207 километри на час Archives - Република https://republika.mk/tema/207-kilometri-na-chas/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Mar 2024 12:51:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 207 километри на час Archives - Република https://republika.mk/tema/207-kilometri-na-chas/ 32 32 Фатен Косовец кој со „порше“ возел 207 километри на час на автопатот Тетово – Скопје https://republika.mk/vesti/faten-kosovets-koj-so-porshe-vozel-207-kilometri-na-chas-na-avtopatot-tetovo-skopje/ Fri, 15 Mar 2024 12:48:25 +0000 https://republika.mk/?p=755141

Со употреба на ноќен радар сообраќајната полиција од Тетово фатила возач кој се движел со 207 километри на час на автопатот Тетово-Скопје.

Тој бил откриен во период од 20 до 22 часот, кога полициски службеници на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај спровеле акциска контрола за санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.

Едно од пречекорувањата регистрирано на автопатот Скопје – Тетово, кај клучката Север на влезот во Тетово, било најголемо, а измерената брзина изнесувала 207 километри на час. На возачот на патничкото моторно возило „порше“, С.Е. од Република Косово, кој поседувал швајцарска возачка дозвола, изготвен му е поднесок и ќе се соочи со парична глоба од 400 евра, информира за МИА Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

При контролата биле констатирани вкупно седум пречекорувања на максимално дозволената брзина.

The post Фатен Косовец кој со „порше“ возел 207 километри на час на автопатот Тетово – Скопје appeared first on Република.

]]>

Со употреба на ноќен радар сообраќајната полиција од Тетово фатила возач кој се движел со 207 километри на час на автопатот Тетово-Скопје. Тој бил откриен во период од 20 до 22 часот, кога полициски службеници на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај спровеле акциска контрола за санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.