2022 година Archives - Република https://republika.mk/tema/2022-godina/ За подобро да се разбереме Wed, 18 Jan 2023 21:25:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 2022 година Archives - Република https://republika.mk/tema/2022-godina/ 32 32 Какви лузни им остави 2022 на познатите? https://republika.mk/scena/estrada/kakvi-luzni-im-ostavi-2022-na-poznatite/ Wed, 18 Jan 2023 21:25:38 +0000 https://republika.mk/?p=598520

Познатите одговараат пред камерата на „Бекстејџ“ за тоа какви лузни им остави годината што измина:

https://youtube.com/watch?v=6GkApjHbTgc&feature=shares

The post Какви лузни им остави 2022 на познатите? appeared first on Република.

]]>

Познатите одговараат пред камерата на „Бекстејџ“ за тоа какви лузни им остави годината што измина: https://youtube.com/watch?v=6GkApjHbTgc&feature=shares

The post Какви лузни им остави 2022 на познатите? appeared first on Република.

]]>
Тамара, Антониа, Иванна… – 2022 кобна за долгогодишните врски од македонската естрада https://republika.mk/scena/estrada/tamara-antonia-ivanna-2022-kobna-za-dolgogodishnite-vrski-od-makedonskata-estrada/ Wed, 04 Jan 2023 19:42:10 +0000 https://republika.mk/?p=590777

Ако светот се занимаваше со раскинувањето на Пике и Шакира, кои по една деценија бурно се разделија, Балканот, пак, пишуваше за разводот на Бајага, во Македонија неколку јавни врски го имаа својот крај во 2022 година. Се разбира, секое од тие раскинувања ја заинтересира и јавноста.

1. Антониа Гиговска и Иван Јованов

Убедливо најголема помпа се направи околу разделбата на Антониа Гиговска и Иван Јованов. Девојчето кое го запознавме преку „Ѕвездичките од Пинк“, сега е една од најпознатите и најбарани пејачки во Македонија. Таа годинава стави крај на врската со постариот колега Иван Јованов и порача дека периодов се пронаоѓа сама себе и не е во врска со никого.

https://republika.mk/scena/estrada/antonia-gigovska-go-prekina-molkot-otkri-so-kogo-e-vo-vrska/

2. Тамара и Мачка

Седум години по свадбата пејачката и поранешниот кошаркар Александар Димитревски – Мачка одлучија да се разведат, но и покрај тоа да останат во добри и коректни односи, пред сѐ штитејќи го интересот на нивните две деца. Дека навистина останаа на зборот потврдува и неодамнешниот роденден на нивното синче, кој го прославија заедно.

https://republika.mk/scena/estrada/tamara-na-tastatura-sekoj-e-jak-eden-den-ti-davaat-aplauzi-drug-te-navreduvaat-vo-komentari/

3. Тамара и Катарина

https://republika.mk/scena/estrada/ovojpat-zasekogash-tamara-todevska-i-katarina-ivanovska-povtorno-se-skarani-prichinata-bila-dosta-seriozna/

Иако не станува збор за романтична врска или брак, кавгата меѓу двете најдобри пријателки беше доста интересна за јавноста, особено зошто не им е првпат да не зборуваат. Дали можеби повторно ги закопаа секирите почна да се зборува неодамна, кога на „Инстаграм“ беше споделена стара фотографија од друштвото.

4. Иванна и Влатко

Поранешната водителка и советничка во владата годинава му стави крај на долгогодишниот брак со Влатко Кошевалиски. Сепак, секогаш насмеата Иванна не остана долго сама, па како што зборува чаршијата, веќе е во љубов со доктор од Битола.

5. Жарко Димитриоски и Марија

Долгогодишна врска раскина водителот Жарко Димитриоски од „Еден на Еден“. Според него, ниедна врска нема смисла на долг рок, ако немаш вистински, искрен партнер покрај себе.

