Здравје Archives - Република https://republika.mk/kategorija/zivot/zdravje/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Nov 2024 13:20:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Здравје Archives - Република https://republika.mk/kategorija/zivot/zdravje/ 32 32 Да се врати Законот за забрана на пушењето и да се забрани не само користењето на тутунот, туку и електронските цигари, бараат пулмолозите https://republika.mk/zivot/zdravje/da-se-vrati-zakonot-za-zabrana-na-pusheneto-i-da-se-zabrani-ne-samo-koristeneto-na-tutunot-tuku-i-elektronskite-tsigari-baraat-pulmolozite/ Wed, 20 Nov 2024 13:20:48 +0000 https://republika.mk/?p=839896

Дури 45 отсто од попуацијата во Македонија пуши цигари. Пушењето е главен ризик фактор за појава на хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) и докторите на Клиниката за пулмологија и членови на Македонското респираторно здружение (МРЗ) побараа да се врати Законот за забрана на пушење во јавни простории и да се забрани не само користењето на тутунот, туку и користењето на електорнските цигари.

Денеска, на 20 Ноември се одбележува Светскиот ден на ХОББ.

По новите статистики, ако пушач денес се откаже од цигари, ќе си го продолжи животот за 10 до 20 години, изјави на денешната прес-конфренција директорот на Клиниката за пулмологија, проф. д-р Оливер Зафировски.

[caption id="attachment_839948" align="alignnone" width="727"] Проф. д-р Оливер Зафровски, директор на Клиниката за пулмологија и алергологија / Фото: Принтскрин од МИА[/caption]

Според најновата статистика, 45 отсто од популацијата во Македонија пуши циграри. Ние сме лидери на Балканот и овој процент е многу висок. По најновите испитувања од 600 токсични материи, 70 се директно канцерогени и се основна причина за појава на канцер на бели дробови. Исто така ја влошуваат функцијата на белите дробови кај лицата кои имаат ХОББ. Мора да се води камапања, пушењето е зависност и мора да се лекува. За жал, ние немаме центри каде што треба да работат психолози. Границата е многу спуштена, дури под 10 години. Пушењето е само почеток, потоа следи консумирање алкохол, дрога..Мора да почнеме од рана детска возраст и во школите имаме проект „Време е, откажи се, биди умен, почни здрав живот“. Во скоро време ќе ја почнеме кампањата, од основните училишта па во средните, за да може да сфатат колку е штетно пушењето, изјави проф. д-р Зафировски.

Д-р Марија Здравеска, од Клиниката за пумологија апелираше да се направат сериозни чекори повторно да се врати Законот за забрана на пушењето, бидејќи кај нас не само пушачите што се одговорни за својот живот, туку се одговорни за животот на другите луѓе кои не пушат, особено на младите деца.

Бидејќи ако емисијата од цигари е штетна за сите луѓе, особено е штетна за младиот организам кој се развиа. Децата се повеќе склони за развојни проблеми, се намалува капациеттот на белите дробови заради изложувањето на пушењети, но и најлесно стануваат зависни од сите продукти кои содржат никотин и тутун. Апелираме и како Клиника и како Македонско респираторно здружение за зголемување на ригорозноста и конечно да се забрани не само користењето на тутунот, туку и на користењето на електронските цигари и тие да имаат еднаков третман и во смисла на даноци, оданочување и во смисла на користење и во смисла на рекламирање и продавање. Гледаме реклами и штандови кои во изобилие нудат на нашите деца вакви средства кои предизивкуваат зависност, изјави д-р Здравеска.

https://republika.mk/zivot/zdravje/najmalku-100-iljadi-gragani-vo-makedonija-boleduvaat-od-hobb/

The post Да се врати Законот за забрана на пушењето и да се забрани не само користењето на тутунот, туку и електронските цигари, бараат пулмолозите appeared first on Република.

]]>

Дури 45 отсто од попуацијата во Македонија пуши цигари. Пушењето е главен ризик фактор за појава на хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) и докторите на Клиниката за пулмологија и членови на Македонското респираторно здружение (МРЗ) побараа да се врати Законот за забрана на пушење во јавни простории и да се забрани не само користењето на тутунот, туку и користењето на електорнските цигари. Денеска, на 20 Ноември се одбележува Светскиот ден на ХОББ. По новите статистики, ако пушач денес се откаже од цигари, ќе си го продолжи животот за 10 до 20 години, изјави на денешната прес-конфренција директорот на Клиниката за пулмологија, проф. д-р Оливер Зафировски. [caption id="attachment_839948" align="alignnone" width="727"] Проф. д-р Оливер Зафровски, директор на Клиниката за пулмологија и алергологија / Фото: Принтскрин од МИА[/caption]
Според најновата статистика, 45 отсто од популацијата во Македонија пуши циграри. Ние сме лидери на Балканот и овој процент е многу висок. По најновите испитувања од 600 токсични материи, 70 се директно канцерогени и се основна причина за појава на канцер на бели дробови. Исто така ја влошуваат функцијата на белите дробови кај лицата кои имаат ХОББ. Мора да се води камапања, пушењето е зависност и мора да се лекува. За жал, ние немаме центри каде што треба да работат психолози. Границата е многу спуштена, дури под 10 години. Пушењето е само почеток, потоа следи консумирање алкохол, дрога..Мора да почнеме од рана детска возраст и во школите имаме проект „Време е, откажи се, биди умен, почни здрав живот“. Во скоро време ќе ја почнеме кампањата, од основните училишта па во средните, за да може да сфатат колку е штетно пушењето, изјави проф. д-р Зафировски.
Д-р Марија Здравеска, од Клиниката за пумологија апелираше да се направат сериозни чекори повторно да се врати Законот за забрана на пушењето, бидејќи кај нас не само пушачите што се одговорни за својот живот, туку се одговорни за животот на другите луѓе кои не пушат, особено на младите деца.
Бидејќи ако емисијата од цигари е штетна за сите луѓе, особено е штетна за младиот организам кој се развиа. Децата се повеќе склони за развојни проблеми, се намалува капациеттот на белите дробови заради изложувањето на пушењети, но и најлесно стануваат зависни од сите продукти кои содржат никотин и тутун. Апелираме и како Клиника и како Македонско респираторно здружение за зголемување на ригорозноста и конечно да се забрани не само користењето на тутунот, туку и на користењето на електронските цигари и тие да имаат еднаков третман и во смисла на даноци, оданочување и во смисла на користење и во смисла на рекламирање и продавање. Гледаме реклами и штандови кои во изобилие нудат на нашите деца вакви средства кои предизивкуваат зависност, изјави д-р Здравеска.
https://republika.mk/zivot/zdravje/najmalku-100-iljadi-gragani-vo-makedonija-boleduvaat-od-hobb/

The post Да се врати Законот за забрана на пушењето и да се забрани не само користењето на тутунот, туку и електронските цигари, бараат пулмолозите appeared first on Република.

]]>
ДСЗИ ја казни со 5.200 евра Клиниката за детски болести бидејќи на ноќно дежурство прегледуваат специјализнати во име на дежурни лекари специјалисти https://republika.mk/zivot/zdravje/dszi-ja-kazni-so-5-200-evra-klinikata-za-detski-bolesti-bidejki-na-nokno-dezhurstvo-pregleduvaat-spetsijaliznati-vo-ime-na-dezhurni-lekari-spetsijalisti/ Wed, 20 Nov 2024 12:22:23 +0000 https://republika.mk/?p=839915

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска извршил инспекциски надзор на Детската клиника во Скопје, а откако биле откриени недостатоци, најавен е прекршочен платен налог.

Како што попладнево информираат од ДСЗИ, на денешниот контролен инспекциски надзор во Универзитетската клиника за детски болести, по изминати рокови за постапување по наложени мерки со издадено решение, констатирано било дека не е постапено во целост по решението.

Од вкупно 14 доктори специјализанти кои исполнуваат услов за добивање на времена лиценца од Лекарска комора на Македонија и времени факсимили за работа, само за двајца има обезбедени времени лиценци за работа и не е поднесено барање до министер за здравство за обезбедување времени факсимили за работа на Клиниката. Во ноќна смена во дежурна амбуланта, на Клиниката работат доктори специјализанти без времени факсимили за работа и доктори кои не исполнуваат услов постар специјализант. На Клиниката, од вкупно вработени 45 доктори специјалисти, дежураат само по тројца докотори, притоа ниту еден од нив не дежура во амбуланта на Клиниката, а прегледите во дежурна амбуланта се вршат од страна на специјализанти, кои издаваат медицинска документација во име на дежурните доктори специјалисти, а некогаш и документација и без потпис и печат, се наведува во соопштението на ДСЗИ.

Од страна на установата, а во однос на издаденото решение, постапено било само во делот на внесување на личните податоци и медицинските податоци на пациентите - за извршените здравствени услуги, во интегрираниот здравствен информатички систем „Мој термин“.

Врз основа на наведеното, а согласно член 31 став 1 и 3 ќе биде издаден прекршочен платен налог со предлог за порамнување и тоа: на правното лице ЈЗУ УК за детски болести - Скопје со глоба во износ од 4.000 евра во денарска противвредност и на одговорното лице во правното лице со глоба во износ од 30 отсто од одмерената глоба за правното лице односно во износ од 1.200 евра во денарска противвредност, појаснуваат од Инспекторатот.

Доколку сторителот на прекршокот е согласен на постапката за порамнување и глобите ги плати во рок од осум дена од денот на добивање на платниот налог, како што додаваат, уплаќа половина од погоренаведените износи - 2.000 евра во денари противвредност за правното лице и 600 евра во денари противвредност за одговорното лице, а за уплатата треба да достави доказ до Инспекторот.

Доколку сторителот не е согласен да ја прифати постапката за порамнување или не ги плати изречените глоби, инспекторот е должен да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд, истакнуваат од ДСЗИ.

The post ДСЗИ ја казни со 5.200 евра Клиниката за детски болести бидејќи на ноќно дежурство прегледуваат специјализнати во име на дежурни лекари специјалисти appeared first on Република.

]]>

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска извршил инспекциски надзор на Детската клиника во Скопје, а откако биле откриени недостатоци, најавен е прекршочен платен налог. Како што попладнево информираат од ДСЗИ, на денешниот контролен инспекциски надзор во Универзитетската клиника за детски болести, по изминати рокови за постапување по наложени мерки со издадено решение, констатирано било дека не е постапено во целост по решението.
Од вкупно 14 доктори специјализанти кои исполнуваат услов за добивање на времена лиценца од Лекарска комора на Македонија и времени факсимили за работа, само за двајца има обезбедени времени лиценци за работа и не е поднесено барање до министер за здравство за обезбедување времени факсимили за работа на Клиниката. Во ноќна смена во дежурна амбуланта, на Клиниката работат доктори специјализанти без времени факсимили за работа и доктори кои не исполнуваат услов постар специјализант. На Клиниката, од вкупно вработени 45 доктори специјалисти, дежураат само по тројца докотори, притоа ниту еден од нив не дежура во амбуланта на Клиниката, а прегледите во дежурна амбуланта се вршат од страна на специјализанти, кои издаваат медицинска документација во име на дежурните доктори специјалисти, а некогаш и документација и без потпис и печат, се наведува во соопштението на ДСЗИ.
Од страна на установата, а во однос на издаденото решение, постапено било само во делот на внесување на личните податоци и медицинските податоци на пациентите - за извршените здравствени услуги, во интегрираниот здравствен информатички систем „Мој термин“.
Врз основа на наведеното, а согласно член 31 став 1 и 3 ќе биде издаден прекршочен платен налог со предлог за порамнување и тоа: на правното лице ЈЗУ УК за детски болести - Скопје со глоба во износ од 4.000 евра во денарска противвредност и на одговорното лице во правното лице со глоба во износ од 30 отсто од одмерената глоба за правното лице односно во износ од 1.200 евра во денарска противвредност, појаснуваат од Инспекторатот.
Доколку сторителот на прекршокот е согласен на постапката за порамнување и глобите ги плати во рок од осум дена од денот на добивање на платниот налог, како што додаваат, уплаќа половина од погоренаведените износи - 2.000 евра во денари противвредност за правното лице и 600 евра во денари противвредност за одговорното лице, а за уплатата треба да достави доказ до Инспекторот.
Доколку сторителот не е согласен да ја прифати постапката за порамнување или не ги плати изречените глоби, инспекторот е должен да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд, истакнуваат од ДСЗИ.

