Калеидоскоп Archives - Република https://republika.mk/kategorija/zivot/kaleidoskop/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 07:45:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Калеидоскоп Archives - Република https://republika.mk/kategorija/zivot/kaleidoskop/ 32 32 Му украле се од автомобилот, па дури и подароците за децата: Владо Георгиев ограбен среде Скопје https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/mu-ukrale-se-od-avtomobilot-pa-duri-i-podarotsite-za-detsata-vlado-georgiev-ograben-srede-skopje/ Wed, 20 Nov 2024 20:59:01 +0000 https://republika.mk/?p=840097

Српскиот пејач Владо Георгиев бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој се огласи на социјалната мрежа Икс, каде сподели детали за непријатната случка.

Имено, пејачот го оставил автомобилот на паркингот во трговскиот центар, а додека купувал работи во продавниците – крадците му зеле се од неговото возило.

Им посакувам сè најубаво на крадците кои ми упаднаа во автомобилот, кој го паркирав во трговскиот центар Дајмонд во Скопје, и ми украдоа еден куп работи од задното седиште, па дури и подароците за децата и пријателите, напиша познатиот Барба.

The post Му украле се од автомобилот, па дури и подароците за децата: Владо Георгиев ограбен среде Скопје appeared first on Република.

]]>

Српскиот пејач Владо Георгиев бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој се огласи на социјалната мрежа Икс, каде сподели детали за непријатната случка. Имено, пејачот го оставил автомобилот на паркингот во трговскиот центар, а додека купувал работи во продавниците – крадците му зеле се од неговото возило. Им посакувам сè најубаво на крадците кои ми упаднаа во автомобилот, кој го паркирав во трговскиот центар Дајмонд во Скопје, и ми украдоа еден куп работи од задното седиште, па дури и подароците за децата и пријателите, напиша познатиот Барба.

The post Му украле се од автомобилот, па дури и подароците за децата: Владо Георгиев ограбен среде Скопје appeared first on Република.

]]>
Работи кои не смеете да ги правите на Свети Архангел: За да избегнете лоша среќа и неуспех, држете се до овие обичаи https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/raboti-koi-ne-smeete-da-gi-pravite-na-sveti-arhangel-za-da-izbegnete-losha-sreka-i-neuspeh-drzhete-se-do-ovie-obichai/ Wed, 20 Nov 2024 19:45:40 +0000 https://republika.mk/?p=840084

Еден од најважните празници во православниот календар, Архангел се празнува на 21 ноември во чест на Свети Архангел Михаил.

Таа е една од најчестите слави помеѓу православните христијани и носи длабока духовна и културна симболика.

Се верува дека Свети Архангел Михаил е заштитник на семејствата и чувар на душите на праведниците, па на овој ден се молат посебни молитви за здравје, мир и благосостојба.

Обичаи за Свети Архангел

*Свечена церемонија и славска трпеза

Архангел традиционално се празнува со палење свеќа и кршење на славската погача, со молитва посветена на Светиот Архангел Михаил. На трпезата се служат посни или мрсни јадења, во зависност од датумот на празникот. Ако падне во среда или петок, тогаш храната е посна.

*Молитва за заштита и мир

Празникот е време кога верниците се молат на Свети Архангел Михаил да ги заштити нивните домови, семејства и заедница од злото. Иконата на светителот го зазема централното место во домот, а пред неа се палат свеќи и се кажуваат молитви.

*Забрането е извршување на потешки работи

Како и кај повеќето големи празници, традицијата налага дека на Денот на Архангел треба да се избегнува тешка физичка работа како што се работа на нива, сечење дрва и шиење. Овој ден треба да биде посветен на молитва, одмор и празнување.

*Помагање на сиромашните и донирање

Во некои делови постојат обичаи да се донираат храна и пари на оние на кои им е потребна помош, верувајќи дека Светиот Архангел Михаил ќе им врати благослов на оние кои им помагаат на другите.

Што не треба да се прави на Архангел?

Свадби и прослави

На овој ден не се организираат венчавки, бидејќи Архангел е духовен празник кој симболизира молитва и тишина. Се смета дека денот е посветен на семејно заедништво и почитување на светецот, а не на бучни прослави.

Избегнувајте конфликти

Се верува дека на овој ден е исклучително важно да се одржи мирот во домот и да се избегнуваат кавги. Свети Архангел Михаил е симбол на правдата и мирот, па се верува дека конфликтите можат да донесат несреќа во семејството.

Непосветување на празникот

Отсуството на молитва и непочитувањето на обичаите на денот на Архангел се толкуваат како непочитување на самиот светец. Семејството треба да го помине денот во заедништво, молитва и љубов.

The post Работи кои не смеете да ги правите на Свети Архангел: За да избегнете лоша среќа и неуспех, држете се до овие обичаи appeared first on Република.

]]>

Еден од најважните празници во православниот календар, Архангел се празнува на 21 ноември во чест на Свети Архангел Михаил. Таа е една од најчестите слави помеѓу православните христијани и носи длабока духовна и културна симболика. Се верува дека Свети Архангел Михаил е заштитник на семејствата и чувар на душите на праведниците, па на овој ден се молат посебни молитви за здравје, мир и благосостојба. Обичаи за Свети Архангел *Свечена церемонија и славска трпеза Архангел традиционално се празнува со палење свеќа и кршење на славската погача, со молитва посветена на Светиот Архангел Михаил. На трпезата се служат посни или мрсни јадења, во зависност од датумот на празникот. Ако падне во среда или петок, тогаш храната е посна. *Молитва за заштита и мир Празникот е време кога верниците се молат на Свети Архангел Михаил да ги заштити нивните домови, семејства и заедница од злото. Иконата на светителот го зазема централното место во домот, а пред неа се палат свеќи и се кажуваат молитви. *Забрането е извршување на потешки работи Како и кај повеќето големи празници, традицијата налага дека на Денот на Архангел треба да се избегнува тешка физичка работа како што се работа на нива, сечење дрва и шиење. Овој ден треба да биде посветен на молитва, одмор и празнување. *Помагање на сиромашните и донирање Во некои делови постојат обичаи да се донираат храна и пари на оние на кои им е потребна помош, верувајќи дека Светиот Архангел Михаил ќе им врати благослов на оние кои им помагаат на другите. Што не треба да се прави на Архангел? Свадби и прослави На овој ден не се организираат венчавки, бидејќи Архангел е духовен празник кој симболизира молитва и тишина. Се смета дека денот е посветен на семејно заедништво и почитување на светецот, а не на бучни прослави. Избегнувајте конфликти Се верува дека на овој ден е исклучително важно да се одржи мирот во домот и да се избегнуваат кавги. Свети Архангел Михаил е симбол на правдата и мирот, па се верува дека конфликтите можат да донесат несреќа во семејството. Непосветување на празникот Отсуството на молитва и непочитувањето на обичаите на денот на Архангел се толкуваат како непочитување на самиот светец. Семејството треба да го помине денот во заедништво, молитва и љубов.

The post Работи кои не смеете да ги правите на Свети Архангел: За да избегнете лоша среќа и неуспех, држете се до овие обичаи appeared first on Република.

]]>
Винодонија 2024 – Место каде македонските уметници-винари ќе ги донесат и покажат своите најдобри вина https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/vinodonija-2024-mesto-kade-makedonskite-umetnitsi-vinari-ke-gi-donesat-i-pokazhat-svoite-najdobri-vina/ Wed, 20 Nov 2024 09:18:12 +0000 https://republika.mk/?p=839819

Во препознатлива елегантна и опуштена атмосфера скопскиот вински салон „Винодонија“ 2024 ќе се одржи на 13 и 14 декември во главната сала на хотелот Мериот каде што како и секогаш, посетителите ќе може да ја споделат својата винска страст, но и знаење и искуство.