Секоја врска е партнерство. Добрата врска е цврсто и сигурно партнерство. Мое длабоко убедување е дека клучно е да знаеш и да си уверен дека имаш вистински, искрен партнер покрај себе. Без тоа ниедна врска нема смисла на долг рок и подобро е да заврши, рече по раскинувањето Жаре.

https://republika.mk/scena/estrada/ne-krijam-deka-raskinav-stara-vrska-no-ne-sum-chovek-shto-celo-vreme-objavuva-so-kogo-e-i-shto-pravi-veli-zare-od-eden-na-eden/

6. Костадин Костадинов и Марија

Без својата Марија остана и струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов. Иако по долгогодишната врска и по ланското запросување, двојката наскоро требаше да застане пред олтар, неодамна тие раскинаа. Гласините се дека убавата битолчанка сфатила дека во Струмица нема живот за неа, па оставајќи го Косте замина надвор од Македонија.

7. Туна

Пејачката Туна Сејдиу годинава стави крај и на вториот брак. Нејзината врска со сопругот Патрис Бериша, музичар од Косово, подолго време не функционирала, па Туна била таа која се решила да стават крај на нивната љубовна романса.

https://republika.mk/zivot/semejstvo/propadna-i-vtoriot-brak-tuna-sejdiu-se-razvede-od-kosovskiot-muzichar-patris/

8. Саше Политико

Самонаречениот новинар по турбулентните години во љубовта, годинава доби документи за развод. Веста ја објави адвокатот Јанаки Митревски, кој порача дека едвај чека да се видат во суд и дека „Кармата е кучка“.

https://republika.mk/zivot/semejstvo/se-sakaa-se-tepaa-na-kraj-se-razveduvaat/

The post Тамара, Антониа, Иванна… – 2022 кобна за долгогодишните врски од македонската естрада appeared first on Република.

]]>

Ако светот се занимаваше со раскинувањето на Пике и Шакира, кои по една деценија бурно се разделија, Балканот, пак, пишуваше за разводот на Бајага, во Македонија неколку јавни врски го имаа својот крај во 2022 година. Се разбира, секое од тие раскинувања ја заинтересира и јавноста.

1. Антониа Гиговска и Иван Јованов

Убедливо најголема помпа се направи околу разделбата на Антониа Гиговска и Иван Јованов. Девојчето кое го запознавме преку „Ѕвездичките од Пинк“, сега е една од најпознатите и најбарани пејачки во Македонија. Таа годинава стави крај на врската со постариот колега Иван Јованов и порача дека периодов се пронаоѓа сама себе и не е во врска со никого. https://republika.mk/scena/estrada/antonia-gigovska-go-prekina-molkot-otkri-so-kogo-e-vo-vrska/

2. Тамара и Мачка

Седум години по свадбата пејачката и поранешниот кошаркар Александар Димитревски – Мачка одлучија да се разведат, но и покрај тоа да останат во добри и коректни односи, пред сѐ штитејќи го интересот на нивните две деца. Дека навистина останаа на зборот потврдува и неодамнешниот роденден на нивното синче, кој го прославија заедно. https://republika.mk/scena/estrada/tamara-na-tastatura-sekoj-e-jak-eden-den-ti-davaat-aplauzi-drug-te-navreduvaat-vo-komentari/

3. Тамара и Катарина

https://republika.mk/scena/estrada/ovojpat-zasekogash-tamara-todevska-i-katarina-ivanovska-povtorno-se-skarani-prichinata-bila-dosta-seriozna/ Иако не станува збор за романтична врска или брак, кавгата меѓу двете најдобри пријателки беше доста интересна за јавноста, особено зошто не им е првпат да не зборуваат. Дали можеби повторно ги закопаа секирите почна да се зборува неодамна, кога на „Инстаграм“ беше споделена стара фотографија од друштвото.

4. Иванна и Влатко

Поранешната водителка и советничка во владата годинава му стави крај на долгогодишниот брак со Влатко Кошевалиски. Сепак, секогаш насмеата Иванна не остана долго сама, па како што зборува чаршијата, веќе е во љубов со доктор од Битола.

5. Жарко Димитриоски и Марија

Долгогодишна врска раскина водителот Жарко Димитриоски од „Еден на Еден“. Според него, ниедна врска нема смисла на долг рок, ако немаш вистински, искрен партнер покрај себе.
Секоја врска е партнерство. Добрата врска е цврсто и сигурно партнерство. Мое длабоко убедување е дека клучно е да знаеш и да си уверен дека имаш вистински, искрен партнер покрај себе. Без тоа ниедна врска нема смисла на долг рок и подобро е да заврши, рече по раскинувањето Жаре.
https://republika.mk/scena/estrada/ne-krijam-deka-raskinav-stara-vrska-no-ne-sum-chovek-shto-celo-vreme-objavuva-so-kogo-e-i-shto-pravi-veli-zare-od-eden-na-eden/

6. Костадин Костадинов и Марија

Без својата Марија остана и струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов. Иако по долгогодишната врска и по ланското запросување, двојката наскоро требаше да застане пред олтар, неодамна тие раскинаа. Гласините се дека убавата битолчанка сфатила дека во Струмица нема живот за неа, па оставајќи го Косте замина надвор од Македонија.

