7 мај Archives - Република https://republika.mk/tema/7-maj/ За подобро да се разбереме Sun, 07 May 2023 08:40:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 7 мај Archives - Република https://republika.mk/tema/7-maj/ 32 32 Ковачевски: Постигнатите резултати на полицијата се одраз на „посветеностa во справување со сите предизвици” https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-postignatite-rezultati-na-politsijata-se-odraz-na-posvetenosta-vo-spravuvane-so-site-predizvitsi/ Sun, 07 May 2023 08:40:48 +0000 https://republika.mk/?p=637889

Вашите постигнати резултати се одраз на посветеностa и стручностa во справување со сите национални и глобални предизвици, напиша на фејсбук премиерот Димитар Ковачевски, по повод Денот на македонската полиција.

Ви честитам на ефикасноста во борбата со корупцијата и организираниот криминал, за што показател се реализираните резултати во 2022 година – сузбиени 15 криминални групи, запленети над 2,4 тони дрога со проценета вредност од 6 милиони евра на црниот пазар, спречени се над 26 илјади обиди за илегални преминувања на границите, објави Ковачевски.

Продолжува, пишува тој, проектот за реконструкција и изградба на полициските станици, со кој досега е опфатена завидна бројка од 78 комплетно реконструирани објекти, најголем дел енергетско ефикасни, а обезбедени се и повисоки плати и нови униформи за сите полициски единици.

Заедно со силите на ФРОНТЕКС успешно се справувате со нелегалната миграција и ги браните нашите граници, постапувајќи во служба на државата. Ви посакувам и понатаму успеси во обезбедувањето мир и стабилност во општеството, напиша на фејсбук премиерот Ковачевски.

The post Ковачевски: Постигнатите резултати на полицијата се одраз на „посветеностa во справување со сите предизвици” appeared first on Република.

]]>

Спасовски најави покачување на платата за 5% за сите вработени во МВР https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-najavi-pokachuvanje-na-platata-za-5-za-site-vraboteni-vo-mvr/ Sat, 30 Apr 2022 14:33:22 +0000 https://republika.mk/?p=495736

Министерот Оливер Спасовски беше почесен гостин на дружењето на граѓаните и полицијата во Струмица, по повод одбележувањето на Денот на полицијата – 7 Мај под мотото „МВР за граѓаните“ .

„Ќе се согласите со мене дека е невозможно да дискутираме за партнерство меѓу граѓаните и полицијата, без тоа партнерство да го промовираме на терен. Целта е нашите граѓани одблиску да се запознаат со работењето на полициските служби, нивните задачи, униформи, опрема, со сето она што значи индикатор на успех на нашиот план за континуирано материјално-техничко опремување и унапредување на капацитетите на полицијата”, изјави министерот Спасовски пред присутните граѓани и медиумите во Струмица, давајќи осврт на сработеното во изминатиот период во насока на остварување на приоритетот – задоволна полиција за безбедни граѓани.

Министерот Спасовски информираше и за активностите кои Министерството ги има проектирано за периодот што следи, како што е дополнителното покачување на платата за 5% за сите вработени во МВР започнувајќи од месец септември годинава, како и продолжување на активностите за создавањето подобри услови за работа преку реновирање на објектите на ОВР Берово, ОВР Делчево, ЕВР Гази Баба и ОВР Свети Николе, а преку капитални инвестиции во текот на 2022 во тек е реконструкција на два витални објекта – Одделението за управни работи во Скопје и Центарот за обука во Идризово, како и една целосно нова градба – полициска станица во Аеродром.

На сите пет локации низ државата присутните имаа можност да се запознаат одблиску со високите стандарди на опремата со која располага Министерството, вклучувајќи и дел од специјалните возила и хеликоптерите на полицијата. Припадниците на Единицата за брзо распоредување ја искористија можноста пред граѓаните да прикажат боречки вештини и техники за самоодбрана, а припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар”, поточно од специјализираниот алпинистички тим, пред присутните покажаа вештини за алпинистичко спуштање.

Ваквото малку поразлично чествување на Денот на македонската полиција претставува и одлична можност за едно порелаксирано дружење на нашите граѓани со припадниците од сите организациони единици на полицијата, кое покрај забавниот има и едукативен карактер во врска со полициската професија, а во интерес на сите генерации. Ова раководство на МВР секогаш ќе биде во служба на граѓаните, демонстрирајќи дека севкупната безбедност претставува врвен приоритет”, рече министерот Спасовски.

Министерот Спасовски во свое и во име на раководството на МВР во оваа пригода ги покани граѓаните да бидат дел и од централната манифестација на 7 мај на Градскиот плоштад во Делчево, со почеток од 12.30 часот, која ќе може да се проследи и во живо на програмата на МРТВ.

The post Спасовски најави покачување на платата за 5% за сите вработени во МВР appeared first on Република.

]]>

Министерот Оливер Спасовски беше почесен гостин на дружењето на граѓаните и полицијата во Струмица, по повод одбележувањето на Денот на полицијата – 7 Мај под мотото „МВР за граѓаните“ .
„Ќе се согласите со мене дека е невозможно да дискутираме за партнерство меѓу граѓаните и полицијата, без тоа партнерство да го промовираме на терен. Целта е нашите граѓани одблиску да се запознаат со работењето на полициските служби, нивните задачи, униформи, опрема, со сето она што значи индикатор на успех на нашиот план за континуирано материјално-техничко опремување и унапредување на капацитетите на полицијата”, изјави министерот Спасовски пред присутните граѓани и медиумите во Струмица, давајќи осврт на сработеното во изминатиот период во насока на остварување на приоритетот – задоволна полиција за безбедни граѓани.
Министерот Спасовски информираше и за активностите кои Министерството ги има проектирано за периодот што следи, како што е дополнителното покачување на платата за 5% за сите вработени во МВР започнувајќи од месец септември годинава, како и продолжување на активностите за создавањето подобри услови за работа преку реновирање на објектите на ОВР Берово, ОВР Делчево, ЕВР Гази Баба и ОВР Свети Николе, а преку капитални инвестиции во текот на 2022 во тек е реконструкција на два витални објекта – Одделението за управни работи во Скопје и Центарот за обука во Идризово, како и една целосно нова градба – полициска станица во Аеродром. На сите пет локации низ државата присутните имаа можност да се запознаат одблиску со високите стандарди на опремата со која располага Министерството, вклучувајќи и дел од специјалните возила и хеликоптерите на полицијата. Припадниците на Единицата за брзо распоредување ја искористија можноста пред граѓаните да прикажат боречки вештини и техники за самоодбрана, а припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар”, поточно од специјализираниот алпинистички тим, пред присутните покажаа вештини за алпинистичко спуштање.