Работното време на салонот во двата дена ќе биде од 15:00 до 21:00 часот.

Времето ни поминува брзо, но тоа е добро за убавите и посакувани настани како што е Винодонија и за нејзините верни посетители, вински љубители кои што нетрпеливо ја чекаат следната нова винска смотра во Македонија.

Со сѐ уште не намалена желба и ентузијазам ви го најавуваме следното осмо издание на Скопски вински салон – Винодонија 2024, настан кој цврсто чекори во правец на нашата мисија и пат кон славење и промоција на виното во Македонија.

Винодонија повторно ќе биде место каде што нашите уметници-винари ќе ги донесат и покажат своите најдобри вина и трпеливо ќе ги очекуваат вашите коментари, критики и пофалби, но исто така место и прилика да се истражи и дегустира странската винска сцена која што во последната година значително порасна во Република Македонија и се збогати со нови вински брендови и стилови од Италија, Франција, Хрватска, Србија, Германија, Португалија и Шпанија.

Винодонија продолжува да расте во престижен и квалитетен настан на кој што виното го покажува својот сјај и уникатност и ни покажува зошто тоа отсекогаш било дел од македонскиот културен идентитет“, велат прганизаторите на ова елегантно случување.

Картите за Скопски винскиот салон „Винодонија 2024“ ќе бидат во ограничен број, а ќе може да се купат однапред онлајн https://vinodonia.mk/ по цена од 1,000.00 ден за секој ден посебно, а еден мал дел ќе може да се купат и на самиот влез пред почетокот на настанот, но по цена од 1.200.00 ден.

И овој пат, дојдете на осмата Винодонија и споделете ја Вашата винска страст со останатите вински љубители.

The post Винодонија 2024 – Место каде македонските уметници-винари ќе ги донесат и покажат своите најдобри вина appeared first on Република.

]]>

Во препознатлива елегантна и опуштена атмосфера скопскиот вински салон „Винодонија“ 2024 ќе се одржи на 13 и 14 декември во главната сала на хотелот Мериот каде што како и секогаш, посетителите ќе може да ја споделат својата винска страст, но и знаење и искуство. Работното време на салонот во двата дена ќе биде од 15:00 до 21:00 часот.
Времето ни поминува брзо, но тоа е добро за убавите и посакувани настани како што е Винодонија и за нејзините верни посетители, вински љубители кои што нетрпеливо ја чекаат следната нова винска смотра во Македонија.   Со сѐ уште не намалена желба и ентузијазам ви го најавуваме следното осмо издание на Скопски вински салон – Винодонија 2024, настан кој цврсто чекори во правец на нашата мисија и пат кон славење и промоција на виното во Македонија.   Винодонија повторно ќе биде место каде што нашите уметници-винари ќе ги донесат и покажат своите најдобри вина и трпеливо ќе ги очекуваат вашите коментари, критики и пофалби, но исто така место и прилика да се истражи и дегустира странската винска сцена која што во последната година значително порасна во Република Македонија и се збогати со нови вински брендови и стилови од Италија, Франција, Хрватска, Србија, Германија, Португалија и Шпанија.   Винодонија продолжува да расте во престижен и квалитетен настан на кој што виното го покажува својот сјај и уникатност и ни покажува зошто тоа отсекогаш било дел од македонскиот културен идентитет“, велат прганизаторите на ова елегантно случување.
Картите за Скопски винскиот салон „Винодонија 2024“ ќе бидат во ограничен број, а ќе може да се купат однапред онлајн https://vinodonia.mk/ по цена од 1,000.00 ден за секој ден посебно, а еден мал дел ќе може да се купат и на самиот влез пред почетокот на настанот, но по цена од 1.200.00 ден. И овој пат, дојдете на осмата Винодонија и споделете ја Вашата винска страст со останатите вински љубители.  

The post Винодонија 2024 – Место каде македонските уметници-винари ќе ги донесат и покажат своите најдобри вина appeared first on Република.

]]>
Ноќва ја има последната супермесечина за оваа година https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/nokva-ja-ima-poslednata-supermesechina-za-ovaa-godina/ Sat, 16 Nov 2024 20:22:23 +0000 https://republika.mk/?p=838667

Ноемвриската полна месечина, којашто е видлива на 15 ноември, е последната супермесечина за 2024 година.

Супермесечината е поголема и посветла од обична полна месечина. При оваа ноемвриска супермесечина, нашиот природен сателит ќе мине низ соѕвездието Овен, во близина ќе може да се види и познатото ѕвездено јато Плејади, што ќе биде видливо со голо око на места со чисто небо.

Месечината, набљудувана од човечкото око, ќе изгледа целосно осветлена цела ноќ. На македонското небо, таа ќе биде најјасна некаде по 22:00 часот.

Оваа супермесечина, според стручњаците, е седум отсто поголема и околу 16 отсто посветла од обичната полна месечина, а за обичното „голо око“, разликата е многу суптилна.

The post Ноќва ја има последната супермесечина за оваа година appeared first on Република.

]]>

Ноемвриската полна месечина, којашто е видлива на 15 ноември, е последната супермесечина за 2024 година. Супермесечината е поголема и посветла од обична полна месечина. При оваа ноемвриска супермесечина, нашиот природен сателит ќе мине низ соѕвездието Овен, во близина ќе може да се види и познатото ѕвездено јато Плејади, што ќе биде видливо со голо око на места со чисто небо. Месечината, набљудувана од човечкото око, ќе изгледа целосно осветлена цела ноќ. На македонското небо, таа ќе биде најјасна некаде по 22:00 часот. Оваа супермесечина, според стручњаците, е седум отсто поголема и околу 16 отсто посветла од обичната полна месечина, а за обичното „голо око“, разликата е многу суптилна.

The post Ноќва ја има последната супермесечина за оваа година appeared first on Република.

]]>
Фронтменот на Дуран Дуран, Сајмон Ле Бон одликуван со Орден на Британската империја https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/frontmenot-na-duran-duran-sajmon-le-bon-odlikuvan-so-orden-na-britanskata-imperija/ Fri, 15 Nov 2024 11:01:42 +0000 https://republika.mk/?p=838074

Фронтменот на Дуран Дуран, Сајмон Ле Бон, е одликуван со Орден на Британската империја за услуги за музика и добротворни цели на церемонијата одржана во замокот Виндзор на 12 ноември.

Тоа е соодветно што ми се дава оваа чест не само за мојата улога во музиката, туку и за работата што ја имав среќата да ја работам надвор од бендот за некои работи во кои верувам“, рече Ле Бон, пренесе Билборд.

Сајмон наведува дека порано бил нервозен кога настапувал, но дека успеал да го надмине тоа.

Порано бев многу нервозен изведувач. Бев преплашен и полека го надминав тој страв и веќе не го сфаќам. Само излегувам и тоа ми е природно", изјави Ле Бон за АП.

The post Фронтменот на Дуран Дуран, Сајмон Ле Бон одликуван со Орден на Британската империја appeared first on Република.

]]>

Фронтменот на Дуран Дуран, Сајмон Ле Бон, е одликуван со Орден на Британската империја за услуги за музика и добротворни цели на церемонијата одржана во замокот Виндзор на 12 ноември.

Тоа е соодветно што ми се дава оваа чест не само за мојата улога во музиката, туку и за работата што ја имав среќата да ја работам надвор од бендот за некои работи во кои верувам“, рече Ле Бон, пренесе Билборд. Сајмон наведува дека порано бил нервозен кога настапувал, но дека успеал да го надмине тоа. Порано бев многу нервозен изведувач. Бев преплашен и полека го надминав тој страв и веќе не го сфаќам. Само излегувам и тоа ми е природно", изјави Ле Бон за АП.

