Патувања Archives - Република https://republika.mk/kategorija/zivot/patuvanja/ За подобро да се разбереме Thu, 02 May 2024 14:00:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Патувања Archives - Република https://republika.mk/kategorija/zivot/patuvanja/ 32 32 Охрид полн со гости https://republika.mk/zivot/patuvanja/ohrid-poln-so-gosti/ Thu, 02 May 2024 14:16:43 +0000 https://republika.mk/?p=773458

Туристички Охрид е преполн со гости. Посетители од Србија, Хрватска, Албанија, Грција, но и повеќе земји од целиот свет, уживаа денеска во неговите убавини.

Исполнети се сместувачките капацитети, како и кафе баровите и рестораните во центарот на градот.

Гостите не ги поколеба ниту временската прогноза која предвидува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

Денеска и во петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Дневната температура од утре до сабота ќе биде во постепено опаѓање, информираат од УХМР.

извор: Охридпрес.мк

The post Охрид полн со гости appeared first on Република.

]]>

Туристички Охрид е преполн со гости. Посетители од Србија, Хрватска, Албанија, Грција, но и повеќе земји од целиот свет, уживаа денеска во неговите убавини. Исполнети се сместувачките капацитети, како и кафе баровите и рестораните во центарот на градот. Гостите не ги поколеба ниту временската прогноза која предвидува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.
Денеска и во петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Дневната температура од утре до сабота ќе биде во постепено опаѓање, информираат од УХМР.
извор: Охридпрес.мк

The post Охрид полн со гости appeared first on Република.

]]>
Сѐ поскапело: Групацијата на осигурителни компании објaсни зошто морале да ги зголемат цените за регистрација на возилата https://republika.mk/zivot/patuvanja/grupatsijata-na-osiguritelni-kompanii-objanuva-zoshto-morale-da-gi-zgolemat-tsenite-za-registratsija-na-vozilata/ Thu, 02 May 2024 05:39:23 +0000 https://republika.mk/?p=773120

Комисијата за Автомобилска одговорност при Министерство за Финансии, 15 години не дала препорака на Владата за корекција на цените на авто осигурувањето.

Од Групација на осигурувањето при Стопанската комора на Македонија очекуваат институциите да покажат поголемо разбирање за работењето на осигурителниот сектор, да ги земат во предвид сите доставени детални и сеопфатни анализи за цените на авто осигурувањето, и да се дојде до решение кое ќе подразбира имплементирање на реални, пазарни цени, кои ќе овозможат непречно сервисирање на штетите, наборјуваат од Групацијата на осигурителни компании.

Во минатото во повеќе наврати осигурителните компании преку Националното биро за осигурување своите анализи ги имаат доставено до надлежните институции Министерство за Финансии, Комисијата за Автомобилска Одговорност при МФ и Агенцијата за Супервизија на осигурувањето.

Тие истакнуваат дека според Законот за Задолжително Осигурување во Сообраќајот, Член 46,  Комисијата за Автомобилска Одговорност има обврска еднаш годишно да прави анализи за тековните состојби,  и да  доставува до Владата предлог за утврдување на минималната и максималната стапка на техничка премија за осигурување од автомобилска одговорност.
Но, и покрај горенаведените одредби, Комисијата не заседава еднаш годишно и при тоа минималната и максималната стапка на техничка премија за осигурување од автомобилска одговорност не е променета веќе 15 години, поточно од 2008 година, кога беше намалена за 30%. Последната одлука за утврдување на минимална и максимална стапка на техничка премија за осигурување од автомобилска одговорност е донесена 09.09.2008 од страна на Владата на Република Македонија.

Тоа подразбира непроменетост на цените за осигурување од автомобилска одговорност од 2008 година, или цели 15 години, период во кој бележиме општ пораст на цените од 61.5%.

Фактот што голем дел од осигурениците имаат максимален бонус/намалување на премија од 50%, товарот од новите давачки кои ги плаќаат Осигурителните Компании, 2% према Фондот за здравствено осигурурување и 0,8% према регулаторот, порастот на минималната и просечната плата на вработените и на работната рака на сервисите и проценителите, во услови на замрзнати цени за авто одговорност ја доведува во прашање одржливоста и оправданоста на бизнисот Авто осигурување и долгорочното учество на осигурителните компании во овој сегмент.

Дека постоечките цени се непазарни и неодржливи потврдуваат и од Националното биро за осигурување кои информираат дека осигурителната индустрија во делот на осигурување од автомобилска одговорност во 2023 претрпела загуба во износ од 176 милиони денари.   Од таму се надеваат дека ќе се најде разбирање и дека ќе се земат предвид фактите и реалните анализи.

Осигурувањето е исклучително важен фактор за развој на економијата и општествените текови во земјата и ги заштитува граѓаните, државниот имот и бизнис секторот од немили настани. Затоа тоа мора да биде одржливо, стабилно и целосно спремно да одговори на барањата на осигуренците.

Исто така, јавноста треба да биде запознаена со податокот дека имаме најниска цена за авто осигурување во регионот. Во изминатите години е евидентиран раст на цените на автомобилите од 70% - 100%, на резервните делови за 100%, на платите  за  83%, индексот на трошоците на живот од 2008 до 2023 година е зголемен за 52,83%, нето трошоците за спроведување на осигурувањето за 215%, што ги прави неодржливи цените на автомобилското осигурување.

Осигурителните компании се надеваат дека Комисијата и Владата, односно Министерството за финансии, како професионални и кредибилни индтитуции, ќе направат уште еднаш сериозна анализа, и ќе ги земат во предвид сите факти и тековни состојби, и врз основа на нив ќе донесат препорака до Владата за промена на одлуката, и креирање реални цени.  Во спротивно, работење по нереални и 15 години непроменети цени нема да биде од корист ниту на граѓаните ниту на бизнис заедницата, ниту на државата.

The post Сѐ поскапело: Групацијата на осигурителни компании објaсни зошто морале да ги зголемат цените за регистрација на возилата appeared first on Република.

]]>

Комисијата за Автомобилска одговорност при Министерство за Финансии, 15 години не дала препорака на Владата за корекција на цените на авто осигурувањето. Од Групација на осигурувањето при Стопанската комора на Македонија очекуваат институциите да покажат поголемо разбирање за работењето на осигурителниот сектор, да ги земат во предвид сите доставени детални и сеопфатни анализи за цените на авто осигурувањето, и да се дојде до решение кое ќе подразбира имплементирање на реални, пазарни цени, кои ќе овозможат непречно сервисирање на штетите, наборјуваат од Групацијата на осигурителни компании.
Во минатото во повеќе наврати осигурителните компании преку Националното биро за осигурување своите анализи ги имаат доставено до надлежните институции Министерство за Финансии, Комисијата за Автомобилска Одговорност при МФ и Агенцијата за Супервизија на осигурувањето.
Тие истакнуваат дека според Законот за Задолжително Осигурување во Сообраќајот, Член 46,  Комисијата за Автомобилска Одговорност има обврска еднаш годишно да прави анализи за тековните состојби,  и да  доставува до Владата предлог за утврдување на минималната и максималната стапка на техничка премија за осигурување од автомобилска одговорност. Но, и покрај горенаведените одредби, Комисијата не заседава еднаш годишно и при тоа минималната и максималната стапка на техничка премија за осигурување од автомобилска одговорност не е променета веќе 15 години, поточно од 2008 година, кога беше намалена за 30%. Последната одлука за утврдување на минимална и максимална стапка на техничка премија за осигурување од автомобилска одговорност е донесена 09.09.2008 од страна на Владата на Република Македонија.
Тоа подразбира непроменетост на цените за осигурување од автомобилска одговорност од 2008 година, или цели 15 години, период во кој бележиме општ пораст на цените од 61.5%.
Фактот што голем дел од осигурениците имаат максимален бонус/намалување на премија од 50%, товарот од новите давачки кои ги плаќаат Осигурителните Компании, 2% према Фондот за здравствено осигурурување и 0,8% према регулаторот, порастот на минималната и просечната плата на вработените и на работната рака на сервисите и проценителите, во услови на замрзнати цени за авто одговорност ја доведува во прашање одржливоста и оправданоста на бизнисот Авто осигурување и долгорочното учество на осигурителните компании во овој сегмент. Дека постоечките цени се непазарни и неодржливи потврдуваат и од Националното биро за осигурување кои информираат дека осигурителната индустрија во делот на осигурување од автомобилска одговорност во 2023 претрпела загуба во износ од 176 милиони денари.   Од таму се надеваат дека ќе се најде разбирање и дека ќе се земат предвид фактите и реалните анализи. Осигурувањето е исклучително важен фактор за развој на економијата и општествените текови во земјата и ги заштитува граѓаните, државниот имот и бизнис секторот од немили настани. Затоа тоа мора да биде одржливо, стабилно и целосно спремно да одговори на барањата на осигуренците. Исто така, јавноста треба да биде запознаена со податокот дека имаме најниска цена за авто осигурување во регионот. Во изминатите години е евидентиран раст на цените на автомобилите од 70% - 100%, на резервните делови за 100%, на платите  за  83%, индексот на трошоците на живот од 2008 до 2023 година е зголемен за 52,83%, нето трошоците за спроведување на осигурувањето за 215%, што ги прави неодржливи цените на автомобилското осигурување. Осигурителните компании се надеваат дека Комисијата и Владата, односно Министерството за финансии, како професионални и кредибилни индтитуции, ќе направат уште еднаш сериозна анализа, и ќе ги земат во предвид сите факти и тековни состојби, и врз основа на нив ќе донесат препорака до Владата за промена на одлуката, и креирање реални цени.  Во спротивно, работење по нереални и 15 години непроменети цени нема да биде од корист ниту на граѓаните ниту на бизнис заедницата, ниту на државата.

The post Сѐ поскапело: Групацијата на осигурителни компании објaсни зошто морале да ги зголемат цените за регистрација на возилата appeared first on Република.

]]>
Отворен број за итни случаи за македонските граѓани кои ќе летуваат во Албанија https://republika.mk/zivot/patuvanja/otvoren-broj-za-itni-sluchai-za-makedonskite-gragani-koi-ke-letuvaat-vo-albanija/ Wed, 01 May 2024 16:21:20 +0000 https://republika.mk/?p=773065

Пред почетокот на главната туристичка сезона во Албанија, а имајќи го предвид фактот дека голем број македонски граѓани летуваат на тамошното крајбрежје, Македонската амбасада во Тирана информира за телефонските броеви, на кои може да се јават во случај на потреба.

И оваа сезона потсетуваме на важните телефонски броеви на кои македонските државјани кои ќе летуваат во земјата ќе може да се јават доколку имаат потреба. Дежурен телефон за итни случаи на македонската амбасада во Тирана: (Global Sos): +355 6890 19198 (+Viber+Whatsapp) амбуланта 127, полиција 129, итна служба 112, се наведува во соопштението на македонската амбасада во Тирана, објавено на Фејсбук страницата на амбасадата.

Македонските туристи се меѓу најбројните, по косовските, кои летните одмори ги минуваат на албанското крајбрежје, пред сè во Валона, Драч и Шенѓин.

Во просек годишно, главно во летната сезона одмараат над 300 илјади македонски граѓани.

The post Отворен број за итни случаи за македонските граѓани кои ќе летуваат во Албанија appeared first on Република.

]]>

Пред почетокот на главната туристичка сезона во Албанија, а имајќи го предвид фактот дека голем број македонски граѓани летуваат на тамошното крајбрежје, Македонската амбасада во Тирана информира за телефонските броеви, на кои може да се јават во случај на потреба.
И оваа сезона потсетуваме на важните телефонски броеви на кои македонските државјани кои ќе летуваат во земјата ќе може да се јават доколку имаат потреба. Дежурен телефон за итни случаи на македонската амбасада во Тирана: (Global Sos): +355 6890 19198 (+Viber+Whatsapp) амбуланта 127, полиција 129, итна служба 112, се наведува во соопштението на македонската амбасада во Тирана, објавено на Фејсбук страницата на амбасадата.
Македонските туристи се меѓу најбројните, по косовските, кои летните одмори ги минуваат на албанското крајбрежје, пред сè во Валона, Драч и Шенѓин. Во просек годишно, главно во летната сезона одмараат над 300 илјади македонски граѓани.

