2 вин Archives - Република https://republika.mk/tema/2-vin/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Oct 2024 10:45:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 2 вин Archives - Република https://republika.mk/tema/2-vin/ 32 32 Сите добивки ќе бидат исплатени: Престанува да работи платформата 2win.mk за игри на среќа https://republika.mk/vesti/makedonija/site-dobivki-ke-bidat-isplateni-prestanuva-da-raboti-platformata-2win-mk-za-igri-na-sreka/ Tue, 01 Oct 2024 10:45:04 +0000 https://republika.mk/?p=821358

Со Одлука на Владата, престанува правото за приредување интернет игри на среќа на Државна Видеолотарија. Согласно оваа Одлука, компанијата известува дека платформата 2win.mk мора да престане со прием на влогови во интернет игрите на среќа.

Ве информираме дека започнатите интернет игри на среќа ќе бидат обработени по нивното комплетирање, а евентуалните добивки ќе бидат исплатени. Средствата од сметките за интернет игри на среќа ќе бидат исплатени во целост на регистрираните банкарски сметки на платформата, во законскиот рок. По исплатата на средствата, платформата за интернет игри на среќа ќе остане достапна само со можност за увид во профилите и завршените игри и плаќања. Доколку имате невалидна банкарска сметка за исплата, ќе имате можност да доставите нова валидна банкарска сметка за комплетирање на исплатата – соопшти компанијата.

Оттаму додаваат дека како прв легален приредувач на интернет игри на среќа, кој го започнал работењето согласно закон и во законскиот рок, платформата 2win.mk во изминатите 10 години целосно и без исклучок, ја почитувала законската регулатива и уредбите на регулаторните тела.

Платформата 2win.mk се заблагодарува на укажаната доверба за изминативе 10 години. Веднаш по создавање на услови, платформата за интернет игри на среќа, 2win.mk ќе се врати во функција, додаваат од Видеолотарија.

За сите прашања, тимот на 2win.mk е достапен на контакт телефонските броеви и електронската пошта.

 

The post Сите добивки ќе бидат исплатени: Престанува да работи платформата 2win.mk за игри на среќа appeared first on Република.

]]>

Со Одлука на Владата, престанува правото за приредување интернет игри на среќа на Државна Видеолотарија. Согласно оваа Одлука, компанијата известува дека платформата 2win.mk мора да престане со прием на влогови во интернет игрите на среќа. Ве информираме дека започнатите интернет игри на среќа ќе бидат обработени по нивното комплетирање, а евентуалните добивки ќе бидат исплатени. Средствата од сметките за интернет игри на среќа ќе бидат исплатени во целост на регистрираните банкарски сметки на платформата, во законскиот рок. По исплатата на средствата, платформата за интернет игри на среќа ќе остане достапна само со можност за увид во профилите и завршените игри и плаќања. Доколку имате невалидна банкарска сметка за исплата, ќе имате можност да доставите нова валидна банкарска сметка за комплетирање на исплатата – соопшти компанијата. Оттаму додаваат дека како прв легален приредувач на интернет игри на среќа, кој го започнал работењето согласно закон и во законскиот рок, платформата 2win.mk во изминатите 10 години целосно и без исклучок, ја почитувала законската регулатива и уредбите на регулаторните тела. Платформата 2win.mk се заблагодарува на укажаната доверба за изминативе 10 години. Веднаш по создавање на услови, платформата за интернет игри на среќа, 2win.mk ќе се врати во функција, додаваат од Видеолотарија. За сите прашања, тимот на 2win.mk е достапен на контакт телефонските броеви и електронската пошта.  

The post Сите добивки ќе бидат исплатени: Престанува да работи платформата 2win.mk за игри на среќа appeared first on Република.

]]>