120 години Илинден Archives - Република https://republika.mk/tema/120-godini-ilinden/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Aug 2023 11:50:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 120 години Илинден Archives - Република https://republika.mk/tema/120-godini-ilinden/ 32 32 Прославата на власта од друг агол https://republika.mk/tvitovi/proslavata-na-vlasta-od-drug-agol/ Thu, 03 Aug 2023 11:50:14 +0000 https://republika.mk/?p=668274

Прославата на Илинден на владата… Детски риденден има повеќе гости, само кловновите се тука.

The post Прославата на власта од друг агол appeared first on Република.

]]>

Прославата на Илинден на владата… Детски риденден има повеќе гости, само кловновите се тука.

The post Прославата на власта од друг агол appeared first on Република.

]]>
Делегација на СДСМ по повод Денот на Републиката оддаде почит на Пелинце https://republika.mk/vesti/makedonija/delegatsija-na-sdsm-po-povod-denot-na-republikata-oddade-pochit-na-pelintse/ Wed, 02 Aug 2023 10:48:54 +0000 https://republika.mk/?p=667882

По повод 2 Август - Денот на Републиката, пред Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, делегација на СДСМ предводена од потпретседателката на СДСМ, Бисера Костадиновска - Стојчевска, придружувана од пратеникот Мартин Костовски и членката на Извршниот одбор на СДСМ, Милена Стевановиќ, оддаде почит и положи свежо цвеќе.

The post Делегација на СДСМ по повод Денот на Републиката оддаде почит на Пелинце appeared first on Република.

Владина делегација предводена од министерот Спасовски по повод Илинден положи цвеќе пред Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце https://republika.mk/vesti/makedonija/vladina-delegatsija-predvodena-od-ministerot-spasovski-po-povod-ilinden-polozhi-tsveke-pred-memorijalniot-tsentar-asnom-vo-pelintse/ Wed, 02 Aug 2023 10:44:40 +0000 https://republika.mk/?p=667878

Делегација на Владата предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во чиј состав се министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова и министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, во рамки на државната програма по повод 2 Август- 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ - положија цвеќе во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.

Годинешното одбележување на Денот на Републиката е под мотото „120 години Илинден - Огниште на татковината“, а на свечената церемонија во Пелинце во организација на Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, преку положувањето цвеќе владините претставници оддадоа почит на хероите кои ги положија своите животи за нашата татковина, оставајќи аманет за чување на слободата и вечно сеќавање на остварениот копнеж за сопствена држава, на која борците на АСНОМ ги поставија цврстите темели.

Во рамки на државната програма во Пелинце обраќање на свечената церемонија на одбележувањето во Меморијалниот Центар АСНОМ во Пелинце имаше претседателот Пендаровски.

Во него претседателот Пендаровски истакна: „Од АСНОМ па до денес, се потврдува една иста вистина: тешко е да се дојде до слободна држава, но уште потешко е да се изгради и одржи слободно и праведно општество. Додека првото е дело на една генерација, второто станува обврска на сите наредни поколенија. Вистинската слобода зависи од владеењето на правото и социјалната правда, од поредок во кој правата на едните нема да бидат на сметка на правата на другите.“

По свечената церемонија во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, државна делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски, во чиј состав се потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, ќе остварат работна посета на Република Србија, а нивни домаќин на Прохор Пчињски ќе биде претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.

Притоа, во манастирот Прохор Пчињски ќе биде положено цвеќе од страна на македонската државната делегација и претставниците на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945.

The post Владина делегација предводена од министерот Спасовски по повод Илинден положи цвеќе пред Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце appeared first on Република.

]]>

Делегација на Владата предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во чиј состав се министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова и министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, во рамки на државната програма по повод 2 Август- 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ - положија цвеќе во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце. Годинешното одбележување на Денот на Републиката е под мотото „120 години Илинден - Огниште на татковината“, а на свечената церемонија во Пелинце во организација на Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, преку положувањето цвеќе владините претставници оддадоа почит на хероите кои ги положија своите животи за нашата татковина, оставајќи аманет за чување на слободата и вечно сеќавање на остварениот копнеж за сопствена држава, на која борците на АСНОМ ги поставија цврстите темели. Во рамки на државната програма во Пелинце обраќање на свечената церемонија на одбележувањето во Меморијалниот Центар АСНОМ во Пелинце имаше претседателот Пендаровски. Во него претседателот Пендаровски истакна: „Од АСНОМ па до денес, се потврдува една иста вистина: тешко е да се дојде до слободна држава, но уште потешко е да се изгради и одржи слободно и праведно општество. Додека првото е дело на една генерација, второто станува обврска на сите наредни поколенија. Вистинската слобода зависи од владеењето на правото и социјалната правда, од поредок во кој правата на едните нема да бидат на сметка на правата на другите.“ По свечената церемонија во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, државна делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски, во чиј состав се потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, ќе остварат работна посета на Република Србија, а нивни домаќин на Прохор Пчињски ќе биде претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. Притоа, во манастирот Прохор Пчињски ќе биде положено цвеќе од страна на македонската државната делегација и претставниците на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945.

The post Владина делегација предводена од министерот Спасовски по повод Илинден положи цвеќе пред Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце appeared first on Република.

]]>
Џафери: Време е по секоја цена да се донесе одлука за иднината, колку и да е тешка https://republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-vreme-e-po-sekoja-tsena-da-se-donese-odluka-za-idninata-kolku-i-da-e-teshka/ Wed, 02 Aug 2023 10:31:22 +0000 https://republika.mk/?p=667875

Европската идеја од пред 120 години од Крушевскиот манифест за слобода, обединување и просперитет е веќе на дофат. Сега, како што ви е, верувам, познато, Република Cеверна Македонија, граѓаните и во прв ред политичките фактори во земјата се пред уште една голема и одлучувачка одлука. Дали ќе продолжиме напред кон евроатлантското интегрирање на земјата, нешто за што сме се определиле како држава уште од осамостојувањето во 1991 година или ќе заглавиме на слепиот балкански колосек кој нѐ не води никаде, е избор што треба да се донесе со надминување на хировите, согледување на реалноста и излегување од тесните и себични партиски интереси кои ветуваат некаква друга иднина која и за најголемите оптимисти е нереална фатаморгана, порача денеска од Мечкин Камен претседателот на Собранието Талат Џафери.

Како што потенцира Џафери во обраќањето на големиот народен собир по повод државниот празник 2 Август, Денот на Републиката - Илинден, ова не се времиња за наивни надмудрувања кои ќе резултираат со крајно иреверзибилни последици од кои никој потоа нема да може да се извлече.

Време е за разум, време е за одговорност и висока свест и совест и да се донесе најдобрата одлука за иднината на државата и граѓаните. Колку и да е тешка, тоа е сепак државничка одлука и мора да се преземе одговорност. Дури и да биде тоа по цена на некој иден политички пораз, по цена на позитивни или негативни реперкусии сепак, иднината ќе потврди дали е донесена правилната одлука. Затоа што, во денешен контекст, ако ги анализираме некогашните историските одлуки, а ги имало многу, и тогаш имало такви кои сметале дека биле погрешни но, времето и актуелниот признат и почитуван статус на Република Cеверна Македонија во меѓународен контекст потврдува дека биле вистинските одлуки. Почнувајќи од референдумот за осамостојувањето во 1991, членството во Организацијата на обединетите нации, полноправното членство во НАТО Сојузот, со сите придобивки кои ги ползуваме како членка, подвлече Џафери.

Според него, имаме една заедничка држава и сите сме одговорни да ја чуваме и развиваме.

Патот по кој треба да чекориме е одамна детерминиран, уште од првите илинденци. Тие биле свесни дека само со надминување на тесната и себична рамка, со отворање на умот и силно прегрнување на благодетите кои ги нуди заедништвото, ќе бидеме пример за нова и додадена вредност во регионот и пошироко. Тоа е наш долг кон сите што се бореа за таква граѓанска држава и општество во кое новите генерации ќе живеат, растат, се образуваат и творат во слободна, независна, модерна и напредна земја во која со радост ќе го славиме сите заедно Илинден, во чест на сите револуционери кои имаа удел во создавањето на европска Република Cеверна Македонија, а ние ќе бидеме горди европски граѓани, истакна претседателот на Собранието.

Заеднишвото, дополни, нема цена.

Свртени сме еден кон друг и во добро и во лошо и верувајте, тоа заедништво - нема цена! „Цело е кога има сè!“, не е само празна флоскула. Цело е кога сите се задоволни, среќни, успешни, лојални и вредни, пред сѐ - со љубов кон татковината! А татковината е земјата во која ја градиш иднината, ги растеш своите деца, ги учиш да ја сакаат земјата која им дала сѐ: и почит, и праведност, и уживање на правото на образование на мајчин јазик, вработување, правичност, недискриминација, давање на еднакви можности и вреднување според истите тие еднакви можности, рече Џафери.

Тој се осврна и на придобивките од членството во НАТО, како и на поддршката што ја добиваше земјава од стратешките и меѓународните пријатели.