The post Отворен број за итни случаи за македонските граѓани кои ќе летуваат во Албанија appeared first on Република.

]]>
Ако не успеавте да земете нов пасош – плажите на Црна Гора се реновирани и отвораат на 1 мај https://republika.mk/zivot/patuvanja/ako-ne-uspeavte-da-zemete-nov-pasosh-plazhite-na-tsrna-gora-se-renovirani-i-otvoraat-na-1-maj/ Sun, 28 Apr 2024 15:06:00 +0000 https://republika.mk/?p=771896

Црногорските капалишта ќе бидат подготвени за новата туристичката сезона на 1 мај, соопштуваат оттаму.

Планираниот тендер за давање на плажите под закуп ќе се одложи за третиот квартал, најавија претставници на ресорните министерства на седницата на Управниот одбор на Здружението за туризам и угостителство при Стопанската комора на Црна Гора.

Тиа значи дека досегашните концесионери веќе работат под полна пареа за да ги подготват плажите по највисоки стандарди.

Првомајските празници ни се многу важни оваа сезона, бидејќи се совпаѓаат со Велигден. Ние, закупците, кои сме околу 600,700, сме спремни да вложиме огромна сума на пари само за капалиштата да бидат готови до 1 мај, вели угостителот Никола Перишиќ.

Хотелите и рестораните веќе ги обучуваат новите сезонски работници.

Црна Гора годинава очекува повеќе туристи од обично од Македонија, каде граѓаните може да патуваат со лична карта, особено доколку не успеале да добијат пасош со придавка.

The post Ако не успеавте да земете нов пасош – плажите на Црна Гора се реновирани и отвораат на 1 мај appeared first on Република.

]]>

Црногорските капалишта ќе бидат подготвени за новата туристичката сезона на 1 мај, соопштуваат оттаму. Планираниот тендер за давање на плажите под закуп ќе се одложи за третиот квартал, најавија претставници на ресорните министерства на седницата на Управниот одбор на Здружението за туризам и угостителство при Стопанската комора на Црна Гора. Тиа значи дека досегашните концесионери веќе работат под полна пареа за да ги подготват плажите по највисоки стандарди.
Првомајските празници ни се многу важни оваа сезона, бидејќи се совпаѓаат со Велигден. Ние, закупците, кои сме околу 600,700, сме спремни да вложиме огромна сума на пари само за капалиштата да бидат готови до 1 мај, вели угостителот Никола Перишиќ.
Хотелите и рестораните веќе ги обучуваат новите сезонски работници. Црна Гора годинава очекува повеќе туристи од обично од Македонија, каде граѓаните може да патуваат со лична карта, особено доколку не успеале да добијат пасош со придавка.

The post Ако не успеавте да земете нов пасош – плажите на Црна Гора се реновирани и отвораат на 1 мај appeared first on Република.

]]>
Водич за патување за празниците: Каде е најевтино да наполните гориво во регионот https://republika.mk/zivot/patuvanja/vodich-za-patuvane-za-praznitsite-kade-e-najevtino-da-napolnite-gorivo-vo-regionot/ Sun, 28 Apr 2024 10:31:26 +0000 https://republika.mk/?p=771806

Погледнете детален преглед на цените на бензинот од 95 октани и еуродизелот, во земјите каде туристите од Македонија најчесто патуваат со автомобил за време на пролетните празници, како и совети за тоа како да се намалат трошоците за гориво на минимум.

Црна Гора

Бензинот од 95 октани во Црна Гора и чини 1,64 евра, додека цената на еуродизелот- 1,48 евра.

Ако одите на црногорското крајбрежје преку Босна и Херцеговина, ви препорачуваме да го наполните резервоарот во Република Српска, бидејќи на тамошните пумпи основниот бензин и еуродизелот може да се најде за 1,32 евра.

Грција

бензинот БМБ 95 во просек чини 1,98 евра, а дизелот 1,71 евро.

Унгарија и Австрија
Бензинот БМБ 95 чини 1,63 евра, а еуродизелот 1,64 евра.

Хрватска, Словенија и Италија

Доколку патувате во Хрватска, Словенија или Италија, се препорачува да наполните еуродизел  во Хрватска (1,45 евра), додека цената на бензинот во Хрватска и Словенија моментално е идентична - 1,56 евра.

Во Словенија има посебни, значително повисоки цени на горивата на пумпите покрај автопатите, па ако наполните гориво, направете го тоа на бензинска пумпа во некој од блиските градови.

Во Италија  бензинот е 2,01 евро, а дизелот 1,89 евра.

The post Водич за патување за празниците: Каде е најевтино да наполните гориво во регионот appeared first on Република.

]]>

Погледнете детален преглед на цените на бензинот од 95 октани и еуродизелот, во земјите каде туристите од Македонија најчесто патуваат со автомобил за време на пролетните празници, како и совети за тоа како да се намалат трошоците за гориво на минимум. Црна Гора Бензинот од 95 октани во Црна Гора и чини 1,64 евра, додека цената на еуродизелот- 1,48 евра. Ако одите на црногорското крајбрежје преку Босна и Херцеговина, ви препорачуваме да го наполните резервоарот во Република Српска, бидејќи на тамошните пумпи основниот бензин и еуродизелот може да се најде за 1,32 евра. Грција бензинот БМБ 95 во просек чини 1,98 евра, а дизелот 1,71 евро. Унгарија и Австрија Бензинот БМБ 95 чини 1,63 евра, а еуродизелот 1,64 евра. Хрватска, Словенија и Италија Доколку патувате во Хрватска, Словенија или Италија, се препорачува да наполните еуродизел  во Хрватска (1,45 евра), додека цената на бензинот во Хрватска и Словенија моментално е идентична - 1,56 евра. Во Словенија има посебни, значително повисоки цени на горивата на пумпите покрај автопатите, па ако наполните гориво, направете го тоа на бензинска пумпа во некој од блиските градови. Во Италија  бензинот е 2,01 евро, а дизелот 1,89 евра.

The post Водич за патување за празниците: Каде е најевтино да наполните гориво во регионот appeared first on Република.

]]>
Првите туристи се жалат: Гирото е веќе 4 евра, а наплаќаат и чинија, апартманите во подрум и до 1.300! https://republika.mk/zivot/patuvanja/prvite-turisti-se-zhalat-giroto-e-veke-4-evra-a-naplakaat-i-chinija-apartmanite-vo-podrum-i-do-1-300/ Sat, 27 Apr 2024 15:34:33 +0000 https://republika.mk/?p=771702

Се чини дека Грција ќе биде дестинација за многу граѓани за време на велигденските празници, па затоа репортерите на српски „Блиц“ го споделуваат своето искуство од место во близина на Солун. Она што го забележавме, велат, е дека приватните станови поскапеа, што значи дека повеќе вреди да се престојува во хотел.

Растот на цените, речиси највисок во последните две децении, покрај на сместувањето и на патарините, се одрази и на храната.

Па така, на пример, во ова некогаш мало рибарско село, кое сега е топ дестинација поради близината до Солун, гирото е веќе 4 евра, но доколку ви го послужат како оброк (послужено во чинија, со прилози и без пита-леб), ќе ве чини 7 евра.

„Аперол“ на плажа чини 8,5 евра, додека шолја „фредо капучино“ чини 5 евра. Пивото е 4,5 евра (мало), додека цените на пецивата, горе долу, останаа исти.

Со текот на времето, многу домашни гости сфатија дека не вреди да се изнајмуваат станови, особено затоа што тие се претворија во бизнис за поединци, а никогаш не сте сигурни што добивате од тоа, пишува „Блиц“. Нивната потрага по смештај покажала дека цените за изнајмување на студио/апартмани се и над 1.000 евра. Во За 10 дена на почетокот на јули треба да одвоите 920 евра, додека следниот термин е веќе 1.040 евра.

Бев шокиран од понудата кога барав станови во Грција, за семеен одмор во моја режија. Постојат различни видови на сместување по сите цени. Но, најголем впечаток ми остави огласениот стан во подрум кој чини - 1.300 евра!, се жали корисник на социјалните мрежи.

На специјализираната страница на Фејсбук „Грчка инфо“ можете да најдете бројни примери на измами кои се случиле во текот на изминатите месеци, како и корисни совети како да се заштитите. За жал, измамниците ретко се соочуваат со правни последици, поради што е важно да преземете дополнителни чекори за да се заштитите од измами.

Еден од клучните совети е да не резервирате сместување преку непроверени Фејсбук групи, Вибер или Инстаграм профили. Наместо тоа, се препорачува да резервирате сместување преку сигурни туристички агенции или безбедни платформи за резервации за сместување.

Не организирајте одмор преку Viber или Whatsapp. Доколку сепак го сакате, особено внимавајте кому му верувате, предупредуваат тие.

За да се заштитите од измама, секогаш проверувајте дали лицето што ви нуди сместување има официјална веб-страница или е понудено од една од платформите за резервации за сместување што ја гарантира легитимноста на понудата. Можете исто така да побарате да ви се покаже документ со грчки даночен број, кој мора да го има секој што купил имот во Грција.

 

The post Првите туристи се жалат: Гирото е веќе 4 евра, а наплаќаат и чинија, апартманите во подрум и до 1.300! appeared first on Република.

]]>

Се чини дека Грција ќе биде дестинација за многу граѓани за време на велигденските празници, па затоа репортерите на српски „Блиц“ го споделуваат своето искуство од место во близина на Солун. Она што го забележавме, велат, е дека приватните станови поскапеа, што значи дека повеќе вреди да се престојува во хотел. Растот на цените, речиси највисок во последните две децении, покрај на сместувањето и на патарините, се одрази и на храната.
Па така, на пример, во ова некогаш мало рибарско село, кое сега е топ дестинација поради близината до Солун, гирото е веќе 4 евра, но доколку ви го послужат како оброк (послужено во чинија, со прилози и без пита-леб), ќе ве чини 7 евра.
„Аперол“ на плажа чини 8,5 евра, додека шолја „фредо капучино“ чини 5 евра. Пивото е 4,5 евра (мало), додека цените на пецивата, горе долу, останаа исти. Со текот на времето, многу домашни гости сфатија дека не вреди да се изнајмуваат станови, особено затоа што тие се претворија во бизнис за поединци, а никогаш не сте сигурни што добивате од тоа, пишува „Блиц“. Нивната потрага по смештај покажала дека цените за изнајмување на студио/апартмани се и над 1.000 евра. Во За 10 дена на почетокот на јули треба да одвоите 920 евра, додека следниот термин е веќе 1.040 евра.
Бев шокиран од понудата кога барав станови во Грција, за семеен одмор во моја режија. Постојат различни видови на сместување по сите цени. Но, најголем впечаток ми остави огласениот стан во подрум кој чини - 1.300 евра!, се жали корисник на социјалните мрежи.
На специјализираната страница на Фејсбук „Грчка инфо“ можете да најдете бројни примери на измами кои се случиле во текот на изминатите месеци, како и корисни совети како да се заштитите. За жал, измамниците ретко се соочуваат со правни последици, поради што е важно да преземете дополнителни чекори за да се заштитите од измами. Еден од клучните совети е да не резервирате сместување преку непроверени Фејсбук групи, Вибер или Инстаграм профили. Наместо тоа, се препорачува да резервирате сместување преку сигурни туристички агенции или безбедни платформи за резервации за сместување.
Не организирајте одмор преку Viber или Whatsapp. Доколку сепак го сакате, особено внимавајте кому му верувате, предупредуваат тие.
За да се заштитите од измама, секогаш проверувајте дали лицето што ви нуди сместување има официјална веб-страница или е понудено од една од платформите за резервации за сместување што ја гарантира легитимноста на понудата. Можете исто така да побарате да ви се покаже документ со грчки даночен број, кој мора да го има секој што купил имот во Грција.  

