Претседателот на Собранието Африм Гаши на приемот што го организираше во Законодавниот дом по повод 8 Септември - Денот на независноста, завчера порача дека не постои поважен момент во историјата на една земја од нејзината самостојност.

Затоа секогаш кога доаѓа 8 Септември се враќа емоцијата на задоволство и гордост што роденденот на оваа земја го одбележуваме во мир, во соживот меѓу различните народи кои живеат во оваа земја, во добрососедски односи и во сигурни патишта кон подобра развојна и евроатланстска перспектива, истакна Гаши.

Собранискиот спикер нагласи дека секој има своја заслуга и свој придонес за овие достигнувања, посочувајќи оти не треба да бидеме ниту нихилисти, ниту дефетисти.

Како и да е Македонија во својот 33. роденден е земја-членка на најмоќната безбедносна Алијанса како што е НАТО, со што се гарантира мирот на нејзините граници што е исклучително важно за секој проект додека е на добар пат да се приклучи и на најуспешната унија на демократија, мир, човекови права и благосостојба како што е Европската унија. Ова е повод како граѓанин на оваа држава, а уште повеќе како политичари на оваа земја, денеска да направиме една ретроспектива на она што сме го сториле, што сме можеле да го сториме и што можеме да го сториме секогаш во духот на тоа што рекол Џон Кенеди „Не прашувај се што сторила твојата татковина за тебе, туку прашувај се што си сторил ти за твојата татковина, рече претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Пред 33 години на денешен ден, над 95 проценти од граѓаните на референдум се изјаснија за самостојна и суверена држава. Претходно, на 25 јануари 1991 година, беше усвоена Декларацијата за независност од првото повеќепартиско македонско Собрание, а два дена подоцна пратениците го избраа Киро Глигоров за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија. Важни чекори за утврдување на државноста беа усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година, монетарното осамостојување и воведувањето на денарот на 26 април 1992, формирањето на сопствени вооружение сили. Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година, кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, беше примена како 181. полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците од страна на Грција, која не го прифаќаше уставното име на Република Македонија, зачленувањето во ОН беше под привремената референца: Поранешна Југословенска Република Македонија.

Низ 33-годишното самостојно опстојување, државата помина низ низа проблеми и тешкотии. Троцифрената инфлација на почетокот на 90-те години, грчкото ембарго, косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година беа вистински предизвици и закани за младата македонска држава што го забавија нејзиниот пат.

Спорот со Грција поради името, по долгогодишни разговори под покровителство на Обединетите нации, конечно беше решен на 17 јуни 2018 година во Преспа со попишување договор меѓу двете држави. Со тоа се отвори патот на земјава кон НАТО и ЕУ. На 27 март 2020 година Македонија стана 30 членка на НАТО. Како земја кандидат за членство во ЕУ веќе 18 години, со добиена прва препорака за почеток на преговори во 2009 година, државава сега се соочува со блокада од Бугарија.

The post „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ appeared first on Република.

