10 илјади луѓе на улица Archives - Република https://republika.mk/tema/10-iljadi-luge-na-ulitsa/ За подобро да се разбереме Wed, 08 Feb 2023 15:16:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 10 илјади луѓе на улица Archives - Република https://republika.mk/tema/10-iljadi-luge-na-ulitsa/ 32 32 10 илјади луѓе ќе останат на улица: Обложувалниците бараат итно да се повлече предлог законот за игри на среќа https://republika.mk/vesti/ekonomija/10-iljadi-luge-ke-ostanat-na-ulitsa-oblozhuvalnitsite-baraat-itno-da-se-povleche-predlog-zakonot-za-igri-na-sreka/ Wed, 08 Feb 2023 15:16:03 +0000 https://republika.mk/?p=606590

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) силно го осуди вчерашниот потег на Владата која на седница по предлог на Министерството за финансии ги утврди предложените измени и дополнувања на Законот за игри на среќа и забавни игри.

Од АСОМ потенцираа дека овој закон кој де јуре значи оддалечување на објектите за игри на среќа на 500 метри од училиштата, де факто е закон за гасење на индустријата, оставање на преку 10.000 вработени на улица и отворање широко врата за диви обложувалници и за сива економија.

Прашуваме кој има интерес од ваков закон и зошто воопшто се предлага? Сакам јасно да посочам дека анализите кои ги правевме и веќе неколку пати сме ги изнеле во јавноста јасно укажуваат дека се затвараат повеќе од 92% од локалите со ваквиот закон, а со тоа целосно се уништува легалната индустрија на сметка на нелегалната – истакна претседателот на АСОМ Васко Илијевски обраќајќи се до медиумите пред Владата.

Од АСОМ најавија дека ќе ја известат и Европската Унија дека неевропски закон ќе биде донесен со европско знаменце и ќе бараат итно да се спречи неговото донесување.

Дали е вистина дека овој закон за побрзо и без дебата да се протурка, ќе биде со европско знаменце или по скратена постапка? Владата е должна веднаш да одговори бидејќи тоа е незаконски и неиздржано според правилата за носење закони со европско знаменце. За ова ќе ја известиме Европската Унија и ќе бараме итно да се повлече законот од носење во таква процедура. Владата очигледно сака преку ноќ и без дебата да донесе закон во нечиј интерес. Треба да одговорат во чиј – рече Илијевски.

Претседателот на АСОМ изрази сомнеж во однос на нетранспарентноста на донесувањето на предложените измени на Законот за игри на среќа, алудирајќи на тоа дека станува збор за смислено сценарио.

Зошто предлог законот не е достапен на увид на претставниците на индустријата? Во која демократска и правна држава се носат закони без основна дебата и комуникација со претставниците на таа индустриска гранка? Ние кои сме директно погодени од најавените измени на законот сѐ уште не сме запознаени прецизно што сѐ измените предвидуваат, па со тоа добиваме индикација дека предложените измени намерно и смислено се кријат од нас – истакна Илијевски.

Според информации достапни за АСОМ во новиот предлог закон повторно е изоставен делот со кој се овозможува приредувачите да организираат и онлајн обложување како во сите европски земји.

Дали под европско знаменце се носи неевропски закон кој штити монопол во организацијата на игри на среќа, односно од неодамна дуопол со отворање на вториот државен оператор? Денеска сме тука да испратиме апел дека нема мирно да стоиме и да дозволиме нашите вработени да останат без егзистенција. Истакнуваме дека од оваа стопанска гранка директно и индиректно редовни примања добиваат околу 54.000 луѓе – нагласи Илијевски.

Од АСОМ предупредија дека ако се стави клуч на врата на легалните спортски обложувалници, обложувањето нема да запре и дека играчите ќе бараат алтернатива и обложувањето ќе се префрли на нелегални локации, каде државата ќе нема контрола ниту врз средствата, ниту врз безбедноста на играчите.

Како пример може да ја посочиме Албанија која пред 4 години го забрани спортското обложување, а потоа беше сведок на апсења секоја недела поради дивите обложувања. Поучени од негативното искуство албанските власти најавија повторна легализација на спортското обложување во првиот квартал на 2023 година. Дали нашата Влада има интерес да донесе закон со кој ќе ја направи грешката на Албанија? Дали ова се прави можеби намерно? Наместо да учиме од туѓите негативни искуства со предвидените законски измени директно одиме во амбис – посочи Илијевски.

Од АСОМ истакнаа дека ниедна европска земја нема ваков закон затоа што тој едноставно не функционира посочувајќи дека ваквите рестриктивни закони докажано носат спротивен ефект, кој отвора ново поле за нелегален профит и ризик за играчите.

Асоцијацијата ги повтори своите барања за итно повлекување на предлог законот и формирање на работни групи помеѓу институциите и приредувачите со цел носење ефикасен и европски закон.

ЕУ и претставниците на ЕУ во земјата да побараат увид во овој закон со кој се злоупотребува европското знаменце. Одговорно тврдиме дека нема правна основа тој да се носи под европско знаменце, ниту по скратена постапка, а со тоа да се ускрати дебатата. Итно имплементирање на сугестиите кои ги даде АСОМ на неколку наврати на ЕНЕР системот на претходните верзии од законот; пратениците одговорно да постапат и да свикаат дебата со цел да ги изложиме аргументите кои се целосно на наша страна – порача Илијевски.

Од АСОМ потенцираа дека преку активно поддржување на едукативни кампањи и силна финансиска поддршка, како и директна работа во заедницата, може да се направи многу повеќе отколку со носење неефикасни закони и апелираа Собранието да работи во корист на државата и да го спречи донесувањето на овој штетен закон.

