3D анимација Archives - Република https://republika.mk/tema/3d-animacija/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Apr 2022 14:35:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 3D анимација Archives - Република https://republika.mk/tema/3d-animacija/ 32 32 „Агент 203“ е првата 3Д-анимирана серија на македонското студио „Ви хаус анимејшн“ https://republika.mk/scena/film/agent-203-e-prvata-3d-animirana-serija-na-makedonskoto-studio-vi-haus-animejshn/ Wed, 13 Apr 2022 13:00:51 +0000 https://republika.mk/?p=487947

„Агент 203“ е првата 3Д-анимирана серија на македонското студио „Ви хаус анимејшн“ (V house Animation), во целост осмислена и реализирана од домашни креативци – од идеја, дизајн и моделирање на карактери, текстурирање, до режија. Наменета е за возраст од 7+ години и ќе биде пласирана на светскиот пазар.

„Ви хаус“ го објави официјалниот трејлер, додека почетокот на емитувањето се планира за пролетта 2023 година.

Серијата се состои од 26 епизоди, секоја во траење од 22 минути. Главен лик во приказната е девојчето Зои, интергалактички вселенски агент, кое заедно со нејзиниот партнер, вонземјанинот Улав, и најдобрите пријатели, се бори со негативците од вселената. Главниот негативец се вика Гор и неговата мисија е да ја украде магичната алка на Зои, што ја добила во аманет од татко ѝ, кој исто така бил интергалактички агент. Тој исчезнал во акција.

Ко-креатор и режисер на серијата е Дамјан Митревски. Покрај „Ви хаус“, копродуценти на проектот се „Тун ту танго“ (Toon2Tango), ТВ Мондо, Супер РТЛ и GmbH & Co. KG. Како соработници, на серијата се јавуваат и „Космос анимејшн“ (Cosmos Animation). Ќе се емитува на Супер РТЛ, а за натамошната дистрибуција дополнително ќе се разговара.

Од „Ви хаус“ велат дека се планира и македонска нахсинхронизација, со цел да може да ја види и домашната публика.

Горди сме на тимот неверојатни професионалци што работи на „Агент 203“. Оваа серија е уште една потврда дека во нашата земја имаме таленти и квалитетни професионалци кои може да понудат производ со светски квалитет. Сакаме да ги охрабриме младите да се насочат кон оваа релативно млада индустрија, со многу потенцијал – велат од „Ви хаус“ и додаваат дека со возбуда го исчекуваат почетокот на емитувањето на серијата.

„В хаус анимејшн“ во своето портфолио има голем број проекти работени во соработка со светски познати продуцентски куќи, меѓу кои и „Пајни, осамената елка“ (Piney: The Lonesome Pine), „Тарзан и Џејн“ (Tarzan & Jane), „Елена од Авалор“ (Elena of Avalor), „Челичниот Макс“ (Max Steel) и други.

The post „Агент 203“ е првата 3Д-анимирана серија на македонското студио „Ви хаус анимејшн“ appeared first on Република.

]]>

„Агент 203“ е првата 3Д-анимирана серија на македонското студио „Ви хаус анимејшн“ (V house Animation), во целост осмислена и реализирана од домашни креативци – од идеја, дизајн и моделирање на карактери, текстурирање, до режија. Наменета е за возраст од 7+ години и ќе биде пласирана на светскиот пазар. „Ви хаус“ го објави официјалниот трејлер, додека почетокот на емитувањето се планира за пролетта 2023 година. Серијата се состои од 26 епизоди, секоја во траење од 22 минути. Главен лик во приказната е девојчето Зои, интергалактички вселенски агент, кое заедно со нејзиниот партнер, вонземјанинот Улав, и најдобрите пријатели, се бори со негативците од вселената. Главниот негативец се вика Гор и неговата мисија е да ја украде магичната алка на Зои, што ја добила во аманет од татко ѝ, кој исто така бил интергалактички агент. Тој исчезнал во акција. Ко-креатор и режисер на серијата е Дамјан Митревски. Покрај „Ви хаус“, копродуценти на проектот се „Тун ту танго“ (Toon2Tango), ТВ Мондо, Супер РТЛ и GmbH & Co. KG. Како соработници, на серијата се јавуваат и „Космос анимејшн“ (Cosmos Animation). Ќе се емитува на Супер РТЛ, а за натамошната дистрибуција дополнително ќе се разговара. Од „Ви хаус“ велат дека се планира и македонска нахсинхронизација, со цел да може да ја види и домашната публика.