The post Фронтменот на Дуран Дуран, Сајмон Ле Бон одликуван со Орден на Британската империја appeared first on Република.

]]>
Мечка се прошета низ село во Ранковце, Ловното здружение предупредува: Не смее да се убива https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/mechka-se-prosheta-niz-selo-vo-rankovtse-lovnoto-zdruzhenie-predupreduva-ne-smee-da-se-ubiva/ Thu, 14 Nov 2024 20:26:10 +0000 https://republika.mk/?p=837883

Мечка се појави во селото Петралица, општина Ранковце, во средината на денот. Оваа информација ја сподели ловното здружение „Славишко поле“ на својата Фејсбук страница.

Во објавата се истакнува дека мечката е заштитен вид и дека нејзиното застрелување е строго забрането според законот.

Ловците и жителите на општината се предупредени да не ја нарушуваат нејзината безбедност.

„Драги ловци и почитувани граѓани на Општина Ранковце, во село Петралица беше забележана кафеава мечка! Потсетуваме дека ова животно е заштитено со закон и не смее да се убива. Мечката е тревопасна и ќе се повлече во шумските предели. Апелираме да не се предизвикува, бидејќи застрелување на мечка е кривично дело, за што е предвидена казна затвор и глоба до 5000 евра“, стои во објавата од Ловното здружение.

The post Мечка се прошета низ село во Ранковце, Ловното здружение предупредува: Не смее да се убива appeared first on Република.

]]>

Мечка се појави во селото Петралица, општина Ранковце, во средината на денот. Оваа информација ја сподели ловното здружение „Славишко поле“ на својата Фејсбук страница. Во објавата се истакнува дека мечката е заштитен вид и дека нејзиното застрелување е строго забрането според законот. Ловците и жителите на општината се предупредени да не ја нарушуваат нејзината безбедност.
„Драги ловци и почитувани граѓани на Општина Ранковце, во село Петралица беше забележана кафеава мечка! Потсетуваме дека ова животно е заштитено со закон и не смее да се убива. Мечката е тревопасна и ќе се повлече во шумските предели. Апелираме да не се предизвикува, бидејќи застрелување на мечка е кривично дело, за што е предвидена казна затвор и глоба до 5000 евра“, стои во објавата од Ловното здружение.

The post Мечка се прошета низ село во Ранковце, Ловното здружение предупредува: Не смее да се убива appeared first on Република.

]]>
Се сакаат како куче и маче https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/se-sakaat-kako-kuche-i-mache/ Thu, 14 Nov 2024 20:16:44 +0000 https://republika.mk/?p=837638

Сопственичката на далматинецот Ривера и мачорот Самит објави видео од необичното пријателство на нејзините миленици на „Тик-ток“. Како што е вели, мачорот чие прво име било Питер, требало само привремено да биде со жената, но поради „платонската љубов“ меѓу мачето и кучето, таа решила да го посвои и Самит.

@mywildmeadowsIt's been so sweet to watch them become best friends over the past year and a half...#fosterfail#adoptacat#fosteringsaveslives#petsiblings#dogsandcats#heartwarming#bestfriends#catlove#catlover#adoptacat#unlikelyanimalfriends#unlikelyfriends#adventurecat#adventuredog♬ original sound - Emyrson

Видеото има 1,8 милиони прегледи и речиси 400.000 лајкови. Ова не е единствен случај на пријателство меѓу куче и маче, но овие „слатки сцени“ секогаш на посебен начин ги освојуваат симпатиите на љубителите на животни

The post Се сакаат како куче и маче appeared first on Република.

Од следниот месец ни доаѓа најстудената зима во последните 65 години https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/od-sledniot-mesets-ni-doaga-najstudenata-zima-vo-poslednite-65-godini/ Thu, 14 Nov 2024 15:44:48 +0000 https://republika.mk/?p=837125

Италијанските метеоролози најавуваат дека претстојната зима ќе биде една од најстудените во последните 65 години, со рекордно ниски температури и тешки временски промени.

Експертите укажуваат на влијанието на климатскиот феномен Ла Ниња и промените во стратосферската динамика, што дополнително ја потврдува можноста за зимска сезона со екстремно ниски температури.

Според најавите, декември може да стане најстудениот месец во Италија во последните неколку децении. Иако прогнозите секогаш вклучуваат можност за промени, се предвидува дека барометриските услови ќе преземат тренд на ладење не само за Италија, туку и за цела Европа.

Студениот почеток на зимата е под силно влијание на неодамнешниот феномен „ESE Cold“, кој предизвика значително стратосферско ладење на крајот на септември.

Оваа промена во стратосферата влијаеше и на динамиката на тропосферата, иако ефектот беше послаб од очекуваното според претходните научни примероци. Имено, тропосферата не реагирала целосно на ладењето „одозгора“, но знаците на климатско „балансирање“ укажуваат на понатамошни промени.

Метеоролозите исто така ги следат индикаторите за силно стратосферско затоплување, што може да доведе до значителни повратни ефекти врз тропосферата. Моделите укажуваат на можно „MMW“ – Големо затоплување на средината на зимата – односно силно зимско затоплување кое може да го дестабилизира поларниот вител и да предизвика различни атмосферски последици.

Иако стратосферското затоплување само по себе нема да биде доволно за доаѓање на екстремен студ, можните поместувања во положбата на поларниот вител дополнително би можеле да придонесат за зимската динамика.

Значи, што ни носи декември? Според сегашните најави, екстремно студени услови и можност за „преврт на хемисфера“ на температурните движења низ Европа.

Во секој случај, љубителите на зимата имаат причина за оптимизам, додека експертите продолжуваат да ги следат показателите и движењата во стратосферата и тропосферата, најавувајќи зима која може да потсети на некои минати, постудени времиња.

The post Од следниот месец ни доаѓа најстудената зима во последните 65 години appeared first on Република.

]]>

Италијанските метеоролози најавуваат дека претстојната зима ќе биде една од најстудените во последните 65 години, со рекордно ниски температури и тешки временски промени. Експертите укажуваат на влијанието на климатскиот феномен Ла Ниња и промените во стратосферската динамика, што дополнително ја потврдува можноста за зимска сезона со екстремно ниски температури. Според најавите, декември може да стане најстудениот месец во Италија во последните неколку децении. Иако прогнозите секогаш вклучуваат можност за промени, се предвидува дека барометриските услови ќе преземат тренд на ладење не само за Италија, туку и за цела Европа. Студениот почеток на зимата е под силно влијание на неодамнешниот феномен „ESE Cold“, кој предизвика значително стратосферско ладење на крајот на септември. Оваа промена во стратосферата влијаеше и на динамиката на тропосферата, иако ефектот беше послаб од очекуваното според претходните научни примероци. Имено, тропосферата не реагирала целосно на ладењето „одозгора“, но знаците на климатско „балансирање“ укажуваат на понатамошни промени. Метеоролозите исто така ги следат индикаторите за силно стратосферско затоплување, што може да доведе до значителни повратни ефекти врз тропосферата. Моделите укажуваат на можно „MMW“ – Големо затоплување на средината на зимата – односно силно зимско затоплување кое може да го дестабилизира поларниот вител и да предизвика различни атмосферски последици. Иако стратосферското затоплување само по себе нема да биде доволно за доаѓање на екстремен студ, можните поместувања во положбата на поларниот вител дополнително би можеле да придонесат за зимската динамика. Значи, што ни носи декември? Според сегашните најави, екстремно студени услови и можност за „преврт на хемисфера“ на температурните движења низ Европа. Во секој случај, љубителите на зимата имаат причина за оптимизам, додека експертите продолжуваат да ги следат показателите и движењата во стратосферата и тропосферата, најавувајќи зима која може да потсети на некои минати, постудени времиња.

