11 Октомври Archives - Република https://republika.mk/tema/11-oktomvri/ За подобро да се разбереме Fri, 11 Oct 2024 13:27:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 11 Октомври Archives - Република https://republika.mk/tema/11-oktomvri/ 32 32 Сиљановска-Давкова: Како и пред повеќе од 80 години, така и ние денес живееме во период на големи премрежја што можат да се пребродат само со храбри одлуки https://republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-kako-i-pred-poveke-od-80-godini-taka-i-nie-denes-zhiveeme-vo-period-na-golemi-premrezhja-shto-mozhat-da-se-prebrodat-samo-so-hrabri-odluki/ Fri, 11 Oct 2024 13:27:53 +0000 https://republika.mk/?p=825582

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на свечената академија по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, што под нејзино покровителство се одржа во Музејот на македонската борба за самостојност.

Во рамки на Свечената академија настапи Воениот оркестар на Армијата со сплет на македонски патриотски и партизански песни.

Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката Сиљановска Давкова:

Во историјата на секој народ постојат периоди на големи премрежја што можат да се пребродат само со храбри одлуки. Таков мрачен период беше Втората светска војна, кога речиси цела Европа беше под фашистичка окупација, и кога Хитлер и неговите сојузници изгледаа незапирливи и непобедливи. Во такви услови, на 11 октомври 1941-та, македонскиот народ посегна по непресушното човеково право на отпор против опресијата, неправдата и окупацијата и храбро, без колебање, ја избра вистинската страна во најголемата војна во историјата на човештвото. 11 октомври е меѓникот што ја одреди нашата иднина, денот кога ние храбро и одлучно се вклучивме во антифашистичката коалиција на слободољубиви и правдољубиви народи.

Херојската борба против фашизмот нè сплоти, нè прероди и ни даде легитимитет како народ да се самоопределиме и да создадеме слободна македонска држава на Првото заседание на АСНОМ. Како еден од најголемите демократски триумфи на човештвото, антифашизмот ни овозможи на историската сцена да настапиме рамноправно и со чиста совест да учествуваме во обновата на разрушениот свет. Не случајно, македонската држава за која копнееја Илинденците и за која се изборија антифашистите, трае веќе 80 години. Нејзината сегашност и нејзината иднина се сраснати со нејзиното минато.

Нас никој не нѐ ослободи. Сами се ослободивме со помош на над 110-илјадната Народноослободителна војска на Македонија. Нам никој не ни ја подари државата. Сами се изборивме за неа. За нас, антифашистичката беше и истовремено и народноослободителна војна во која дадовме 24.000 жртви.

Затоа, ние не смееме да дозволиме историски ревизионизам и релативизирање на народноослободителната и антифашистичка борба, бидејќи со тоа би се поткопале илинденските и антифашистичките темели врз кои е изградена македонската држава. Со тоа би се обезвреднила жртвата на илјадници млади борци кои несебично гинеа за слободата и правдината. Ние тоа не смееме да го дозволиме.

Како партизанска ќерка многу добро знам дека мојот татко и неговите соборци, во нерамната борба со фашистичкиот окупатор имале две оружја. Првото била пушката. Второто било песната. Некои од најважните битки во народноослободителната војна биле добиени со револуционерните песни што им давале храброст на борците да ја окрупнуваат слободната територија, да го изодат Февруарскиот поход и да ја создадат асномска Македонија. Една од најпопуларните била токму песната што беше изведена на почетокот на денешново чествување.

Напишана од Владо Малески и прв пат испеана во Струга на преминот од 1941-та кон 1942-та година, „Денес над Македонија се раѓа“ ја симболизира незапирливата борба за правда, го опева континуитетот со Илинден и ја навестува слободата на Македонија.

Но, во македонската химна е впишано и едно предупредување. Дали некогаш сте се запрашале зошто текстот на химната е испеан во сегашно, наместо во минато време? Зошто, по АСНОМ ние не пееме дека над Македонија веќе се родило новото сонце на слободата, дека Македонците веќе се избориле за своите правдини? Зошто, и по 8 септември 1991-та, македонската химна се уште е во сегашно, а не во минато време?

Верувам дека тоа делумно се должи на самата природа на слободата и правдата. Секоја нова генерација се соочува со нови предизвици и мора одново да се избори за овие врвни вредности, да ги интернализира. Секоја нова генерација, вклучително и нашава, треба да даде своја жртва за слободата и за правдата, затоа што само жртвата нè освестува за нивната вредност. А најголема жртва треба да дадат оние кои имаат најголема одговорност – луѓето, политичките лидери, избрани од македонските граѓани да ги застапуваат, да ги претставуваат и со својот личен пример, да се борат за државните интереси.

Смислата на постоењето на секоја држава, па и на македонска држава, е да ја заштити слободата и да ја спроведе правдата. Народот којшто ќе ја запостави слободата и ќе ја занемари правдата, неминовно ќе престане да се грижи и за државата.

Притоа, кога зборуваме за слобода, не мислиме само на политичката слобода од окупатори, таа е минато, туку и на слобода од потреби и од немаштија, слобода да се планира животот и да се напредува без роднински врски, без поткуп, без партиски книшки, туку само со сопственото знаење, способност и компетенција.

Кога зборуваме за правда, не мислиме само на правосудството, туку и на социјалната, еколошката и генерациската правда. А предуслов за правдата е владеењето на правото, наместо владеењето на луѓето.

Од денешен аспект, може да се каже дека во химната, во зборовите „Македонците се борат за своите правдини“ ни е сумирана и независноста. Изминативе 33 години ние се боревме за признавање на независноста, за членство во меѓународните организации, за зачувување на мирот, поредокот и соживотот во нашата татковина. И денес, таа борба за нашите правдини продолжува.

Како што партизаните се бореа против фашистичката окупација, така и ние секојдневно треба да се бориме против неправдите на нашето време, против социјалната неправда и сиромаштијата, против корупцијата и непотизмот. Треба да се бориме против неправедните препреки и блокади на нашата европска интеграција, но и против обидите за кривотворење на нашата историја и бришење на нашата колективна меморија. Ние мора постојано, секојдневно да се бориме за слободата и за правдата, бидејќи народот што не се бори, однапред изгубил.

Но, за да истраеме во таа борба, потребно ни е одново да се навраќаме на изворите. Ова не води до прашањето, дали денес, кога се изведува македонската химна, ние пасивно стоиме или, пак, како и партизаните, активно учествуваме во тој чин? Дали само ја слушаме или, пак, како и партизаните, од срце ја пееме македонската химна? Бидејќи, химната не е церемонијален декор, туку симбол на македонската држава во кој е кодирана македонската приказна за непрекинатата борба за правдини и за слобода.

Секогаш кога ја пееме македонската химна, ние правиме мал чекор кон истиснување на себичното ЈАС и МОЕ, за да направиме повеќе место за алтруистичкото НИЕ и НАШЕ, за македонската држава како наше општо добро, за јавниот интерес што ги надминува тесните лични, партиски, и други интереси.

Притоа, НИЕ и НАШЕ ниту е, ниту смее да биде сведено на која било етничка, верска, или идеолошка категорија. Прочитајте ги манифестите и прогласите на Главниот штаб на НОВ и ПОМ и ќе видите дека тие се упатени до Македонците, до Албанците, до Турците, до Власите, до Србите, доРомите и до сите други. Погледнете ги спомениците на кои се врежани имињата на борците и ќе го забележите соживотот во борбената акција. Фрлете поглед врз учесниците на АСНОМ и ќе ја видите Македонија во мало, со сета нејзина етничка, верска, социјална и идеолошка различност. Македонците кои се борат за своите правдини не се само етничките Македонци, туку и сите македонски граѓани кои ја доживуваат и ја сакаат оваа земја како своја татковина. Сите оние кои сакаат нивните деца, нивните млади да не се иселат во туѓина, туку да останат тука, во својата татковина, за да работат, да основаат семејства и да градат иднина.

Како и пред повеќе од 80 години, така и ние денес живееме во период на големи премрежја што можат да се пребродат само со храбри одлуки. Во светот повторно има војни и страдања, и тоа во региони што се блиску до нашиот. Нашите предци се сплотија за заедно да го постигнат она што не можат да го постигнат засебно – слободна македонска држава, втемелена врз праведни идеали. И ние треба да ги оставиме меѓусебните делби и да се сплотиме околу нашата борба, која веќе не е борба за политички слободи, туку за просперитет на државата и нејзините македонски граѓани. Така ќе изградиме иднина за младите во праведно и прогресивно македонско општество.

Само ако Македонија ја градиме како пристојно место за живеење на сите нејзини граѓани, ќе можеме со право да кажеме, да пееме дека навистина, таа е слободна и дека слободно живее.

Нека ни е за многу години 11 Октомври - Денот на Народното востание!

Нека ни е вековита македонската држава!

