8 мај Archives - Република https://republika.mk/tema/8-maj/ За подобро да се разбереме Mon, 29 Apr 2024 20:58:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 8 мај Archives - Република https://republika.mk/tema/8-maj/ 32 32 Силјановска Давкова: Очекувам политички вулкан на 8-ми мај https://republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-ochekuvam-politichki-vulkan-na-8-mi-maj/ Mon, 29 Apr 2024 20:57:37 +0000 https://republika.mk/?p=772395

Кандидатката за претседателка Гордана Силјановска Давкова вечерва од Куманово порача дека очекува политички вулкан на 8. мај.

Таа истакна и дека и доаѓа на памет да позајми некои од присутните за да го охрабри противкандидатот.

Да, јас имав политичка интуиција и скромно реков дека на 24 ќе се случи политички земјотрес, и се случи. Значи јас и жените бевме политички сеизмолози. Политичката вулканологија ми кажува дека на 8 мај очекувам политички вулкан. Ако резултатот во првиот круг со спортски речник беше 2:1, и замислете уште имаат идеализам дека на волшебен начин нешто во паузата, меѓу двете утакмици ќе се случи тогаш логично е, бидејќи логично е опозицијата да размислува логички, на 8ми мај резултатот да биде барем 3:1. Зошто 3:1? Еве зошто“, рече Давкова покажувајќи кон народот.

The post Силјановска Давкова: Очекувам политички вулкан на 8-ми мај appeared first on Република.

]]>

Кандидатката за претседателка Гордана Силјановска Давкова вечерва од Куманово порача дека очекува политички вулкан на 8. мај. Таа истакна и дека и доаѓа на памет да позајми некои од присутните за да го охрабри противкандидатот.
Да, јас имав политичка интуиција и скромно реков дека на 24 ќе се случи политички земјотрес, и се случи. Значи јас и жените бевме политички сеизмолози. Политичката вулканологија ми кажува дека на 8 мај очекувам политички вулкан. Ако резултатот во првиот круг со спортски речник беше 2:1, и замислете уште имаат идеализам дека на волшебен начин нешто во паузата, меѓу двете утакмици ќе се случи тогаш логично е, бидејќи логично е опозицијата да размислува логички, на 8ми мај резултатот да биде барем 3:1. Зошто 3:1? Еве зошто“, рече Давкова покажувајќи кон народот.
 
The post Силјановска Давкова: Очекувам политички вулкан на 8-ми мај appeared first on Република.

]]>
Костадиновска – Стојчевска: Изборите не се завршени, ја сфативме пораката на граѓаните, гласаме сите заедно на 8 мај https://republika.mk/vesti/makedonija/kostadinovska-stojchevska-izborite-ne-se-zavrsheni-ja-sfativme-porakata-na-graganite-glasame-site-zaedno-na-8-maj/ Mon, 29 Apr 2024 18:45:38 +0000 https://republika.mk/?p=772355

Коносителката на изборната листа на СДСМ, за петтата единица, Бисера Костадиновска- Стојчевска, на гостувањето на емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5, кажа дека изборите не се завршени и дека граѓаните испратиле порака во првиот изборен круг, но дека СДСМ како сериозна партија ја сфатил пораката.

Изборите се уште не се завршени нас, имаме втор круг од претседателските избори и имаме парламентарните избори на 8 мај, што значи дека ништо не е завршено. Секоја порака која што ја праќаат граѓаните сериозно ја примаме, сериозно ја сфаќаме и ја земаме во предвид затоа што ние секогаш сме биле партија на страна на граѓаните. Во ниту еден момент не го изгубивме тлото и не работиме за тесни интереси, напротив, и претходната изборна програма, и новата програма за следниот мандат во центарот ги става граѓаните - изјави Костадиновска- Стојчевска.