The post ДСЗИ ја казни со 5.200 евра Клиниката за детски болести бидејќи на ноќно дежурство прегледуваат специјализнати во име на дежурни лекари специјалисти appeared first on Република.

]]>
„Фајзер“: Антимикробната отпорност убива 1,3 милиони луѓе ширум светот секоја година https://republika.mk/zivot/zdravje/fajzer-antimikrobnata-otpornost-ubiva-1-3-milioni-luge-shirum-svetot-sekoja-godina/ Tue, 19 Nov 2024 16:33:56 +0000 https://republika.mk/?p=839674

Во светот, околу 1,3 милиони луѓе годишно умираат од антимикробна резистенција (АМР), односно отпорност на телото на антибиотици, и поради тоа, Генералното собрание на Обединетите нации донесе декларација со која се предвидува намалување на смртноста за 10 отсто до 2030 година, соопшти денеска фармацевтската компанија „Фајзер“, по повод Светската недела за подигање на свеста за антимикробната отпорност.

Таа политичка декларација на ОН беше поддржана од земјите членки, како и од членките на Европската унија, и со тоа се обврзаа на конкретни процедури за решавање на антимикробната отпорност.

Светската недела на свеста за АМР се одбележува од 18 до 24 ноември под слоганот „Биди и ти дел од промената!“, а граѓаните се поканети одговорно да ги користат антибиотиците.

-Околу 35.000 луѓе умираат во Европската економска област. Доколку овој предизвик не се реши веднаш на вистински начин, тој број би можел да достигне загрижувачки 390.000 смртни случаи годишно во европскиот регион до 2050 година, се вели во соопштението.

Наведено е дека АМР ја чини ЕУ повеќе од 11 милијарди евра годишно, а се проценува дека здравствените системи на глобално ниво ќе ги чини уште една милијарда долари годишно до 2050 година.

Во Европа, како што се наведува, секоја петта бактериска инфекција е отпорна на антибиотици, додека во некои земји-членки оваа бројка е 40 проценти.

Европската комисија, исто така, ја препозна сериозноста на антимикробната резистенција за здравјето на населението и во борбата против овој отпор ја вклучи својата најголема реформа на законодавството на ЕУ за лекови во последните 20 години.

-Комисијата е за намалување на употребата на антибиотици и им препорачува на земјите-членки утврдување соодветни национални цели - намалување на потрошувачката на антибиотици во ЕУ за 20 отсто до 2030 година, се наведува во соопштението.

Антибиотиците и антимикробните лекови, како што е објаснето, престануваат да делуваат поради прекумерна и неправилна употреба, бидејќи бактериите развиваат отпорност кон нив. Се додава дека овие лекови не треба да се користат во борбата против вирусните инфекции, бидејќи не се ефикасни, туку само против бактериски инфекции.

Констатирано е дека имунизацијата е клучен начин за спречување на инфекции, проследена со одговорно однесување, хигиена, едукација и одговорно препишување и употреба на антимикробни лекови, како и управување со антимикробната резистенција.

The post „Фајзер“: Антимикробната отпорност убива 1,3 милиони луѓе ширум светот секоја година appeared first on Република.

]]>

Во светот, околу 1,3 милиони луѓе годишно умираат од антимикробна резистенција (АМР), односно отпорност на телото на антибиотици, и поради тоа, Генералното собрание на Обединетите нации донесе декларација со која се предвидува намалување на смртноста за 10 отсто до 2030 година, соопшти денеска фармацевтската компанија „Фајзер“, по повод Светската недела за подигање на свеста за антимикробната отпорност. Таа политичка декларација на ОН беше поддржана од земјите членки, како и од членките на Европската унија, и со тоа се обврзаа на конкретни процедури за решавање на антимикробната отпорност. Светската недела на свеста за АМР се одбележува од 18 до 24 ноември под слоганот „Биди и ти дел од промената!“, а граѓаните се поканети одговорно да ги користат антибиотиците.
-Околу 35.000 луѓе умираат во Европската економска област. Доколку овој предизвик не се реши веднаш на вистински начин, тој број би можел да достигне загрижувачки 390.000 смртни случаи годишно во европскиот регион до 2050 година, се вели во соопштението.
Наведено е дека АМР ја чини ЕУ повеќе од 11 милијарди евра годишно, а се проценува дека здравствените системи на глобално ниво ќе ги чини уште една милијарда долари годишно до 2050 година. Во Европа, како што се наведува, секоја петта бактериска инфекција е отпорна на антибиотици, додека во некои земји-членки оваа бројка е 40 проценти. Европската комисија, исто така, ја препозна сериозноста на антимикробната резистенција за здравјето на населението и во борбата против овој отпор ја вклучи својата најголема реформа на законодавството на ЕУ за лекови во последните 20 години.
-Комисијата е за намалување на употребата на антибиотици и им препорачува на земјите-членки утврдување соодветни национални цели - намалување на потрошувачката на антибиотици во ЕУ за 20 отсто до 2030 година, се наведува во соопштението.
Антибиотиците и антимикробните лекови, како што е објаснето, престануваат да делуваат поради прекумерна и неправилна употреба, бидејќи бактериите развиваат отпорност кон нив. Се додава дека овие лекови не треба да се користат во борбата против вирусните инфекции, бидејќи не се ефикасни, туку само против бактериски инфекции. Констатирано е дека имунизацијата е клучен начин за спречување на инфекции, проследена со одговорно однесување, хигиена, едукација и одговорно препишување и употреба на антимикробни лекови, како и управување со антимикробната резистенција.

The post „Фајзер“: Антимикробната отпорност убива 1,3 милиони луѓе ширум светот секоја година appeared first on Република.

]]>
ЕУ ќе се бори против прекумерната употреба на антибиотици https://republika.mk/zivot/zdravje/eu-ke-se-bori-protiv-prekumernata-upotreba-na-antibiotitsi/ Mon, 18 Nov 2024 16:55:11 +0000 https://republika.mk/?p=839313

Европската унија треба да преземе итни и одлучни мерки во борбата против отпорноста на антимикробните агенси, оцени денеска Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ).

„Помеѓу 2019 и 2023 година, употребата на антибиотици во Европската унија се зголеми за еден процент, со што се оддалечи од целта за намалување од 20 проценти“, што е препорака на ЕУ, пишува во денешното соопштение на Европскиот центар.

Отпорноста на антимикробни агенси - вклучувајќи антибиотици, антивирусни, антифунгални и антипаразитски лекови кои се користат за лекување на инфекции кај луѓето - е закана за јавното здравје, а особено за пациентите во болниците, нагласи ЕЦДЦ.

Центарот препорачува дејствување во три насоки: превенција и контрола на инфекции, особено преку подобрување на хигиената на рацете, земајќи ја предвид употребата на антимикробни средства и развој на нови такви средства.

The post ЕУ ќе се бори против прекумерната употреба на антибиотици appeared first on Република.

]]>

Европската унија треба да преземе итни и одлучни мерки во борбата против отпорноста на антимикробните агенси, оцени денеска Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ).
„Помеѓу 2019 и 2023 година, употребата на антибиотици во Европската унија се зголеми за еден процент, со што се оддалечи од целта за намалување од 20 проценти“, што е препорака на ЕУ, пишува во денешното соопштение на Европскиот центар.
Отпорноста на антимикробни агенси - вклучувајќи антибиотици, антивирусни, антифунгални и антипаразитски лекови кои се користат за лекување на инфекции кај луѓето - е закана за јавното здравје, а особено за пациентите во болниците, нагласи ЕЦДЦ. Центарот препорачува дејствување во три насоки: превенција и контрола на инфекции, особено преку подобрување на хигиената на рацете, земајќи ја предвид употребата на антимикробни средства и развој на нови такви средства.

The post ЕУ ќе се бори против прекумерната употреба на антибиотици appeared first on Република.

]]>
Најмалку 100 илјади граѓани во Македонија боледуваат од ХОББ https://republika.mk/zivot/zdravje/najmalku-100-iljadi-gragani-vo-makedonija-boleduvaat-od-hobb/ Mon, 18 Nov 2024 14:10:24 +0000 https://republika.mk/?p=839233

Повеќето граѓани не знаат дека имаат хронична опструктивна белодробна болест. Бесплатни прегледи од стручни лица се вршат денеска по повод Денот на хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) во „Сити мол“ во Скопје, каде граѓаните може да се тестираат и доколку биде потребно, да добијат препорака да се јават за дополнително испитување.

Доцент доктор Димитар Каркински, директор на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза - Скопје, појасни дека ако се земат предвид светски статистики, во нашата држава би имало минимум 100.000 заболени лица.

Овој ден го користиме за прославување на ХОББ. Всушност, сакаме да ја подигнеме свеста на граѓаните за оваа болест. За жал, оваа болест е многу честа во Македонија. Најглавна причина за ова е пушењето. Македонија е меѓу првите три земји во Европа по користење цигари и се смета дека 45 отсто од адултната популација во Македонија се пушачи. За жал и самите пациенти не знаат дека имаат хронична опструктивна белодробна болест, т.е. имаат симптоми, ама или не ги препознаваат или ги игнорираат, а тоа го знаеме бидејќи немаме толкав број пациенти кои доаѓаат на прегледи, а во консултации со Фондот за здравство, не се ни издаваат толкав број лекови што би требало да ги примаат овие пациенти, појасни Каркински.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека има ХОББ дијагнози во детска возраст, но, генерално, тоа се мажи над 40 години пушачи.

Тој ја спомна кашлицата како карактеристичен симптом што се игнорира.

Прво кашлицата, особено пушачите, сите кашлаат, а никој не доаѓа на преглед. Веќе кога ќе осетат глад за воздух или кога ќе почнат да им „свират“ градите, кога не ќе можат да излезат до надвор, кога ќе им биде тешко да се качуваат по скали, веќе тогаш доаѓаат на прегледи, но, веќе таа болест е напредната. За жал, белите дробови неповратно се уништени, нагласи директорот.

Тој одговори потврдно на прашањето дали аерозагадувањето влијае врз лицата со оваа болест.

Апсолутно. Аерозагадувањето влијае и кај здравите и кај болни. Само кај здравите не прави толку голем проблем, додека кај пациентите кои веќе имаат хронична опструктивна белодробна болест, бидејќи тоа е хронично воспаление, тоа е како сол на рана да му ставате, појасни Каркински.

Затоа, додаде има голем број влошувања, прегледи, хоспитализации во текот на зимата.

Според него, главен лек е прекинот на пушење, па после доаѓале лековите.

Доцент доктор Зорица Нановиќ, претседателка на Здружението на пневмофтизиолози на Република Македонија, појасни дека граѓаните денеска имаат можност да бидат прегледани од стручни лица и доколку биде потребно, ќе им се даде препорака да се јават за дополнително испитување.

Тимот од доктори, од медицински сестри и од студенти, денеска врши проценка, прелиминарна ориентациска, на дишната функција, на белодробната функција, со пулсоксиметрија ја одредуваме концентрацијата, односно од процентуално содржината на кислород во крвта и како скрининг метода, одредување на врвниот експираторен проток. Оние лица кои ќе имаат отстапувања во вредностите според таблиците што се предвидени за нив, за пол, за возраст и за висина, ќе добијат препорака на писмено да се јават во некои од пулмолошките институции, првенствено во Институтот, за натамошна проценка на белодробната функција, појасни Нановиќ.

Досега, како што кажа, неколку граѓани добиле препорака да се јават дополнително за спирометрија како референтна метода за дијагностицирање на ХОББ.

The post Најмалку 100 илјади граѓани во Македонија боледуваат од ХОББ appeared first on Република.