]]>

Под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ денеска со повеќе активности во организација на Владата, се одбележува Денот на независноста - 8 Септември. Свечената академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје. Свеченоста ќе започне со изведба на македонската химна од страна на детски хор, по што ќе биде прикажан видео спотот „Везилка“ која вклучува оригинална изведба на песната од Блаже Конески. Програмата ќе продолжи со изведби на дела од македонски автори поврзани со оваа тематика од страна на државниот џез оркестар. Во рамките на свеченоста ќе биде прикажан и специјално подготвен пригоден видео спот од прославата на независноста кое вклучува архивски материјали од Референдумот во 1991 година. На крајот од свечената програма, со говор ќе се обрати Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Настанот, како што најавуваат од владината прес-служба, е дел од пошироката иницијатива на Владата за подигање на свеста за значењето на независноста и заедничката борба на граѓаните за подобра иднина. По повод одбележувањето на 8 Септември - Денот на независнота на Република Македонија, собраниска делегација предводена од потпретседателката Весна Бендевска, составена од пратениците Каролина Насковска и Митко Трајчулевски, денеска ќе положи венци свежо цвеќе пред вечното почивалиште на првиот претседател на Републиката, Киро Глигоров, вечното почивалиште на поранешниот претседател на Републиката, Борис Трајковски, вечното почивалиште на првиот претседател на Владата, Никола Кљусев и пред Споменикот на паднатите борци на НОБ. Активностите стартуваа синоќа со почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на Армијата, во касарната „Илинден“ во Скопје. На свеченост во Собранието вчера на спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски, му беше доделана годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех Костовски го постигна како тренер на олимпиецот Дејан Георгиевски, кој го освои сребрениот медал на Олимписките игри во Токио во 2021 година. Покрај Костовски, Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ им додели признанија за остварувања во областа на спортот и на Мирко Димчевски, Рамадан Шабани, Зоран Бошковски и Димитар Јованов. Претседателот на Собранието Африм Гаши на приемот што го организираше во Законодавниот дом по повод 8 Септември - Денот на независноста, завчера порача дека не постои поважен момент во историјата на една земја од нејзината самостојност.
Затоа секогаш кога доаѓа 8 Септември се враќа емоцијата на задоволство и гордост што роденденот на оваа земја го одбележуваме во мир, во соживот меѓу различните народи кои живеат во оваа земја, во добрососедски односи и во сигурни патишта кон подобра развојна и евроатланстска перспектива, истакна Гаши.
Собранискиот спикер нагласи дека секој има своја заслуга и свој придонес за овие достигнувања, посочувајќи оти не треба да бидеме ниту нихилисти, ниту дефетисти.
Како и да е Македонија во својот 33. роденден е земја-членка на најмоќната безбедносна Алијанса како што е НАТО, со што се гарантира мирот на нејзините граници што е исклучително важно за секој проект додека е на добар пат да се приклучи и на најуспешната унија на демократија, мир, човекови права и благосостојба како што е Европската унија. Ова е повод како граѓанин на оваа држава, а уште повеќе како политичари на оваа земја, денеска да направиме една ретроспектива на она што сме го сториле, што сме можеле да го сториме и што можеме да го сториме секогаш во духот на тоа што рекол Џон Кенеди „Не прашувај се што сторила твојата татковина за тебе, туку прашувај се што си сторил ти за твојата татковина, рече претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Пред 33 години на денешен ден, над 95 проценти од граѓаните на референдум се изјаснија за самостојна и суверена држава. Претходно, на 25 јануари 1991 година, беше усвоена Декларацијата за независност од првото повеќепартиско македонско Собрание, а два дена подоцна пратениците го избраа Киро Глигоров за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија. Важни чекори за утврдување на државноста беа усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година, монетарното осамостојување и воведувањето на денарот на 26 април 1992, формирањето на сопствени вооружение сили. Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година, кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, беше примена како 181. полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците од страна на Грција, која не го прифаќаше уставното име на Република Македонија, зачленувањето во ОН беше под привремената референца: Поранешна Југословенска Република Македонија. Низ 33-годишното самостојно опстојување, државата помина низ низа проблеми и тешкотии. Троцифрената инфлација на почетокот на 90-те години, грчкото ембарго, косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година беа вистински предизвици и закани за младата македонска држава што го забавија нејзиниот пат. Спорот со Грција поради името, по долгогодишни разговори под покровителство на Обединетите нации, конечно беше решен на 17 јуни 2018 година во Преспа со попишување договор меѓу двете држави. Со тоа се отвори патот на земјава кон НАТО и ЕУ. На 27 март 2020 година Македонија стана 30 членка на НАТО. Како земја кандидат за членство во ЕУ веќе 18 години, со добиена прва препорака за почеток на преговори во 2009 година, државава сега се соочува со блокада од Бугарија.

The post „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ appeared first on Република.

]]>
33 години независност: Она што Македонија го преживеа за 33 години на други држави им се потребни векови https://republika.mk/vesti/makedonija/33-godini-nezavisnost-ona-shto-makedonija-go-prezhivea-za-33-godini-na-drugi-drzhavi-im-se-potrebni-vekovi/ Sun, 08 Sep 2024 06:11:43 +0000 https://republika.mk/?p=814160

33 години. Ни многу ни малку. Македонија ги живее исусовите години како независна држава. Како што се вели во една книга, „Да ти се погоди да живееш во интересни времиња“, овие нешто повеќе од три децении во Македонија беа повеќе од интересни.

Што сѐ не преживеавме и доживеавме, како ниту една држава во регионот и пошироко. Мирен излез од поранешната држава, економска блокада од Грција,промена на знаме, војна на Косово, војна или воен конфликт кај нас, Рамковен договор, Шарена револуција, промена на име и Устав, влез во НАТО, обид за промена на идентитет од страна на Бугарија...

