120 години од раѓањето Archives - Република https://republika.mk/tema/120-godini-od-raganeto/ За подобро да се разбереме Wed, 04 Sep 2024 08:58:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 120 години од раѓањето Archives - Република https://republika.mk/tema/120-godini-od-raganeto/ 32 32 120 години од раѓањето на Томо Владимирски, поетот на македонскиот пејсаж https://republika.mk/vesti/kultura/120-godini-od-raganeto-na-tomo-vladimirski-poetot-na-makedonskiot-pejsazh/ Wed, 04 Sep 2024 08:58:18 +0000 https://republika.mk/?p=812982

Во четврток на 5 септември 2024 година, во Национална Галерија, Даут-Пашин амам во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде отворена Јубилејна изложба по повод 120 години од раѓањето на Томо Владимирски.

Македонскиот модернизам, чија основа ја поставија неколкумина претставници на првата, основоположничка генерација образовани македонски ликовни уметници, започнува да се следи од крајот на втората и третата деценија на минатиот век, преку активности и изложби кои почнуваат да го носат „новиот“ модерен дух на развиените европски општества, имплементиран генерално низ активната соработка со северниот сосед. На таа генерација, која ја предводат Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Димитар Пандилов-Аврамовски, Димо Тодоровски, Вангел Коџоман и други, им се приклучува со мало задоцнување и Томо Владимирски. Неговиот мирен и ненаметлив карактер, умерен и посветен уметнички нерв, дисциплинираност и скромност, придонесуваат Владимирски да остави своја автентична трага во историјата на македонскиот модернизам. Неговиот квалитетен уметнички сензибилитет е забележан и високо оценет од локалната, но и од меѓународната критичка фела.

Во оваа пригода, по повод одбележување на јубилејот, ќе му се даде акцент на неговиот вистински печат и препознатливост, оној сижеен корпус со кој Владимирски оставил неизбришлива трага во македонската модерна основоположничка генерација, а тоа е пејзажот и неговиот специфичен македонски колорит.

Владимирски е поет на македонскиот пејзаж, сликар кој умеел да ја преточи убавината на македонските предели во прекрасни дела. Истовремено, тие се и сведоштво за односот на човекот кон природата кој забрзано се менува во современата констелација од развојот на нашата планета во кој доминира човекот – периодот наречен антропоцен. Со своето творештво тој остави трајни вредности кои се дел од националното културно богатство, како важен дел од развојот на македонскиот модернизам во ликовната уметност.

Куратор на проектот е д-р Ана Франговска, кустос советник.

 

The post 120 години од раѓањето на Томо Владимирски, поетот на македонскиот пејсаж appeared first on Република.

]]>

Во четврток на 5 септември 2024 година, во Национална Галерија, Даут-Пашин амам во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде отворена Јубилејна изложба по повод 120 години од раѓањето на Томо Владимирски. Македонскиот модернизам, чија основа ја поставија неколкумина претставници на првата, основоположничка генерација образовани македонски ликовни уметници, започнува да се следи од крајот на втората и третата деценија на минатиот век, преку активности и изложби кои почнуваат да го носат „новиот“ модерен дух на развиените европски општества, имплементиран генерално низ активната соработка со северниот сосед. На таа генерација, која ја предводат Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Димитар Пандилов-Аврамовски, Димо Тодоровски, Вангел Коџоман и други, им се приклучува со мало задоцнување и Томо Владимирски. Неговиот мирен и ненаметлив карактер, умерен и посветен уметнички нерв, дисциплинираност и скромност, придонесуваат Владимирски да остави своја автентична трага во историјата на македонскиот модернизам. Неговиот квалитетен уметнички сензибилитет е забележан и високо оценет од локалната, но и од меѓународната критичка фела. Во оваа пригода, по повод одбележување на јубилејот, ќе му се даде акцент на неговиот вистински печат и препознатливост, оној сижеен корпус со кој Владимирски оставил неизбришлива трага во македонската модерна основоположничка генерација, а тоа е пејзажот и неговиот специфичен македонски колорит. Владимирски е поет на македонскиот пејзаж, сликар кој умеел да ја преточи убавината на македонските предели во прекрасни дела. Истовремено, тие се и сведоштво за односот на човекот кон природата кој забрзано се менува во современата констелација од развојот на нашата планета во кој доминира човекот – периодот наречен антропоцен. Со своето творештво тој остави трајни вредности кои се дел од националното културно богатство, како важен дел од развојот на македонскиот модернизам во ликовната уметност. Куратор на проектот е д-р Ана Франговска, кустос советник.  

The post 120 години од раѓањето на Томо Владимирски, поетот на македонскиот пејсаж appeared first on Република.

]]>