]]>

Повеќето граѓани не знаат дека имаат хронична опструктивна белодробна болест. Бесплатни прегледи од стручни лица се вршат денеска по повод Денот на хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) во „Сити мол“ во Скопје, каде граѓаните може да се тестираат и доколку биде потребно, да добијат препорака да се јават за дополнително испитување. Доцент доктор Димитар Каркински, директор на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза - Скопје, појасни дека ако се земат предвид светски статистики, во нашата држава би имало минимум 100.000 заболени лица.
Овој ден го користиме за прославување на ХОББ. Всушност, сакаме да ја подигнеме свеста на граѓаните за оваа болест. За жал, оваа болест е многу честа во Македонија. Најглавна причина за ова е пушењето. Македонија е меѓу првите три земји во Европа по користење цигари и се смета дека 45 отсто од адултната популација во Македонија се пушачи. За жал и самите пациенти не знаат дека имаат хронична опструктивна белодробна болест, т.е. имаат симптоми, ама или не ги препознаваат или ги игнорираат, а тоа го знаеме бидејќи немаме толкав број пациенти кои доаѓаат на прегледи, а во консултации со Фондот за здравство, не се ни издаваат толкав број лекови што би требало да ги примаат овие пациенти, појасни Каркински.
Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека има ХОББ дијагнози во детска возраст, но, генерално, тоа се мажи над 40 години пушачи. Тој ја спомна кашлицата како карактеристичен симптом што се игнорира.
Прво кашлицата, особено пушачите, сите кашлаат, а никој не доаѓа на преглед. Веќе кога ќе осетат глад за воздух или кога ќе почнат да им „свират“ градите, кога не ќе можат да излезат до надвор, кога ќе им биде тешко да се качуваат по скали, веќе тогаш доаѓаат на прегледи, но, веќе таа болест е напредната. За жал, белите дробови неповратно се уништени, нагласи директорот.
Тој одговори потврдно на прашањето дали аерозагадувањето влијае врз лицата со оваа болест.
Апсолутно. Аерозагадувањето влијае и кај здравите и кај болни. Само кај здравите не прави толку голем проблем, додека кај пациентите кои веќе имаат хронична опструктивна белодробна болест, бидејќи тоа е хронично воспаление, тоа е како сол на рана да му ставате, појасни Каркински.
Затоа, додаде има голем број влошувања, прегледи, хоспитализации во текот на зимата. Според него, главен лек е прекинот на пушење, па после доаѓале лековите. Доцент доктор Зорица Нановиќ, претседателка на Здружението на пневмофтизиолози на Република Македонија, појасни дека граѓаните денеска имаат можност да бидат прегледани од стручни лица и доколку биде потребно, ќе им се даде препорака да се јават за дополнително испитување.
Тимот од доктори, од медицински сестри и од студенти, денеска врши проценка, прелиминарна ориентациска, на дишната функција, на белодробната функција, со пулсоксиметрија ја одредуваме концентрацијата, односно од процентуално содржината на кислород во крвта и како скрининг метода, одредување на врвниот експираторен проток. Оние лица кои ќе имаат отстапувања во вредностите според таблиците што се предвидени за нив, за пол, за возраст и за висина, ќе добијат препорака на писмено да се јават во некои од пулмолошките институции, првенствено во Институтот, за натамошна проценка на белодробната функција, појасни Нановиќ.
Досега, како што кажа, неколку граѓани добиле препорака да се јават дополнително за спирометрија како референтна метода за дијагностицирање на ХОББ.

The post Најмалку 100 илјади граѓани во Македонија боледуваат од ХОББ appeared first on Република.

]]>
Колку скелокови треба да направи жена на 35 години? https://republika.mk/zivot/zdravje/kolku-skelokovi-treba-da-napravi-zhena-na-35-godini/ Sun, 17 Nov 2024 17:11:40 +0000 https://republika.mk/?p=838907

Редовното вежбање го подобрува здравјето. Бројот на склекови може да биде добар показател за вашата физичка состојба. Според експертите од клиниката „Мајо“, склековите се одличен начин за мерење на мускулната сила и издржливост бидејќи ги активираат главните мускулни групи, вклучувајќи ги нозете, стомачните, рамената, грбот и рацете.

Склековите се едноставни – во почетната положба, поставете ги рацете во ширина на рамената, држејќи го телото исправено и паралелно со подот, а потоа кревајте и спуштајте се онолку колку што ви дозволува силата. За почетници има полесна верзија со изведување на вежбата на колена.

Клиниката „Мајо“ објави колку склекови треба да можеме да правиме во зависност од возраста и полот. На пример, мажите на 25 години треба да можат да направат 28 склекови во еден обид, додека кај жените целта е 20 склекови. Бројката се намалува како што минуваат годините: за 35-годишни мажи целта е 21, додека жените треба да можат да направат 19 склека. За 55-годишни, целниот број на склекови е 12 за мажи и 10 за жени, а за 65-годишници од двата пола целта е 10 склека.

Прилагодете ги целите според вашите можности

Сепак, многу експерти веруваат дека овие препораки не се универзални. Фитнес инструкторката Наталија Алексејенко истакнува дека е важно да се земат предвид индивидуалните фактори, како што се историјата на повреди, начинот на живот, исхраната, нивото на стрес и квалитетот на сонот.

Фитнес инструкторката Керолин Беквит се согласува, истакнувајќи дека реалните перформанси честопати не ги исполнуваат препорачаните бројки.

„Во мојата група, каде учесниците се претежно на возраст меѓу 40 и 65 години, повеќето прават склекови на колена. Реалните цели и постојаноста се клучни“, објаснува Беквит.

Редовната физичка активност се покажа дека носи бројни здравствени придобивки. Едно истражување од 2019 година покажа дека мажите кои можат да прават склекови имаат 96% помали шанси да развијат срцеви заболувања. Генерално, редовната физичка активност може да го намали ризикот од разни болести: за 29% го намалува ризикот од рак на дебелото црево, за 31% ризикот од смртност од сите причини, за 35% ризикот од деменција, за 38% од смртта од срце. болест и за 42% од дијабетес.

Според Центрите за контрола и превенција на болести (CDC), на возрасните им требаат 150 минути активност со умерен интензитет во текот на неделата, како што се возење велосипед, танцување или брзо одење. Два дена треба да посветиме на зајакнување на мускулите преку склекови, чучњеви или кревање тегови.

The post Колку скелокови треба да направи жена на 35 години? appeared first on Република.

]]>

Редовното вежбање го подобрува здравјето. Бројот на склекови може да биде добар показател за вашата физичка состојба. Според експертите од клиниката „Мајо“, склековите се одличен начин за мерење на мускулната сила и издржливост бидејќи ги активираат главните мускулни групи, вклучувајќи ги нозете, стомачните, рамената, грбот и рацете. Склековите се едноставни – во почетната положба, поставете ги рацете во ширина на рамената, држејќи го телото исправено и паралелно со подот, а потоа кревајте и спуштајте се онолку колку што ви дозволува силата. За почетници има полесна верзија со изведување на вежбата на колена. Клиниката „Мајо“ објави колку склекови треба да можеме да правиме во зависност од возраста и полот. На пример, мажите на 25 години треба да можат да направат 28 склекови во еден обид, додека кај жените целта е 20 склекови. Бројката се намалува како што минуваат годините: за 35-годишни мажи целта е 21, додека жените треба да можат да направат 19 склека. За 55-годишни, целниот број на склекови е 12 за мажи и 10 за жени, а за 65-годишници од двата пола целта е 10 склека. Прилагодете ги целите според вашите можности Сепак, многу експерти веруваат дека овие препораки не се универзални. Фитнес инструкторката Наталија Алексејенко истакнува дека е важно да се земат предвид индивидуалните фактори, како што се историјата на повреди, начинот на живот, исхраната, нивото на стрес и квалитетот на сонот. Фитнес инструкторката Керолин Беквит се согласува, истакнувајќи дека реалните перформанси честопати не ги исполнуваат препорачаните бројки. „Во мојата група, каде учесниците се претежно на возраст меѓу 40 и 65 години, повеќето прават склекови на колена. Реалните цели и постојаноста се клучни“, објаснува Беквит. Редовната физичка активност се покажа дека носи бројни здравствени придобивки. Едно истражување од 2019 година покажа дека мажите кои можат да прават склекови имаат 96% помали шанси да развијат срцеви заболувања. Генерално, редовната физичка активност може да го намали ризикот од разни болести: за 29% го намалува ризикот од рак на дебелото црево, за 31% ризикот од смртност од сите причини, за 35% ризикот од деменција, за 38% од смртта од срце. болест и за 42% од дијабетес. Според Центрите за контрола и превенција на болести (CDC), на возрасните им требаат 150 минути активност со умерен интензитет во текот на неделата, како што се возење велосипед, танцување или брзо одење. Два дена треба да посветиме на зајакнување на мускулите преку склекови, чучњеви или кревање тегови.  

The post Колку скелокови треба да направи жена на 35 години? appeared first on Република.

]]>
СЗО: Бројот на заболени од сипаници во светот минатата година се зголемил за 20 отсто https://republika.mk/zivot/zdravje/szo-brojot-na-zaboleni-od-sipanitsi-vo-svetot-minatata-godina-se-zgolemil-za-20-otsto/ Sun, 17 Nov 2024 17:03:53 +0000 https://republika.mk/?p=838905

Бројот на случаи на мали сипаници на глобално ниво се зголеми за 20 отсто лани поради недостиг на вакцинација во најсиромашните земји во светот и оние кои се погодени од конфликти, соопштија Светската здравствена организација (СЗО) и американските центри за контрола и превенција на болести.

Се прецизира дека минатата година биле регистрирани околу 10,3 милиони случаи на заразени со сипаници во споредба со 8,65 милиони во 2022 година.

Повеќе од 22 милиони деца ја пропуштија првата доза вакцини против сипаници минатата година, се нагласува во соопштението.

Бројот на смртни случаи поврзани со таа болест се намали за осум отсто минатата година на 107.500 поради подобриот пристап до здравствени услуги и вакцини во земјите со високи приходи, како што е Европа.

Во соопштението се наведува дека речиси половина од сите епидемии на сипаници се случиле во африканските земји, каде што бројот на смртни случаи е зголемен за 37 отсто.

The post СЗО: Бројот на заболени од сипаници во светот минатата година се зголемил за 20 отсто appeared first on Република.

]]>

Бројот на случаи на мали сипаници на глобално ниво се зголеми за 20 отсто лани поради недостиг на вакцинација во најсиромашните земји во светот и оние кои се погодени од конфликти, соопштија Светската здравствена организација (СЗО) и американските центри за контрола и превенција на болести. Се прецизира дека минатата година биле регистрирани околу 10,3 милиони случаи на заразени со сипаници во споредба со 8,65 милиони во 2022 година. Повеќе од 22 милиони деца ја пропуштија првата доза вакцини против сипаници минатата година, се нагласува во соопштението. Бројот на смртни случаи поврзани со таа болест се намали за осум отсто минатата година на 107.500 поради подобриот пристап до здравствени услуги и вакцини во земјите со високи приходи, како што е Европа. Во соопштението се наведува дека речиси половина од сите епидемии на сипаници се случиле во африканските земји, каде што бројот на смртни случаи е зголемен за 37 отсто.  

The post СЗО: Бројот на заболени од сипаници во светот минатата година се зголемил за 20 отсто appeared first on Република.

]]>
Кои се „најдебелите“ земји во светот? Каде е Македонија на листата? https://republika.mk/zivot/zdravje/koi-se-najdebelite-zemji-vo-svetot-kade-e-makedonija-na-listata/ Sun, 17 Nov 2024 16:45:50 +0000 https://republika.mk/?p=838899

Нивоата на дебелина скокнаа за 17 пати во делови од светот во последните две децении. Од 200 земји кои историски ја следат состојбата на нацијата кога станува збор за килограмите, само Франција забележа пад на бројот на дебели возрасни лица помеѓу 1990 и 2022 година. Затоа Бангладеш, Непал и африканската држава Буркина Фасо забележаа скокови кои надминуваат неверојатни 1.000 отсто во истиот временски период. Потценување е да се каже дека епидемијата на дебелина сега е евидентна на секој агол на Земјата.

Според податоците собрани од Светската здравствена организација, стапките на дебелина се удвоиле во светот, вклучително и во Британија и САД. Повеќе од милијарда луѓе ширум светот сега се сметаат за дебели, со БМИ над 30.

А кога ќе се кликне за Македонија на светската мапа на дебелината, се појавува информацијата дека кај нас во 1990 година процентот на дебелото население бил само 14,37 отсто, додека во 2022 година таа бројка била 30,65 отсто. Така, меѓу 1990 и 2022 година, нивото на дебелина во Македонија се променило за 113,29 отсто.

За тој период, според најновите податоци на СЗО, Американска Самоа е најдебелата нација. Излегува дека три четвртини од возрасните на полинезискиот остров, територија на САД, се технички дебели. Стапките на дебелина од 70 проценти, исто така, ги надминуваат островите Тонга и Наури во јужниот дел на Тихиот Океан, кои беа на врвот на табелата во 1990 година.

Кога ќе се споредат сите податоци, СЗО покажува дека Французинките и Шпанките денес се помалку дебели отколку во 1990 година.