7. Туна

Пејачката Туна Сејдиу годинава стави крај и на вториот брак. Нејзината врска со сопругот Патрис Бериша, музичар од Косово, подолго време не функционирала, па Туна била таа која се решила да стават крај на нивната љубовна романса. https://republika.mk/zivot/semejstvo/propadna-i-vtoriot-brak-tuna-sejdiu-se-razvede-od-kosovskiot-muzichar-patris/

8. Саше Политико

Самонаречениот новинар по турбулентните години во љубовта, годинава доби документи за развод. Веста ја објави адвокатот Јанаки Митревски, кој порача дека едвај чека да се видат во суд и дека „Кармата е кучка“. https://republika.mk/zivot/semejstvo/se-sakaa-se-tepaa-na-kraj-se-razveduvaat/

The post Тамара, Антониа, Иванна… – 2022 кобна за долгогодишните врски од македонската естрада appeared first on Република.

]]>
Лигавењето по Заев, траги-комедии, црна хроника, војната во Украина, Карлеуша – што ве интересираше во 2022 година https://republika.mk/vesti/makedonija/ligaveneto-po-zaev-tragi-komedii-tsrna-hronika-vojnata-vo-ukraina-karleusha-shto-ve-interesirashe-vo-2022-godina/ Sun, 01 Jan 2023 19:31:16 +0000 https://republika.mk/?p=590760

Наместо ронката мир и некаквата сигурност која си ја посакавме на почетокот на 2022 година, таа како да реши дека е време да нè дотолчи. Па, покрај дневнополитичките препукувања од кои само ние го извлекуваме подебелиот крај, одново и одново владеење на неправдата, енормното покачување на цените на горивата, струјата, основните намирници за живот по дома, со војната од Украина добивме удар и од надвор.

Сепак, и во маката знаеме да се насмееме, да се заинтересираме и за други теми, па дури и да се фрлиме на трач, па така најразлични и баш изненадувачки се најчитаните текстови на „Република“ изминатава година:

1. Се извинуваме што ќе го видите ова

Повторно ќе се извиниме што ќе го видите ова видео. Како што за една слика вреди илјада зборови, така едно видео може да ве остави без.

https://republika.mk/tvitovi/18-se-izvinuvame-shto-kje-go-vidite-ova/

2. Шестгодишно албанско девојче се удави во Грција, татко ѝ не нурнал да ја спаси зошто „имал астма“

https://republika.mk/vesti/balkan/shestgodishno-albansko-devojche-se-udavi-vo-grcija-tatko-ne-nurnal-da-ja-spasi-zoshto-imal-astma/

3. Лукашенко: Ова што се случува во Украина не е ништо, верувајте ми, за ден-два може да биде многу полошо

„Пророштвото“ од првите денови од нападот на Русија

https://republika.mk/vesti/svet/lukashenko-ova-shto-se-sluchuva-vo-ukraina-ne-e-nishto-veruvajte-mi-za-den-dva-moze-da-bide-mnogu-polosho/

4. „Браќа дојдов, давајте тревата и да терам“: Извадил 2.100 евра за да купи дрога, не сфатил дека влегол во грешен автомобил – полициски!

https://republika.mk/vesti/balkan/brakja-dojdov-davajte-trevata-i-da-teram-izvadil-2-100-evra-za-da-kupi-droga-ne-sfatil-deka-vlegol-vo-greshen-avtomobil-policiski/

5. Eте зошто „пукнала“: Карлеуша разбрала дека Душко за Нова Година во Турција заминал со друга девојка

https://republika.mk/scena/estrada/ete-zoshto-puknala-karleusha-razbrala-deka-dushko-za-nova-godina-vo-turcija-zaminal-so-druga-devojka/

The post Лигавењето по Заев, траги-комедии, црна хроника, војната во Украина, Карлеуша – што ве интересираше во 2022 година appeared first on Република.

