30 отсто Archives - Република https://republika.mk/tema/30-otsto/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Mar 2024 08:52:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 30 отсто Archives - Република https://republika.mk/tema/30-otsto/ 32 32 30,5 отсто од децата од шест до девет години во Македонија живеат со зголемена телесна тежина, дебелината е почеста кај момчињата, покажува извештајот на ИЈЗ https://republika.mk/zivot/zdravje/30-5-otsto-od-detsata-od-shest-do-devet-godini-vo-makedonija-zhiveat-so-zgolemena-telesna-tezhina-debelinata-e-pochesta-kaj-momchinata-pokazhuva-izveshtajot-na-ijz/ Mon, 04 Mar 2024 08:52:39 +0000 https://republika.mk/?p=750950

Најновите податоци покажуваат дека 30,5 отсто од децата од шест до деветгодишна возраст во Македонија живеат со зголемена телесна тежина или дебелина, 13,8 проценти од нив живеат со дебелина или екстремна дебелина. Дебелината е почеста кај момчињата, за разлика од девојчињата, пишува во извештајот кој Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) го објави по повод Светскиот ден на деблината, 4 март.

Според податоците на Институтот, повеќето од децата кои имаат зголемена телесна тежина и дебелина, живеат во урбани средини. Исхрана со високо преработена и енергетски богата храна, како што се додава, е значаен фактор што придонесува кон развојот на зголемена телесна тежина кај децата.

Најновата студија објавена во „The Lancet“ покажува дека, во 2022 година, повеќе од една милијарда луѓе во светот живеат со дебелина. Во светот, од 1990 година, дебелината е зголемена повеќе од двојно кај возрасните, а четирикратно е зголемена кај децата и адолесцентите - од пет до 19 години.

Во Македонија, 28,4 отсто од возрасните живеат со дебелина. Кај нас, дебелината кај возрасните е зголемена за 13,6 проценти, а кај децата и адолесцентите за 7,4 отсто, споредено со 1990 година, се наведува во извештајот објавен на веб-страната на ИЈЗ.

Социоекономските карактеристики на семејствата на децата и достапноста на храна во и околу училишната средина влијаат врз навиките за исхрана кај децата. Физичката неактивност кај децата заради намалените можности за безбедни животни средини, што промовираат активна игра и движење на децата, доведуваат до помалку движење и употреба на електронски уреди како клучни детерминанти на дебелина.

Според извештајот, дебелината кај возрасните и децата во Македонија е стабилно на високо ниво.

Трендовите на зголемена телесна тежина и дебелина кај децата во нашата држава се одржуваат стабилно на високо ниво. Потребен е сеопфатен и мултисекторски пристап кон дебелината, од давање приоритет на факторите од животната средина што влијаат врз дебелината, до зајакнување на здравствената заштита за превенција и контролата на дебелината како хронично заболување, посочуваат од ИЈЗ.

Повеќе од 10 години, Институтот и центрите за јавно здравје ја спроведуваат Иницијативата за следење на дебелина кај децата на Светската здравствена организација (СЗО), позната под акронимот COSI, имплементирана во 45 држави од европскиот регион.

The post 30,5 отсто од децата од шест до девет години во Македонија живеат со зголемена телесна тежина, дебелината е почеста кај момчињата, покажува извештајот на ИЈЗ appeared first on Република.