Во тоа време, возрасното население во Обединетото Кралство беше 73-то на светската листа за дебелина, сместено помеѓу Бермудите и Чиле со просечни 12,4 проценти. И до 2022 година, Британија падна за едно место на 74-то место на листата Во 1990 година, САД беа 21-ви на меѓународната листа за дебелина помеѓу Саудиска Арабија и Украина, со 18,5 отсто од возрасните кои пријавиле ниво на БМИ од најмалку 30. До 2022 година, 42,9 проценти од возрасните Американци биле дебели, поради што сега се рангирани на 18-то место, што е исто така пораст од над 130 проценти.

Што се однесува до најтенките, уште во 1990 година, Виетнам, Источен Тимор, Етиопија и Бангладеш имале најниско ниво на дебелина. Помалку од 0,3 проценти од луѓето што живееле таму се сметале себеси за дебели во тоа време – што е еквивалентно на еден од 333 луѓе. А во 2020 година, на самото дно на табелата се Виетнам (2,1 отсто), Источен Тимор (2,3 отсто) и Етиопија (2,4 отсто).

Овие податоци се неверојатно загрижувачки. Она што е најзагрижувачко е колку брзо се зголемија нивоата, особено во делови од светот каде што исто така има голема сиромаштија. Во тие земји постои голема несигурност кога е во прашање храната, а сега и дебелината. Тоа само покажува дека дебелината не се сфаќа сериозно – истакнува професорот Александар Мирас, експерт за третман на дебелината на Империјалниот колеџ во Лондон, на што Там Фрај, претседател на Националниот британски форум за дебелината.

Тој смета дека бројките се катастрофални.

Во Африка сега има повеќе дебели отколку неухранети, што изненади многумина. Ова ризикува да го влоши глобалното здравје. Дебелината е состојба која во голема мера може да се спречи. Но, тоа не е само состојба сама по себе, туку предизвикува многу други проблеми кои се уште поважни, како што се дијабетес тип два, срцеви заболувања, бубрежни заболувања. Затоа цената на здравјето ќе расте.

The post Кои се „најдебелите“ земји во светот? Каде е Македонија на листата? appeared first on Република.

]]>

Нивоата на дебелина скокнаа за 17 пати во делови од светот во последните две децении. Од 200 земји кои историски ја следат состојбата на нацијата кога станува збор за килограмите, само Франција забележа пад на бројот на дебели возрасни лица помеѓу 1990 и 2022 година. Затоа Бангладеш, Непал и африканската држава Буркина Фасо забележаа скокови кои надминуваат неверојатни 1.000 отсто во истиот временски период. Потценување е да се каже дека епидемијата на дебелина сега е евидентна на секој агол на Земјата. Според податоците собрани од Светската здравствена организација, стапките на дебелина се удвоиле во светот, вклучително и во Британија и САД. Повеќе од милијарда луѓе ширум светот сега се сметаат за дебели, со БМИ над 30. А кога ќе се кликне за Македонија на светската мапа на дебелината, се појавува информацијата дека кај нас во 1990 година процентот на дебелото население бил само 14,37 отсто, додека во 2022 година таа бројка била 30,65 отсто. Така, меѓу 1990 и 2022 година, нивото на дебелина во Македонија се променило за 113,29 отсто. За тој период, според најновите податоци на СЗО, Американска Самоа е најдебелата нација. Излегува дека три четвртини од возрасните на полинезискиот остров, територија на САД, се технички дебели. Стапките на дебелина од 70 проценти, исто така, ги надминуваат островите Тонга и Наури во јужниот дел на Тихиот Океан, кои беа на врвот на табелата во 1990 година. Кога ќе се споредат сите податоци, СЗО покажува дека Французинките и Шпанките денес се помалку дебели отколку во 1990 година. Во тоа време, возрасното население во Обединетото Кралство беше 73-то на светската листа за дебелина, сместено помеѓу Бермудите и Чиле со просечни 12,4 проценти. И до 2022 година, Британија падна за едно место на 74-то место на листата Во 1990 година, САД беа 21-ви на меѓународната листа за дебелина помеѓу Саудиска Арабија и Украина, со 18,5 отсто од возрасните кои пријавиле ниво на БМИ од најмалку 30. До 2022 година, 42,9 проценти од возрасните Американци биле дебели, поради што сега се рангирани на 18-то место, што е исто така пораст од над 130 проценти. Што се однесува до најтенките, уште во 1990 година, Виетнам, Источен Тимор, Етиопија и Бангладеш имале најниско ниво на дебелина. Помалку од 0,3 проценти од луѓето што живееле таму се сметале себеси за дебели во тоа време – што е еквивалентно на еден од 333 луѓе. А во 2020 година, на самото дно на табелата се Виетнам (2,1 отсто), Источен Тимор (2,3 отсто) и Етиопија (2,4 отсто).
Овие податоци се неверојатно загрижувачки. Она што е најзагрижувачко е колку брзо се зголемија нивоата, особено во делови од светот каде што исто така има голема сиромаштија. Во тие земји постои голема несигурност кога е во прашање храната, а сега и дебелината. Тоа само покажува дека дебелината не се сфаќа сериозно – истакнува професорот Александар Мирас, експерт за третман на дебелината на Империјалниот колеџ во Лондон, на што Там Фрај, претседател на Националниот британски форум за дебелината.
Тој смета дека бројките се катастрофални.
Во Африка сега има повеќе дебели отколку неухранети, што изненади многумина. Ова ризикува да го влоши глобалното здравје. Дебелината е состојба која во голема мера може да се спречи. Но, тоа не е само состојба сама по себе, туку предизвикува многу други проблеми кои се уште поважни, како што се дијабетес тип два, срцеви заболувања, бубрежни заболувања. Затоа цената на здравјето ќе расте.
 
The post Кои се „најдебелите“ земји во светот? Каде е Македонија на листата? appeared first on Република.

]]>
Европска недела на ХИВ тестирање: „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“ https://republika.mk/zivot/zdravje/evropska-nedela-na-hiv-testirane-testni-se-pregledaj-se-besplatno-doverlivo-i-bezbedno/ Sun, 17 Nov 2024 11:16:14 +0000 https://republika.mk/?p=838780

По повод Европската недела на ХИВ тестирање и месецот на машкото здравје, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација, под мотото „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“ им овозможува на сите заинтересирани граѓани во периодот 18-23 ноември бесплатно и доверливо да се тестираат за ХИВ и други сексуално преносливи инфекции во Младинскиот Центар „Сакам да знам“ на Водно.

Истражувањата покажуваат дека една од најголемите пречки за справување со ХИВ е доцната дијагноза, затоа превенцијата и раното откривање на ХИВ се клучни.

Со раното откривање на ХИВ и навремениот третман, целосно се спречува  ризикот од понатамошно пренесување на инфекцијата по сексуален начин. Антиретровирусната терапија покрај тоа што  им овозможува на лицата со ХИВ да живеат долго и квалитетно, е ефективна превенција на ХИВ, бидејќи го намалува вирусот на недетектибилно ниво, а со тоа оневозможува натамошен пренос.

Резултатите се доверливи и се добиваат за само 20 минути, а услугите вклучуваат и тестови за други сексуално преносливи инфекции како сифилис, гонореја и кламидија.

Ноември е месец на грижата за машкото здравје и затоа посебно ги охрабруваме сексуално активните момчиња и мажи да се обратат во Младинскиот Центар „Сакам да знам“ кој се наоѓа на ул. „Елисие Поповски Марко“ бр.2, од 18 до 23 ноември секој работен ден од 15 - 18ч. и сабота од 12 -15ч.

Термин за бесплатно тестирање можете да закажете на телефонскиот број 02/ 3176 – 950, или онлајн на следниов линк: https://hera.org.mk/onlajn-zakazuvanje-pregled/

Европската недела на ХИВ тестирање, која ќе се одржи од 18 до 25 ноември, им нуди на партнерите низ Европа единствена можност да се обединат за да ја зголемат свеста за придобивките од раното тестирање за ХИВ, хепатитис и СПИ кај оние кои се изложени на ризик и да промовираат зголемен пристап до тестирање. Оваа иницијатива нуди бесплатни, анонимни и доверливи тестирања за ХИВ на различни локации низ државата.

The post Европска недела на ХИВ тестирање: „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“ appeared first on Република.

]]>

По повод Европската недела на ХИВ тестирање и месецот на машкото здравје, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација, под мотото „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“ им овозможува на сите заинтересирани граѓани во периодот 18-23 ноември бесплатно и доверливо да се тестираат за ХИВ и други сексуално преносливи инфекции во Младинскиот Центар „Сакам да знам“ на Водно. Истражувањата покажуваат дека една од најголемите пречки за справување со ХИВ е доцната дијагноза, затоа превенцијата и раното откривање на ХИВ се клучни. Со раното откривање на ХИВ и навремениот третман, целосно се спречува  ризикот од понатамошно пренесување на инфекцијата по сексуален начин. Антиретровирусната терапија покрај тоа што  им овозможува на лицата со ХИВ да живеат долго и квалитетно, е ефективна превенција на ХИВ, бидејќи го намалува вирусот на недетектибилно ниво, а со тоа оневозможува натамошен пренос. Резултатите се доверливи и се добиваат за само 20 минути, а услугите вклучуваат и тестови за други сексуално преносливи инфекции како сифилис, гонореја и кламидија. Ноември е месец на грижата за машкото здравје и затоа посебно ги охрабруваме сексуално активните момчиња и мажи да се обратат во Младинскиот Центар „Сакам да знам“ кој се наоѓа на ул. „Елисие Поповски Марко“ бр.2, од 18 до 23 ноември секој работен ден од 15 - 18ч. и сабота од 12 -15ч. Термин за бесплатно тестирање можете да закажете на телефонскиот број 02/ 3176 – 950, или онлајн на следниов линк: https://hera.org.mk/onlajn-zakazuvanje-pregled/ Европската недела на ХИВ тестирање, која ќе се одржи од 18 до 25 ноември, им нуди на партнерите низ Европа единствена можност да се обединат за да ја зголемат свеста за придобивките од раното тестирање за ХИВ, хепатитис и СПИ кај оние кои се изложени на ризик и да промовираат зголемен пристап до тестирање. Оваа иницијатива нуди бесплатни, анонимни и доверливи тестирања за ХИВ на различни локации низ државата.

The post Европска недела на ХИВ тестирање: „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“ appeared first on Република.

]]>
„Пуштам БРК, БРКам здравје“ – Велосипедски настан за подигање на свеста за машкото здравје https://republika.mk/zivot/zdravje/pushtam-brk-brkam-zdravje-velosipedski-nastan-za-podigane-na-svesta-za-mashkoto-zdravje/ Sun, 17 Nov 2024 07:36:45 +0000 https://republika.mk/?p=838699

Во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи голем велосипедски настан за подигање на свеста за значењето на машкото здравје под слоганот „Пуштам БРК, БРКам здравје“.

Во рамки на настанот, организиран од „ДМ дрогерие маркт“, ќе се одржат три посебни велосипедски активности чија цел е да се поттикне машката популација кон поголема грижа како правење на самопрегледи и редовни лекарски прегледи.

Предвидено е учесниците да возат рута од 100 километри низ Скопје или помала рута од 3,5 километри низ Градскиот парк.

Организаторите најавија дека покрај долгата и помалата рута, ќе се одржи и активност со статични велосипеди пред Школка во Градскиот парк каде секој посетител ќе може да вози и на голем екран ќе се исцртува голем мустаќ. Целта е сите присутни заеднички да дадат придонес за подигање на свеста за машкото здравје.

The post „Пуштам БРК, БРКам здравје“ – Велосипедски настан за подигање на свеста за машкото здравје appeared first on Република.

]]>

Во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи голем велосипедски настан за подигање на свеста за значењето на машкото здравје под слоганот „Пуштам БРК, БРКам здравје“. Во рамки на настанот, организиран од „ДМ дрогерие маркт“, ќе се одржат три посебни велосипедски активности чија цел е да се поттикне машката популација кон поголема грижа како правење на самопрегледи и редовни лекарски прегледи. Предвидено е учесниците да возат рута од 100 километри низ Скопје или помала рута од 3,5 километри низ Градскиот парк. Организаторите најавија дека покрај долгата и помалата рута, ќе се одржи и активност со статични велосипеди пред Школка во Градскиот парк каде секој посетител ќе може да вози и на голем екран ќе се исцртува голем мустаќ. Целта е сите присутни заеднички да дадат придонес за подигање на свеста за машкото здравје.