Зарем ќе можевме во актуелниот безбедносен контекст на европскиот континент да бидеме мирни ако не бевме под безбедносниот чадор на НАТО, најмоќниот воено-политички сојуз? Да не се залажуваме, никој не може да се одбрани сам, само сплотени со сиот напреден и демократски свет сме силни! Војната во Украина сите не увери колку брзо може да се промени состојбата на мир и стабилност и рапидно да се зголемат не само безбедносните, туку и економските, енергетските, прехранбените и други предизвици на континентот со кои што можеме да се справиме само ако сме дел од големото европско семејство. Не можеме да ја заборавиме материјалната, човечката, инфраструктурната и секаква друга поддршка која ја добивавме од нашите стратешки и меѓународни пријатели во време на здравствената криза со пандемијата на корона, во време на пожари, поплави и заштита на граничната линија при наплив на бегалци, нагласи собранискиот спикер.

Тој го почна обраќањето со потсетување дека пред 120 години во Крушево се запали огнот на борбата за слободна, независна и самостојна држава. Крушевскиот манифест, како што напомена Џафери, беше документот во кој авторот и водачите на Илинденското востание, Никола Карев, Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули и други знајни и незнајни херои покажаа дека имаат високо развиени цивилизациски вредности и принципи за заедништво, толеранција и почитување на човековите права и слободи, без разлика на вера, етничка припадност, пол или социјален статус. Пред повеќе од еден век, со визионерството што го имале, зборувале и се бореле за слобода, за правда, за почитување на човековите права, за соживот, толеранција и разбирање, за мултикултурно, мултиетничко и мултиконфесионално општество.

Законодавниот дом ја има честа оваа година да биде носител на активностите во самото срце на Крушевската Република, таму каде што и се запали првата искра во срцата на најхрабрите, искра која се распламти во оган на борбата за слободна, независна и самостојна држава. Поминале точно 120 години од тој ден за денес и всушност сиве денови околу овој голем датум за државотворноста да се случуваат убави настани и активности со кои се означува големината и значајноста на Илинден. И како и да не биде така? Крушевската Република, која навистина имаше краток, десетдневен век, сепак, беше индикатор и пресвртница во историјата на остварувањето на вековниот сон за слободна и независна држава. Беше показател и за нешто друго. Како што реков, во Крушево се запали огнот кој повторно пламна во екот на антифашистичката борба кога слободољубивите повторно застанаа на страната на доброто наспроти злото. Првото антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) во 1944 година, беше денот кога државата, прв пат во својата историја доби демократска власт под своето име, беше донесена Декларацијата за основните права на граѓаните. Тоа беше уште еден цврст столб врз кој што се градеше државотворноста на земјата. А третиот столб беше Референдумот од 8 септември 1991 година, кога народот одлучи за самостојност на државата и конечно градење на модерно, граѓанско општество, како дел од заедницата на најрелевантните нации на модерното време, рече Џафери во обраќањето.

Високата државна делегација, предводена од Џафери, која го чествува Илинден во Крушево, ја сочинуваат Миле Талески, Љупчо Балковски и Петар Ристески како претставници од Собранието, додека од Владата присутни се министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, како и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.

Делегацијата најпрво положи цвеќе на гробот на Никола Карев - Македониум, а потоа и на споменикот „На хероите на Слива“, по што присуствуваше и на Панихидата во храмот „Свети Никола“.

The post Џафери: Време е по секоја цена да се донесе одлука за иднината, колку и да е тешка appeared first on Република.

]]>

Европската идеја од пред 120 години од Крушевскиот манифест за слобода, обединување и просперитет е веќе на дофат. Сега, како што ви е, верувам, познато, Република Cеверна Македонија, граѓаните и во прв ред политичките фактори во земјата се пред уште една голема и одлучувачка одлука. Дали ќе продолжиме напред кон евроатлантското интегрирање на земјата, нешто за што сме се определиле како држава уште од осамостојувањето во 1991 година или ќе заглавиме на слепиот балкански колосек кој нѐ не води никаде, е избор што треба да се донесе со надминување на хировите, согледување на реалноста и излегување од тесните и себични партиски интереси кои ветуваат некаква друга иднина која и за најголемите оптимисти е нереална фатаморгана, порача денеска од Мечкин Камен претседателот на Собранието Талат Џафери. Како што потенцира Џафери во обраќањето на големиот народен собир по повод државниот празник 2 Август, Денот на Републиката - Илинден, ова не се времиња за наивни надмудрувања кои ќе резултираат со крајно иреверзибилни последици од кои никој потоа нема да може да се извлече.
Време е за разум, време е за одговорност и висока свест и совест и да се донесе најдобрата одлука за иднината на државата и граѓаните. Колку и да е тешка, тоа е сепак државничка одлука и мора да се преземе одговорност. Дури и да биде тоа по цена на некој иден политички пораз, по цена на позитивни или негативни реперкусии сепак, иднината ќе потврди дали е донесена правилната одлука. Затоа што, во денешен контекст, ако ги анализираме некогашните историските одлуки, а ги имало многу, и тогаш имало такви кои сметале дека биле погрешни но, времето и актуелниот признат и почитуван статус на Република Cеверна Македонија во меѓународен контекст потврдува дека биле вистинските одлуки. Почнувајќи од референдумот за осамостојувањето во 1991, членството во Организацијата на обединетите нации, полноправното членство во НАТО Сојузот, со сите придобивки кои ги ползуваме како членка, подвлече Џафери.
Според него, имаме една заедничка држава и сите сме одговорни да ја чуваме и развиваме.
Патот по кој треба да чекориме е одамна детерминиран, уште од првите илинденци. Тие биле свесни дека само со надминување на тесната и себична рамка, со отворање на умот и силно прегрнување на благодетите кои ги нуди заедништвото, ќе бидеме пример за нова и додадена вредност во регионот и пошироко. Тоа е наш долг кон сите што се бореа за таква граѓанска држава и општество во кое новите генерации ќе живеат, растат, се образуваат и творат во слободна, независна, модерна и напредна земја во која со радост ќе го славиме сите заедно Илинден, во чест на сите револуционери кои имаа удел во создавањето на европска Република Cеверна Македонија, а ние ќе бидеме горди европски граѓани, истакна претседателот на Собранието.
Заеднишвото, дополни, нема цена.
Свртени сме еден кон друг и во добро и во лошо и верувајте, тоа заедништво - нема цена! „Цело е кога има сè!“, не е само празна флоскула. Цело е кога сите се задоволни, среќни, успешни, лојални и вредни, пред сѐ - со љубов кон татковината! А татковината е земјата во која ја градиш иднината, ги растеш своите деца, ги учиш да ја сакаат земјата која им дала сѐ: и почит, и праведност, и уживање на правото на образование на мајчин јазик, вработување, правичност, недискриминација, давање на еднакви можности и вреднување според истите тие еднакви можности, рече Џафери.
  Тој се осврна и на придобивките од членството во НАТО, како и на поддршката што ја добиваше земјава од стратешките и меѓународните пријатели.
Зарем ќе можевме во актуелниот безбедносен контекст на европскиот континент да бидеме мирни ако не бевме под безбедносниот чадор на НАТО, најмоќниот воено-политички сојуз? Да не се залажуваме, никој не може да се одбрани сам, само сплотени со сиот напреден и демократски свет сме силни! Војната во Украина сите не увери колку брзо може да се промени состојбата на мир и стабилност и рапидно да се зголемат не само безбедносните, туку и економските, енергетските, прехранбените и други предизвици на континентот со кои што можеме да се справиме само ако сме дел од големото европско семејство. Не можеме да ја заборавиме материјалната, човечката, инфраструктурната и секаква друга поддршка која ја добивавме од нашите стратешки и меѓународни пријатели во време на здравствената криза со пандемијата на корона, во време на пожари, поплави и заштита на граничната линија при наплив на бегалци, нагласи собранискиот спикер.
Тој го почна обраќањето со потсетување дека пред 120 години во Крушево се запали огнот на борбата за слободна, независна и самостојна држава. Крушевскиот манифест, како што напомена Џафери, беше документот во кој авторот и водачите на Илинденското востание, Никола Карев, Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули и други знајни и незнајни херои покажаа дека имаат високо развиени цивилизациски вредности и принципи за заедништво, толеранција и почитување на човековите права и слободи, без разлика на вера, етничка припадност, пол или социјален статус. Пред повеќе од еден век, со визионерството што го имале, зборувале и се бореле за слобода, за правда, за почитување на човековите права, за соживот, толеранција и разбирање, за мултикултурно, мултиетничко и мултиконфесионално општество.
Законодавниот дом ја има честа оваа година да биде носител на активностите во самото срце на Крушевската Република, таму каде што и се запали првата искра во срцата на најхрабрите, искра која се распламти во оган на борбата за слободна, независна и самостојна држава. Поминале точно 120 години од тој ден за денес и всушност сиве денови околу овој голем датум за државотворноста да се случуваат убави настани и активности со кои се означува големината и значајноста на Илинден. И како и да не биде така? Крушевската Република, која навистина имаше краток, десетдневен век, сепак, беше индикатор и пресвртница во историјата на остварувањето на вековниот сон за слободна и независна држава. Беше показател и за нешто друго. Како што реков, во Крушево се запали огнот кој повторно пламна во екот на антифашистичката борба кога слободољубивите повторно застанаа на страната на доброто наспроти злото. Првото антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) во 1944 година, беше денот кога државата, прв пат во својата историја доби демократска власт под своето име, беше донесена Декларацијата за основните права на граѓаните. Тоа беше уште еден цврст столб врз кој што се градеше државотворноста на земјата. А третиот столб беше Референдумот од 8 септември 1991 година, кога народот одлучи за самостојност на државата и конечно градење на модерно, граѓанско општество, како дел од заедницата на најрелевантните нации на модерното време, рече Џафери во обраќањето.
Високата државна делегација, предводена од Џафери, која го чествува Илинден во Крушево, ја сочинуваат Миле Талески, Љупчо Балковски и Петар Ристески како претставници од Собранието, додека од Владата присутни се министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, како и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири. Делегацијата најпрво положи цвеќе на гробот на Никола Карев - Македониум, а потоа и на споменикот „На хероите на Слива“, по што присуствуваше и на Панихидата во храмот „Свети Никола“.