Малку ли е?

Можеби и затоа во 2024 година сме таму кај што сме, и економски и политички. Политички, вечен кандидат за ЕУ, а економски на ниво на Босна и Херцеговина и Косово кои се полу држави полу протекторати.

Од 1991 до денеска речиси исто години беа на власт СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, различен беше само албанскиот коалициски партнер. Но, после 2001 година Македонија веќе не е иста држава и двете најголеми македонски партии често беа принудени да ги погазат сопствените принципи и да прават отстапки за да дојдат или за да останат на власт.

Тоа пак честопати беше злоупотребувано од албанските политички партии под превезот на „Едно општество за сите“ и „мултиетничноста“.

Попустилоста не доведе на ова дереџе, особено последниве шест-седум години. Дерогирана држава, разорени институции, разочаран народ, без разлика дали е Македонец, Албанец, Турчин, Србин, Ром...

Како што е мотото за прославата оваа година „Заедно се бориме, заедно ќе успееме“, да се обидеме да ја кренеме повторно државата на нозе како што тоа пред многу години го направиле Илинденците и Партизаните.

The post 33 години независност: Она што Македонија го преживеа за 33 години на други држави им се потребни векови appeared first on Република.

]]>

33 години. Ни многу ни малку. Македонија ги живее исусовите години како независна држава. Како што се вели во една книга, „Да ти се погоди да живееш во интересни времиња“, овие нешто повеќе од три децении во Македонија беа повеќе од интересни. Што сѐ не преживеавме и доживеавме, како ниту една држава во регионот и пошироко. Мирен излез од поранешната држава, економска блокада од Грција,промена на знаме, војна на Косово, војна или воен конфликт кај нас, Рамковен договор, Шарена револуција, промена на име и Устав, влез во НАТО, обид за промена на идентитет од страна на Бугарија... Малку ли е? Можеби и затоа во 2024 година сме таму кај што сме, и економски и политички. Политички, вечен кандидат за ЕУ, а економски на ниво на Босна и Херцеговина и Косово кои се полу држави полу протекторати. Од 1991 до денеска речиси исто години беа на власт СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, различен беше само албанскиот коалициски партнер. Но, после 2001 година Македонија веќе не е иста држава и двете најголеми македонски партии често беа принудени да ги погазат сопствените принципи и да прават отстапки за да дојдат или за да останат на власт. Тоа пак честопати беше злоупотребувано од албанските политички партии под превезот на „Едно општество за сите“ и „мултиетничноста“. Попустилоста не доведе на ова дереџе, особено последниве шест-седум години. Дерогирана држава, разорени институции, разочаран народ, без разлика дали е Македонец, Албанец, Турчин, Србин, Ром... Како што е мотото за прославата оваа година „Заедно се бориме, заедно ќе успееме“, да се обидеме да ја кренеме повторно државата на нозе како што тоа пред многу години го направиле Илинденците и Партизаните.

The post 33 години независност: Она што Македонија го преживеа за 33 години на други држави им се потребни векови appeared first on Република.

]]>
Прослава во Нерези по повод Денот на независноста https://republika.mk/vesti/makedonija/proslava-vo-nerezi-po-povod-denot-na-nezavisnosta/ Sat, 07 Sep 2024 07:55:33 +0000 https://republika.mk/?p=814013

По повод Денот на независноста - 8 Септември, вечерва во 20:00 часот во скопско Нерези ќе се одржи прослава на игралиштето. Организатори на настанот се група граѓани „Обединето Нерези“ и ова е петта година како го одбележуваат најголемиот државен празник.

Идејата за одбележување на празникот ја инициравме десетина луѓе за време на карантинот, кој беше воведен поради корона вирусот. Првата прослава ја организиравме во 2020 година, и од година во година, бројот на присутни расте. Ние, секако, ја сакаме Македонија. Но, можеби карантинот ни даде повеќе слободно време и дојдовме на идеја да почнеме една убава манифестација, велат од „Обединето Нерези“.

Покрај жителите на Нерези, на прославата доаѓаат и граѓани од другите скопски населби. Собраните средства од прославата, „Обединето Нерези“ ги донира на оние на кои им се најпотребни.