The post Од следниот месец ни доаѓа најстудената зима во последните 65 години appeared first on Република.

]]>
3. издание на БЕАМ Фестивалот: Објавена жири комисијата составена од искусни и докажани професионалци во различни сектори од креативните индустрии https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/3-izdanie-na-beam-festivalot-objavena-zhiri-komisijata-sostavena-od-iskusni-i-dokazhani-profesionaltsi-vo-razlichni-sektori-od-kreativnite-industrii/ Thu, 14 Nov 2024 14:23:41 +0000 https://republika.mk/?p=837788

По трет пат се одржува БЕАМ Фестивалот, кој ќе ги собере водечките професионалци од креативната, културната и забавната индустрија за да ја прослават извонредноста во организацијата на настани и да ги награди најдобрите и најуспешни настани одржани во 2024 година. Фестивалот е во организација на Асоцијацијата на ивент индустријата ИВАП.
Пријавувањето е отворено од 1 ноември а ќе трае се до 31 јануари 2025 година. Можност за учество имаат сите компании кои органиизрале настани во календарската 2024 година и тоа во 12 категории. Сите информации потребни за аплицирање и правилата за учество се објавени на интернет страната на БЕАМ – www.beamfestival.mk.
Објавена е и жири комисијата составена од искусни и докажани професионалци во различни сектори од креативните индустрии.

Жири комисијата ја сочинуваат Ана Зафирова – Фриленс новинарка и Експертка по комуникации, Анета Андонова - Одговорен уредник на Прв програмски серис, МРТ, Антоанела Петровиќ – Директор на маркетинг и маркетинг на купувачи во Жито Лукс, Борис Ефтимовски - Основач на Маркетинг365, Бранко Илиевски – спортски новинар, Ванчо Богоев – дипломиран продуцент и технички директор во МКЦ, Вардан Тозија – режисер, Василка Салевска Трајковска – Менаџер за екстерни прашања, Phillip Morris International, Душан Марковиќ – Корпоративен маркетинг и ПР Директор – Малиќи Груп, Ели Пешева – директорка за комуникации, Њу Момент Скопје, Коста Петров – Основач и Извршен директор, Пи Ворлд, Лара Чашуле – Директор за сервис на клиенти во Меккен Скопје, Маја Андoновска Илијевски – Директорка на НУ Центар за култура Битола и актерка во НУ Битолски народен театар, Марта Наумовска Грнарова – Генерален менаџер на Завар, Милчо Александров – дизајнер на светло, Мишко Караџоски – извршен менаџер во Скајмјузик, Огнен Јанески – ТВ лице, аврот, модератор и меѓународен консултант, Полексена Јанкуловска – Маркетинг директор во Бимилк и регионален маркетинг менаџер во Имлек, Татјана Лопарски – сопственик и извршен директор на Елемент ПР и Тони Димков – новинар
- Исто како изминатите две години, очекуваме голем број на пријави во сите категории, 2024 година беше навистина плодна, со многу настани, па затоа ги охрабруваме колегите да ги пријават своите дела. Создадовме систем на работа кој гарантира непристрасно и објективно оценување, целосно сме транспарентни во правилата и критериумите и заради тоа очекуваме да победат најдобрите – изјави Маја Бабиќ, директор на БЕАМ.

Инаку, изминатите две изданија на БЕАМ покажаа, особено со бројот и квалитетот на пријавените настани, дека недостасувала платформа за валоризација на индустријата. Наградите се доделуваат на свечена церемонија во присуство на голем број на професионалци од индустријата. Ваквите настани се можност за запознавање, вмрежување и развој на идни соработки.
- БЕАМ е фестивал кој по содржината е единствен не само кај нас, туку и во регионот. Фестивалот е наменет за сите професионалци кои организирале настан во 2024 година и можат да се пријават во некоја од 12-те категории. Преку него ја славиме уникатната енергија и професионалноста која ја носат нашите настани. Целта е да се поддржат и валоризираат оние што создаваат и да поттикне зголемен број на креативни и значајни проекти. - изјавија од БЕАМ.
Доделувањето на наградите ќе биде на свечена гала церемонија на почетокот на месец март.

The post 3. издание на БЕАМ Фестивалот: Објавена жири комисијата составена од искусни и докажани професионалци во различни сектори од креативните индустрии appeared first on Република.

]]>

По трет пат се одржува БЕАМ Фестивалот, кој ќе ги собере водечките професионалци од креативната, културната и забавната индустрија за да ја прослават извонредноста во организацијата на настани и да ги награди најдобрите и најуспешни настани одржани во 2024 година. Фестивалот е во организација на Асоцијацијата на ивент индустријата ИВАП. Пријавувањето е отворено од 1 ноември а ќе трае се до 31 јануари 2025 година. Можност за учество имаат сите компании кои органиизрале настани во календарската 2024 година и тоа во 12 категории. Сите информации потребни за аплицирање и правилата за учество се објавени на интернет страната на БЕАМ – www.beamfestival.mk. Објавена е и жири комисијата составена од искусни и докажани професионалци во различни сектори од креативните индустрии. Жири комисијата ја сочинуваат Ана Зафирова – Фриленс новинарка и Експертка по комуникации, Анета Андонова - Одговорен уредник на Прв програмски серис, МРТ, Антоанела Петровиќ – Директор на маркетинг и маркетинг на купувачи во Жито Лукс, Борис Ефтимовски - Основач на Маркетинг365, Бранко Илиевски – спортски новинар, Ванчо Богоев – дипломиран продуцент и технички директор во МКЦ, Вардан Тозија – режисер, Василка Салевска Трајковска – Менаџер за екстерни прашања, Phillip Morris International, Душан Марковиќ – Корпоративен маркетинг и ПР Директор – Малиќи Груп, Ели Пешева – директорка за комуникации, Њу Момент Скопје, Коста Петров – Основач и Извршен директор, Пи Ворлд, Лара Чашуле – Директор за сервис на клиенти во Меккен Скопје, Маја Андoновска Илијевски – Директорка на НУ Центар за култура Битола и актерка во НУ Битолски народен театар, Марта Наумовска Грнарова – Генерален менаџер на Завар, Милчо Александров – дизајнер на светло, Мишко Караџоски – извршен менаџер во Скајмјузик, Огнен Јанески – ТВ лице, аврот, модератор и меѓународен консултант, Полексена Јанкуловска – Маркетинг директор во Бимилк и регионален маркетинг менаџер во Имлек, Татјана Лопарски – сопственик и извршен директор на Елемент ПР и Тони Димков – новинар - Исто како изминатите две години, очекуваме голем број на пријави во сите категории, 2024 година беше навистина плодна, со многу настани, па затоа ги охрабруваме колегите да ги пријават своите дела. Создадовме систем на работа кој гарантира непристрасно и објективно оценување, целосно сме транспарентни во правилата и критериумите и заради тоа очекуваме да победат најдобрите – изјави Маја Бабиќ, директор на БЕАМ. Инаку, изминатите две изданија на БЕАМ покажаа, особено со бројот и квалитетот на пријавените настани, дека недостасувала платформа за валоризација на индустријата. Наградите се доделуваат на свечена церемонија во присуство на голем број на професионалци од индустријата. Ваквите настани се можност за запознавање, вмрежување и развој на идни соработки. - БЕАМ е фестивал кој по содржината е единствен не само кај нас, туку и во регионот. Фестивалот е наменет за сите професионалци кои организирале настан во 2024 година и можат да се пријават во некоја од 12-те категории. Преку него ја славиме уникатната енергија и професионалноста која ја носат нашите настани. Целта е да се поддржат и валоризираат оние што создаваат и да поттикне зголемен број на креативни и значајни проекти. - изјавија од БЕАМ. Доделувањето на наградите ќе биде на свечена гала церемонија на почетокот на месец март.

