20 години Арт Поинт – Гумно Archives - Република https://republika.mk/tema/20-godini-art-point-gumno/ За подобро да се разбереме Sat, 17 Jun 2023 06:59:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 20 години Арт Поинт – Гумно Archives - Република https://republika.mk/tema/20-godini-art-point-gumno/ 32 32 „Арт Поинт – Гумно“ го почнува одбележувањето на 20-годишниот јубилеј https://republika.mk/vesti/kultura/art-point-gumno-go-pochnuva-odbelezhuvaneto-na-20-godishniot-jubilej/ Sat, 17 Jun 2023 07:44:41 +0000 https://republika.mk/?p=652338

Со ретроспективна изложба на дела од постојаната колекција на „Арт Поинт - Гумно“ од демирхисарското село Слоештица, што ќе биде поставена во Офицерскиот дом во Битола, Центарот вечер го почнува чествувањето на 20-годишното креативно делување.

- Поминаa точно две декади откако германскиот уметник Хубертус Хес претвори дел од старата дрвена ограда на чардакот во „Ангел чувар“ на гумното во Слојштица. Со ова, симболично отпочна делувањето на визионерската рожба на семејството Андреевски - меѓународниот центар за уметност и одржлив развој „Арт Поинт - Гумно“. Низ годиниве, на креативното гумно продефилираа, ни помалку, ни повеќе - 80 врвни уметници од целиот свет, соопшти „Арт Поинт - Гумно“.

Дел од извонредното уметничко богатство – 65 слики, скулптури и фотографии, низ кои провејува убавината што уметниците ја доживуваат за време на гостувањето, ќе бидат пренесени од гумното во Слоештица во Кристалната сала на Офицерскиот дом во Битола. Изложбата, како што е најавено, ќе ја отвори младата македонска писателка, уредник и преведувач Јулијана Величковска.

Планирано е на есен истата оваа поставка да биде претставена и пред скопската публика во МКЦ - Скопје.

Проектот е делумно поддржан од македонското Министерство за култура, а реализацијата на оваа изложба ја поддржа и КИЦ Офицерски дом – Битола.

Плакатот за изложбата е дизајниран од македонската уметница Јасмина Главинче.

Во рамки на одбележување на јубилејот, организаторите планираат и други настани.

The post „Арт Поинт – Гумно“ го почнува одбележувањето на 20-годишниот јубилеј appeared first on Република.

]]>

Со ретроспективна изложба на дела од постојаната колекција на „Арт Поинт - Гумно“ од демирхисарското село Слоештица, што ќе биде поставена во Офицерскиот дом во Битола, Центарот вечер го почнува чествувањето на 20-годишното креативно делување. - Поминаa точно две декади откако германскиот уметник Хубертус Хес претвори дел од старата дрвена ограда на чардакот во „Ангел чувар“ на гумното во Слојштица. Со ова, симболично отпочна делувањето на визионерската рожба на семејството Андреевски - меѓународниот центар за уметност и одржлив развој „Арт Поинт - Гумно“. Низ годиниве, на креативното гумно продефилираа, ни помалку, ни повеќе - 80 врвни уметници од целиот свет, соопшти „Арт Поинт - Гумно“. Дел од извонредното уметничко богатство – 65 слики, скулптури и фотографии, низ кои провејува убавината што уметниците ја доживуваат за време на гостувањето, ќе бидат пренесени од гумното во Слоештица во Кристалната сала на Офицерскиот дом во Битола. Изложбата, како што е најавено, ќе ја отвори младата македонска писателка, уредник и преведувач Јулијана Величковска. Планирано е на есен истата оваа поставка да биде претставена и пред скопската публика во МКЦ - Скопје. Проектот е делумно поддржан од македонското Министерство за култура, а реализацијата на оваа изложба ја поддржа и КИЦ Офицерски дом – Битола. Плакатот за изложбата е дизајниран од македонската уметница Јасмина Главинче. Во рамки на одбележување на јубилејот, организаторите планираат и други настани.