The post Џафери: Време е по секоја цена да се донесе одлука за иднината, колку и да е тешка appeared first on Република.

]]>
Мицкоски од Мечкин Камен: Илинден е темел на Македонија, тие се бореа за слобода, денешната борба е за достоинство и единство https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-od-mechkin-kamen-ilinden-e-temel-na-makedonija-tie-se-borea-za-sloboda-deneshnata-borba-e-za-dostoinstvo-i-edinstvo/ Wed, 02 Aug 2023 10:17:26 +0000 https://republika.mk/?p=667871

Од Мечкин Камен претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од негово лично и од името на партијата на сите граѓани во Македонија им го честиташе овој национален и државен празник, бидејќи, како што порача тој, Илинден за сите нас претставува темел на нашиот идентитет, борба за државност.

Ден за кој што многу наши браќа и сестри во минатото го положиле својот живот, ја дале својата крв за да можеме ние денеска слободно да живееме во независна држава Македонија. И овој ден Илинден претставува водилка како треба да живееме и како треба да ја чуваме нашата држава Македонија во иднина. А само тоа место Мечкин Камен одекнува и денеска, има големо и силно значење и денеска, затоа што во една нерамноправна борба четата на војводата Питу Гули борејќи се со повеќе броен аскер го положи својот живот, даде жртва за слободата која што ние денеска ја живееме. И денеска македонскиот народ, граѓаните во Македонија покажуваат пркост и знаат за што се борат, а се борат за својот идентитет, за својата држава и достоинствена иднина. Тоа е онаа порака која што денеска од мое име од името на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ од ова место од Мечкин Камен ја упатува до сите граѓани во Македонија. Денеска од претставниците на власта ќе слушнете многу изјави, но додека ги зборуваат тие изјави пред медиумите знајте дека под маса договораат дополнително да го распродадат македонскиот супстрат и македонскиот идентитет за ден повеќе во фотелјите и ден повеќе да можат да ја пљачкаат и крадат Македонија. Но, пораката за единство на македонскиот народ е пред и над се, и тоа е порака која што денеска ја упатуваме од овде, од Мечкин Камен, затоа што кога македонскиот народ, кога граѓаните во Македонија се единствени, дури ни таков тип на политичари немаат никаков ефект и ништо не можат да направат. Само единствени ќе дојдеме до посакуваната цел, а тоа е Македонија која што ќе биде просперитетна, Македонија мајка на сите граѓани, развиена, Европска земја, порача Мицкоски.

The post Мицкоски од Мечкин Камен: Илинден е темел на Македонија, тие се бореа за слобода, денешната борба е за достоинство и единство appeared first on Република.

„Оддаваме почит на хероите од двата Илиндена“: Делегација на ВМРО-ДПМНЕ положи цвеќиња во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/oddavame-pochit-na-heroite-od-dvata-ilindena-delegatsija-na-vmro-dpmne-polozhi-tsvekina-vo-skopje/ Wed, 02 Aug 2023 10:04:58 +0000 https://republika.mk/?p=667865

Делегација предводена од Марија Митева портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и Бојан Христовски претседателот на Градски Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, денеска по повод државниот празник 2-ри Август - Илинден положија свежо цвеќе пред споменикот на АСНОМ (Парк Жена борец), споменикот на Никола Карев (пред Собранието на Република Македонија), како и пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методиј Андонов Ченто (Плоштад „Македонија“).

Оддаваме почит на хероите од двата Илиндена, порачаа од партијата.

The post „Оддаваме почит на хероите од двата Илиндена“: Делегација на ВМРО-ДПМНЕ положи цвеќиња во Скопје appeared first on Република.

УМС на ВМРО-ДПМНЕ положи цвеќе на споменикот на Слободата – „Сила, слава и победа” на Тврдината Кале во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/ums-na-vmro-dpmne-polozhi-tsveke-na-spomenikot-na-slobodata-sila-slava-i-pobeda-na-tvrdinata-kale-vo-skopje/ Wed, 02 Aug 2023 10:02:14 +0000 https://republika.mk/?p=667864

Делегацијата предводена од Борис Шамбевски, претседател на Градскиот Комитет на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ заедно со потпретседателите на Градскиот Комитет на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Адриан Наумоски и Љупчо Ристески положија свежо цвеќе на Споменикот на Слободата-„Сила, слава и победа” на Тврдината Кале во Скопје.

The post УМС на ВМРО-ДПМНЕ положи цвеќе на споменикот на Слободата – „Сила, слава и победа” на Тврдината Кале во Скопје appeared first on Република.

Радев со честитка до Пендаровски за овој „голем и значаен настан од заедничкото историско и културно минато на Бугарија и Република Cеверна Македонија“. https://republika.mk/vesti/makedonija/radev-so-chestitka-do-pendarovski-za-ovoj-golem-i-znachaen-nastan-od-zaednichkoto-istorisko-i-kulturno-minato-na-bugarija-i-republika-ceverna-makedonija/ Wed, 02 Aug 2023 09:58:11 +0000 https://republika.mk/?p=667862

Шефот на државата Румен Радев упати честитка до претседателот Стево Пендаровски по повод државниот празник Илинден - Денот на Републиката, соопшти прес-службата на Радев

Бугарскиот претседател во честитката забележува дека годинава се одбележуваат 120 години од Илинденско-преображенското востание - „голем и значаен настан од заедничкото историско и културно минато на Бугарија и Република Cеверна Македонија“.

Целта и саможртвата на хероите од Илинденско-Преображенското востание е еден од мостовите низ времето што ги поврзува двете држави и нивните граѓани.Одразот на идеалите за слобода, еднаквост и братство на нашите предци денеска го препознаваме во основните права на Европската Унија, кон кои искрено посакуваме да се приклучите, посочува Румен Радев.

Радев ја изразил поддршката на Бугарија за „напорите на Република Cеверна Македонија за целосно спроведување на критериумите за членство, како и за сите преземени обврски и постигнати договори на патот на земјата кон ЕУ“.

Во честитката посочува и дека контактите меѓу народите на двете земји се важен начин за градење искрени добрососедски односи.

Тој забележува дека постигнатите договори меѓу „Бугарија и Република Cеверна Македонија за заедничко одбележување на настаните за нашата заедничка историја даваат одлична можност за зближување“.

Убеден сум дека заедно можеме и мораме да ги решиме отворените прашања во билатералните односи, што се очекува од нашите граѓани и е во име на нашата заедничка иднина во Обединета Европа, истакна и шефот на бугарската држава во честитката.

Стево Пендаровски државниот празник на земјава ќе го прослави во манастирот „Св. Прохор Пчински“, а ќе се сретне и со српскиот претседател Александар Вучиќ.

The post Радев со честитка до Пендаровски за овој „голем и значаен настан од заедничкото историско и културно минато на Бугарија и Република Cеверна Македонија“. appeared first on Република.

]]>

Шефот на државата Румен Радев упати честитка до претседателот Стево Пендаровски по повод државниот празник Илинден - Денот на Републиката, соопшти прес-службата на Радев Бугарскиот претседател во честитката забележува дека годинава се одбележуваат 120 години од Илинденско-преображенското востание - „голем и значаен настан од заедничкото историско и културно минато на Бугарија и Република Cеверна Македонија“.
Целта и саможртвата на хероите од Илинденско-Преображенското востание е еден од мостовите низ времето што ги поврзува двете држави и нивните граѓани.Одразот на идеалите за слобода, еднаквост и братство на нашите предци денеска го препознаваме во основните права на Европската Унија, кон кои искрено посакуваме да се приклучите, посочува Румен Радев.
Радев ја изразил поддршката на Бугарија за „напорите на Република Cеверна Македонија за целосно спроведување на критериумите за членство, како и за сите преземени обврски и постигнати договори на патот на земјата кон ЕУ“. Во честитката посочува и дека контактите меѓу народите на двете земји се важен начин за градење искрени добрососедски односи. Тој забележува дека постигнатите договори меѓу „Бугарија и Република Cеверна Македонија за заедничко одбележување на настаните за нашата заедничка историја даваат одлична можност за зближување“.
Убеден сум дека заедно можеме и мораме да ги решиме отворените прашања во билатералните односи, што се очекува од нашите граѓани и е во име на нашата заедничка иднина во Обединета Европа, истакна и шефот на бугарската држава во честитката.
Стево Пендаровски државниот празник на земјава ќе го прослави во манастирот „Св. Прохор Пчински“, а ќе се сретне и со српскиот претседател Александар Вучиќ.

The post Радев со честитка до Пендаровски за овој „голем и значаен настан од заедничкото историско и културно минато на Бугарија и Република Cеверна Македонија“. appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Горди сме на нашето минато и нема да дозволиме тоа некој да ни го погази или присвои https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-gordi-sme-na-nasheto-minato-i-nema-da-dozvolime-toa-nekoj-da-ni-go-pogazi-ili-prisvoi/ Wed, 02 Aug 2023 09:51:18 +0000 https://republika.mk/?p=667838

Горди сме на нашето минато и нема да дозволиме тоа некој да ни го погази или присвои.