The post „Пуштам БРК, БРКам здравје“ – Велосипедски настан за подигање на свеста за машкото здравје appeared first on Република.

]]>
Таравари се сретна со министерот за здравство на Турција https://republika.mk/zivot/zdravje/taravari-se-sretna-so-ministerot-za-zdravstvo-na-turtsija/ Sat, 16 Nov 2024 16:10:32 +0000 https://republika.mk/?p=838579

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, учествуваше на Светскиот турски медицински конгрес во Истанбул, каде одржа поздравен говор на тема „Здравјето во катастрофи и иднината на здравството“.

„Овој настан е важна можност за размена на идеи и искуства со здравствени експерти од целиот свет. Воедно, се отворија нови можности за соработка и заеднички иницијативи во областа на здравството меѓу нашите земји,“ објави министерот Таравари преку социјалните мрежи.

Во рамки на активностите на 10. Светски турски медицински конгрес, министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, оствари средба со министерот за здравство на Република Турција, д-р Кемал Мемишоглу.

Како што информираат од Министерството за здравство, на средата беше истакнато досегашното успешно партнерство и потврдена е заедничката заложба за понатамошно интензивирање на соработката во здравствениот сектор, со посебен фокус на спроведување заеднички проекти од взаемен интерес.

Во рамки на овој конгрес, Таравари оствари средба и со министерката за цивилни работи на Босна и Херцеговина, д-р Дубравка Бошњак.

„На средбата беше договорено да се интензивира соработката во области од заеднички интерес, со посебен фокус на унапредување на здравствените услуги и размена на добри практики. Оваа средба претставува значаен чекор напред во градењето силни односи и промоција на регионалната соработка во областа на здравството,“ се наведува во соопштението од министерот Таравари.

The post Таравари се сретна со министерот за здравство на Турција appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, учествуваше на Светскиот турски медицински конгрес во Истанбул, каде одржа поздравен говор на тема „Здравјето во катастрофи и иднината на здравството“. „Овој настан е важна можност за размена на идеи и искуства со здравствени експерти од целиот свет. Воедно, се отворија нови можности за соработка и заеднички иницијативи во областа на здравството меѓу нашите земји,“ објави министерот Таравари преку социјалните мрежи. Во рамки на активностите на 10. Светски турски медицински конгрес, министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, оствари средба со министерот за здравство на Република Турција, д-р Кемал Мемишоглу. Како што информираат од Министерството за здравство, на средата беше истакнато досегашното успешно партнерство и потврдена е заедничката заложба за понатамошно интензивирање на соработката во здравствениот сектор, со посебен фокус на спроведување заеднички проекти од взаемен интерес. Во рамки на овој конгрес, Таравари оствари средба и со министерката за цивилни работи на Босна и Херцеговина, д-р Дубравка Бошњак. „На средбата беше договорено да се интензивира соработката во области од заеднички интерес, со посебен фокус на унапредување на здравствените услуги и размена на добри практики. Оваа средба претставува значаен чекор напред во градењето силни односи и промоција на регионалната соработка во областа на здравството,“ се наведува во соопштението од министерот Таравари.  

The post Таравари се сретна со министерот за здравство на Турција appeared first on Република.

]]>
Од оваа болест страда секој втор човек https://republika.mk/zivot/zdravje/od-ovaa-bolest-strada-sekoj-vtor-chovek/ Sat, 16 Nov 2024 15:53:20 +0000 https://republika.mk/?p=838576

Ако почувствувате притисок во бешиката и цревата веднаш обратете се на лекар!

Ишијасот е збир на тегоби во долниот дел од грбот и настанува како резултат на воспаление на нервот ишијадикус, а еве како да го препознаете и да го третирате.

Нема човек кој во одреден период од животот немал болки во грбот, особено долниот дел. Причините можат да бидат различни, а најчеста причина е долгото седење, недоволната физичка активност и движење. Една од најболните состојби е ишијасот кој се јавува во долниот дел на грбот, а проблеми од овој тип доживува секој втор човек барем еднаш во животот. Лекарите предупредуваат дека е забележан раст на бројот на млади пациенти со ишијас и болки во грбот, како резултат на работењето во канцеларија.

Како настанува ишијасот?

Ишијас се јавува кога се воспалува нервот ишијадикус. Тоа е најдолгиот нерв во нашето тело кој започнува од долниот дел на грбот и се спушта надолу низ двете нозе. Воспалението на нервот може да се појави како резултат на повреда или притисок врз самиот нерв, што предизвикува болка. Почнува од лумбалниот дел на грбот и може да се прошири на колковите, задникот и нозете.

Како што истакнуваат стручните лица од познатата клиника Мајо, болката предизвикана од воспаление на ишијадикусот може да биде исклучително силна и да доведе до слабост во нозете, дури и до проблеми со мочниот меур и цревата, а третманот трае од неколку недели до неколку месеци.

Ишијасот најчесто се јавува кога еден од петте ‘рбетни корени на овој нерв е набиен, но може да укажува и на некои други болести, а големо влијание има и генетската предиспозиција. Кај помладите пациенти, ишијасот најчесто се поврзува со дискус хернија. Најчестите симптоми на ишијас се:

чувство на трнење во ногата

болка која се шири низ цело подрачје на нервот ишијадикус

намалено чувство за допир

намален Ахилов рефлекс или негово отсуство

мускулна слабост

оневозможено стоење на прсти и пети

болката може да варира од блага до остра болка

ишијасот обично ја зафаќа едната страна од телото

некои луѓе може да чувствуваат вкочанетост, пецкање или мускулна слабост на ногата или стапалото

еден дел од ногата може да боли, додека другиот дел може да биде вкочанет

отежнато движење

Кога да се одите на лекар?

Ишијасот, особено поблагите симптоми, обично исчезнуваат сами од себе со употреба на лекови против болки. Сепак, веднаш контактирајте го вашиот лекар во следниве ситуации:

ако болката во долниот дел на грбот не поминува подолго од една недела

ако болката е интензивна и се влошува

ако почувствувате ненадејна, силна болка во лумбалниот дел на грбот или ногата

ако имате чувство на мускулна слабост и намалена чувствителност во оваа област

ако сте повредени

ако имате проблеми со контролата на дебелото црево или мочниот меур

Болката обично трае од седум до 14 дена при акутно воспаление, па дури и неколку месеци при хронично воспаление на нервот. Болката кај хроничниот ишијас е послаба отколку кај акутниот. Откако болката ќе се смири, под надзор на физиотерапевт се изведуваат вежби за зајакнување на мускулите во долниот дел на грбот.

На пациентот му се советува да спие на тврда, рамна површина, да избегнува нагли движења, кревање товар… Доколку тоа влијае на квалитетот на животот на пациентот и врз основа на проценка на лекарот, проблемот може да се реши со хируршка интервенција.

Превенцијата не е секогаш можна, но лекарите препорачуваат редовно вежбање, пешачење и исправено седење така што колковите и колената да бидат во иста линија (без прекрстување на нозете). Можете да поставите помала перница помеѓу потпирачот на грбот и долната шуплина на грбот за да ја одржите природната кривина на ‘рбетот. Кога кревате товар, не виткајте го грбот, туку клекнете и подигнете го товарот, без разлика дали кревате корпа со влажни алишта или дете.

The post Од оваа болест страда секој втор човек appeared first on Република.

]]>

Ако почувствувате притисок во бешиката и цревата веднаш обратете се на лекар! Ишијасот е збир на тегоби во долниот дел од грбот и настанува како резултат на воспаление на нервот ишијадикус, а еве како да го препознаете и да го третирате. Нема човек кој во одреден период од животот немал болки во грбот, особено долниот дел. Причините можат да бидат различни, а најчеста причина е долгото седење, недоволната физичка активност и движење. Една од најболните состојби е ишијасот кој се јавува во долниот дел на грбот, а проблеми од овој тип доживува секој втор човек барем еднаш во животот. Лекарите предупредуваат дека е забележан раст на бројот на млади пациенти со ишијас и болки во грбот, како резултат на работењето во канцеларија. Како настанува ишијасот? Ишијас се јавува кога се воспалува нервот ишијадикус. Тоа е најдолгиот нерв во нашето тело кој започнува од долниот дел на грбот и се спушта надолу низ двете нозе. Воспалението на нервот може да се појави како резултат на повреда или притисок врз самиот нерв, што предизвикува болка. Почнува од лумбалниот дел на грбот и може да се прошири на колковите, задникот и нозете. Како што истакнуваат стручните лица од познатата клиника Мајо, болката предизвикана од воспаление на ишијадикусот може да биде исклучително силна и да доведе до слабост во нозете, дури и до проблеми со мочниот меур и цревата, а третманот трае од неколку недели до неколку месеци. Ишијасот најчесто се јавува кога еден од петте ‘рбетни корени на овој нерв е набиен, но може да укажува и на некои други болести, а големо влијание има и генетската предиспозиција. Кај помладите пациенти, ишијасот најчесто се поврзува со дискус хернија. Најчестите симптоми на ишијас се: чувство на трнење во ногата болка која се шири низ цело подрачје на нервот ишијадикус намалено чувство за допир намален Ахилов рефлекс или негово отсуство мускулна слабост оневозможено стоење на прсти и пети болката може да варира од блага до остра болка ишијасот обично ја зафаќа едната страна од телото некои луѓе може да чувствуваат вкочанетост, пецкање или мускулна слабост на ногата или стапалото еден дел од ногата може да боли, додека другиот дел може да биде вкочанет отежнато движење Кога да се одите на лекар? Ишијасот, особено поблагите симптоми, обично исчезнуваат сами од себе со употреба на лекови против болки. Сепак, веднаш контактирајте го вашиот лекар во следниве ситуации: ако болката во долниот дел на грбот не поминува подолго од една недела ако болката е интензивна и се влошува ако почувствувате ненадејна, силна болка во лумбалниот дел на грбот или ногата ако имате чувство на мускулна слабост и намалена чувствителност во оваа област ако сте повредени ако имате проблеми со контролата на дебелото црево или мочниот меур Болката обично трае од седум до 14 дена при акутно воспаление, па дури и неколку месеци при хронично воспаление на нервот. Болката кај хроничниот ишијас е послаба отколку кај акутниот. Откако болката ќе се смири, под надзор на физиотерапевт се изведуваат вежби за зајакнување на мускулите во долниот дел на грбот. На пациентот му се советува да спие на тврда, рамна површина, да избегнува нагли движења, кревање товар… Доколку тоа влијае на квалитетот на животот на пациентот и врз основа на проценка на лекарот, проблемот може да се реши со хируршка интервенција. Превенцијата не е секогаш можна, но лекарите препорачуваат редовно вежбање, пешачење и исправено седење така што колковите и колената да бидат во иста линија (без прекрстување на нозете). Можете да поставите помала перница помеѓу потпирачот на грбот и долната шуплина на грбот за да ја одржите природната кривина на ‘рбетот. Кога кревате товар, не виткајте го грбот, туку клекнете и подигнете го товарот, без разлика дали кревате корпа со влажни алишта или дете.  

The post Од оваа болест страда секој втор човек appeared first on Република.

]]>
Пациентите болни од дијабетес бараат сами да ги набавуваат потребните лекови во аптека и достпност на иновативна терапија https://republika.mk/zivot/zdravje/patsientite-bolni-od-dijabetes-baraat-sami-da-gi-nabavuvaat-potrebnite-lekovi-vo-apteka-i-dostpnost-na-inovativna-terapija/ Sat, 16 Nov 2024 15:07:17 +0000 https://republika.mk/?p=838563

Со низа активности денеска по вторпат беше одбележан Светскиот ден на дијабетесот – 14 Ноември. Во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДСМ) беше промовирана книгата „Да се храниме и готвиме здраво“ од Везире Старова, каде свои обраќања имаа претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари Димче Велев и заменик министерот за здравство Јовица Андовски.

Како што беше посочено на настанот, дијабетесот во земјава е во подем и има околу 130 илјади пациенти со дијагностициран дијабетес, како и уште половина од оваа бројка лица кои што не се дијагностицирани. Под мотото „Благостојбата кај лицата со дијабетес“ беше испратена порака за превенирање на компликациите на пациентите, да се обрне внимание на примарната заштита, како и навремено да се поставуваат дијагнозите на пациентите за отпочнување со терапија.