The post Првите туристи се жалат: Гирото е веќе 4 евра, а наплаќаат и чинија, апартманите во подрум и до 1.300! appeared first on Република.

]]>
Нема веќе „прекумерен туризам“: Амстердам нема да дозволи изградба на нови хотели https://republika.mk/zivot/patuvanja/nema-veke-prekumeren-turizam-amsterdam-nema-da-dozvoli-izgradba-na-novi-hoteli/ Sun, 21 Apr 2024 12:46:18 +0000 https://republika.mk/?p=768860

Градот Амстердам во иднина нема да дозволи изградба на нови хотели, во обид да се справи со прекумерниот туризам.

Сакаме да го одржиме градот погоден за живеење и за локалното население и за посетителите. Тоа значи - нема повеќе прекумерен туризам, нема повеќе нови хотели и нема повеќе од 20 милиони хотелски ноќевања на туристи годишно во иднина“, соопштија градските власти.

Нов хотел во Амстердам ќе може да се изгради само ако претходно се затвори еден, ако не се зголеми бројот на легла и ако понуди подобри услови во однос на одржливоста.

Таа одлука не се однесува на хотелите кои се веќе во изградба или добиле одобрение за градба.

The post Нема веќе „прекумерен туризам“: Амстердам нема да дозволи изградба на нови хотели appeared first on Република.

]]>

Градот Амстердам во иднина нема да дозволи изградба на нови хотели, во обид да се справи со прекумерниот туризам.
Сакаме да го одржиме градот погоден за живеење и за локалното население и за посетителите. Тоа значи - нема повеќе прекумерен туризам, нема повеќе нови хотели и нема повеќе од 20 милиони хотелски ноќевања на туристи годишно во иднина“, соопштија градските власти.
Нов хотел во Амстердам ќе може да се изгради само ако претходно се затвори еден, ако не се зголеми бројот на легла и ако понуди подобри услови во однос на одржливоста. Таа одлука не се однесува на хотелите кои се веќе во изградба или добиле одобрение за градба.

The post Нема веќе „прекумерен туризам“: Амстердам нема да дозволи изградба на нови хотели appeared first on Република.

]]>
На новата листа на најубави плажи во Европа дури четири се хрватски, само една е грчка https://republika.mk/zivot/patuvanja/na-novata-lista-na-najubavi-plazhi-vo-evropa-duri-chetiri-se-hrvatski-samo-edna-e-grchka/ Sun, 21 Apr 2024 10:51:06 +0000 https://republika.mk/?p=768803

Ако ги барате најдобрите плажи во Европа, некои се всушност многу блиску, во нашето соседство.

Дури четири хрватски плажи се најдоа на листата на најубави во Европа составена од „Book Retreats“, популарна онлајн платформа за барање специјализирано сместување.

Во нашата анализа за најдобрите европски плажи за 2024 година, Шпанија се покажа како главна европска дестинација за уживање во сонцето, морето и прекрасниот брег. Италија и Португалија не заостануваат, а не треба да се занемари ниту Хрватска со четирите идилични плажи“, пишува Book Retreats.

Најдобрите европски плажи во 2024 година

1. La Concha, Шпанија

2. Praia da Falésia, Португалија

3. Плажа Пасјача, Хрватска

4. Las Canteras, Шпанија

5. Lama Monachile, Италија

6. Cala Comte, Шпанија

7. Tuerredda, Италија

8. Галебове стијене, Хрватска

9. Плажа Мала Радуча, Хрватска

10. Marinha, Португалија

11. San Juan Playa, Шпанија

12. Spiaggia dei Conigli, Италија

13. Cala Saladeta, Шпанија

14. Playa de Mónsul, Шпанија

15. Ponta da Calheta, Португалија

16. Seitan Limania, Грција

17. Praia da Armona, Португалија

18. Опрна, Хрватска

19. Spiaggia di Mari Pintau, Италија

20. Praia do Garajau, Португалија

21. Warnemünde Strand, Германија

22. Primera Playa del Sardinero, Шпанија

23. Terra Estreita, Португалија

24. Porto Giunco, Италија

25. Cala Capreria, Италија

The post На новата листа на најубави плажи во Европа дури четири се хрватски, само една е грчка appeared first on Република.

]]>

Ако ги барате најдобрите плажи во Европа, некои се всушност многу блиску, во нашето соседство. Дури четири хрватски плажи се најдоа на листата на најубави во Европа составена од „Book Retreats“, популарна онлајн платформа за барање специјализирано сместување.
Во нашата анализа за најдобрите европски плажи за 2024 година, Шпанија се покажа како главна европска дестинација за уживање во сонцето, морето и прекрасниот брег. Италија и Португалија не заостануваат, а не треба да се занемари ниту Хрватска со четирите идилични плажи“, пишува Book Retreats.

Најдобрите европски плажи во 2024 година

1. La Concha, Шпанија 2. Praia da Falésia, Португалија 3. Плажа Пасјача, Хрватска 4. Las Canteras, Шпанија 5. Lama Monachile, Италија 6. Cala Comte, Шпанија 7. Tuerredda, Италија 8. Галебове стијене, Хрватска 9. Плажа Мала Радуча, Хрватска 10. Marinha, Португалија 11. San Juan Playa, Шпанија 12. Spiaggia dei Conigli, Италија 13. Cala Saladeta, Шпанија 14. Playa de Mónsul, Шпанија 15. Ponta da Calheta, Португалија 16. Seitan Limania, Грција 17. Praia da Armona, Португалија 18. Опрна, Хрватска 19. Spiaggia di Mari Pintau, Италија 20. Praia do Garajau, Португалија 21. Warnemünde Strand, Германија 22. Primera Playa del Sardinero, Шпанија 23. Terra Estreita, Португалија 24. Porto Giunco, Италија 25. Cala Capreria, Италија

The post На новата листа на најубави плажи во Европа дури четири се хрватски, само една е грчка appeared first on Република.

]]>
Скриен меѓу високите планински карпи долж „Патот на свилата“: Овој кинески град е дел од „најтесниот округ“ на светот https://republika.mk/zivot/patuvanja/skrien-megu-visokite-planinski-karpi-dolzh-patot-na-svilata-ovoj-kineski-grad-e-del-od-najtesniot-okrug-na-svetot/ Fri, 19 Apr 2024 19:03:55 +0000 https://republika.mk/?p=767563

Меѓу стрмните планински карпи покриени со зеленило, во североисточниот дел на покраината Јунан во Кина, се наоѓа градот Жаотонг. Тој е сместен сред Округот Јанџин којшто важи за „најтесниот округ“ на светот.

Ова населено место се наоѓа во горниот тек на реката Јангце, старо е со векови и било дел од познатиот трговски „Пат на свилата“. Сместен меѓу планинските карпи, во околината на округот има и многу планински извори, над 30 речни базени, пештери итн. Меѓу туристите е популарен зашто нуди одмор од урбаниот начин на живот.

https://www.youtube.com/watch?v=5wvh37FHywQ

Името градот го добил по тоа што порано тука имало солана. Во античко време, градот бил населен од народот Бо.

На падините од варовник растат разни видови орхидеи и лековити билки. Градот се нарекува и „Врата кон срцето на Јунан“.

The post Скриен меѓу високите планински карпи долж „Патот на свилата“: Овој кинески град е дел од „најтесниот округ“ на светот appeared first on Република.

]]>

Меѓу стрмните планински карпи покриени со зеленило, во североисточниот дел на покраината Јунан во Кина, се наоѓа градот Жаотонг. Тој е сместен сред Округот Јанџин којшто важи за „најтесниот округ“ на светот. Ова населено место се наоѓа во горниот тек на реката Јангце, старо е со векови и било дел од познатиот трговски „Пат на свилата“. Сместен меѓу планинските карпи, во околината на округот има и многу планински извори, над 30 речни базени, пештери итн. Меѓу туристите е популарен зашто нуди одмор од урбаниот начин на живот. https://www.youtube.com/watch?v=5wvh37FHywQ Името градот го добил по тоа што порано тука имало солана. Во античко време, градот бил населен од народот Бо. На падините од варовник растат разни видови орхидеи и лековити билки. Градот се нарекува и „Врата кон срцето на Јунан“.

The post Скриен меѓу високите планински карпи долж „Патот на свилата“: Овој кинески град е дел од „најтесниот округ“ на светот appeared first on Република.

]]>
Бесплатно истражете ја ЕУ со воз: Младите може да аплицираат за карта https://republika.mk/zivot/patuvanja/besplatno-istrazhete-ja-eu-so-voz-mladite-mozhe-da-aplitsiraat-za-karta/ Thu, 18 Apr 2024 08:04:08 +0000 https://republika.mk/?p=767400

Ако сте млади и барате буџетски начин за истражување на Европа, има добри вести.

ЕУ доделува 35.500 бесплатни железнички карти на 18-годишници според шемата DiscoverEU.

Иницијативата е дел од програмата Еразмус и има за цел да ги поттикне културните врски во ЕУ.

Оние кои ги исполнуваат условите ќе имаат можност да го истражуваат европското наследство и историја додека се среќаваат со луѓе од целиот континент.

Се што треба да направите е да одговорите на шест прашања.

Како да аплицирате за бесплатна железничка карта за ЕУ?

За да имаат шанса да добијат бесплатна железничка карта, апликантите мора да се родени помеѓу 1 јули 2005 и 30 јуни 2006 година.

Шемата е отворена за легални жители на 27 земји-членки на ЕУ или прекуокеански земји. Може да аплицираат и жители на трети земји поврзани со Еразмус. Тие вклучуваат Исланд, Лихтенштајн, Македонија, Норвешка, Србија и Турција.

Ако сте вие, следната фаза е да се упатите кон Европскиот младински портал за да направите квиз за подобност.

Ќе треба да одговорите на пет прашања со повеќекратен избор за ЕУ ​​и на едно дополнително прашање. Тие опфаќаат општи знаења за ЕУ ​​и нејзините иницијативи насочени кон младите луѓе.

Исто така, ќе биде побарано да дадете повеќе информации за вашите планови за патување. Ова вклучува кога планирате да патувате, дали тоа ќе биде прв пат да патувате сами без вашите родители, што би сакале да научите од искуството и како ќе го финансирате вашето патување.

Оваа информација нема да има никакво влијание врз процесот на селекција.

Комисијата ќе ги рангира апликантите врз основа на нивните одговори на квизот на ЕУ и ќе понуди патни карти по нивното рангирање до лимитот на достапни билети.

Апликациите се веќе отворени и завршуваат на 30 април на пладне.

Не можете да аплицирате ако претходно сте добиле карта за DiscoverEU.

Како ќе функционира шемата за бесплатни железнички пропусници?

Оние кои ќе се покажат успешни ќе добијат бесплатна железничка карта за патување во Европа до 30 дена помеѓу 1 јули 2024 и 30 септември 2025 година.

Во фазата на апликација, можете да изберете или да патувате сами или со група од најмногу пет пријатели. Ако одберете да патувате како група, можете да го споделите вашиот код за апликација со вашите пријатели за да дозволите нивна регистрација.

Само водачот на групата треба да одговори на прашањата на квизот на ЕУ; членовите на групата треба само да достават лични податоци за да ја пополнат апликацијата и да ги исполнат критериумите за возраст и престој.

Патничката карта може да се користи во вашата земја на престој само за едно појдовно и едно патување за влез. Таа мора да вклучува патување во најмалку една друга земја што ги исполнува условите на шемата.