Горди сме на нашите предци и на нивната саможртва да ја изградат Македонија. Тие се нашиот пример дека со сплотеност и одлучност можат да се постигнат сите цели.

Борбата за Македонија никогаш нема престане, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ за денешниот празник.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Горди сме на нашето минато и нема да дозволиме тоа некој да ни го погази или присвои appeared first on Република.

]]>

Горди сме на нашето минато и нема да дозволиме тоа некој да ни го погази или присвои. Горди сме на нашите предци и на нивната саможртва да ја изградат Македонија. Тие се нашиот пример дека со сплотеност и одлучност можат да се постигнат сите цели. Борбата за Македонија никогаш нема престане, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ за денешниот празник.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Горди сме на нашето минато и нема да дозволиме тоа некој да ни го погази или присвои appeared first on Република.

]]>
Пендаровски од Пелинце: Европските реформи ќе ни помогнат да го оствариме нашиот витален национален интерес – да ги мотивираме младите да останат во државава https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-od-pelintse-evropskite-reformi-ke-ni-pomognat-da-go-ostvarime-nashiot-vitalen-natsionalen-interes-da-gi-motivirame-mladite-da-ostanat-vo-drzhavava/ Wed, 02 Aug 2023 09:50:39 +0000 https://republika.mk/?p=667858

Да ги надминеме разликите, да се сплотиме околу итно започнување на преговорите, во спротивно ќе ги изгубиме младите кои се иселуваат. Потребни ни се европски реформи, кои ќе помогнат да го оствариме виталниот национален интерес, да ги мотивираме младите да останат во државава, порача претседателот на државата, Стево Пендаровски, на одбележување на 2 Август, во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце.

Пред присутните Пендаровски кажа младите беа вистинските двигатели на двата Илиндена, клучни за трансформациите во државата, но денес кажа се загрозено малцинство.

Со сегашното темпо на иселување, постои реална опасност многу бргу да ја достигнеме критичната демографска точка по која нема враќање. Доколку веднаш не му се застане на патот на овој опасен тренд и истиот не се успори со посветени политики и конкретна, во пракса реализирана стратегија за младите, нас нè очекува многу полоша иднина од онаа која во моментов ја антиципираме, кажа Пендаровски.

Зборувајќи за причините за иселувањето, Пендаровски рече дека младите заминуваат во туѓина, бидејќи се отуѓени во државата. Од независноста наваму, младите, како што рече, се пасивни приматели на политиките, нивната енергија се користи за теснопартиски цели, тие кажа, не веруваат дека со труд може да се напредуваат, туку со партиски книшки, роднински врски етничка припадност наместо знаење и квалитет.

Со тоа се отвора широка врата за корупцијата, а секоја коруптивна трансакција на пари и моќ воспоставува двојни стандарди, ја поништува еднаквоста пред законите, ја руши довербата во институциите и конечно, ја обезвреднува државата. Како најголем генератор на неправда и нееднаквост, корупцијата е една од главните причини за масовното иселување на младите. Иселувањето не е ништо друго освен конечен протест на младите генерации, кажа Пендаровски.

Претседателот додаде дека од АСНОМ, па до денес, се потврдува дека е тешко да се дојде до слободна држава, уште потешко да се изгради и одржи слободно и праведно општество, кое е обврска на сите генерации.

Затоа, нагласува, потребни се европски реформи, најбрз и најсигурен начин за суштински реформи, без како што рече, бирократски импровизации и партиски и бизнис-махинации се преговорите за членство во Европската Унија. Според него, интеграцијата ќе ја трансформира секоја општествена сфера, ќе овозможи градење на функционална правна држава со независен и ефикасен судски систем како предуслов за економски раст и одржлив развој.

Преговорите ќе ни помогнат да ја направиме корупцијата помалку општествено прифатлива, а културата на неказнивост да ја замениме со култура на одговорност и личен, морален интегритет. При тоа, треба да ни е јасно дека добра алтернатива за европските реформи – не постои! Надворешните пречки не смеат да бидат алиби за забавување на реформите. Напротив, мора да го мобилизираме секој сегмент од општеството во искоренување на корупцијата, непотизмот и криминалот. Уште поважно, токму европските реформи ќе ни помогнат да го оствариме нашиот витален национален интерес, а тој е, да ги мотивираме младите да останат во државава и да се вклучат во изградбата на европска Македонија, кажа претседателот.

Тој повика да се надминат разликите, сите да се сплотат околу започнување на преговорите, за да не се изгубат младите, без чија енергија е не е можно решавање на какви било прашања.

Делчев со право бил против избрзано востание што ќе доведе до големо крвопролевање. Тој не се залагал само за слобода на македонската земја, туку за слобода и на македонскиот народ, бидејќи не сакал земја без народ. Ако поради преурането востание, младата илинденска генерација беше безмалку десеткувана, денес, поради задоцнети европски реформи постои опасност нашата млада генерација да биде раселена, рече Пендаровски.

Говорејќи за младите востаници, илинденци асномците, рече дека историските извори сведочат дека младите се оние кои ја создадоа државата, се бореа за неа, предводеа револуции, демонстрации и дека поради борбата на млади антифашисти денес имаме држава.

Осврнувајќи се на историјата рече дека делегатите на АСНОМ го чествувале и Делчев и посветиле цело поглавје на младите и дека благодарение на младите антифашисти денес имаме држава.

Затоа, денес, на ден Илинден, сеќавајќи се на трите македонски републики – Крушевската од 1903-та, АСНОМ-ската од 1944 и независната од 1991 година, треба да бидеме свесни дека само од нас зависи дали четвртата македонска република ќе биде европска или емигрантска. За век и векови да го славиме, честит Илинден на сите Македонци и македонски граѓани!, рече Пендаровски.

Како што е најавено денеска во манастирот „Св. Прохор Пчински“, со почеток во 12:00 часот, претседателот Стево Пендаровски ќе положи свежо цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ во манастирот Прохор Пчински, во 12 часот, а ќе биде пречекан од претседателот на Србија, Александар Вучиќ и ќе остварат билатерална средба, по што се предвидени изјави за медиумите. 

The post Пендаровски од Пелинце: Европските реформи ќе ни помогнат да го оствариме нашиот витален национален интерес – да ги мотивираме младите да останат во државава appeared first on Република.

]]>

Да ги надминеме разликите, да се сплотиме околу итно започнување на преговорите, во спротивно ќе ги изгубиме младите кои се иселуваат. Потребни ни се европски реформи, кои ќе помогнат да го оствариме виталниот национален интерес, да ги мотивираме младите да останат во државава, порача претседателот на државата, Стево Пендаровски, на одбележување на 2 Август, во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце. Пред присутните Пендаровски кажа младите беа вистинските двигатели на двата Илиндена, клучни за трансформациите во државата, но денес кажа се загрозено малцинство.
Со сегашното темпо на иселување, постои реална опасност многу бргу да ја достигнеме критичната демографска точка по која нема враќање. Доколку веднаш не му се застане на патот на овој опасен тренд и истиот не се успори со посветени политики и конкретна, во пракса реализирана стратегија за младите, нас нè очекува многу полоша иднина од онаа која во моментов ја антиципираме, кажа Пендаровски.
Зборувајќи за причините за иселувањето, Пендаровски рече дека младите заминуваат во туѓина, бидејќи се отуѓени во државата. Од независноста наваму, младите, како што рече, се пасивни приматели на политиките, нивната енергија се користи за теснопартиски цели, тие кажа, не веруваат дека со труд може да се напредуваат, туку со партиски книшки, роднински врски етничка припадност наместо знаење и квалитет.
Со тоа се отвора широка врата за корупцијата, а секоја коруптивна трансакција на пари и моќ воспоставува двојни стандарди, ја поништува еднаквоста пред законите, ја руши довербата во институциите и конечно, ја обезвреднува државата. Како најголем генератор на неправда и нееднаквост, корупцијата е една од главните причини за масовното иселување на младите. Иселувањето не е ништо друго освен конечен протест на младите генерации, кажа Пендаровски.
Претседателот додаде дека од АСНОМ, па до денес, се потврдува дека е тешко да се дојде до слободна држава, уште потешко да се изгради и одржи слободно и праведно општество, кое е обврска на сите генерации. Затоа, нагласува, потребни се европски реформи, најбрз и најсигурен начин за суштински реформи, без како што рече, бирократски импровизации и партиски и бизнис-махинации се преговорите за членство во Европската Унија. Според него, интеграцијата ќе ја трансформира секоја општествена сфера, ќе овозможи градење на функционална правна држава со независен и ефикасен судски систем како предуслов за економски раст и одржлив развој.
Преговорите ќе ни помогнат да ја направиме корупцијата помалку општествено прифатлива, а културата на неказнивост да ја замениме со култура на одговорност и личен, морален интегритет. При тоа, треба да ни е јасно дека добра алтернатива за европските реформи – не постои! Надворешните пречки не смеат да бидат алиби за забавување на реформите. Напротив, мора да го мобилизираме секој сегмент од општеството во искоренување на корупцијата, непотизмот и криминалот. Уште поважно, токму европските реформи ќе ни помогнат да го оствариме нашиот витален национален интерес, а тој е, да ги мотивираме младите да останат во државава и да се вклучат во изградбата на европска Македонија, кажа претседателот.
Тој повика да се надминат разликите, сите да се сплотат околу започнување на преговорите, за да не се изгубат младите, без чија енергија е не е можно решавање на какви било прашања.
Делчев со право бил против избрзано востание што ќе доведе до големо крвопролевање. Тој не се залагал само за слобода на македонската земја, туку за слобода и на македонскиот народ, бидејќи не сакал земја без народ. Ако поради преурането востание, младата илинденска генерација беше безмалку десеткувана, денес, поради задоцнети европски реформи постои опасност нашата млада генерација да биде раселена, рече Пендаровски.
Говорејќи за младите востаници, илинденци асномците, рече дека историските извори сведочат дека младите се оние кои ја создадоа државата, се бореа за неа, предводеа револуции, демонстрации и дека поради борбата на млади антифашисти денес имаме држава. Осврнувајќи се на историјата рече дека делегатите на АСНОМ го чествувале и Делчев и посветиле цело поглавје на младите и дека благодарение на младите антифашисти денес имаме држава.
Затоа, денес, на ден Илинден, сеќавајќи се на трите македонски републики – Крушевската од 1903-та, АСНОМ-ската од 1944 и независната од 1991 година, треба да бидеме свесни дека само од нас зависи дали четвртата македонска република ќе биде европска или емигрантска. За век и векови да го славиме, честит Илинден на сите Македонци и македонски граѓани!, рече Пендаровски.
Како што е најавено денеска во манастирот „Св. Прохор Пчински“, со почеток во 12:00 часот, претседателот Стево Пендаровски ќе положи свежо цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ во манастирот Прохор Пчински, во 12 часот, а ќе биде пречекан од претседателот на Србија, Александар Вучиќ и ќе остварат билатерална средба, по што се предвидени изјави за медиумите. 