The post 3. издание на БЕАМ Фестивалот: Објавена жири комисијата составена од искусни и докажани професионалци во различни сектори од креативните индустрии appeared first on Република.

]]>
Почина српскиот „крал на шеќерот“ Миодраг Костиќ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/pochina-srpskiot-kral-na-shekerot-miodrag-kostik/ Wed, 13 Nov 2024 20:35:15 +0000 https://republika.mk/?p=837399

Почина Миодраг Костиќ, српски тајкун и еден од најбогатите луѓе во регионот. Костиќ почина на 13 ноември, соопшти компанијата МК Груп, чиј основач и претседател беше Костиќ.

Костиќ, познат во јавноста како „српскиот крал на шеќерот“, почина на 65-годишна возраст.

Со голема тага ве известуваме дека почина Миодраг Костиќ, основачот и претседател на МК Груп, кој во текот на својата 40-годишна активна професионална кариера го создаде еден од најголемите деловни системи во регионот, што го заслужи меѓународниот статус на еден од највлијателните лидери и најуспешни претприемачи во Југоисточна Европа“, се наведува меѓу другото во соопштението на компанијата.

Костиќ пред пет години се повлече од чело на компанијата, а раководните должности му ги препушти на синот Александар Костиќ, потпретседател на МК Груп и претседател на Управниот одбор на АИК банка.

The post Почина српскиот „крал на шеќерот“ Миодраг Костиќ appeared first on Република.

]]>

Почина Миодраг Костиќ, српски тајкун и еден од најбогатите луѓе во регионот. Костиќ почина на 13 ноември, соопшти компанијата МК Груп, чиј основач и претседател беше Костиќ. Костиќ, познат во јавноста како „српскиот крал на шеќерот“, почина на 65-годишна возраст.
Со голема тага ве известуваме дека почина Миодраг Костиќ, основачот и претседател на МК Груп, кој во текот на својата 40-годишна активна професионална кариера го создаде еден од најголемите деловни системи во регионот, што го заслужи меѓународниот статус на еден од највлијателните лидери и најуспешни претприемачи во Југоисточна Европа“, се наведува меѓу другото во соопштението на компанијата.
Костиќ пред пет години се повлече од чело на компанијата, а раководните должности му ги препушти на синот Александар Костиќ, потпретседател на МК Груп и претседател на Управниот одбор на АИК банка.  

The post Почина српскиот „крал на шеќерот“ Миодраг Костиќ appeared first on Република.

]]>
Познат руски готвач пронајден мртов во Белград https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/poznat-ruski-gotvach-pronajden-mrtov-vo-belgrad/ Wed, 13 Nov 2024 20:11:19 +0000 https://republika.mk/?p=837392

Алексеј Зимин (52), познат руски ТВ готвач, е пронајден мртов во Србија во стан во Белград. Како што пишуваат српските медиуми, на неговото тело нема знаци на насилна смрт.

Сепак, Вишото обвинителство нареди обдукција со токсикологија. Според неофицијални информации, сопственикот на станот, седум дена не можел да го добие телефонски, па отишол да види што се случува и на подот затекнал грозоморна сцена.

За случајот бил информиран обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Белград.

Тој беше сопственик на ресторанот Зима во елитниот дел на Лондон – Сохо.

Зимин наводно не се вратил во Русија откако беше прогонет по критикувањето на одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да го нападне Крим.

The post Познат руски готвач пронајден мртов во Белград appeared first on Република.

]]>

Алексеј Зимин (52), познат руски ТВ готвач, е пронајден мртов во Србија во стан во Белград. Како што пишуваат српските медиуми, на неговото тело нема знаци на насилна смрт. Сепак, Вишото обвинителство нареди обдукција со токсикологија. Според неофицијални информации, сопственикот на станот, седум дена не можел да го добие телефонски, па отишол да види што се случува и на подот затекнал грозоморна сцена. За случајот бил информиран обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Белград. Тој беше сопственик на ресторанот Зима во елитниот дел на Лондон – Сохо. Зимин наводно не се вратил во Русија откако беше прогонет по критикувањето на одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да го нападне Крим.  

The post Познат руски готвач пронајден мртов во Белград appeared first on Република.

]]>
„Арс Ламина“ го реобјави книжевниот класик „Книга на небото“ од Крсте Чачански https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ars-lamina-go-reobjavi-knizhevniot-klasik-kniga-na-neboto-od-krste-chachanski/ Tue, 12 Nov 2024 15:02:57 +0000 https://republika.mk/?p=836883

Книжевниот класик во македонската литература „Книга на небото“, од еден од најзначајните наши постмодернистички писатели Крсте Чачански, излезе од печат во ново руво и со нов поговор од Димитрие Дурацовски. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис “, дел од „Арс Ламина – публикации“, е класифицирана во едицијата „Македонски книжевни класици“, придружувајќи им се на реобјавените дела на книжевните великани Блаже Конески, Оливера Николова, Петре М. Андреевски, Влада Урошевиќ, Живко Чинго, Димитар Солев, Гане Тодоровски, Јадранка Владова и многу други.

Крсте Чачански е македонскиот Милорад Павиќ, Павиќ е европскиот Борхес, оттаму, Чачански е еден од најсилните текови на борхесовската струја во македонскиот постмодернизам.
Во романот „Книга на небото“ – круна на творештвото на бележитиот струшки раскажувачки маг Крсте Чачански, впрочем како и во неговите раскази, недостигаат стрелки на часовникот за мерење на времето. Ликовите и собитијата се изгубени во временска немерливост и бескрајност, во некое паралелно (не)постоење во кое сегашноста е само варијанта на минатото, а минатото – само варијанта на сегашноста.

„Книга на небото“, иако се занимава со минатото, е многу повеќе од историски роман. Аднан-бег, иако мечтае да направи сарај под реката Црн Дрим, е многу повеќе од необичен лик – тој е една од најкомплексните идеи во современата македонска книжевност на самиот праг од новиот век.

Крсте Чачански (25.9.1949 – 13.6.2003) е поет, раскажувач, романсиер и драмски автор. Уште во раните осумдесетти години на 20 век Чачански се истакнува со вештината на спроведување постмодернистички наративни постапки во доменот на кусата проза, така што проследувачите на неговото творештво истакнуваат дека е „супериорен мајстор на расказот“. Неговите антологиски раскази се вклопуваат во линијата на македонската традиционална фантастика, но исто така ги преиспитуваат можностите на борхесовскиот тип на имагинативност, обоени во една изразено локална нијанса на струшкото поднебје.

Завршил Филолошки факултет во Скопје, група Македонски јазик и литература. Работел како директор на Домот на културата „Браќа Миладиновци“ во Струга. Член е на ДПМ од 1980 година. Добитник е на повеќе награди за проза и поезија: „Мисла“, „Гоцева повелба“, „Живко Чинго“, „Стале Попов“. Посебно значење има „Рациновото признание“ за проза, што го добива во 1997 година за романот „Сенката на лилјакот“.