Претседателот на СЗДСМ, Велев, посочи дека е потребна достапност на иновативната терапија, како и да се продолжи со инсулинската терапија како досега. Повика на промена на моделот на т.н. референтна цена за граѓаните да можат сами да ги набавуваат потребните лекови во аптека.

Го одбележуваме Светскиот ден на дијабетесот – 14 Ноември, оваа година како финале на сите активности на 25-те здруженија од земјава, да ги слушнеме нивните гласови преку тие активности и да се решат нивните проблеми. Пред се достапност на иновативната терапија, да се продолжи со инсулинската терапија како што е, да се промени моделот на достапност на т.н. референтна цена, кај што граѓанинот, односно пациентот сам ќе си зема од аптека, систем за сите лица со дијабетес тип 1 во Македонија со цел да се намалат компликациите, да се намали нивното отсуство од работа и да се зголеми продуктивноста, со квалитетно менаџирање на тој систем за континуирано мерење на гликемија и секако ќе расте бројот на лица кои носат Т-1 пумпи, посочи Велев.

Нагласи дека кардиоваскуларните заболувања се процентуално најзастапени, потоа ретинопатијата, затоа, додаде, потребно е час поскоро да се стави терапијата за ретинопатијата на позитивната листа.

Кардиоваскуларните заболувања се најбројни, потоа ретинопатијата. Сакаме час поскоро да ја имаме таа терапија, наместо да ја купуваме приватно, која е многу скапа, да биде ставена на позитивна листа и да има за сите пациенти, а не како сега со ограничен пристап, додаде Велев.

Заменик министерот за здравство Андовски, пак, истакна дека Министерството е во преговори со Светската здравствена организација за проширување на превентивните програми.

Министерството за здравство е во длабоки преговори со Светската здравствена организација за проширување на превентивните програми, бидејќи сметам дека треба таму се фокусираме. До крајот на годината ќе излеземе со детали во однос на проширување на програмите, рече Андовски.

Светскиот ден на дијабетесот, денеска на Плоштад Македонија го одбележа и Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија – Баланс МК, каде свое обраќање имаше и директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски. Клековски истакна дека планот на ФЗО за следната година е затворање на разговорите со Синдикатите и матичните лекари, по што ќе може да се утврдат средствата со кои располагаат за лековите на позитивната листа.

Работиме со Министерството за здравство да ги координираме меѓусебните односи, во однос на третманот на дијабетес. Знаете дека дијабетот е програма под Министерството за здравство, но секако дека не го исклучува и Фондот за здравство за својот дел на одговрности. Во основа работиме да видиме како може да ја подобриме комплементарноста во однос на таа програма. Нашиот општ план за следната година е час поскоро да ги затвориме разговорите со синдикатите и матичните лекари и тоа ќе ни овозможи да видиме какви средства ќе имаме на располагање за лекови на позитивната листа, рече Клековски.

The post Пациентите болни од дијабетес бараат сами да ги набавуваат потребните лекови во аптека и достпност на иновативна терапија appeared first on Република.

]]>

Со низа активности денеска по вторпат беше одбележан Светскиот ден на дијабетесот – 14 Ноември. Во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДСМ) беше промовирана книгата „Да се храниме и готвиме здраво“ од Везире Старова, каде свои обраќања имаа претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари Димче Велев и заменик министерот за здравство Јовица Андовски. Како што беше посочено на настанот, дијабетесот во земјава е во подем и има околу 130 илјади пациенти со дијагностициран дијабетес, како и уште половина од оваа бројка лица кои што не се дијагностицирани. Под мотото „Благостојбата кај лицата со дијабетес“ беше испратена порака за превенирање на компликациите на пациентите, да се обрне внимание на примарната заштита, како и навремено да се поставуваат дијагнозите на пациентите за отпочнување со терапија. Претседателот на СЗДСМ, Велев, посочи дека е потребна достапност на иновативната терапија, како и да се продолжи со инсулинската терапија како досега. Повика на промена на моделот на т.н. референтна цена за граѓаните да можат сами да ги набавуваат потребните лекови во аптека.
Го одбележуваме Светскиот ден на дијабетесот – 14 Ноември, оваа година како финале на сите активности на 25-те здруженија од земјава, да ги слушнеме нивните гласови преку тие активности и да се решат нивните проблеми. Пред се достапност на иновативната терапија, да се продолжи со инсулинската терапија како што е, да се промени моделот на достапност на т.н. референтна цена, кај што граѓанинот, односно пациентот сам ќе си зема од аптека, систем за сите лица со дијабетес тип 1 во Македонија со цел да се намалат компликациите, да се намали нивното отсуство од работа и да се зголеми продуктивноста, со квалитетно менаџирање на тој систем за континуирано мерење на гликемија и секако ќе расте бројот на лица кои носат Т-1 пумпи, посочи Велев.
Нагласи дека кардиоваскуларните заболувања се процентуално најзастапени, потоа ретинопатијата, затоа, додаде, потребно е час поскоро да се стави терапијата за ретинопатијата на позитивната листа.
Кардиоваскуларните заболувања се најбројни, потоа ретинопатијата. Сакаме час поскоро да ја имаме таа терапија, наместо да ја купуваме приватно, која е многу скапа, да биде ставена на позитивна листа и да има за сите пациенти, а не како сега со ограничен пристап, додаде Велев.
Заменик министерот за здравство Андовски, пак, истакна дека Министерството е во преговори со Светската здравствена организација за проширување на превентивните програми.
Министерството за здравство е во длабоки преговори со Светската здравствена организација за проширување на превентивните програми, бидејќи сметам дека треба таму се фокусираме. До крајот на годината ќе излеземе со детали во однос на проширување на програмите, рече Андовски.
Светскиот ден на дијабетесот, денеска на Плоштад Македонија го одбележа и Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија – Баланс МК, каде свое обраќање имаше и директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски. Клековски истакна дека планот на ФЗО за следната година е затворање на разговорите со Синдикатите и матичните лекари, по што ќе може да се утврдат средствата со кои располагаат за лековите на позитивната листа.
Работиме со Министерството за здравство да ги координираме меѓусебните односи, во однос на третманот на дијабетес. Знаете дека дијабетот е програма под Министерството за здравство, но секако дека не го исклучува и Фондот за здравство за својот дел на одговрности. Во основа работиме да видиме како може да ја подобриме комплементарноста во однос на таа програма. Нашиот општ план за следната година е час поскоро да ги затвориме разговорите со синдикатите и матичните лекари и тоа ќе ни овозможи да видиме какви средства ќе имаме на располагање за лекови на позитивната листа, рече Клековски.

The post Пациентите болни од дијабетес бараат сами да ги набавуваат потребните лекови во аптека и достпност на иновативна терапија appeared first on Република.

]]>
Двајцата пациенти кои добија органи од починат дарител се во добра состојба https://republika.mk/zivot/zdravje/dvajtsata-patsienti-koi-dobija-organi-od-pochinat-daritel-se-vo-dobra-sostojba/ Sat, 16 Nov 2024 14:38:00 +0000 https://republika.mk/?p=838554

Двајцата пациенти кај кои беше извршена трансплантација на органи од починат донор се во добра општа состојба.

Овие денови за нив се грижеа медицинските тимови на Клиниките за нефрологија, урологија и КАРИЛ. Интервенциите се успешни, со уреден постоперативен тек и пациентите се веќе пуштени на домашно лекување. Им посакуваме успешно закрепнување, вели проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за транплантација.

Благодарение на хуманиот чин, храброста и емпатијата на едно семејство кое одлучи да даде согласност за донирање на органите од свој близок, двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрег и ќе продолжат да живеат нормален живот, без потреба од дијализа.

Огромна благодарност за сите медицински тимови и болнички координатори вклучени во трансплантацијата, велат и од Министерството за здравство.

The post Двајцата пациенти кои добија органи од починат дарител се во добра состојба appeared first on Република.

Мемеди: Поединци кои се кријат зад лажен фејсбук профил водат кампања против Клиниката за детски болсти и лично против мене https://republika.mk/zivot/zdravje/memedi-poedintsi-koi-se-krijat-zad-lazhen-fejsbuk-profil-vodat-kampana-protiv-klinikata-za-detski-bolsti-i-lichno-protiv-mene/ Fri, 15 Nov 2024 12:05:49 +0000 https://republika.mk/?p=838023

Директорот на Клиниката за детски болести, д-р Реџеп Мемеди вели дека во изминатиот пеприод имало кампања против Клиниката и лично против него, иницирана од поединци кои имале лични интереси и болна намера за власт и позиција, преку злоупотреба на детски судбини.

Тие поединци многу добро знаат дека за дезинформациите, клеветите и расистичките натписи кривично се одговара и затоа немаат смелост да излезат јавно со име и презиме, туку се кријат позади лажен фејсбук профил. Имаше тенденција да се прикаже дека наводно за време на моето директорување, само три месеци, во октомври, сега четири месеци, има голема стапка на смртност на детска клиника. Но, фактите го говорат спротивното. Животот на секое дете вреди повеќе од се, но за воља на вистината и за правилно информирање сум принуден да објавам официјани статистички податоци од Детската клиника, изјави Мемеди на денешната прес-конфренција.

Во последните месеци имаше три смртни случаи на деца на Клиниката за детски болести. Прво почина 14-месечното девојче и беа суспендирани две медицински лица. Потоа почина бебе од Струмица старо осум дена, но стручниот надзор не утврдил никакви пропусти при третманот. За случајот со петгодишното девојче, следната недела го очекува извештајот од стручниот надзор и ќе биде соопштен на јавноста.

Д-р Мемеди пред новинарите прикажа статистички податоци од минатите години.

Од прикажаната табела, јасно се гледа дека сега имаме двапати помала стапка на смртност во споредба со пред пет години, односно трипати помала смртност во споредба со пред девет или десет години, кога имало во просек и по девет умирања месечно, т.е. на секој трети ден по еден смртен исход просечно. Во време кога други директоруваа на Детска клиника имаше друга власт во државата. Не смее да дозволиме некои злонамерни поединци да нанесат шетата на угледот на детска клиника и на целиот персонал кој деноноќно работи најпрофесионално и се грижи за здравјето на сите деца, изјави д-р Мемеди.

Средбата со новинарите д-р Мемеди ја искористи да каже за состојбата на Клиниката која ја затекнал во изминативе 3-4 месеци откако е на функција.

Кујната каде се спрема храна за деца и за бебиња е во комплетна амортизирана состојба. Јас ќе ви покажам фотографии. Значи, со инвентар што е преку 20 години стар, што е тешко можно да се одржува по стандарди како што треба, со простории што се руинирани и замислете, во вакви простории на Детската клиника, со години се спрема храна за деца, ова не е високоризично?  Преземав мерки и сме во фаза на обезбедување нова опрема и инвентар. Кај пумпите за вода, има една пумпа хидрофор која од 2018 не е во функција. Ако имаме пожар, ќе немаме притисок за вода за гаснење на високите спратови. Секоја недела имале проблеми со притисок за вода. За кратко време ќе имаме нова станица со пумпи. Лифтовите се преку 40 години стари, пациентите ни се качуваат по скали. Ќе има решение набрзо за 2 лифта. Низ просториите на Клиниката има еден куп стара хартија документи стари 10-15 години кои не се расходувани. Тоа бара работа и внимание, изјави дирекорот.

Мемеди информираше дека кога стапил на функцијата, имал десетици барања, немало апарати за мерење притисток, монитори.

Сега обезбедив монитор, ЕЕГ апарат што е амортизиран комплетно, за среќа јас почнав постапка пред два месеца, сега од другата недела ќе имаме нов ЕЕГ апарат, а стариот за жал оваа недела откажа. Имаме нов рендген апарат, донација од Јапонската амбасада, обезбедив во соработка со Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување - хормон за раст за сите деца кои со години чекаа на листа за чекање и тој проблем го решивме, потенцираше Мемеди.

На прашање дали специјализанти сами се оставаат на дежурство, тој одговори дека специјалистите биле секое време присутни, бидејќи и тие дежурале.

Недостаток на кадар е системски проблем што се провлекува со години. На нашата клиника, да, дежураат и специјализанти, меѓутоа во секое време тука се достапни специјалистите, кои исто така дежураат. Значи, не дека немаме специјалисти дежурни кои апсолутно дежураат. Меѓутоа, секако дека имаме сериозен недостаток на кадар. Во последните 14-15 години од нашата клиника заминале 40 специјалисти, половина од нив во пензија, а половина во приватното здравство и се поставува прашањето, зошто се случил ваков егзодус на стручен кадар од Детската клиника?, смета Мемеди.