Оваа година гостите ќе ги забавува диџеј. Организаторите ги канат сите заинтересирани кои сакаат да го прослават заедно со нив Денот на независноста, да дојдат на игралиштето Нерези.

The post Прослава во Нерези по повод Денот на независноста appeared first on Република.

]]>

По повод Денот на независноста - 8 Септември, вечерва во 20:00 часот во скопско Нерези ќе се одржи прослава на игралиштето. Организатори на настанот се група граѓани „Обединето Нерези“ и ова е петта година како го одбележуваат најголемиот државен празник.
Идејата за одбележување на празникот ја инициравме десетина луѓе за време на карантинот, кој беше воведен поради корона вирусот. Првата прослава ја организиравме во 2020 година, и од година во година, бројот на присутни расте. Ние, секако, ја сакаме Македонија. Но, можеби карантинот ни даде повеќе слободно време и дојдовме на идеја да почнеме една убава манифестација, велат од „Обединето Нерези“.
Покрај жителите на Нерези, на прославата доаѓаат и граѓани од другите скопски населби. Собраните средства од прославата, „Обединето Нерези“ ги донира на оние на кои им се најпотребни. Оваа година гостите ќе ги забавува диџеј. Организаторите ги канат сите заинтересирани кои сакаат да го прослават заедно со нив Денот на независноста, да дојдат на игралиштето Нерези.

The post Прослава во Нерези по повод Денот на независноста appeared first on Република.

]]>
Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста – 8 Септември https://republika.mk/vesti/makedonija/pochesna-artileriska-strelba-po-povod-denot-na-nezavisnosta-8-septemvri/ Sat, 07 Sep 2024 06:56:32 +0000 https://republika.mk/?p=813994

По повод 8 Септември - Денот на независноста, во касарната „Илинден“ во Скопје вечерва во 19 часот ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на Армијата.

null

Како што информираат од Гернералштабот на Армијата, претходно, во попладневните часови во период по 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со еден плотун од артилериските орудија.

The post Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста – 8 Септември appeared first on Република.

]]>

По повод 8 Септември - Денот на независноста, во касарната „Илинден“ во Скопје вечерва во 19 часот ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на Армијата. null Како што информираат од Гернералштабот на Армијата, претходно, во попладневните часови во период по 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со еден плотун од артилериските орудија.

The post Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста – 8 Септември appeared first on Република.

]]>
Гаши по повод 8 Септември: Сме имале моменти кога сме биле разочарани, но сме создавале можности да продолжиме понатаму https://republika.mk/vesti/makedonija/gashi-po-povod-8-septemvri-sme-imale-momenti-koga-sme-bile-razocharani-no-sme-sozdavale-mozhnosti-da-prodolzhime-ponatamu/ Fri, 06 Sep 2024 18:31:06 +0000 https://republika.mk/?p=813919

Свесен за важноста на независната држава морам да кажам дека не постои поважен момент во историјата на една земја од нејзината самостојност. Затоа секогаш кога доаѓа 8 Септември се враќа емоцијата на задоволство и гордост што роденденот на оваа земја го одбележуваме во мир, во соживот меѓу различните народи кои живеат во оваа земја, во добрососедски односи и во сигурни патишта кон подобра развојна и евроатланстска перспектива.

Ова го истакна претседателот на Собранието Африм Гаши на приемот што го организираше во Законодавниот дом по повод 8 Септември - Денот на независноста.

Јас сум свесен дека изградбата на оваа заедничка држава не била лесна работа и секогаш подеднакво прифатена. Сме имале периоди кога некој од нас имал поинаква перцепција и различни очекувања можеби. Сме имале моменти кога некој од нас мислел дека заслужува повеќе а добил помалку. Сме имале моменти кога сме биле можеби разочарани и сме рекле дека не вреди, но сепак сме нашле сила, сме нашле решенија и сме создавале можности да продолжиме понатаму. Затоа, денес кога ја одбележуваме оваа годишнина на нашето државјанство можам да ви тврдам дека пред нас се отвора нова развојна перспектива која доаѓа со новата генерација политичари и јас сум силно убеден дека тоа ќе резултира со многустран успех, рече Гаши.

Собранискиот спикер нагласи дека секој има своја заслуга и свој придонес за овие достигнувања, посочувајќи оти не треба да бидеме ниту нихилисти, ниту дефетисти.

