4iG Group Archives - Република https://republika.mk/tema/4ig-group/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 13:58:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 4iG Group Archives - Република https://republika.mk/tema/4ig-group/ 32 32 4iG ги поттикнува иновациите и растот како лидер на пазарот во мобилните телекомуникации https://republika.mk/vesti/balkan/4ig-gi-pottiknuva-inovatsiite-i-rastot-kako-lider-na-pazarot-vo-mobilnite-telekomunikatsii/ Tue, 12 Nov 2024 13:58:59 +0000 https://republika.mk/?p=836834

ОНЕ Црна Гора со гордост се етаблира како лидер на пазарот во мобилните телекомуникации во Црна Гора, демонстрирајќи постојан раст и во својата база на корисници и во квалитетот на понудените услуги. Како единствен оператор во земјата посветен исклучиво на мобилни комуникации, ОНЕ се издвојува од своите конкуренти, кои обезбедуваат интегрирани услуги кои опфаќаат мобилна и фиксна телефонија и интернет решенија.

Компанијата доживеа значајни трансформации во нејзината сопственичка структура, кои одиграа клучна улога во нејзиниот развој и позиционирање на пазарот. Стекнувањето на 4iG, водечки унгарски телекомуникациски и ИТ конгломерат, означи клучен момент за ОНЕ Црна Гора. Од 2022 година, кога 4iG го купи ОНЕ Црна Гора како дел од стратегијата за проширување на своето присуство на Балканот, операторот забележа извонреден напредок во телекомуникациите и дигиталните технологии во регионот.

4iG е фокусиран на регионите каде што сакаме да ги инвестираме нашите пари и знаење за да изградиме трајни односи. Ние се стремиме активно да придонесеме за развој на иновации и дигитализација на 5G мрежата и да бидеме меѓу лидерите на пазарот на ИКТ услуги во Западен Балкан. Сите наши активности имаат за цел да осигуриме дека мрежната инфраструктура е чиста, а со тоа ја подобруваме и довербата на нашите корисници, така што повратот од направените инвестиции се одржливи висококвалитетни услуги“, објасни г-дин Пал Заранди, раководител на 4iG групацијата за мобилна и 5G стратегија.

Оваа промена во сопственоста му овозможи на ОНЕ да ја искористи меѓународната експертиза и ресурси, воведувајќи иновативни практики и технолошки стандарди досега невидени во Црна Гора. Аквизицијата не само што обезбеди финансиска стабилност, туку и го забрза технолошкиот напредок фокусиран на подобрување на корисничкото искуство, проширување на мрежната покриеност и воведување нови дигитални решенија. Посветеноста на ОНЕ Црна Гора да испорача супериорно корисничко искуство е нагласена со континуираните инвестиции во технологијата и инфраструктурата, обезбедувајќи корисниците да имаат корист од стабилна мрежа со широка покриеност низ сите општини со брз и сигурен пристап до интернет, особено преку 5G услугите.

Бранко Митровиќ, извршен директор на ОНЕ Црна Гора, нагласи:

Да се биде дел од Групацијата 4iG не позиционираше како катализатор за дигитална трансформација во Црна Гора. Од крајот на 2021 година, ги зголемивме нашите инвестиции за 40% и ја проширивме нашата работна сила за речиси 20%. Овие напори се насочени кон подобрување на искуството на клиентите, промовирање на развојот на вработените и воспоставување нови одредници во квалитетот на телекомуникациите“.

Брзата еволуција на ОНЕ Црна Гора го зацврсти статусот на компанијата како клучен играч во мобилната индустрија. Компанијата не само што обезбедува висококвалитетна мрежа туку нуди и приспособливи услуги прилагодени на барањата на денешниот пазар. Откако ги здружи силите со Групацијата 4iG, ОНЕ постигна раст на инвестициската активност од 40%, додека одржуваше стабилна профитабилност. Овој успех му се припишува на тимот од висококвалификувани експерти и врвни технологии кои му овозможуваат на ОНЕ Црна Гора не само да ја одржи својата лидерска позиција, туку и да постави нови стандарди во црногорскиот сектор за мобилна телефонија.

Со пристап кој го става корисникот на прво место, ОНЕ Црна Гора е посветена на континуирано подобрување на своите понуди за да ги задоволи динамичните потреби на пазарот што се шири.

Како дел од својата стратегија за раст, унгарската групација 4iG, водечки обезбедувач на интегрирани услуги во телекомуникациите, системска интеграција, вселена и одбранбена индустрија и клучен играч во дигиталната економија базирана на знаење, официјално влегува на телекомуникацискиот пазар како трет оператор во Македонија со основање на подружница, ОНЕ Македонија Телекомуникации.

The post 4iG ги поттикнува иновациите и растот како лидер на пазарот во мобилните телекомуникации appeared first on Република.