Целокупното патување може да трае од еден ден до максимум еден месец, вклучително и до седум дена на патување.

Учесниците генерално ќе ги исполнуваат условите за пропусница во вредност до 283,26 евра во втора или економска класа.

Износот може да се подигне за апликанти кои патуваат од оддалечени или прекуокеански региони.

Во некои случаи, ќе бидат вклучени и картите за автобус и траект. За да се осигури дека младите луѓе кои живеат во оддалечени области или на острови не се исклучени, летови може да се доделуваат и во исклучителни случаи. Предност секогаш ќе се даде на најодржливата опција.

Доколку сте еден од среќните наградени, ќе ви биде доделена и Европска младинска картичка (EYCA) со важност една година.

Ова доделува попусти за културни посети и активности, учење, природа, спорт, локален превоз, сместување, храна и повеќе низ ЕУ.

Како ќе се избираат апликантите за бесплатна железничка карта?

Кандидатите ќе бидат избрани до расположливиот буџет и ќе бидат рангирани по точноста на нивните одговори.

За секоја земја е поставена квота на патни карти. Доколку некоја земја има помалку апликации од квотата, преостанатите пропусници ќе бидат дистрибуирани до земјите со поголем број на апликации.

Ако има премногу подобни апликанти, ќе се применува принципот „прв дојден, прв услужен“ – што значи дека претходните апликации би можеле да се фаворизираат како последно средство.

Успешните апликанти ќе бидат известени по е-пошта по завршувањето на периодот на селекција во јуни.

Тие потоа ќе бидат поврзани со изведувач на ЕУ кој ќе се грижи за резервациите и плаќањата за патувања.

Пропусниците купени директно од избраните апликанти нема да бидат вратени.

Дали се очекува нешто за возврат за бесплатните железнички карти?

Кога аплицирате за бесплатна пропусница, мора да се согласите да станете „Амбасадор на DiscoverEU“. Ова значи дека сте охрабрени да известувате за вашите искуства од патувањето преку социјалните медиуми или презентациите на училиштата и заедницата.

Апликацијата на шемата ќе ви овозможи да креирате приспособена мапа на вашата маршрута со статистика за бројот на возови, бројот на посетени земји и заштедата на CO2, која може да се сподели на социјалните мрежи.

Младите патници, исто така, ќе треба да се пријават во онлајн анкета откако ќе учествуваат во шемата.

По неговото завршување, патниците ќе добијат сертификат за учество во кој се истакнуваат компетенциите и вештините стекнати од нивното патничко искуство.

The post Бесплатно истражете ја ЕУ со воз: Младите може да аплицираат за карта appeared first on Република.

]]>

Ако сте млади и барате буџетски начин за истражување на Европа, има добри вести. ЕУ доделува 35.500 бесплатни железнички карти на 18-годишници според шемата DiscoverEU. Иницијативата е дел од програмата Еразмус и има за цел да ги поттикне културните врски во ЕУ. Оние кои ги исполнуваат условите ќе имаат можност да го истражуваат европското наследство и историја додека се среќаваат со луѓе од целиот континент. Се што треба да направите е да одговорите на шест прашања. Како да аплицирате за бесплатна железничка карта за ЕУ? За да имаат шанса да добијат бесплатна железничка карта, апликантите мора да се родени помеѓу 1 јули 2005 и 30 јуни 2006 година. Шемата е отворена за легални жители на 27 земји-членки на ЕУ или прекуокеански земји. Може да аплицираат и жители на трети земји поврзани со Еразмус. Тие вклучуваат Исланд, Лихтенштајн, Македонија, Норвешка, Србија и Турција. Ако сте вие, следната фаза е да се упатите кон Европскиот младински портал за да направите квиз за подобност. Ќе треба да одговорите на пет прашања со повеќекратен избор за ЕУ ​​и на едно дополнително прашање. Тие опфаќаат општи знаења за ЕУ ​​и нејзините иницијативи насочени кон младите луѓе. Исто така, ќе биде побарано да дадете повеќе информации за вашите планови за патување. Ова вклучува кога планирате да патувате, дали тоа ќе биде прв пат да патувате сами без вашите родители, што би сакале да научите од искуството и како ќе го финансирате вашето патување. Оваа информација нема да има никакво влијание врз процесот на селекција. Комисијата ќе ги рангира апликантите врз основа на нивните одговори на квизот на ЕУ и ќе понуди патни карти по нивното рангирање до лимитот на достапни билети. Апликациите се веќе отворени и завршуваат на 30 април на пладне. Не можете да аплицирате ако претходно сте добиле карта за DiscoverEU. Како ќе функционира шемата за бесплатни железнички пропусници? Оние кои ќе се покажат успешни ќе добијат бесплатна железничка карта за патување во Европа до 30 дена помеѓу 1 јули 2024 и 30 септември 2025 година. Во фазата на апликација, можете да изберете или да патувате сами или со група од најмногу пет пријатели. Ако одберете да патувате како група, можете да го споделите вашиот код за апликација со вашите пријатели за да дозволите нивна регистрација. Само водачот на групата треба да одговори на прашањата на квизот на ЕУ; членовите на групата треба само да достават лични податоци за да ја пополнат апликацијата и да ги исполнат критериумите за возраст и престој. Патничката карта може да се користи во вашата земја на престој само за едно појдовно и едно патување за влез. Таа мора да вклучува патување во најмалку една друга земја што ги исполнува условите на шемата. Целокупното патување може да трае од еден ден до максимум еден месец, вклучително и до седум дена на патување. Учесниците генерално ќе ги исполнуваат условите за пропусница во вредност до 283,26 евра во втора или економска класа. Износот може да се подигне за апликанти кои патуваат од оддалечени или прекуокеански региони. Во некои случаи, ќе бидат вклучени и картите за автобус и траект. За да се осигури дека младите луѓе кои живеат во оддалечени области или на острови не се исклучени, летови може да се доделуваат и во исклучителни случаи. Предност секогаш ќе се даде на најодржливата опција. Доколку сте еден од среќните наградени, ќе ви биде доделена и Европска младинска картичка (EYCA) со важност една година. Ова доделува попусти за културни посети и активности, учење, природа, спорт, локален превоз, сместување, храна и повеќе низ ЕУ. Како ќе се избираат апликантите за бесплатна железничка карта? Кандидатите ќе бидат избрани до расположливиот буџет и ќе бидат рангирани по точноста на нивните одговори. За секоја земја е поставена квота на патни карти. Доколку некоја земја има помалку апликации од квотата, преостанатите пропусници ќе бидат дистрибуирани до земјите со поголем број на апликации. Ако има премногу подобни апликанти, ќе се применува принципот „прв дојден, прв услужен“ – што значи дека претходните апликации би можеле да се фаворизираат како последно средство. Успешните апликанти ќе бидат известени по е-пошта по завршувањето на периодот на селекција во јуни. Тие потоа ќе бидат поврзани со изведувач на ЕУ кој ќе се грижи за резервациите и плаќањата за патувања. Пропусниците купени директно од избраните апликанти нема да бидат вратени. Дали се очекува нешто за возврат за бесплатните железнички карти? Кога аплицирате за бесплатна пропусница, мора да се согласите да станете „Амбасадор на DiscoverEU“. Ова значи дека сте охрабрени да известувате за вашите искуства од патувањето преку социјалните медиуми или презентациите на училиштата и заедницата. Апликацијата на шемата ќе ви овозможи да креирате приспособена мапа на вашата маршрута со статистика за бројот на возови, бројот на посетени земји и заштедата на CO2, која може да се сподели на социјалните мрежи. Младите патници, исто така, ќе треба да се пријават во онлајн анкета откако ќе учествуваат во шемата. По неговото завршување, патниците ќе добијат сертификат за учество во кој се истакнуваат компетенциите и вештините стекнати од нивното патничко искуство.

The post Бесплатно истражете ја ЕУ со воз: Младите може да аплицираат за карта appeared first on Република.

]]>
Лошо лето за патлиџан туристите: Еве која храна Грците ќе ја одземаат уште на граница https://republika.mk/zivot/patuvanja/losho-leto-za-patlidhan-turistite-eve-koja-hrana-grtsite-ke-ja-odzemaat-ushte-na-granitsa/ Wed, 17 Apr 2024 08:14:50 +0000 https://republika.mk/?p=766952

Според грчките царински прописи, забранет е увоз на месо и млечни производи, лесно расиплива храна (непакувана) како и увоз на растенија. Ограничувања има и за други прехранбени производи и некои повредни предмети.

Грците генерално го толерираат воведувањето на забранета храна.

Но, врз основа на претходното искуство, грчките цариници на почетокот на секоја сезона го прегледуваат багажот на неколку патници во автобусите на туристичките агенции и им ја одземаат забранетата храна.

Досега не се случило да застанат автомобили или да продолжат со оваа практика како што одминува летото, туку само на самиот почеток на сезоната, односно на крајот на мај и почетокот на јуни.

Тоа што грчките цариници толерираат увоз на нелегална храна не значи дека треба премногу да се опуштите и да носите и неопходни и непотребни предмети со себе.

Пред да заминете на одмор, најдобро е да прашате за цените на храната што планирате да ја донесете, бидејќи разликата во цената на српскиот и грчкиот пазар не е толку голема како што изгледа на прв поглед.

Разбираме дека летувањето тешко се исплатува и дека носењето храна од Србија е форма на штедење, но размислете за штедењето на поинаков начин.

Не носете свежо месо и варени јадења, бидејќи месото во Грција е малку поскапо, а наместо готвени, подобро е да носите готови јадења кои не се скапи.

Овошјето и зеленчукот во Грција чинат исто како кај нас, а многу намирници се поевтини во супермаркетите од синџирот Лидл отколку во Србија.

На маркетите, кои ги има речиси во сите одморалишта, по многу пониска цена може да се купи месо, млеко и млечни производи, како и овошје и зеленчук.

Водата е поевтина и во Грција, а може да се најдат и евтини увозни пива и сокови.

Граница

Регистрација на камери, камери, лаптопи – По правило, ако со себе носите скапи уреди (камери, лаптопи и сл.) преку граница, потребно е да ги регистрирате на граница. Се толерира и непријавување на овие артикли, но може да се случи царински службеник да ви направи проблем на излез.

Не застанувајте на фри шоп пред да влезете во Грција и да купувате големи количини цигари. Дозволени се само две кутии цигари по лице.

Увозот на алкохолни пијалоци исто така е ограничен на два литри по лице, а доколку имате повеќе од 10.000 евра во готовина со себе, задолжително треба да ги пријавите.

Според нашето искуство, ако сте умерени во носењето храна и пијалоци, нема да имате проблеми дури и ако прекршите некои од прописите, но треба да бидете внимателни и да не ризикувате без итна потреба.

The post Лошо лето за патлиџан туристите: Еве која храна Грците ќе ја одземаат уште на граница appeared first on Република.

]]>

Според грчките царински прописи, забранет е увоз на месо и млечни производи, лесно расиплива храна (непакувана) како и увоз на растенија. Ограничувања има и за други прехранбени производи и некои повредни предмети.