The post Пендаровски од Пелинце: Европските реформи ќе ни помогнат да го оствариме нашиот витален национален интерес – да ги мотивираме младите да останат во државава appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Одлучноста и обединувачкиот дух на Илинден 1903 и на АСНОМ 1944 се нашиот патоказ кон иднината https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-odluchnosta-i-obedinuvachkiot-duh-na-ilinden-1903-i-na-asnom-1944-se-nashiot-patokaz-kon-idninata/ Wed, 02 Aug 2023 09:47:31 +0000 https://republika.mk/?p=667854

Одлучноста и обединувачкиот дух на Илинден 1903 и на АСНОМ 1944, но и цврстата верба, истрајноста и упорноста со кои е создадено Огништето на нашата татковина, денес се нашиот патоказ кон иднината, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски на Скопската тврдина Кале по повод одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката.

Заложбите за автономна држава, што започнале со создавањето на Крушевската Република, ги реализирале хероите во Народно-ослободителната борба. Со Илинденското востание во 1903-та година е кренат гласот за слобода и правдини. Но, со НОБ и Првото заседание на АСНОМ во 1944-та, македонскиот народ ја извојува својата национална слобода и создава сопствена држава, со службен македонски јазик. Ова покажува колку е важна свеста за постоењето на стратешката цел и колку е важен континуитетот за нејзиното постигнување, нагласи премиерот.

Длабоките демократски принципи на кои се засновала Крушевската Република изразени во Крушевскиот манифест кој, како што рече, „јасно прокламира социјална, национална и верска еднаквост, не случајно денес се темелите на современа Република Cеверна Македонија“.

Крушевската Република траела само 10 дена, но била, е, и ќе биде симбол на државотворните стремежи на македонскиот народ и на македонската државност. На Крушевската Република и АСНОМ се надоврзуваат Народното Собрание на тогашни Народна Република Македонија и Собранието на Социјалистичка Република Македонија, како основи на првото повеќепартиско Собрание на Република Македонија, денешно Собрание на Република Cеверна Македонија, изјави Ковачевски.

И низ какви предизвици и да мина нашата држава во тридецениската независност, порача Ковачевски, инспирирани од храброста на илинденците и асномците, со државничко постапување на Собранието, донесени се сите клучни одлуки за државата до денес.

Изборот на првата Влада, одлуката за историскиот референдум во 1991-та година, по што е прогласена самостојна и суверена Република Македонија. Донесувањето на Уставот како највисок државно-правен акт со што се заокружува долгиот историски процес на конституирање на државата. Одлуката за членство на државата во Обединетите нации. Распишувањето на првите парламентарни избори по независноста. Одлуката за засилена внатрешната интеграција на етничките заедници преку Охридскиот договор. И конечно одлуката за нашето членството во НАТО со што по долги години чекање и изолација, остваривме една од двете стартешки цели на нашата држава, поставени од првиот ден од независноста, рече Ковачевски.

Ковачевски продолжи со зборовите „денес Република Cеверна Македонија е 30-та полноправна членка на НАТО Алијансата. Со отворени перспективи до 2030 година, да ја оствари и другата стратешка цел – членството во Европската Унија“.

И денес Републиката има потреба од нова државничка одлука на денешната генерација народни избраници, со што државата и граѓаните ќе продолжат по зацртаниот пат на напредокот. И денес е потребно да се свртиме кон аманетот кој ни го имаат оставено илинденците и аснимците. Иако порано историјата го оценувала кревањето на Илинденското востание како преурането, денес на него се гледа како неминовно и неопходно. Благодарение на тоа, ние денес имаме своја држава, единствена, македонска држава. Наше огниште, потенцира Ковачевски.

Илинденците и асномците, како што рече, знаеле дека вреди секој направен чекор напред за македонската државност и затоа нивните одлуки нѐ обврзуваат да одиме напред, одлучно и храбро. Додаде дека порано битките биле на бојно поле, а денес тоа е дипломатското поле.

Како рамноправна членка на заедничката масата на НАТО, го осигуравме територијалниот интегритет. Успеавме да седнеме и на европската маса и да го отвориме преговарачкиот процес, поставувајки го македонскот јазик на исто рамниште со другите официјални европски јазици. За тоа е доказ потпишаниот договор со Европската комисија за ФРОНТЕКС на македонски јазик. Како и преведувањето на целото европско законодавство на македонски јазик, кој што е во тек, рече Ковачевски.

Според него, оваа Влада постапила по аманетот на илинденските и асномците, дека правата се штитат на рамноправен терен. Седнати на иста маса заедно со останатите европски земји и светски сили. И сите кои во следниот период ќе носат важни одлуки за граѓаните и државата, треба да постапат по истиот аманет.

Дали ќе ја следиме визијата и храброста на илинденците и асномците и ќе градиме европска држава, интегрирана во големотот европско семејство, или пак ќе останеме сами и изолирани, е само наша одлука. Секој кој сака да се повикува на патриотизмот во претстојните одлуки кои треба да обезбедат континуитет на прогресот, поставен со Илинден и АСНОМ, нека погледне длабоко во себе и нека погледне добро пред себе. Илинден и АСНОМ ги одликува одлучност, а не откажување. Затоа што само откажувањето е пораз. Одлучноста е победа, бидејки е заснована на верба, нагласи тој.

Огништето на Татковината, како што рече, значи полни домови, насмеани деца, мотивирани млади луѓе, значи среќни луѓе.

Ако сонот на граѓаните и особено на младите луѓе во државава е да живеат во европска држава, тогаш нека е тоа тука, во родната земја! Огништето на татковината, кое е создадено во пламен и со крв, да го сочуваме! Да не се случи да остане празно! За да има кој да пишува, да твори, да говори на македонски јазик. Затоа што, како што вели Блаже Конески: Јазикот е нашата единствена татковина. И сè додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште, потенцира Ковачевски.

Според него, од изолирана држава, по цела деценија,„ со мудри, храбри и одважни одлуки, успеавме да ја обновиме и засилиме меѓународната поддршка, како никогаш досега“. Додаде дека затоа што знаеме колку тешка борба беше тоа, „денес будно го чуваме нашето исконско македонско и нашата мултиетничка држава, која што е препознаена како функционална мултиетничка демократија, пример во регионот и во Европа“.

Нагласи дека тоа го правиме како Македонци, со промоцијата на македонскиот јазик и идентитет и со почитување на правата на сите другите етнички заедници: Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и сите други кој живеат тука во ова држава заедно со векови.

И нема за што да бидеме загрижени, бидејки, оваа наша македонска држава, успешна мултиетничка приказна ѝ е подеднакво потребна на Европа, како што нам ни потребна ЕУ. Секој момент е добра можност да се направи нешто добро за својата државаа и за својот народ. Поучени од заедништвото и решителноста на Илинден и АСНОМ, имаме обрска да постапиме и ние како генерации на денешнината, како што ни доликува. Да носиме одлуки што прават пат напред за идните генерации, порача Ковачевски.

Според него, да си ја сакаш државата значи да се бориш и да се избориш за нејзините перспективите и за перспективите на граѓаните.

Така е добиена битката за слобода. За своја македонска држава. За свој македонски јазик. За признавање на македонскиот идентитет. Обединети ја добивме битката за членство во НАТО. Обединети можеме да ја добиеме и следната битка, полноправното членство во Европската Унија. Тоа го направивме со поуките од минатото и со поглед кон иднината. Со чекори напред, а не со чекори назад, рече Ковачевски.

Според него, надминувањето на стравовите води кон раст, развој и напредок. Кон потврдување на вербата во себе и кон чувство на слобода за следните чекори напред.