Како и да е Македонија во својот 33. роденден е земја-членка на најмоќната безбедносна Алијанса како што е НАТО, со што се гарантира мирот на нејзините граници што е исклучително важно за секој проект додека е на добар пат да се приклучи и на најуспешната унија на демократија, мир, човекови права и благосостојба како што е Европската унија. Ова е повод како граѓанин на оваа држава, а уште повеќе како политичари на оваа земја, денеска да направиме една ретроспектива на она што сме го сториле, што сме можеле да го сториме и што можеме да го сториме секогаш во духот на тоа што рекол Џон Кенеди „Не прашувај се што сторила твојата татковина за тебе, туку прашувај се што си сторил ти за твојата татковина“, рече претседателот на Собранието, Африм Гаши.

The post Гаши по повод 8 Септември: Сме имале моменти кога сме биле разочарани, но сме создавале можности да продолжиме понатаму appeared first on Република.

]]>

Свесен за важноста на независната држава морам да кажам дека не постои поважен момент во историјата на една земја од нејзината самостојност. Затоа секогаш кога доаѓа 8 Септември се враќа емоцијата на задоволство и гордост што роденденот на оваа земја го одбележуваме во мир, во соживот меѓу различните народи кои живеат во оваа земја, во добрососедски односи и во сигурни патишта кон подобра развојна и евроатланстска перспектива.
Ова го истакна претседателот на Собранието Африм Гаши на приемот што го организираше во Законодавниот дом по повод 8 Септември - Денот на независноста.
Јас сум свесен дека изградбата на оваа заедничка држава не била лесна работа и секогаш подеднакво прифатена. Сме имале периоди кога некој од нас имал поинаква перцепција и различни очекувања можеби. Сме имале моменти кога некој од нас мислел дека заслужува повеќе а добил помалку. Сме имале моменти кога сме биле можеби разочарани и сме рекле дека не вреди, но сепак сме нашле сила, сме нашле решенија и сме создавале можности да продолжиме понатаму. Затоа, денес кога ја одбележуваме оваа годишнина на нашето државјанство можам да ви тврдам дека пред нас се отвора нова развојна перспектива која доаѓа со новата генерација политичари и јас сум силно убеден дека тоа ќе резултира со многустран успех, рече Гаши.
Собранискиот спикер нагласи дека секој има своја заслуга и свој придонес за овие достигнувања, посочувајќи оти не треба да бидеме ниту нихилисти, ниту дефетисти.
Како и да е Македонија во својот 33. роденден е земја-членка на најмоќната безбедносна Алијанса како што е НАТО, со што се гарантира мирот на нејзините граници што е исклучително важно за секој проект додека е на добар пат да се приклучи и на најуспешната унија на демократија, мир, човекови права и благосостојба како што е Европската унија. Ова е повод како граѓанин на оваа држава, а уште повеќе како политичари на оваа земја, денеска да направиме една ретроспектива на она што сме го сториле, што сме можеле да го сториме и што можеме да го сториме секогаш во духот на тоа што рекол Џон Кенеди „Не прашувај се што сторила твојата татковина за тебе, туку прашувај се што си сторил ти за твојата татковина“, рече претседателот на Собранието, Африм Гаши.

The post Гаши по повод 8 Септември: Сме имале моменти кога сме биле разочарани, но сме создавале можности да продолжиме понатаму appeared first on Република.

]]>
„Заедно се бориме, заедно ќе успееме“ – Владата организира свечена програма за Денот на независноста https://republika.mk/vesti/makedonija/zaedno-se-borime-zaedno-ke-uspeeme-vladata-organizira-svechena-programa-za-denot-na-nezavisnosta/ Fri, 06 Sep 2024 12:46:46 +0000 https://republika.mk/?p=813834

По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“.
Свечената академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје на 08.09.2024 година (недела), во 13:00 часот.

Свеченоста ќе започне со изведба на македонската химна од страна на детски хор, по што ќе биде прикажан видео спотот „Везилка“ која вклучува оригинална изведба на песната од Блаже Конески. Програмата ќе продолжи со изведби на дела од македонски автори поврзани со оваа тематика од страна на државниот џез оркестар.

The post „Заедно се бориме, заедно ќе успееме“ – Владата организира свечена програма за Денот на независноста appeared first on Република.