Грците генерално го толерираат воведувањето на забранета храна. Но, врз основа на претходното искуство, грчките цариници на почетокот на секоја сезона го прегледуваат багажот на неколку патници во автобусите на туристичките агенции и им ја одземаат забранетата храна. Досега не се случило да застанат автомобили или да продолжат со оваа практика како што одминува летото, туку само на самиот почеток на сезоната, односно на крајот на мај и почетокот на јуни. Тоа што грчките цариници толерираат увоз на нелегална храна не значи дека треба премногу да се опуштите и да носите и неопходни и непотребни предмети со себе. Пред да заминете на одмор, најдобро е да прашате за цените на храната што планирате да ја донесете, бидејќи разликата во цената на српскиот и грчкиот пазар не е толку голема како што изгледа на прв поглед. Разбираме дека летувањето тешко се исплатува и дека носењето храна од Србија е форма на штедење, но размислете за штедењето на поинаков начин. Не носете свежо месо и варени јадења, бидејќи месото во Грција е малку поскапо, а наместо готвени, подобро е да носите готови јадења кои не се скапи. Овошјето и зеленчукот во Грција чинат исто како кај нас, а многу намирници се поевтини во супермаркетите од синџирот Лидл отколку во Србија. На маркетите, кои ги има речиси во сите одморалишта, по многу пониска цена може да се купи месо, млеко и млечни производи, како и овошје и зеленчук. Водата е поевтина и во Грција, а може да се најдат и евтини увозни пива и сокови. Граница Регистрација на камери, камери, лаптопи – По правило, ако со себе носите скапи уреди (камери, лаптопи и сл.) преку граница, потребно е да ги регистрирате на граница. Се толерира и непријавување на овие артикли, но може да се случи царински службеник да ви направи проблем на излез. Не застанувајте на фри шоп пред да влезете во Грција и да купувате големи количини цигари. Дозволени се само две кутии цигари по лице. Увозот на алкохолни пијалоци исто така е ограничен на два литри по лице, а доколку имате повеќе од 10.000 евра во готовина со себе, задолжително треба да ги пријавите. Според нашето искуство, ако сте умерени во носењето храна и пијалоци, нема да имате проблеми дури и ако прекршите некои од прописите, но треба да бидете внимателни и да не ризикувате без итна потреба.

The post Лошо лето за патлиџан туристите: Еве која храна Грците ќе ја одземаат уште на граница appeared first on Република.

]]>
Педесет пештери вдлабени во карпите: Средновековниот манастир Челтер Мармара на Крим е свето архитектонско чудо https://republika.mk/zivot/patuvanja/pedeset-peshteri-vdlabeni-vo-karpite-srednovekovniot-manastir-chelter-marmara-na-krim-e-sveto-arhitektonsko-chudo/ Tue, 16 Apr 2024 17:31:47 +0000 https://republika.mk/?p=763296

Средновековниот пештерски манастир Челтер Мармара на Крим е свето место со неверојатна архитектонска структура.  Изграден во средниот век, околу 8 век. Комплексот вклучува нешто повеќе од педесет пештери.

Во античко време, повеќето од нив биле поврзани со разни скали и премини. Покрај пештерите, во комплексот имало и ќелии во кои живееле светите браќа, трпезарија која се користела за јадење и четири мали цркви.

Овој манастир е врежан во стрмните на планината Челтер Каја (турски значи „решеткаста карпа“). Името „мармара“ буквално значи „мермер“ и потекнува од името на средновековно село, чии урнатини се наоѓаат на овие падини.

Монашките пештери биле вдлабени во карпите во пет реда: ќелии, трпезарија, домаќинство и магацини, како и голема пештерска црква со колонада.

The post Педесет пештери вдлабени во карпите: Средновековниот манастир Челтер Мармара на Крим е свето архитектонско чудо appeared first on Република.

]]>

Средновековниот пештерски манастир Челтер Мармара на Крим е свето место со неверојатна архитектонска структура.  Изграден во средниот век, околу 8 век. Комплексот вклучува нешто повеќе од педесет пештери. Во античко време, повеќето од нив биле поврзани со разни скали и премини. Покрај пештерите, во комплексот имало и ќелии во кои живееле светите браќа, трпезарија која се користела за јадење и четири мали цркви. Овој манастир е врежан во стрмните на планината Челтер Каја (турски значи „решеткаста карпа“). Името „мармара“ буквално значи „мермер“ и потекнува од името на средновековно село, чии урнатини се наоѓаат на овие падини. Монашките пештери биле вдлабени во карпите во пет реда: ќелии, трпезарија, домаќинство и магацини, како и голема пештерска црква со колонада.

The post Педесет пештери вдлабени во карпите: Средновековниот манастир Челтер Мармара на Крим е свето архитектонско чудо appeared first on Република.

]]>
АППТ: Движење кон одржлив туризам во Македонија https://republika.mk/zivot/patuvanja/appt-dvizhene-kon-odrzhliv-turizam-vo-makedonija/ Tue, 16 Apr 2024 10:39:50 +0000 https://republika.mk/?p=766657

Одржливиот туризам се смета за суштинска и долгорочна економска исплатливост на дестинациите. Со заштита на природните и културните добра, дестинациите можат да привлечат посетители на долг рок, да ги диверзифицираат нивните туристички понуди и да ги поддржат локалните економии без да ги деградираат нивните ресурси или да го загрозат квалитетот на животот на жителите.
Градење на капацитите и зголемување на свеста за одржлив туризам со цел да се обезбедат насоки за туристичкиот сектор во нашата земја за да се зголеми нивната подготвеност за дојдовен туризам преку усвојување на одржливи практики во туризмот, е целта на трите работилници кои се организираат оваа недела во Скопје и Крушево.

Работилниците се во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Стопанската комора на Македонија и Националната асоцијација за дојдовен туризам – НАИТМ, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Програмата за промоција на увозот (SIPPO) и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME).
Со овие активности фокусирани на одржливиот туризам, со интернационална експертиза и ресурси ќе им се помогне на бизнис организациите од областа на туризмот и приватниот туристички сектор во нашата земја, да го подобрат нивното разбирање за практиките за одржлив туризам со цел да ги интегрираат во нивните операции, преку пристап до релевантни алатки и најдобри практики од регионот и светот.

„Oдржливиот туризам е важен за одржување на деликатната рамнотежа помеѓу економскиот развој, зачувувањето на животната средина и социјалната еднаквост, поттикнувајќи одговорно патување кое им користи и на сегашните и на идните генерации. Со сѐ поголемиот притисок и новите регулаторни барања на ЕУ како и барањата од здруженијата за туризам во Европската Унија - бизнисите да усвојат одговорни практики, да се усогласат со прописите за животната средина и да се придржуваат до етичките стандарди, засегнатите страни во туристичката индустрија во сите земји сѐ повеќе ја препознаваат важноста на одржливоста во развојот на туризмот.“, изјави Даниела Михајловска Василевска, координатор на угостителство и туризам при Стопанска Комора на Македонија
„Трендовите на пазарот и преференците на потрошувачите растат сѐ повеќе во делот на одржлив туризам бидејќи туристите бараат автентични, значајни искуства кои се усогласуваат со нивните вредности. Странските туристи се спремни да поддржат бизниси и дестинации кои покажуваат посветеност на одржливост, поттикнувајќи промена кон одговорни туристички практики. Одржливиот туризам може да биде и најдобрата компаративна предност на македонските дестинации во иднина, но потребна е заедничка напорна работа од страна на сите чинители во секторот и државата., истакна Влатко Сулев, претседател на здружението НАИТМ.

„Значајно е да се напомене дека неопходно е да се преземат мерки и активности кои го намалуваат загадувањето на природата, но секако и спроведување на стандарди за заштита на биодиверзитетот, животната средина и културното наследство. Особено доколку знаеме дека масовноста во туризмот носи зголемени негативни влијанија пред сѐ на животната средина. Затоа овие форми на туризам велимедека се посеопфатни, посовесни и поодговорни бидејќи нивна основна цел е да се одржи баланс помеѓу масовноста во туризмот и намалување на загадувањето и заштитата на животната средина. Токму затоа активностите на Агенцијата за туризам и во наредниот период ќе бидат насочени кон организирање на низа обуки и работилници пред сѐ наменети за туристичкото стопанство, а ќе бидат во насока на подигнување на свеста за значајноста, придобивкитеи спроведувањетона мерки за одржливост во туризмот, како и промоција на одговорното патување. Реализирањето на дополнителните работилници во текот на годината се планира да биде во рамките на дестинациите во нашата земја, но и ќе останеме отворени за соработка со странските програми, фондови и амбасади за реализација на проекти во насока на градење на одржливи дестинации.“

„За следната година се разгледуваат можностите во соработка со странските партнери за имплементација на ЕСГ стандардите во рамките на хотелиерството, која ќе овозмозможи нивна поголема конкурентност, препознатливост, транспарентност, економски развој, но и привлекување на одржливо финансирање и инвестиции.”- изјави м-р Јасмина Лескаровска, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Преку заеднички напори, бизнис организациите, приватниот сектор и државните институции е потребно да работат заеднички за промовирање на одржливиот туризам како двигател на економскиот раст, општествениотразвој и зачувувањето на животната средина во земјата.

The post АППТ: Движење кон одржлив туризам во Македонија appeared first on Република.

]]>

Одржливиот туризам се смета за суштинска и долгорочна економска исплатливост на дестинациите. Со заштита на природните и културните добра, дестинациите можат да привлечат посетители на долг рок, да ги диверзифицираат нивните туристички понуди и да ги поддржат локалните економии без да ги деградираат нивните ресурси или да го загрозат квалитетот на животот на жителите. Градење на капацитите и зголемување на свеста за одржлив туризам со цел да се обезбедат насоки за туристичкиот сектор во нашата земја за да се зголеми нивната подготвеност за дојдовен туризам преку усвојување на одржливи практики во туризмот, е целта на трите работилници кои се организираат оваа недела во Скопје и Крушево. Работилниците се во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Стопанската комора на Македонија и Националната асоцијација за дојдовен туризам – НАИТМ, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Програмата за промоција на увозот (SIPPO) и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME). Со овие активности фокусирани на одржливиот туризам, со интернационална експертиза и ресурси ќе им се помогне на бизнис организациите од областа на туризмот и приватниот туристички сектор во нашата земја, да го подобрат нивното разбирање за практиките за одржлив туризам со цел да ги интегрираат во нивните операции, преку пристап до релевантни алатки и најдобри практики од регионот и светот. „Oдржливиот туризам е важен за одржување на деликатната рамнотежа помеѓу економскиот развој, зачувувањето на животната средина и социјалната еднаквост, поттикнувајќи одговорно патување кое им користи и на сегашните и на идните генерации. Со сѐ поголемиот притисок и новите регулаторни барања на ЕУ како и барањата од здруженијата за туризам во Европската Унија - бизнисите да усвојат одговорни практики, да се усогласат со прописите за животната средина и да се придржуваат до етичките стандарди, засегнатите страни во туристичката индустрија во сите земји сѐ повеќе ја препознаваат важноста на одржливоста во развојот на туризмот.“, изјави Даниела Михајловска Василевска, координатор на угостителство и туризам при Стопанска Комора на Македонија „Трендовите на пазарот и преференците на потрошувачите растат сѐ повеќе во делот на одржлив туризам бидејќи туристите бараат автентични, значајни искуства кои се усогласуваат со нивните вредности. Странските туристи се спремни да поддржат бизниси и дестинации кои покажуваат посветеност на одржливост, поттикнувајќи промена кон одговорни туристички практики. Одржливиот туризам може да биде и најдобрата компаративна предност на македонските дестинации во иднина, но потребна е заедничка напорна работа од страна на сите чинители во секторот и државата., истакна Влатко Сулев, претседател на здружението НАИТМ. „Значајно е да се напомене дека неопходно е да се преземат мерки и активности кои го намалуваат загадувањето на природата, но секако и спроведување на стандарди за заштита на биодиверзитетот, животната средина и културното наследство. Особено доколку знаеме дека масовноста во туризмот носи зголемени негативни влијанија пред сѐ на животната средина. Затоа овие форми на туризам велимедека се посеопфатни, посовесни и поодговорни бидејќи нивна основна цел е да се одржи баланс помеѓу масовноста во туризмот и намалување на загадувањето и заштитата на животната средина. Токму затоа активностите на Агенцијата за туризам и во наредниот период ќе бидат насочени кон организирање на низа обуки и работилници пред сѐ наменети за туристичкото стопанство, а ќе бидат во насока на подигнување на свеста за значајноста, придобивкитеи спроведувањетона мерки за одржливост во туризмот, како и промоција на одговорното патување. Реализирањето на дополнителните работилници во текот на годината се планира да биде во рамките на дестинациите во нашата земја, но и ќе останеме отворени за соработка со странските програми, фондови и амбасади за реализација на проекти во насока на градење на одржливи дестинации.“ „За следната година се разгледуваат можностите во соработка со странските партнери за имплементација на ЕСГ стандардите во рамките на хотелиерството, која ќе овозмозможи нивна поголема конкурентност, препознатливост, транспарентност, економски развој, но и привлекување на одржливо финансирање и инвестиции.”- изјави м-р Јасмина Лескаровска, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Преку заеднички напори, бизнис организациите, приватниот сектор и државните институции е потребно да работат заеднички за промовирање на одржливиот туризам како двигател на економскиот раст, општествениотразвој и зачувувањето на животната средина во земјата.

