50 изложувачи Archives - Република https://republika.mk/tema/50-izlozhuvachi/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Nov 2024 07:56:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 50 изложувачи Archives - Република https://republika.mk/tema/50-izlozhuvachi/ 32 32 Над 1.000 посетители беа дел од Третиот Саем на креативни индустрии во Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/nad-1-000-posetiteli-bea-del-od-tretiot-saem-na-kreativni-industrii-vo-skopje/ Thu, 28 Nov 2024 07:56:23 +0000 https://republika.mk/?p=842571

Вчера и завчера, „Лабораториум“ беше центарот на креативноста и иновациите, привлекувајќи повеќе од 1000 посетители на третиот Саем на креативни индустрии. Саемот беше домаќин на 50-тина изложувачи од различни креативни области, кои презентираа иновативни проекти, дигитални инсталации, виртуелна реалност, дизајн, рачни изработки и многу повеќе. Оваа година значително порасна бројот на пријавени изложувачи, што е доказ за зголемениот интерес и потенцијал на македонските креативни индустрии, и ја навести и ја потребата од негово проширување во иднина, како во времетраење, така и во концепт и простор.

Саемот продолжува да се развива како витална платформа за промоција на домашните бизниси, стартапи и индивидуалци во креативниот сектор.

Посетителите имаа можност да искусат иновативни достигнувања како што е „Рекреирање на иконите“ преку кој имаа можност да ги видат оживеаните ликови на Константин Миладинов, Милтон Манаки и Гоце Делчев со помош на вештачка интелигенција, да ја доживеат Хераклеја Линкестис во виртуелна реалност, како и да ги погледнат последните проекти и иновации на дал од средните училишта и факултети кои покажаа колку младите таленти се важни за иднината на креативните индустрии во земјава.

Особено внимание привлече специјално изработената соба инспирирана од видеоиграта „Необичната приказна на Брајан Фишер“, како и проектот „Човечка трага“ на белгиското студио „Висион Ноктурн“ понуди уникатно визуелно искуство. Едукативните работилници за стрип и предавањата за студенти дополнително го збогатија настанот, а панел-дискусиите и презентациите на вториот ден во рамките на Форумот на креативни индустрии ја поттикнаа свеста за важноста на креативниот сектор и иновациите како неизоставен дел за развој на креативната економија.

Повеќе од половина од посетителите беа млади луѓе — основци, средношколци и студенти, кои активно учествуваа во едукативните работилници и презентации. Работилниците за стрип под менторство на „Макстрипови“,инфлуенсерите за содржини и креативните индустрии под менторство на Димитар Јовевски, Вештачката интелигенција во пост-продукцијата водена од Бранко Ристовски, предавањето за новите технологии во дизајнот и развојот на видео игри на Карлос де Ваз Карваљо од Универзитетот „Политехнико“ од Порто и Употребата на проширена реалност во креативната работа водена од Петар Котевски беа само дел од богатата програма насочена кон развојот на нови вештини и инспирирање на следната генерација креативци.

Настанот го организираат здружението „Балкан синема ситис“ во соработка со Унијата на македонски организации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје, а со поддршка од Министерството за култура и туризам и Британскиот совет.

 

The post Над 1.000 посетители беа дел од Третиот Саем на креативни индустрии во Скопје appeared first on Република.

]]>

Вчера и завчера, „Лабораториум“ беше центарот на креативноста и иновациите, привлекувајќи повеќе од 1000 посетители на третиот Саем на креативни индустрии. Саемот беше домаќин на 50-тина изложувачи од различни креативни области, кои презентираа иновативни проекти, дигитални инсталации, виртуелна реалност, дизајн, рачни изработки и многу повеќе. Оваа година значително порасна бројот на пријавени изложувачи, што е доказ за зголемениот интерес и потенцијал на македонските креативни индустрии, и ја навести и ја потребата од негово проширување во иднина, како во времетраење, така и во концепт и простор. Саемот продолжува да се развива како витална платформа за промоција на домашните бизниси, стартапи и индивидуалци во креативниот сектор. Посетителите имаа можност да искусат иновативни достигнувања како што е „Рекреирање на иконите“ преку кој имаа можност да ги видат оживеаните ликови на Константин Миладинов, Милтон Манаки и Гоце Делчев со помош на вештачка интелигенција, да ја доживеат Хераклеја Линкестис во виртуелна реалност, како и да ги погледнат последните проекти и иновации на дал од средните училишта и факултети кои покажаа колку младите таленти се важни за иднината на креативните индустрии во земјава. Особено внимание привлече специјално изработената соба инспирирана од видеоиграта „Необичната приказна на Брајан Фишер“, како и проектот „Човечка трага“ на белгиското студио „Висион Ноктурн“ понуди уникатно визуелно искуство. Едукативните работилници за стрип и предавањата за студенти дополнително го збогатија настанот, а панел-дискусиите и презентациите на вториот ден во рамките на Форумот на креативни индустрии ја поттикнаа свеста за важноста на креативниот сектор и иновациите како неизоставен дел за развој на креативната економија. Повеќе од половина од посетителите беа млади луѓе — основци, средношколци и студенти, кои активно учествуваа во едукативните работилници и презентации. Работилниците за стрип под менторство на „Макстрипови“,инфлуенсерите за содржини и креативните индустрии под менторство на Димитар Јовевски, Вештачката интелигенција во пост-продукцијата водена од Бранко Ристовски, предавањето за новите технологии во дизајнот и развојот на видео игри на Карлос де Ваз Карваљо од Универзитетот „Политехнико“ од Порто и Употребата на проширена реалност во креативната работа водена од Петар Котевски беа само дел од богатата програма насочена кон развојот на нови вештини и инспирирање на следната генерација креативци. Настанот го организираат здружението „Балкан синема ситис“ во соработка со Унијата на македонски организации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје, а со поддршка од Министерството за култура и туризам и Британскиот совет.  

The post Над 1.000 посетители беа дел од Третиот Саем на креативни индустрии во Скопје appeared first on Република.

]]>