Таа ја потврди поддршката за претседателот Стево Пендаровски, како политичар кој ги дели социјалдемократските вредности и државните интереси. Очекува двојна победа затоа што граѓаните на 8 мај имаат голема шанса да изберат европска и просперитетна држава.

Имаме реформулирање на пораките што ги праќаме до граѓаните, но главно остануваат големите резултати што ги постигнавме во изминатиот мандат и она што заедно ќе го направиме во иднина. Она што го сфативме е дека секогаш кога работиме за доброто на државата, кога како приоритет ги имаме државните интереси и стратешките определби, тогаш носиме долгорочни одлуки и нормално е дека не може сите да бидат задоволни. Важно е дека најголем дел од тие одлуки за покажаа како исправни за напредокот на државата“- образложи Костадиновска – Стојчевска, во емисијата „Само вистина“.

The post Костадиновска – Стојчевска: Изборите не се завршени, ја сфативме пораката на граѓаните, гласаме сите заедно на 8 мај appeared first on Република.

Мисајловски: Масовна мобилизација на 8 мај за многу реформи, нема партија која во Ѓорче Петров ќе го победи ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-masovna-mobilizatsija-na-8-maj-za-mnogu-reformi-nema-partija-koja-vo-gorche-petrov-ke-go-pobedi-vmro-dpmne/ Mon, 29 Apr 2024 18:45:20 +0000 https://republika.mk/?p=772345

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во втората изборна единица Владо Мисајлвоски од денешниот митинг во Ѓорче Петров истакна дека е горд на граѓаните што на 24 април избрале Македонија повторно да биде на секој еден од нас, да биде напредна земја, земја во која граѓаните ќе бидат задоволни!

Мојата, нашата идеја како ВМРО-ДПМНЕ е да има подобро утре за секој еден од нас! Доста беше беда, доста беше мизерен однос кон граѓаните, кон државата. доста беше низок стандард, лош живот, оттуѓена Mакедонија. Јас и мојот тим, ние како ВМРО-ДПМНЕ секој ден сме со вас, со сите граѓани. Секој ден сум овде во Ѓорче Петров, во сите населени места, низ цела општина, но и во сите општини од изборна единица 2“, кажа Мисајловски од митингот во Ѓорче Петров.

Тој побара масовна поддршка од Ѓорче Петров за уште поголема победа на 8 мај и реализација на програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Нема партија која во Ѓорче Петров ќе го победи ВМРО-ДПМНЕ. Но за да направиме многу реформи, поголеми пензии, 50 000 нови работни места, 5 000 денари за сите пензионери, нова позитивна листа на лекови, секое дете во градинка и се она што го предвидуваме во програмата ни треба мобилизација. Масовно да го направиме тоа на 8 ми мај да победиме. Да сте ми живи и здрави да победуваме, истакна Мисајловски.

The post Мисајловски: Масовна мобилизација на 8 мај за многу реформи, нема партија која во Ѓорче Петров ќе го победи ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

Што предвидува Христијан Мицкоски за 8 мај? https://republika.mk/vesti/makedonija/shto-predviduva-hristijan-mitskoski-za-8-maj/ Mon, 29 Apr 2024 14:50:52 +0000 https://republika.mk/?p=772263

На прашањето „Која е вашата прогноза за вториот круг“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за Мегафон даде одговор.

Запишете, Гордана Силјановска Давкова ќе има повеќе од 500.000 гласови, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ ќе имаат повеќе од 55 пратеници.

Христијан Мицкоски го споделува своето мислење за исходот на вториот круг на изборите, како и бројот на гласови и пратеници кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои.

Претходно, пред првиот круг, во интервју за ТВ 21, Мицкоски најави дека Гордана Силјановска Давкова ќе победи со разлика од 100 до 150 илјади гласови, што се покажа точно. Сега, со вториот круг на 8 мај, сме предизвикани да видиме дали ќе се потврди неговата прогноза.

The post Што предвидува Христијан Мицкоски за 8 мај? appeared first on Република.