The post Мемеди: Поединци кои се кријат зад лажен фејсбук профил водат кампања против Клиниката за детски болсти и лично против мене appeared first on Република.

]]>

Директорот на Клиниката за детски болести, д-р Реџеп Мемеди вели дека во изминатиот пеприод имало кампања против Клиниката и лично против него, иницирана од поединци кои имале лични интереси и болна намера за власт и позиција, преку злоупотреба на детски судбини.
Тие поединци многу добро знаат дека за дезинформациите, клеветите и расистичките натписи кривично се одговара и затоа немаат смелост да излезат јавно со име и презиме, туку се кријат позади лажен фејсбук профил. Имаше тенденција да се прикаже дека наводно за време на моето директорување, само три месеци, во октомври, сега четири месеци, има голема стапка на смртност на детска клиника. Но, фактите го говорат спротивното. Животот на секое дете вреди повеќе од се, но за воља на вистината и за правилно информирање сум принуден да објавам официјани статистички податоци од Детската клиника, изјави Мемеди на денешната прес-конфренција.
Во последните месеци имаше три смртни случаи на деца на Клиниката за детски болести. Прво почина 14-месечното девојче и беа суспендирани две медицински лица. Потоа почина бебе од Струмица старо осум дена, но стручниот надзор не утврдил никакви пропусти при третманот. За случајот со петгодишното девојче, следната недела го очекува извештајот од стручниот надзор и ќе биде соопштен на јавноста. Д-р Мемеди пред новинарите прикажа статистички податоци од минатите години. Од прикажаната табела, јасно се гледа дека сега имаме двапати помала стапка на смртност во споредба со пред пет години, односно трипати помала смртност во споредба со пред девет или десет години, кога имало во просек и по девет умирања месечно, т.е. на секој трети ден по еден смртен исход просечно. Во време кога други директоруваа на Детска клиника имаше друга власт во државата. Не смее да дозволиме некои злонамерни поединци да нанесат шетата на угледот на детска клиника и на целиот персонал кој деноноќно работи најпрофесионално и се грижи за здравјето на сите деца, изјави д-р Мемеди. Средбата со новинарите д-р Мемеди ја искористи да каже за состојбата на Клиниката која ја затекнал во изминативе 3-4 месеци откако е на функција.
Кујната каде се спрема храна за деца и за бебиња е во комплетна амортизирана состојба. Јас ќе ви покажам фотографии. Значи, со инвентар што е преку 20 години стар, што е тешко можно да се одржува по стандарди како што треба, со простории што се руинирани и замислете, во вакви простории на Детската клиника, со години се спрема храна за деца, ова не е високоризично?  Преземав мерки и сме во фаза на обезбедување нова опрема и инвентар. Кај пумпите за вода, има една пумпа хидрофор која од 2018 не е во функција. Ако имаме пожар, ќе немаме притисок за вода за гаснење на високите спратови. Секоја недела имале проблеми со притисок за вода. За кратко време ќе имаме нова станица со пумпи. Лифтовите се преку 40 години стари, пациентите ни се качуваат по скали. Ќе има решение набрзо за 2 лифта. Низ просториите на Клиниката има еден куп стара хартија документи стари 10-15 години кои не се расходувани. Тоа бара работа и внимание, изјави дирекорот.
Мемеди информираше дека кога стапил на функцијата, имал десетици барања, немало апарати за мерење притисток, монитори.
Сега обезбедив монитор, ЕЕГ апарат што е амортизиран комплетно, за среќа јас почнав постапка пред два месеца, сега од другата недела ќе имаме нов ЕЕГ апарат, а стариот за жал оваа недела откажа. Имаме нов рендген апарат, донација од Јапонската амбасада, обезбедив во соработка со Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување - хормон за раст за сите деца кои со години чекаа на листа за чекање и тој проблем го решивме, потенцираше Мемеди.
На прашање дали специјализанти сами се оставаат на дежурство, тој одговори дека специјалистите биле секое време присутни, бидејќи и тие дежурале.
Недостаток на кадар е системски проблем што се провлекува со години. На нашата клиника, да, дежураат и специјализанти, меѓутоа во секое време тука се достапни специјалистите, кои исто така дежураат. Значи, не дека немаме специјалисти дежурни кои апсолутно дежураат. Меѓутоа, секако дека имаме сериозен недостаток на кадар. Во последните 14-15 години од нашата клиника заминале 40 специјалисти, половина од нив во пензија, а половина во приватното здравство и се поставува прашањето, зошто се случил ваков егзодус на стручен кадар од Детската клиника?, смета Мемеди.
 
The post Мемеди: Поединци кои се кријат зад лажен фејсбук профил водат кампања против Клиниката за детски болсти и лично против мене appeared first on Република.

]]>
Нови 67 случаи на грип во Македонија, вакцинирани вкупно 62.332 лица https://republika.mk/zivot/zdravje/novi-67-sluchai-na-grip-vo-makedonija-vaktsinirani-vkupno-62-332-litsa/ Thu, 14 Nov 2024 19:35:17 +0000 https://republika.mk/?p=837849

Шеесет и седум случаи на групни пријави за заболени од грип и заболувања слични на грипот се евидентирани во текот на 45. недела од 2024 година – од 4 до 10 ноември во државава, информираат попладнево од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Тоа претставува за 42,6 отсто повеќе во споредба со претходната недела. Во споредба со 45. недела од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 42,6 проценти, додека во однос на моделот за последните 14 сезони, се регистрира зголемување од 4,2 отсто.

Од новозаболените, 42 лица биле на возраст од 15 до 64 години. Четиринаесет биле деца на возраст од пет до 14 години. Десет лица биле постари од 65 години, а едно лице припаѓало на возрасната група до четири години. Највисока инциденца (6,5/100.000) се регистрира кај децата на возраст од пет до 14 години.

Заболените лица оваа недела биле регистрирани во Куманово – 20, Гостивар – 19, Тетово – 17, Кавадарци – пет, Струмица – три, Радовиш – две и едно во Неготино.

Во сезоната 2024/2025, 262 е вкупниот број случаи на грип и заболувања слични на грипот.

Од ИЈЗ потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Се препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на таканаречените ризични групи.

Во Република Македонија, вакцинирани биле вкупно 62.332 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.

(МИА)

The post Нови 67 случаи на грип во Македонија, вакцинирани вкупно 62.332 лица appeared first on Република.

]]>

Шеесет и седум случаи на групни пријави за заболени од грип и заболувања слични на грипот се евидентирани во текот на 45. недела од 2024 година – од 4 до 10 ноември во државава, информираат попладнево од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Тоа претставува за 42,6 отсто повеќе во споредба со претходната недела. Во споредба со 45. недела од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 42,6 проценти, додека во однос на моделот за последните 14 сезони, се регистрира зголемување од 4,2 отсто. Од новозаболените, 42 лица биле на возраст од 15 до 64 години. Четиринаесет биле деца на возраст од пет до 14 години. Десет лица биле постари од 65 години, а едно лице припаѓало на возрасната група до четири години. Највисока инциденца (6,5/100.000) се регистрира кај децата на возраст од пет до 14 години. Заболените лица оваа недела биле регистрирани во Куманово – 20, Гостивар – 19, Тетово – 17, Кавадарци – пет, Струмица – три, Радовиш – две и едно во Неготино. Во сезоната 2024/2025, 262 е вкупниот број случаи на грип и заболувања слични на грипот. Од ИЈЗ потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Се препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на таканаречените ризични групи. Во Република Македонија, вакцинирани биле вкупно 62.332 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.
(МИА)

The post Нови 67 случаи на грип во Македонија, вакцинирани вкупно 62.332 лица appeared first on Република.

]]>
Како положбата на спиење влијае на здравјето https://republika.mk/zivot/zdravje/kako-polozhbata-na-spiene-vlijae-na-zdravjeto/ Thu, 14 Nov 2024 19:12:48 +0000 https://republika.mk/?p=837630

Нашата положба на спиење е важна за нашето здравје. Тоа влијае на сè, од мозокот до цревата. Знаеме дека недоволното спиење може да направи да се чувствуваме мрзеливо. Но, ако ги одвојувате препорачаните седум до осум часа за квалитетен сон и сè уште се будите со чувство на умор, можеби ќе треба повторно да процените што точно му правите на вашето тело откако ќе се изгаснат светлата.

Kако положбата спиење влијае на вас:

Спиењето на левата страна има најмногу здравствени придобивки од експертите и науката. Иако нашите тела изгледаат во голема мера симетрични, поставеноста на нашите органи не прави внатрешно асиметрични. Како се одмараме влијае на начинот на кој нашите системи го насочуваат и преработуваат отпадот – што треба да биде дел од нашите севкупни здравствени аспирации.

Придобивки од страничното спиење:

Го помага варењето на храната
Го зајакнува здравјето на мозокот
Го намалува грчењето или апнеја при спиење

Потенцијални несакани ефекти на спиењето на страна:
Болка во рамото
Непријатност во вилицата
Спиењето на грб може да ја намали непријатноста со намалување на компресијата и болката од стари повреди или други хронични состојби.

Спиењето на грб може да помогне со:
болка во колкот
болка во коленото
затнат нос и синуси
артритис

Спиењето на стомак е големото не-не кога станува збор за позите за дремка.

Ако спиете на стомак и забележите дека имате болки во грбот, веројатно има причина. Бидејќи поголемиот дел од тежината на човечкото тело е околу вашиот центар, тоа јадро дополнително се турка во површината за спиење и во основа го оптоварува вашиот ‘рбет во погрешна насока, предизвикувајќи болки во грбот и вратот.

Единствената придобивка од положбата за спиење свртена надолу е тоа што може да ви помогне да ги задржите вашите дишни патишта отворени ако ‘рчите или имате апнеја при спиење. Сепак, страничната опција е подобра.

The post Како положбата на спиење влијае на здравјето appeared first on Република.

]]>

Нашата положба на спиење е важна за нашето здравје. Тоа влијае на сè, од мозокот до цревата. Знаеме дека недоволното спиење може да направи да се чувствуваме мрзеливо. Но, ако ги одвојувате препорачаните седум до осум часа за квалитетен сон и сè уште се будите со чувство на умор, можеби ќе треба повторно да процените што точно му правите на вашето тело откако ќе се изгаснат светлата. Kако положбата спиење влијае на вас: Спиењето на левата страна има најмногу здравствени придобивки од експертите и науката. Иако нашите тела изгледаат во голема мера симетрични, поставеноста на нашите органи не прави внатрешно асиметрични. Како се одмараме влијае на начинот на кој нашите системи го насочуваат и преработуваат отпадот – што треба да биде дел од нашите севкупни здравствени аспирации. Придобивки од страничното спиење: Го помага варењето на храната Го зајакнува здравјето на мозокот Го намалува грчењето или апнеја при спиење Потенцијални несакани ефекти на спиењето на страна: Болка во рамото Непријатност во вилицата Спиењето на грб може да ја намали непријатноста со намалување на компресијата и болката од стари повреди или други хронични состојби. Спиењето на грб може да помогне со: болка во колкот болка во коленото затнат нос и синуси артритис Спиењето на стомак е големото не-не кога станува збор за позите за дремка. Ако спиете на стомак и забележите дека имате болки во грбот, веројатно има причина. Бидејќи поголемиот дел од тежината на човечкото тело е околу вашиот центар, тоа јадро дополнително се турка во површината за спиење и во основа го оптоварува вашиот ‘рбет во погрешна насока, предизвикувајќи болки во грбот и вратот. Единствената придобивка од положбата за спиење свртена надолу е тоа што може да ви помогне да ги задржите вашите дишни патишта отворени ако ‘рчите или имате апнеја при спиење. Сепак, страничната опција е подобра.

The post Како положбата на спиење влијае на здравјето appeared first on Република.

]]>
Скоро половина од Македонците живеат со зголемена телесна тежина и лоша исхрана, ризик фактори за дијабетес https://republika.mk/zivot/zdravje/skoro-polovina-od-makedontsite-zhiveat-so-zgolemena-telesna-tezhina-i-losha-ishrana-rizik-faktori-za-dijabetes/ Thu, 14 Nov 2024 18:59:28 +0000 https://republika.mk/?p=837834

Македонија е земја со една од најголемите преваленции на дијабетес во светот, како резултат на високиот степен на сите ризик фактори кои го предизвикуваат, како што се дебелината, лошите навики во исхраната и намалената физичка активност, посочи претседателката на Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија, Татјана Миленковиќ, на денешната прес-конференција по повод Светскиот ден на дијабетесот – 14 Ноември.

