14 часа Archives - Република https://republika.mk/tema/14-chasa/ За подобро да се разбереме Sat, 18 Nov 2023 17:47:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 14 часа Archives - Република https://republika.mk/tema/14-chasa/ 32 32 Постот од 14 часа функционира: Нè прави поенергични и помалку гладни https://republika.mk/zivot/zdravje/postot-od-14-chasa-funktsionira-ne-pravi-poenergichni-i-pomalku-gladni/ Sat, 18 Nov 2023 17:47:04 +0000 https://republika.mk/?p=702971

Постот од 14 часа може да нè направи помалку гладни, поенергични и посреќни, покажа новото истражување на истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон.

Резултатите од истражувањето откриваат дека ограничувањето на консумацијата на храна на само 10 часа, на пример помеѓу 9 и 19 часот, има позитивен ефект врз расположението, енергијата и гладот.

Истражувачите користеле податоци од волонтери кои со помош на апликацијата „ZOE“ ја бележеле својата здравствена состојба. Учествувале повеќе од 37.000 луѓе кои јаделе нормално една недела, додека во следните две недели од нив било побарано да јадат само во одбраните 10 часа од денот.

Анализата открила дека оние кои постеле 14 часа дневно имале повеќе енергија, биле порасположени и помалку гладни.

Ова е најголемата студија спроведена надвор од строго контролирана средина која покажува дека наизменичното постење може да го подобри здравјето. Возбудливо е да се открие дека не мора да бидеме многу рестриктивни за да видиме позитивни резултати. 10-часовната временска рамка за јадење е толерантна за повеќето луѓе“, вели д-р Сара Бери.

Резимето на студијата беше претставено на Европската конференција за исхрана во Белград. Приврзаниците на наизменичното постење најчесто се одлучуваат за моделот 16:8, при што се пости 16 часа, додека 8 часа може да се јаде и пие што и да посакате.

The post Постот од 14 часа функционира: Нè прави поенергични и помалку гладни appeared first on Република.

]]>

Постот од 14 часа може да нè направи помалку гладни, поенергични и посреќни, покажа новото истражување на истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон. Резултатите од истражувањето откриваат дека ограничувањето на консумацијата на храна на само 10 часа, на пример помеѓу 9 и 19 часот, има позитивен ефект врз расположението, енергијата и гладот. Истражувачите користеле податоци од волонтери кои со помош на апликацијата „ZOE“ ја бележеле својата здравствена состојба. Учествувале повеќе од 37.000 луѓе кои јаделе нормално една недела, додека во следните две недели од нив било побарано да јадат само во одбраните 10 часа од денот. Анализата открила дека оние кои постеле 14 часа дневно имале повеќе енергија, биле порасположени и помалку гладни.