]]>

По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје на 08.09.2024 година (недела), во 13:00 часот. Свеченоста ќе започне со изведба на македонската химна од страна на детски хор, по што ќе биде прикажан видео спотот „Везилка“ која вклучува оригинална изведба на песната од Блаже Конески. Програмата ќе продолжи со изведби на дела од македонски автори поврзани со оваа тематика од страна на државниот џез оркестар.

The post „Заедно се бориме, заедно ќе успееме“ – Владата организира свечена програма за Денот на независноста appeared first on Република.

]]>
Традиционалната вело трка во Маврово на 8 септември: Покрај трката и многу музика, забавен натпревар со баланс велосипеди и тротинети за дечиња до 6 годишна возраст… https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/traditsionalnata-velo-trka-vo-mavrovo-na-8-septemvri-pokraj-trkata-i-mnogu-muzika-zabaven-natprevar-so-balans-velosipedi-i-trotineti-za-dechina-do-6-godishna-vozrast/ Mon, 15 Jul 2024 12:28:53 +0000 https://republika.mk/?p=797067

Сите љубители на велосипедизмот и природата, од најмлади до најискусни, рекреативци или професионалци, и оваа година на 8. септември во Маврово ќе може да учествуваат и да се забавуваат на традиционалната вело трка „Халк вело грин“

Пријавувањето за петтoто издание на хронометар велосипедската трка со должина од 22 км е веќе започнато и истото ќе биде отворено најдоцна до 3. септември.

Early Bird котизациите за регистрација од 600 денари ќе бидат актуелни до 15 август, а потоа пријавувањето ќе се врши со котизација од 800 денари. Како и изминатите години, така и оваа, сите собрани средства од котизации ќе бидат наменети за пошумување и заеднички допринос во зголемување на „зелениот фонд” на земјата.

И оваа година трката ќе биде организирана во три категории: ХОБИ, ДЕЦА и ЈУНИОРИ (во машка и женска кокуренција). Во секоја категорија, најбрзите ќе бидат наградени со парични награди, но, на пиедесталот ќе има простор за истакнување и на најдобрите во старосните категории и најдобрите меѓу пријавените тимови.

Покрај самата трка која ќе започне од 10 часот, на просторот предвиден за старт и цел, ќе се одвива и богата забавна програма наменета за сите поддржувачи на спортот и љубители на планината. Програмата ќе биде исполнета со многу музика, забавен натпревар со баланс велосипеди и тротинети за дечиња до 6 годишна возраст, добра храна и дружба.

Сите детали и правила за HalkVeloGreen трката се поставени на веб страната: halkvelogreen.mk

The post Традиционалната вело трка во Маврово на 8 септември: Покрај трката и многу музика, забавен натпревар со баланс велосипеди и тротинети за дечиња до 6 годишна возраст… appeared first on Република.

]]>

Сите љубители на велосипедизмот и природата, од најмлади до најискусни, рекреативци или професионалци, и оваа година на 8. септември во Маврово ќе може да учествуваат и да се забавуваат на традиционалната вело трка „Халк вело грин“ Пријавувањето за петтoто издание на хронометар велосипедската трка со должина од 22 км е веќе започнато и истото ќе биде отворено најдоцна до 3. септември. Early Bird котизациите за регистрација од 600 денари ќе бидат актуелни до 15 август, а потоа пријавувањето ќе се врши со котизација од 800 денари. Како и изминатите години, така и оваа, сите собрани средства од котизации ќе бидат наменети за пошумување и заеднички допринос во зголемување на „зелениот фонд” на земјата. И оваа година трката ќе биде организирана во три категории: ХОБИ, ДЕЦА и ЈУНИОРИ (во машка и женска кокуренција). Во секоја категорија, најбрзите ќе бидат наградени со парични награди, но, на пиедесталот ќе има простор за истакнување и на најдобрите во старосните категории и најдобрите меѓу пријавените тимови. Покрај самата трка која ќе започне од 10 часот, на просторот предвиден за старт и цел, ќе се одвива и богата забавна програма наменета за сите поддржувачи на спортот и љубители на планината. Програмата ќе биде исполнета со многу музика, забавен натпревар со баланс велосипеди и тротинети за дечиња до 6 годишна возраст, добра храна и дружба. Сите детали и правила за HalkVeloGreen трката се поставени на веб страната: halkvelogreen.mk

The post Традиционалната вело трка во Маврово на 8 септември: Покрај трката и многу музика, забавен натпревар со баланс велосипеди и тротинети за дечиња до 6 годишна возраст… appeared first on Република.