Миленковиќ посочи дека скоро 50 отсто од популацијата во земјава живее со зголемена телесна тежина, додека повеќе од 50 отсто се пушачи со лоши навики во исхраната и намалена физичка активност.

„Дијабетесот како една од незаразните болести претставува вистинска пандемија, како во светот, така и кај нас. Во Македонија, за жал, ние сме земја со една од најголемите преваленции на дијабетес во светот, заради тоа што ги имаме сите ризик фактори кои го предизвикуваат дијабетесот, а тоа е дебелината. Кај нас скоро 50 отсто од популацијата живее со зголемена телесна тежина, односно со дебелина, повеќе од 50 отсто пушат и имаат лоши навики во исхрана и уште полоши за физичка активност“, посочи Миленковиќ.

Загрижувачки е, додаде, што младата популација во годините што доаѓаат ќе развијат дијабетес, поради што живее со обезност. Оваа генерацијата, вели Миленковиќ, ќе има понизок животен век од нивните родители, како резултат на незаразните болести кои што се главна причина за смрт во светот.

„Загрижувачки е што младата популација е таа која живее со обезност и која што во годините што доаѓаат, ќе развијат секако дијабетес и не само дијабетес, туку и болести кои што се придружни на дијабетесот, а од кои што умира светската и нашата популација. Тоа се кардиоваскуларните болести, затоа што сите заедно ги делат истите ризик фактори. Значи, нашата општествена улога, како доктори, е да се трудиме да се вратат здравите навики во исхраната, да се конзумира здрава храна, да се прекине со пушење, да се зголеми физичката активност, за да можеме да направиме популација која што ќе ги надживее родителите. Се смета дека оваа генерација ќе има понизок животен век од нивните родители, поради овие незаразни болести коишто се главна причина за смрт во светот“, рече Миленковиќ.

Министерот за здравство Таравари, пак, во своето обраќање истакна дека Министерството овозможува набавка на најсовремена инсулинска терапија и обезбедува систем за континуирано мерење на гликемијата, со кој се овозможува поквалитетен живот на децата со дијабет.

„Во таа насока овозможуваме набавка на најсовремена инсулинска терапија, која обезбедува индивидуализиран пристап за потребите на секој пациент, како и имплементација на инсулинските пумпи онаму каде што е индицирано. Посебно сакам да го истакнам и обезбедувањето на системот за континуирано мерење на гликемијата, со кој се овозможува подобар квалитет на секојдневното живеење на децата со дијабет. Со најновата двегодишна набавка обезбедивме 650 сензори во соработка со Клиниката за детски болести отворен е едукативен центар, во склоп на Клиниката каде изминатиот период се одвиваше едукација за поставување на сензорите кај децата и адолесценти“, рече Таравари.

Нашата држава, додаде, спаѓа во земји со низок ризик за појава на детски дијабетес, во однос на другите европски земји, но сепак, како што рече, бројот е со постојана тендеција за пораст во последните години.

„Покрај тоа што нашата држава спаѓа во земјите со низок ризик за појава на детски дијабетес, во однос на другите европски земји, сепак оваа бројка е со постојана тенденција за пораст во последните години. Дијабетес тип 1, за жал, го погодува највулнерабилниот дел од популацијата, децата и младите, а третманот опфаќа повеќе аспекти, да се промовира висок квалитет на живот, нормален раст и развој на децата со дијабетес“, посочи Таравари.

The post Скоро половина од Македонците живеат со зголемена телесна тежина и лоша исхрана, ризик фактори за дијабетес appeared first on Република.

]]>

Македонија е земја со една од најголемите преваленции на дијабетес во светот, како резултат на високиот степен на сите ризик фактори кои го предизвикуваат, како што се дебелината, лошите навики во исхраната и намалената физичка активност, посочи претседателката на Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија, Татјана Миленковиќ, на денешната прес-конференција по повод Светскиот ден на дијабетесот – 14 Ноември. Миленковиќ посочи дека скоро 50 отсто од популацијата во земјава живее со зголемена телесна тежина, додека повеќе од 50 отсто се пушачи со лоши навики во исхраната и намалена физичка активност.
„Дијабетесот како една од незаразните болести претставува вистинска пандемија, како во светот, така и кај нас. Во Македонија, за жал, ние сме земја со една од најголемите преваленции на дијабетес во светот, заради тоа што ги имаме сите ризик фактори кои го предизвикуваат дијабетесот, а тоа е дебелината. Кај нас скоро 50 отсто од популацијата живее со зголемена телесна тежина, односно со дебелина, повеќе од 50 отсто пушат и имаат лоши навики во исхрана и уште полоши за физичка активност“, посочи Миленковиќ.
Загрижувачки е, додаде, што младата популација во годините што доаѓаат ќе развијат дијабетес, поради што живее со обезност. Оваа генерацијата, вели Миленковиќ, ќе има понизок животен век од нивните родители, како резултат на незаразните болести кои што се главна причина за смрт во светот.
„Загрижувачки е што младата популација е таа која живее со обезност и која што во годините што доаѓаат, ќе развијат секако дијабетес и не само дијабетес, туку и болести кои што се придружни на дијабетесот, а од кои што умира светската и нашата популација. Тоа се кардиоваскуларните болести, затоа што сите заедно ги делат истите ризик фактори. Значи, нашата општествена улога, како доктори, е да се трудиме да се вратат здравите навики во исхраната, да се конзумира здрава храна, да се прекине со пушење, да се зголеми физичката активност, за да можеме да направиме популација која што ќе ги надживее родителите. Се смета дека оваа генерација ќе има понизок животен век од нивните родители, поради овие незаразни болести коишто се главна причина за смрт во светот“, рече Миленковиќ.
Министерот за здравство Таравари, пак, во своето обраќање истакна дека Министерството овозможува набавка на најсовремена инсулинска терапија и обезбедува систем за континуирано мерење на гликемијата, со кој се овозможува поквалитетен живот на децата со дијабет.
„Во таа насока овозможуваме набавка на најсовремена инсулинска терапија, која обезбедува индивидуализиран пристап за потребите на секој пациент, како и имплементација на инсулинските пумпи онаму каде што е индицирано. Посебно сакам да го истакнам и обезбедувањето на системот за континуирано мерење на гликемијата, со кој се овозможува подобар квалитет на секојдневното живеење на децата со дијабет. Со најновата двегодишна набавка обезбедивме 650 сензори во соработка со Клиниката за детски болести отворен е едукативен центар, во склоп на Клиниката каде изминатиот период се одвиваше едукација за поставување на сензорите кај децата и адолесценти“, рече Таравари.
Нашата држава, додаде, спаѓа во земји со низок ризик за појава на детски дијабетес, во однос на другите европски земји, но сепак, како што рече, бројот е со постојана тендеција за пораст во последните години.
„Покрај тоа што нашата држава спаѓа во земјите со низок ризик за појава на детски дијабетес, во однос на другите европски земји, сепак оваа бројка е со постојана тенденција за пораст во последните години. Дијабетес тип 1, за жал, го погодува највулнерабилниот дел од популацијата, децата и младите, а третманот опфаќа повеќе аспекти, да се промовира висок квалитет на живот, нормален раст и развој на децата со дијабетес“, посочи Таравари.

The post Скоро половина од Македонците живеат со зголемена телесна тежина и лоша исхрана, ризик фактори за дијабетес appeared first on Република.

]]>
Диета со кисела зелка https://republika.mk/zivot/zdravje/dieta-so-kisela-zelka/ Thu, 14 Nov 2024 16:42:08 +0000 https://republika.mk/?p=837534

Колку и да е киселата зелка суперхрана, со многу витамини, малку калории, а многу придобивки, сепак оваа диета не би требало да ја применувате повеќе од 6-7 дена, бидејќи на телото му се потребни и останати супстанци.

Постојат многу различни рецепти како да се конзумира кисела зелка во текот на оваа диета, а со неа ќе го прочистите организмот и во просек ќе изгубите 4-5 килограми за исто толку дена.

Предлог доручек: кисела зелка и цитрусно овошје

Ручек: било какво јадење од кисела зелка-супа, готвена зелка, зелка со грав итн.

Вечера: Салата од зеленчук со маслиново масло

Кој не смее да ја користи оваа диета: Луѓето кои боледуваат од: дијабетес, хипертензија, зголемена киселост на желудник, бубрежни болести, болести на панкреасот.

The post Диета со кисела зелка appeared first on Република.

]]>

Колку и да е киселата зелка суперхрана, со многу витамини, малку калории, а многу придобивки, сепак оваа диета не би требало да ја применувате повеќе од 6-7 дена, бидејќи на телото му се потребни и останати супстанци. Постојат многу различни рецепти како да се конзумира кисела зелка во текот на оваа диета, а со неа ќе го прочистите организмот и во просек ќе изгубите 4-5 килограми за исто толку дена. Предлог доручек: кисела зелка и цитрусно овошје Ручек: било какво јадење од кисела зелка-супа, готвена зелка, зелка со грав итн. Вечера: Салата од зеленчук со маслиново масло Кој не смее да ја користи оваа диета: Луѓето кои боледуваат од: дијабетес, хипертензија, зголемена киселост на желудник, бубрежни болести, болести на панкреасот.

The post Диета со кисела зелка appeared first on Република.

]]>
Министерството за здравство формирало Комисија за испитување на случајот со починатото петгодишно дете на Клиниката за детски болести https://republika.mk/zivot/zdravje/ministerstvoto-za-zdravstvo-formiralo-komisija-za-ispituvane-na-sluchajot-so-pochinatoto-petgodishno-dete-na-klinikata-za-detski-bolesti/ Thu, 14 Nov 2024 13:43:54 +0000 https://republika.mk/?p=837751

Министерството за здравство во вторникот формирало Комисија за случајот со починатото петгодишно дете, информираше денеска министерот Арбен Таравари.

Со директорот на Детска клиника утрово се слушнав повторно. Комисијата е формирана во вторникот од Министерството за здравство. Уште еднаш ќе повторам дека сите резултати што се направени, барем јас зборувам и како лекар и покачената концентрација на протеини во ликворот на за жал починатото дете и намалената концентрација на гликоза во ликворот и наодот од ЕКГ кај што доминираат бавни бранови, упатува на сериозен сомнеж за енцефалит. Меѓутоа, да оставиме Комисијата, не би сакал да давам изјави пред да има официјален извештај од компетентни педијатри кои веќе се назначени од Клиниката за педијатрија за да направат увид во целата документација за тоа како се третирало детето, истакна Таравари.

На прес-конференција министерот соопшти дека во тек е процедурата за вработување на првите 300 специјализанти кои беа ветени до крај на годината.

Јас се надевам дека до крајот на годината првите 300 ќе се вработат бидејќи има и одлука на Владата, така што воопшто да не се сомневате во тоа дека целата процедура тече и тоа го знаат специјализантите. Викнете неколку од нив и зборувајте ќе ви кажат дека сепак има некаква процедура, а 300 други ќе се вработат идната година и таков беше планот 300+300, меѓутоа и овие 600 нема да бидат доволни за тоа колку недостасува медицински кадар – лекари и средномедицински кадар во здравствениот систем, рече тој, како одговор на новинарско прашање.

Притоа додаде дека не можеле нешто што е проблематично повеќе од 5-10 години, да го средат за 4-5 месеци.

Меѓутоа вие гледате дека преземаме чекори во правец на стабилизирање на здравствениот систем, затоа се овие 600 специјализанти. Проблемот е 10 години, не е три или четири месеци и ние го решаваме сега. И средномедицински кадар ви кажав дека до крај на годината очекувам да донесеме одлука 1000 договорци, односно можеби и повеќе од тоа да добијат решенија и да овозможиме повторно уште 100 од средномедицинскиот кадар да бидат вработени со договор на дело во сите здравствени установи, а дека има дефицит, не мора да ме прашате – посетете која било болница ќе ви кажат дека секаде недостасува, нагласи тој.

За ДСЗИ рече дека си ја врши својата работа, секојдневно е на терен и таму кај што треба и таму кај што се даваат одредени директиви од Министерството за здравство. Така што, ниеден ден не им бил празен и без обврски.

The post Министерството за здравство формирало Комисија за испитување на случајот со починатото петгодишно дете на Клиниката за детски болести appeared first on Република.