]]>

Наместо ронката мир и некаквата сигурност која си ја посакавме на почетокот на 2022 година, таа како да реши дека е време да нè дотолчи. Па, покрај дневнополитичките препукувања од кои само ние го извлекуваме подебелиот крај, одново и одново владеење на неправдата, енормното покачување на цените на горивата, струјата, основните намирници за живот по дома, со војната од Украина добивме удар и од надвор. Сепак, и во маката знаеме да се насмееме, да се заинтересираме и за други теми, па дури и да се фрлиме на трач, па така најразлични и баш изненадувачки се најчитаните текстови на „Република“ изминатава година:

1. Се извинуваме што ќе го видите ова

Повторно ќе се извиниме што ќе го видите ова видео. Како што за една слика вреди илјада зборови, така едно видео може да ве остави без. https://republika.mk/tvitovi/18-se-izvinuvame-shto-kje-go-vidite-ova/

2. Шестгодишно албанско девојче се удави во Грција, татко ѝ не нурнал да ја спаси зошто „имал астма“

https://republika.mk/vesti/balkan/shestgodishno-albansko-devojche-se-udavi-vo-grcija-tatko-ne-nurnal-da-ja-spasi-zoshto-imal-astma/

3. Лукашенко: Ова што се случува во Украина не е ништо, верувајте ми, за ден-два може да биде многу полошо

„Пророштвото“ од првите денови од нападот на Русија https://republika.mk/vesti/svet/lukashenko-ova-shto-se-sluchuva-vo-ukraina-ne-e-nishto-veruvajte-mi-za-den-dva-moze-da-bide-mnogu-polosho/

4. „Браќа дојдов, давајте тревата и да терам“: Извадил 2.100 евра за да купи дрога, не сфатил дека влегол во грешен автомобил – полициски!

https://republika.mk/vesti/balkan/brakja-dojdov-davajte-trevata-i-da-teram-izvadil-2-100-evra-za-da-kupi-droga-ne-sfatil-deka-vlegol-vo-greshen-avtomobil-policiski/

5. Eте зошто „пукнала“: Карлеуша разбрала дека Душко за Нова Година во Турција заминал со друга девојка

https://republika.mk/scena/estrada/ete-zoshto-puknala-karleusha-razbrala-deka-dushko-za-nova-godina-vo-turcija-zaminal-so-druga-devojka/

The post Лигавењето по Заев, траги-комедии, црна хроника, војната во Украина, Карлеуша – што ве интересираше во 2022 година appeared first on Република.

]]>
Прогласени најсреќните земји за 2022 година https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/proglaseni-najsreknite-zemji-za-2022-godina/ Sat, 31 Dec 2022 18:00:52 +0000 https://republika.mk/?p=590885

Објавен е нов извештај на World Happiness Report, статистичка анализа за одредување на најсреќните земји во светот.

Според резултатите, четврта година по ред Финска е најсреќната земја во светот. Особено се истакнува способноста политиката да ја ускладат со општото чувство на благосостојба.

За да ја одредат најсреќната земја во светот, експертите анализирале податоци од истражувања од 149 земји. Во предвид биле земени бруто домашниот производ по глава на жител, социјалната политика и здравиот животен век, но и слободата на носење сопствени животни избори, великодушноста на популацијата и нивото на корупција.

Интересно е што првите седум најсреќни земји во светот се во Северна Европа. На првото место е Финска, а по неа следат Данска, Швајцарија, Исланд, Холандија, Норвешка, Шведска.

Најмалку среќна земја во светот е Авганистан, која се наоѓа на 146 место, а меѓу петте последни земји на листата се и Зимбабве, Руанда, Боцвана и Лесото.

Најдобро рангирана земја во регионот е Словенија на 29 место. Србија е на 48 место, Хрватска на 59 место, Босна и Херцеговина на 63 место, Црна Гора на 71 место и Македонија на 92 место.

The post Прогласени најсреќните земји за 2022 година appeared first on Република.

