5+1 Archives - Република https://republika.mk/tema/5-1/ За подобро да се разбереме Sat, 29 Jan 2022 11:19:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 5+1 Archives - Република https://republika.mk/tema/5-1/ 32 32 Ковачки: Османи не собра храброст пред пратениците и македонската јавност да каже за што точно се преговара и што содржи пакетот 5+1 https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-osmani-ne-sobra-hrabrost-pred-pratenicite-i-makedonskata-javnost-da-kaze-za-shto-tochno-se-pregovara-i-shto-sodrzi-paketot-5-1/ Sat, 29 Jan 2022 11:19:15 +0000 https://republika.mk/?p=451118

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, реагира за изјавите од бугарската влада дека веќе е договорено вметнување на Бугарите во македонскиот Устав, а во исто време потенцираат дека нема да дозволат ниту да се признае постоењето на македонското малцинство во Бугарија, а камоли истото да биде впишано во бугарскиот Устав, ниту, пак, истото да ги добие сите права согласно меѓународните стандарди.

Во текот на вчерашниот ден министерот за надворешни, Бујар Османи не собра храброст пред пратениците и македонската јавност да каже за што точно се преговара и што точно содржи пакетот 5+1. Бујар Османи не достави никаков писмен материјал до пратениците туку се обиде со усно објаснување да дефокусира од клучните прашања за кои е заинтересирана бугарската страна, односно за македонскиот јазик кој не сакаат ниту да го споменат, и за етногенезата на македонскиот народ.

 

И токму затоа, Ковачевски и Османи бегаат и не доставуваат што точно доставиле до Софија.

 

Од страна на Османи и Ковачевски не бил испочитуван ниту принципот за на реципроцитет, односно рамноправност којшто како Влада се обврзани да го почитуваат, а истиот произлегува од Резолуцијата изгласана во македонското Собрание.

 

Како и Зоран Заев, така и Ковачевски првата работа што ја прави е ветување на надворешни фактори за отворање на Уставот и негова промена. Ниту тогаш Заев, ниту сега Ковачевски нема легитимитет да преговара и договара менување на највисокиот правен акт на државата затоа што за тоа нема никаква општествена оправданост, туку истото служи за купување на уште некој ден или месец плус на власт, и претставува блед обид за глумење на допадливост.

 

За се' што се преговара и распродава македонската јавност и ние како политичка партија со најголема пратеничка група во Собранието, дознаваме од изјави на бугарски политичари и новинари.

 

Османи и Ковачевски можат да реферираат пред комисијата за надворешни работи, на затворена седница, но тие бегаат од опозицијата, исто како и од македонската јавност заради националното предавство кое го прават.

 

Преговори за македонскиот јазик и етногенезата на македонскиот народ не смее да има, а процесот мора да се води врз база на реципроцитет, во спротивно, Заев, Ковачевски и Османи ризикуваат поларизација на состојбата во државата за што лично ќе бидат одговорни - вели Ковачки во својата реакција.

https://www.youtube.com/watch?v=T-p3ok9eLsk

The post Ковачки: Османи не собра храброст пред пратениците и македонската јавност да каже за што точно се преговара и што содржи пакетот 5+1 appeared first on Република.

]]>

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, реагира за изјавите од бугарската влада дека веќе е договорено вметнување на Бугарите во македонскиот Устав, а во исто време потенцираат дека нема да дозволат ниту да се признае постоењето на македонското малцинство во Бугарија, а камоли истото да биде впишано во бугарскиот Устав, ниту, пак, истото да ги добие сите права согласно меѓународните стандарди.
Во текот на вчерашниот ден министерот за надворешни, Бујар Османи не собра храброст пред пратениците и македонската јавност да каже за што точно се преговара и што точно содржи пакетот 5+1. Бујар Османи не достави никаков писмен материјал до пратениците туку се обиде со усно објаснување да дефокусира од клучните прашања за кои е заинтересирана бугарската страна, односно за македонскиот јазик кој не сакаат ниту да го споменат, и за етногенезата на македонскиот народ.   И токму затоа, Ковачевски и Османи бегаат и не доставуваат што точно доставиле до Софија.   Од страна на Османи и Ковачевски не бил испочитуван ниту принципот за на реципроцитет, односно рамноправност којшто како Влада се обврзани да го почитуваат, а истиот произлегува од Резолуцијата изгласана во македонското Собрание.   Како и Зоран Заев, така и Ковачевски првата работа што ја прави е ветување на надворешни фактори за отворање на Уставот и негова промена. Ниту тогаш Заев, ниту сега Ковачевски нема легитимитет да преговара и договара менување на највисокиот правен акт на државата затоа што за тоа нема никаква општествена оправданост, туку истото служи за купување на уште некој ден или месец плус на власт, и претставува блед обид за глумење на допадливост.   За се' што се преговара и распродава македонската јавност и ние како политичка партија со најголема пратеничка група во Собранието, дознаваме од изјави на бугарски политичари и новинари.   Османи и Ковачевски можат да реферираат пред комисијата за надворешни работи, на затворена седница, но тие бегаат од опозицијата, исто како и од македонската јавност заради националното предавство кое го прават.   Преговори за македонскиот јазик и етногенезата на македонскиот народ не смее да има, а процесот мора да се води врз база на реципроцитет, во спротивно, Заев, Ковачевски и Османи ризикуваат поларизација на состојбата во државата за што лично ќе бидат одговорни - вели Ковачки во својата реакција.
https://www.youtube.com/watch?v=T-p3ok9eLsk

The post Ковачки: Османи не собра храброст пред пратениците и македонската јавност да каже за што точно се преговара и што содржи пакетот 5+1 appeared first on Република.

]]>