36 ракописи Archives - Република https://republika.mk/tema/36-rakopisi/ За подобро да се разбереме Thu, 12 Oct 2023 11:01:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 36 ракописи Archives - Република https://republika.mk/tema/36-rakopisi/ 32 32 На петтиот конкурс за наградата „Пегаз“ пристигнаа 36 ракописи https://republika.mk/vesti/na-pettiot-konkurs-za-nagradata-pegaz-pristignaa-36-rakopisi/ Thu, 12 Oct 2023 11:01:49 +0000 https://republika.mk/?p=690486

На петтиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман на годината, што го организираат издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, пристигнаа 36 ракописи. Конкурсот беше отворен во мај и траеше до 30 септември 2023 година.

Во периодот што следува, пристигнатите ракописи ќе ги оценува тричлена жири-комисија, сочинета од двајца еминентни претставници од културната сфера и претставник од издавачката куќа „Арс Ламина“.

Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција. Добитникот на наградата ќе биде соопштен најдоцна до 29 декември 2023 година.

На минатогодишното издание на „Пегаз“ пристигнаа 38 ракописи, а за победнички беше избран романот „Зелениот дворец“ од писателот Сибо, кому му беше врачена наградата на посебна промотивна свеченост.

Наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман е своевидно продолжение на веќе етаблираната награда „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Наградата е востановена и се доделува од 2019 година.

 

The post На петтиот конкурс за наградата „Пегаз“ пристигнаа 36 ракописи appeared first on Република.

]]>

На петтиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман на годината, што го организираат издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, пристигнаа 36 ракописи. Конкурсот беше отворен во мај и траеше до 30 септември 2023 година. Во периодот што следува, пристигнатите ракописи ќе ги оценува тричлена жири-комисија, сочинета од двајца еминентни претставници од културната сфера и претставник од издавачката куќа „Арс Ламина“. Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција. Добитникот на наградата ќе биде соопштен најдоцна до 29 декември 2023 година. На минатогодишното издание на „Пегаз“ пристигнаа 38 ракописи, а за победнички беше избран романот „Зелениот дворец“ од писателот Сибо, кому му беше врачена наградата на посебна промотивна свеченост. Наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман е своевидно продолжение на веќе етаблираната награда „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Наградата е востановена и се доделува од 2019 година.  

The post На петтиот конкурс за наградата „Пегаз“ пристигнаа 36 ракописи appeared first on Република.

]]>