11 лица Archives - Република https://republika.mk/tema/11-lica/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Oct 2022 09:01:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 11 лица Archives - Република https://republika.mk/tema/11-lica/ 32 32 11 лица во Белгија се осудени поради лажни сертификати за ковид-19 https://republika.mk/vesti/svet/11-lica-vo-belgija-se-osudeni-poradi-lazni-sertifikati-za-kovid-19/ Tue, 25 Oct 2022 09:01:42 +0000 https://republika.mk/?p=565307

Вкупно 11 лица се осудени во Белгија поради лажни патни сертификати за Ковид, објавија локалните медиуми. Изречените казни се затвор од шест до осум месеци и парична казна до 2.000 евра.

Од вкупно 820 откриени случаи на измама, 80 отсто од фатените доброволно се согласиле да платат казна од 750 евра. Останатите 160 патници ја одбиле казната и се изведени пред суд.

Најголем дел од осудените добија казна затвор од шест месеци и парична казна од 1.600 евра. За еден од обвинетите, кој претходно бил казнет за фалсификување исправи, казната е осум месеци затвор и 2000 евра.

Како што пренесуваат локалните медиуми, сите обвинети биле фатени на бриселскиот аеродром „Завентем” по април 2021 година, кога делумно беше укината целосната забрана за несуштински патувања воведена поради пандемијата. Тогаш од патниците се бараше да покажат негативен ПЦР тест за да им биде дозволено да ја преминат границата.

The post 11 лица во Белгија се осудени поради лажни сертификати за ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Вкупно 11 лица се осудени во Белгија поради лажни патни сертификати за Ковид, објавија локалните медиуми. Изречените казни се затвор од шест до осум месеци и парична казна до 2.000 евра. Од вкупно 820 откриени случаи на измама, 80 отсто од фатените доброволно се согласиле да платат казна од 750 евра. Останатите 160 патници ја одбиле казната и се изведени пред суд. Најголем дел од осудените добија казна затвор од шест месеци и парична казна од 1.600 евра. За еден од обвинетите, кој претходно бил казнет за фалсификување исправи, казната е осум месеци затвор и 2000 евра. Како што пренесуваат локалните медиуми, сите обвинети биле фатени на бриселскиот аеродром „Завентем” по април 2021 година, кога делумно беше укината целосната забрана за несуштински патувања воведена поради пандемијата. Тогаш од патниците се бараше да покажат негативен ПЦР тест за да им биде дозволено да ја преминат границата.

The post 11 лица во Белгија се осудени поради лажни сертификати за ковид-19 appeared first on Република.

]]>