]]>

Објавен е нов извештај на World Happiness Report, статистичка анализа за одредување на најсреќните земји во светот. Според резултатите, четврта година по ред Финска е најсреќната земја во светот. Особено се истакнува способноста политиката да ја ускладат со општото чувство на благосостојба. За да ја одредат најсреќната земја во светот, експертите анализирале податоци од истражувања од 149 земји. Во предвид биле земени бруто домашниот производ по глава на жител, социјалната политика и здравиот животен век, но и слободата на носење сопствени животни избори, великодушноста на популацијата и нивото на корупција. Интересно е што првите седум најсреќни земји во светот се во Северна Европа. На првото место е Финска, а по неа следат Данска, Швајцарија, Исланд, Холандија, Норвешка, Шведска. Најмалку среќна земја во светот е Авганистан, која се наоѓа на 146 место, а меѓу петте последни земји на листата се и Зимбабве, Руанда, Боцвана и Лесото. Најдобро рангирана земја во регионот е Словенија на 29 место. Србија е на 48 место, Хрватска на 59 место, Босна и Херцеговина на 63 место, Црна Гора на 71 место и Македонија на 92 место.  

The post Прогласени најсреќните земји за 2022 година appeared first on Република.

]]>
2022 година беше најтопла досега, објави британската метеоролошка служба https://republika.mk/vesti/svet/2022-godina-e-najtopla-dosega-objavi-britanskata-meteoroloshka-sluzhba/ Sat, 31 Dec 2022 13:24:19 +0000 https://republika.mk/?p=591807

Британската метеоролошка служба објави податоци што покажуваат дека 2022 година е најтоплата година досега во историјата на Велика Британија, пишува „Ројтерс“.

Оваа година беше релативно конзистентна во топлината низ месеците, секој месец, освен декември, беше потопол од просекот – рече Марк Мекарти, шеф на метеоролошката служба.

Освен високите летни температури, службата објави дека сите четири сезони во Велика Британија во 2022 година биле во првите десет најтопли од 1884 година.

Националната метеоролошка служба го издаде својот прв црвен метеоролошки аларм во јули за делови од Англија во кои имаше температури над 40 степени, а лондонската противпожарна бригада го имаше најпрометниот ден од Втората светска војна на 19 јули 2022 година, додека се бореше со пожарите низ главниот град.

The post 2022 година беше најтопла досега, објави британската метеоролошка служба appeared first on Република.

]]>

Британската метеоролошка служба објави податоци што покажуваат дека 2022 година е најтоплата година досега во историјата на Велика Британија, пишува „Ројтерс“.
Оваа година беше релативно конзистентна во топлината низ месеците, секој месец, освен декември, беше потопол од просекот – рече Марк Мекарти, шеф на метеоролошката служба.
Освен високите летни температури, службата објави дека сите четири сезони во Велика Британија во 2022 година биле во првите десет најтопли од 1884 година. Националната метеоролошка служба го издаде својот прв црвен метеоролошки аларм во јули за делови од Англија во кои имаше температури над 40 степени, а лондонската противпожарна бригада го имаше најпрометниот ден од Втората светска војна на 19 јули 2022 година, додека се бореше со пожарите низ главниот град.

The post 2022 година беше најтопла досега, објави британската метеоролошка служба appeared first on Република.

]]>
Следниот неработен ден ни „пропаѓа“ во недела, продолжен викенд дури во октомври https://republika.mk/zivot/kariera/sledniot-neraboten-den-ni-propagja-vo-nedela-prodolzen-vikend-duri-vo-oktomvri/ Thu, 11 Aug 2022 19:42:31 +0000 https://republika.mk/?p=538939

Големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица, секоја година се слави на ист ден - 28 август, кој е неработен за граѓаните од православна вероисповед. Сепак, годинава Голема Богородица се паѓа во недела, со што ни пропаѓа еден неработен ден во годината.

Следниот празник е Денот на независноста на Македонија, 8 Септември, кој годинава се паѓа во четврток, па најсреќните ќе може да го спојат целиот викенд во мини одмор.

Последниот продолжен празничен викенд е во октомври. Неработен ден по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, е понеделник 24 октомври.

За сите граѓани неработни денови се Денот на народното востание 11 Октомври кој годинава се паѓа во вторник, и 8 Декември посветен на Св. Климент Охридски, кој годинава е во четврток.

За граѓаните од католичка вероисповед неработни се и 1 ноември (вторник), Празникот на сите светци, 25 декември (недела), првиот ден на Божик.