]]>
Во ГОБ „8 Септември“ во Скопје било донесено починато бебе https://republika.mk/zivot/zdravje/vo-gob-8-septemvri-vo-skopje-bilo-doneseno-pochinato-bebe/ Wed, 06 Mar 2024 15:16:52 +0000 https://republika.mk/?p=751981

Полицијата извести дека вчера околу 14.30 часот во полициската станица Карпош, од Градска општа болница (ГОБ) „8 Септември“ било пријавено дека кај нив било донесено починато неколкумесечно бебе од Скопје.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатото бебе било дадено на обдукција.

 

The post Во ГОБ „8 Септември“ во Скопје било донесено починато бебе appeared first on Република.

]]>

Полицијата извести дека вчера околу 14.30 часот во полициската станица Карпош, од Градска општа болница (ГОБ) „8 Септември“ било пријавено дека кај нив било донесено починато неколкумесечно бебе од Скопје. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатото бебе било дадено на обдукција.  

The post Во ГОБ „8 Септември“ во Скопје било донесено починато бебе appeared first on Република.

]]>
Се трудев да разберам што сака да каже аФторот со оваа проекција ама слабо ми оди… и што представуваа таа ПЛАВА боја… https://republika.mk/vesti/makedonija/se-trudev-da-razberam-shto-saka-da-kazhe-aftorot-so-ovaa-proektsija-ama-slabo-mi-odi-i-shto-predstavuvaa-taa-plava-boja/ Sat, 09 Sep 2023 08:15:58 +0000 https://republika.mk/?p=680162

Се трудев да разберам што сака да каже аФторот со оваа проекција ама слабо ми оди … може да ми објасни некој … и што представуваа таа ПЛАВА боја … МАКЕДОНИЈА во ❤️❤️❤️, на социјалните мрежи коментира Александар Несторовски.

The post Се трудев да разберам што сака да каже аФторот со оваа проекција ама слабо ми оди… и што представуваа таа ПЛАВА боја… appeared first on Република.

]]>

Се трудев да разберам што сака да каже аФторот со оваа проекција ама слабо ми оди … може да ми објасни некој … и што представуваа таа ПЛАВА боја … МАКЕДОНИЈА во ❤️❤️❤️, на социјалните мрежи коментира Александар Несторовски.

The post Се трудев да разберам што сака да каже аФторот со оваа проекција ама слабо ми оди… и што представуваа таа ПЛАВА боја… appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Власта го помина 8 Септември без да го спомне името Македонија, се срами ли Ковачевски од државата? https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-vlasta-go-pomina-8-septemvri-bez-da-go-spomne-imeto-makedonija-se-srami-li-kovachevski-od-drzhavata/ Sat, 09 Sep 2023 07:46:36 +0000 https://republika.mk/?p=680151

Власта го помина 8 Септември без да го спомне името Македонија, се срами ли Ковачевски од државата?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму истакнуваат дека ниту во логото, ниту во официјалните материјали на власта за 8 Септември не се најде името Македонија.

Власта како да се срами од сопствената држава.

 

СДС ја релативизира независноста и се повеќе бега од чествување на националните празници.

 

Од односот на СДС кон 8-ми Септември не е чудно зошто тргуваат со сите претходни национално важни датуми и моменти.

 

СДС недостојно се однесуваат кон државата, потребни се промени и враќање на гордоста и достоинството на Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Власта го помина 8 Септември без да го спомне името Македонија, се срами ли Ковачевски од државата? appeared first on Република.

]]>

Власта го помина 8 Септември без да го спомне името Македонија, се срами ли Ковачевски од државата?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму истакнуваат дека ниту во логото, ниту во официјалните материјали на власта за 8 Септември не се најде името Македонија.
Власта како да се срами од сопствената држава.   СДС ја релативизира независноста и се повеќе бега од чествување на националните празници.   Од односот на СДС кон 8-ми Септември не е чудно зошто тргуваат со сите претходни национално важни датуми и моменти.   СДС недостојно се однесуваат кон државата, потребни се промени и враќање на гордоста и достоинството на Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Власта го помина 8 Септември без да го спомне името Македонија, се срами ли Ковачевски од државата? appeared first on Република.

]]>