]]>

На прашањето „Која е вашата прогноза за вториот круг“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за Мегафон даде одговор.
Запишете, Гордана Силјановска Давкова ќе има повеќе од 500.000 гласови, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ ќе имаат повеќе од 55 пратеници.
Христијан Мицкоски го споделува своето мислење за исходот на вториот круг на изборите, како и бројот на гласови и пратеници кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои. Претходно, пред првиот круг, во интервју за ТВ 21, Мицкоски најави дека Гордана Силјановска Давкова ќе победи со разлика од 100 до 150 илјади гласови, што се покажа точно. Сега, со вториот круг на 8 мај, сме предизвикани да видиме дали ќе се потврди неговата прогноза.  

The post Што предвидува Христијан Мицкоски за 8 мај? appeared first on Република.

]]>
24 април и 8 мај неработни денови, нема да се одработуваат https://republika.mk/vesti/makedonija/24-april-i-8-maj-nerabotni-denovi-nema-da-se-odrabotuvaat/ Wed, 17 Apr 2024 07:40:35 +0000 https://republika.mk/?p=767012

24 април и 8 мај ќе бидат неработни денови, одлучи Владата вчера на 16. седница. Овие денови ќе бидат неработни за сите граѓани на Република Македонија, заради непречено спроведување на изборите за Претседател и за пратеници во Собранието.

Овие два неработни дена нема да се одработуваат, стои во соопштението од Владата.

The post 24 април и 8 мај неработни денови, нема да се одработуваат appeared first on Република.

]]>

24 април и 8 мај ќе бидат неработни денови, одлучи Владата вчера на 16. седница. Овие денови ќе бидат неработни за сите граѓани на Република Македонија, заради непречено спроведување на изборите за Претседател и за пратеници во Собранието. Овие два неработни дена нема да се одработуваат, стои во соопштението од Владата.  

The post 24 април и 8 мај неработни денови, нема да се одработуваат appeared first on Република.

]]>
Агелер: Од клучна важност е на 8 мај луѓето да излезат и да гласаат, да побараат од кандидатите визија за иднината на државата https://republika.mk/vesti/makedonija/ageler-od-kluchna-vazhnost-e-na-8-maj-lugeto-da-izlezat-i-da-glasaat-da-pobaraat-od-kandidatite-vizija-za-idninata-na-drzhavata/ Wed, 21 Feb 2024 16:37:14 +0000 https://republika.mk/?p=746668

Oд клучна важност е на 8 мај да излезат и да гласаат, затоа што важно е тие да ги изберат кандидатите кои тие сметаат дека ќе ги однесат кон најсветлата иднина за оваа земја, вели во интервју за Канал 5 ТВ американската амбасадорка.

Предизвиците со кои се соочува Македонија денеска се далеку по комплексни од „про“ ова или „про“ тоа. Не станува збор за единствен избор, има многу прашања за кои верувам дека граѓаните на оваа држава бараат да слушнат решенија и да видат акција. Интересниот дел на ова е дека имаме избори и во САД исто така годинава како што знаете, дека секогаш ќе има кандидати кои ќе работат да создадат по хаотична средина, кои не ги адресираат вистинските прашања, вели Агелер.

Но, додава амбасадорката, многу важно е најпрво, гласачите дали во Македонија или во САД да се едуцираат, да бидат свесни за тоа кои се различните гледишта на политичките партии, да размислат за нив, да бидат свесни за дезинформациите и лажните вести, а потоа да го погледнат изборот кој е пред нив и да побараат од кандидатите визија за иднината на оваа држава.