Програма на неработни денови за 2022 година

Во согласност со Законот за празниците на Република Македонија (Сл. весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2022 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ

1 јануари (сабота), Нова година,
7 јануари (петок), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,
1 мај (недела), Ден на трудот, односно 2 мај (понеделник) е неработен ден,
25 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
2 мај (понеделник), Рамазан бајрам, првиот ден на Рамазан бајрам,
24 мај (вторник), Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители,
2 август (вторник), Ден на Републиката,
8 септември (четврток), Ден на независноста,
11 октомври (вторник), Ден на народното востание,
23 октомври (недела), Ден на македонската револуционерна борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден,
8 декември (четврток), Св. Климент Охридски.
За граѓаните од православна вероисповед

6 јануари (четврток), Бадник, ден пред Божик,
19 јануари (среда), Богојавление (Водици),
22 април (петок), Велипеток, петок пред Велигден,
10 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед

18 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
1 ноември (вторник), Празникот на сите светци,
25 декември (недела), првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед

9 јули (сабота), Курбан бајрам, првиот ден на Курбан бајрам,
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 ноември (вторник), Ден на албанската азбука,
За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

27 јануари (четврток), Свети Сава,
За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

8 април (петок), Меѓународен ден на Ромите,
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

23 мај (понеделник), Национален ден на Власите,
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

5 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците,
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.

The post Следниот неработен ден ни „пропаѓа“ во недела, продолжен викенд дури во октомври appeared first on Република.

]]>

Големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица, секоја година се слави на ист ден - 28 август, кој е неработен за граѓаните од православна вероисповед. Сепак, годинава Голема Богородица се паѓа во недела, со што ни пропаѓа еден неработен ден во годината. Следниот празник е Денот на независноста на Македонија, 8 Септември, кој годинава се паѓа во четврток, па најсреќните ќе може да го спојат целиот викенд во мини одмор. Последниот продолжен празничен викенд е во октомври. Неработен ден по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, е понеделник 24 октомври. За сите граѓани неработни денови се Денот на народното востание 11 Октомври кој годинава се паѓа во вторник, и 8 Декември посветен на Св. Климент Охридски, кој годинава е во четврток. За граѓаните од католичка вероисповед неработни се и 1 ноември (вторник), Празникот на сите светци, 25 декември (недела), првиот ден на Божик.

Програма на неработни денови за 2022 година

Во согласност со Законот за празниците на Република Македонија (Сл. весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2022 година неработни денови се: За сите граѓани на РМ 1 јануари (сабота), Нова година, 7 јануари (петок), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, 1 мај (недела), Ден на трудот, односно 2 мај (понеделник) е неработен ден, 25 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, 2 мај (понеделник), Рамазан бајрам, првиот ден на Рамазан бајрам, 24 мај (вторник), Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители, 2 август (вторник), Ден на Републиката, 8 септември (четврток), Ден на независноста, 11 октомври (вторник), Ден на народното востание, 23 октомври (недела), Ден на македонската револуционерна борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден, 8 декември (четврток), Св. Климент Охридски. За граѓаните од православна вероисповед 6 јануари (четврток), Бадник, ден пред Божик, 19 јануари (среда), Богојавление (Водици), 22 април (петок), Велипеток, петок пред Велигден, 10 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). За граѓаните од католичка вероисповед 18 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, 1 ноември (вторник), Празникот на сите светци, 25 декември (недела), првиот ден на Божик. За граѓаните од муслиманска вероисповед 9 јули (сабота), Курбан бајрам, првиот ден на Курбан бајрам, За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ 22 ноември (вторник), Ден на албанската азбука, За граѓаните припадници на српската заедница во РМ 27 јануари (четврток), Свети Сава, За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ 8 април (петок), Меѓународен ден на Ромите, За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ 23 мај (понеделник), Национален ден на Власите, За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ 5 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур, За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците, За граѓаните припадници на турската заедница во РМ 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.

The post Следниот неработен ден ни „пропаѓа“ во недела, продолжен викенд дури во октомври appeared first on Република.