The post Сиљановска-Давкова: Како и пред повеќе од 80 години, така и ние денес живееме во период на големи премрежја што можат да се пребродат само со храбри одлуки appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на свечената академија по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, што под нејзино покровителство се одржа во Музејот на македонската борба за самостојност. Во рамки на Свечената академија настапи Воениот оркестар на Армијата со сплет на македонски патриотски и партизански песни. Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката Сиљановска Давкова:
Во историјата на секој народ постојат периоди на големи премрежја што можат да се пребродат само со храбри одлуки. Таков мрачен период беше Втората светска војна, кога речиси цела Европа беше под фашистичка окупација, и кога Хитлер и неговите сојузници изгледаа незапирливи и непобедливи. Во такви услови, на 11 октомври 1941-та, македонскиот народ посегна по непресушното човеково право на отпор против опресијата, неправдата и окупацијата и храбро, без колебање, ја избра вистинската страна во најголемата војна во историјата на човештвото. 11 октомври е меѓникот што ја одреди нашата иднина, денот кога ние храбро и одлучно се вклучивме во антифашистичката коалиција на слободољубиви и правдољубиви народи. Херојската борба против фашизмот нè сплоти, нè прероди и ни даде легитимитет како народ да се самоопределиме и да создадеме слободна македонска држава на Првото заседание на АСНОМ. Како еден од најголемите демократски триумфи на човештвото, антифашизмот ни овозможи на историската сцена да настапиме рамноправно и со чиста совест да учествуваме во обновата на разрушениот свет. Не случајно, македонската држава за која копнееја Илинденците и за која се изборија антифашистите, трае веќе 80 години. Нејзината сегашност и нејзината иднина се сраснати со нејзиното минато. Нас никој не нѐ ослободи. Сами се ослободивме со помош на над 110-илјадната Народноослободителна војска на Македонија. Нам никој не ни ја подари државата. Сами се изборивме за неа. За нас, антифашистичката беше и истовремено и народноослободителна војна во која дадовме 24.000 жртви. Затоа, ние не смееме да дозволиме историски ревизионизам и релативизирање на народноослободителната и антифашистичка борба, бидејќи со тоа би се поткопале илинденските и антифашистичките темели врз кои е изградена македонската држава. Со тоа би се обезвреднила жртвата на илјадници млади борци кои несебично гинеа за слободата и правдината. Ние тоа не смееме да го дозволиме. Како партизанска ќерка многу добро знам дека мојот татко и неговите соборци, во нерамната борба со фашистичкиот окупатор имале две оружја. Првото била пушката. Второто било песната. Некои од најважните битки во народноослободителната војна биле добиени со револуционерните песни што им давале храброст на борците да ја окрупнуваат слободната територија, да го изодат Февруарскиот поход и да ја создадат асномска Македонија. Една од најпопуларните била токму песната што беше изведена на почетокот на денешново чествување. Напишана од Владо Малески и прв пат испеана во Струга на преминот од 1941-та кон 1942-та година, „Денес над Македонија се раѓа“ ја симболизира незапирливата борба за правда, го опева континуитетот со Илинден и ја навестува слободата на Македонија. Но, во македонската химна е впишано и едно предупредување. Дали некогаш сте се запрашале зошто текстот на химната е испеан во сегашно, наместо во минато време? Зошто, по АСНОМ ние не пееме дека над Македонија веќе се родило новото сонце на слободата, дека Македонците веќе се избориле за своите правдини? Зошто, и по 8 септември 1991-та, македонската химна се уште е во сегашно, а не во минато време? Верувам дека тоа делумно се должи на самата природа на слободата и правдата. Секоја нова генерација се соочува со нови предизвици и мора одново да се избори за овие врвни вредности, да ги интернализира. Секоја нова генерација, вклучително и нашава, треба да даде своја жртва за слободата и за правдата, затоа што само жртвата нè освестува за нивната вредност. А најголема жртва треба да дадат оние кои имаат најголема одговорност – луѓето, политичките лидери, избрани од македонските граѓани да ги застапуваат, да ги претставуваат и со својот личен пример, да се борат за државните интереси. Смислата на постоењето на секоја држава, па и на македонска држава, е да ја заштити слободата и да ја спроведе правдата. Народот којшто ќе ја запостави слободата и ќе ја занемари правдата, неминовно ќе престане да се грижи и за државата. Притоа, кога зборуваме за слобода, не мислиме само на политичката слобода од окупатори, таа е минато, туку и на слобода од потреби и од немаштија, слобода да се планира животот и да се напредува без роднински врски, без поткуп, без партиски книшки, туку само со сопственото знаење, способност и компетенција. Кога зборуваме за правда, не мислиме само на правосудството, туку и на социјалната, еколошката и генерациската правда. А предуслов за правдата е владеењето на правото, наместо владеењето на луѓето. Од денешен аспект, може да се каже дека во химната, во зборовите „Македонците се борат за своите правдини“ ни е сумирана и независноста. Изминативе 33 години ние се боревме за признавање на независноста, за членство во меѓународните организации, за зачувување на мирот, поредокот и соживотот во нашата татковина. И денес, таа борба за нашите правдини продолжува. Како што партизаните се бореа против фашистичката окупација, така и ние секојдневно треба да се бориме против неправдите на нашето време, против социјалната неправда и сиромаштијата, против корупцијата и непотизмот. Треба да се бориме против неправедните препреки и блокади на нашата европска интеграција, но и против обидите за кривотворење на нашата историја и бришење на нашата колективна меморија. Ние мора постојано, секојдневно да се бориме за слободата и за правдата, бидејќи народот што не се бори, однапред изгубил. Но, за да истраеме во таа борба, потребно ни е одново да се навраќаме на изворите. Ова не води до прашањето, дали денес, кога се изведува македонската химна, ние пасивно стоиме или, пак, како и партизаните, активно учествуваме во тој чин? Дали само ја слушаме или, пак, како и партизаните, од срце ја пееме македонската химна? Бидејќи, химната не е церемонијален декор, туку симбол на македонската држава во кој е кодирана македонската приказна за непрекинатата борба за правдини и за слобода. Секогаш кога ја пееме македонската химна, ние правиме мал чекор кон истиснување на себичното ЈАС и МОЕ, за да направиме повеќе место за алтруистичкото НИЕ и НАШЕ, за македонската држава како наше општо добро, за јавниот интерес што ги надминува тесните лични, партиски, и други интереси. Притоа, НИЕ и НАШЕ ниту е, ниту смее да биде сведено на која било етничка, верска, или идеолошка категорија. Прочитајте ги манифестите и прогласите на Главниот штаб на НОВ и ПОМ и ќе видите дека тие се упатени до Македонците, до Албанците, до Турците, до Власите, до Србите, доРомите и до сите други. Погледнете ги спомениците на кои се врежани имињата на борците и ќе го забележите соживотот во борбената акција. Фрлете поглед врз учесниците на АСНОМ и ќе ја видите Македонија во мало, со сета нејзина етничка, верска, социјална и идеолошка различност. Македонците кои се борат за своите правдини не се само етничките Македонци, туку и сите македонски граѓани кои ја доживуваат и ја сакаат оваа земја како своја татковина. Сите оние кои сакаат нивните деца, нивните млади да не се иселат во туѓина, туку да останат тука, во својата татковина, за да работат, да основаат семејства и да градат иднина. Како и пред повеќе од 80 години, така и ние денес живееме во период на големи премрежја што можат да се пребродат само со храбри одлуки. Во светот повторно има војни и страдања, и тоа во региони што се блиску до нашиот. Нашите предци се сплотија за заедно да го постигнат она што не можат да го постигнат засебно – слободна македонска држава, втемелена врз праведни идеали. И ние треба да ги оставиме меѓусебните делби и да се сплотиме околу нашата борба, која веќе не е борба за политички слободи, туку за просперитет на државата и нејзините македонски граѓани. Така ќе изградиме иднина за младите во праведно и прогресивно македонско општество. Само ако Македонија ја градиме како пристојно место за живеење на сите нејзини граѓани, ќе можеме со право да кажеме, да пееме дека навистина, таа е слободна и дека слободно живее. Нека ни е за многу години 11 Октомври - Денот на Народното востание! Нека ни е вековита македонската држава!

The post Сиљановска-Давкова: Како и пред повеќе од 80 години, така и ние денес живееме во период на големи премрежја што можат да се пребродат само со храбри одлуки appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Продолжуваме посветено да чекориме по патот на борбата за создавање на држава на среќни и задоволни граѓани https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-prodolzhuvame-posveteno-da-chekorime-po-patot-na-borbata-za-sozdavane-na-drzhava-na-srekni-i-zadovolni-gragani/ Fri, 11 Oct 2024 12:13:46 +0000 https://republika.mk/?p=825529

Денеска го одбележавме 11 Октомври, Денот на народното востание. Оваа година одбележуваме 83 години од пркоста и желбата за слободна Македонија, истакна премиерот Христијан Мицкоски.

Продолжуваме посветено да чекориме по патот на борбата за создавање на држава на среќни и задоволни граѓани. Нека е честит 11 Октомври, напиша Мицкоски.

The post Мицкоски: Продолжуваме посветено да чекориме по патот на борбата за создавање на држава на среќни и задоволни граѓани appeared first on Република.

]]>

Денеска го одбележавме 11 Октомври, Денот на народното востание. Оваа година одбележуваме 83 години од пркоста и желбата за слободна Македонија, истакна премиерот Христијан Мицкоски.
Продолжуваме посветено да чекориме по патот на борбата за создавање на држава на среќни и задоволни граѓани. Нека е честит 11 Октомври, напиша Мицкоски.

The post Мицкоски: Продолжуваме посветено да чекориме по патот на борбата за создавање на држава на среќни и задоволни граѓани appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Овој ден е потсетник за нашата должност да продолжиме да градиме држава во која владее правдата https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-ovoj-den-e-potsetnik-za-nashata-dolzhnost-da-prodolzhime-da-gradime-drzhava-vo-koja-vladee-pravdata/ Fri, 11 Oct 2024 11:46:48 +0000 https://republika.mk/?p=825521

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (11.10.2024), беше дел од владината делегација на одбележувањето на 11 Октомври – ден на востанието на македонскиот народ. Делегацијата положи свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел и пред споменикот на Ослободителите на Скопје во знак на сеќавање на храбрите борци од 1941 година, кои го почнаа организираниот отпор против фашизмот.

Нивната борба и саможртва го отворија патот кон слободата што ја уживаме денес. Овој ден е потсетник за нашата должност да продолжиме да градиме држава во која владее правдата, еднаквоста и почитта кон сите граѓани. Благодарение на тие херои, денес имаме наша слободна и суверена Македонија. Нека нивната храброст биде наша инспирација за подобра и посветла иднина!“, нагласи министерот Тошковски.

 

The post Тошковски: Овој ден е потсетник за нашата должност да продолжиме да градиме држава во која владее правдата appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (11.10.2024), беше дел од владината делегација на одбележувањето на 11 Октомври – ден на востанието на македонскиот народ. Делегацијата положи свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел и пред споменикот на Ослободителите на Скопје во знак на сеќавање на храбрите борци од 1941 година, кои го почнаа организираниот отпор против фашизмот.
Нивната борба и саможртва го отворија патот кон слободата што ја уживаме денес. Овој ден е потсетник за нашата должност да продолжиме да градиме држава во која владее правдата, еднаквоста и почитта кон сите граѓани. Благодарение на тие херои, денес имаме наша слободна и суверена Македонија. Нека нивната храброст биде наша инспирација за подобра и посветла иднина!“, нагласи министерот Тошковски.
 

The post Тошковски: Овој ден е потсетник за нашата должност да продолжиме да градиме држава во која владее правдата appeared first on Република.

]]>
Куманово го слави Денот на народното востание – 11 Октомври https://republika.mk/vesti/makedonija/kumanovo-go-slavi-denot-na-narodnoto-vostanie-11-oktomvri/ Fri, 11 Oct 2024 11:43:43 +0000 https://republika.mk/?p=825516

Куманово го чествува празникот 11 Октомври – Ден на народното востание и 83 години од денот кога беше означен почетокот на Народно-ослободителната војна и заокружувањето на раѓањето на македонската држава. Бројни делегации, предводени од Здужението на борците Куманово, градоначалникот на општина Куманово, делегација од Владата, од Собранието, од кабинетот на претседателот, Армија, МВР, државни институции, амбасадори и претставници од амбасади, установи, политички партии, здруженија на граѓани, денеска положија цвеќе на Спомен костурницата во Куманово.

Пред присутните се обрати кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски кој рече дека е гордост да се оддава почита на храбрите борци и херои кои ги дадоа животите за слободна Македонија. Во говорот се осврна и на формирањето на козјачкиот и карадачкиот одред од кумановско, како предводници на слободарските тенденции на народот.

11 Октомври ја испиша македонската историја, која нè мотивира да одиме напред, да имаме повеќе доверба едни во други. Денот кога е поставен еден од темелите на македонската државност е симбол на визијата, храброста, пожртвуваноста на борците, рече Димитриевски и повика да не се заборава датумот кој е чекор напред во поддржувањето македонската традиција, на напредното општество, против негација на општочовечки вредности.

Тој повика љубоморно да се чува земјата од сите зла, зашто, како што истакна друга, резервна татковина немаме.