Претседателот на АСОМ Илијевски најави дека доколку Владата итно не ги прими на состанок и на кој било начин се обиде да го протурка законот, ќе преземат радикални чекори за заштита на вработените и индустријата.

The post 10 илјади луѓе ќе останат на улица: Обложувалниците бараат итно да се повлече предлог законот за игри на среќа appeared first on Република.

]]>

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) силно го осуди вчерашниот потег на Владата која на седница по предлог на Министерството за финансии ги утврди предложените измени и дополнувања на Законот за игри на среќа и забавни игри. Од АСОМ потенцираа дека овој закон кој де јуре значи оддалечување на објектите за игри на среќа на 500 метри од училиштата, де факто е закон за гасење на индустријата, оставање на преку 10.000 вработени на улица и отворање широко врата за диви обложувалници и за сива економија.
Прашуваме кој има интерес од ваков закон и зошто воопшто се предлага? Сакам јасно да посочам дека анализите кои ги правевме и веќе неколку пати сме ги изнеле во јавноста јасно укажуваат дека се затвараат повеќе од 92% од локалите со ваквиот закон, а со тоа целосно се уништува легалната индустрија на сметка на нелегалната – истакна претседателот на АСОМ Васко Илијевски обраќајќи се до медиумите пред Владата.
Од АСОМ најавија дека ќе ја известат и Европската Унија дека неевропски закон ќе биде донесен со европско знаменце и ќе бараат итно да се спречи неговото донесување.
Дали е вистина дека овој закон за побрзо и без дебата да се протурка, ќе биде со европско знаменце или по скратена постапка? Владата е должна веднаш да одговори бидејќи тоа е незаконски и неиздржано според правилата за носење закони со европско знаменце. За ова ќе ја известиме Европската Унија и ќе бараме итно да се повлече законот од носење во таква процедура. Владата очигледно сака преку ноќ и без дебата да донесе закон во нечиј интерес. Треба да одговорат во чиј – рече Илијевски.
Претседателот на АСОМ изрази сомнеж во однос на нетранспарентноста на донесувањето на предложените измени на Законот за игри на среќа, алудирајќи на тоа дека станува збор за смислено сценарио.
Зошто предлог законот не е достапен на увид на претставниците на индустријата? Во која демократска и правна држава се носат закони без основна дебата и комуникација со претставниците на таа индустриска гранка? Ние кои сме директно погодени од најавените измени на законот сѐ уште не сме запознаени прецизно што сѐ измените предвидуваат, па со тоа добиваме индикација дека предложените измени намерно и смислено се кријат од нас – истакна Илијевски.
Според информации достапни за АСОМ во новиот предлог закон повторно е изоставен делот со кој се овозможува приредувачите да организираат и онлајн обложување како во сите европски земји.
Дали под европско знаменце се носи неевропски закон кој штити монопол во организацијата на игри на среќа, односно од неодамна дуопол со отворање на вториот државен оператор? Денеска сме тука да испратиме апел дека нема мирно да стоиме и да дозволиме нашите вработени да останат без егзистенција. Истакнуваме дека од оваа стопанска гранка директно и индиректно редовни примања добиваат околу 54.000 луѓе – нагласи Илијевски.
Од АСОМ предупредија дека ако се стави клуч на врата на легалните спортски обложувалници, обложувањето нема да запре и дека играчите ќе бараат алтернатива и обложувањето ќе се префрли на нелегални локации, каде државата ќе нема контрола ниту врз средствата, ниту врз безбедноста на играчите.
Како пример може да ја посочиме Албанија која пред 4 години го забрани спортското обложување, а потоа беше сведок на апсења секоја недела поради дивите обложувања. Поучени од негативното искуство албанските власти најавија повторна легализација на спортското обложување во првиот квартал на 2023 година. Дали нашата Влада има интерес да донесе закон со кој ќе ја направи грешката на Албанија? Дали ова се прави можеби намерно? Наместо да учиме од туѓите негативни искуства со предвидените законски измени директно одиме во амбис – посочи Илијевски.
Од АСОМ истакнаа дека ниедна европска земја нема ваков закон затоа што тој едноставно не функционира посочувајќи дека ваквите рестриктивни закони докажано носат спротивен ефект, кој отвора ново поле за нелегален профит и ризик за играчите. Асоцијацијата ги повтори своите барања за итно повлекување на предлог законот и формирање на работни групи помеѓу институциите и приредувачите со цел носење ефикасен и европски закон.
ЕУ и претставниците на ЕУ во земјата да побараат увид во овој закон со кој се злоупотребува европското знаменце. Одговорно тврдиме дека нема правна основа тој да се носи под европско знаменце, ниту по скратена постапка, а со тоа да се ускрати дебатата. Итно имплементирање на сугестиите кои ги даде АСОМ на неколку наврати на ЕНЕР системот на претходните верзии од законот; пратениците одговорно да постапат и да свикаат дебата со цел да ги изложиме аргументите кои се целосно на наша страна – порача Илијевски.
Од АСОМ потенцираа дека преку активно поддржување на едукативни кампањи и силна финансиска поддршка, како и директна работа во заедницата, може да се направи многу повеќе отколку со носење неефикасни закони и апелираа Собранието да работи во корист на државата и да го спречи донесувањето на овој штетен закон. Претседателот на АСОМ Илијевски најави дека доколку Владата итно не ги прими на состанок и на кој било начин се обиде да го протурка законот, ќе преземат радикални чекори за заштита на вработените и индустријата.