]]>
За овие 4 хороскопски февруари носи среќа и пари https://republika.mk/zivot/astro/za-ovie-4-horoskopski-fevruari-nosi-srekja-i-pari/ Thu, 03 Feb 2022 21:53:57 +0000 https://republika.mk/?p=452008

Февруари е месецот кој го означува крајот на зимата и е ветувачки во поглед на убавите промените и енергијата. Во февруари најсреќни ќе бидат знаците чија владејачка планета е Меркур. Проверете во продолжение за кои хороскопски знаци станува збор.

Близнаци

Меркур во февруари ќе им помогне на Близнаците во поглед на создавањето нови врски и воспоставувањето деловни контакти. Луѓето родени во овој знак ќе се стекнат со нови можности за учење, а Меркур значително ќе им ја подобри меморијата. Покрај тоа, ќе им помогне да стекнат и нови искуства. Што се однесува до финансиската состојба, претставниците на овој знак ги очекува среќа во втората половина од месецот.

Девица

Луѓето родени во овој знак ќе бидат најуспешните во февруари и ќе зрачат со најпозитивна енергија. Ќе постигнат големи успеси на работа, а истовремено ќе можат да се ослободат од здравствените проблеми. Ги очекува и хармонија во поглед на приватниот живот.

Вага

Луѓето кои припаѓаат на овој знак ќе имаат голема среќа во бракот. Нивната позитивна енергија ќе стане поотпорна на какви било надворешни влијанија. Покрај тоа, тие ќе добијат желба да се погрижат за сопствениот изглед. Во февруари Вагите ќе можат да покажат и умерена себичност бидејќи ќе настапи моментот кога можат да примаат, наместо да даваат.

Водолија

Меркур ќе премине во знакот Водолија токму во февруари, а тоа ќе им донесе среќа на луѓето родени во овој знак. На почетокот на месецот ќе стекнат поголема самодоверба и ќе станат похаризматични, а во втората половина од февруари ќе имаат поголема среќа во новите потфати. Според астролозите, претставниците на овој знак ќе најдат нова работа, ќе добијат можност да започнат сопствен бизнис, како и можност да ги развијат своите идеи и концепти.

The post За овие 4 хороскопски февруари носи среќа и пари appeared first on Република.

Паѓа во сабота: Oва е совршениот датум за свадба во 2022 година https://republika.mk/zivot/astro/pagja-vo-sabota-ova-e-sovrsheniot-datum-za-svadba-vo-2022-godina/ Sun, 23 Jan 2022 16:10:27 +0000 https://republika.mk/?p=448385

Следејќи го движењето на планетите и ѕвездите, како и затемнувањата кои следат, астролозите го одбраа совршениот период да се стапне на лудиот камен во 2022 година. Според астролозите, најдобар месец за свадби во 2022 година е април, a најдобар ден е последниот ден од месецот.

Зошто токму 30 април? На тој ден Венера и Јупитер ќе се спојат во Риби, нагласувајќи ја љубовта, единството и растот, а за тоа време ќе се случи првото затемнување во 2022 година во знакот Бик. Бидејќи Бикот е знак со кој владее Венера, акцентот на Венера ќе биде посебен во овој период.

Бидејќи Венера е планета на партнерството, астролозите веруваат дека нема подобар датум од 30 април за овој голем чекор во врската. Поради сите случувања, тој ден ќе има голем оптимизам во воздухот, што ќе се погрижи се да функционира и да е како остварување на сонот.

The post Паѓа во сабота: Oва е совршениот датум за свадба во 2022 година appeared first on Република.

]]>

Следејќи го движењето на планетите и ѕвездите, како и затемнувањата кои следат, астролозите го одбраа совршениот период да се стапне на лудиот камен во 2022 година. Според астролозите, најдобар месец за свадби во 2022 година е април, a најдобар ден е последниот ден од месецот. Зошто токму 30 април? На тој ден Венера и Јупитер ќе се спојат во Риби, нагласувајќи ја љубовта, единството и растот, а за тоа време ќе се случи првото затемнување во 2022 година во знакот Бик. Бидејќи Бикот е знак со кој владее Венера, акцентот на Венера ќе биде посебен во овој период. Бидејќи Венера е планета на партнерството, астролозите веруваат дека нема подобар датум од 30 април за овој голем чекор во врската. Поради сите случувања, тој ден ќе има голем оптимизам во воздухот, што ќе се погрижи се да функционира и да е како остварување на сонот.

