47 евра Archives - Република https://republika.mk/tema/47-evra/ За подобро да се разбереме Tue, 04 Jan 2022 14:10:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 47 евра Archives - Република https://republika.mk/tema/47-evra/ 32 32 ПЦР тестот во Грција не смее да биде поскап од 47 евра https://republika.mk/vesti/balkan/pcr-testot-vo-grcija-ne-smee-da-bide-poskap-od-47-evra/ Tue, 04 Jan 2022 14:10:18 +0000 https://republika.mk/?p=440532

Генералниот секретаријат за трговија и заштита на потрошувачите на Министерството за развој и инвестиции на Грција направи промени во ограничувањата на цените за ПЦР тестовите во приватните клиники и дијагностичките лаборатории и од четврток плафонот е 47 евра, наспроти 60 колку што беше досега, јави дописничката на МИА од Атина.

Во овие 47 евра вклучена е цената за потребните реагенси и потрошен материјал, во максимална висина од 35 евра и цената за услугата односно за земањето примерок во приватните лаборатории што не смее да надмине 12 евра.

Дозволени се промени во цената само во случај доколку тестирањето се врши вон клиниките.

Со зголемениот број нови случаи на Ковид-19, пред државните болници и јавни установи што вршат бесплатни тестирања веќе неколку дена има редици од граѓани, но и во приватните лаборатории сликата не е поразлична, иако таму, ПЦР тестот чини 60 евра, нешто што од четврток ќе се промени.

Од друга страна, плафонот за рапид тестовите е десет евра, како во приватните болници, приватните лаборатории и слично, така и во аптеките.

 

The post ПЦР тестот во Грција не смее да биде поскап од 47 евра appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретаријат за трговија и заштита на потрошувачите на Министерството за развој и инвестиции на Грција направи промени во ограничувањата на цените за ПЦР тестовите во приватните клиники и дијагностичките лаборатории и од четврток плафонот е 47 евра, наспроти 60 колку што беше досега, јави дописничката на МИА од Атина. Во овие 47 евра вклучена е цената за потребните реагенси и потрошен материјал, во максимална висина од 35 евра и цената за услугата односно за земањето примерок во приватните лаборатории што не смее да надмине 12 евра. Дозволени се промени во цената само во случај доколку тестирањето се врши вон клиниките. Со зголемениот број нови случаи на Ковид-19, пред државните болници и јавни установи што вршат бесплатни тестирања веќе неколку дена има редици од граѓани, но и во приватните лаборатории сликата не е поразлична, иако таму, ПЦР тестот чини 60 евра, нешто што од четврток ќе се промени. Од друга страна, плафонот за рапид тестовите е десет евра, како во приватните болници, приватните лаборатории и слично, така и во аптеките.  

The post ПЦР тестот во Грција не смее да биде поскап од 47 евра appeared first on Република.

]]>