The post АППТ: Движење кон одржлив туризам во Македонија appeared first on Република.

]]>
Авиокомпании ги прекинаа летовите за Израел поради тензиите на Блискиот Исток https://republika.mk/zivot/patuvanja/aviokompanii-gi-prekinaa-letovite-za-izrael-poradi-tenziite-na-bliskiot-istok/ Mon, 15 Apr 2024 18:35:05 +0000 https://republika.mk/?p=766428

Германската авиокомпанија Луфтханза ги прекина своите редовни летови до и од Тел Авив, Ербил и Аман, до и вклучително денеска. Летовите кон Бејрут и Техеран ќе останат суспендирани најмалку до четврток.

КЛМ ги откажа сите летови до и од Тел Авив до вторник, соопшти портпаролот на холандскиот огранок на Ер Франс.

Британскиот ИзиЏет вчера ги паузираше летовите до и од Тел Авив. Превозникот соопшти дека привремено ќе ги паузира операциите до и од Тел Авив до 21 април.

ВизЕр соопшти дека ги откажал повеќето од своите летови до и од Тел Авив, од сабота до понеделник.

Финаир ги прекина операциите во иранскиот воздушен простор до понатамошно известување, што може да предизвика подолго време на летање на летовите од Доха. Портпаролот рече дека финскиот авиопревозник ќе се пренасочи преку Египет, што ќе резултира со доцнење од „неколку минути“.

Портпаролот на САС рече дека летовите меѓу Копенхаген и Бангкок делумно летаат над регионот и оти еден лет морал да се пренасочи ноќта помеѓу саботата и неделата.

Ибериа Експрес на Х објави дека ќе ги откаже летовите за Тел Авив во недела и понеделник.

„Јунајтед ерлајнс“ ги откажа планираните летови од Њуарк до Тел Авив вчера и денеска.

Ер Канада предупреди на долги одложувања и откажувања на летовите во Израел и ги откажа летовите до Тел Авив во понеделник и вторник.

 

The post Авиокомпании ги прекинаа летовите за Израел поради тензиите на Блискиот Исток appeared first on Република.

]]>

Германската авиокомпанија Луфтханза ги прекина своите редовни летови до и од Тел Авив, Ербил и Аман, до и вклучително денеска. Летовите кон Бејрут и Техеран ќе останат суспендирани најмалку до четврток. КЛМ ги откажа сите летови до и од Тел Авив до вторник, соопшти портпаролот на холандскиот огранок на Ер Франс. Британскиот ИзиЏет вчера ги паузираше летовите до и од Тел Авив. Превозникот соопшти дека привремено ќе ги паузира операциите до и од Тел Авив до 21 април. ВизЕр соопшти дека ги откажал повеќето од своите летови до и од Тел Авив, од сабота до понеделник. Финаир ги прекина операциите во иранскиот воздушен простор до понатамошно известување, што може да предизвика подолго време на летање на летовите од Доха. Портпаролот рече дека финскиот авиопревозник ќе се пренасочи преку Египет, што ќе резултира со доцнење од „неколку минути“. Портпаролот на САС рече дека летовите меѓу Копенхаген и Бангкок делумно летаат над регионот и оти еден лет морал да се пренасочи ноќта помеѓу саботата и неделата. Ибериа Експрес на Х објави дека ќе ги откаже летовите за Тел Авив во недела и понеделник. „Јунајтед ерлајнс“ ги откажа планираните летови од Њуарк до Тел Авив вчера и денеска. Ер Канада предупреди на долги одложувања и откажувања на летовите во Израел и ги откажа летовите до Тел Авив во понеделник и вторник.  

The post Авиокомпании ги прекинаа летовите за Израел поради тензиите на Блискиот Исток appeared first on Република.

]]>
Ако одите во Солун посетете ја Новата џамија, прва по 100 години https://republika.mk/zivot/patuvanja/ako-odite-vo-solun-posetete-ja-novata-dhamija-prva-po-100-godini/ Fri, 12 Apr 2024 12:33:24 +0000 https://republika.mk/?p=765407

Околу стотина муслимани вчера го прославија Рамазан Бајрам – крајот на Рамазан, во историска џамија која беше отворена за прв пат по 102 години во грчкиот град Солун, каде досега немаше јавни џамии.

Адел Џобран (20), бегалец од Јемен, кој студира во Солун и работи во ресторан, изјави дека во тој град живее четири години и за прв пат има можност да се моли со своето муслиманско семејство.

„Имаме среќа што ни се отвора џамијата и чувствуваме голема радост што учествуваме во оваа молитва“, изјави за АФП Исмаил Бедредин (66), пензиониран столар.

Наречена „Јени џамија“ (Нова џамија), таа е историски споменик изграден во 1902 година од италијанскиот архитект Виталијано Посели, првобитна религиозна намена имала едвај две децении, а била музеј од 1963 година до реставрацијата која последниве години ја иницира грчкото Министерство за култура и религиозни прашања.

„До денес, немавме јавно место за молитва (во Солун) и ја користевме нашата куќа за верски должности“, рече Али, 23-годишен Турчин кој студира економија на Универзитетот Аристотел во Солун.

Со видно присуство полицијата вчера ги проверувала оние кои дошле во џамијата.

„Благодарам на оние кои придонесоа за заживување на овој културен споменик, што покажува дека нема противречност меѓу да се биде муслиман и граѓанин“, рече грчко-египетскиот имам Таха Абделгалил, кој ја предводеше молитвата.

Изградена на два ката, комбинирајќи ја муслиманската традиција со елементи на архитектонскиот стил од 19 век, џамијата на почетокот на 20 век служела како место за богослужба за еврејските преобратеници во муслиманската вера, наречено „Донме“.

По грчко-турскиот договор за размена на население во 1923 година, кој произлезе од Лозанскиот договор од истата година кој го означи крајот на Отоманската империја, во џамијата накратко биле сместени грчки бегалци од Турција.

Мировниот договор предвидуваше 1,6 милиони Грци кои живееле во Мала Азија, во денешна Турција, да се преселат во Грција, а 385.000 муслимани од Грција на териториите на соседна Турција.

Во 1963 година џамијата е претворена во Археолошки музеј, а на плоштадот пред неа има богата збирка на мермерни скулптури од римската ера и од почетокот на христијанството – саркофази, надгробни споменици, релјефи, надгробни споменици од Солун.

Во поново време, џамијата се користеше како изложбен простор за Општинската галерија на Солун.

Во 2013 година, на иницијатива на поранешниот градоначалник на Солун, Јанис Бутарис, зградата беше предадена за пладневна молитва на учениците од солинскиот огранок на исламското верско училиште од градот Комотини во северна Грција.

Грчкото население е претежно православно, а муслиманската заедница до неодамна немаше никакво официјално место за богослужба освен во регионот на североисточна Грција каде живее муслиманско население од турско потекло, изземено од верскиот закон од 1923 година.

Дури во 2020 година беше официјално отворена првата џамија во Атина, изградена првенствено за потребите на илјадниците муслимански бегалци и мигранти кои пристигнаа во Грција во последните децении

The post Ако одите во Солун посетете ја Новата џамија, прва по 100 години appeared first on Република.

]]>

Околу стотина муслимани вчера го прославија Рамазан Бајрам – крајот на Рамазан, во историска џамија која беше отворена за прв пат по 102 години во грчкиот град Солун, каде досега немаше јавни џамии. Адел Џобран (20), бегалец од Јемен, кој студира во Солун и работи во ресторан, изјави дека во тој град живее четири години и за прв пат има можност да се моли со своето муслиманско семејство.
„Имаме среќа што ни се отвора џамијата и чувствуваме голема радост што учествуваме во оваа молитва“, изјави за АФП Исмаил Бедредин (66), пензиониран столар.
Наречена „Јени џамија“ (Нова џамија), таа е историски споменик изграден во 1902 година од италијанскиот архитект Виталијано Посели, првобитна религиозна намена имала едвај две децении, а била музеј од 1963 година до реставрацијата која последниве години ја иницира грчкото Министерство за култура и религиозни прашања.
„До денес, немавме јавно место за молитва (во Солун) и ја користевме нашата куќа за верски должности“, рече Али, 23-годишен Турчин кој студира економија на Универзитетот Аристотел во Солун.
Со видно присуство полицијата вчера ги проверувала оние кои дошле во џамијата.
„Благодарам на оние кои придонесоа за заживување на овој културен споменик, што покажува дека нема противречност меѓу да се биде муслиман и граѓанин“, рече грчко-египетскиот имам Таха Абделгалил, кој ја предводеше молитвата.
Изградена на два ката, комбинирајќи ја муслиманската традиција со елементи на архитектонскиот стил од 19 век, џамијата на почетокот на 20 век служела како место за богослужба за еврејските преобратеници во муслиманската вера, наречено „Донме“. По грчко-турскиот договор за размена на население во 1923 година, кој произлезе од Лозанскиот договор од истата година кој го означи крајот на Отоманската империја, во џамијата накратко биле сместени грчки бегалци од Турција. Мировниот договор предвидуваше 1,6 милиони Грци кои живееле во Мала Азија, во денешна Турција, да се преселат во Грција, а 385.000 муслимани од Грција на териториите на соседна Турција. Во 1963 година џамијата е претворена во Археолошки музеј, а на плоштадот пред неа има богата збирка на мермерни скулптури од римската ера и од почетокот на христијанството – саркофази, надгробни споменици, релјефи, надгробни споменици од Солун. Во поново време, џамијата се користеше како изложбен простор за Општинската галерија на Солун. Во 2013 година, на иницијатива на поранешниот градоначалник на Солун, Јанис Бутарис, зградата беше предадена за пладневна молитва на учениците од солинскиот огранок на исламското верско училиште од градот Комотини во северна Грција. Грчкото население е претежно православно, а муслиманската заедница до неодамна немаше никакво официјално место за богослужба освен во регионот на североисточна Грција каде живее муслиманско население од турско потекло, изземено од верскиот закон од 1923 година. Дури во 2020 година беше официјално отворена првата џамија во Атина, изградена првенствено за потребите на илјадниците муслимански бегалци и мигранти кои пристигнаа во Грција во последните децении

The post Ако одите во Солун посетете ја Новата џамија, прва по 100 години appeared first on Република.

]]>
Од 25 април Венеција ќе им наплаќа влезници на туристите за посета https://republika.mk/zivot/patuvanja/od-25-april-venetsija-ke-im-naplaka-vleznitsi-na-turistite-za-poseta/ Fri, 05 Apr 2024 10:39:29 +0000 https://republika.mk/?p=762607

Наплатата за посети на Венеција во Италија ќе започне на 25 април. Ова го потврди градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро на средба со странски новинари. Системот засега ќе биде во тест режим.

Туристите кои ќе го посетат градот без да преноќат таму ќе треба да платат пет евра. Проверките ќе бидат случајни.