Нашето место не е назад во изолација, туку напред во европското семејство на народи и државите, со кои културно се натпреваруваме, како што и го видел светот уште пред повеќе од еден век, великанот и инспиратор на македонското револуционерно дело и државноста, Гоце Делчев. По трнлив пат, со безброј предизвици, однадвор и одвнатре, кој што сè уште ги има, но и со големиот влог на низа одговорни генерации кон својата татковина, кон младите и кон идните поколенија, денес сме дел од демократските сојузи на народи и држави, по патот на напредокот, рече Ковачевски.

Поуката од минатото, како што рече, е дека иднината зависи еднинствено од изборот што го правиме денес. Порача тој избор да не бидат предрасуди, туку Огништето, нашата Татковина и за доброто на сите.

Годинава под слоганот „120 години Илинден - Огниште на татковината“ се одбележува 2 Август, Денот на Републиката- Илинден. Чествувањето на празникот почна утрово кога владина делегација предводена од министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски  и заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ положија цвеќе на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена Борец“ во Скопје, на споменикот на Никола Карев пред Собранието и на спомен- обележјето на Методија Андонов- Ченто на Градскиот плоштад.

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска положи цвеќе пред Споменикот на Слободата -„Сила, слава и победа“ на Тврдината Кале. Ковачевски ја предводеше владината делегација, во чиј состав се првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори Фатмир Битиќи, министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Цвеќе положија и претставници на повеќе институции, дипломатскиот кор, политички партии, невладини здруженија... Се одржа и празнична културно-уметничка програма.

The post Ковачевски: Одлучноста и обединувачкиот дух на Илинден 1903 и на АСНОМ 1944 се нашиот патоказ кон иднината appeared first on Република.

]]>

Одлучноста и обединувачкиот дух на Илинден 1903 и на АСНОМ 1944, но и цврстата верба, истрајноста и упорноста со кои е создадено Огништето на нашата татковина, денес се нашиот патоказ кон иднината, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски на Скопската тврдина Кале по повод одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката.
Заложбите за автономна држава, што започнале со создавањето на Крушевската Република, ги реализирале хероите во Народно-ослободителната борба. Со Илинденското востание во 1903-та година е кренат гласот за слобода и правдини. Но, со НОБ и Првото заседание на АСНОМ во 1944-та, македонскиот народ ја извојува својата национална слобода и создава сопствена држава, со службен македонски јазик. Ова покажува колку е важна свеста за постоењето на стратешката цел и колку е важен континуитетот за нејзиното постигнување, нагласи премиерот.
Длабоките демократски принципи на кои се засновала Крушевската Република изразени во Крушевскиот манифест кој, како што рече, „јасно прокламира социјална, национална и верска еднаквост, не случајно денес се темелите на современа Република Cеверна Македонија“.
Крушевската Република траела само 10 дена, но била, е, и ќе биде симбол на државотворните стремежи на македонскиот народ и на македонската државност. На Крушевската Република и АСНОМ се надоврзуваат Народното Собрание на тогашни Народна Република Македонија и Собранието на Социјалистичка Република Македонија, како основи на првото повеќепартиско Собрание на Република Македонија, денешно Собрание на Република Cеверна Македонија, изјави Ковачевски.
И низ какви предизвици и да мина нашата држава во тридецениската независност, порача Ковачевски, инспирирани од храброста на илинденците и асномците, со државничко постапување на Собранието, донесени се сите клучни одлуки за државата до денес.
Изборот на првата Влада, одлуката за историскиот референдум во 1991-та година, по што е прогласена самостојна и суверена Република Македонија. Донесувањето на Уставот како највисок државно-правен акт со што се заокружува долгиот историски процес на конституирање на државата. Одлуката за членство на државата во Обединетите нации. Распишувањето на првите парламентарни избори по независноста. Одлуката за засилена внатрешната интеграција на етничките заедници преку Охридскиот договор. И конечно одлуката за нашето членството во НАТО со што по долги години чекање и изолација, остваривме една од двете стартешки цели на нашата држава, поставени од првиот ден од независноста, рече Ковачевски.
Ковачевски продолжи со зборовите „денес Република Cеверна Македонија е 30-та полноправна членка на НАТО Алијансата. Со отворени перспективи до 2030 година, да ја оствари и другата стратешка цел – членството во Европската Унија“.
И денес Републиката има потреба од нова државничка одлука на денешната генерација народни избраници, со што државата и граѓаните ќе продолжат по зацртаниот пат на напредокот. И денес е потребно да се свртиме кон аманетот кој ни го имаат оставено илинденците и аснимците. Иако порано историјата го оценувала кревањето на Илинденското востание како преурането, денес на него се гледа како неминовно и неопходно. Благодарение на тоа, ние денес имаме своја држава, единствена, македонска држава. Наше огниште, потенцира Ковачевски.
Илинденците и асномците, како што рече, знаеле дека вреди секој направен чекор напред за македонската државност и затоа нивните одлуки нѐ обврзуваат да одиме напред, одлучно и храбро. Додаде дека порано битките биле на бојно поле, а денес тоа е дипломатското поле.
Како рамноправна членка на заедничката масата на НАТО, го осигуравме територијалниот интегритет. Успеавме да седнеме и на европската маса и да го отвориме преговарачкиот процес, поставувајки го македонскот јазик на исто рамниште со другите официјални европски јазици. За тоа е доказ потпишаниот договор со Европската комисија за ФРОНТЕКС на македонски јазик. Како и преведувањето на целото европско законодавство на македонски јазик, кој што е во тек, рече Ковачевски.
Според него, оваа Влада постапила по аманетот на илинденските и асномците, дека правата се штитат на рамноправен терен. Седнати на иста маса заедно со останатите европски земји и светски сили. И сите кои во следниот период ќе носат важни одлуки за граѓаните и државата, треба да постапат по истиот аманет.
Дали ќе ја следиме визијата и храброста на илинденците и асномците и ќе градиме европска држава, интегрирана во големотот европско семејство, или пак ќе останеме сами и изолирани, е само наша одлука. Секој кој сака да се повикува на патриотизмот во претстојните одлуки кои треба да обезбедат континуитет на прогресот, поставен со Илинден и АСНОМ, нека погледне длабоко во себе и нека погледне добро пред себе. Илинден и АСНОМ ги одликува одлучност, а не откажување. Затоа што само откажувањето е пораз. Одлучноста е победа, бидејки е заснована на верба, нагласи тој.
Огништето на Татковината, како што рече, значи полни домови, насмеани деца, мотивирани млади луѓе, значи среќни луѓе.
Ако сонот на граѓаните и особено на младите луѓе во државава е да живеат во европска држава, тогаш нека е тоа тука, во родната земја! Огништето на татковината, кое е создадено во пламен и со крв, да го сочуваме! Да не се случи да остане празно! За да има кој да пишува, да твори, да говори на македонски јазик. Затоа што, како што вели Блаже Конески: Јазикот е нашата единствена татковина. И сè додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште, потенцира Ковачевски.
Според него, од изолирана држава, по цела деценија,„ со мудри, храбри и одважни одлуки, успеавме да ја обновиме и засилиме меѓународната поддршка, како никогаш досега“. Додаде дека затоа што знаеме колку тешка борба беше тоа, „денес будно го чуваме нашето исконско македонско и нашата мултиетничка држава, која што е препознаена како функционална мултиетничка демократија, пример во регионот и во Европа“. Нагласи дека тоа го правиме како Македонци, со промоцијата на македонскиот јазик и идентитет и со почитување на правата на сите другите етнички заедници: Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и сите други кој живеат тука во ова држава заедно со векови.
И нема за што да бидеме загрижени, бидејки, оваа наша македонска држава, успешна мултиетничка приказна ѝ е подеднакво потребна на Европа, како што нам ни потребна ЕУ. Секој момент е добра можност да се направи нешто добро за својата државаа и за својот народ. Поучени од заедништвото и решителноста на Илинден и АСНОМ, имаме обрска да постапиме и ние како генерации на денешнината, како што ни доликува. Да носиме одлуки што прават пат напред за идните генерации, порача Ковачевски.
Според него, да си ја сакаш државата значи да се бориш и да се избориш за нејзините перспективите и за перспективите на граѓаните.
Така е добиена битката за слобода. За своја македонска држава. За свој македонски јазик. За признавање на македонскиот идентитет. Обединети ја добивме битката за членство во НАТО. Обединети можеме да ја добиеме и следната битка, полноправното членство во Европската Унија. Тоа го направивме со поуките од минатото и со поглед кон иднината. Со чекори напред, а не со чекори назад, рече Ковачевски.
Според него, надминувањето на стравовите води кон раст, развој и напредок. Кон потврдување на вербата во себе и кон чувство на слобода за следните чекори напред.
Нашето место не е назад во изолација, туку напред во европското семејство на народи и државите, со кои културно се натпреваруваме, како што и го видел светот уште пред повеќе од еден век, великанот и инспиратор на македонското револуционерно дело и државноста, Гоце Делчев. По трнлив пат, со безброј предизвици, однадвор и одвнатре, кој што сè уште ги има, но и со големиот влог на низа одговорни генерации кон својата татковина, кон младите и кон идните поколенија, денес сме дел од демократските сојузи на народи и држави, по патот на напредокот, рече Ковачевски.
Поуката од минатото, како што рече, е дека иднината зависи еднинствено од изборот што го правиме денес. Порача тој избор да не бидат предрасуди, туку Огништето, нашата Татковина и за доброто на сите. Годинава под слоганот „120 години Илинден - Огниште на татковината“ се одбележува 2 Август, Денот на Републиката- Илинден. Чествувањето на празникот почна утрово кога владина делегација предводена од министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски  и заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ положија цвеќе на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена Борец“ во Скопје, на споменикот на Никола Карев пред Собранието и на спомен- обележјето на Методија Андонов- Ченто на Градскиот плоштад. Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска положи цвеќе пред Споменикот на Слободата -„Сила, слава и победа“ на Тврдината Кале. Ковачевски ја предводеше владината делегација, во чиј состав се првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори Фатмир Битиќи, министерката за одбрана Славјанка Петровска. Цвеќе положија и претставници на повеќе институции, дипломатскиот кор, политички партии, невладини здруженија... Се одржа и празнична културно-уметничка програма.

