13 години затвор Archives - Република https://republika.mk/tema/13-godini-zatvor/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Mar 2022 13:31:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 13 години затвор Archives - Република https://republika.mk/tema/13-godini-zatvor/ 32 32 Руското обвинителство побара 13 години затвор за Навални https://republika.mk/vesti/svet/ruskoto-obvinitelstvo-pobara-13-godini-zatvor-za-navalni/ Tue, 15 Mar 2022 13:31:15 +0000 https://republika.mk/?p=473221

Руското обвинителство денеска побара 13 години затвор за најгласниот критичар на Кремљ и опозициски лидер, Алексеј Навални, обвинет за измама и непочитување на судот.

Четириесет и петгодишниот Навални веќе отслужува затворска казна од две и пол години.

Истражните органи го обвинуваат за проневера на милиони рубљи во вид на подароци дадени на неговите антикорупциски организации и поради „навреда на судот“ за време на едно од неговите претходни рочишта.

Во 2020 година Навални помина неколку месеци на лекување во Германија откако беше отруен со нервен агенс, за што го смета за одговорен рускиот претседател Владимир Путин.

Тој потоа беше уапсен во јануари 2021 година, откако се врати во земјата од Германија и беше осуден на две и пол години затвор за стар случај на проневера што датира од 2014 година. Таа пресуда предизвика многубројни осуди на Западот и санкции против Москва.

Во јуни 2021 година, судот ги прогласи неговите главни организации како „екстремистички“, што доведе до нивно затворање и кривично гонење на многу нивни активисти.

Навални, инаку остар критичар на Кремљ, досега во неколку наврати се изјасни против руската инвазија во Украина и ги повика своите поддржувачи да демонстрираат за мир и покрај ризиците од апсење и судско гонење.

The post Руското обвинителство побара 13 години затвор за Навални appeared first on Република.

]]>

Руското обвинителство денеска побара 13 години затвор за најгласниот критичар на Кремљ и опозициски лидер, Алексеј Навални, обвинет за измама и непочитување на судот. Четириесет и петгодишниот Навални веќе отслужува затворска казна од две и пол години. Истражните органи го обвинуваат за проневера на милиони рубљи во вид на подароци дадени на неговите антикорупциски организации и поради „навреда на судот“ за време на едно од неговите претходни рочишта. Во 2020 година Навални помина неколку месеци на лекување во Германија откако беше отруен со нервен агенс, за што го смета за одговорен рускиот претседател Владимир Путин. Тој потоа беше уапсен во јануари 2021 година, откако се врати во земјата од Германија и беше осуден на две и пол години затвор за стар случај на проневера што датира од 2014 година. Таа пресуда предизвика многубројни осуди на Западот и санкции против Москва. Во јуни 2021 година, судот ги прогласи неговите главни организации како „екстремистички“, што доведе до нивно затворање и кривично гонење на многу нивни активисти. Навални, инаку остар критичар на Кремљ, досега во неколку наврати се изјасни против руската инвазија во Украина и ги повика своите поддржувачи да демонстрираат за мир и покрај ризиците од апсење и судско гонење.

The post Руското обвинителство побара 13 години затвор за Навални appeared first on Република.

]]>