Денеска живееме во држава полноправна членка на НАТО, се стремиме да влеземе како еднаква членка во големото европско семејство, но за жал, сè уште во 21 век не се надминуваат стеротипите од минатото, сè уште доаѓаат континуирани негации однадвор на македонскиот јазик, идентитет, култура, историја, самобитност. Денес се обидуваат да нè убедат дека окупаторите коишто ги убија сите овие борци на Спомен костурницата и ширум Македонија и одземаа голем број на животи, граѓани на Македонија, не биле окупатори, туку биле администратори. Ние добро си ја знаеме историјата, ќе ја почитуваме, ќе ја негуваме, нема да дозволиме никому да ни ја смени. Тоа е наш долг кон предците кои ги положија своите животите за независна Македонија. Не постои цена за членство во ниту една организација или сојуз која ќе ни го промени ставот и ќе нè наведе на непочитување на сопствената историја, изградена на многу изгубени човечки животи, рече во говорот Димитриевски.

Честитајќи им го празникот на бројните граѓани и присутни, тој повика на сплотеност, на меѓусебна почит, на напредок на државата, со заеднички сили и напори да се изгради стабилна и сигурна иднина.

Пред присутните зборуваше и претставник од здружението на борците и негови поддржувачи. Благе Јакимовски кој во говорот кажа дека на денешниот ден на македонското востание и денот на борецот, сите треба да искажат благодарност за сите кои учествувале во борбата, кои се вложиле за национална и социјална слобода и учествувале во создавањето на Македонија. Тој кажа дека борците покажале огромна „храброст и пркос во борбата против фашистичка Германија и нејзините сателити“ и повика идните генерации достојно да ги одбележуваат значајните датуми.

Владината делегација ја сочинуваа министрите за јавна администрација и за спорт, Горан Минчев и Борко Ристовски и заменик министерот за дигитална трансформација, Радослав Настасијевиќ Варџиски. Цвеќе положија и пратениците, Бране Петрушевски, Оливер Спасовски и Павле Арсоски.

Куманово достојно со бројни културни и спортски манифестации го одбележува 11 Октомври. Денеска ќе се одржат бројни настани на отворено фестивали „Куманиум“, „Гитаријада“ и „Арт Атак“, изложба на олдтајмери, турнири во фудбал, пинг-понг, ракомет, атлетски митинг во атлетика, велосипедска трка, над десетина манифестации наменети за сите возрасти.

Спомен костурницата изградена е во 1957 година, ја проектирал архитектот Кочо Зордумис, спомениците ги изработил вајарот Сретен Стојановиќ. Централна положба е скулптура на жена со високо подигнато класје и обелиск и костурници во кои се сместени посмртните останки на загинатите во народноослободителната војна од кумановско.

The post Куманово го слави Денот на народното востание – 11 Октомври appeared first on Република.

]]>

Куманово го чествува празникот 11 Октомври – Ден на народното востание и 83 години од денот кога беше означен почетокот на Народно-ослободителната војна и заокружувањето на раѓањето на македонската држава. Бројни делегации, предводени од Здужението на борците Куманово, градоначалникот на општина Куманово, делегација од Владата, од Собранието, од кабинетот на претседателот, Армија, МВР, државни институции, амбасадори и претставници од амбасади, установи, политички партии, здруженија на граѓани, денеска положија цвеќе на Спомен костурницата во Куманово. Пред присутните се обрати кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски кој рече дека е гордост да се оддава почита на храбрите борци и херои кои ги дадоа животите за слободна Македонија. Во говорот се осврна и на формирањето на козјачкиот и карадачкиот одред од кумановско, како предводници на слободарските тенденции на народот.
11 Октомври ја испиша македонската историја, која нè мотивира да одиме напред, да имаме повеќе доверба едни во други. Денот кога е поставен еден од темелите на македонската државност е симбол на визијата, храброста, пожртвуваноста на борците, рече Димитриевски и повика да не се заборава датумот кој е чекор напред во поддржувањето македонската традиција, на напредното општество, против негација на општочовечки вредности.
Тој повика љубоморно да се чува земјата од сите зла, зашто, како што истакна друга, резервна татковина немаме.
Денеска живееме во држава полноправна членка на НАТО, се стремиме да влеземе како еднаква членка во големото европско семејство, но за жал, сè уште во 21 век не се надминуваат стеротипите од минатото, сè уште доаѓаат континуирани негации однадвор на македонскиот јазик, идентитет, култура, историја, самобитност. Денес се обидуваат да нè убедат дека окупаторите коишто ги убија сите овие борци на Спомен костурницата и ширум Македонија и одземаа голем број на животи, граѓани на Македонија, не биле окупатори, туку биле администратори. Ние добро си ја знаеме историјата, ќе ја почитуваме, ќе ја негуваме, нема да дозволиме никому да ни ја смени. Тоа е наш долг кон предците кои ги положија своите животите за независна Македонија. Не постои цена за членство во ниту една организација или сојуз која ќе ни го промени ставот и ќе нè наведе на непочитување на сопствената историја, изградена на многу изгубени човечки животи, рече во говорот Димитриевски.
Честитајќи им го празникот на бројните граѓани и присутни, тој повика на сплотеност, на меѓусебна почит, на напредок на државата, со заеднички сили и напори да се изгради стабилна и сигурна иднина. Пред присутните зборуваше и претставник од здружението на борците и негови поддржувачи. Благе Јакимовски кој во говорот кажа дека на денешниот ден на македонското востание и денот на борецот, сите треба да искажат благодарност за сите кои учествувале во борбата, кои се вложиле за национална и социјална слобода и учествувале во создавањето на Македонија. Тој кажа дека борците покажале огромна „храброст и пркос во борбата против фашистичка Германија и нејзините сателити“ и повика идните генерации достојно да ги одбележуваат значајните датуми. Владината делегација ја сочинуваа министрите за јавна администрација и за спорт, Горан Минчев и Борко Ристовски и заменик министерот за дигитална трансформација, Радослав Настасијевиќ Варџиски. Цвеќе положија и пратениците, Бране Петрушевски, Оливер Спасовски и Павле Арсоски. Куманово достојно со бројни културни и спортски манифестации го одбележува 11 Октомври. Денеска ќе се одржат бројни настани на отворено фестивали „Куманиум“, „Гитаријада“ и „Арт Атак“, изложба на олдтајмери, турнири во фудбал, пинг-понг, ракомет, атлетски митинг во атлетика, велосипедска трка, над десетина манифестации наменети за сите возрасти. Спомен костурницата изградена е во 1957 година, ја проектирал архитектот Кочо Зордумис, спомениците ги изработил вајарот Сретен Стојановиќ. Централна положба е скулптура на жена со високо подигнато класје и обелиск и костурници во кои се сместени посмртните останки на загинатите во народноослободителната војна од кумановско.

The post Куманово го слави Денот на народното востание – 11 Октомври appeared first on Република.

]]>
Честитка од Африм Гаши по повод 11 Октомври – Денот на народното востание https://republika.mk/vesti/makedonija/chestitka-od-afrim-gashi-po-povod-11-oktomvri-denot-na-narodnoto-vostanie/ Fri, 11 Oct 2024 11:27:52 +0000 https://republika.mk/?p=825506

Претседателот на македонското собрание Африм Гаши со честитка за 11 Октомври – Денот на народното востание.

На овој ден се потсетуваме и ја славиме херојската и беспоштедната борба на борците за слободa на нашата држава. Без оглед на влогот, пречките и потешкотиите на кои наидуваа во нивната борба, тие опстоија и се изборија за слободата во која живееме денес.

Денес, Република Македонија, повторно е на вистинскиот пат. Таа е дел од НАТО и рамо до рамо со најмоќните сојузници.

На нас како нова генерација политичари е да ја продолжиме праведната борба - денес се бориме за подобри стандарди, за просперитет, за европска иднина на Република Македонија. Во денешната борба може да успееме само ако сме сплотени, здружени и единствени.

Честитајќи ви го 11 Октомври, повторно повикувам на обединување на сите граѓани Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци и сите други, да се обединиме и да ја добиеме битката за подобро утре за сите нас, напиша Гаши во честитката.

The post Честитка од Африм Гаши по повод 11 Октомври – Денот на народното востание appeared first on Република.

]]>

Претседателот на македонското собрание Африм Гаши со честитка за 11 Октомври – Денот на народното востание. На овој ден се потсетуваме и ја славиме херојската и беспоштедната борба на борците за слободa на нашата држава. Без оглед на влогот, пречките и потешкотиите на кои наидуваа во нивната борба, тие опстоија и се изборија за слободата во која живееме денес. Денес, Република Македонија, повторно е на вистинскиот пат. Таа е дел од НАТО и рамо до рамо со најмоќните сојузници. На нас како нова генерација политичари е да ја продолжиме праведната борба - денес се бориме за подобри стандарди, за просперитет, за европска иднина на Република Македонија. Во денешната борба може да успееме само ако сме сплотени, здружени и единствени. Честитајќи ви го 11 Октомври, повторно повикувам на обединување на сите граѓани Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци и сите други, да се обединиме и да ја добиеме битката за подобро утре за сите нас, напиша Гаши во честитката.

The post Честитка од Африм Гаши по повод 11 Октомври – Денот на народното востание appeared first on Република.

]]>
Чествување на 11 Октомври во Прилеп со пораки да не се заборави минатото и да се гради иднината https://republika.mk/vesti/makedonija/chestvuvane-na-11-oktomvri-vo-prilep-so-poraki-da-ne-se-zaboravi-minatoto-i-da-se-gradi-idninata/ Fri, 11 Oct 2024 11:20:15 +0000 https://republika.mk/?p=825501

Со поклон и почит пред моштите на загинатите борци кои се во криптата на Могилата на непобедените во Прилеп, бројни делегации го означија чествувањето за празникот 11 Октомври - Денот на народното востание.

Според Рубинчо Белчески, претседателот на прилепскиот Сојуз на борци, тој победнички истрел кој се случил во Прилеп на 11 октомври 1941-та година не бил само симболичен чин. Тоа било автентично сведоштво на определбата на македонскиот народ да се истрае на Балканските ветришта и од почетокот на борбата до денот на победата- 9 мај во 1945 година, да биде на страната на антихитлеровската коалиција. Белчески испрати порака до новите генерации да се почитува историскиот влог на борците.

До новите генерации порачуваме да ја почитуваат државата, да ја почитуваме историјата, да ги почитуваме борците, бидејќи без минато нема иднина. Ако знаеме дека минатото дало многу жртви, и од тоа мора многу да учиме, а во иднината да ги применуваме позитивните аспекти од минатото, да ги паметиме и да не ги повториме грешките од минатото, изјави Белчески.

Владината делегација ја предводеше министерот за земјоделство Цветан Трипуновски. Тој рече дека нашата обврска е да ја одржуваме традицијата и да ги градиме добрососедските односи, зачувувајќи ја државата.