Писателската врвица ја почнал со поезија, но објавил само две збирки песни – „Бреговина“ и „Лавиринт“. Во нив се насетуваат преокупациите што подоцна ќе ги развие во својата проза. Во расказот „Грабнување на поетесата“ од неговата прва збирка раскази „Писма“, Чачански ѝ оддава почит на својата поезија, нарекувајќи го главниот лик Ани Вогерб, што ако се чита одназад, го дава насловот на неговата прва стихозбирка.

Збирката „Писма“ е вистински книжевен настан во времето на својата појава. Во неа авторот настапува зрело, со изградена раскажувачка поетика која се карактеризира со нагласена енигматичност и мистериозност, фантастика, ониризам, интертекстуалност, локална обоеност, тек на свест, иронија, псевдонаучност, стилско-јазична иновативност. Во поговорот на новото издание на „Книга на небото“, Димитрие Дурацовски на многу интересен личен начин пишува токму за излегувањето на оваа култна збирка.

Втората збирка раскази носи наслов „Бермудски триаголник“, а потоа следуваат уште два избори раскази: „Чутуранга“ и „Индиго и квазар“.

За Чачански пишувале многумина. Трајче Крстевски и Слободан Мицковиќ имаат правено избори од неговите раскази, Науме Радически го проучувал системски и компаративно со регионалната книжевност... Катица Ќулавкова, Петар Бошковски, Соња Стојменска-Елзесер... го вреднуваат високо во современата македонска книжевност.

The post „Арс Ламина“ го реобјави книжевниот класик „Книга на небото“ од Крсте Чачански appeared first on Република.

Мурали и графити со мотиви од градот ќе го разубавуваат Охрид https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/murali-i-grafiti-so-motivi-od-gradot-ke-go-razubavuvaat-ohrid/ Tue, 12 Nov 2024 09:41:06 +0000 https://republika.mk/?p=836650

„И ѕидовите зборуваат на Охридски – цртање на мурали и графити на јавни површини со мотиви од Охрид“, е проектот на локалната власт што започна да се реализира по повод одбележување на 80 години од ослободувањето на Охрид и е дел од годишната програма за култура на општината.

Целта на проектот е да се популаризира уличната уметност со која јавните површини во градот добиваат душа. Мотивите се познати личности од општествениот живот во градот , како и стихови и познати цитати од охриѓани. Преку проектот се настојува да се стимулираат младите уметници да ја прикажат својата креативност на јавни површини кои стануваат посредени и поубави.

Поради својата содржина и цел,  локалната власт и во иднина ќе го поддржи настанот со кој што  преку окото на уметниците ќе се отсликува градот.

Во проектот се вклучени младите ентузијасти од Културолошка иницијатива 5 до 12 и навивачката група „Рибари“ која што  годинава одбележува 35 години од основањето.

The post Мурали и графити со мотиви од градот ќе го разубавуваат Охрид appeared first on Република.

]]>

„И ѕидовите зборуваат на Охридски – цртање на мурали и графити на јавни површини со мотиви од Охрид“, е проектот на локалната власт што започна да се реализира по повод одбележување на 80 години од ослободувањето на Охрид и е дел од годишната програма за култура на општината. Целта на проектот е да се популаризира уличната уметност со која јавните површини во градот добиваат душа. Мотивите се познати личности од општествениот живот во градот , како и стихови и познати цитати од охриѓани. Преку проектот се настојува да се стимулираат младите уметници да ја прикажат својата креативност на јавни површини кои стануваат посредени и поубави. Поради својата содржина и цел,  локалната власт и во иднина ќе го поддржи настанот со кој што  преку окото на уметниците ќе се отсликува градот. Во проектот се вклучени младите ентузијасти од Културолошка иницијатива 5 до 12 и навивачката група „Рибари“ која што  годинава одбележува 35 години од основањето.  

The post Мурали и графити со мотиви од градот ќе го разубавуваат Охрид appeared first on Република.

]]>
Откриена огромна мрежа на фалсификати во Италија, ги лажирале делата на Моне, Ван Гог… https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/otkriena-ogromna-mrezha-na-falsifikati-vo-italija-gi-lazhirale-delata-na-mone-van-gog/ Mon, 11 Nov 2024 20:39:45 +0000 https://republika.mk/?p=836469

Италијанската полиција откри огромна паневропска мрежа за фалсификување чии членови правеле и продавале лажни уметнички дела што им се припишуваат на некои од најголемите имиња во модерната и современата уметност, вклучувајќи ги Бенкси, Пикасо и Ворхол.

Во Италија, Шпанија, Франција и Белгија, 38 лица се под истрага под сомнение за заговор за „зделка“ со украдена стока, фалсификување и нелегална продажба на уметнички дела, беше објавено во заедничкото соопштение на Канцеларијата на карабинерите за фалсификувани уметнички дела и Обвинителството во Пиза.

Главната обвинителка од Канцеларијата во Пиза, Тереза ​​Анџела Камелио, изјави дека експертите од архивата на Бенкси, кои помагале во истрагата, денешната операција ја сметаат за „најголем чин на заштита на работата на Бенкси“. Меѓу другите фалсификати се делата на големите уметници од 19 и 20 век, како што се Клод Моне, Винсент Ван Гог, Салвадор Дали, Хенри Мур, Марк Шагал, Френсис Бејкон, Пол Кле и Пит Мондријан.

Инспекторите соопштија дека се запленети повеќе од 2.100 фалсификати, чија пазарна вредност се проценува на околу 200 милиони евра. Тие рекоа и дека откриле шест работилници каде се фалсификувале делата, две во Тоскана, една во Венеција и останатите на други места во Европа.

The post Откриена огромна мрежа на фалсификати во Италија, ги лажирале делата на Моне, Ван Гог… appeared first on Република.

]]>

Италијанската полиција откри огромна паневропска мрежа за фалсификување чии членови правеле и продавале лажни уметнички дела што им се припишуваат на некои од најголемите имиња во модерната и современата уметност, вклучувајќи ги Бенкси, Пикасо и Ворхол. Во Италија, Шпанија, Франција и Белгија, 38 лица се под истрага под сомнение за заговор за „зделка“ со украдена стока, фалсификување и нелегална продажба на уметнички дела, беше објавено во заедничкото соопштение на Канцеларијата на карабинерите за фалсификувани уметнички дела и Обвинителството во Пиза. Главната обвинителка од Канцеларијата во Пиза, Тереза ​​Анџела Камелио, изјави дека експертите од архивата на Бенкси, кои помагале во истрагата, денешната операција ја сметаат за „најголем чин на заштита на работата на Бенкси“. Меѓу другите фалсификати се делата на големите уметници од 19 и 20 век, како што се Клод Моне, Винсент Ван Гог, Салвадор Дали, Хенри Мур, Марк Шагал, Френсис Бејкон, Пол Кле и Пит Мондријан. Инспекторите соопштија дека се запленети повеќе од 2.100 фалсификати, чија пазарна вредност се проценува на околу 200 милиони евра. Тие рекоа и дека откриле шест работилници каде се фалсификувале делата, две во Тоскана, една во Венеција и останатите на други места во Европа.

The post Откриена огромна мрежа на фалсификати во Италија, ги лажирале делата на Моне, Ван Гог… appeared first on Република.

]]>
Најволшебен ден во годината кога се случуваат големи промени: Денеска е 11.11 https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/najvolsheben-den-vo-godinata-koga-se-sluchuvaat-golemi-promeni-deneska-e-11-11/ Mon, 11 Nov 2024 10:17:19 +0000 https://republika.mk/?p=836270

Еден од најмагичните датуми во секоја година е токму денешниот ден, 11-ти ноември, денот кога имаме најдобра енергија да ги манифестираме своите желби за да ни се исполнат.

Денеска е датумот на огледалото, магичната низа од 11.11. тоа носи добра енергија, според нумеролозите.

