100 милиони евра Archives - Република https://republika.mk/tema/100-milioni-evra/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Sep 2024 08:12:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 100 милиони евра Archives - Република https://republika.mk/tema/100-milioni-evra/ 32 32 СДСМ: Нема да се реализираат 100 милиони евра за општините оваа година https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-nema-da-se-realiziraat-100-milioni-evra-za-opshtinite-ovaa-godina/ Wed, 25 Sep 2024 08:12:31 +0000 https://republika.mk/?p=819442

Уште едно разочарување и неисполнето ветување од Владата е на прагот, велат од СДСМ, додавајќи дека „најавените 100 милиони евра за развој и поддршка на општините, ветени од оваа Влада, повеќе од јасно е дека нема да се реализираат оваа година“. Според СДСМ, ова е уште еден доказ дека „ВМРО-ДПМНЕ не успева да ги оствари своите ветувања и повторно ја изневерува довербата на граѓаните“.

Министерот Перински најави дека средствата нема да бидат доделени директно на посебните сметки на општините, како што тоа го правеше СДСМ. Наместо тоа, парите ќе се исплаќаат директно од буџетот до изведувачите, што значи дека оваа година реализацијата на средствата е речиси небвозможна или ќе биде минимална. Ваквиот пристап не само што го забавува процесот, туку и отвора можност за манипулации, централизирајќи ја контролата во рацете на Владата, велат од СДСМ.

За разлика од ова, велат од партијата, СДСМ реализираше проекти вредни 265 милиони евра во општините на далеку поефективен начин.

Средствата беа наменски на сметките на општините, каде што локалните власти имаа директен пристап и можност сами да ги управуваат своите проекти. Ова беше модел кој осигуруваше ефикасна реализација и транспарентност, нешто што е сега оневозможено од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Централизацијата на средствата и контролата од страна на Владата е директен удар врз децентрализацијата и автономијата на општините. Ова покажува дека ВМРО-ДПМНЕ не е подготвена да им верува на општините и на локалните власти, што води до стагнација и нереализирани проекти кои се од суштинско значење за граѓаните, велат во денешното соопштение СДСМ.

The post СДСМ: Нема да се реализираат 100 милиони евра за општините оваа година appeared first on Република.

]]>

Уште едно разочарување и неисполнето ветување од Владата е на прагот, велат од СДСМ, додавајќи дека „најавените 100 милиони евра за развој и поддршка на општините, ветени од оваа Влада, повеќе од јасно е дека нема да се реализираат оваа година“. Според СДСМ, ова е уште еден доказ дека „ВМРО-ДПМНЕ не успева да ги оствари своите ветувања и повторно ја изневерува довербата на граѓаните“.
Министерот Перински најави дека средствата нема да бидат доделени директно на посебните сметки на општините, како што тоа го правеше СДСМ. Наместо тоа, парите ќе се исплаќаат директно од буџетот до изведувачите, што значи дека оваа година реализацијата на средствата е речиси небвозможна или ќе биде минимална. Ваквиот пристап не само што го забавува процесот, туку и отвора можност за манипулации, централизирајќи ја контролата во рацете на Владата, велат од СДСМ.
За разлика од ова, велат од партијата, СДСМ реализираше проекти вредни 265 милиони евра во општините на далеку поефективен начин.
Средствата беа наменски на сметките на општините, каде што локалните власти имаа директен пристап и можност сами да ги управуваат своите проекти. Ова беше модел кој осигуруваше ефикасна реализација и транспарентност, нешто што е сега оневозможено од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Централизацијата на средствата и контролата од страна на Владата е директен удар врз децентрализацијата и автономијата на општините. Ова покажува дека ВМРО-ДПМНЕ не е подготвена да им верува на општините и на локалните власти, што води до стагнација и нереализирани проекти кои се од суштинско значење за граѓаните, велат во денешното соопштение СДСМ.

The post СДСМ: Нема да се реализираат 100 милиони евра за општините оваа година appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Ќе формираме ад хок тело кое ќе испитува како се поделени 100 милиони евра без критериуми за наводна поддршка на компании во ковид https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-ke-formirame-ad-hok-telo-koe-ke-ispituva-kako-se-podeleni-100-milioni-evra-bez-kriteriumi-za-navodna-poddrshka-na-kompanii-vo-kovid/ Mon, 22 Jul 2024 19:01:27 +0000 https://republika.mk/?p=799325

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во интервју во Топ тема на телевизија Телма изјави дека на следната владина седница ќе се формира ад хок тело во кое ќе се испитуваат како претходната влада поделила 100 милиони евра без критериуми за наводна поддршка на компаниите во време на ковид кризата.