Денеска сме овде да ја зачуваме традицијата, да се потсетиме на минатото кое, практично е водилка и за иднината. Градиме единство, Македонија низ годините била кон непокор за да го има она што е денеска. Нашата обврска е да продолжиме да ја градиме традицијата, да ги одржуваме и сите добрососедски односи, но и нормално, да ја зачуваме нашата Република Македонија, изјави Трипуновски.

Според прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, Прилеп – градот херој гордо стои како споменик на непокорот, храброста и борбата за слобода.

Се навршија 83 години од почетокот на борбата против фашистичката окупација во Македонија го покажува духот на нашиот народ кој ни остава една традиција да се надградуваме, односно секогаш со сплотеност и сложност да можеме да се спротивставиме на сите предизвици кои ја затекнаа нашата Македонија. Со изразувањето спомен за минатото не прекинуваме, туку продолжуваме со нашите обврски за сегашноста и за иднината, рече Јовчески.

На чествувањето присуствуваа и гости од повеќе здруженија на Словенија, Хрватска и Србија, почитувачи на придобивките одпоранешната заедничка држава, СФРЈ нагласувајќи дека треба да продолжи соработката меѓу државите на Балканот.

Денеска дојдовме со вас да го увеличиме вашиот празник и да ве поздравиме. Ја пренесуваме заложбата за трајното наследство од минатите времиња, а тоа е борбата против фашизмот. Тука се претставници од Ју-центарот „Тито“ од Белград и антифашистите од Словенија. Ова ново време бара нови облици на соработка, но постојат и темелни вредности. Сметаме дека темелна вредност е антифашизмот. Без тоа нема напредок. А постојат повеќе облици за соработка – култура, технологија, стопанство преку кои мора да соработуваме, рече Мио Миљак, потпретседател на здружението „Јосип Броз Тито“ од Пула, Хрватска.

Прилеп во Народното востание дал 650 борци и 10 народни херои. Уште пет народни херои што ги дал градот починаа по Ослободувањето за што се подготвува проект во Алејата на народните херои за покрај 10-те бисти да се постават уште пет.

 

The post Чествување на 11 Октомври во Прилеп со пораки да не се заборави минатото и да се гради иднината appeared first on Република.

]]>

Со поклон и почит пред моштите на загинатите борци кои се во криптата на Могилата на непобедените во Прилеп, бројни делегации го означија чествувањето за празникот 11 Октомври - Денот на народното востание. Според Рубинчо Белчески, претседателот на прилепскиот Сојуз на борци, тој победнички истрел кој се случил во Прилеп на 11 октомври 1941-та година не бил само симболичен чин. Тоа било автентично сведоштво на определбата на македонскиот народ да се истрае на Балканските ветришта и од почетокот на борбата до денот на победата- 9 мај во 1945 година, да биде на страната на антихитлеровската коалиција. Белчески испрати порака до новите генерации да се почитува историскиот влог на борците.
До новите генерации порачуваме да ја почитуваат државата, да ја почитуваме историјата, да ги почитуваме борците, бидејќи без минато нема иднина. Ако знаеме дека минатото дало многу жртви, и од тоа мора многу да учиме, а во иднината да ги применуваме позитивните аспекти од минатото, да ги паметиме и да не ги повториме грешките од минатото, изјави Белчески.
Владината делегација ја предводеше министерот за земјоделство Цветан Трипуновски. Тој рече дека нашата обврска е да ја одржуваме традицијата и да ги градиме добрососедските односи, зачувувајќи ја државата.
Денеска сме овде да ја зачуваме традицијата, да се потсетиме на минатото кое, практично е водилка и за иднината. Градиме единство, Македонија низ годините била кон непокор за да го има она што е денеска. Нашата обврска е да продолжиме да ја градиме традицијата, да ги одржуваме и сите добрососедски односи, но и нормално, да ја зачуваме нашата Република Македонија, изјави Трипуновски.
Според прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, Прилеп – градот херој гордо стои како споменик на непокорот, храброста и борбата за слобода.
Се навршија 83 години од почетокот на борбата против фашистичката окупација во Македонија го покажува духот на нашиот народ кој ни остава една традиција да се надградуваме, односно секогаш со сплотеност и сложност да можеме да се спротивставиме на сите предизвици кои ја затекнаа нашата Македонија. Со изразувањето спомен за минатото не прекинуваме, туку продолжуваме со нашите обврски за сегашноста и за иднината, рече Јовчески.
На чествувањето присуствуваа и гости од повеќе здруженија на Словенија, Хрватска и Србија, почитувачи на придобивките одпоранешната заедничка држава, СФРЈ нагласувајќи дека треба да продолжи соработката меѓу државите на Балканот.
Денеска дојдовме со вас да го увеличиме вашиот празник и да ве поздравиме. Ја пренесуваме заложбата за трајното наследство од минатите времиња, а тоа е борбата против фашизмот. Тука се претставници од Ју-центарот „Тито“ од Белград и антифашистите од Словенија. Ова ново време бара нови облици на соработка, но постојат и темелни вредности. Сметаме дека темелна вредност е антифашизмот. Без тоа нема напредок. А постојат повеќе облици за соработка – култура, технологија, стопанство преку кои мора да соработуваме, рече Мио Миљак, потпретседател на здружението „Јосип Броз Тито“ од Пула, Хрватска.
Прилеп во Народното востание дал 650 борци и 10 народни херои. Уште пет народни херои што ги дал градот починаа по Ослободувањето за што се подготвува проект во Алејата на народните херои за покрај 10-те бисти да се постават уште пет.  

The post Чествување на 11 Октомври во Прилеп со пораки да не се заборави минатото и да се гради иднината appeared first on Република.

]]>
Партиска делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ https://republika.mk/vesti/makedonija/partiska-delegatsija-na-sdsm-polozhi-tsveke-i-oddade-pochit-na-bortsite-od-nob/ Fri, 11 Oct 2024 11:14:47 +0000 https://republika.mk/?p=825497

По повод 11 Октомври -Денот на народното востание, во Меморијалниот комплекс Партизански гробишта во Бутел, партиска делегација на СДСМ во состав: Сања Лукаревска, Саша Димитријевиќ и Наталија Спировска, оддаде почит и положи свежи цвеќе.

„Слава им. Да живее 11 Октомври!“, велат од СДСМ.

 

The post Партиска делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ appeared first on Република.

]]>

По повод 11 Октомври -Денот на народното востание, во Меморијалниот комплекс Партизански гробишта во Бутел, партиска делегација на СДСМ во состав: Сања Лукаревска, Саша Димитријевиќ и Наталија Спировска, оддаде почит и положи свежи цвеќе. „Слава им. Да живее 11 Октомври!“, велат од СДСМ.  

The post Партиска делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ appeared first on Република.

]]>
Сајкоски: Им изразивме почит на сите храбри борци и херои што го дадоа животот за слободна и самостојна Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/sajkoski-im-izrazivme-pochit-na-site-hrabri-bortsi-i-heroi-shto-go-dadoa-zhivotot-za-slobodna-i-samostojna-makedonija/ Fri, 11 Oct 2024 11:05:36 +0000 https://republika.mk/?p=825490

Пратеникот и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоѓија Сајкоски, по повод денешниот празник беше во посета на Прилеп.

Денес положивме свежо цвеќе кај мемориалниот комплекс – Могила на непобедените во Спомен паркот на револуцијата во Прилеп, со што им изразивме почит на сите храбри борци и херои што го дадоа животот за слободна и самостојна Македонија и ни оставија аманет да ја чуваме сувереноста и независноста на татковината и да се бориме за подобра и посветла иднина, истакна Сајкоски.

„Нека ни е честит 11 Октомври, Денот на народното востание, симболот на непокорот и слободарскиот дух на македонскиот народ“ – порача тој.

The post Сајкоски: Им изразивме почит на сите храбри борци и херои што го дадоа животот за слободна и самостојна Македонија appeared first on Република.

]]>

Пратеникот и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоѓија Сајкоски, по повод денешниот празник беше во посета на Прилеп.
Денес положивме свежо цвеќе кај мемориалниот комплекс – Могила на непобедените во Спомен паркот на револуцијата во Прилеп, со што им изразивме почит на сите храбри борци и херои што го дадоа животот за слободна и самостојна Македонија и ни оставија аманет да ја чуваме сувереноста и независноста на татковината и да се бориме за подобра и посветла иднина, истакна Сајкоски.
„Нека ни е честит 11 Октомври, Денот на народното востание, симболот на непокорот и слободарскиот дух на македонскиот народ“ – порача тој.

The post Сајкоски: Им изразивме почит на сите храбри борци и херои што го дадоа животот за слободна и самостојна Македонија appeared first on Република.

]]>
1200 ученици од Прилеп го формираа македонското знаме по повод 11 Октомври https://republika.mk/vesti/makedonija/1200-uchenitsi-od-prilep-go-formiraa-makedonskoto-zname-po-povod-11-oktomvri/ Fri, 11 Oct 2024 08:45:07 +0000 https://republika.mk/?p=825431

Во Прилеп продолжи традицијата на формирање на македонското знаме во срцето на градот. Годинава, 1.200 ученици од сите основни и средни училишта од Прилеп се здружија за nа плоштадот „Матодија Андонов Ченто“ да го формираат нашиот најголем национален симбол – македонското знаме, во чест на националниот празник 11 Октомври.

Оваа традиција, воспоставена во 2010 година, имаше прекин од пет години за време на пандемијата. Знамето, со димензии 24 на 12 метри, е формирано со учество на четири ученици од секој квадратен метар, кои доаѓаат од основните и средните училишта во градот и околината.

Ова е повеќе од перформанс – тоа е израз на нашата почит кон историјата, кон сите оние кои се бореле за слободата и независноста на Македонија. Симболично, преку овие млади генерации, ја негуваме љубовта кон татковината и ги всадуваме основните вредности на слободата, демократијата и почитта кон националните симболи. Нашата иднина е во рацете на овие млади луѓе, и затоа е клучно да ги учиме на важноста на историјата, на сплотеноста и љубовта кон нашата татковина. Со нивната енергија и ентузијазам, ние се движиме напред кон нови достигнувања, горди на минатото и полни со надеж за иднината, велат од Општина Прилеп.

The post 1200 ученици од Прилеп го формираа македонското знаме по повод 11 Октомври appeared first on Република.

]]>

Во Прилеп продолжи традицијата на формирање на македонското знаме во срцето на градот. Годинава, 1.200 ученици од сите основни и средни училишта од Прилеп се здружија за nа плоштадот „Матодија Андонов Ченто“ да го формираат нашиот најголем национален симбол – македонското знаме, во чест на националниот празник 11 Октомври. Оваа традиција, воспоставена во 2010 година, имаше прекин од пет години за време на пандемијата. Знамето, со димензии 24 на 12 метри, е формирано со учество на четири ученици од секој квадратен метар, кои доаѓаат од основните и средните училишта во градот и околината.
Ова е повеќе од перформанс – тоа е израз на нашата почит кон историјата, кон сите оние кои се бореле за слободата и независноста на Македонија. Симболично, преку овие млади генерации, ја негуваме љубовта кон татковината и ги всадуваме основните вредности на слободата, демократијата и почитта кон националните симболи. Нашата иднина е во рацете на овие млади луѓе, и затоа е клучно да ги учиме на важноста на историјата, на сплотеноста и љубовта кон нашата татковина. Со нивната енергија и ентузијазам, ние се движиме напред кон нови достигнувања, горди на минатото и полни со надеж за иднината, велат од Општина Прилеп.