The post „Арт Поинт – Гумно“ го почнува одбележувањето на 20-годишниот јубилеј appeared first on Република.

]]>
Изложба 20 години Арт Поинт – Гумно: „Убавина уловена пред да исчезне“ https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-20-godini-art-point-gumno-ubavina-ulovena-pred-da-ischezne/ Fri, 16 Jun 2023 08:26:23 +0000 https://republika.mk/?p=651998

Со голема ретроспективна изложба на дела од постојаната колекција на Меѓународниот центар за уметност и одржлив развој, Арт Поинт – Гумно, од село Слоештица, Демир Хисар, што ќе биде поставена во Офицерскиот дом во Битола, започнува чествувањето на 20-годишното креативно делување на центарот.

Како што информираат организаторите, од гумното во Слојштица во Кристалната сала на Офицерскиот дом во Битола ќе бидат пренесени дел од извонредното уметничко богатство – 65 слики, скулптури и фотографии, а изложбата насловена „Убавина уловена пред да исчезне“ ќе ја отвори младата македонска писателка, уредник и преведувач - Јулијана Величковска.

Оттаму најавуваат дека оваа есен истата поставка ќе биде претставена и пред скопската публика, во Младинскиот културен центар во Скопје.

Паралелно со големото ретроспективно претставување, во рамките на прославата на јубилејот, ќе бидат организирани и неколку тематски изложби „Последните селани“ во Центарот за култура и релаксација „Еригон“ во Слоештица, во градската библиотека „Борка Талески“ - Прилеп ќе биде претставена драгоцената фото-документација за рурален Демир Хисар што низ годиниве ја направија претставниците на престижната Либеречка школа за фотографија од Чешка, а во галеријата во Слоештица, единствена уметничка галерија во едно македонско село, преку целата година ќе бидат организирани тематски изложби.

Низ годиниве, на креативното гумно кое претставува расадник за регрутирање на културни амбасадори за Македонија, продефилирале 80 врвни уметници од целиот свет.

Проектот е делумно поддржан од македонското Министерство за култура, а реализацијата на оваа изложба ја поддржа и КИЦ Офицерски дом – Битола.

The post Изложба 20 години Арт Поинт – Гумно: „Убавина уловена пред да исчезне“ appeared first on Република.

]]>

Со голема ретроспективна изложба на дела од постојаната колекција на Меѓународниот центар за уметност и одржлив развој, Арт Поинт – Гумно, од село Слоештица, Демир Хисар, што ќе биде поставена во Офицерскиот дом во Битола, започнува чествувањето на 20-годишното креативно делување на центарот. Како што информираат организаторите, од гумното во Слојштица во Кристалната сала на Офицерскиот дом во Битола ќе бидат пренесени дел од извонредното уметничко богатство – 65 слики, скулптури и фотографии, а изложбата насловена „Убавина уловена пред да исчезне“ ќе ја отвори младата македонска писателка, уредник и преведувач - Јулијана Величковска. Оттаму најавуваат дека оваа есен истата поставка ќе биде претставена и пред скопската публика, во Младинскиот културен центар во Скопје. Паралелно со големото ретроспективно претставување, во рамките на прославата на јубилејот, ќе бидат организирани и неколку тематски изложби „Последните селани“ во Центарот за култура и релаксација „Еригон“ во Слоештица, во градската библиотека „Борка Талески“ - Прилеп ќе биде претставена драгоцената фото-документација за рурален Демир Хисар што низ годиниве ја направија претставниците на престижната Либеречка школа за фотографија од Чешка, а во галеријата во Слоештица, единствена уметничка галерија во едно македонско село, преку целата година ќе бидат организирани тематски изложби. Низ годиниве, на креативното гумно кое претставува расадник за регрутирање на културни амбасадори за Македонија, продефилирале 80 врвни уметници од целиот свет. Проектот е делумно поддржан од македонското Министерство за култура, а реализацијата на оваа изложба ја поддржа и КИЦ Офицерски дом – Битола.

The post Изложба 20 години Арт Поинт – Гумно: „Убавина уловена пред да исчезне“ appeared first on Република.

]]>