Бидејќи јас навистина верувам дека Македонија е во клучен момент и дека изборите кои доаѓаат, активностите, напредокот за реформите кој ќе се одвива во следната година или неколку години ќе биде клучно за иднината на оваа земја. Ова е земја која има толку многу ресурси, пред се, тоа се младите луѓе, граѓаните кои се најголем ресурс на оваа земја, но исто така природни и културни ресурси и важно е да се потсетиме дека најпрво, Македонија е во Европа, ова е европска земја и со право припаѓа во Европа. Затоа, движејќи се кон целосна евроинтеграција во евроатлантската структура е од клучна важност. Повторно, тоа што е многу важно, не само за граѓаните да се едуцираат самите себеси, но можеби уште поважно, е откако ќе го направат тоа, тие мораат да гласаат, посочува Агелер.

Таа нагласи дека луѓето мора да излезат и да гласаат.

Знаете, тажно е бидејќи слушнав голем број на луѓе кои велат „смачено ми е од политика, смачено ми е да слушам политичари, затоа нема да учествувам“. Но, од клучна важност е во демократија, ние како граѓани да го сфатиме тоа многу сериозно и да бараме од нашите кандидати која е нивната визија за нашата иднина, да видиме кои се нашите цели за нашите семејства, за нашата заедница, за оваа земја. И потоа од клучна важност е на 8 мај да излезат и да гласаат, затоа што важно е тие да ги изберат кандидатите кои тие сметаат дека ќе ги однесат кон најсветлата иднина за оваа земја, подвлекува амбасадорката на САД. 

The post Агелер: Од клучна важност е на 8 мај луѓето да излезат и да гласаат, да побараат од кандидатите визија за иднината на државата appeared first on Република.

Мицкоски: Tалат за премиер нема да го поддржиме, по 8 мај ќе го потсетам на изјавата „баш ми е гајле“ https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-talat-za-premier-nema-da-go-poddrzhime-po-8-maj-ke-go-potsetam-na-izjavata-bash-mi-e-gajle/ Wed, 24 Jan 2024 19:24:39 +0000 https://republika.mk/?p=736482

„Нема да бидеме како СДСМ, ќе бидеме во собраниските клупи и ќе се воздржиме од гласање. Нема да гласаме за тоа што цениме дека Талат Џафери не заслужува да се гласа“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија.

Мицкоски потсети на однесувањето на Талат Џафери во вториот мандат како што е претседател на Собранието на Република Македонија, ако се заборави неговото однесување во првиот мандат.

Во вториот мандат, на пати тој го крши Деловникот, Уставот, законите итн. Цениме дека не може тој човек да биде човек кој што може да обезбеди еден процес во кој што сите ќе бидеме горди. Но, ете тој е резултат, плод на еден политички договор кој што го имале СДСМ и ДУИ“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека Талат Џафери е коалициски договор помеѓу СДСМ и ДУИ.

Јас да сум мандатар нема да прифатам таков лик да биде дел од мојот кабинет, рече Мицкоски.

„Господинот Џафери не би бил ако јас ја имам можноста да бирам дел од тимот на соработници со кои што би соработувал. А, тоа ќе го кажат граѓаните на 8-ми мај. Ако ми ја дадат довербата тогаш сигурни бидете дека Талат Џафери нема да биде“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски додаде дека тогаш кога по неколку месеци Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го ослободи партизираното обвинителство и судство ќе го потсети Талат Џафери на изјавата „баш ми е гајле“.

После 8-ми мај кога граѓаните ќе ја дадат довербата и некое време откога ќе го ослободиме обвинителството и судството јас лично ќе ве потсетам на оваа изјава на господинот Талат Џафери и тогаш ќе видиме какви репeркусии таа изјава носи“, појасни тој.

The post Мицкоски: Tалат за премиер нема да го поддржиме, по 8 мај ќе го потсетам на изјавата „баш ми е гајле“ appeared first on Република.