The post 1200 ученици од Прилеп го формираа македонското знаме по повод 11 Октомври appeared first on Република.

]]>
Врачување на државната награда „11 Октомври“ https://republika.mk/vesti/makedonija/vrachuvane-na-drzhavnata-nagrada-11-oktomvri/ Fri, 11 Oct 2024 06:43:14 +0000 https://republika.mk/?p=825382

Државната награда „11 Октомври“ за 2024 година денеска во Собранието ќе му биде доделена на истражувачот на македонскиот фолклор проф. д-р Марко Китевски. Наградата, како што соопшти Министерството за култура и туризам, му се доделува за животно дело во областа на науката.

Мултимедијалниот уметник Љупчо Каров, академскиот сликар Владимир Темков и драмскиот актер и продуцент Јовица Михајловски се добитници на наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста.

Оваа одлука ја донел Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ на седница одржана на 11 септември 2024 година.

Претседателка на Одборот за доделување на наградата „11 Октомври“ е проф. д-р Елена Јованова - Грујовска.

The post Врачување на државната награда „11 Октомври“ appeared first on Република.

]]>

Државната награда „11 Октомври“ за 2024 година денеска во Собранието ќе му биде доделена на истражувачот на македонскиот фолклор проф. д-р Марко Китевски. Наградата, како што соопшти Министерството за култура и туризам, му се доделува за животно дело во областа на науката. Мултимедијалниот уметник Љупчо Каров, академскиот сликар Владимир Темков и драмскиот актер и продуцент Јовица Михајловски се добитници на наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста. Оваа одлука ја донел Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ на седница одржана на 11 септември 2024 година. Претседателка на Одборот за доделување на наградата „11 Октомври“ е проф. д-р Елена Јованова - Грујовска.

The post Врачување на државната награда „11 Октомври“ appeared first on Република.

]]>
Честит празник: Македонија го одбележува Денот на народното востание – 11 Октомври https://republika.mk/vesti/makedonija/den-na-narodnoto-vostanie-11-oktomvri/ Fri, 11 Oct 2024 06:35:24 +0000 https://republika.mk/?p=825378

Со свечена академија, положување цвеќе и доделување награди денеска ќе биде одбележан Денот на народното востание - 11 Октомври.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се обрати на свечената академија, што под нејзино покровителство ќе се одржи во Музејот на македонската борба за самостојност.

По повод државниот празник 11 Октомври, владини и собраниски делегации ќе положат цвеќе во Скопје, Прилеп и Куманово. Владина делегација составена од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и Љупчо Димовски, заменик-претседател на Владата за политички систем ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел и пред споменикот „Ослободители на Скопје“ пред Владата.

Во Прилеп, пак, владина делегација составена од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска и заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески ќе положи цвеќе пред споменикот на Методија Андонов – Ченто, пред споменикот на Кузман Јосифовски - Питу и на Могилата на непобедените.

Владина делегација составена од министерот за јавна администрација Горан Минчев, министерот за спорт Борко Ристовски и Радослав Настасијевиќ Варџиски, заменик-министер за дигитална трансформација, ќе положат цвеќе пред Спомен-костурницата во Куманово.

Пратеничките Драгана Бојковска и Сања Лукаревска ќе положат цвеќе на Партизански гробишта Бутел, а потоа пред Споменикот на ослободителите на Скопје.

Пратениците Биљана Кузманоска, Петар Ристески и Даниела Николова ќе положат цвеќе во Прилеп, на споменикот на Методија Андонов-Ченто, на споменикот на Кузман Јосифовски-Питу и на Могилата на непобедените. Пратениците Бране Петрушевски, Оливер Спасовски и Павле Арсоски, пак, ќе положат цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово.

Во Кристалната сала на Собранието денеска ќе биде доделена државната награда „11 Октомври“ на годинашните добитници на највисокото признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на земјава. Истражувачот на македонскиот фолклор проф. д-р Марко Китевски е добитник на наградата во областа на науката, а за животно дело во областа на културата и уметноста наградата им се доделува на мултимедијалниот уметник Љупчо Каров, академскиот сликар Владимир Темков и драмскиот актер и продуцент Јовица Михајловски.

На 11 октомври 1941 година Првиот прилепски партизански одред го нападна полицискиот участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.

Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција државава застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности. Македонскиот народ самостојно се избори за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во доброорганизирана 110-илјадна армија со воени формации од највиок ранг како корпуси и дивизии.

За време на окупацијата од Македонија беа интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеа врз недолжното цивилно население, земјата претрпе и огромни економски штети.

Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.

Минувајќи го патот на својот повеќедецениски развој и растеж како дел од СФРЈ, а потоа и како самостојна држава, пребродувајќи го конфликтот во 2001 година, Македонија, денес е полноправна членка на Обединетите нации, членка на НАТО и очекува одржување на првата меѓувлaдина конференција која означува старт на преговорите за членство со Европската Унија.

The post Честит празник: Македонија го одбележува Денот на народното востание – 11 Октомври appeared first on Република.

]]>

Со свечена академија, положување цвеќе и доделување награди денеска ќе биде одбележан Денот на народното востание - 11 Октомври. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се обрати на свечената академија, што под нејзино покровителство ќе се одржи во Музејот на македонската борба за самостојност. По повод државниот празник 11 Октомври, владини и собраниски делегации ќе положат цвеќе во Скопје, Прилеп и Куманово. Владина делегација составена од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и Љупчо Димовски, заменик-претседател на Владата за политички систем ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел и пред споменикот „Ослободители на Скопје“ пред Владата. Во Прилеп, пак, владина делегација составена од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска и заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески ќе положи цвеќе пред споменикот на Методија Андонов – Ченто, пред споменикот на Кузман Јосифовски - Питу и на Могилата на непобедените. Владина делегација составена од министерот за јавна администрација Горан Минчев, министерот за спорт Борко Ристовски и Радослав Настасијевиќ Варџиски, заменик-министер за дигитална трансформација, ќе положат цвеќе пред Спомен-костурницата во Куманово. Пратеничките Драгана Бојковска и Сања Лукаревска ќе положат цвеќе на Партизански гробишта Бутел, а потоа пред Споменикот на ослободителите на Скопје. Пратениците Биљана Кузманоска, Петар Ристески и Даниела Николова ќе положат цвеќе во Прилеп, на споменикот на Методија Андонов-Ченто, на споменикот на Кузман Јосифовски-Питу и на Могилата на непобедените. Пратениците Бране Петрушевски, Оливер Спасовски и Павле Арсоски, пак, ќе положат цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово. Во Кристалната сала на Собранието денеска ќе биде доделена државната награда „11 Октомври“ на годинашните добитници на највисокото признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на земјава. Истражувачот на македонскиот фолклор проф. д-р Марко Китевски е добитник на наградата во областа на науката, а за животно дело во областа на културата и уметноста наградата им се доделува на мултимедијалниот уметник Љупчо Каров, академскиот сликар Владимир Темков и драмскиот актер и продуцент Јовица Михајловски. На 11 октомври 1941 година Првиот прилепски партизански одред го нападна полицискиот участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред. 11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција државава застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности. Македонскиот народ самостојно се избори за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во доброорганизирана 110-илјадна армија со воени формации од највиок ранг како корпуси и дивизии. За време на окупацијата од Македонија беа интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеа врз недолжното цивилно население, земјата претрпе и огромни економски штети. Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава. Минувајќи го патот на својот повеќедецениски развој и растеж како дел од СФРЈ, а потоа и како самостојна држава, пребродувајќи го конфликтот во 2001 година, Македонија, денес е полноправна членка на Обединетите нации, членка на НАТО и очекува одржување на првата меѓувлaдина конференција која означува старт на преговорите за членство со Европската Унија.

The post Честит празник: Македонија го одбележува Денот на народното востание – 11 Октомври appeared first on Република.

]]>
Следува продолжен викенд https://republika.mk/zivot/servisi/sleduva-prodolzhen-vikend/ Mon, 07 Oct 2024 08:35:00 +0000 https://republika.mk/?p=823728

Следниот неработен ден воедно и продолжен викенд е 11 октомври (петок), Ден на народното востание.

Во октомври практично ќе имаме и уште еден неработен ден, а тоа е 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба.

Додека пак во декември повторно следува и продолжен викенд, за време на “Св. Климент Охридски”, кој се паѓа на 8 декември (недела), односно 09 декември (понеделник).

The post Следува продолжен викенд appeared first on Република.

]]>

Следниот неработен ден воедно и продолжен викенд е 11 октомври (петок), Ден на народното востание. Во октомври практично ќе имаме и уште еден неработен ден, а тоа е 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба. Додека пак во декември повторно следува и продолжен викенд, за време на “Св. Климент Охридски”, кој се паѓа на 8 декември (недела), односно 09 декември (понеделник).

The post Следува продолжен викенд appeared first on Република.

]]>
Холандија во фокус на 14. издание на „Здраво Млади“ https://republika.mk/scena/muzika/holandija-vo-fokus-na-14-izdanie-na-zdravo-mladi/ Fri, 04 Oct 2024 08:01:42 +0000 https://republika.mk/?p=822481

Во рамките на овогодишното, 14. издание на фестивалот на нова музика „Здраво Млади” што ќе се одржи на 11 октомври во МКЦ, публиката ќе има можност да проследи сеопфатна и богата културна програма која ќе биде реализирана како соработка на Младинскиот културен центар Скопје и Холандската амбасада.

Програмата која има за цел да ја промовира и слави холандската култура, ќе овозможи увид во современата холандска сцена, со разновидна понуда од уметнички активности.

Во рамки на музичката програма, публиката ќе има можност да погледне плејада на млади холандски музички групи и артисти кои со себе носат современ и моќен европски звук. Во МКЦ, ќе настапат иновативните “VELOCITY MADE GOOD”, експлозивното трио “HOUSEPAINTERS”, интензивното нојз трио “TEXOPRINT”, андерграунд дарк- поп сензацијата “SØWT”, кантавторката “EERIE WANDA”, како и диџеј сет на независниот промотер, агент и менаџер на издавачката куќа “YUGOFUTURISM”, Кун Хегде или диџеј “VIKENDICA”.

Во соработка со Кинотеката и „Eye Filmmuseum” од Амстердам, публиката ќе има можност да проследи неколку архивски филмови кои се дел од фондот на реномираниот филмски музеј, а се патеписи од Балканот, Македонија и Скопје во периодот од 1912 – 1930 година.

На еден од надворешните ѕидови од институцијата, ќе биде нацртан мурал од страна на еден од најпознатите ротердамски артисти, Јорен Јошуа, чија специјалност се духовити и апсурдни илустрации од секојдневниот живот. Предвидена е и специјална работилница за урбана уметност и графити карактери со ХРОМ, НЕЈМ и ФЛИМ, потоа мини саем на холандска литература и вкусување на автентична холандска храна.