За првпат, градската администрација на Венеција ќе започне со платен влезен систем помеѓу 25 април и 5 мај, кога Италија го слави ослободувањето од нацизмот и фашизмот и Првиот марш. Во овој период се очекува голем наплив на туристи. Понатаму, таксата ќе се наплатува во одбрани денови до 14 јули.

Во последните години Венеција постојано најавуваше и одложуваше воведување влезници. Овој пат, сепак, градот, кој пред пандемијата на коронавирус беше посетуван од 25 до 30 милиони туристи секоја година, планира всушност да го имплементира во системот наплатувањето на влезници.

Туристите над 14 години кои не престојуваат во хотел или друг сместувачки капацитет во Венеција ќе треба да добијат QR код пред да влезат во градот. Тие ќе можат да го добијат истиот на веб-платформата на градот откако ќе платат такса од пет евра по лице. Плаќањето треба да биде можно и на главните влезови во Венеција.

Според Бругнар, чековите за плаќање придонеси ќе бидат случајни. Според него, не треба да се формираат колони при влез во градот. Плаќањето на котизацијата нема да се врши од 16:00 до 08:30 часот. За неплаќање се закануваат казни од 50 до 300 евра.

„Целта не е да се соберат повеќе пари“, рече Бруњаро. Некои проценки дури сметаат на фактот дека во почетната фаза трошоците би можеле да бидат повисоки од приходот. Според мислењето на градската управа, таксата пред сè треба да го регулира бројот на еднократни туристи.

Но, за разлика од некои претходни предлози, градското собрание не постави горна граница за бројот на посетители во деновите на шпицот. Го одбивме максималниот број посетители бидејќи ќе престанеме да бидеме град и ќе станеме музеј, изјави Бруњаро.

Прекумерниот туризам е проблем и за Венеција според Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации. Минатата година, неговите експерти предложија градот да биде вклучен во листата на загрозени места. Но, тоа на крајот не беше одобрено од комисијата на УНЕСКО, каде што се состануваат претставниците на земјите-членки.

The post Од 25 април Венеција ќе им наплаќа влезници на туристите за посета appeared first on Република.

]]>

Наплатата за посети на Венеција во Италија ќе започне на 25 април. Ова го потврди градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро на средба со странски новинари. Системот засега ќе биде во тест режим. Туристите кои ќе го посетат градот без да преноќат таму ќе треба да платат пет евра. Проверките ќе бидат случајни. За првпат, градската администрација на Венеција ќе започне со платен влезен систем помеѓу 25 април и 5 мај, кога Италија го слави ослободувањето од нацизмот и фашизмот и Првиот марш. Во овој период се очекува голем наплив на туристи. Понатаму, таксата ќе се наплатува во одбрани денови до 14 јули. Во последните години Венеција постојано најавуваше и одложуваше воведување влезници. Овој пат, сепак, градот, кој пред пандемијата на коронавирус беше посетуван од 25 до 30 милиони туристи секоја година, планира всушност да го имплементира во системот наплатувањето на влезници. Туристите над 14 години кои не престојуваат во хотел или друг сместувачки капацитет во Венеција ќе треба да добијат QR код пред да влезат во градот. Тие ќе можат да го добијат истиот на веб-платформата на градот откако ќе платат такса од пет евра по лице. Плаќањето треба да биде можно и на главните влезови во Венеција. Според Бругнар, чековите за плаќање придонеси ќе бидат случајни. Според него, не треба да се формираат колони при влез во градот. Плаќањето на котизацијата нема да се врши од 16:00 до 08:30 часот. За неплаќање се закануваат казни од 50 до 300 евра. „Целта не е да се соберат повеќе пари“, рече Бруњаро. Некои проценки дури сметаат на фактот дека во почетната фаза трошоците би можеле да бидат повисоки од приходот. Според мислењето на градската управа, таксата пред сè треба да го регулира бројот на еднократни туристи. Но, за разлика од некои претходни предлози, градското собрание не постави горна граница за бројот на посетители во деновите на шпицот. Го одбивме максималниот број посетители бидејќи ќе престанеме да бидеме град и ќе станеме музеј, изјави Бруњаро. Прекумерниот туризам е проблем и за Венеција според Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации. Минатата година, неговите експерти предложија градот да биде вклучен во листата на загрозени места. Но, тоа на крајот не беше одобрено од комисијата на УНЕСКО, каде што се состануваат претставниците на земјите-членки.

The post Од 25 април Венеција ќе им наплаќа влезници на туристите за посета appeared first on Република.

]]>
Зошто Боцвана има проблем со слоновите? https://republika.mk/zivot/patuvanja/ushte-toa-nemaat-botsvana-ke-isprati-20-000-slonovi-vo-germanija/ Wed, 03 Apr 2024 21:05:49 +0000 https://republika.mk/?p=761492

Претседателот на Боцвана, Мокгвици Масиси и се закани на Германија дека ќе испрати до 20.000 слонови,
незадоволен што Берлин го критикува ловот на слонови и извозот на трофеи што неговата земја, според него, ги практикува за да го регулира бројот на овие животни.

Масиси за германскиот весник Билд изјави дека не се шегува што сака да пресели 20.000 слонови.

-Би сакале да и го дадеме овој подарок на Германија, рече Масиси, додавајќи дека „нема да прифати никакво одбивање“.

Боцвана, земја без излез на море во јужна Африка, е дом на најголемата популација на слонови во светот, околу 130 илјади, со кои заедничкиот живот често е тежок, рече претседателот, наведувајќи ги нападите врз луѓе, села и земјоделски култури.

Критиките на германското Министерство за животна средина, предводено од екологистите, се однесуваат на трофеите за лов на слонови за богати западни клиенти.

Што се однесува до „подарокот“ предвиден од претседателот Масиси, германското министерство изјави дека „Боцвана сè уште не остварила контакт“ на оваа тема.

Во 2019 година, Боцвана ја укина целосната забрана за лов, воведена пет години порано за да се смени падот на популацијата на слонови и други видови. Тоа предизвика незадоволство кај екологистите. Комерцијалниот лов е исто така важен извор на локален приход.

Оттогаш, Боцвана секоја година одлучува за квотата на животни што може да се ловат. Минатата година, земјата и понуди осум илјади слонови на Ангола и 500 на Мозамбик во 2022 година

The post Зошто Боцвана има проблем со слоновите? appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Боцвана, Мокгвици Масиси и се закани на Германија дека ќе испрати до 20.000 слонови, незадоволен што Берлин го критикува ловот на слонови и извозот на трофеи што неговата земја, според него, ги практикува за да го регулира бројот на овие животни. Масиси за германскиот весник Билд изјави дека не се шегува што сака да пресели 20.000 слонови. -Би сакале да и го дадеме овој подарок на Германија, рече Масиси, додавајќи дека „нема да прифати никакво одбивање“. Боцвана, земја без излез на море во јужна Африка, е дом на најголемата популација на слонови во светот, околу 130 илјади, со кои заедничкиот живот често е тежок, рече претседателот, наведувајќи ги нападите врз луѓе, села и земјоделски култури. Критиките на германското Министерство за животна средина, предводено од екологистите, се однесуваат на трофеите за лов на слонови за богати западни клиенти. Што се однесува до „подарокот“ предвиден од претседателот Масиси, германското министерство изјави дека „Боцвана сè уште не остварила контакт“ на оваа тема. Во 2019 година, Боцвана ја укина целосната забрана за лов, воведена пет години порано за да се смени падот на популацијата на слонови и други видови. Тоа предизвика незадоволство кај екологистите. Комерцијалниот лов е исто така важен извор на локален приход. Оттогаш, Боцвана секоја година одлучува за квотата на животни што може да се ловат. Минатата година, земјата и понуди осум илјади слонови на Ангола и 500 на Мозамбик во 2022 година

The post Зошто Боцвана има проблем со слоновите? appeared first on Република.

]]>
Денеска не одете во Грција, штрајкуваат грчките цариници https://republika.mk/zivot/patuvanja/deneska-ne-odete-vo-grtsija-shtrajkuvaat-grchkite-tsarinitsi/ Tue, 02 Apr 2024 06:31:48 +0000 https://republika.mk/?p=761101

Сообраќајот на граничните премини од Грција кон соседните земји, меѓу кои и Македонија, денеска и утре ќе биде во прекин поради 48-часовниот штрајк на грчките царинските службеници, а извори од Федерацијата на цариниците за МИА од Атина рекоа дека граѓаните кои во овие два дена планирале да патуваат во Грција, добро ќе биде да го одложат нивното патување.

Од Федерацијата на царински службеници на Грција соопштија дека цариниците од Независна управа за јавни приходи како и од Министерството за финансии ќе одржат 48-часовен штрајк на 2 и 3 април, а од Синдикатот на вработени во јавниот сектор преку соопштение изразија поддршка за штрајкот.

Поради дводневниот штрајк на цариниците се очекува целосно да биде во прекин сообраќајот на граничните премини од и кон Грција за товарните возила и секаков вид пратки, а истото ќе важи и за автомобилите.

Извори од Федерацијата на царински службеници на Грција за дописничката на МИА од Атина објаснија дека постои конкретен протокол и договор што точно се предвидува во случај на штрајк на цариниците.

За товарните возила постојат исклучоци доколку се пренесуваат пратки што поради чувствителноста мора веднаш да бидат пренесени, а за автомобилите доколку станува збор за пациенти кои итно заминуваат на лекување.

Истите извори велат дека добро ќе биде граѓаните да избегнат патувања во Грција додека трае штрајкот.

Единствено дозволено ќе биде пеш да се помине границата, иако не е исклучена можност во случај да се создадат колони автомобили да има повремено пропуштање, меѓутоа чекањето би било со часови.

Од грчката амбасада во Скопје преку официјалната Фејсбук страница во петокот соопштија дека „Федерацијата на царинските работници на Грција најави 48-часовен штрајк во сите царински испостави во земјата на 2 и 3 април 2024 година“ и ги повикаа сите заинтересирани страни „да се погрижат да бидат навреме информирани за работата на секоја царинска испостава, пред нивното пристигнување на граничниот премин“.

Од царинската управа вчера информира дека поради штрајкот на граничните премини Богородица – Евзони, Дојран – Дојрани и Меџитлија – Ники товарниот сообраќај ќе биде во целосен прекин, освен за расипливи стоки.

Според ЦУ, која се повикува на информациите добиени од амбасадата на Република Грција во Скопје, патничкиот сообраќај ќе биде дозволен периодично (не е познат точен распоред), но се советуваат патниците да избегнуваат движење преку овие гранични премини во овој период.

The post Денеска не одете во Грција, штрајкуваат грчките цариници appeared first on Република.

]]>

Сообраќајот на граничните премини од Грција кон соседните земји, меѓу кои и Македонија, денеска и утре ќе биде во прекин поради 48-часовниот штрајк на грчките царинските службеници, а извори од Федерацијата на цариниците за МИА од Атина рекоа дека граѓаните кои во овие два дена планирале да патуваат во Грција, добро ќе биде да го одложат нивното патување. Од Федерацијата на царински службеници на Грција соопштија дека цариниците од Независна управа за јавни приходи како и од Министерството за финансии ќе одржат 48-часовен штрајк на 2 и 3 април, а од Синдикатот на вработени во јавниот сектор преку соопштение изразија поддршка за штрајкот. Поради дводневниот штрајк на цариниците се очекува целосно да биде во прекин сообраќајот на граничните премини од и кон Грција за товарните возила и секаков вид пратки, а истото ќе важи и за автомобилите. Извори од Федерацијата на царински службеници на Грција за дописничката на МИА од Атина објаснија дека постои конкретен протокол и договор што точно се предвидува во случај на штрајк на цариниците. За товарните возила постојат исклучоци доколку се пренесуваат пратки што поради чувствителноста мора веднаш да бидат пренесени, а за автомобилите доколку станува збор за пациенти кои итно заминуваат на лекување. Истите извори велат дека добро ќе биде граѓаните да избегнат патувања во Грција додека трае штрајкот. Единствено дозволено ќе биде пеш да се помине границата, иако не е исклучена можност во случај да се создадат колони автомобили да има повремено пропуштање, меѓутоа чекањето би било со часови. Од грчката амбасада во Скопје преку официјалната Фејсбук страница во петокот соопштија дека „Федерацијата на царинските работници на Грција најави 48-часовен штрајк во сите царински испостави во земјата на 2 и 3 април 2024 година“ и ги повикаа сите заинтересирани страни „да се погрижат да бидат навреме информирани за работата на секоја царинска испостава, пред нивното пристигнување на граничниот премин“. Од царинската управа вчера информира дека поради штрајкот на граничните премини Богородица – Евзони, Дојран – Дојрани и Меџитлија – Ники товарниот сообраќај ќе биде во целосен прекин, освен за расипливи стоки. Според ЦУ, која се повикува на информациите добиени од амбасадата на Република Грција во Скопје, патничкиот сообраќај ќе биде дозволен периодично (не е познат точен распоред), но се советуваат патниците да избегнуваат движење преку овие гранични премини во овој период.