The post Ковачевски: Одлучноста и обединувачкиот дух на Илинден 1903 и на АСНОМ 1944 се нашиот патоказ кон иднината appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Да останеме верни на вредностите на двата Илиндени, горди и признаени да ја живееме европската иднина https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-da-ostaneme-verni-na-vrednostite-na-dvata-ilindeni-gordi-i-priznaeni-da-ja-zhiveeme-evropskata-idnina/ Wed, 02 Aug 2023 09:39:29 +0000 https://republika.mk/?p=667852

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ упати честитка по повод големиот државен празник Илинден - Денот на Републиката, до сите македонски граѓани, со желба за напредок на државата и просперитет на сите полиња и подобар живот за граѓаните.

Денес го прославуваме еден од најзначајните празници на македонскиот народ, ги чествуваме македонскиот идентитет, македонската државност и мултикултурното заедништво во нашата татковина.
120 години после крушевскиот Илинден и 79 години после АСНОМ-скиот Илинден, подготвени сме со умеење и знаење да ја внесеме нашата македонска држава во Унијата која ги почитува идентитетските белези, разликите и современите вредности на модерното живеење, истакнува Маричиќ.

Илинденските идеали и денеска, како што нагласува Маричиќ, повикуваат на државност, одлучност и единство пред новите предизвици.

Патот што го избрале илинденците е стремеж кон иднината, кој водел кон победа и успех. Сега нам ни е редот, да останеме верни на вредностите на двата Илиндени и горди и признаени да ја живееме европската иднина, истакнува Маричиќ во честитката.

Тој посочува дека денес живееме во време кога сме обврзани со нашите одлуки и здружената посветеност на нашиот народ да градиме држава по европски терк.

Со желба и увереност за прославување на нови важни моменти од нашата интеграција, го честитам празникот Илинден, големиот македонски празник. Во духот на Илинден, посакувам нашиот народ да стане дел од Европската Унија, да доживува просперитет на полето на културата, економијата, образованието, социјалната политика и да имаме подобар заеднички живот. Нека ни е честит Илинден на сите македонски граѓани, стои во честитката на вицепремиерот Маричиќ.

The post Маричиќ: Да останеме верни на вредностите на двата Илиндени, горди и признаени да ја живееме европската иднина appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ упати честитка по повод големиот државен празник Илинден - Денот на Републиката, до сите македонски граѓани, со желба за напредок на државата и просперитет на сите полиња и подобар живот за граѓаните.
Денес го прославуваме еден од најзначајните празници на македонскиот народ, ги чествуваме македонскиот идентитет, македонската државност и мултикултурното заедништво во нашата татковина. 120 години после крушевскиот Илинден и 79 години после АСНОМ-скиот Илинден, подготвени сме со умеење и знаење да ја внесеме нашата македонска држава во Унијата која ги почитува идентитетските белези, разликите и современите вредности на модерното живеење, истакнува Маричиќ.
Илинденските идеали и денеска, како што нагласува Маричиќ, повикуваат на државност, одлучност и единство пред новите предизвици.
Патот што го избрале илинденците е стремеж кон иднината, кој водел кон победа и успех. Сега нам ни е редот, да останеме верни на вредностите на двата Илиндени и горди и признаени да ја живееме европската иднина, истакнува Маричиќ во честитката.
Тој посочува дека денес живееме во време кога сме обврзани со нашите одлуки и здружената посветеност на нашиот народ да градиме држава по европски терк.
Со желба и увереност за прославување на нови важни моменти од нашата интеграција, го честитам празникот Илинден, големиот македонски празник. Во духот на Илинден, посакувам нашиот народ да стане дел од Европската Унија, да доживува просперитет на полето на културата, економијата, образованието, социјалната политика и да имаме подобар заеднички живот. Нека ни е честит Илинден на сите македонски граѓани, стои во честитката на вицепремиерот Маричиќ.

The post Маричиќ: Да останеме верни на вредностите на двата Илиндени, горди и признаени да ја живееме европската иднина appeared first on Република.

]]>
Коцарев: Македонци, потребен ни е трет Илинден https://republika.mk/vesti/makedonija/kotsarev-makedontsi-potreben-ni-e-tret-ilinden/ Tue, 01 Aug 2023 13:53:51 +0000 https://republika.mk/?p=667677

Во пресрет на Илинден, најголемиот национален и државен празник за Македонците – празникот што претставува симбол на непокорот на македонскиот народ, ве повикувам заедно да упатиме молитва за Македонија, за Македонците, а притоа да не заборавиме дека зборот „Македонија“ подразбира, прво, просторен и милениумски континуитет на македонскиот јазик, идентитет и народ и, второ, македонскиот национален супстрат го сочинуваат Македонците што живеат во државата Македонија, во соседството и низ целиот свет, пишува академик Љупчо Коцарев, претседателот на Македонската академија на науки и уметности, во својата колумна со наслов „И словата за Словото треперат: Илинден, сто дваесет години подоцна“ за весникот „Нова Македонија“.

Темни облаци надвиснале над Македонија и само Илија Громовникот може да ги растера. Првиот Илинден: Илинденското востание од 1903 година, ги симболизира слободата, еднаквоста и братството (liberté, égalité, fraternité), додека, пак, Вториот Илинден означува, според зборовите на Панко Брашнаров, сведок и на Првиот и на Вториот Илинден, дека Вториот Илинден е „последниот Илинден на неслободна Македонија“, па, така, со него се градат „темелите на македонската држава“. Зборовите „последниот Илинден на неслободна Македонија“ одекнуваат, татнат со невидена жестина, особено зборот ПОСЛЕДНИОТ, но, за жал, сведоци сме дека, денес, триесетина години од прогласувањето на својата независност, Македонија е повторно поробена земја: протекторат, вазал, банана-држава, неоколонијален феуд – изберете кој било од овие термини и нема да погрешите. А за тоа исклучиво се виновни македонските политичари, кои во минатите триесетина години, поддржувајќи лукративни, сервилни, недостоинствени форми на владеење, хм…, поточно, на дивеење, ја трансформираа Македонија од слободна земја во поробена земја, во која целосно се суспендираат македонскиот уставен поредок и правен систем.

Оттука, во мојата молитва му се обраќам на Илија Громовникот – нам насушно ни треба Трет Илинден.

Целата колумна на „Нова Македонија“

The post Коцарев: Македонци, потребен ни е трет Илинден appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на Илинден, најголемиот национален и државен празник за Македонците – празникот што претставува симбол на непокорот на македонскиот народ, ве повикувам заедно да упатиме молитва за Македонија, за Македонците, а притоа да не заборавиме дека зборот „Македонија“ подразбира, прво, просторен и милениумски континуитет на македонскиот јазик, идентитет и народ и, второ, македонскиот национален супстрат го сочинуваат Македонците што живеат во државата Македонија, во соседството и низ целиот свет, пишува академик Љупчо Коцарев, претседателот на Македонската академија на науки и уметности, во својата колумна со наслов „И словата за Словото треперат: Илинден, сто дваесет години подоцна“ за весникот „Нова Македонија“. Темни облаци надвиснале над Македонија и само Илија Громовникот може да ги растера. Првиот Илинден: Илинденското востание од 1903 година, ги симболизира слободата, еднаквоста и братството (liberté, égalité, fraternité), додека, пак, Вториот Илинден означува, според зборовите на Панко Брашнаров, сведок и на Првиот и на Вториот Илинден, дека Вториот Илинден е „последниот Илинден на неслободна Македонија“, па, така, со него се градат „темелите на македонската држава“. Зборовите „последниот Илинден на неслободна Македонија“ одекнуваат, татнат со невидена жестина, особено зборот ПОСЛЕДНИОТ, но, за жал, сведоци сме дека, денес, триесетина години од прогласувањето на својата независност, Македонија е повторно поробена земја: протекторат, вазал, банана-држава, неоколонијален феуд – изберете кој било од овие термини и нема да погрешите. А за тоа исклучиво се виновни македонските политичари, кои во минатите триесетина години, поддржувајќи лукративни, сервилни, недостоинствени форми на владеење, хм…, поточно, на дивеење, ја трансформираа Македонија од слободна земја во поробена земја, во која целосно се суспендираат македонскиот уставен поредок и правен систем. Оттука, во мојата молитва му се обраќам на Илија Громовникот – нам насушно ни треба Трет Илинден. Целата колумна на „Нова Македонија“

The post Коцарев: Македонци, потребен ни е трет Илинден appeared first on Република.