Фестивалот е закажан за 11 октомври. Музичката програма на фестивалот започнува во 19 часот, додека останатите активности ќе се одвиваат во текот на целиот ден. Влезот е слободен.

 

The post Холандија во фокус на 14. издание на „Здраво Млади“ appeared first on Република.

]]>

Во рамките на овогодишното, 14. издание на фестивалот на нова музика „Здраво Млади” што ќе се одржи на 11 октомври во МКЦ, публиката ќе има можност да проследи сеопфатна и богата културна програма која ќе биде реализирана како соработка на Младинскиот културен центар Скопје и Холандската амбасада. Програмата која има за цел да ја промовира и слави холандската култура, ќе овозможи увид во современата холандска сцена, со разновидна понуда од уметнички активности. Во рамки на музичката програма, публиката ќе има можност да погледне плејада на млади холандски музички групи и артисти кои со себе носат современ и моќен европски звук. Во МКЦ, ќе настапат иновативните “VELOCITY MADE GOOD”, експлозивното трио “HOUSEPAINTERS”, интензивното нојз трио “TEXOPRINT”, андерграунд дарк- поп сензацијата “SØWT”, кантавторката “EERIE WANDA”, како и диџеј сет на независниот промотер, агент и менаџер на издавачката куќа “YUGOFUTURISM”, Кун Хегде или диџеј “VIKENDICA”. Во соработка со Кинотеката и „Eye Filmmuseum” од Амстердам, публиката ќе има можност да проследи неколку архивски филмови кои се дел од фондот на реномираниот филмски музеј, а се патеписи од Балканот, Македонија и Скопје во периодот од 1912 – 1930 година. На еден од надворешните ѕидови од институцијата, ќе биде нацртан мурал од страна на еден од најпознатите ротердамски артисти, Јорен Јошуа, чија специјалност се духовити и апсурдни илустрации од секојдневниот живот. Предвидена е и специјална работилница за урбана уметност и графити карактери со ХРОМ, НЕЈМ и ФЛИМ, потоа мини саем на холандска литература и вкусување на автентична холандска храна. Фестивалот е закажан за 11 октомври. Музичката програма на фестивалот започнува во 19 часот, додека останатите активности ќе се одвиваат во текот на целиот ден. Влезот е слободен.  

The post Холандија во фокус на 14. издание на „Здраво Млади“ appeared first on Република.

]]>
Скандал: Наместо со Денес над Македонија, Владата го прослави 11 Октомври со партиска химна https://republika.mk/vesti/makedonija/skandal-namesto-so-denes-nad-makedonija-vladata-go-proslavi-11-oktomvri-so-partiska-himna/ Wed, 11 Oct 2023 15:39:41 +0000 https://republika.mk/?p=690234

Уште една скандалозна церемонија организирана од владата на СДСМ и ДУИ. На церемонијата во чест на 11 Октомври  беше пуштена партиска химна на државна прослава. Песната во инструментална форма која се слуша пред да почнат говорите на прославата е партиската химна на СДСМ, што во никој случај не смеело да биде пуштена на државна прослава.

https://www.youtube.com/watch?v=QWsWDqOXBHc&t=26s

Богдан Илиевски, аналитичар и водител, на својот фејсбук профил запраша:

По некој нов протокол е да се пушта химната на сдсм на државна прослава на 11-ти октомври?

The post Скандал: Наместо со Денес над Македонија, Владата го прослави 11 Октомври со партиска химна appeared first on Република.

]]>

Уште една скандалозна церемонија организирана од владата на СДСМ и ДУИ. На церемонијата во чест на 11 Октомври  беше пуштена партиска химна на државна прослава. Песната во инструментална форма која се слуша пред да почнат говорите на прославата е партиската химна на СДСМ, што во никој случај не смеело да биде пуштена на државна прослава. https://www.youtube.com/watch?v=QWsWDqOXBHc&t=26s Богдан Илиевски, аналитичар и водител, на својот фејсбук профил запраша:
По некој нов протокол е да се пушта химната на сдсм на државна прослава на 11-ти октомври?

The post Скандал: Наместо со Денес над Македонија, Владата го прослави 11 Октомври со партиска химна appeared first on Република.

]]>
Сајкоски: Историјата на Македонија не може да биде предмет на договор на некоја комисија https://republika.mk/vesti/makedonija/sajkoski-istorijata-na-makedonija-ne-mozhe-da-bide-predmet-na-dogovor-na-nekoja-komisija/ Wed, 11 Oct 2023 12:14:21 +0000 https://republika.mk/?p=690153

Ова е значаен датум, бидејќи на 11 октомври 1941 година партизанскиот одред од 16 луѓе во Прилеп ја нападна полициската станица, го нападна затворот, ги нападна и ги прекина телефонските и електричните врски и со тоа нанесе силен удар на бугарскиот фашистички окупатор и со тоа фактички во Македонија се одбележува денот кога започна македонското народно востание, востанието за самостојност, за посебност, востанието кое беше континуитет на долгата борба на македонскиот народ уште од периодот на формирањето на македонската револуционерна организација, рече Ѓоргија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата насловена како „Образовни процеси-мост од историјата кон иднината“ која е во рамки на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Затоа, додаде Сајкоски, ова е најзначаен датум, бидејќи македонскиот народ и граѓаните на Македонија во долгиот континуитет на борба успеаја да ја донесат слободата, да ја никнат македонската држава.

Овој датум е значаен зошто ни е и вековен и милениумски аманет за да ги споменуваме борците, жртвите, и за да се потсетуваме како сме ја добиле слободата, државата и како треба да ја браниме и градиме државата сега. И нашето Кичево е револуционерен град. Кичево е град кој е прв ослободен на 11 септември во 1943 година, Кичево е најпркосен град и во Илинден и во НОБ, кажа Сајкоски.

Сајкоски укажа дека историјата не може да биде предмет на било какви преговори и договори во комисии и слично.

Денес кога зборуваме за историјата сакаме да кажеме дека историјата не може да биде предмет на договор на некоја комисија. Историјата се фактите, историјата се жртвите, историјата се сведоштвата, историјата ни е културниот идентитет со кој се поистоветуваме. Ние кога зборуваме за историја зборуваме за археологијата, фактите, документите, затоа ние не можеме да се откажеме од историјата“, изјави Сајкоски.

Според Сајкоски многу е јасно дека не може други да ни ја креираат историјата, затоа што историјата е исцртана и во светски рамки.

Нашиот народ се дефинираше во 1941 година, и нашата страна е да имаме слободна, суверена Македонија, да имаме Македонија каде суверенитетот нема да биде нападнат од комисија која ни ги креира учебниците, треба ние сами да си работиме на учебници, да си го дефинираме образовниот процес и како што ја почнавме битката така денес треба да се бориме за посебноста на Македонија, заклучи Сајкоски.

https://www.youtube.com/live/Rm6SATKLpJs?si=XR_5EjWDOHgKXSgB

The post Сајкоски: Историјата на Македонија не може да биде предмет на договор на некоја комисија appeared first on Република.

]]>

Ова е значаен датум, бидејќи на 11 октомври 1941 година партизанскиот одред од 16 луѓе во Прилеп ја нападна полициската станица, го нападна затворот, ги нападна и ги прекина телефонските и електричните врски и со тоа нанесе силен удар на бугарскиот фашистички окупатор и со тоа фактички во Македонија се одбележува денот кога започна македонското народно востание, востанието за самостојност, за посебност, востанието кое беше континуитет на долгата борба на македонскиот народ уште од периодот на формирањето на македонската револуционерна организација, рече Ѓоргија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата насловена како „Образовни процеси-мост од историјата кон иднината“ која е во рамки на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ „Важно е! Од тебе зависат промените“. Затоа, додаде Сајкоски, ова е најзначаен датум, бидејќи македонскиот народ и граѓаните на Македонија во долгиот континуитет на борба успеаја да ја донесат слободата, да ја никнат македонската држава.
Овој датум е значаен зошто ни е и вековен и милениумски аманет за да ги споменуваме борците, жртвите, и за да се потсетуваме како сме ја добиле слободата, државата и како треба да ја браниме и градиме државата сега. И нашето Кичево е револуционерен град. Кичево е град кој е прв ослободен на 11 септември во 1943 година, Кичево е најпркосен град и во Илинден и во НОБ, кажа Сајкоски.
Сајкоски укажа дека историјата не може да биде предмет на било какви преговори и договори во комисии и слично.
Денес кога зборуваме за историјата сакаме да кажеме дека историјата не може да биде предмет на договор на некоја комисија. Историјата се фактите, историјата се жртвите, историјата се сведоштвата, историјата ни е културниот идентитет со кој се поистоветуваме. Ние кога зборуваме за историја зборуваме за археологијата, фактите, документите, затоа ние не можеме да се откажеме од историјата“, изјави Сајкоски.
Според Сајкоски многу е јасно дека не може други да ни ја креираат историјата, затоа што историјата е исцртана и во светски рамки.
Нашиот народ се дефинираше во 1941 година, и нашата страна е да имаме слободна, суверена Македонија, да имаме Македонија каде суверенитетот нема да биде нападнат од комисија која ни ги креира учебниците, треба ние сами да си работиме на учебници, да си го дефинираме образовниот процес и како што ја почнавме битката така денес треба да се бориме за посебноста на Македонија, заклучи Сајкоски.
https://www.youtube.com/live/Rm6SATKLpJs?si=XR_5EjWDOHgKXSgB

The post Сајкоски: Историјата на Македонија не може да биде предмет на договор на некоја комисија appeared first on Република.

]]>
Koвачевски во говорот за 11 октомври не спомена против кого е кренато востанието https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-vo-govorot-za-11-oktomvri-ne-spomena-protiv-kogo-e-krenata-vostanieto/ Wed, 11 Oct 2023 10:19:00 +0000 https://republika.mk/?p=690112

Сиот прогрес што е направен до денес е одраз на нашиот непокор и слободата на избор. Имаме обврска да останеме на европскиот пат и фокусирани на европските вредности во името на се што е постигнато со македонскиот непокор до денес.  Антиевропската агенда е антимакедонска агенда и со тоа може да се справиме само со нови мудри одлуки, порача премиерот Димитар Ковачевски  на централниот настан по повод празникот 11 Октомври - Ден на народното востание, што се одржа кај Спомен костурницата во Куманово, под мотото „Непокор и слобода“.

На ова македонско парче земја, посочи премиерот, никогаш не се бегало ниту од пламен, ниту од окупатори, ниту од одлуки.

- Правецот е повторно тој, во остварувањето на стратешките национални и државни цели, да останеме цврсти и обединети, да се соочиме со актуелните предизвици, чекорејќи напред. Назад никогаш и не било опција, ни за партизаните ни за Илинденците, ниту кога се носеле важните политички одлуки при изградбата на државата и во нејзиното меѓунафродно етаблирање по независноста. Назад не е ни наша опција, рече Ковачевски.