11-ти ноември е одличен ден да ги споменете вашите најголеми соништа што сакате да ги остварите. Ниту еден сон не е премногу голем за оваа енергија. Било да е тоа вашиот дом од соништата или совршениот партнер, размислете за нив од срце и ослободете ја таа позитивна енергија. Нека универзумот го направи останатото.

Бројот 11 се смета за број со исклучително посебна фреквенција, а кога е двојно зголемен, се верува дека носи реализација на желбите и дека Универзумот ни помага полесно да ги достигнеме сопствените цели.

The post Најволшебен ден во годината кога се случуваат големи промени: Денеска е 11.11 appeared first on Република.

]]>

Еден од најмагичните датуми во секоја година е токму денешниот ден, 11-ти ноември, денот кога имаме најдобра енергија да ги манифестираме своите желби за да ни се исполнат. Денеска е датумот на огледалото, магичната низа од 11.11. тоа носи добра енергија, според нумеролозите. 11-ти ноември е одличен ден да ги споменете вашите најголеми соништа што сакате да ги остварите. Ниту еден сон не е премногу голем за оваа енергија. Било да е тоа вашиот дом од соништата или совршениот партнер, размислете за нив од срце и ослободете ја таа позитивна енергија. Нека универзумот го направи останатото. Бројот 11 се смета за број со исклучително посебна фреквенција, а кога е двојно зголемен, се верува дека носи реализација на желбите и дека Универзумот ни помага полесно да ги достигнеме сопствените цели.

The post Најволшебен ден во годината кога се случуваат големи промени: Денеска е 11.11 appeared first on Република.

]]>
Денеска е 11.11 – еден од најсреќните и најмоќните датуми, ден за нови почетоци и случувања https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/deneska-e-11-11-eden-od-najsreknite-i-najmoknite-datumi-den-za-novi-pochetotsi-i-sluchuvana/ Mon, 11 Nov 2024 08:34:31 +0000 https://republika.mk/?p=835103

11 ноември е датум кој има исклучителна нумеролошка важност и се верува дека е ден на среќа и нови почетоци. Благодарение на моќната нумерологија, 11.11. се смета за еден од најсреќните денови во годината.

На овој моќен ден, имаме можност за духовно будење и разбирање на целта. Овој датум има нумеричка шифра 1111, што е број на моќ во астрологијата. Ако има нешто што сакате да го манифестирате, ова е денот кога треба да ги поставите вашите намери. Исто така, ова е исклучително моќен ден за отворање на срцето и зајакнување на енергијата на срцевата чакра.

Што носи датумот 11.11?

Единаесетти ноември е моќно време да го промените вашиот живот, да поставите намери или да „копате“ подлабоко за да ја откриете вистината. Нови будења, нови информации и нови нивоа на просветлување – сето тоа е можно на овој ден.

Моќта на бројот 1 – бројот 11 во нумерологијата се смета за „главен број“ и претставува раст, развој, инспирација и духовно просветлување. Така, двојниот удар на енергија – 11.11 – создава моќна можност да стапите во контакт со вашето повисоко јас и да ги замислите вашите цели појасно.

Бидејќи 11 е бројот на „нови почетоци“, се претпоставува дека секогаш кога ќе видите 11, 111 или 1111 на часовникот, тоа претставува можност за филозофска манифестација. Се верува дека универзумот создава исклучително моќен момент во кој вашите намери ќе се манифестираат со голема брзина и ефикасност каква што досега не сте доживеале.

Моќта на бројот 11.11 означува нов почеток и длабока трансформација на човештвото. Бројот еден секогаш зборува за нови, свежи почетоци, а кога ќе се здружат, нивната енергија се зголемува – правејќи го 11 ноември идеален ден за моќна манифестација.

Како да го искористите максимумот од 11 ноември?

На 11 ноември идеално е да се поврзете со вашиот духовен свет и можност да го истражите непознатото. Исто така, 11 ноември нуди влез во друга димензија, нова земја, место со нови почетоци. Може да понуди и нови предизвици и реализација на чуда.

Затоа, почнете да размислувате големи, конкретни цели и запрашајте се што сакате и зошто го сакате.

The post Денеска е 11.11 – еден од најсреќните и најмоќните датуми, ден за нови почетоци и случувања appeared first on Република.

]]>

11 ноември е датум кој има исклучителна нумеролошка важност и се верува дека е ден на среќа и нови почетоци. Благодарение на моќната нумерологија, 11.11. се смета за еден од најсреќните денови во годината. На овој моќен ден, имаме можност за духовно будење и разбирање на целта. Овој датум има нумеричка шифра 1111, што е број на моќ во астрологијата. Ако има нешто што сакате да го манифестирате, ова е денот кога треба да ги поставите вашите намери. Исто така, ова е исклучително моќен ден за отворање на срцето и зајакнување на енергијата на срцевата чакра.

Што носи датумот 11.11?

Единаесетти ноември е моќно време да го промените вашиот живот, да поставите намери или да „копате“ подлабоко за да ја откриете вистината. Нови будења, нови информации и нови нивоа на просветлување – сето тоа е можно на овој ден. Моќта на бројот 1 – бројот 11 во нумерологијата се смета за „главен број“ и претставува раст, развој, инспирација и духовно просветлување. Така, двојниот удар на енергија – 11.11 – создава моќна можност да стапите во контакт со вашето повисоко јас и да ги замислите вашите цели појасно. Бидејќи 11 е бројот на „нови почетоци“, се претпоставува дека секогаш кога ќе видите 11, 111 или 1111 на часовникот, тоа претставува можност за филозофска манифестација. Се верува дека универзумот создава исклучително моќен момент во кој вашите намери ќе се манифестираат со голема брзина и ефикасност каква што досега не сте доживеале. Моќта на бројот 11.11 означува нов почеток и длабока трансформација на човештвото. Бројот еден секогаш зборува за нови, свежи почетоци, а кога ќе се здружат, нивната енергија се зголемува – правејќи го 11 ноември идеален ден за моќна манифестација.

Како да го искористите максимумот од 11 ноември?

На 11 ноември идеално е да се поврзете со вашиот духовен свет и можност да го истражите непознатото. Исто така, 11 ноември нуди влез во друга димензија, нова земја, место со нови почетоци. Може да понуди и нови предизвици и реализација на чуда. Затоа, почнете да размислувате големи, конкретни цели и запрашајте се што сакате и зошто го сакате.

The post Денеска е 11.11 – еден од најсреќните и најмоќните датуми, ден за нови почетоци и случувања appeared first on Република.

]]>
Најголемата авантура во мојот живот штотуку започна: Даниел Кајмакоски доби трето дете https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/najgolemata-avantura-vo-mojot-zhivot-shtotuku-zapochna-daniel-kajmakoski-dobi-treto-dete/ Sat, 09 Nov 2024 11:59:06 +0000 https://republika.mk/?p=835850

Даниел Кајмакоски стана татко на малата Емилија. На социјалната мрежа Инстаграм сподели фотографија од неговата новородена ќерка.

Емилија Кајмакоска. Најголемата авантура во мојот живот штотуку започна. За мојата неверојатна сопруга Марина Кајмакоска, ти навистина си нашиот херој, напиша Кајмакоски.

Кајмакоски со неговата втора сопруга Марина, го имаат синот Стефан, а сега и нивната принова, малата ќеркичка.

Даниел Кајмакоски веќе неколку години живее во Србија.

The post Најголемата авантура во мојот живот штотуку започна: Даниел Кајмакоски доби трето дете appeared first on Република.

