50 години Кинотека Archives - Република https://republika.mk/tema/50-godini-kinoteka/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Dec 2023 10:50:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 50 години Кинотека Archives - Република https://republika.mk/tema/50-godini-kinoteka/ 32 32 Кинотека објавува оглас за лого и логотип со текст – „50 години Кинотека“ https://republika.mk/vesti/kultura/kinoteka-objavuva-oglas-za-logo-i-logotip-so-tekst-50-godini-kinoteka/ Fri, 22 Dec 2023 10:50:19 +0000 https://republika.mk/?p=725618

Кинотека, во чест на јубилејот „50 години Кинотека на Македонија“ кој што ќе се одбележи во 2024 година – има во план да изработи специјално јубилејно лого со логотип со текст за употреба во текот на целата 2024 година. За таа цел и по тој повод, Директорот на Кинотека распишува конкурс за лого и логотип со текст – „50 години Кинотека“.

Конкурсот трае до 31.01.2024 година. Резултатите ќе бидат објавени најдоцна 15 дена по завршувањето на Конкурсот, а неизбраните решенија ќе им бидат вратени на авторите.

1. Главни елементи што треба да ги содржат понудените решенија за идејно-графичкото решение на логото „50 години Кинотека“:

- Предложеното решение мора да е оригинално авторско дело т.е. да не содржи елементи од други авторства – освен од приложеното (веќе постоечко и актуелно) лого на Кинотеката.

- Логото да може да се имплементира и самостојнo и како дел од графички распоред (layout).

- Логото може, но не мора во себе да го содржи логотипот што Кинотеката го користи во сегашните претставувања.

- „50 години Кинотека“ не е обврзувачки текст. Доколку понуденото решение содржи текст, истото мора да биде изведено во три јазични верзии (македонски, албански и англиски јазик).

- Логото треба да содржи графички распоред (layout) за најава на поединечните настани и административна коренсподенција.

- Логото треба да се изработи во векторски формат, во боја (CMYK) и во црно-бела верзија.

- Логото треба да има дефиниран избор на комбинација на бои;

- Логото треба да има дефиниран уникоден фонт и/или група на комбинација на уникодни фонтови со кирилична поддршка.

- Предложените решенија треба да овозможат континуиран графички манир за сите настани, објави и административни коренсподенции на Кинотеката преку цела 2024 година.

- Предлог-решенијата треба да се претстават како примери аплицирани на мокап-модели за постер за настан (вертикална ориентација), рол-банер и билборд (хоризонтална ориентација), Фејсбук и Инстаграм слика, лајвстрим видеонастан (телоп/воден жиг), коверт и меморандум и дизајн на производ, пример пенкала, чаши, маица, торба или шал.

2. Услови за учество на Конкурсот:

- - Право на пријава на конкурсот имаат сите локални, македонски дизајнери, уметници и креативци, самостојно или здружено.

- - Секој учесник може да поднесе едно до најмногу три идејни решенија.

- - Решенијата ќе ги оценува Комисија од стручни и компетентни лица, именувана од страна на Директорот на Н.У. Кинотека на РСМ;

- - На авторот на избраното решение му припаѓа авторски надоместок од реализацијата на аудио-визуелниот документарен запис – за ексклузивното пренесување на авторските материјални права за прикажување и дистрибуција; наградата за добитничкото дело е во износ од 30.000 мкд.

- Авторските права ќе се уредат на начин што ќе се склучи договор за откупување на правото на трајно и неограничено користење на авторското дело од страна на Кинотеката на Република Македонија за избраното идејно решение, без никакви обврски спрема авторот освен утврдената награда.

- По завршување на Конкурсот, избраниот автор на идејното решение писмено ќе се извести и истиот ќе биде обврзан во рок од 3 (три) работни дена по добивање на известувањето да достави Изјава заверена кај Нотар за гаранција за оригиналноста на идејното решение.

- Комисијата го задржува правото да не избере ниту едно решение од поднесените пријави.

- Пријавените решенија треба да се достават во затворен плик, во три примероци, со назнака: Решение за изработка на специјално јубилејно лого со логотип со текст и со шифра од најмногу 5 знаци – букви или броеви. Во пликот, освен решението, треба да се приложи и посебен затворен плик, означен со истата шифра, во кој ќе бидат содржани податоците за авторот (име, презиме, адреса и контакт-телефон);

- Решенијата да се поднесат во А4 формат на кој било од следните начини:

(а) по пошта (на адреса: Н.У. Кинотека на РСМ, ул. Никола Русински бр.1, 1000 Скопје),

(б) директно во Архивата на Кинотеката (ул. Никола Русински бр.1, Скопје).