]]>
26 врамени паноа со фотографии и документи во чест на 120 години од Илинденското востание во Музеј на македонската борба https://republika.mk/vesti/kultura/26-vrameni-panoa-so-fotografii-i-dokumenti-vo-chest-na-120-godini-od-ilindenskoto-vostanie-vo-muzej-na-makedonskata-borba/ Tue, 01 Aug 2023 07:59:10 +0000 https://republika.mk/?p=667483

Во чест на големиот јубилеј "120 години од Илинденското востание", НУ Музеј на македонската борба за самостојност се вклучува во одбележувањето со серија настани коишто ќе бидат организирани во текот на оваа јубилејна година.

Започнуваме со презентирање на изложба во просторот на музејот поставена на 26 врамени паноа со фотографии и документи претставувајќи ги историските премрежија на патот до независноста на Македонија во 1991 година, каде се вткаени 120 години борба за државност и самостојност, информирааат оттаму.

The post 26 врамени паноа со фотографии и документи во чест на 120 години од Илинденското востание во Музеј на македонската борба appeared first on Република.

Чествување на 2 Август: Ковачевски во Скопје, Џафери во Крушево, Пендаровски во Пелинце https://republika.mk/vesti/makedonija/chestvuvane-na-2-avgust-kovachevski-vo-skopje-dhaferi-vo-krushevo-pendarovski-vo-pelintse/ Mon, 31 Jul 2023 16:26:45 +0000 https://republika.mk/?p=667369

На 2 Август- Денот на Републиката - Илинден, што годинава се чествува под слоганот „120 години Илинден - Огниште на татковината“, премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на свеченост на тврдината Кале во Скопје, претседателот на Собранието Талат Џафери на Мечкин Камен во Крушево, а претседателот Стево Пендаровски во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, информира попладнево владината прес-служба.

Во Крушево, утре, традиционално, во организација на НКС „Десет дена Крушевска Република“ се отвора истоимената манифестација која ги претставува културата, традицијата и историјата на Крушево, пред нашите граѓани, а на отворањето ќе се обрати Ковачевски, најави владината прес-служба.

-Делегации на Владата учествуваат на сите настани опфатени со државната програма за одбележување на државниот празник 2 Август - Денот на Републиката - Илинден. Одбележувањето на Денот на Републиката, Илинден на 2- Август ќе започне со настаните во Скопје, каде на свечена манифестација на тврдината Кале во Скопје ќе се обрати премиерот Ковачевски, а владини делегации ќе положат цвеќе на повеќе локации во градот, соопштуваат од Владата во информацијата за програмата за одбележување на празникот.

Според најавата, на 2 август во 8:30 часот владина делегација во чиј состав се министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и заменик министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ ќе положат цвеќе на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена Борец“ во Скопје, на споменикот на Никола Карев пред Собранието, како и на спомен-обележјето на Методија Андонов-Ченто на Градскиот плоштад.

Свечената манифестација во Скопје, продолжува на тврдината Кале во Скопје, во 9:30 часот, каде по положувањето цвеќе пред споменикот на слободата „Сила, слава и победа", ќе се обрати Ковачевски, по што ќе следи културно уметничка програма. Ковачевски таму ја предводи владината делегација во чиј состав се првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори Фатмир Битиќи, министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Од Владата информираат дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, предводејќи државна делегација со државни почести и чествувања ќе го одбележи големиот национален празник Илинден во Крушево.

Во состав на владината делегација на чествувањето на државниот празник 2 Август - Денот на Републиката - Илинден во Крушево се, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, како и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.

Владината делегација ќе се поклони и ќе оддаде почит положувајќи цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев во споменикот „Македониум“ на Гумење и на споменикот на паднатите борци на Слива, кои се симбол на жртвата на востаниците за одбрана на Крушевската Република, со почеток во 9 часот.

Од 10 часот, со присуство на панихидата за загинатите Илинденци во црквата „Св. Никола“, на владината делегација и со положување цвеќе на споменикот на Мечкин Камен продолжува церемонијата во чест на националниот празник, по што на Мечкин Kамен во 11:30 часот, започнува манифестацијата на која ќе се обрати претседателот на Собранието, Џафери.

Во рамки на централниот дел од државната програма за чествување на 2 Август во Крушево ќе биде одржана празнична културно-уметничка програма.

Претседателот на државата Стево Пендаровски во 10:15 часот, по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, на 2 август 2023 година, ќе се обрати пред Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце.

Во чест на Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија – АСНОМ, пред споменикот на АСНОМ, ќе биде положено свежо цвеќе, по што претседателот Пендаровски, ќе се обрати и следува организирана културно-уметничка програма.

На споменикот на АСНОМ во Меморијалниот центар Пелинце, по повод националниот празник Илинден, владината делегација ја сочинуваат министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.

Свечената програма за одбележување на Денот на Републиката и оваа година го опфаќа традиционалното чествување на Илинден во Смилево во организација на Општината Демир Хисар, каде се чествува со положување цвеќе и фолклорна манифестација.

Од 09 часот, владината делегација, во состав на заменик министерот за финансии Филип Николовски и националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка Роберт Алаѓозовски, ќе оддадат почит на могилата Даме Груев, споменикот на смилевските Илинденци и спомен плочата на Смилевскиот партизански одред, по што следува посета на Меморијалниот музеј, положување цвеќе на споменикот на Даме Груев, по што во спомен паркот „Даме Груев“ започнува традиционалната прослава.

The post Чествување на 2 Август: Ковачевски во Скопје, Џафери во Крушево, Пендаровски во Пелинце appeared first on Република.

]]>

На 2 Август- Денот на Републиката - Илинден, што годинава се чествува под слоганот „120 години Илинден - Огниште на татковината“, премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на свеченост на тврдината Кале во Скопје, претседателот на Собранието Талат Џафери на Мечкин Камен во Крушево, а претседателот Стево Пендаровски во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, информира попладнево владината прес-служба. Во Крушево, утре, традиционално, во организација на НКС „Десет дена Крушевска Република“ се отвора истоимената манифестација која ги претставува културата, традицијата и историјата на Крушево, пред нашите граѓани, а на отворањето ќе се обрати Ковачевски, најави владината прес-служба. -Делегации на Владата учествуваат на сите настани опфатени со државната програма за одбележување на државниот празник 2 Август - Денот на Републиката - Илинден. Одбележувањето на Денот на Републиката, Илинден на 2- Август ќе започне со настаните во Скопје, каде на свечена манифестација на тврдината Кале во Скопје ќе се обрати премиерот Ковачевски, а владини делегации ќе положат цвеќе на повеќе локации во градот, соопштуваат од Владата во информацијата за програмата за одбележување на празникот. Според најавата, на 2 август во 8:30 часот владина делегација во чиј состав се министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и заменик министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ ќе положат цвеќе на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена Борец“ во Скопје, на споменикот на Никола Карев пред Собранието, како и на спомен-обележјето на Методија Андонов-Ченто на Градскиот плоштад. Свечената манифестација во Скопје, продолжува на тврдината Кале во Скопје, во 9:30 часот, каде по положувањето цвеќе пред споменикот на слободата „Сила, слава и победа", ќе се обрати Ковачевски, по што ќе следи културно уметничка програма. Ковачевски таму ја предводи владината делегација во чиј состав се првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори Фатмир Битиќи, министерката за одбрана Славјанка Петровска. Од Владата информираат дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, предводејќи државна делегација со државни почести и чествувања ќе го одбележи големиот национален празник Илинден во Крушево. Во состав на владината делегација на чествувањето на државниот празник 2 Август - Денот на Републиката - Илинден во Крушево се, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, како и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири. Владината делегација ќе се поклони и ќе оддаде почит положувајќи цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев во споменикот „Македониум“ на Гумење и на споменикот на паднатите борци на Слива, кои се симбол на жртвата на востаниците за одбрана на Крушевската Република, со почеток во 9 часот. Од 10 часот, со присуство на панихидата за загинатите Илинденци во црквата „Св. Никола“, на владината делегација и со положување цвеќе на споменикот на Мечкин Камен продолжува церемонијата во чест на националниот празник, по што на Мечкин Kамен во 11:30 часот, започнува манифестацијата на која ќе се обрати претседателот на Собранието, Џафери. Во рамки на централниот дел од државната програма за чествување на 2 Август во Крушево ќе биде одржана празнична културно-уметничка програма. Претседателот на државата Стево Пендаровски во 10:15 часот, по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, на 2 август 2023 година, ќе се обрати пред Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце. Во чест на Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија – АСНОМ, пред споменикот на АСНОМ, ќе биде положено свежо цвеќе, по што претседателот Пендаровски, ќе се обрати и следува организирана културно-уметничка програма. На споменикот на АСНОМ во Меморијалниот центар Пелинце, по повод националниот празник Илинден, владината делегација ја сочинуваат министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу. Свечената програма за одбележување на Денот на Републиката и оваа година го опфаќа традиционалното чествување на Илинден во Смилево во организација на Општината Демир Хисар, каде се чествува со положување цвеќе и фолклорна манифестација. Од 09 часот, владината делегација, во состав на заменик министерот за финансии Филип Николовски и националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка Роберт Алаѓозовски, ќе оддадат почит на могилата Даме Груев, споменикот на смилевските Илинденци и спомен плочата на Смилевскиот партизански одред, по што следува посета на Меморијалниот музеј, положување цвеќе на споменикот на Даме Груев, по што во спомен паркот „Даме Груев“ започнува традиционалната прослава.

The post Чествување на 2 Август: Ковачевски во Скопје, Џафери во Крушево, Пендаровски во Пелинце appeared first on Република.

]]>