]]>

ОНЕ Црна Гора со гордост се етаблира како лидер на пазарот во мобилните телекомуникации во Црна Гора, демонстрирајќи постојан раст и во својата база на корисници и во квалитетот на понудените услуги. Како единствен оператор во земјата посветен исклучиво на мобилни комуникации, ОНЕ се издвојува од своите конкуренти, кои обезбедуваат интегрирани услуги кои опфаќаат мобилна и фиксна телефонија и интернет решенија. Компанијата доживеа значајни трансформации во нејзината сопственичка структура, кои одиграа клучна улога во нејзиниот развој и позиционирање на пазарот. Стекнувањето на 4iG, водечки унгарски телекомуникациски и ИТ конгломерат, означи клучен момент за ОНЕ Црна Гора. Од 2022 година, кога 4iG го купи ОНЕ Црна Гора како дел од стратегијата за проширување на своето присуство на Балканот, операторот забележа извонреден напредок во телекомуникациите и дигиталните технологии во регионот.
4iG е фокусиран на регионите каде што сакаме да ги инвестираме нашите пари и знаење за да изградиме трајни односи. Ние се стремиме активно да придонесеме за развој на иновации и дигитализација на 5G мрежата и да бидеме меѓу лидерите на пазарот на ИКТ услуги во Западен Балкан. Сите наши активности имаат за цел да осигуриме дека мрежната инфраструктура е чиста, а со тоа ја подобруваме и довербата на нашите корисници, така што повратот од направените инвестиции се одржливи висококвалитетни услуги“, објасни г-дин Пал Заранди, раководител на 4iG групацијата за мобилна и 5G стратегија.
Оваа промена во сопственоста му овозможи на ОНЕ да ја искористи меѓународната експертиза и ресурси, воведувајќи иновативни практики и технолошки стандарди досега невидени во Црна Гора. Аквизицијата не само што обезбеди финансиска стабилност, туку и го забрза технолошкиот напредок фокусиран на подобрување на корисничкото искуство, проширување на мрежната покриеност и воведување нови дигитални решенија. Посветеноста на ОНЕ Црна Гора да испорача супериорно корисничко искуство е нагласена со континуираните инвестиции во технологијата и инфраструктурата, обезбедувајќи корисниците да имаат корист од стабилна мрежа со широка покриеност низ сите општини со брз и сигурен пристап до интернет, особено преку 5G услугите. Бранко Митровиќ, извршен директор на ОНЕ Црна Гора, нагласи:
Да се биде дел од Групацијата 4iG не позиционираше како катализатор за дигитална трансформација во Црна Гора. Од крајот на 2021 година, ги зголемивме нашите инвестиции за 40% и ја проширивме нашата работна сила за речиси 20%. Овие напори се насочени кон подобрување на искуството на клиентите, промовирање на развојот на вработените и воспоставување нови одредници во квалитетот на телекомуникациите“.
Брзата еволуција на ОНЕ Црна Гора го зацврсти статусот на компанијата како клучен играч во мобилната индустрија. Компанијата не само што обезбедува висококвалитетна мрежа туку нуди и приспособливи услуги прилагодени на барањата на денешниот пазар. Откако ги здружи силите со Групацијата 4iG, ОНЕ постигна раст на инвестициската активност од 40%, додека одржуваше стабилна профитабилност. Овој успех му се припишува на тимот од висококвалификувани експерти и врвни технологии кои му овозможуваат на ОНЕ Црна Гора не само да ја одржи својата лидерска позиција, туку и да постави нови стандарди во црногорскиот сектор за мобилна телефонија. Со пристап кој го става корисникот на прво место, ОНЕ Црна Гора е посветена на континуирано подобрување на своите понуди за да ги задоволи динамичните потреби на пазарот што се шири. Како дел од својата стратегија за раст, унгарската групација 4iG, водечки обезбедувач на интегрирани услуги во телекомуникациите, системска интеграција, вселена и одбранбена индустрија и клучен играч во дигиталната економија базирана на знаење, официјално влегува на телекомуникацискиот пазар како трет оператор во Македонија со основање на подружница, ОНЕ Македонија Телекомуникации.

The post 4iG ги поттикнува иновациите и растот како лидер на пазарот во мобилните телекомуникации appeared first on Република.

]]>
Групацијата 4иГ основа компанија во Македонија https://republika.mk/vesti/ekonomija/grupatsijata-4ig-osnova-kompanija-vo-makedonija/ Fri, 18 Oct 2024 11:32:19 +0000 https://republika.mk/?p=828480

По неколку успешни аквизиции во Албанија и Црна Гора, унгарската компанија 4иГ (4iG Group) почна со подготовки за влез на пазарот в Македонија, со основање на подружница Уан (ONE Macedonia Telecommunications). Со одлука на Одборот на Групацијата донесена минатиот петок, новата компанија ќе биде основана од Antenna Hungária Zrt., дел од 4iG Group, под којашто е телекомуникациското портфолио на инфо-комуникациската групација во Унгарија и во Западен Балкан. Регистрацијата на компанијата е завршена, а со формирањето на оваа компанија, 4iG Group има за цел што поскоро да влезе на телекомуникацискиот пазар во Македонија.