- Решенијата треба да се достават до Н.У. Кинотека на РСМ – најдоцна до 15 часот на последниот ден од Конкурсот.

- Дополнителни информации на тел. 02 / 3071814, 3065968.

 

The post Кинотека објавува оглас за лого и логотип со текст – „50 години Кинотека“ appeared first on Република.

]]>

Кинотека, во чест на јубилејот „50 години Кинотека на Македонија“ кој што ќе се одбележи во 2024 година – има во план да изработи специјално јубилејно лого со логотип со текст за употреба во текот на целата 2024 година. За таа цел и по тој повод, Директорот на Кинотека распишува конкурс за лого и логотип со текст – „50 години Кинотека“. Конкурсот трае до 31.01.2024 година. Резултатите ќе бидат објавени најдоцна 15 дена по завршувањето на Конкурсот, а неизбраните решенија ќе им бидат вратени на авторите. 1. Главни елементи што треба да ги содржат понудените решенија за идејно-графичкото решение на логото „50 години Кинотека“: - Предложеното решение мора да е оригинално авторско дело т.е. да не содржи елементи од други авторства – освен од приложеното (веќе постоечко и актуелно) лого на Кинотеката. - Логото да може да се имплементира и самостојнo и како дел од графички распоред (layout). - Логото може, но не мора во себе да го содржи логотипот што Кинотеката го користи во сегашните претставувања. - „50 години Кинотека“ не е обврзувачки текст. Доколку понуденото решение содржи текст, истото мора да биде изведено во три јазични верзии (македонски, албански и англиски јазик). - Логото треба да содржи графички распоред (layout) за најава на поединечните настани и административна коренсподенција. - Логото треба да се изработи во векторски формат, во боја (CMYK) и во црно-бела верзија. - Логото треба да има дефиниран избор на комбинација на бои; - Логото треба да има дефиниран уникоден фонт и/или група на комбинација на уникодни фонтови со кирилична поддршка. - Предложените решенија треба да овозможат континуиран графички манир за сите настани, објави и административни коренсподенции на Кинотеката преку цела 2024 година. - Предлог-решенијата треба да се претстават како примери аплицирани на мокап-модели за постер за настан (вертикална ориентација), рол-банер и билборд (хоризонтална ориентација), Фејсбук и Инстаграм слика, лајвстрим видеонастан (телоп/воден жиг), коверт и меморандум и дизајн на производ, пример пенкала, чаши, маица, торба или шал. 2. Услови за учество на Конкурсот: - - Право на пријава на конкурсот имаат сите локални, македонски дизајнери, уметници и креативци, самостојно или здружено. - - Секој учесник може да поднесе едно до најмногу три идејни решенија. - - Решенијата ќе ги оценува Комисија од стручни и компетентни лица, именувана од страна на Директорот на Н.У. Кинотека на РСМ; - - На авторот на избраното решение му припаѓа авторски надоместок од реализацијата на аудио-визуелниот документарен запис – за ексклузивното пренесување на авторските материјални права за прикажување и дистрибуција; наградата за добитничкото дело е во износ од 30.000 мкд. - Авторските права ќе се уредат на начин што ќе се склучи договор за откупување на правото на трајно и неограничено користење на авторското дело од страна на Кинотеката на Република Македонија за избраното идејно решение, без никакви обврски спрема авторот освен утврдената награда. - По завршување на Конкурсот, избраниот автор на идејното решение писмено ќе се извести и истиот ќе биде обврзан во рок од 3 (три) работни дена по добивање на известувањето да достави Изјава заверена кај Нотар за гаранција за оригиналноста на идејното решение. - Комисијата го задржува правото да не избере ниту едно решение од поднесените пријави. - Пријавените решенија треба да се достават во затворен плик, во три примероци, со назнака: Решение за изработка на специјално јубилејно лого со логотип со текст и со шифра од најмногу 5 знаци – букви или броеви. Во пликот, освен решението, треба да се приложи и посебен затворен плик, означен со истата шифра, во кој ќе бидат содржани податоците за авторот (име, презиме, адреса и контакт-телефон); - Решенијата да се поднесат во А4 формат на кој било од следните начини: (а) по пошта (на адреса: Н.У. Кинотека на РСМ, ул. Никола Русински бр.1, 1000 Скопје), (б) директно во Архивата на Кинотеката (ул. Никола Русински бр.1, Скопје). - Решенијата треба да се достават до Н.У. Кинотека на РСМ – најдоцна до 15 часот на последниот ден од Конкурсот. - Дополнителни информации на тел. 02 / 3071814, 3065968.  

The post Кинотека објавува оглас за лого и логотип со текст – „50 години Кинотека“ appeared first on Република.

]]>