]]>

Даниел Кајмакоски стана татко на малата Емилија. На социјалната мрежа Инстаграм сподели фотографија од неговата новородена ќерка. Емилија Кајмакоска. Најголемата авантура во мојот живот штотуку започна. За мојата неверојатна сопруга Марина Кајмакоска, ти навистина си нашиот херој, напиша Кајмакоски. Кајмакоски со неговата втора сопруга Марина, го имаат синот Стефан, а сега и нивната принова, малата ќеркичка. Даниел Кајмакоски веќе неколку години живее во Србија.

The post Најголемата авантура во мојот живот штотуку започна: Даниел Кајмакоски доби трето дете appeared first on Република.

]]>
Австрија евтанизираше околу 18.000 животни, целата земја е ризични поради појава на птичји грип https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/avstrija-evtanizirashe-okolu-18-000-zhivotni-tselata-zemja-e-rizichni-poradi-pojava-na-ptichji-grip/ Fri, 08 Nov 2024 11:22:16 +0000 https://republika.mk/?p=835503

Австриското Министерство за здравство ја прогласи целата земја за ризична област за птичји грип, воведувајќи нови, построги, безбедносни мерки кои стапија на сила денеска.

Новите мерки стапуваат на сила откако пред една недела избувна птичји грип во областа Амштетен, во Долна Австрија, што доведе до првична евтаназија на околу 18.000 животни.

Според извештаите на министерството, околу погодените фарми е поставена заштитна зона во радиус од три километри.

Евроњуз пишува дека австриската армија од денеска започнува мисија за помош во Амштетен, каде ќе ги отстранува мртвите животни и ќе ги деконтаминира камионите и контејнерите во кои се пренесувала заразена живина.

Птичјиот грип е многу заразна вирусна болест која се јавува главно кај живината и дивите водни птици, но пренесувањето на луѓето се уште e ретко.

The post Австрија евтанизираше околу 18.000 животни, целата земја е ризични поради појава на птичји грип appeared first on Република.

„Фестивал на чај“ во Скопје https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/festival-na-chaj-vo-skopje/ Fri, 08 Nov 2024 09:38:33 +0000 https://republika.mk/?p=835410

Со слоганот „Време е за чај“, од 14 до 17 ноември на приземјето во Скопје Сити Мол, ќе биде отворен голем „Фестивал на чај“, на кој ќе се претстават 30-тина учесници. Фестивалот е во организација на Платформата за истражување и промоција на природата и културата „Експедиција Природа“ и Скопје Сити Мол.

На четиридневниот фестивал, посетителите ќе имаат исклучителна можност да дегустираат и купат чаеви, продукти од ароматични билки, есенцијални масла и повеќе да дознаат за добрината на природата, традицијата, културата и моќта на лековитите билки.

На фестивалот ќе има едукативната трибина, разиграна со работилниците: „Фитоклиника“, „Wellness Фитоарома терапија - face yoga“, церемониите на чај презентирани од турскиот Институт „Јунуз Емре“ и кинескиот Институт „Конфуциј“ при УКИМ.

Со едукативно катче ќе се претстави и „Ботаничката градина“ при ПМФ од Скопје и студентите од ИДСБ (Истражувачко друштво на студенти биолози), кои ќе ги презентираат македонските билки, науката и младиот потенцијал биолози. Во научното катче, децата и возрасните ќе можат заедно со ИДСБ да истражуваат хербариум и инсектариум и преку бинокулар (стереоскопски микроскоп) да ја погледнат димензијата на минијатурните семиња.

Во рамки на настанот учество ќе земат и факултети, институции и институти како: „Јунус Емре“ - Турски културен центар, Институт „Конфуциј“ Скопје/Confucius Institute Skopje и Ботаничка градина/ПМФ/ИДСБ.

The post „Фестивал на чај“ во Скопје appeared first on Република.

Едно е сигурно – не ја тргајте пајажината деновите додека ни трае Бабиното лето https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/edno-e-sigurno-ne-ja-trgajte-pajazhinata-denovite-dodeka-ni-trae-babinoto-leto/ Thu, 07 Nov 2024 19:16:47 +0000 https://republika.mk/?p=834419

Топлото и убавото време од Петковден до Митровден (Од Света Петка до Свети Димитрија) меѓу нашиот народ од дамнина се нарекува Бабино или Бабино лето. Станува збор за феноменот попознат и во метеоролошката наука дека убавото време може да се задржи дури и после „циганското лето“. Стручњаците велат дека овој период на сончеви денови пред зима е карактеристичен за северниот дел на земјината полутопка каде се менуваат четири годишни времиња.

Сепак, многу пред научниците, народот знае за Бабино лето. Нашите стари верувале дека ако, во тој период времето е убаво, не очекува јака и долга зима, па ова време им било добредојдено за завршување на работите и подготовките за ладните денови пред нив.

Зошто токму Бабино лето?

И во многу европски јазици овој период има ист назив – во скоро сите словенски, унгарски и балтички јазици. Во германскиот назив „der Altweibersommer” буквално значи „лето на стари жени“.

Симболиката е јасна – ако пролетта се врзува за младост – време на девојки, есента е симбол на старост, доба на стари жени – баби.

Имено, старите веруваат дека ако во овој период се вплеткате во мрежа од пајак тоа е знак на голема среќа и благосостојба.

Оваа пајажина се нарекува и кората на Марија или свилата на Марија, а нејзиното потекло во народните верувања е различно. Некои велат дека тоа е коса од вештица кои овие денови бајат и фрлаат магија.

Други веруваат дека станува збор за предиво на виленици или џуџиња. Има христијани кои веруваат дека тоа се нишките на Богородица.

Сепак, сите верувања се сложни во едно – ако овие денови во косата или облеката ви се вплетка пајажина, никако не ја симнувајте! Не ризикувајте да ги налутите овие битија.

The post Едно е сигурно – не ја тргајте пајажината деновите додека ни трае Бабиното лето appeared first on Република.

]]>

Топлото и убавото време од Петковден до Митровден (Од Света Петка до Свети Димитрија) меѓу нашиот народ од дамнина се нарекува Бабино или Бабино лето. Станува збор за феноменот попознат и во метеоролошката наука дека убавото време може да се задржи дури и после „циганското лето“. Стручњаците велат дека овој период на сончеви денови пред зима е карактеристичен за северниот дел на земјината полутопка каде се менуваат четири годишни времиња. Сепак, многу пред научниците, народот знае за Бабино лето. Нашите стари верувале дека ако, во тој период времето е убаво, не очекува јака и долга зима, па ова време им било добредојдено за завршување на работите и подготовките за ладните денови пред нив.

Зошто токму Бабино лето?

И во многу европски јазици овој период има ист назив – во скоро сите словенски, унгарски и балтички јазици. Во германскиот назив „der Altweibersommer” буквално значи „лето на стари жени“. Симболиката е јасна – ако пролетта се врзува за младост – време на девојки, есента е симбол на старост, доба на стари жени – баби. Имено, старите веруваат дека ако во овој период се вплеткате во мрежа од пајак тоа е знак на голема среќа и благосостојба. Оваа пајажина се нарекува и кората на Марија или свилата на Марија, а нејзиното потекло во народните верувања е различно. Некои велат дека тоа е коса од вештица кои овие денови бајат и фрлаат магија. Други веруваат дека станува збор за предиво на виленици или џуџиња. Има христијани кои веруваат дека тоа се нишките на Богородица. Сепак, сите верувања се сложни во едно – ако овие денови во косата или облеката ви се вплетка пајажина, никако не ја симнувајте! Не ризикувајте да ги налутите овие битија.

The post Едно е сигурно – не ја тргајте пајажината деновите додека ни трае Бабиното лето appeared first on Република.

]]>