Денес кога имаме своја македонска држава, како што рече, потврдена и признаена во Европа и во светот нашата современа битка е да не дозволиме нечии лични, партиски или други агенди, нечии туѓи цели да ни го попречат европскиот пат.

Ковачевски рече дека благодарение на непокорот уште од 1903 година и успехот во НОБ во 1944 година постои денешна современа и независна демократска евроатлантска РСМ.

Според него, „во 2023 година, во цивилизациски напредниот 21-ви век, современа, демократска, мултиетничка, напредна Република Македонија, полноправна членка на Обединетите нации, членка на НАТО, држава која почна преговори со ЕУ и идна членка на Европската Унија – некој, со антиевропската агенда, се обидува да ја врати во мрачното и мачно минато, кое е надминато“.

-Ова не е битка со оружје и на бојни полиња, како партизанските и револуционерните борби. Но е, уште една серозна и важна битка што ние мораме да ја добиеме. И со тоа ќе се осигураме никој никогаш да не може да ги користи македонските идентитетски прашања, за свои или нечии туѓи цели. Членството во Европската Унија го потврдува, зацврстува и унапредува идентитетот. Таков е случајот со сите европски народи. Така ќе биде потврден, зацврстен, унапреден – со тоа и заштитен трајно и македонскиот идентитет во европски и светски рамки. Еднаш освоената слобода и еднаш создадената држава - се чуваат и штитат засекогаш. И затоа, ние, генерациите на денешнината имаме обврска да се справиме со антиевропската и антимакедонска агенда – од каде и да доаѓа таа. И тоа ќе го направиме со нови мудри одлуки, како и досега, коишто отвораат перспективи и овозможуваат напредок на граѓаните и државата, рече Ковачевски.

Истакна дека државава е поставена на вистинскиот пат и се развива според потребите на граѓаните, според модерните текови и во блиско пријателство со стратешките партнери САД, државите членки на ЕУ и на НАТО, од коишто има силна поддршка за натамошниот развој, како никогаш досега.

Нашата држава, посочи премиерот, отсекогаш била на вистинската страна на историјата, па и за време на Втората светска војна, кога застанала меѓу прогресивните антифашистички сили.

-И денес сме рамо до рамо во НАТО и со државите членки на ЕУ, во одбраната на мирот. И имаме обврска да останеме на европскиот пат и фокусирани на европските вредности - во името на сè што е постигнато со македонскиот непокор до денес. И со којшто, уверен сум, ќе ги обезбедиме и нашите европски перспективи, реформирајќи го нашиот вековен македонски државен капацитет, во врвен европски капацитет кој ќе покаже дека дента кога ќе влеземе во ЕУ, нашата држава ќе биде најбрзорастечка економија во Унијата. Ако некој мисли дека покрај големото, драгоцено историско искуство, може, со било што, да ја разниша самодовербата на македонскиот народ, наметувајки му чувство на жртва, ставајќи го во улога на постојано онеправден и зависен од волјата на други и во изолација – сакам да порачам, дека - многу згрешил во проценките!, порача Ковачевски.

Нашиот пат до извојуваната слобода и напредокот, посочи премиерот, е обоен во црвено и тоа е свет аманет и аларм за сите и сегашни и идни водства на државата.

-Лидерството, предводи по патот – не бега од одлуки и не тактизира со оправдувања! И јас како премиер и ние како Влада, ќе продолжиме, заедно со сите вас, непокорно да чекориме по патот на прогресот. И знам дека и овој пат, повторно заедно, ќе успееме, наведе премиерот Ковачевски.

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски истакна дека одлуките од првото заседание на АСНОМ од 1944 година донесоа остварување на желбите за  основање на македонска држава и оти тоа претставува поттик денес да ги чествуваме хероите кои ги дадоа своите млади животи за слобода.

-Денес по 82 години сме исправени пред нови искушенија. 11 Октомври претставува инспирација и поттик за надминување на сите поделби преку меѓусебна почит и несебично пријателство што ќе ни обезбеди напредок и успеси, рече Димитриевски.

Нашата борба и залагања за влез во европското семејство, според Димитриевски, мора да бидат достоинствени и издржливи на начин како што му доликува на секој горд народ кој има своја историја, традиција и обичаи. Повика на општ консензус и обединување на сите за заеднички да се работи на развој на државата  со носење важни и неопходни одлуки што ќе донесат стабилност и сигурност и влез во ЕУ.

Чествувањето на празникот  почна со положување цвеќе пред Спомен - костурницата од страна на повеќе делегации, на Владата, Собранието, Кабинетот на Претседателот, Армијата, диломатскиот кор, здруженија на борци, претставници на бизнис заедницата, нелвадиниот сектор

The post Koвачевски во говорот за 11 октомври не спомена против кого е кренато востанието appeared first on Република.

]]>

Сиот прогрес што е направен до денес е одраз на нашиот непокор и слободата на избор. Имаме обврска да останеме на европскиот пат и фокусирани на европските вредности во името на се што е постигнато со македонскиот непокор до денес.  Антиевропската агенда е антимакедонска агенда и со тоа може да се справиме само со нови мудри одлуки, порача премиерот Димитар Ковачевски  на централниот настан по повод празникот 11 Октомври - Ден на народното востание, што се одржа кај Спомен костурницата во Куманово, под мотото „Непокор и слобода“. На ова македонско парче земја, посочи премиерот, никогаш не се бегало ниту од пламен, ниту од окупатори, ниту од одлуки. - Правецот е повторно тој, во остварувањето на стратешките национални и државни цели, да останеме цврсти и обединети, да се соочиме со актуелните предизвици, чекорејќи напред. Назад никогаш и не било опција, ни за партизаните ни за Илинденците, ниту кога се носеле важните политички одлуки при изградбата на државата и во нејзиното меѓунафродно етаблирање по независноста. Назад не е ни наша опција, рече Ковачевски. Денес кога имаме своја македонска држава, како што рече, потврдена и признаена во Европа и во светот нашата современа битка е да не дозволиме нечии лични, партиски или други агенди, нечии туѓи цели да ни го попречат европскиот пат. Ковачевски рече дека благодарение на непокорот уште од 1903 година и успехот во НОБ во 1944 година постои денешна современа и независна демократска евроатлантска РСМ. Според него, „во 2023 година, во цивилизациски напредниот 21-ви век, современа, демократска, мултиетничка, напредна Република Македонија, полноправна членка на Обединетите нации, членка на НАТО, држава која почна преговори со ЕУ и идна членка на Европската Унија – некој, со антиевропската агенда, се обидува да ја врати во мрачното и мачно минато, кое е надминато“. -Ова не е битка со оружје и на бојни полиња, како партизанските и револуционерните борби. Но е, уште една серозна и важна битка што ние мораме да ја добиеме. И со тоа ќе се осигураме никој никогаш да не може да ги користи македонските идентитетски прашања, за свои или нечии туѓи цели. Членството во Европската Унија го потврдува, зацврстува и унапредува идентитетот. Таков е случајот со сите европски народи. Така ќе биде потврден, зацврстен, унапреден – со тоа и заштитен трајно и македонскиот идентитет во европски и светски рамки. Еднаш освоената слобода и еднаш создадената држава - се чуваат и штитат засекогаш. И затоа, ние, генерациите на денешнината имаме обврска да се справиме со антиевропската и антимакедонска агенда – од каде и да доаѓа таа. И тоа ќе го направиме со нови мудри одлуки, како и досега, коишто отвораат перспективи и овозможуваат напредок на граѓаните и државата, рече Ковачевски. Истакна дека државава е поставена на вистинскиот пат и се развива според потребите на граѓаните, според модерните текови и во блиско пријателство со стратешките партнери САД, државите членки на ЕУ и на НАТО, од коишто има силна поддршка за натамошниот развој, како никогаш досега. Нашата држава, посочи премиерот, отсекогаш била на вистинската страна на историјата, па и за време на Втората светска војна, кога застанала меѓу прогресивните антифашистички сили. -И денес сме рамо до рамо во НАТО и со државите членки на ЕУ, во одбраната на мирот. И имаме обврска да останеме на европскиот пат и фокусирани на европските вредности - во името на сè што е постигнато со македонскиот непокор до денес. И со којшто, уверен сум, ќе ги обезбедиме и нашите европски перспективи, реформирајќи го нашиот вековен македонски државен капацитет, во врвен европски капацитет кој ќе покаже дека дента кога ќе влеземе во ЕУ, нашата држава ќе биде најбрзорастечка економија во Унијата. Ако некој мисли дека покрај големото, драгоцено историско искуство, може, со било што, да ја разниша самодовербата на македонскиот народ, наметувајки му чувство на жртва, ставајќи го во улога на постојано онеправден и зависен од волјата на други и во изолација – сакам да порачам, дека - многу згрешил во проценките!, порача Ковачевски. Нашиот пат до извојуваната слобода и напредокот, посочи премиерот, е обоен во црвено и тоа е свет аманет и аларм за сите и сегашни и идни водства на државата. -Лидерството, предводи по патот – не бега од одлуки и не тактизира со оправдувања! И јас како премиер и ние како Влада, ќе продолжиме, заедно со сите вас, непокорно да чекориме по патот на прогресот. И знам дека и овој пат, повторно заедно, ќе успееме, наведе премиерот Ковачевски. Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски истакна дека одлуките од првото заседание на АСНОМ од 1944 година донесоа остварување на желбите за  основање на македонска држава и оти тоа претставува поттик денес да ги чествуваме хероите кои ги дадоа своите млади животи за слобода. -Денес по 82 години сме исправени пред нови искушенија. 11 Октомври претставува инспирација и поттик за надминување на сите поделби преку меѓусебна почит и несебично пријателство што ќе ни обезбеди напредок и успеси, рече Димитриевски. Нашата борба и залагања за влез во европското семејство, според Димитриевски, мора да бидат достоинствени и издржливи на начин како што му доликува на секој горд народ кој има своја историја, традиција и обичаи. Повика на општ консензус и обединување на сите за заеднички да се работи на развој на државата  со носење важни и неопходни одлуки што ќе донесат стабилност и сигурност и влез во ЕУ. Чествувањето на празникот  почна со положување цвеќе пред Спомен - костурницата од страна на повеќе делегации, на Владата, Собранието, Кабинетот на Претседателот, Армијата, диломатскиот кор, здруженија на борци, претставници на бизнис заедницата, нелвадиниот сектор

The post Koвачевски во говорот за 11 октомври не спомена против кого е кренато востанието appeared first on Република.

]]>
(ВО ЖИВО) Централен настан за одбележување на 11 Октомври – Денот на народното востание https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-tsentralen-nastan-za-odbelezhuvane-na-11-oktomvri-denot-na-narodnoto-vostanie/ Wed, 11 Oct 2023 08:35:03 +0000 https://republika.mk/?p=690081

Централниот настан за одбележување на 11 Октомври - Денот на народното востание, се одржува кај Спомен костурницата во Куманово.

Празникот се одбележува под мотото „Непокор и слобода“.

https://www.youtube.com/watch?v=_uuet_MiunU&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmia.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post (ВО ЖИВО) Централен настан за одбележување на 11 Октомври – Денот на народното востание appeared first on Република.

