100 години постоење Archives - Република https://republika.mk/tema/100-godini-postoene/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Apr 2024 14:51:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 100 години постоење Archives - Република https://republika.mk/tema/100-godini-postoene/ 32 32 100 години Археолошкиот музеј стои исправен пред сите предизвици https://republika.mk/vesti/kultura/100-godini-arheoloshkiot-muzej-stoi-ispraven-pred-site-predizvitsi/ Tue, 02 Apr 2024 16:51:47 +0000 https://republika.mk/?p=761353

Вчера се одржа Свечена академија по повод 100 години од основањето на Археолошкиот музеј во Скопје.

На 1 април 1924 година е формиран првиот Археолошки музеј во Македонија како установа со своја управа, зграда и музејски фонд составен од археолошки предмети пронаоѓани на територијата на Македонија. Во текот на овие 100 години музејот бил именуван со различни називи, зависно од историскитe текови и превирања, но грижата за археолошкото наследство се одвива во континуитет од 1924 година до денес. Во збирките на музејот денес се наоѓаат археолошки предмети кои се донесени во Куршумли ан како прво седиште на Музејот уште во 1924 година и до денес се симбол и синоним за македонската археологија – од најголемиот лапидариум на Балканот, кој сè уште е сместен во Куршумли ан, преку Големата Мајка од локалитетот Тумба Маџари во Скопје, праисториските дами од времето на енеолитот, тетовската Менада, наодите од гробот на пајонската свештеничка од некрополата Лисичин Дол во Исар-Марвинци, хидријата од Демир Капија, богатата скулптурална продукција од античкиот град Стибера, уникатните теракотни икони од Виничко Кале и многу други.

Долгогодишните систематски археолошки ископувања на Археолошкиот музеј ги опфаќаат сите предисториски епохи и сите периоди од човековата историја, од кои може да се издвојат: палеолитскиот локалитет Голема Пешт во с. Здуње, Македонски Брод, неолитскиот локалитет Тумба Маџари во Скопје, каде што е отворен првиот музеј под отворено небо во Македонија, енеолитската населба кај с. Спанчево, Кочанско, некрополата Димов Гроб кај с. Уланци, Градско, некрополата Мали Дол кај неготинското село Тремник, комплексните ископувања на градот кај с. Марвинци во Валандово, античките градови Антигонеа во Неготино и Гортинија во Гевгелија, ранохристијанските центри кај с. Коњух, Кратово и на Виничко Кале во Виница, доцноантичката населба на Стакина Чешма во Валандово, Кастелот на реката Пчиња, средновековниот град Моробиздон во Кочанско и многу други. Благодарение на овие истражувања, Археолошкиот музеј создаде 18 музејски збирки со илјадници археолошки предмети: од палеолитот (155.000 години пред н.е.) до времето на Отоманската империја (19 век).

Археолошкиот музеј во Скопје како матична музејска установа од полето на археологијата е носителот на сите најзначајни достигнувања во македонската музеологија и има реализирано огромен број изложби во земјата и странство. Стручниот кадар од Музејот со своите знаења и експертиза учествувал во формирањето на многу музејски збирки и установи низ државата. Во последниве години тоа беше крунисано со покренувањето и одржувањето на изложбата „100 години од откривањето на требенишката некропола“ како пример за успешна меѓународна балканска соработка, која веднаш се препозна како успешен пример за здружување на експертите од три балкански земји кои ги промовираат европските културни вредности.

Низ овие 100 години Археолошкиот музеј, како еден од клучните, не само културни, туку и општествени чинители, стоел исправен пред сите предизвици кои ги носеле различните услови и прилики и опстоил во својата мисија да биде поттикнувач на развојот на археологијата и музеологијата и на откривањето, прибирањето, чувањето и презентирањето на нашето богато минато и археолошко наследство.

 

The post 100 години Археолошкиот музеј стои исправен пред сите предизвици appeared first on Република.

]]>

Вчера се одржа Свечена академија по повод 100 години од основањето на Археолошкиот музеј во Скопје. На 1 април 1924 година е формиран првиот Археолошки музеј во Македонија како установа со своја управа, зграда и музејски фонд составен од археолошки предмети пронаоѓани на територијата на Македонија. Во текот на овие 100 години музејот бил именуван со различни називи, зависно од историскитe текови и превирања, но грижата за археолошкото наследство се одвива во континуитет од 1924 година до денес. Во збирките на музејот денес се наоѓаат археолошки предмети кои се донесени во Куршумли ан како прво седиште на Музејот уште во 1924 година и до денес се симбол и синоним за македонската археологија – од најголемиот лапидариум на Балканот, кој сè уште е сместен во Куршумли ан, преку Големата Мајка од локалитетот Тумба Маџари во Скопје, праисториските дами од времето на енеолитот, тетовската Менада, наодите од гробот на пајонската свештеничка од некрополата Лисичин Дол во Исар-Марвинци, хидријата од Демир Капија, богатата скулптурална продукција од античкиот град Стибера, уникатните теракотни икони од Виничко Кале и многу други. Долгогодишните систематски археолошки ископувања на Археолошкиот музеј ги опфаќаат сите предисториски епохи и сите периоди од човековата историја, од кои може да се издвојат: палеолитскиот локалитет Голема Пешт во с. Здуње, Македонски Брод, неолитскиот локалитет Тумба Маџари во Скопје, каде што е отворен првиот музеј под отворено небо во Македонија, енеолитската населба кај с. Спанчево, Кочанско, некрополата Димов Гроб кај с. Уланци, Градско, некрополата Мали Дол кај неготинското село Тремник, комплексните ископувања на градот кај с. Марвинци во Валандово, античките градови Антигонеа во Неготино и Гортинија во Гевгелија, ранохристијанските центри кај с. Коњух, Кратово и на Виничко Кале во Виница, доцноантичката населба на Стакина Чешма во Валандово, Кастелот на реката Пчиња, средновековниот град Моробиздон во Кочанско и многу други. Благодарение на овие истражувања, Археолошкиот музеј создаде 18 музејски збирки со илјадници археолошки предмети: од палеолитот (155.000 години пред н.е.) до времето на Отоманската империја (19 век). Археолошкиот музеј во Скопје како матична музејска установа од полето на археологијата е носителот на сите најзначајни достигнувања во македонската музеологија и има реализирано огромен број изложби во земјата и странство. Стручниот кадар од Музејот со своите знаења и експертиза учествувал во формирањето на многу музејски збирки и установи низ државата. Во последниве години тоа беше крунисано со покренувањето и одржувањето на изложбата „100 години од откривањето на требенишката некропола“ како пример за успешна меѓународна балканска соработка, која веднаш се препозна како успешен пример за здружување на експертите од три балкански земји кои ги промовираат европските културни вредности. Низ овие 100 години Археолошкиот музеј, како еден од клучните, не само културни, туку и општествени чинители, стоел исправен пред сите предизвици кои ги носеле различните услови и прилики и опстоил во својата мисија да биде поттикнувач на развојот на археологијата и музеологијата и на откривањето, прибирањето, чувањето и презентирањето на нашето богато минато и археолошко наследство.  

The post 100 години Археолошкиот музеј стои исправен пред сите предизвици appeared first on Република.

]]>