]]>

Најновите податоци покажуваат дека 30,5 отсто од децата од шест до деветгодишна возраст во Македонија живеат со зголемена телесна тежина или дебелина, 13,8 проценти од нив живеат со дебелина или екстремна дебелина. Дебелината е почеста кај момчињата, за разлика од девојчињата, пишува во извештајот кој Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) го објави по повод Светскиот ден на деблината, 4 март. Според податоците на Институтот, повеќето од децата кои имаат зголемена телесна тежина и дебелина, живеат во урбани средини. Исхрана со високо преработена и енергетски богата храна, како што се додава, е значаен фактор што придонесува кон развојот на зголемена телесна тежина кај децата. Најновата студија објавена во „The Lancet“ покажува дека, во 2022 година, повеќе од една милијарда луѓе во светот живеат со дебелина. Во светот, од 1990 година, дебелината е зголемена повеќе од двојно кај возрасните, а четирикратно е зголемена кај децата и адолесцентите - од пет до 19 години.
Во Македонија, 28,4 отсто од возрасните живеат со дебелина. Кај нас, дебелината кај возрасните е зголемена за 13,6 проценти, а кај децата и адолесцентите за 7,4 отсто, споредено со 1990 година, се наведува во извештајот објавен на веб-страната на ИЈЗ.
Социоекономските карактеристики на семејствата на децата и достапноста на храна во и околу училишната средина влијаат врз навиките за исхрана кај децата. Физичката неактивност кај децата заради намалените можности за безбедни животни средини, што промовираат активна игра и движење на децата, доведуваат до помалку движење и употреба на електронски уреди како клучни детерминанти на дебелина. Според извештајот, дебелината кај возрасните и децата во Македонија е стабилно на високо ниво.
Трендовите на зголемена телесна тежина и дебелина кај децата во нашата држава се одржуваат стабилно на високо ниво. Потребен е сеопфатен и мултисекторски пристап кон дебелината, од давање приоритет на факторите од животната средина што влијаат врз дебелината, до зајакнување на здравствената заштита за превенција и контролата на дебелината како хронично заболување, посочуваат од ИЈЗ.
Повеќе од 10 години, Институтот и центрите за јавно здравје ја спроведуваат Иницијативата за следење на дебелина кај децата на Светската здравствена организација (СЗО), позната под акронимот COSI, имплементирана во 45 држави од европскиот регион.  

The post 30,5 отсто од децата од шест до девет години во Македонија живеат со зголемена телесна тежина, дебелината е почеста кај момчињата, покажува извештајот на ИЈЗ appeared first on Република.

]]>
Алармантно: За 30 отсто е зголемен бројот на заболени од рак во Македонија во последната година https://republika.mk/zivot/zdravje/alarmantno-za-30-otsto-e-zgolemen-brojot-na-zaboleni-od-rak-vo-makedonija-vo-poslednata-godina/ Mon, 16 May 2022 16:19:25 +0000 https://republika.mk/?p=503018

За 30 отсто е зголемен бројот на заболени од рак во Македонија во последната година, изјави директорот на Клиниката за онкологија. За разлика од 2019 година кога имаше 3.900 нови случаи на рак, оваа година оваа бројка достигна над 5.500 пациенти заболени од видови на рак.

Министерот за здравство Беким Сали рече дека фокусот на лекарите ќе биде на пациентите со други болести, кои поради нередовни контроли за време на пандемијата, сега ги полнат клиниките. По препорака на Комисијата за заразни болести, тој рече дека треба да се разгледа можноста за посебен третман на пост-ковид пациентите.

Предупредив дека периодот по Ковид е многу значаен за сите граѓани и здравствениот систем. Комисијата ќе продолжи да работи, можеби не со исто темпо, но ќе планира како да се справи со пост-ковид ситуацијата. Дали тоа ќе биде установа каде што ќе се лекуваат сите пост-ковид компликации на пациентите или ќе бидат ангажирани повеќе клиники околу тие пациенти за да ги лекуваат, изјави Беким Сали, министер за здравство.

За рано откривање на карциномот многу е важна борбата против оваа болест, затоа најбрзиот радиолошки третман ќе се прави преку опремата на линеарниот акцелератор што денеска беше пуштен во употреба.

The post Алармантно: За 30 отсто е зголемен бројот на заболени од рак во Македонија во последната година appeared first on Република.

]]>

За 30 отсто е зголемен бројот на заболени од рак во Македонија во последната година, изјави директорот на Клиниката за онкологија. За разлика од 2019 година кога имаше 3.900 нови случаи на рак, оваа година оваа бројка достигна над 5.500 пациенти заболени од видови на рак. Министерот за здравство Беким Сали рече дека фокусот на лекарите ќе биде на пациентите со други болести, кои поради нередовни контроли за време на пандемијата, сега ги полнат клиниките. По препорака на Комисијата за заразни болести, тој рече дека треба да се разгледа можноста за посебен третман на пост-ковид пациентите.