]]>

Централниот настан за одбележување на 11 Октомври - Денот на народното востание, се одржува кај Спомен костурницата во Куманово. Празникот се одбележува под мотото „Непокор и слобода“. https://www.youtube.com/watch?v=_uuet_MiunU&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmia.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post (ВО ЖИВО) Централен настан за одбележување на 11 Октомври – Денот на народното востание appeared first on Република.

]]>
Честитка од Џафери по повод 11 Октомври: Секогаш во одбрана на стабилната и сигурна иднина за идните поколенија https://republika.mk/vesti/makedonija/chestitka-od-dhaferi-po-povod-11-oktomvri-sekogash-vo-odbrana-na-stabilnata-i-sigurna-idnina-za-idnite-pokolenija/ Wed, 11 Oct 2023 08:12:44 +0000 https://republika.mk/?p=690074

Претседателот на Собранието, Талат Џафери го честита 11 Октомври - Денот на народното востание, повикувајќи на сплотеност и единственост во одбрана на достоинствениот и еднакво добар и квалитетен живот за сите, како и во одбрана на стабилната и сигурна иднина за идните поколенија.

Денес, кога граѓаните на Република Македонија, ги уживаат благодатите што ги нуди слободата и слободното изразување на мислите, ставовите и гледиштата, не можеме да ги пренебрегнеме жртвите, влогот и пред сѐ, идеалите што ги водеа сите тие знајни и незнајни јунаци кои во ниту еден миг не се двоумеа да застанат на вистинската страна, на страната на правдата, на страната на доброто наспроти злото. Со јасна цел пред себе, тргнаа во одлучна борба против фашизмот, против окупацијата, насилството, поделбите, понижувањето и дискриминацијата помеѓу луѓето. Таа битка се доби меѓутоа, за жал, битките секојдневно продолжуваат во други димензии од животот и предизвикот е секојдневно сѐ поголем. Ужасните вести што ги слушаме од блиските и далечните региони се аларм и потсетник дека мирот е кревок и треба да се негува, да се чува и штити, внатре и надвор. Секогаш сплотени и единствени, како граѓани и како човечки суштества, секогаш да застанеме во одбрана на достоинствениот и еднакво добар и квалитетен живот за сите. Секогаш во одбрана на стабилната и сигурна иднина за идните поколенија. Драги граѓани, Ви посакувам да имате убав празничен ден!, наведува Џафери во честитката.

The post Честитка од Џафери по повод 11 Октомври: Секогаш во одбрана на стабилната и сигурна иднина за идните поколенија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието, Талат Џафери го честита 11 Октомври - Денот на народното востание, повикувајќи на сплотеност и единственост во одбрана на достоинствениот и еднакво добар и квалитетен живот за сите, како и во одбрана на стабилната и сигурна иднина за идните поколенија.
Денес, кога граѓаните на Република Македонија, ги уживаат благодатите што ги нуди слободата и слободното изразување на мислите, ставовите и гледиштата, не можеме да ги пренебрегнеме жртвите, влогот и пред сѐ, идеалите што ги водеа сите тие знајни и незнајни јунаци кои во ниту еден миг не се двоумеа да застанат на вистинската страна, на страната на правдата, на страната на доброто наспроти злото. Со јасна цел пред себе, тргнаа во одлучна борба против фашизмот, против окупацијата, насилството, поделбите, понижувањето и дискриминацијата помеѓу луѓето. Таа битка се доби меѓутоа, за жал, битките секојдневно продолжуваат во други димензии од животот и предизвикот е секојдневно сѐ поголем. Ужасните вести што ги слушаме од блиските и далечните региони се аларм и потсетник дека мирот е кревок и треба да се негува, да се чува и штити, внатре и надвор. Секогаш сплотени и единствени, како граѓани и како човечки суштества, секогаш да застанеме во одбрана на достоинствениот и еднакво добар и квалитетен живот за сите. Секогаш во одбрана на стабилната и сигурна иднина за идните поколенија. Драги граѓани, Ви посакувам да имате убав празничен ден!, наведува Џафери во честитката.

The post Честитка од Џафери по повод 11 Октомври: Секогаш во одбрана на стабилната и сигурна иднина за идните поколенија appeared first on Република.

]]>
Ковачевски го честита 11 Октомври: Благодарение на успехот во НОБ постои денешна, современа и независна Република Cеверна Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-go-chestita-11-oktomvri-blagodarenie-na-uspehot-vo-nob-postoi-deneshna-sovremena-i-nezavisna-republika-ceverna-makedonija/ Wed, 11 Oct 2023 08:02:07 +0000 https://republika.mk/?p=690067

Премиерот Димитар Ковачевски упати честитка по повод државниот празник 11 Октомври - Денот на народното востание порачувајќи „како и македонските борци за слобода, едни до други, треба да останеме цврсти и обединети по европскиот пат напред и да создадеме иднина за следните генерации“.

Благодарение на успехот во НОБ постои денешна, современа и независна, демократска, евроатлантска Република Cеверна Македонија. Затоа, како што вели, 11-ти октомври 1941-та година, кога започнува македонското народноослободително антифашистичко востание, бил, е и ќе биде секогаш на светлите страници на македонската историја.

 

Македонските борци, со непокорот уште од 1903 година и успехот во Народноослободителната борба во 1944 година, го трасираат патот до слободата и државноста, но и на македонскиот напредок.Исто како партизаните, едни до други и едни со други, да останеме цврсти и обединети по патот напред. Да ја внесеме државата во ЕУ и да ги донесеме европските стандарди во родната земја. Да одговориме на аманетот и нашата света должност - денес ние, да создадеме иднина за следните генерации!, порача во чест на денешниот државен празник, премиерот Ковачевски.

The post Ковачевски го честита 11 Октомври: Благодарение на успехот во НОБ постои денешна, современа и независна Република Cеверна Македонија appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски упати честитка по повод државниот празник 11 Октомври - Денот на народното востание порачувајќи „како и македонските борци за слобода, едни до други, треба да останеме цврсти и обединети по европскиот пат напред и да создадеме иднина за следните генерации“.
Благодарение на успехот во НОБ постои денешна, современа и независна, демократска, евроатлантска Република Cеверна Македонија. Затоа, како што вели, 11-ти октомври 1941-та година, кога започнува македонското народноослободително антифашистичко востание, бил, е и ќе биде секогаш на светлите страници на македонската историја.   Македонските борци, со непокорот уште од 1903 година и успехот во Народноослободителната борба во 1944 година, го трасираат патот до слободата и државноста, но и на македонскиот напредок.Исто како партизаните, едни до други и едни со други, да останеме цврсти и обединети по патот напред. Да ја внесеме државата во ЕУ и да ги донесеме европските стандарди во родната земја. Да одговориме на аманетот и нашата света должност - денес ние, да создадеме иднина за следните генерации!, порача во чест на денешниот државен празник, премиерот Ковачевски.

The post Ковачевски го честита 11 Октомври: Благодарение на успехот во НОБ постои денешна, современа и независна Република Cеверна Македонија appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Да ги зачуваме придобивките на славната антифашистичка генерација со демократска и функционална правна држава https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-da-gi-zachuvame-pridobivkite-na-slavnata-antifashistichka-generatsija-so-demokratska-i-funktsionalna-pravna-drzhava/ Wed, 11 Oct 2023 07:50:38 +0000 https://republika.mk/?p=690062

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка по повод 11 Октомври - Денот на народното востание, во која порачува дека треба „за да ги зачуваме придобивките на славната антифашистичка генерација, мора да ја градиме Македонија како демократска и функционална правна држава, со еднаквост пред законите и еднакви можности за развој и за напредок за секој нејзин граѓанин“.

Пендаровски порачува дека слободата и правдата се идеали што ја придвижуваат човековата историја.

Понесени од овие идеали, на 11 октомври 1941 година, 16 млади борци од прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ ги нападнаа симболите на фашистичката окупаторска власт и го означија почетокот на македонската народноослободителна и антифашистичка борба.

 

Со овој чин, македонскиот народ и македонските граѓани станаа дел од големата антихитлеровска коалиција. Слободољубивите мажи и жени од сите етнички, верски, социјални и идеолошки позадини се обединија во широк народноослободителен фронт во кој се бореа и изборија за слободна македонска држава во свет ослободен од злото на фашизмот. Носители на таа праведна борба беа младите луѓе. Од првите партизански одреди, па сè до државотворниот АСНОМ, младите споделуваа специфична визија за општото добро што ја вградија во темелите на државата. Тие сонуваа за слободно, праведно и солидарно општество во коешто секој негов член ќе има достоинствен живот.

 

За да ги зачуваме придобивките на славната антифашистичка генерација ние мора да ја градиме Македонија како демократска и функционална правна држава, со еднаквост пред законите и еднакви можности за развој и за напредок за секој нејзин граѓанин. Фокусирани на општото добро и на јавниот интерес ќе создадеме услови за нашите млади да останат во својата татковина и тука да се вклучат во битките за напредок на секое поле на животот. Нека ни е честит и вековит празникот!, истакнува претседателот Пендаровски.

The post Пендаровски: Да ги зачуваме придобивките на славната антифашистичка генерација со демократска и функционална правна држава appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка по повод 11 Октомври - Денот на народното востание, во која порачува дека треба „за да ги зачуваме придобивките на славната антифашистичка генерација, мора да ја градиме Македонија како демократска и функционална правна држава, со еднаквост пред законите и еднакви можности за развој и за напредок за секој нејзин граѓанин“. Пендаровски порачува дека слободата и правдата се идеали што ја придвижуваат човековата историја.
Понесени од овие идеали, на 11 октомври 1941 година, 16 млади борци од прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ ги нападнаа симболите на фашистичката окупаторска власт и го означија почетокот на македонската народноослободителна и антифашистичка борба.   Со овој чин, македонскиот народ и македонските граѓани станаа дел од големата антихитлеровска коалиција. Слободољубивите мажи и жени од сите етнички, верски, социјални и идеолошки позадини се обединија во широк народноослободителен фронт во кој се бореа и изборија за слободна македонска држава во свет ослободен од злото на фашизмот. Носители на таа праведна борба беа младите луѓе. Од првите партизански одреди, па сè до државотворниот АСНОМ, младите споделуваа специфична визија за општото добро што ја вградија во темелите на државата. Тие сонуваа за слободно, праведно и солидарно општество во коешто секој негов член ќе има достоинствен живот.   За да ги зачуваме придобивките на славната антифашистичка генерација ние мора да ја градиме Македонија како демократска и функционална правна држава, со еднаквост пред законите и еднакви можности за развој и за напредок за секој нејзин граѓанин. Фокусирани на општото добро и на јавниот интерес ќе создадеме услови за нашите млади да останат во својата татковина и тука да се вклучат во битките за напредок на секое поле на животот. Нека ни е честит и вековит празникот!, истакнува претседателот Пендаровски.

The post Пендаровски: Да ги зачуваме придобивките на славната антифашистичка генерација со демократска и функционална правна држава appeared first on Република.

]]>