Знаете ли колку пари се потрошени по основ поддршка на компаниите, онаа владина помош? Знаете ли колку пари се потрошени, зборувам за онаа инвестиција жестоко најавувана поддршка на македонското стопанство, закон се носеше итн. 100 милиони евра се потрошени. Но, дали некој знае за што се овие пари потрошени, бидејќи во законот секој може да конкурира, дури вели во законот и оние правни лица кои што не ги исполнуваат условите согласно овој закон. Дали некој знае и направил проверка зошто овие 100 милиони евра се потрошени, праша премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски најави дека во среда на владина седница ќе се формира ад хок тело кое ќе испита како се поделиле овие 100 милиони евра, нагласувајќи дека согласно законот и правилникот стоело обврска дека треба да има формирано тело кое ќе следи како и на што се трошеле овие средства.

Сега ќе формираме ад хок тело на оваа седница во среда која што ќе ја имаме, а согласно законот стои обврска да се формира тело кое што ќе следи како се трошат парите и за што се трошат. Но, никој не го формирал тоа тело, ниту пак го создал правилникот којшто согласно законот морале да го создадат, дециден е тој.

The post Мицкоски: Ќе формираме ад хок тело кое ќе испитува како се поделени 100 милиони евра без критериуми за наводна поддршка на компании во ковид appeared first on Република.

Николоски: Ќе обезбедиме 100 милиони евра за капитални проекти во општините https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-ke-obezbedime-100-milioni-evra-za-kapitalni-proekti-vo-opshtinite/ Tue, 09 Jul 2024 19:19:19 +0000 https://republika.mk/?p=795085

Тоа што ветивме ќе реализираме. Денеска ги обезбедив првите 12 милиони евра за локални улици за општините, до крај на месецот со ребаланост ќе обезбедиме уште 88 милиони евра за капитални проекти, истакна министерот за транспорт Александар Николоски во емисијата “За или Против” на телевизија Алфа.

Тој потенцираше дека ова е дел од пакетот помош за општините од 100 милиони евра, финансиска мерка што беше ветена на општините, а веќе планирана да се реализира со ребалансот кој се очекува овој месец да се изгласа во Собранието.

Ќе реализираме тоа што го ветивме. И покрај дупката во Буџетот почнуваме со релизација на проектите што ги ветувавме. Следаната година ќе креираме сами буџет и ќе можеме да ги реализираме политиките што ги ветивме. Но и оваа година во вакви тешки услови почнуваме со реализација. Јавноста знае дека донесовме одлука за зголемување на пензиите за 5 илјади денари линеарно. 12 милиони евра денеска обезбедив за изгрaдба и реконструкција на локaлни улици и патишта, проект што го работиме преку Светска банка, а и останатите ќе ги обезбедиме со ребалансот така што општините до крај на годината ќе имаат на располагање стотина милиони евра за капитални пректи,” изјави министерот Николоски.

На прашање за изградба на пругата кон Бугарија, тој потенцираше дека не е против изградба на пруга на Коридор 10, но како што рече, изградбата на пругата е незивесна бидејќи се соочува со бројни проблеми.

Јас нема да дозволам да се трошат толку пари за нешто што нема да се користи. Не треба да инвестираме во пруга каде возовите немa да можат да се движат повеќе од 60 километри на час. Вториот проблем е што пругата не е до крај испоректирана, не знаеме дали Бугарите ќе го изградат својот дел од пругата. Најголем проблем е што границата треба да се премости со тунел кој е испроектиран само до пола. За мене најкористен проект за Македонија е изградба на брза пруга од Скопје до Солун која треба да оперира со 200 километри на час за патници и до 160 километри на час за карго превоз. Тоа значи дека низ Македонија да оди целиот товар кој би се превезувал до Централна Европа, а патувањето од Скопје до Солун да биде до 1 час и 15 минути. Но таа пруга продолжува на север кон Ниш, Белгард, Нови Сад, Суботица и Будимпешта и треба да биде главниот крвоток на Централна Европа. Со тоа Македонија би ја вратила својата клучна позиција на Балканот, истакна Николоски.

Тој најави дека оваа година ќе биде завршена изградбата на прва и втора фаза од експресниот пат од Градско до Прилеп, како и експресниот пат од Ранковце до Крива Паланка.

The post Николоски: Ќе обезбедиме 100 милиони евра за капитални проекти во општините appeared first on Република.

]]>

Тоа што ветивме ќе реализираме. Денеска ги обезбедив првите 12 милиони евра за локални улици за општините, до крај на месецот со ребаланост ќе обезбедиме уште 88 милиони евра за капитални проекти, истакна министерот за транспорт Александар Николоски во емисијата “За или Против” на телевизија Алфа. Тој потенцираше дека ова е дел од пакетот помош за општините од 100 милиони евра, финансиска мерка што беше ветена на општините, а веќе планирана да се реализира со ребалансот кој се очекува овој месец да се изгласа во Собранието.