Основањето на One Macedonia Telecommunications е првиот важен чекор за 4iG Group да стане значаен нов играч во Македонија. Покрај професионалните соработки, деловните и оперативните синергии стекнати од претходните искуства во регионот, групацијата 4iG ја има поддршката од македонската влада којашто очекува со доаѓањето на нов оператор да се зголеми пазарната конкуренција, да го подобри квалитетот на телекомуникациските мрежи, и со тоа да се забрза дигитализацијата на земјата.

Со завршувањето на процесот на регистрација на компанијата, за иден извршен директор на One Macedonia Telecommunications е назначен Тамаш Табори кој е заменик извршен директор одговорен за телекомуникациската стратегија во унгарската матична компанија на групацијата, 4iG Nyrt. 4iG Group започна консултации со Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) како регулаторно тело во Македонија и избра локални и меѓународни консултантски фирми за поддршка на имплементација на стратегијата на групацијата во земјата. Заедно со сопствените експерти од индустријата на 4iG групацијата, водечка улога во целиот процес ќе ја има „Analysys Mason“, една од најголемите глобални технолошки, медиумски и телекомуникациски консултантски компании.

Посветени сме да влеземе на македонскиот телекомуникациски пазар со истата посветеност и иновациите што ги донесовме во Албанија и Црна Гора. Основањето на ONE Macedonia Telecommunications е нашиот прв значаен и опиплив чекор кон станување главен телекомуникациски провајдер во Македонија“, рече Тамаш Табори, извршен директор на ONE Macedonia Telecommunications и заменик извршен директор одговорен за телекомуникациска стратегија во 4iG Nyrt.

Деловниот опсег на One Macedonia Telecommunications опфаќа мобилни, фиксни и сателитски телекомуникациски услуги, трговија на големо и мало со телекомуникациски и ИТ производи, како и деловни консултантски услуги.

Како членка на Алијансата O-RAN, групацијата 4iG е посветена на користење технологија од веродостојни и сигурни извори како дел од иницијативата „Чиста мрежа“, што е услов поставен од македонската влада за нов учесник на пазарот. Иницирана е и регистрацијата на веб-страниците на новиот давател на услуги, така што компанијата ќе биде достапна и преку домејните onemacedonia.mk и onetelekom.mk.

The post Групацијата 4иГ основа компанија во Македонија appeared first on Република.

]]>

По неколку успешни аквизиции во Албанија и Црна Гора, унгарската компанија 4иГ (4iG Group) почна со подготовки за влез на пазарот в Македонија, со основање на подружница Уан (ONE Macedonia Telecommunications). Со одлука на Одборот на Групацијата донесена минатиот петок, новата компанија ќе биде основана од Antenna Hungária Zrt., дел од 4iG Group, под којашто е телекомуникациското портфолио на инфо-комуникациската групација во Унгарија и во Западен Балкан. Регистрацијата на компанијата е завршена, а со формирањето на оваа компанија, 4iG Group има за цел што поскоро да влезе на телекомуникацискиот пазар во Македонија. Основањето на One Macedonia Telecommunications е првиот важен чекор за 4iG Group да стане значаен нов играч во Македонија. Покрај професионалните соработки, деловните и оперативните синергии стекнати од претходните искуства во регионот, групацијата 4iG ја има поддршката од македонската влада којашто очекува со доаѓањето на нов оператор да се зголеми пазарната конкуренција, да го подобри квалитетот на телекомуникациските мрежи, и со тоа да се забрза дигитализацијата на земјата. Со завршувањето на процесот на регистрација на компанијата, за иден извршен директор на One Macedonia Telecommunications е назначен Тамаш Табори кој е заменик извршен директор одговорен за телекомуникациската стратегија во унгарската матична компанија на групацијата, 4iG Nyrt. 4iG Group започна консултации со Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) како регулаторно тело во Македонија и избра локални и меѓународни консултантски фирми за поддршка на имплементација на стратегијата на групацијата во земјата. Заедно со сопствените експерти од индустријата на 4iG групацијата, водечка улога во целиот процес ќе ја има „Analysys Mason“, една од најголемите глобални технолошки, медиумски и телекомуникациски консултантски компании.
Посветени сме да влеземе на македонскиот телекомуникациски пазар со истата посветеност и иновациите што ги донесовме во Албанија и Црна Гора. Основањето на ONE Macedonia Telecommunications е нашиот прв значаен и опиплив чекор кон станување главен телекомуникациски провајдер во Македонија“, рече Тамаш Табори, извршен директор на ONE Macedonia Telecommunications и заменик извршен директор одговорен за телекомуникациска стратегија во 4iG Nyrt.
Деловниот опсег на One Macedonia Telecommunications опфаќа мобилни, фиксни и сателитски телекомуникациски услуги, трговија на големо и мало со телекомуникациски и ИТ производи, како и деловни консултантски услуги. Како членка на Алијансата O-RAN, групацијата 4iG е посветена на користење технологија од веродостојни и сигурни извори како дел од иницијативата „Чиста мрежа“, што е услов поставен од македонската влада за нов учесник на пазарот. Иницирана е и регистрацијата на веб-страниците на новиот давател на услуги, така што компанијата ќе биде достапна и преку домејните onemacedonia.mk и onetelekom.mk.

The post Групацијата 4иГ основа компанија во Македонија appeared first on Република.

]]>