The post Денеска не одете во Грција, штрајкуваат грчките цариници appeared first on Република.

]]>
Mира од Делчево на 74 години ги освојува највисоките врвови во светот https://republika.mk/zivot/patuvanja/mira-od-delchevo-na-74-godini-gi-osvojuva-najvisokite-vrvovi-vo-svetot/ Mon, 01 Apr 2024 08:00:08 +0000 https://republika.mk/?p=760780

Не стивнуваат импресиите од подвигот на делчевската легенда на планинарството Мира Симоновски, која на почетокот на март на свои 74 години го искачи врвот Ухуру на 5895 метри планината Килиманџаро. МИА го следеше нејзиниот подвиг во моментот кога го искачи Килиманџаро, а викендов делчевскиот планинар повторно за МИА сподели уште неколку детали за самиот подвиг за кој, како што кажа самата, имала огромна желба да учествува во овој подвиг и да се искачи на „покривот" на Африка.

- Ми беше силна желба да го искачам Килиманџаро, требаше тоа да го сторам пред неколку години со планинарско друштво КПС Азот од Велес, меѓутоа тогаш немав средства. Сега имав уплатив 3000 евра и 600 американски долари и ми се оствари желбата да отидам со нивната експедиција, раскажува Симоновски.

Патешествието од Делчево до Африка, вклучително и искачувањето на Килиманџато, како што додава траело вкупно 12 дена.

- Најтешкиот дел беше секако искачувањето, се искачивме на 3 март 2024, а тргнавме претходната вечер во 11 часот, значи искачувањето траеше околу 10 часот. Обично трае 9 часа, но младите го искачија врбот Ухуру за 9 часа, а ние околу 10 часа, секако и јас како најстара. Целиот терен е лош на искачување ноќно време со лампи на главата, морате се пред вас да гледате, но со водичите, добро е. После на 4 километри од самиот врв беше подруго, се чувствуваш како на на седмо небо, гледаш се одозгора, додава делчевскиот планинар.

Симоновски не ја држи место, веднаш по овој подвиг има желба да го искачи Мон Блан, а добила повик за учество во експедицијата за освојување на Аконкагва во Јужна Америка.

- Прв предизвик по освојувањето на Килиманџаро ми беше Олимп, но немав друштво и Мон Блан него го планирам. Вчера добив повик за Перу, ама требаат средства, една таква експедиција би чинела околу 3000 евра сигурно, прецизира планинарката од Делчево.

Симоновски претходно на 70 години го има освоено и 5375 метри високиот Арарат, а меѓу позначајните врвови кои ги има освоено е врвот Триглав на Јулијските Алпи.
Најмладиот кој учествувал на експедицијата за освојување на врвот Арарат имал 16 години. За да учествуваш на такви експедициии вели дека желбата е пресудна, а годините се само бројка. Секоја работа како што потенцира е тешка во почетокот, но ако редовно се оди на планинарење, веќе нема враќање назад.

За идните походи, како што додаде, се ќе зависи од финаниските средства, за последното искачување поддршка имаше од Советот на Општина Делчево, но досега, како што додава, средства не барала од никого.

The post Mира од Делчево на 74 години ги освојува највисоките врвови во светот appeared first on Република.

]]>

Не стивнуваат импресиите од подвигот на делчевската легенда на планинарството Мира Симоновски, која на почетокот на март на свои 74 години го искачи врвот Ухуру на 5895 метри планината Килиманџаро. МИА го следеше нејзиниот подвиг во моментот кога го искачи Килиманџаро, а викендов делчевскиот планинар повторно за МИА сподели уште неколку детали за самиот подвиг за кој, како што кажа самата, имала огромна желба да учествува во овој подвиг и да се искачи на „покривот" на Африка.
- Ми беше силна желба да го искачам Килиманџаро, требаше тоа да го сторам пред неколку години со планинарско друштво КПС Азот од Велес, меѓутоа тогаш немав средства. Сега имав уплатив 3000 евра и 600 американски долари и ми се оствари желбата да отидам со нивната експедиција, раскажува Симоновски.
Патешествието од Делчево до Африка, вклучително и искачувањето на Килиманџато, како што додава траело вкупно 12 дена.
- Најтешкиот дел беше секако искачувањето, се искачивме на 3 март 2024, а тргнавме претходната вечер во 11 часот, значи искачувањето траеше околу 10 часот. Обично трае 9 часа, но младите го искачија врбот Ухуру за 9 часа, а ние околу 10 часа, секако и јас како најстара. Целиот терен е лош на искачување ноќно време со лампи на главата, морате се пред вас да гледате, но со водичите, добро е. После на 4 километри од самиот врв беше подруго, се чувствуваш како на на седмо небо, гледаш се одозгора, додава делчевскиот планинар.
Симоновски не ја држи место, веднаш по овој подвиг има желба да го искачи Мон Блан, а добила повик за учество во експедицијата за освојување на Аконкагва во Јужна Америка. - Прв предизвик по освојувањето на Килиманџаро ми беше Олимп, но немав друштво и Мон Блан него го планирам. Вчера добив повик за Перу, ама требаат средства, една таква експедиција би чинела околу 3000 евра сигурно, прецизира планинарката од Делчево. Симоновски претходно на 70 години го има освоено и 5375 метри високиот Арарат, а меѓу позначајните врвови кои ги има освоено е врвот Триглав на Јулијските Алпи. Најмладиот кој учествувал на експедицијата за освојување на врвот Арарат имал 16 години. За да учествуваш на такви експедициии вели дека желбата е пресудна, а годините се само бројка. Секоја работа како што потенцира е тешка во почетокот, но ако редовно се оди на планинарење, веќе нема враќање назад. За идните походи, како што додаде, се ќе зависи од финаниските средства, за последното искачување поддршка имаше од Советот на Општина Делчево, но досега, како што додава, средства не барала од никого.

The post Mира од Делчево на 74 години ги освојува највисоките врвови во светот appeared first on Република.

]]>
Се реновира еден од најубавите автокампови – Ливадишта кај Радожда https://republika.mk/zivot/patuvanja/se-renovira-eden-od-najubavite-avtokampovi-livadishta-kaj-radozhda/ Sun, 31 Mar 2024 13:40:16 +0000 https://republika.mk/?p=760591

ЕСМ Молика почна со целосна реконструкција на автокампот Ливадишта во Радожда, Струга. Како што соопштија од ЕСМ Молика, активностите се во насока на подигнување на квалитетот на услугите и збогатување на содржините што ги нуди ова популарно одморалиште на брегот на Охридското Езеро.

Како што посочуваат од претпријатието, целта е во пресрет на летната туристичка сезона, Ливадишта конечно да прерасне во современ автокамп, со европски стандарди.

За првпат по 50 години од изградбата на автокампот Ливадишта, се менува водоводната и одводната инсталација, се реновираат тоалетите и капатилата, се заменува инсталацијата за напојување со електрична енергија. Сите постоечки градежни парцели во автокампот ќе бидат реконструирани. Функционалните камп приколки во одморалиштето ќе бидат репарирани, а оние што веќе не можат да овозможат квалитетно сместување ќе бидат отстранети. Реновирани ќе бидат и сите бунгалови во кампот, а ќе се изградат нови парцели за трејлери и шатори, се наведува во соопштението.

Темелна реконструкција ќе претрпи и ресторанот во Автокампот, санитарните јазли и пропратните простории во рамките на објектот. Во ресторантската кујна ќе бидат обновени сите простории и површини согласно стандардите за безбедност на храната, а ќе бидат воведени и новини кои ќе ја збогатат понудата за уште поголемо гастрономско уживање покрај Охридското Езеро.

Плажата во Автокампот Ливадишта ќе добие нов, ситен песок, просторот во целиот автокамп ќе биде партерно уреден, а спортските терени ќе бидат, исто така, реновирани. Најмладите летувалци во Ливадишта ќе добијат соодветен простор за детска забава и анимација.

Почитувајќи ги обврските кон закупците на простор во Автокампот Ливадишта, од ЕСМ Молика информираат дека ги известиле за градежно-занаетчиските работи кои се почнати во одморалиштето со надеж дека до почетокот на летото активностите ќе бидат завршени.

По целосната реконструкција на хотелот Молика, прва по 30 години од неговата изградба, реконструкцијата на Автокампот Ливадишта е вториот голем проект кој го реализира Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕСМ Молика.

The post Се реновира еден од најубавите автокампови – Ливадишта кај Радожда appeared first on Република.

]]>

ЕСМ Молика почна со целосна реконструкција на автокампот Ливадишта во Радожда, Струга. Како што соопштија од ЕСМ Молика, активностите се во насока на подигнување на квалитетот на услугите и збогатување на содржините што ги нуди ова популарно одморалиште на брегот на Охридското Езеро. Како што посочуваат од претпријатието, целта е во пресрет на летната туристичка сезона, Ливадишта конечно да прерасне во современ автокамп, со европски стандарди.
За првпат по 50 години од изградбата на автокампот Ливадишта, се менува водоводната и одводната инсталација, се реновираат тоалетите и капатилата, се заменува инсталацијата за напојување со електрична енергија. Сите постоечки градежни парцели во автокампот ќе бидат реконструирани. Функционалните камп приколки во одморалиштето ќе бидат репарирани, а оние што веќе не можат да овозможат квалитетно сместување ќе бидат отстранети. Реновирани ќе бидат и сите бунгалови во кампот, а ќе се изградат нови парцели за трејлери и шатори, се наведува во соопштението.
Темелна реконструкција ќе претрпи и ресторанот во Автокампот, санитарните јазли и пропратните простории во рамките на објектот. Во ресторантската кујна ќе бидат обновени сите простории и површини согласно стандардите за безбедност на храната, а ќе бидат воведени и новини кои ќе ја збогатат понудата за уште поголемо гастрономско уживање покрај Охридското Езеро. Плажата во Автокампот Ливадишта ќе добие нов, ситен песок, просторот во целиот автокамп ќе биде партерно уреден, а спортските терени ќе бидат, исто така, реновирани. Најмладите летувалци во Ливадишта ќе добијат соодветен простор за детска забава и анимација. Почитувајќи ги обврските кон закупците на простор во Автокампот Ливадишта, од ЕСМ Молика информираат дека ги известиле за градежно-занаетчиските работи кои се почнати во одморалиштето со надеж дека до почетокот на летото активностите ќе бидат завршени. По целосната реконструкција на хотелот Молика, прва по 30 години од неговата изградба, реконструкцијата на Автокампот Ливадишта е вториот голем проект кој го реализира Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕСМ Молика.

The post Се реновира еден од најубавите автокампови – Ливадишта кај Радожда appeared first on Република.

]]>