]]>

„Нема да бидеме како СДСМ, ќе бидеме во собраниските клупи и ќе се воздржиме од гласање. Нема да гласаме за тоа што цениме дека Талат Џафери не заслужува да се гласа“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија. Мицкоски потсети на однесувањето на Талат Џафери во вториот мандат како што е претседател на Собранието на Република Македонија, ако се заборави неговото однесување во првиот мандат.
Во вториот мандат, на пати тој го крши Деловникот, Уставот, законите итн. Цениме дека не може тој човек да биде човек кој што може да обезбеди еден процес во кој што сите ќе бидеме горди. Но, ете тој е резултат, плод на еден политички договор кој што го имале СДСМ и ДУИ“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека Талат Џафери е коалициски договор помеѓу СДСМ и ДУИ.
Јас да сум мандатар нема да прифатам таков лик да биде дел од мојот кабинет, рече Мицкоски.
„Господинот Џафери не би бил ако јас ја имам можноста да бирам дел од тимот на соработници со кои што би соработувал. А, тоа ќе го кажат граѓаните на 8-ми мај. Ако ми ја дадат довербата тогаш сигурни бидете дека Талат Џафери нема да биде“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски додаде дека тогаш кога по неколку месеци Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го ослободи партизираното обвинителство и судство ќе го потсети Талат Џафери на изјавата „баш ми е гајле“.
После 8-ми мај кога граѓаните ќе ја дадат довербата и некое време откога ќе го ослободиме обвинителството и судството јас лично ќе ве потсетам на оваа изјава на господинот Талат Џафери и тогаш ќе видиме какви репeркусии таа изјава носи“, појасни тој.

The post Мицкоски: Tалат за премиер нема да го поддржиме, по 8 мај ќе го потсетам на изјавата „баш ми е гајле“ appeared first on Република.

]]>
Уште не се знае дали ќе се продолжи пролетниот распуст на учениците кој завршува на 6 мај, а изборите се на 8 мај https://republika.mk/vesti/makedonija/ushte-ne-se-znae-dali-ke-se-prodolzhi-proletniot-raspust-na-uchenitsite-koj-zavrshuva-na-6-maj-a-izborite-se-na-8-maj/ Wed, 17 Jan 2024 13:25:08 +0000 https://republika.mk/?p=734017

Уште не се знае дали ќе се продолжи пролетниот распуст на учениците во основно и средно образование кој завршува на 6 мај, а парламентарните избори и вториот круг претеседателски избори се закажани за 8 мај, изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на прес-конфренција одржана во Владата.

„Во Владата ќе разгледаме за делот на работните денови затоа што 8 мај, и претходно до 8 мај се работни денови, вторник и среда. Како што треба да се почитува календарот на работа, ќе треба да се разгледа како може да се постапи за тие дополнителни два дена кои се предвидени во Календарот за работа во таа вкупна бројка на годишно ниво. Дали дополонително ќе се одработа или ќе се разгледа некоја друга можност ќе известиме навремено“, рече Шаќири.

Учениците првпат од оваа година ќе имаат пролетен распуст од 29 април до 6 мај. Треба да се вратат на училиште на 7 мај, но 8 мај ќе биде неработен поради изборите.

The post Уште не се знае дали ќе се продолжи пролетниот распуст на учениците кој завршува на 6 мај, а изборите се на 8 мај appeared first on Република.

]]>

Уште не се знае дали ќе се продолжи пролетниот распуст на учениците во основно и средно образование кој завршува на 6 мај, а парламентарните избори и вториот круг претеседателски избори се закажани за 8 мај, изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на прес-конфренција одржана во Владата. „Во Владата ќе разгледаме за делот на работните денови затоа што 8 мај, и претходно до 8 мај се работни денови, вторник и среда. Како што треба да се почитува календарот на работа, ќе треба да се разгледа како може да се постапи за тие дополнителни два дена кои се предвидени во Календарот за работа во таа вкупна бројка на годишно ниво. Дали дополонително ќе се одработа или ќе се разгледа некоја друга можност ќе известиме навремено“, рече Шаќири. Учениците првпат од оваа година ќе имаат пролетен распуст од 29 април до 6 мај. Треба да се вратат на училиште на 7 мај, но 8 мај ќе биде неработен поради изборите.  