The post Паѓа во сабота: Oва е совршениот датум за свадба во 2022 година appeared first on Република.

]]>
Астрологот Зоран Крстевски предвидува бурен период, но и можен крај на пандемијата https://republika.mk/zivot/astro/astrologot-zoran-krstevski-predviduva-buren-period-no-i-mozen-kraj-na-pandemijata/ Mon, 10 Jan 2022 08:07:54 +0000 https://republika.mk/?p=442393

За тоа што од астролошки аспект ќе ни донесе наредниот период и какви се шансите за надминување на актуелните состојби на глобално ниво, познатиот астролог, писател и филозоф Зоран Крстевски за „Нова Македонија“ вели дека фактот што Јупитер навлезе во знакот на риби, а Сатурн останува во знакот на водолија, можно е некои работи да тргнат на подобро, а други да продолжат да се движат кон негативна насока.

Тоа беше аспектот што на 24 декември се случи помеѓу планетата на старото и ограничувачкото, Сатурн, и планетата на новото и револуционерното, Уран, кој владее со знакот на водолија. Судирот на овие две спротивставени космички сили може да предизвика коренити промени на глобален план, кои, се надеваме, дека на крајот ќе излезат на добро. Сепак, првично нештата нема да бидат најидеални, туку исполнети со многу борби, искушенија и проблеми. Клучно е да согледаме до кој степен ќе оди пандемијата во прогресија, или, пак, ќе предизвика уште поголема криза, штета, напнатост и неизвесност поврзана со глобалните финансиски текови, вели астрологот.

Според Крстовски, тоа значи дека сѐ уште сме далеку од надминување на пандемијата и другите проблеми, како енергетска криза, економска рецесија, духовен пад...

Тоа значи дека нè очекуваат бурни периоди и состојби на живеење исполнети со страв, стрес и неизвесност. Сатурн во водолија влијае врз перспективата на планетата Земја, ги определува иднината и сето она што на некој начин ќе ја утврди судбината на човештвото. Водолијата е директно поврзана со глобалната тематика, со универзалните аспекти на постоењето и со хуманоста. Од позитивна гледна точка, Плутон владее со регенерацијата, трансформацијата и со будењето на човековите потенцијали. Тогаш кога сме отпишани на здравствен план, плутоновата енергија може да нè спаси од тешка болест, да нè избави од опасни искушенија и да нè однесе кон повисоката димензија на постоењето. Астролошки гледано, негативниот аспект помеѓу Сатурн и Плутон предизвика човештвото да се соочи со голема тегобност, со невидлива агресија и злокобност на коронавирусот и последиците од таа пандемија сè уште ги трпиме, додава тој.

The post Астрологот Зоран Крстевски предвидува бурен период, но и можен крај на пандемијата appeared first on Република.

Стефковски во посета на првите нови жители на општина Гази Баба за 2022 година https://republika.mk/vesti/skopje/stefkovski-vo-poseta-na-prvite-novi-ziteli-na-opshtina-gazi-baba-za-2022-godina/ Mon, 03 Jan 2022 13:34:48 +0000 https://republika.mk/?p=440039

Три машки бебиња се првите нови жители на општина Гази Баба во 2022 година, соопшти градоначалникот Бобан Стефковски кој утрово ги посети мајките и новороденчињата.

Среќна и бериќетна ќе биде новата 2022 година!
Утрово ги посетив првите нови жители на општина Гази Баба, кои се три машки бебиња.
Две се родени на 01.01.2022 година, додека едното е родено на 03.01.2022 година.
Им посакувам многу здравје, среќа и успех во животот, порача тој.

The post Стефковски во посета на првите нови жители на општина Гази Баба за 2022 година appeared first on Република.

]]>

Три машки бебиња се првите нови жители на општина Гази Баба во 2022 година, соопшти градоначалникот Бобан Стефковски кој утрово ги посети мајките и новороденчињата.
Среќна и бериќетна ќе биде новата 2022 година! Утрово ги посетив првите нови жители на општина Гази Баба, кои се три машки бебиња. Две се родени на 01.01.2022 година, додека едното е родено на 03.01.2022 година. Им посакувам многу здравје, среќа и успех во животот, порача тој.

The post Стефковски во посета на првите нови жители на општина Гази Баба за 2022 година appeared first on Република.

]]>